build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Topic ClosedПротест: Не го силувајте Скопје!!!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
#121 Posted: 29-Mar-2009 at 17:51

Македонија

Истепаните студенти ќе бараат заштита од универзитетскиот сенат

недела, 29 март 2009, 18:15

По вчерашните протести на плоштадот во Скопје помеѓу студенти од Архитектонскиот факултет и поддржувачите на изградба на црква на плоштадот, во кој подебелиот крај пред очите на полицијата го извлекоа студентите, денеска студентскиот лидер Самуил Малчевски изјави дека не се чувствува повикан да коментира и осудува. Тврди дека вчера на протестите не препознал студенти од архитектура..

Во вчерашните инциденти на плоштадот во Скопје се појави и свештеникот од скопската епархија прота Стојко и уште неколкумина свештени лица. И по ден од инцидентот од синодот на МПЦ молк. Владиката Тимотеј портпарол на МПЦ  вели дека не сака да  коментира нешто што се случило надвор од неговата епархија.

Студентите на Архитектонскиот факултет кои го организираа вчерашниот протест денеска изјавија дека ќе се состанат за да одлучат како ќе реагираат понатаму по вчерашниот настан. Неофицијално дознаваме дека  ќе побараат реакција од Универзитетскиот сенат, да ги земе во заштита како студенти на Универзитетот Свети Кирил и Методиј и да ги осуди напаѓачите.

Александра Смилеска


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=6596



Edited by Cloverstack - 29-Mar-2009 at 17:59
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
#122 Posted: 29-Mar-2009 at 18:01
ЕДИТ: веќе си додал линк Smile


Edited by gotsomekicks - 29-Mar-2009 at 18:02
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
#123 Posted: 29-Mar-2009 at 19:59
темава е пред исцрпување но сакам да го постирам овој клип од А1 бидејќи убаво се обележани главните насилници


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#124 Posted: 29-Mar-2009 at 23:30

ало луѓе абе сеуште не сте свесни дека вие востаниците сте најефтино искористени и изманипулирани во политичка цел!? некој спомна не сум се оградил јасно од насилството, ова кажува колку пристрастно ги анализирате работите!  незнам кој би прифатил или оправдал насилство, уште помалку па истото да се случува како подражавање на Црквата.

но незнам како не ви е јасно дека сите овие случувања се добро испланирани и однапред исценирани, во смисла, јасно беше дека комити ќе се појават на собирот како "живо" засегнати, небаре наместо на утакмица секој ден во Црква одат, ова им беше добро познато на соросоидите, па затоа и 'згнаа сега и тоа ни помалку ни повеќе  "вербално" востание со бригади, кои ќе ја освојуваат маркицата на плоштад во сред изборна кампања,  па уште и сеир фаќале таму за да се ситат и утре истакнуваат ете колку биле умешни во манипулацијата на младите и од двете страни, како би набилдале колку толку подобар рејтинг од досега најголемата бламажа и на локалните и на претседателските избори. вака ете пак преку глумење жртви и етикетирање виновници истите ќе бидат морални победници! јас разбирам доколку нивни симпатизери се жртвувале за таквиот рејтинг, но како што јасно се спомна доста и не биле свесни во каков протест зеле учество ...   

факт е дека треба да има простор за изнесување на каков и да е протест во МКД, па макар и геј, но секој треба да има осет, ќе повторам по илјадити пат што, каде и кога може да помине без инциденти, но очигледно вчера тоа и не беше целта на организаторите, тие да сакаа да нема инциденти, прво и основно се ќе истемпираа како што треба, сетне сопствените редари немаше да ги ангажираат за делење бомбони, туку за спречување на ваква појава, штом видеа дека меѓу толпата "верници" се втурнале комити веднаш ќе го прекинеле протестот, а не дополнително да го распалуваат со изјави како нема жива сила која нас ќе ни забрани право на глас на плоштад! да не ме сватите погрешно не ги обвинувам естетски засегнатите протестанти (тие сигурно и се повлекле) туку инструиораните ревносни револуционери кои јасно е дека сакале фајт, ало со транспарентите упорно одат во комити, па доколку видам улав човек пред мене па макар и замаскиран со добри намери,  а со капуљача на глава, луѓе јас ќе се тргнам во тој случај ане по сто пати да се размавтувам со транспарент,  но како што кажав претходно целта не беше некој да избори и оствари некое право,  туку својата неспосоност за власт да ја компензира со очиггледно најчуствително прашање во најчуствилен момент.

инаку GM соросоиди не се ни левица ни десница ни центар, тие ти се паразити во невладиниот систем кој  ги спонзорираат подобните НВОа, по некоја случајност еден од татковците на СДС е моторот на таа збирштина од фекални интелектуалци кои ја терале, ја тераат и ќе ја тераат фондацијата ЗАТВОРЕНО општество, патем од таму можеш да добиеш трајна финансиска помош единствено доколку си безрбетник, кој е спремен на секаква интервениција во полза на инструираната демократија. патем за да нема забуни и погрешно да не си го толкуваат сите поимот СОРОСОИД, еве текст од еден нивни бивши прв соработник, кој од позиција на освестен безрбетник ги демистифицира нивните демократски амбиции!

инаку гледано естетски доколку некој сакаше нешто да промени тоа дефинитивно ќе го правеше на начин како што Иван Мирковски го направи со форум на експерти, со стручна дебата, со кревање најнапред со медиумска прашина, а дури на крај  после вака поткрепена и исцрпена вербална  и медиумска атака, може да стане збор за протест. ќе повторам за прилично осетлива работа, но дефинитивно помалку осетлива доколку се направеше за работен ден и вон избори. во тој случај целта би била исклучиво да се привлече јавното внимание за одредено прашање. но во случајов целта беше специјален т.е. едноставен начин како одредена проблематика да се искористи за тесно партиски цели, манипулирајќи со цел народ! 

добро не дека им е првпат да тераа вакво нешто и на ваков начин, имало и бетер, но во случајов како што спомна АД во најнезгодно време и за самите избори, индиректно и за самата држава,  очигледно пресметаниот ризик за амортизирање на сопствениот политички нокаут.    



Edited by beTon - 30-Mar-2009 at 03:40
Back to Top
rainman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
#125 Posted: 30-Mar-2009 at 09:44
Многу време се мислам дали да ви пишам, но бидејки се најдов директно засегнат од сите овие постови само сакам да ви кажам дека јас бев еден од дечките кој им помагаше на студентите да го направат ова. Јас сум дипломиран инженер архитект и сосема ги поддржувам студентите за протестот! Мораше сега да има реакција за површината за градба (маркичката) бидејки во недела требаа да удрат темели. Незнам колку луѓе ке излезеа на осветен темел. Мене не ми е проблем и можам да ви ветам дека ова нема да биде последен протест. Можам и да гарантирам дека студентите немаа никаков уддел со политика или други такви срања, туку само се загрижени од огромниот број на ЛОПАТИ што деновиве се удрија во Скопје. Студентите имаа и намера да протестираат против уставниот суд! Мислам кој НОРМАЛЕН сака да изгради таква архитектура во 21век? Низ  цел свет се градат еколошки издржани и економски оправдани градби, а кај нас? Wallbash
Ама ако, сите сега можат комотно да се препукуваат... ке завршат избориве па ке видиме кој до каде ке стаса Потполна поддршка за студентите!

П.С. Приметете дека не спомнав ништо за тепањето, бидејки сметам дека сите се согласуваме дека тоа е многу погрешно.
Stupidity should hurt.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
#126 Posted: 30-Mar-2009 at 09:54


Поздрав rainman Cheers

Originally posted by rainman

Мене не ми е проблем и можам да ви ветам дека ова нема да биде последен протест. 


Ова особено ме радува... фронтот дефинитивно треба да се прошири, од маркичка 1.5 на цел Мал Ринг, од Мал Ринг на цел град итн. Предолго се унаказува градот а во последно време тоа доби уште повеќе на интензитет и сметам дека мора нешто да се направи.

Апел за тоа редовно да не известувате/координирате за акцииве овдека на форумов бидејќи сум сигурен дека во секое време ќе имате група искрени подржувачи поведени во сето тоа од истиот мотив.... Да не се силува Скопје.

Cheers


Edited by pbanks - 30-Mar-2009 at 09:56
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
#127 Posted: 30-Mar-2009 at 10:21
Силување

Во саботата некаде околу пладне, на првото пролетно сонце на плоштадот Македонија се случи грозен чин. Сите гледавме како се силува демократијата. Двете најголеми политички партии успеаја да го уништат едно од основните начела на граѓанскиот свет “ правото на протест. Првите, сакајќи да соберат некој поен повеќе за своите кандидати за градоначалници, во екот на кампањата, ја поттикнаа и злоупотребија студентската врела крв. Ги собраа идните надежни архитекти и ги подбуцнаа да излезат на протести против изградбата на новата црква во центарот на Скопје. Само наивните, па дури ни тие, ќе поверуваат дека „првото архитектонско востание“ беше спонтано граѓанско собирање на група млади луѓе кои сакаа јавно да го искажат своето мислење. Па зарем им требаше цела една година, од кога се најави изградбата на црквата, да им созрее сликата за конечно да решат дека црква не треба да се гради таму. Наивно до бескрај. Другите, пак, насетувајќи дека политичкиот ривал им подготвува „востание“, ги активираа своите партиски офицери да регрутираат група „витези-крстоносци“ кои со сите сили требаше да им се спротивстават на еретиците, кои дошле да го уништат христијанството. Вооружени со светите симболи, тргнаа и тие во поход (во три автобуси), да пристигнат барем половина час пред востаниците за да го задушат секој обид за сквернавење на севишниот владин проект. Гледајќи ги снимките на групата „витези-крстоносци“, човек да помисли дека инквизицијата воскреснала. Најтрагично во целата слика од плоштадот беше однесувањето на полицијата. Неколкуте полицајци, кои беа присутни на плоштадот, со своите жолти елеци небаре сообраќајот ќе го средуваат, пасивно гледаа како двете толпи се подготвуваат за конечната пресметка. Сите сме биле сведоци дека за секој помал протест во минатото, во заднина сме ги забележале специјалците со своите палки и штитови, како мирно седат и чекаат некој за „зуцне“. Сега ги немаше никаде. Да се надеваме дека станува збор само за лоша процена на некој командир, а не за смислено сценарио. За да го допреме дното како што треба, веднаш по тепачката се јавија партиските штабови со меѓусебните обвинувања, па дури и премиерот, кој наместо веднаш да го осуди насилството, како од пушка го исфрли обвинувањата за тоа кој е главата зад смисленото сценарио да се урива рејтингот на преродбата. Како и да е, ова не смееше да се случи. Не пред избори. Не сега. И никогаш. Европа, која при секое земање воздух ни е во уста, не сака да гледа востанија и инквизиција во демократски земји. Политичарите мора да разберат дека ова не е начин на кој се добиваат избори. Да се надеваме дека ќе ја научат лекцијата.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1661&ArticleID=110618
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
#128 Posted: 30-Mar-2009 at 11:04

Македонија  | 29.03.2009

Инцидентите во Скопје повод за меѓупартиски пресметки

Политичките партии од македонскиот блок меѓусебно се обвинуваат за инцидентите на плоштадот во Скопје. Кој е виновен и од каде доаѓаат ваквите тензии и провокации?

Во зовриената изборна атмосфера на политиката и е лесно да испровоцира инцидент. Особено ако како повод искористи една чуствителна тема како меѓуетничките односи во мултиетничка Струга или пак спротивставените мислења на скопјани по прашањето - треба ли на централниот плоштад да се гради црква? Во Скопје се крена тензија токму кога почна да стивнува нервозата во Струга.

Група студенти од архитектонскиот факултет кои протестираа против намерата на владата да изгради црква на плоштадот во Скопје беа нападнати од група луѓе кои се претставија како верници.

Меѓусебни обвинувања

Политичарите го искористија инцидентот како повод за меѓусебна пресметка. Премиерот Груевски го осуди насилство и ја обвини опозицијата за инцидентите. Премиерот не негира дека во групата поддржувачи за градењето на црквата имало активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но вели нивниот собир бил спонтан и немало организација.За него друг е виновникот: 

„Па мислам дека се работи за проект на Мирослав Грчев, којшто е директно против сите проекти на Владата. Тој е член на СДСМ, беше градоначалник на Центар, на времето од СДСМ, и тој се спротивставува на секој проект којшто го прави Владата, којшто ќе го промовира Владата, и се обидува во вакви времиња на избори да му помогне на СДСМ. Тоа е мое лично мислење, не мора да е така, но јас сум длабоко убеден во тоа“, изјави Груевски.

Мирослав Грчев негира дека стои зад протестите на студентите. „Спонтано само-организирање на студентска младина, којашто очигледно беше во една мала, симболична бројка, со едни питоми протестни пораки, беше згазена и физички нападната од добро организирана фаланга на верски и партиски фундаменталисти“, изјави Грчев.

Реагираше и СДСМ. „На Македонија и се случи фашизам во режија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, Јанкуловска и ВМРО-ДПМНЕ, немаат право затскривајќи се зад крстот и божјото име, да ги тепаат македонските граѓани , како што веќе ги тепаа и млекарите“, вели Макрадули.

Собирањето на студентите беше најавено кај властите, додека собирањето на луѓето кои бараат изградба на црква на плоштадот официјално е означено како спонтан собир.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Невена Георгиевски

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4136698,00.html


Полицијата ги бара напаѓачите на протестот во Скопје
 
Скопје
Скопје
Викендов во Скопје се одржа протест против најавеното градење на црква на градскиот плоштад.

Стотината демонстранти, од кои повеќето студенти на архитектонскиот факултет со паролите „Не го силувајте Скопје" и се спротивставија на владината идеја.

Групата, според полицијата, го најавила протестот 24 часа пред неговото одржување.

На истото место и во истото време, поголема група контра-демонстранти, излегоа да искажат поддршка на градењето на црквата.

Тие не го најавија својот протест.

При контактот беа нападнати демонстрантите кои протестираа против изградба на црквата.

Двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, меѓусебно се обвинија за организирање на различните групи демонстранти.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски, за Би Би Си, рече дека до полицијата дошла само една најава за протест, таа на Првата архибригада, против градњето на црквата.

Контрапротестот воопшто не бил најавен. Според Котевски, сите што учествувале во насилните инциденти ќе одговараат.

„МВР веќе заопочна со идентификување на лицата кои учествуваа во нарушувањето на јавниот ред и мир. Во текот на наредните денови, истите ќе бидат повикани на разговор и против сите оние за кои ќе се утврди дека се инволвирани, ќе бидат поднесени соодветни пријави“.

Според портпаролот, организаторите на протестот не го најавиле два дена пред одржувањето, како што предвидува законот, и не обезбедиле своја редарска служба.

Поради тоа, и тие ќе мора да се јават во полиција на разговор, а може и да бидат поднесени пријави, за лошата организација.

Вчера изјави со своето видување за проблемот дадоа и политичките претставници.

Претседателот Бранко Црвенковски:

"Правото на мирен протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија и неговото исполнување не може да биде попречено или оневозможено ниту заради религиозна посветеност, ниту заради партиска послушност. Недозволиво е да се случува вакво силеџиство и насилство на однапред најавен протест во присуство на полицијата. Тоа, во најмала рака само говори за неодговорен однос на Министерството за внатрешни работи, освен ако и самото не е дел од ова сценарио“ рече Црвенковски.

Премиерот Никола Груевски:

„Тепање и инциденти, тоа е недозволиво и против сите што на некој начин учествувале, треба да се преземат мерки, и ќе се преземат. Лично мислам дека се работи за проект на Мирослав Грчев, кој е директно против сите проекти ан Владата. Тој е член на СДСМ, беше градоначалник на Центар во времето на СДСМ и тој се спротиставува на секој проект кој што го прави и промовира Владата“ рече Груевски.

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/03/090330_mac_protest.shtml


И после - КРИВА Е ЕВРОПА
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
#129 Posted: 30-Mar-2009 at 11:47
Неколкуте полицајци, кои беа присутни на плоштадот, со своите жолти елеци небаре сообраќајот ќе го средуваат, пасивно гледаа како двете толпи се подготвуваат за конечната пресметка.
Не господине Ѓорчев! Едната група која имаше најавено мирен протест едноставно ги подигна транспарентите (на друга локација, бидејќи замислената беше окупирана од контра-протестот), а помногубројната толпа збеснати „крстоносци“ изврши јуриш и почна со „конечната пресметка“. Нема тука никаков простор за толкувања од типот на вашето.

Можам да разберам дека имате сомнежи (и јас имам - дека одредени луѓе со поинакви мотиви се инфилтрирале во ова благородно движење) или ви пречи тајмингот (причините зошто токму тој тајминг се повеќепати објаснети и во нишкава), но да се става равенство помеѓу тоа од една страна и добро организираното насилие врз студенти кои излегле мирно да го искажат своето мислење од друга страна е вистинска перверзија! Сте биле присутни и сте можеле да видите и во текстот попрецизно да наведете дека разулавени „верници“ носејќи официјална иконографија на МПЦ, маваа, плукаа и пцуеја на сите страни. Своите христијански доблести крстоносците опсежно ги искажаа и врз присутните девојки. Овие факти засенуваат се друго и не оставаат простор за некаква лажна неутралност.
Ако не сте во состојба да ја сватите тежината на инцидентот што се случи, обидете се барем да се сконцентрирате на поентата на протестот. Се надевам дека барем за нејзе се сложувате и дека во некоја наредна прилика (со посоодветен тајминг) можеме да ве очекуваме и вие да излезете на протест.

А се надевам дека и цел народ ќе ги игнорира партиските препукувања и обидите за извртување и злоупотреба на протестот и ќе се осврне на суштината - таа маркица мора да се избрише и таму не смее да никне било каков објект. Исто така се надевам, а од текот на настаните сум и охрабрен дека ова ќе прерасне во одлучна акција против сите будалаштини зацртани за Мал Ринг.

Да живее востанието!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#130 Posted: 30-Mar-2009 at 13:58

кло повторно заради толпа хулигани пробуваш сите да таму собрани контра протестанти да ги окарактеризираш како крстоносци, а капак и сите Христијани да ги обвиниш за монтировкава, не е проблемот дали некого ќе омаловажиш или добро исплукаш како би си ги самозадоволил сопствените лични фрустрации кои очигледно ги истураш со  посебен кеиф против иницијативата за Црква на плоштад, туку повеќе кажува за тебе колку си без осет за она што е суштина а што минливост во животот на еден човек и колку жолчно треба нешто од тие две крајности нешто да браниш!

верувај  дека ова со Црквата веќе е апсолвирано прашање, едно што и за таква работа има и потреба, но има и мнозинство, а друго што сега со ова исфингиранава иницијатива на силуваните жртви кои пишуваат геј поезија во МКД подршката станува уште поголема! само луд човек може да глуми востание организирано од филозофи и филолози, подсобирајќи нереализирани архитекти и естетски засегнати урбани еколози! патем со дрскиот речник со кој редовно настапуваш на форумов верувај дека на улица не само што ќе испровоцираш некој тифоз на вардар, туку сигурен сум дека можеш да да завршиш и со бастун по глава! ало незнам дали и до кога ќе го оправдуваш ова манипулирање заради себе исклучиво естетски причини, како не разбереш дека вака сега со вмешана политика и со веќе истакнатите ќерки на исмаил и грчев како организатори на востанието дека работава че биде на арно, факт е дека дури допрва ќе се организираат од спротивниот табор, што не ме чуди да предизвика и бетер сценарија.  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
#131 Posted: 30-Mar-2009 at 14:32

Tribal Patients on a Rampage

2009 March 30
by Harald Schenker

Many nations base their mythology on battles, lost or won. It will be interesting to see, how 28 March 2009 will be seen in the future of Macedonian national mythology. For me it will be remembered as the day of national defloration. The young nation has lost its virginity, a taboo has been broken.

On this sunny Saturday, a group of young urbanites was prevented from expressing two of their fundamental rights: the one to gather in peaceful protest, the other to freely express their opinion. And to make it worse - they were ”prevented” by blank violence, exercised by a bunch of hooded hooligans - in the name of the church, in the name of Christianity.

All they did was to call a protest against the government’s plan to build a church on the main square. The organisers, students of architecture and an independent group of concerned urbanites, managed to gather some 100 people to the protest, under the slogan: “Don’t rape Skopje!” The manifestation was registered with the relevant authorities. 

The protest was countered by a mass of up to 1500 church goers, mobilized from all over the country, who gathered to stop the protest from happening. The “spontaneous” and thus not registered counter-protest featured church flags, printed banners, a priest and a lot of people, who have no connection whatsoever to urban Skopje, but who were bussed in from rural areas to fight the Anti-Christ. A large number of expensively produced flyers flooded the city centre – clear indications of a logistically well organized movement. They were in majority, so the actual manifestation remained marginal and actually was about to retreat, when a group of violent hooligans appeared out of nowhere. They started shouting racist slogans, calling the demonstrators traitors and – worse in their little fascist universe - Albanians. It was very obvious that the bunch of young men, displaying a behaviour denoting the average IQ of a lamp-post was lead by a few elder men. These were clearly directing the event, steering the aggression and channelling it. Interestingly enough, some of them were bold enough to wear orange shirts, the colour of the ruling party. Honi soit qui mal y pense… The heated up hooligans attacked individual participants in the protest, using the only intellectual arguments accessible to them – fists and legs. It is almost a miracle that there were only few injuries. 

All this was happening under the eyes of a stunningly passive police force, which was obviously not able to cope with the events. So they did the obvious – they turned against the protesters. These are now under investigation for not having provided adequate security to their manifestation. No, this is not some sick joke. It is true.

The so-called Christians watched the event passively and at the best insulted the protesters. Not a single voice was heard against the violence. Not one. 

Macedonia has not been poor in violent conflicts since its slipping into independence in 1991. Power groups staged all kinds of conflicts, whether inter-ethnic or social, keeping the country in a state of limbo, in a permanent transition. But there always was a consensus that peaceful protest can take place, sometimes really bending the concept – like for road-blocks, a technique often used by laid-off workers. Breaking this consensus and using white trash scum as a militia to fight off protest from the upcoming intellectual elite of this society is a bad signal, to say the least. And political parties trying to capitalise on this event for their election campaigns is equally disgusting.

Building a church on the planned location is an idea, which has provoked a lot of discussion. From an aesthetic point of view it is sheer nonsense. But the need of legitimizing the current stream of consciousness dominating Macedonian society is producing temple after temple, in a hurry, like there’s no tomorrow. The spirit of the collective bears its totalitarian dangers as it does elsewhere – suppression of individual opinion, of alternative concepts, polarisation into US and THEM, streamlining information and the access to it, etc. In a society as small as the Macedonian one, this should provoke more than one raised eyebrow. As for Skopje, the attempt to silence the urban, individualist, liberal stream of consciousness, as small as it may be, will not pay off in the long run. It has resisted all kinds of totalitarian challenges, and will hopefully continue to do so. And it deserves our support. Unconditionally.

Vision? Yet another endangered species…



http://hschenker.wordpress.com/2009/03/30/tribal-patients-on-a-rampage/


Edited by pbanks - 30-Mar-2009 at 14:33
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
#132 Posted: 30-Mar-2009 at 14:41
Еве еден уште еден интересен текст...

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=354&ArticleID=21444

бетон постовиве ти се граничат со класични говори на омраза...  Башка, и ти заради неколку фаци што константно се верглаат на пресови, генерализираш дека сите во протестот се соросоиди, геј, или што уште не. размисли малку на таа тема.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
#133 Posted: 30-Mar-2009 at 14:56
Originally posted by beTon

кло повторно заради толпа хулигани пробуваш сите да таму собрани контра протестанти да ги окарактеризираш како крстоносци, а капак и сите Христијани да ги обвиниш за монтировкава, не е проблемот дали некого ќе омаловажиш или добро исплукаш како би си ги самозадоволил сопствените лични фрустрации кои очигледно ги истураш со  посебен кеиф против иницијативата за Црква на плоштад, туку повеќе кажува за тебе колку си без осет за она што е суштина а што минливост во животот на еден човек и колку жолчно треба нешто од тие две крајности нешто да браниш!

верувај  дека ова со Црквата веќе е апсолвирано прашање, едно што и за таква работа има и потреба, но има и мнозинство, а друго што сега со ова исфингиранава иницијатива на силуваните жртви кои пишуваат геј поезија во МКД подршката станува уште поголема! само луд човек може да глуми востание организирано од филозофи и филолози, подсобирајќи нереализирани архитекти и естетски засегнати урбани еколози! патем со дрскиот речник со кој редовно настапуваш на форумов верувај дека на улица не само што ќе испровоцираш некој тифоз на вардар, туку сигурен сум дека можеш да да завршиш и со бастун по глава! ало незнам дали и до кога ќе го оправдуваш ова манипулирање заради себе исклучиво естетски причини, како не разбереш дека вака сега со вмешана политика и со веќе истакнатите ќерки на исмаил и грчев како организатори на востанието дека работава че биде на арно, факт е дека дури допрва ќе се организираат од спротивниот табор, што не ме чуди да предизвика и бетер сценарија.  



Ја цитирам гнасотијава од пост за да не ти текне да го едитираш.

Ти бетон, злоупотребувајќи го форумов се обидуваш да ми делиш некакви (во твој стил) завиткани закани? Кога веќе го урнисуваш форумов до тоа ниво, морам да ти укажам дека закани кај мене делуваат единствено контрапродуктивно.

Инаку јасно е како ден, јас не зборам за вистинските христијани ниту за некакви верници - тој збор го ставав во наводници. Крстоносците од плоштад или таквите како тебе се разбира дека не ги сметам ниту за верници, ниту за правдољубиви и слободољубиви луѓе.
Еве во меѓувреме со своите ставови на форумов си станал идол на ваквите „верници“:

http://sherb.blog.com.mk/node/220105
Во земјата која се нарекува библиска крвожедните неверници успеаја да се бунтуваат против изградба на црква...

Следниот пат доколку пробаат да чепкаат по нашата црква да знаат дека нема да поминат само со шамари......

Не пали повеќе да им го вртиме и другиот образ туку и ние ќе почнеме да враќаме со исти методи како нив затоа што толеранцијата кон овие мизерни суштества е дојдена при крај..

Ти честитам на славата, посветено работеше да ја здобиеш.




A најсмешен си кога ќе почнеш да плукаш по комуњари. Во нишкава приметив само еден комуњар, а тоа си ти. Ретко се гледа комуњар од таков калибар како твојот. Фактот што твојата недемократска идеологија на нетрпеливост и невешто оправдување на насилство си ја обвиткал и со квази-религиозност, воопшто не го спречува човека да биде и комуњар, што ти одлично го доловуваш.
Ти не си во состојба да поднесеш различно мислење и прибегнуваш кон:
- гнасно етикетирање на другиот
- мижење и пред најочигледни докази како видео снимки
- прашуваш зошто воопшто се излегувало на протест - во смисол џабе ви е да протестирате, посилни сме и ќе си го протуркаме нашето (патем, се лажеш)
- прашуваш зошто не сме ги подвиткале опашите и да се прибереме дома кога сме виделе дека има контра-протест
- заплашуваш со понатамошно организирање на насилници и „бетер сценарија“ ако не се замолчело.

Ти бетон појма немаш од најосновните начела на демократија или христијански вредности. Од твојава верзија на демократија и вера, мене лично, а сигурен сум и на најголем дел од народот би му се дигнала косата на глава. Џабе хараш по разноразни нишки на форумов, објаснувајќи ни дека отпорот е бесцелен. Отпорот е оправдан, неопходен, ќе расне и ќе вроди со плод. Историјата е добар учител за тоа.


Edited by Cloverstack - 30-Mar-2009 at 14:59
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
#134 Posted: 30-Mar-2009 at 15:08

Бетон, до кога ли само ќе шириш омраза на форумов затскриена позади лажен морал и христијанство? Ова што се случува во државата ни е за осудување а ти си се фатил за соросоиди и ситници а големата слика дека се заќутува демократијата, дека се замолчуваат и тепаат интелектуалците, дека ниту еден експерт повеќе во оваа држава по било која област не се слуша, дека бахато се трошат државни пари на пумпање рејтинг и популизам замижуваш.

Жал ми е што успеа и овој инаку одличен форум да го загадиш со твоите расистички коментари полни со омраза. Се надевам редакцијата ќе интервенира и ќе те замолкне со истите тие твои „христијански“ методи.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#135 Posted: 30-Mar-2009 at 15:13

за греота сега фекалниве фабриканти сами не закопуваат до крај во земја, па што може да смисли еден соросоид како милчин, да не се погледне во огледало и да рече чекај што тоа терам јас против кого против вмро или против сопствениот народ!? незнам само како успеваат да истресат и тоа пред светот дека организатори биле архитекти студенди, тие биле само искористени и изманипулирани, перјаницата на овој протест јасно беше истактата филозоф кој е диџеј трансер и медиумски покровител филолг кој е истакнат геј публицист! незнам само дали се свесни за што и во каква цел ја покренуваат фекалната медиумска фабрика, но очигледно не е од естетски мотиви!!! што да каже човек ќе монтираат сега приказни за мали деца на секој чекор, сигурно ќе повикаат борци за човекови права и од комшилукот. но добро бар се потрудиле да направат дистинкција во текстов дека толпата што наводно "мирните" протестанти ги нападнала се разликува од оние кои излегле во контра протест со Црковни обележја. сепак приказнава тука не завршува ова е тема за мачкање очи цела година, ќе ме зачуди доколку сите извештаи на сите европски и македонски транспарентни невладини организации не бидат редовно ажурирани за случкава и наредните години! кому му прават услуга и како и кому сакаат да му извршат притисок, спонтано пак ја враќаат МКД во транзицијата, секогаш дури и кога нема потреба режираат сцени, можеби ова да е евнтуално будење пробен балон да видат колку и во каква кондиција им е мрежата за понатамошни социјални раздрмувања. очигледно се до пред светската економска криза беа успани бар околу црниве сценарија, но дојде време за искористување на неистрошениот потенцијал, кој несреќно се намали со најавата за визна либерализација, па ајде сега дај да не ја изгубиме шансата и да го турнеме тој надежен момент по секоја цена, како спротивниот табор не би набилдал доволно поени и за наредните избори! навистина за жалење! 

инаку кло незнам дали и зошто имаш инспирација да бидеш дрзок, но како велат имај бар осет дека човек е од другата страна! јас првпат посочив дека единствен пристап и кога имаш и кога немаш аргументи ти е дрскоста, што на моменти може да се разбере креативно, но на моменти кога сакаш да ја одбраниш позиција на некоја партија или пак сакаш да затераш некое убедување, во многу што зачинето во случајов за атеистички тон, дрскоста ти оживува како небаре пишуваш на некој хардкор фанзин за малтретирање на неистомислениците. убаво наврати се на моите постови ќе видиш дека омраза во моите зборови нема кон нечие право или нечија слобода, туку кон манипулирање на истите од страна на оние кои не дотераа до ова дереџе и кои и ден денес немаат ни тронка усул во бирањето средства и начини за остварување сопствени интереси, сепак не се ни тие криви што уште кога тргнале во школо им ја скршиле кичмата и ги направиле подобни само за служење на "слободоумни" диктатори, дури и да ги немаа ќе мораа да ги измислат како би можеле да продолжат да функционираат во нивната  подземна реалност. 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
#136 Posted: 30-Mar-2009 at 15:35
патем кло те молам не извлекувај од контекст реченици и не ги врти на своја вода, никаде јас не се заканив со мрачно сценарио, туку ја посочувам реалноста во која живеат креаторите на еден волку добро измонтиран процес. мрачните сценарија ги гледам еве каде веќе геровски и ко. фекалисти веќе почнаа да повикуваат на одење до крај. значи јас не најавувам само анализирам што, како и до каде може да отиде со монтировкава кога ќе се вжештат главите за наводно "естетско" прашање, абе ајде дај те молам не си носи заклучоци дека јас потикнувам на омраза, освен ако тоа не го правиш како би изнашол начин да ја оправдаш политизацијата на еден според вас крајно естетски проблем...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
#137 Posted: 30-Mar-2009 at 15:55

beTon, ништо јас не извлекувам од контекст, твоите постови се тука и сведочат сами за себе (освен доколку не решиш да ги изедитираш и фризираш, што сепак ќе биде регистрирано)

Нишкава не е место за лично препукување со други членови и криво ми е што успеа да ја однесеш натака, а и јас наседнав и ме вовлече во тоа. Но сега како администратор ти кажувам дека тука повлекувам линија за таквата пракса. Слободно можеш да го толкуваш како цензура, но коментари на таа тема немаат место на форумов.

Назад на тема


Edited by Cloverstack - 30-Mar-2009 at 15:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#138 Posted: 30-Mar-2009 at 15:56
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=22836
Скопската православна епархија се огради од саботните случувања на плоштадот „Македонија“

понеделник, 30 март 2009
 
Скопската православна епархија на Македонската православна црква денеска се огради од саботните случувања на плоштадот „Македонија и ја осуди употребата на насилство за време на протестите
 
 
 
 
- Црквата, никогаш и никаде, не може да го прифати насилството како начин за изразување на мислење! Прашањето за возобновување на урнатата црква „Свети Константин и Елена“, која се наоѓаше во непосредна близина на Градскиот плоштад, надлежните од Епархијата го имаат поставено уште пред 8 години. Имајќи предвид дека на поранешната локација на црквата е изграден Градскиот трговски центар, согласно позитивните законски прописи, одлуката за утврдување на локацијата за возобновување на црквата е во исклучителна надлежност на општината Центар и Градот Скопје, се наведува во соопштението.

 


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#139 Posted: 30-Mar-2009 at 15:58
Ова е многу битен потег од страна на МПЦ! Добро е што се оградуваат од насилството така и треба! Пола од дискусијата извртрена од горе паѓа во вода!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
#140 Posted: 30-Mar-2009 at 16:00


Ohno

Срамно штуро и неконкретно ова „оградување“, кое всушност повеќе се занимава со давање аргументација зошто тие сметаат дека црква сепак треба да се гради на спорната локација.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.171 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.