build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Topic ClosedПротест: Не го силувајте Скопје!!!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#141 Posted: 30-Mar-2009 at 16:05
Кловер ја не се слагам со тебе. Факт е дека штуро, може би само штуро е пренесоно од медиумот. Срамно не е воопшто туку напротив е многу добар чин. Сега на ред е на тие "верници" да си ја преиспитаат верата и да видат дали се во право кога дури и црката се оградува од нив како нејзини припадници! 

Edited by lslcrew - 30-Mar-2009 at 16:06
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#142 Posted: 30-Mar-2009 at 16:09
Сега слушнав на вести европската комисија од Брисел ги осудила настаните и очекува комплетно расчистување на случајов и ќе го следи случајов. Амбасадорите веќе реагираа, а вмро ги исклучила од своите редови оние што вчера се убација!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
#143 Posted: 30-Mar-2009 at 16:10
Црквата, никогаш и никаде, не може да го прифати насилството како начин за изразување на мислење
За некого можеби е доволно, но ваква генеричка флоскула мене не ми значи ама баш ништо, уште повеќе доколку се земе во предвид тежината на инцидентот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
#144 Posted: 30-Mar-2009 at 16:10
Свештениците веќе напоменав претходно, уште истиот ден од самиот плоштад се оградија од хулиганите, и тоа луѓе одеше во етер, еве сега и официјална потврда за тоа.  но јасно е зошто сите медиуми веднаш се нафрлија и тоа тоа генерализирано жигосување и на Верниците  и на Црквата како оние кои се одговорни за инцидентот,  а целата работа сами ја распалија уште од старт вербално крваво со востаничка конотација, келнерите на милчин по блогерајот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#145 Posted: 30-Mar-2009 at 16:17
Бетон додека ваквите радикални "верници" фундаметлисти го завмезаат монополот врз терминот ВЕРНИК, се додека вакви радикални кругови го држат ексклузивитетот врз терминот ВЕРНИК, се дотогаш јас се осеќам загрозен како верник зашто што јас не сум истото што и таквите радикални кругови! Ете затоа и се деси жигосување на сите верници. Ни ти јас не се слагам со оцрнување на сите верници. Не сакам никој да ме жигосува неоправдано!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
#146 Posted: 30-Mar-2009 at 16:32

Меѓународната заедница во шок за инцидентите на плоштад

Коментари (0)   
30.03.2009 16:33
Ерван Фуере
 

Меѓународната заедница е шокирана од ужасните слики на плоштадот. Амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ, Фуере, Рикер и Хереро, бараат виновниците за овој настан да бидат изведени пред суд.

Мирните демонстрации се основна придобивка на секоја демократија, сметаат претставниците на меѓународниот фактор во изјавата за А1.

„Сцените кои ги видов на телевизија синоќа беа ужасни. Не сме виделе такво нешто досега во Македонија. Загрижувачки е што ова се случува на ваков начин. Мислам дека не помага тоа што двете партии се обвинуваат меѓусебе. Тие мора да се погрижат за да се справат ефективно со таквиот екстремизам“, смета евроамбасадорот Ерван Фуере.

„Учесниците, кои беа многу транспарентни, кои можевме да ги видиме на телевизија, треба да бидат казнети. Ако се открие дека се активисти на која било партија, треба да бидат избркани од неа веднаш, а тие настани треба да се осудат. Мирните протести се нормален дел на секоја демократија. Вчера, во многу европски градови имаше демонстрации за други теми“, рече Фуере.

Хозе Луис Хереро
 

„Секако, се надевам дека она што се случи во саботата, е нешто што нема да го видиме никогаш повеќе. Зашто тоа ја покажува грдата страна на македонската политика, која не е во согласност со демократското општество. Ако луѓето сакаат да протестираат, треба да им биде дозволено да демонстрираат мирно. Против кои било прашања. А не да бидат напаѓани од разлутени толпи, што е спротивно на демократската пракса“, додаде Фуере.

„Се согласувам дека секој има право на мислење. Луѓето треба да имаат можност да ги искажат своите мислења. Но, инцидентите кои ги видовме во саботата се неприфатливи. Во целосна смисла, мислам дека општествата кои се во транзиција, како што е случајот овде, луѓето треба да направат напор за да ги одбегнуваат радикализацијата и екстремизмот“, изјави Хозе Луис Хереро, амбасадор на ОБСЕ.

„Значи, да ги заоблат малку аглите на своите мислења, за сите да придонесат во процесот кој е во тек“, додаде Хереро.

„Се согласувам со своите колеги, дека луѓето во демократско општество имаат право да се собираат и да протестираат мирно. Но, за мене е вознемирувачки и срамно дека голема група насилници, можеби неколку илјади... Луѓе, чии организатори остануваат непознати или сакаат да останат анонимни, си земаат право да употребат сила и да спречат протест против планот на владата за градење“, изјави амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.

Филип Рикер
 

„Сите луѓе имаат право да го изразат своето мислење за овие теми и плановите на владата. Верувам дека полицијата презема активна истрага, за да ги изнесе насилниците пред лицето на правдата. Бев многу вознемирен од некои од извикувањата на омраза. Од некои расистички клевети, навреди, покажување нетолеранција“, рече Рикер.

„Нема место за нив во 21-иот век. Ниту во Македонија, која сите ја пофаливме како пример за мултиетничка толеранција. И модел кој треба да се следи во овој дел од светот. Би рекол и дека сега не е време политичките партии да го користат ова. Неодговорните изјави од кои било политички партии го поткопуваат нивниот кредибилитет“, нагласи Рикер.

„Време е да се покаже политичка зрелост, да се изнесат пред правдата одговорните за тоа, и да се дозволи мирно изразување на мислењата на луѓето во оваа демократија. Би додал нешто во врска со претходното прашање. Би сакал да слушнам и изјава од црквата, Македонската православна црква во врска со овој инцидент“, вели амбасадорот Рикер.

„Бидејќи, толпата која ги предизвика насилствата во саботата, тврди дека ја претставува црквата. Мислам дека е важно за црквата да се изјасни и да го осуди ваквото насилство од група луѓе кои тврдат дека дејствуваат во име на црквата“, додаде Филип Рикер.

 
И меѓународната заедница го осуди загушувањето на демократијата.


Edited by UrbanFreak - 30-Mar-2009 at 16:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
#147 Posted: 30-Mar-2009 at 16:36

@ ls

види тоа е и замката, се пушти абер и тоа само по блогерај, воопшто по медиуми како би се осигурало да не дојде до инциденти, знаеја најверојатно според, претпоставувам расположението на тифозите за ова прашање и едноставно со воинствено мото како востание веднаш се отиде на "спонтан" протест на маркицата за Црквата. целта беше крајно политички монтиран настан од кој ќе извлече бенефит опозицијата на овие избори каде прв пат се сотрени политички на локално ниво.

меѓу другото не им беше гајле како може да излезе на крај цела монтировка, дури се повеќе имам впечаток дека целта им беше и да се оцрнат МПЦ и Верниците индиректно, како подршката за најавениот Црковен Храм изгуби на сила, незнам што да кажам, со ова само на својот народ му стегнаа заврзлама која морам да кажам доколку не ја спуштат топката ќе ја дотераат до опасна омраза.

доколку сакаа ќе ја истераа работата како што треба, имаат и средства и медиуми и експерти и сила, нешто да истераат како што треба. еј пази еден студент од австрија се крена и можеше да организира тука форум и издржана дебта, овие да неможат. кратко кажано не сакаа, целта не е маркицата и плоштадот, целта е масирање мозок на избирачите!

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
#148 Posted: 30-Mar-2009 at 16:44

Previous

Јас мислам сосороидите и опозицијата се криви и за смртта на Александар и за убиството на Кенеди, они го убија и Ченто.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
#149 Posted: 30-Mar-2009 at 16:55
beTon, целата конструкција ти паѓа во вода со фактот дека на терен отсуствуваше полиција. Ако ти си можел да предвидиш како ќе се одвиваат работите, ваљда можеле и во МВР. Ако имаше повеќе полиција (наместо со автобуси довлечкани контра-протестанти од други градови) извесно дека мирниот протест немаше да биде насилно загушен и растурен. Така да ако бараш малициозен план и сценарио, барај го на другата страна, а не кај оние што мирно протестираа. Па побогу, буквално сите комбинации што ти текнаа на памет ги кажа, само суштината уште ти промакнува.

Фактот што политички профитери и опортунисти сега тријат раце, не може да фрли флека врз ова мирно движење на студенти и интелектуалци кои едноставно саакаат да го искажат своето мислење. Движењето, колку и да почна слабо и анемично, сепак е благородно (не само поради идејата и целта, туку особено поради досегашната апатија и премолчување на се и сешто), а иронично, случувањата од плоштад сигурно ќе придонесат во процесот на негово засилување.


Edited by Cloverstack - 30-Mar-2009 at 17:05
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
#150 Posted: 30-Mar-2009 at 17:10

види кло неспорно е дека вакво нешто ќе разберев доколку и навистина не беше волку очигледно исполитизирано, јас во никој случај не ги обвинувам учесниците кои од естетски причини отишле да протестираат, но сигурно тие немало да скокаат и да се втурнуваат во толпата, кое за жал пак ќе повторам од снимките се гледа дека на почетокот се втурнуваат во толпата, јасно е дека овие се инструирани да подбуцнат реакција, кај тифозите кои се приклучиле на контрапротестот. во никој случај не се криви ни полицајците, бидејќи па доколку имаше специјалци на плоштад, сега сликите низ светот ќе беа бетер исфурани и уште попогрешно протолкувани.

незнам што очекувавте полицијата да испука солзавец врз Свештениците кои земаа учевство во контрапротестот, сигурно очекувале разум од востаниците и очекувале дека на очиглед ситуацијата со јасно настрвените тифози ќе се повлечат целосно, но овие човеку цело време им се враќаат како еве кој ќе ми забрани мене нешто тука. никој незнае како излегува од контрола некој протест доколку навивачка група се вмеша од некоја страна, абе ајде ова им беше јасно на организаторите на востанието инамерно ја тераа контра. пази кога одат на утакмица без разлика за кој било клуб фудбалски или кошаркарски цели улици блокираат, незнам што се правеле улави правда да делат со навијачка толпа востаниците!? на крај повторно не треба да се осудат поединците од ниедна страна, туку организаторите на ваквото сценарио, кое не е возможно да биде поочигледно монтирано. затоа и сум изреволтиран што се дрзнуваат да си поиграат со чувствата на народот на волку подмолен начин, нив треба да ги осудиме и да ги повикаме на одговорност, а не овој или оној насилник, јасно и тие сносат одговорност за своите постапки, но секогаш нај осуден треба да биде организаторот на ваквото сценарио, ни ќерките на видни членови на сдс не се криви, тие се исто како и останатите востаници добро изманипулирани и ништо повеќе, иако морално како возрасни граѓани и тие треба да се засрамат од ваквиот подмолно смислен протест, кој решиле дека треба да го спроведат... сите сме за греота, до кога само ќе си играат со народот!?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#151 Posted: 30-Mar-2009 at 17:47
Со човекот се слагам потполно до секоја буква во текстов, а поинтересните ќе ги обележам.... Вреди да се прочита комплетно и внимателно....


Не силувајте го Скопје


Во саботата напладне на градскиот плоштад во Скопје мала група на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје со транспаренти од хартија во рака се обиде јавно да побара мислење од своите професори и од македонската јавност во однос на најновите прекројувања на отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа против некаква црква, против Исус (?), уште помалку протестираа против политичка опција или против кого било. Студентите се собраа да искажат свој став. Точка. Ама било една недела пред избори, па што? Што треба да се прави една недела пред избори, да седиме сите дома и да јадеме пуканки гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, таква треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на финалето од Лигата на шампионите, па и во време на избори. До толку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше намерно избран единствено поради желбата да се привлече поголемо медиумско внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил што мислат студентите по архитектура во „неизборен период“. Тоа што во последен момент на собирот се прилепија, го поддржаа или се оградија од него разноразни интересни групи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен проблем на нашето општество. Во фамозниот изборен период во Скопје куче да уринира на плоштадот „Македонија“ за 10 минути на прес-конференција ќе се појават портпаролите на главните политички партии заемно обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Веројатно илузија е да се повикува оваа практика да престане, оваа држава е од вчера и тоа се веројатно детски болести на секоја млада демократија, болести што едноставно треба да се прележат. Сепак тажно е дека оваа колективна хистерија на поделби пополека станува колективно слепило во кое целото општество жестоко се втурнува. Патем, чисто заради информација на „знатижелните“, од тие што успеав јас да ги видам на протестот на студентите по архитектура, во нивните редови имаше деца и на истакнати вмровци, и на истакнати сдсмовци, и деца на архитекти, лекари, новинари, стечајци, деца на менаџери, бранители, деца на Албанци, Турци, Срби. И нема што повеќе да се разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен начин да се изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се најдобредојденото право во едно демократско општество. Дури и во времето помеѓу два изборни круга! Тоа е право што отвора дијалози и дебати за светот што треба сите заедно да го создаваме, право кое треба јасно да се стимулира почнувајќи од врвот на политичката, културната и социјалната елита, па надолу.

Добро е градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во Скопје по многу години почнаа да се отвораат градилишта на кои нема да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа веројатно не е само човечка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и скулптури ако има кој да им се радува. Сепак ценам дека треба малку поширок дијалог пред да решиме да замениме некој отворен градски простор со изграден. За мене исто така не е спорно што секој од „владетелите“ сака да се вгради во ткивото на градот, да остави свој траг, паметник. Ќе повторам, и тоа е ОК. Така било отсекогаш, така и ќе биде, на примерот на Фиренца, Берлин, Париз, на примерот на речиси секој град. Критично е само колку долго треба да се мисли пред да почне нешто да се прави. Знаете, градењето градови е исто како кроењето, двапати мери - еднаш сечи! Знаете зошто, затоа што цената е многу висока! Ако погрешиш, нема каде да се купи резервна ткаенина. Цената на непромисленоста ќе ја платат сите што живеат во градот, и „ние“, и „вие“, и децата на политичарите заедно со сите нас. Во Македонија во градењето на градовите отсуствува суштинското мислење, формалното го има колку ни душа сака. Институции, институти, заводи, доктори на науки, експерти, закони, подзакони, стручни мислења, сè и сешто. А што на крајот? Цврц! Па токму центарот на Скопје е најсоодветниот пример за ова што ви го зборувам. Сè е по план, сè е по закон, сè е одобрено, потпишано, верификувано, потврдено, нема ништо спорно. И што добиваме на крајот, простор што личи на празна ледина на која почнува да се инсталира циркусот „Медрано“. Денес сме сведоци дека преку манипулативно читање на историјата и нејзините архитектонски стилови, на Скопје почнува да му се навлекува стилска наметка, која е базирана на негирање на постојното. Плоштадот во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа, тоа е така. Па што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту Лондон, ниту Атина. И тоа е повторно ОК, заради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту Британци, ниту Грци. Ние сме тоа што сме и имаме град таков каков што сме создавале. И тоа е тоа. И тоа е вредност. На кого повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага нека токми план за преселба, ете до крајот на годинава нели и визно ќе нè либерализираат. Се прашувам само ќе успее ли некој и културно да нè либерализира нас, нели, што ќе останеме овде да живееме? Па погледнете само што ни се продава како автентичен македонски архитектонски производ? Не зборувам за проектот за црквата, добро знаете за што ви зборувам. Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги сметам за свои? Кој ги врти Грците или ЕУ или не знам кого, баш ми е гајле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што сме одбрале да живееме овде. Нам ни останува просторот на овој град. Ќе успее ли конечно некој да препознае дека во Скопје, спротивно на приказните што тежнеат да создадат (нов) демек јасен идентитет на градот, паралелно постојат силни културни флуиди составени од образовани луѓе што не мислат така. Патем, тие се студенти по архитектура. Тие се луѓето што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги тепате бе море „граѓани“? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни обидувајте да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни да ги етикетирате! Соросоиди, геј, анархисти, шиптари, што уште не! Наместо да тресете глупости, треба да соберете храброст да признаете дека тие млади луѓе се борат да го направат нашиот заеднички свет подобар. Не мора да се во право, но барем се обидуваат да направат нешто што вие очигледно не можете, или не знаете. Но тоа не е ништо страшно! Ако не можеш да помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, јади сендвич и остави ги луѓето да дишат кога имаат дробови за тоа!

За верниците-туристи во Скопје, со ланч-пакет, дневница и икони во рацете, не сакам ни да зборувам. Како православен верник срцето ми се расплакуваше кога гледав на каков начин се злоупотребуваше божјото име. Господ ним нека им е на помош!

Јован Ивановски, архитект асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=354&ArticleID=21444


Edited by Cloverstack - 31-Mar-2009 at 02:31
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
#152 Posted: 30-Mar-2009 at 18:07

ќе се сложев целосно со анализата на асистентов доколку и навистина не беше исполитизиран протестов. ова е можно во општество само како нашето, на волку очигледно монтиран случај некој волку наивно да превидува факти и да одбрани некоја идеи и права волку лесно, кои доколку беа и навистина предводени од млади архитекти па и секој останат студент или граѓанин кој имал исклучиво естетски мотив и јас ќе ги подржев како такви, во најмала рака немаше вака да истапам, ниту пак претходно сум истапувал.

асистентов, а и цела фабрика забораат на фактот дека студентите архитекти се начисто искоритени во политичка кампања, понатака што и да се коментира беспотребно е, со веќе претходно воочените факти слаткоречивоста на погорниот текст мислам дека прилично е несварлива, што да кажам, ајде сите колективно мижете на политичкиот параф на востаниево.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#153 Posted: 30-Mar-2009 at 18:11
beton човече олабај се! Ткстот ја потврдува исполитизираноста на протестов. Не ли гледаш дека и во текстот јасно е кажано дека е исполитизирано, односно погоре стои фразата "разноразни интересни групи", во вториот дел што го имам болдирано. Под овие групи спаќаат и партии и анархисти и  антихристи и хулигани и партии и све.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
#154 Posted: 30-Mar-2009 at 18:12
Originally posted by beTon

но сигурно тие немало да скокаат и да се втурнуваат во толпата, кое за жал пак ќе повторам од снимките се гледа дека на почетокот се втурнуваат во толпата, јасно е дека овие се инструирани да подбуцнат реакција, кај тифозите кои се приклучиле на контрапротестот.
Ама што зборуваш човеку?!? Гледаш и слушаш работи кои никој друг освен тебе не е во состојба да ги види и слушне, а она што сите други недвосмислено го видоа за тебе останува невидливо! Ти беше приложена и снимка со почетокот на инцидентите, ама очигледно до тебе ништо не може да допре. Плус тоа те уверувам дека снимките и не ја доловуваат целосно бруталноста на тоа што се случи, затоа што беа насочени кон центарот на вниманието, а луѓе се тепаа и наоколу, што го видов со сопствени очи јас и други членови на форумов кои беа присутни.



незнам што очекувавте полицијата да испука солзавец врз Свештениците кои земаа учевство во контрапротестот
Не бетон, но би очекувал МВР да си ја врши најосновната функција, да има доволно полицајци и да си ја вршат работата (нема што да интервенирале против свештениците, пошто ете тие се држеа настрана и во добра и во лоша смисла). Имаше против кого и како да се интервенира и тоа беше јасно како ден. Се фалиш дека и ти си го предвидел исходот, па повторувам, можеле ваљда и од МВР кои имале многу повеќе информации, стручна анализа, средства како да се спречат разноразни сценарија итн... И како резултат да бидат осигурани уставно загарантираните права на мирен протест и слобода на мислење.



сигурно очекувале разум од востаниците и очекувале дека на очиглед ситуацијата со јасно настрвените тифози ќе се повлечат целосно,
Под разум од востаниците веројатно подразбираш да не се осмелат воопшто да се соберат. Да се потклекне пред заканите од насилство и загушување на јавно искажаното мислење и мирен протест (две уставно загарантирани права) и тоа сред Плоштад Македонија и на сред бел ден. Наопаку ги поставуваш работите.

pbanks беше во право - ти сакаш да водиш дискусија што требало да направат Евреите за да не ги провоцираат нацистите за време на кристалната ноќ! Па побогу човече и тогаш имало такви како тебе кои насилството го релативизирале со приказни за еврејска завера! Свесен ли си во која улога се ставаш???

Жално и загрижувачко е ова што го искажуваш. Но таков мрак сепак нема да падне - сепак е 2009г и живееме во Европа, им се допаѓало тоа на некои или не.



но овие човеку цело време им се враќаат како еве кој ќе ми забрани мене нешто тука.
Бетон, дали ти беше присутен или ова го слушна на некоја од снимките? Или посочи каде е такво нешто документирано или те молам престани со вакви злобни измислици.

Вчера со истава леснотија шпекулираше дека ќерка му на Ѓунер Исмаил била „главен провокатор“ и таа била истепаната девојка (божем само една девојка беше цел на физичко насилство). Денеска еве демант од нејзе - таа воопшто не била присутна во државава, што лесно може фактички да се испита, за разлика од разноразни малициозни и тенденциозни шпекулации.

Те уверувам немаше никакви провокации и единствено со што им беше возвратено на насилниците беше песната „Скопје, радост ти ќе бидеш“... освен доколку и тоа не го рачунаш за провокација затоа што потекнува од „комуњарска манифестација“ за каква што претпоставувам ја сметаш Златно Славејче.




Edited by Cloverstack - 30-Mar-2009 at 18:26
Back to Top
алек View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Mar-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
#155 Posted: 30-Mar-2009 at 18:15

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#156 Posted: 30-Mar-2009 at 18:26
ГРАааДОоТ УуууБАВ ПАК ЌЕ РИКНЕ!!!!!!!!!!!!

Edited by lslcrew - 30-Mar-2009 at 18:27
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
#157 Posted: 30-Mar-2009 at 18:44
Здраво на сите. По професија сум историчар на уметност, одамна ве следам и еве сега решив да се регистрирам.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
#158 Posted: 30-Mar-2009 at 18:47
Originally posted by Cartman

Здраво на сите. По професија сум историчар на уметност, одамна ве следам и еве сега решив да се регистрирам.

Поздрав и добредошол! Се надевам ќе се вклучив актвино во темите кои тио се од интерес, а и оние другите!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
#159 Posted: 30-Mar-2009 at 18:50
Originally posted by Cartman

Здраво на сите. По професија сум историчар на уметност, одамна ве следам и еве сега решив да се регистрирам.



поздрав, добредојде Cheers
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
#160 Posted: 30-Mar-2009 at 19:03
Ги читав сите постови од оваја нишка и ме зачуди дека ама баш никој не спомна какви реперкусии ќе има МК и во каков правец се стреми демократијата во МК и каква слика оставаме како демократска земја.

Сите е бранева својата страна и ги наваѓаа виновниците, избегнуваќи ја улогата на позадинските фактори инволвирани во сево ова, и самата основата на сево ова го избегуваа реално да го изложат.

Е сега мораа страните фактори да ни укажат и експресно се створија некој други мислења и изјави на официални личност.

До кога некој друг мора ди ни кажува какви сме, а никако ние да го увидиме тоа и самите во својот двор да го решиме, или тоа е вековен македонски синдром.

Меѓународната заедница во шок за инцидентите и нивната видео изјава

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/crkva-30-03.wmv&VestID=106516


Edited by Vladimir P - 30-Mar-2009 at 19:05
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.