build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 30-Sep-2014 at 18:14
Ако го спроведат во делот како што го направи самата Европска Унија, мислам дека нема да има такви скриени работи, зашто и таму и тука државите преку закони/директиви им одредија/наредија на самите оператори, така да ако добро „препишат“ нема да има некои проблеми.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 24-Oct-2014 at 09:21
СЕ СПОЈУВААТ ОПЕРАТОРИТЕ „ВИП“ И „ОНЕ“

Телеком Австрија Групацијата објави дека договори спојување на својата подружница операторот „Вип“ со компанијата „Оне“ во Македонија која е подружница на Телеком Словенијa.

Како што соопшти групацијата, Телеком Австрија ќе поседува 55 проценти удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија ќе задржи 45 проценти.

Договорот вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда по спроведена детална анализа на „Оне“, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година.

„Оне“ е третиот по големина мобилен оператор во Република Македонија, со пазарен удел од 23,6 отсто и корисничка база од околу 528.000 корисници на 31 декември 2013. Во 2013 година „Оне“ достигна приходи од 75.5 милиони евра и заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) од 14.4 милиони евра.

Телеком Австрија Групацијата нуди мобилни услуги во Република Македонија преку операторот „Вип“ од 2007 година. Со пазарен удел од 28,1 отсто и околу 630.000 корисници на крајот на 2013 година. „Вип“ е втор по големина мобилен оператор во земјата. Приходите изнесуваа 65 милиони евра, а ЕБИТДА 14,7 милиони евра.

Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014 година, Телеком Австрија Групацијата исто така нуди и фиксни услуги на македонскиот пазар.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=4E0EFA41DF0B764FAE790736CD80E7A0
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 24-Oct-2014 at 13:08
Овде не е напоменато дека Албафон има удел од 0,23%. Се прашувам до кога можат да тераат вака, до кога ќе им биде дозволено да тераат вака, и дали воопшто ќе има оглас за четврт оператор (покрај Т-Mobile, ONE+vip, Albafone)?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 24-Oct-2014 at 13:37
Јас не ја знам поентата на постоењето на Албафон во Македонија. Со толку мал удел на пазарот, прашање е дали и колку им се исплати да фигурираат како мобилен оператор. Освен тоа, очигледно е дека целна група им се Албанците од Македонија кои, како што се гледа од бројките, не се стрчаа да се префрлат кај нив.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 24-Oct-2014 at 13:53


Прашањето ми беше директно поврзано за Албафон. Дека Карлос Слим во глобален заговор против Македонците го купи мнозинскиот пакет на Телеком Австрија за да ги спои ONE и vip јасно е дека не, но дали во некои задкулисни игри тендерот за четврт оператор ќе изостане/ќе се одолговлечи преостанува да видиме.

Мислам, кога веќе тендерот беше доделен на толку неспособна компанија само за да има некаква си етничка рамнотежа во операторите (сериозно?), зошто да не очекуваме да им дадат и малку поволен ветер, така 2-3 годинки?

Економската логика е дека Albafone сигурно ќе го зголеми уделот во тој меѓупериод. Колку ќе биде зголемувањето, ќе зависи во добар дел од нивната понуда, но исто така и од времето кое ќе биде потребно за да се распише тендер за четврт оператор.

Edited by гитардемон - 24-Oct-2014 at 13:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 24-Oct-2014 at 16:41
Ако не сте знаеле министерот за информатичко општество Иво.И. е личен пријател со Карлос Слим и едниот на другиот му има дојдено на свадба.Значи се многу блиски и тука лежат многу одговори на неодговорените прашања.на новиот конзорциум влакно нема да му фали од нашата влада
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 25-Oct-2014 at 13:04
ПО СПОЈУВАЊЕТО НА ВИП И ОНЕ

ДОПРВА РЕГУЛАТОРОТ ЌЕ ПРОЦЕНИ ДАЛИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ ДУОПОЛ



Државните регулатори допрва треба да го одобрат договорот за спојување на операторите „Вип“ и „Оне“. Здружувањето на подружниците на „Телеком Австрија“ и „Телеком Словенија“ во Македонија ќе предизвика тектонско поместување на пазарот на мобилната телефонија и на платени телевизиски услуги.

Се здружуваме за подобар настап на исклучително конкурентниот македонски пазар. Вака од централата на Телеком Австрија ја објаснуваат одлуката ВИП и ОНЕ да отпочнат процедура за спојување во една компанија. Во моментов се прави проценка на двете компании и се очекува до крајот на ноември да има прецизни информации за трансакцијата.

– Има силна конкуренција меѓу операторите. Идејата да се спојат е очигледно јасна, со оглед на тоа дека двете компании не работиме во најдобро кондиција и пазарот е многу тежок. Подобро е за двете страни да ги здружат силите, изјави Питер Шифер, портпарол на Телеком Австрија, за еден од македонските портали.

Со спојувањето, кое треба да го одобрат македонските власти, има можност двете компании да прераснат во мобилен оператор со најголем пазарен удел во земјава.

Во Kомисијата за заштита на конкуренцијата и во Агенцијата за електронски комуникации засега не се изјаснуваат за спогодбата со образложение дека с` уште го немаат добиено договорот помеѓу двете компании за да може детаљно да го разгледаат. Според неофицијалните толкувања, за конечната одлука важен ќе биде фактот како ќе се спроведе договорот, односно дали тоа ќе биде со купување акции, присоединување на една кон друга компанија, размена на капитал или друга форма. Засега, од ваквото соединување највознемирени се вработените во овие компании кои се плашат за своите работни места и можното преклопување на работните позиции.

– Прерано е да се каже како ова ќе се одрази на корисниците. Најпрво претстои спојувањето на компаниите и акционерството. Ако се комплетира зделката ќе знаеме подобро како ќе продолжиме со споени компании, рече Шифер.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=69D50D90DEFBD04E85F713F81D65A630
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 09-Jan-2015 at 13:49
оне.Вип – е новото име на компанијата која ги спои двата оператори



Мобилните оператори „ВИП” и „ОНЕ” ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност со назив „Друштвото за комуникациски услуги оне.ВИП ДОО Скопје“, соопшти Комисијата за заштита на конуренцијата (КЗК) до каде што и официјално е пристигнато барањето за спојување меќу двата телекомуникациски оператори.

Новата компанија ќе биде во 100 отсто сопственост на „Мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг“, австриска компанија која е сопственик на „ВИП“.

– Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата – соопшти КЗК.

http://lider.mk/2015/01/09/one-vip-e-novoto-ime-na-kompanijata-koja-gi-spoi-dvata-operatori/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 02-Dec-2015 at 09:44
МАКЕДОНИЈА НА 60. МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД ПРИСТАП ДО ИНТЕРНЕТ

Во светот 3,2 милијарди луѓе користат интернет, што е 43,4 отсто од глобалната популација, покажува анализата на Меѓународниот телекомуникациски сојуз, Интернешенал телекомуникејшн унион. А пристап до мобилен интернет-мрежа сега има над 95 отсто од светското население, при што мобилните претплати се вкупно 7,1 милијарди. Анализата на ИТУ покажува дека најразвиена држава во овој дел е Јужна Кореја, каде што пристапот до интернет-услуги е најголем. Втора е Данска, а трет Исланд. Македонија е на 60. место во светот и на 36. во Европа. Во регионот највисоко е рангирана Словенија, која има ИДИ, поради што се најде на 33. место во светот, Грција е 39., потоа Хрватска на 42., Бугарија 50., Србија е на 51. место, Црна Гора на 65., БиХ на 77. и Албанија е на 94. место. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=1F139A289D1333469E65A65E81C77484
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 25-Dec-2015 at 19:38
Интернет користат над 1,4 милион Македонци, а Фејсбук милион

Во Македонија интернет користат 1.408.278 луѓе или 68,1 процент од населението, а милион луѓе се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат последните податоци на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот, повеќе од Македонците интернет користат Хрватите (75 проценти), Словенците (72,8 проценти) и Босанците со 68,7 проценти, а помалку Србија (66,2 проценти), Грција (63,2 проценти), Албанија (62,7 проценти), Црна Гора (61,4 проценти) и Бугарија (56,7 проценти).

Според Интернет ворлд стат, во Европа интернет користат 604.147.280 луѓе. Во светот има 3,345 милијарди интернет корисници или 46,1 процент од вкупната светска популација.

http://a1on.mk/wordpress/archives/564665
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 765
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 17-Nov-2017 at 09:16

дали има некоја нова статистика за рекордери по тв саатница, до пред некое време бевме 2-ри во ЕУ, веднаш зад Србија .. но не куца може магарето толку од квантитетот туку од квалитетот, прото нема никаква регулација што како моќе да оди преку ден на тв и кај домашните а не пак странските програми кои ко за промена дпмне им наметна дѐ мораат да имаат титл, а сдс нека ги удри и со синхронизација, та да пазат што оди во етер и кога накмлѐдите дремат пред то визијата на телето ..

дали АЕК мониторингот го прави 24/7 на сите канали и во однос на етиката, а ако е така до сега кабловски канали ко Е-то, Фешнтв, фентв, гранд, пинк и остали шундои, сигурно ќе ги беше обврзал кабловските да ко такви ги имаат само ко посебен пакет и никако поинаку ... за почеток нека удрат по рекламите за кладилници, мислам кај нас веќе не смејат да се рекламираат, или нешто лошо сум сонувал, зш подолго не сум бил во земјава ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.