build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 17-Apr-2010 at 00:02
Слаб сигнал - затоа имаш дропови, а за А1 и Оne се е средено (ако на тоа мислиш), Велиа шаховски изигра, си го убаци Хедис во игра и сите среќни сега не смета Оne на неговата А1 по Македонија
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 17-Apr-2010 at 00:13
да слаб сигнал но од нивна страна верувам, и иако користам собна антена KN-DVBT-IN70 http://www.logingelectronics.com.mk/products/product.aspx?id=63064 сепак вакво нешто не смее да има во скопје! а за ова кавгата сега топката се стркала на друга страна
ЧЕТИРИ НАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ БАРААТ ЗАШТИТА ОД ДРЖАВАТА ОД НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
Сител, Алсат М, Канал 5 и Телма сами ќе се исклучат од Бум ТВ
http://www.vest.com.mk/?ItemID=ECBBE3A4616EB74585877D1F4110031F


Edited by Max - 17-Apr-2010 at 00:13
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 17-Apr-2010 at 00:21
Јасно кај нив е проблемот (во Лептокарија и во нивниот салон стои укочена слика или со дроп)
А другиве играчи сега пробуват нешто да играат но кајмакот отиде кај Велија
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 03-May-2010 at 01:30
Ќе се укине надоместокот за преносливост на броеви


Укинување на надоместокот за преносливост на броеви што го плаќаат корисниците кога сакаат да преминат од еден кај друг телефонски оператор при тоа задржувајќи го префиксот, или само подмирување на административните трошоци ако префиксот на бројот се менува. Ова се предвидува со измените на Законот за електронски комуникации, што ги предлага Министерството за транспорт и врски, а со кои ресорниот министер, Миле Јанакиески, очекува на граѓаните да им се овозможи да добијат нови и иновативни услуги и пониски цени.
- Со измените ќе се направи подобрување на регулацијата во делот на електронските комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на пазарот и повисок степен на заштита на правата на крајните корисници - оценува Јанакиески.

Со измените се предвидува операторите на увид во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ги доставуваат претплатничките договори и во рок од 15 дена да одговарат на сите приговори што ќе стасаат до нив. Во спротивно ќе бидат казнети од 2 до 4 проценти од приходот остварен во претходната година. Новина е и што со предложените измени се предвидува инвеститорите кои градат станбени или деловни згради им се наложува обврската да воспостават и обезбедат пристап за електронска комуникациска мрежа која ќе им овозможи на станарите на зградата слободен избор на оператор.

Предвидено е и обезбедување на јавни говорници, потоа воспоставување на целосен именик кој ќе ги опфаќа броевите од сите оператори, а за што изборот на давателот на оваа услуга ќе се направи на транспарентен начин од страна на АЕК по донесувањето на измените на Законот за електронски комуникации.
- Со Законот се наметнуваат и обврските за транспарентност при интерконекција и пристап, избор и предизбор на оператор, регулација на малопродажните цени, водењето на посебно сметководство со што ќе се придонесе да се обезбеди и поголема заштита на конкуренцијата на пазарот на електронски комуникации.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D870A89490E6CE4EA8E56E0A685693DE

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 13-May-2010 at 17:52

Сител, Алсат М, Канал 5 и Телма се исклучуваат од Бум ТВ http://daily.mk/arhiva/makedonija_20765_1406_0

СРД ги бара договорите на Бум ТВ со Сител, Телма, Канал 5 и Алсат http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/srd-gi-bara-dogovorite-na-bum-tv-so-sitel-telma-kanal-5-i-alsat

јасно ми е дека се чувствуваат изиграно откако бум се договори со а1, но незнам што бараат сега овие за возврат, велат нерасчистени деловно-техничките услови се посреди, но ми изгледа на чист рекет! ај ако има некој абер нека ми ги појасни кои се тие нерасчистени деловно-технички односи!? ако е за сигналот мислам тоа лесно и брзо може да се надмине, но ова дефинитивно е завист, она зошто бум да дистрибуира пакети преку гранапчињата на хедис...



Edited by Max - 13-May-2010 at 17:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 13-May-2010 at 18:28
Не сум детално запознаен со случајов но она што до сега знам мислам дека има некој аномалија во законот или можеби сум во грешка.Од една страна законот пропишува дека операторот е должен да ги обезбеди како дел од пакетот сите канали кои и онака се фаќаат со терестријална антена, а од друга страна се бара операторот да склучи договор со телевизиите да ги пренесува. Така да има оставено простор за уцена. Или нека се обезбеди законски сите оператори да имаат непречен пристап до сигналот на сите локални и национални канали и бесплатно да го редистрибуираат или нека не се бара од нив од ги пренесуваат задолжително. Вака се ставени во нерамноправна положба. И сега додека другиве не играа на таа карта, една телевизија изигра, другите се осетија измамени и сосема легитимно постапија. Правилата и лошиот систем го уништија бум.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 13-May-2010 at 18:33
да недореченоста и двосмисленоста во законите кај нас е императив, сепак доколку пресече власта и конечно го укине терестријалниот сигнал, ќе ги прашам што клечки ќе кршат телевизииве, ама сега им се може, но мислам дека со нив не е иста ситуацијата како со а1, а1 мислам немаше склучено договор па затоа и бум мораа да ја прекинат, додека овие сега сакаат склучените договори под уцена да ги раскинат небаре не биле претпоставувам исполнети одредени услови од истите...
Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 21-Aug-2010 at 21:49
гледам на пазар3 продаваат ресивери од ОНЕ. Па како може тоа, тие ресивери ги должат и тие не се нивни туку ги имаат само на користење, на некој му е јасно?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 14-Sep-2010 at 01:11
Две интересни понуди на телекомуникацискиот пазар. Особено оваа на VIP. Исклучително добар начин за привлекување корисници. Веќе неколку месеци се спремам да киднам одкако е воведен Number Portability, а и онака на VIP е комплетно бесплатно.

ВИП ПРИ-ПЕЈД


Бонус за секој примен повик од друга мрежа


Во пресрет на третиот роденден, Вип оператор со уникатна услуга на македонскиот пазар. Станува збор за услуга за сите нови и постоечки при-пејд корисници која им овозможува да добиваат бонус од 2,5 денари за примен повик од мрежите на другите национални мобилни и фиксни мрежи. За користење на бонусот корисниците треба да ја надополнат својата при-пејд сметка со кој било износ и автоматски ќе почнат да го генерираат својот бонус, а кумулираниот износ од бонусот ќе можат да го користат при секое следно надополнување на Вип при-пејд сметката.
-Вип е првиот мобилен оператор во земјава кој за своите корисници ги носи светските практики кои им обезбедуваат повеќе придобивки и бонуси. Оваа понуда е само уште една во низата на иновативни понуди со повеќе вредност, нешта за кои ние напорно и посветено работиме веќе три години - изјави Марио Цвитковиќ, главен маркетинг директор на Вип оператор.
Бонусот се добива за секој примен повик од други национални мрежи чие времетраење е повеќе од 60 секунди. Износот на бонусот не е ограничен, што значи колку повеќе дојдовни повици корисниците примаат, толку повеќе бонус добиваат.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6C73128FD9CBD14689850839DAF34207

ОNЕ


Во сопствената мрежа 0 денари


На сите нови пост-пејд корисници на мобилната телефонија и сите оние кои ќе го обноват својот договор за мобилна телефонија на нови 24 месеци мобилниот оператор ОНЕ им нуди можност да зборуваат за нула денари со сите корисници во сопствената мрежа. Промотивната понуда за бесплатни разговори во мрежата на ОНЕ вклучува 400 минути, секој месец за целото времетраење на договорот на корисникот, без дополнителна претплата и без надоместок за воспоставување на повик. Останува можноста шест месеци корисниците да не плаќаат претплата, а притоа вклучениот бесплатен износ за разговори и услуги кон сите мрежи да го користат во промотивниот период.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A44EF6E617A521489BD70AE9B0BF1F80



Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 01:12
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 15-Sep-2010 at 13:03
Previous
 
Ја прочитав веста уште завчера и се мислам што да правам.. имам чувство дека Вип имаат најдобра понуда моментално, 1000 минути бесплатни во мрежата, што му доаѓа по околу поласаат бесплатен разговор во денот, што никако не е за потценување, арно ама проблемот е што малку луѓе се претплатници на ВИП.
 
Во однос на ОНЕ, договорот за пост-пејдот ми истекува во Ноември и во однос на промоцијата истата директно ме засега и веќе добив некое писмо со промотивна понуда од 3000 денари (или да земам производ од нивните салони или 6 месеци по 500 денари да добивам на сметка гратис разговори).
 
И ја би некако повише за ВИП. Од Оне и немам што посебно да купам, а во однос на нивниве промоции сум голем скептик. Не дека нема да се реализираат, ама ќе ви пукне џигер додека тоа се случи.
 
Сличен случај имав со интернетот со Оне, го утнаа износот на промотивниот бесплатен период, наместо 4 излезе 2 месеци, ама пошто ги држев за муда (по грешка ми дале документ, потпишан, со печат све, за 4 наместо за 2, а ако беше за 2 немаше да го продолжам), па им искочи интерен проблем, и додека они тоа го решат пројдоа 4-5 месеци, а во меѓувреме ништо од бесплатниот интернет, све си платив. Ај тоа, ама ради нивнава грешка ме убедуваа да не ги плаќам доспеаните сметки (пошто нереално е да плаќам сметки у фаза на бесплатен промотвен интернет), демек тоа ќе се покриело, и не ги плаќав, оти така ми рекоа. И ме исклучија LOL. Е после ми рекоа дека можам да се жалам колку сакам, пошто истото не го одложува плаќањето на сметките (во период на бесплатен интернет). И си ги платив хитно сметките сите заедно (не ми беше за парите, ама ако се договараме, да се придржуваме, не секој ден нови правила), и ги мољакав хитно да ми го пуштат интернетот (уште и ме оштетија Big%20smile).
 
И после 5-6 месеци конечно ми одобрија износ од 4 месеци, и ми кажаа дека по грешка ми дале 4, требало 2, а јас им реков дека го чекам денот на истекување на договорот, пошто налет нивните промоции на сето малтретирање и нервози. Bash Иначе отворете очи за се во врска со фактури и документација со нив пошто често појма немаат ни самите што пишуваат, ќе си платите по грешка.
 
Е да, ќе заборавев, требаше да ми вратат некои 500 денари, нов/стар договор, поклопување на неколку дена и двојно плаќање од мене. Ми побараа трансакциска за да ми ги вратат средствата и ми рекоа за недела дена ке се среди. После месеципол се јавувам, не за 500 денари дека немаше да преживеам, ама ми е на ум дали се заврши и тоа, кога сум у град да претрчам и за тоа у банка/банкомат. Ништо. Пак по 2 месеца, ме фати инат, абе викам нели за недела дена беше работава, пак ништо, и на крај им реков, ви ги поклонувам, неморате да се трудите да ми ги исплаќате. И така не сум ги ни добил. Очигледно им се нашле. Big%20smile
 
Така да, визави новава промоција (во однос на продолжување на договор за постпејд), со задоволство ќе ја поклонев на lslcrew на пример, да можеше. Big%20smileBig%20smile Секое гледање на билборд или на реклама на Оне, морници ме лазат. LOL
 
Има ли некој слично искуство и баш би сакал да чујам за ВИП.
 
Ако ништо друго кој припеј кој постпејд бар со најблискиве ќе се исповрземе преку ВИП и ќе збориме малтене гратис. А забележувам се повеќе броеви на луѓе со кои контактирам на ВИП. Порано ми беше чудно, мислев никад нема да се пробие операторов, ама од лански 11 на сегашни 17 % пазарен удел, со силна конкуренција, воопшто не е малку.
 
Друга интересна ствар ми е што, сеуште важи она.. " ме боли .. ако си заминеш", демек еден корисник, помалце или повеќе ништо не мења. Арно ама јас ако се тргнам од Оне кон Вип, Вип автоматски ќе добие минимум + 3 претплатника кои ги носам со себе. Тоа е - 1 за Оне и + 3 за Вип. Па нека се замислат како се понашааат. Инаку операторите/ките во кол центарот, незнаат што е емпатија и повремено се "понашаат".
 
ете изјадов гомна за сите пари, нејќев да критикувам, ми беше повише за размена на искуства во однос на ВИП.
 
~~~

ТРИ ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ МОБИЛЕН ПАЗАР


Вип оператор со пазарен удел од 17 проценти


Довербата што ја стекнавме во изминатиот период е само дополнителен мотив за нас да продолжиме да работиме во интерес на корисниците, вели главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев


Целосна либерализација, раздвижување на пазарот на мобилна телефонија и драстичен пад на цените на услугите се главните придобивки од тригодишното работење на Вип оператор на македонскиот пазар на мобилна телефонија. Менаџментот на компанијата тоа го потврди преку бројки - пазарен удел од 17 проценти и раст на приходите од 70 отсто на годишно ниво, а растот на пост-пејд корисничката база бележи раст од над 65 проценти.
-Во изминатите три години преку уникатните понуди на пазарот Вип оператор беше препознаен од корисниците како доверлив партнер, кој нуди висок квалитет за пониска цена, извонредна корисничка грижа и нови иновативни комуникациски услуги. Довербата што ја стекнавме во изминатиот период е само дополнителен мотив за нас да продолжиме да работиме во интерес на корисниците - рече главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев.

Тој нагласи дека трендот на зголемување на довербата во Вип оператор на домашниот пазар е потврден и преку искористувањето на услугата преносливост на броеви, во којашто Вип е апсолутен лидер. Имено, од почетокот на услугата, што стартуваше од септември 2008 година, дури 72 проценти од вкупниот број на пренесени броеви, мигрирале во мрежата на Вип оператор.
Преку инвестициите во изградба на сопствена мрежа Вип оператор обезбеди покриеност на 98,5 отсто од територијата и населението во земјава. Како резултат на зголемувањето на бројот на роаминг-партнери во повеќе земји, кој споредено со претходната година е зголемен за 79 насто, корисниците на Вип оператор добија можност да разговараат по пониски цени и надвор од националната мрежа.
-И покрај тоа што сме најмлади на пазарот, успеавме да креираме услуги што беа иновативни и прилагодени во согласност со реалните потреби на корисниците. Нашата иновативност, висок квалитет и ценовна достапност и понатаму ќе бидат главни одлики на нашите понуди - додаде Марио Цвитковиќ, главен маркетинг-директор на Вип оператор.

Тој нагласи дека во фокусот на компанијата остануваат услугите во мобилната телефонија.
-И понатаму сметаме дека на македонскиот пазар има неадресиран потенцијал само во мобилната телефонија и тоа ќе остане во нашиот примарен фокус и на краток И на среден план - рече Цвитковиќ.

За раководството на Вип одлуката на Агенцијата за електронски комуникации за намалување на големопродажните цени меѓу операторите што стапи во сила од почетокот на месецов, е за поздравување.
-Таа овозможува повеќе простор за дизајнирање и прилагодување на малопродажните цени во согласност со потребите на корисниците. Сметаме дека понудите дополнително може ценовно да се оптимизираат, а ние тоа го правиме континуирано во изминативе три години - рече Љушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 15-Sep-2010 at 17:42

Телекомуникацискиот пазар се отвори и за виртуелни оператори

15 септември 2010, 13:23
Извор: Макфакс
Скопје

Министерството за транспорт и врски овозможи влез на виртуелен мобилен оператор кој ќе понуди поповолни цени и подобар квалитет за услугите.

„Ова практично значи дека секоја заинтересирана компанија може да ги користи услугите од веќе постојните оператори, односно да не гради сопствена мрежа туку да се приклучи на веќе поставена мрежа мобилна мрежа со склучување на договор за пристап и користење на мрежните ресурси, како и договори за интерконекција со мобилните мрежни оператори“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на денешната прес конференција.

Според најавите, мобилниот виртуелен оператор може да издава свои сопствени SIM картички, да поседува свој сопствен мобилен мрежен код (MNC), да поседува мобилен центар (MSC), да склучува договори за користење на услугата на интернационален роаминг за неговите претплатници, да менаџира со доделени серија на броеви,  како и да обезбедува услуги кои ќе се продаваат под негов сопствен бренд.

„Со воведувањето на мобилен виртуелен мрежен оператор се очекува да се оствари поголема искористеност на мрежните капацитети што треба да резултира со намалување на трошокот за нудење на услугата по единица производ од страна на операторите“, рече Јанакиески.

Тој додаде дека можеби никој нема да влезе на овој пазар, но сепак се овозможуваат услови за поефикасна конкуренција на пазарот, што од друга страна, ќе придонесе за намалување на цените.

http://makfax.com.mk/_tools/article/116139/view
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 11-Nov-2010 at 21:16

Македонија доби четврти мобилен оператор

Македонија доби четврти мобилен оператор. Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор.

Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани.

За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички.

Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори. Главниот извршен директор за Сител најави дека операторот до крајот на месецот ќе се претстави пред јавноста на прес конференција.

Властите сметаат дека четвртиот оператор во мобилниот бизнис допонително ќе ја засили конкуренцијата, ќе ги намали цените и ќе ја подобри понудата за потрошувачите заради што и беше распишан меѓународен повик.

Трите компании кои веќе работат на нашиот пазар во повеќе наврати коментираа  дека тој е премал за нови учесници.

Од друга страна, во Словенија, со прибилжно ист број корисници како Македонија, мобилна телефонија нудат пет оператори од кои два виртуелни.

Според податоците на нивниот веб сајт, ВТИ работи во Холандија, Германија, САД, а отсега и во Македонија. Компанијата нуди услуги во фиксна и мобилна телефонијата на големо и мало.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/makedonija-dobi-chetvrti-mobilen-operator

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 11-Nov-2010 at 21:22
Вип оператор почна да прави профит

Со раст и во третиот квартал

vip
Вип оператор, со крајот на третиот квартал, во кој покажа одлични резултати, за прв пат од доаѓањето на македонскиот пазар почна да прави профит.
Според резултатите од работењето на Телеком Австрија Групацијата, во која е и овој оператор, за првите девет месеци од годинава, заклучно со 30 септември, ВИП оператор бележи пораст во сите сегменти од оперативното работење, при што во третиот квартал достигна позитивна ЕБИТДА (заработка пред камати, даноци, деприсијација и амортизација) од сто илјади евра, наспроти негативата од 2,8 милиони евра во истиот период лани.

Приходите на Вип оператор пораснале за две третини, до 10,2 милиони евра во третото тромесечје, споредено со истиот период лани, како резултат на порастот на корисничката база, која достигна повеќе од 388.000 корисници. Тоа, пак, се должи на силниот раст на постпејд сегментот, кој пораснал до 31,6% во третиот квартал, споредено со 27,4% во истиот период лани.

Ова придонесе пазарниот удел на Вип до крајот на септември да порасне за речиси 50%, споредено со пазарниот удел во истиот период минатата година. „Овој успех e дотолку позначаен, ако се земе предвид фактот што Вип оператор за прв пат успеа да постигне позитивна ЕБИТДА во третото тромесечје од 2010, која придонесе и кон вкупната ЕБИТДА на Телеком Австрија Групацијата“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор

http://www.biznis24.com.mk/node/11331
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 11-Nov-2010 at 21:26
Ќе видиме како ќе се покаже. Нешто слично предходно на два пати се појави на Македонскиот пазар. Се појави едно време Roamfree со седиште во странство како виртуелен оператор што нуди меѓународни разговори, што според некој шпекулации и не беше баш со чисти сметки и искрени намери да се занимава со телекомуникации, а едно време и имаше Космофон еден обид да протне паралелен бренд, далеку од виртуелен оператор, Frog што не се покажа како нешто посебно атрактивно, а и се погоди пред купувањето и ребрендирањето во One, па и тоа пропадна. Како ќе биде со овој сега допрва ќе видиме. Не очекувам некој посебен пазарен удел и после подолго време. Еве на пример Vip денеска објави дека дури овој квартал е првиот позитивен од кога се на Македонскиот пазар и од денеска почнуваат допрва треба да ги извадат парите што досега ги вложиле, а веќе три години се тука со силна позадина, силен маркетинг и силна понуда. Значи не викам дека нема да опстојат, но со мал пазарен удел.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 12-Nov-2010 at 12:37
Кај нас за жал нема толкав пазар и куповна моќ за 4ти оператор. Добри беа примерите со Frog и Roamfree. Првото пропадна поради немање интерес кај граѓаните, а за разлика од нас во Бугарија функционира турбо. Roamfree беше одличен проект, но исто така пропадна поради немањето интерес кај нашите „бизнисмени“. Реално тоа беше само за побогата класа и за луѓе што се долго во странство и што често телефонираат дома. А со Skype и FB ретко кој го прави тоа во 21ви век

Инаку за ВИП точно е дека работеа со загуби, а тоа е повторно истата причина, недоволен број корисници. Еве за споредба, ONE објави раст од 21% од прошла година

Една година „Оне“ расте и се развива

Заклучно со септември 2010, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници, што претставува раст од 21 отсто споредено со истиот период лани

Со раст и развој во сите сегменти од своето работење, телекомуникацискиот оператор „Оне“, сопственост на „Телеком Словенија“, групацијата заокружи една година од работењето на македонскиот телекомуникациски пазар. Со големо искуство, континуирани инвестиции, иновативни и развојни проекти, „Оне“ се етаблираше како технолошки лидер на македонскиот пазар, кој прв пат ја понуди 3-Г услугата, прв лансираше пристап до безжичен Интернет, стана прв алтернативен оператор во фиксна телефонија и прв оператор што лансираше безжична дигитална телевизија – Бум ТВ.

Во изминатата година „Оне“ успешно го реализираше спојувањето на трите компании („Космофон“, „Германос“ и „Он-нет“) и ја оптимизираше ефикасноста, што доведе до уште подобри резултати во целокупното работење. Тоа не предизвикало, пак, намалување на бројот на вработените, туку прераспоредување на дел од нив на други работни места поради воведените нови услуги.

Заклучно со септември 2010 година, „Оне“ има вкупно 643,426 корисници со што бележи раст од 21 отсто споредено со истиот период лани.

Преку инвестициите за изградба на најсовремена сопствена мрежа, „Оне“ обезбедува покриеност на 99,5 отсто на населението со квалитетен и непречен сигнал во мобилната и во фиксната телефонија, а како резултат на инвестициите во развој на најсовремената дигитална мрежа низ целата земја, „Оне“ овозможи покриеност на 92 отсто од населението во Македонија со сигналот на првата дигитална безжична телевизија Бум ТВ и ја зацврсти својата позиција на технолошки лидер на пазарот. Заклучно со 30 септември 2010 година, Бум ТВ има 40 илјади активни корисници, со што преставува најбрзорастечка платформа за дистрибуција на ТВ-сигнал во Македонија.

„Растот во сите сегменти е најдобар доказ дека сме на вистинскиот пат и претставува дополнителен мотив да продолжиме да работиме во интерес на корисниците, посветени на спроведувањето на компаниската политика да креираме и да нудиме услуги достапни за сите, без финти и скриени трошоци, притоа збогатувајќи го животот со комуникација и забава”, истакна вчера генералниот извршен директор на „Оне“, Клавдиј Годнич.

Супериорниот телевизиски пакет од најпопуларните македонски и странски ТВ-канали, кои безжично се пренесуваат со одличен квалитет на сликата и звукот секаде во Македонија – Бум ТВ станува уште поатрактивен со воведување на новата услуга за паузирање, снимање и премотување. Со ПВР корисниците самите можат да одберат време и одложено да ги проследат омилените ТВ-серии, фудбалски натпревари, музички емисии...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 12-Nov-2010 at 13:57
Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението. За мобилните оператори е така. Вип не работеше во минус заради недоволен број корисници туку заради еднократни трошоци што ги има секој оператор кога доаѓа на некој пазар. И помали држави од Македонија имаат поголем број оператори, не е тоа ништо пропорционално на колку население иде еден оператор.
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 12-Nov-2010 at 15:00
Originally posted by lslcrew

Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението. За мобилните оператори е така. Вип не работеше во минус заради недоволен број корисници туку заради еднократни трошоци што ги има секој оператор кога доаѓа на некој пазар. И помали држави од Македонија имаат поголем број оператори, не е тоа ништо пропорционално на колку население иде еден оператор.
 
Поголема глупост немам слушнато..
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 12-Nov-2010 at 16:44
Originally posted by NorthWind

Originally posted by lslcrew

Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението. За мобилните оператори е така. Вип не работеше во минус заради недоволен број корисници туку заради еднократни трошоци што ги има секој оператор кога доаѓа на некој пазар. И помали држави од Македонија имаат поголем број оператори, не е тоа ништо пропорционално на колку население иде еден оператор.
 
Поголема глупост немам слушнато..

Поголема неифромираност нема слушнато.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 12-Nov-2010 at 17:08
Еве енциклопедиски објаснето што е виртуелен оператор, за технички нема нешто посебно ниту ќе објаснувам да не замарам. Колку само низ нормален свет далеку има отидено пазарното општество па дури и она што ние го знаеме како класичен оператор се разцепува, па има опслужувачи мрежни (кои обичните граѓани не ни ги интересира) и фирми потоа кои во некоја форма на виртуелни оператори ги препродаваат услугите. Како да речеме сега тмобајл да реши дека нема да се мафта со продажба и ќе си најде три четири вакви виртуелни да му го препродаваат "производот" и ќе водат конкуренција, а позади некаде во некое подрумче инжењери ќе си ја работат мрежата и по некој економист за сметките. Далеку сме ние од тоа, но дефинитивно неможе никој да ме убеди дека големината на пазарот е пресудна дали ние ќе имаме четврт оператор. Зашто воопшто да се обидуваме да го модерираме тој процес, крај краева да оставиме процесот како во нормална држава сам да се одвива па да си покаже пазарот, едноставно да го планираме пазарот предиктивно, нема да ни успее. Можноста е отворена, па кој сака нема повели да се проба. Никогаш целта на ваквите виртуелни оператори не е да прераснат во некои големи играчи паралелно со класични оператори, но сериозно придонесуваат со квалитетот и цените на услугите.

http://en.wikipedia.org/wiki/Mobile_virtual_network_operator

Еве и листа.
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_mobile_network_operators_of_Europe
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 13-Nov-2010 at 00:23


Можда не бев доволно прецизен на што алудирам.

Може ли да објасниш кои се тие прашања, каде не е битен пазарот визави бројот на потрошувачи/големина на држава, како сакаш, иако логично, поголемите држави имаат поголем број на население, па со тоа претставуваат и поголем пазар, со тоа се поинтересни за инвестици, иако на тоа влијаат и други фактори, логично претпоставуваат и поголема куповна моќ, но не мора да значи.

Но те молам информирај ме, како тоа за пазарот нема врска големината на државата/бројноста на населението, фактори што ја одредуваат големината на пазарот (како што реков и куповната моќ игра улога и уште пар фактори).

Без оглед дали се работи за препродавање или дистрибуција, тој производ/услуга некаде треба да заврши, некој да го користи, за тоа да плати и од тоа некој да профитира.

Колку треба да произведеш и продадеш за да профитираш, т.е. колкав редовен минимум број на купувачи ти се потребни на определен временски период, да речеме месечно, за да 1. можеш да ги покриеш трошоците (па биле и минимални), 2. за да оствариш профит, 3. За да се пробиеш на пазарот, зголемиш удел, постанеш лидер.


Originally posted by lslcrew


Пазарот по некои прашања нема врска големината на државата и со бројноста на населението.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.