build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 01-Dec-2009 at 10:16
незнам зошто влеговте во филм дека FTTH е непотребен? Streaming HD, симетрични линкови, поголем проток и што уште не. За час ќе се пополни bandwith-от.

A lsl и за пенетрацијата не си во право, веќе поминавме 50% со понатмошна тенденција на раст. Ако на некое поле бележиме одличен развој особено кога ќе се земе во предвид во која состојба ни е земјата тоа се телеком услугите а посебно интернетот.

Е сега уште да научиме да го користиме за попаметни работи од фејсбук и кајгана останува
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 01-Dec-2009 at 20:24
Доколку некој го интересира, сеуште неофицијално... но од внатрешен извор.

http://hotfile.com/dl/19203302/4943152/Optic_Paketi.ppt.html
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 01-Dec-2009 at 23:54


Фала The Man Thumbs%20Up Изгледа супер за од прилика истата цена како сега би имал симетричен DL/UL, 40Mbit линк и 300ГБ лимит... Дополнително по пробивање на лимитот трансферот нема да паѓа на мизерните 64/64 туку на 1Mbit.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 02-Dec-2009 at 05:35

добро едно хакерско прашање дали можам да се закачам на оптичко влакно само преку допир на дрго оптичко влакно или мора да има сплитер кој би го дел сигналот? незнам дали ќе дозволуваат рутер од т-хоум но и да дозволуваат прашање е со колку излези истиот би смеел да биде, прашувам од аспект дали може цела зграда од мене да влече без за тоа од телеком да знаат? да не ме сватите погрешно муабетот ми е колку може директно некој да ми се закачи на линкот, со оглед дека оптичкиве влакна се толку незабележителни што комотно можеш и со боја да ги прекриеш...

инаку брзиниве боли глава! реално што мислите би можел некој во иднина да им парира на телеком? може ова кабловскиве да пуштат нешто абер!? 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 02-Dec-2009 at 06:10
Макс Оптиката е многу деликатна работа, и врзување влакно со влакно се граничи со хирургија. Опремата кошта околу 30-тина илјади евра и ретко која фирма може да си ја дозволи. Незнам како го замислуваш тоа "да влечеш"?! Не е ова бандера за струја па диво приклучени! Обично влакната се од крај до крај, односно од централа до модем со оптички интерфејс. Е сега на тој модем колку луѓе ќе се закачите мање више не е битно зависи од политиката на операторот. А ако е само една IP по модем, ондак рутер е решение па колку луѓе сакате делете го. Т Хоум неможе ништо да има против ова, ниту смее да има, ако сакаш провајдер отвори у маало.

Обично влакната се групирани во снопови, тие снопови во поголеми снопови, па кога треба некаде на среде сноп да се закачи корисник се зема едно влакно, а останиот дел од влакното понатаму останува т.н. Dark Fiber и може у иднина да се искористи. Ако ова ти беше дел од забуната.

А немој да стравуваш неможе никој туку така да ти се убаци. LOL

Ај ако можеш објасни ми што значи она "со допир". Како мислиш дека би се допреле влакнава. Они се како долги цефчиња, не се некои проѕирни рибарски конци. Значи сплитери се користат, ама обично тие се со еден влез два излеза (со излезни моќност 99% и 1%) и најчесто се користат како монитроинг на линк или слично. Ретко, никогаш за влечење информација. за влечење информација од среде влакно треба сложени декодирања поради милијарда пати прекодирата информација и уште милијрада испреплетени други линкови и пакети.


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 02-Dec-2009 at 07:12

аха значи неможе со лезет кој било да ми се закачи на мојто влакно мислев на она како што влечат на диво кабловска или струја, нормално и во случајов би требало да се подисече изолацијата на каблето и на тоа човек да се закачи, но дали и колку е тоа возможно тоа незнам, инаку влакното како влакно и не е баш скапо мислам беше пола евро еден метар влакно, е сега колку мора да биде сноп или можам да влечам пакети само преку едно влакно тоа незнам   

а за сигурноста и баш не е толку безбедна оптикава колку што ја прават, нормално за еское шише има капаче... http://searchsecurity.techtarget.com/news/article/0,289142,sid14_gci1230106,00.html

http://quacckk.blogspot.com/2007/09/sniffing-fiber-optics.html

...While doing my job, I learned that fiber optic cables from the secret room were tapping into the Worldnet circuits by splitting off a portion of the light signal... http://www.askapache.com/security/sniffing-on-ethernet-undetected.html

во секој случај професионалец лесно би се закачил и на оптички линк, а за тоа никој да нема абер

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 02-Dec-2009 at 09:29
Originally posted by Max

а за сигурноста и баш не е толку безбедна оптикава колку што ја прават, нормално за еское шише има капаче... http://searchsecurity.techtarget.com/news/article/0,289142,sid14_gci1230106,00.html

http://quacckk.blogspot.com/2007/09/sniffing-fiber-optics.html

...While doing my job, I learned that fiber optic cables from the secret room were tapping into the Worldnet circuits by splitting off a portion of the light signal... http://www.askapache.com/security/sniffing-on-ethernet-undetected.html

во секој случај професионалец лесно би се закачил и на оптички линк, а за тоа никој да нема абер

 
Мах, дека професионалец лесно би се закачил на твоето влакно и би ги снифал-душкал твоите податоци е научна фантастика. Како прво, ти нема да добиеш влакно до дома само за тебе туку вероватно на ниво на зграда, па од тамо понатака низ бакар сигналот ќе се дели до секој корисник. Инаку сулудно е да размислуваме дека кај секого дома ќе има оптички рутери кои се преку 1000 еур. Како второ многу полесно за снифање е бакарот, кој до сега се користи отколку оптиката, каде што како што ти кажа ЛСЛ нема никаква загуба на сигналот, едноставно бидејќи информацијата која се пренесува е во вид на светлина која се прекршува. Во секој случај рачунај дека низ едно влакно би поминувале и по неколку гигабити во секунда кои нема да бидат само твои и нема да бидат само за интернет туку и за ХД ТВ, говор, останати услуги. А за наставување на оптички кабли, треба посебна апаратура и огромно познавање, и тоа нема да може тек така било кој да го прави како што е случајот со ФТП/УТП каблите.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 02-Dec-2009 at 09:57

Урбан сепак линкот http://blogs.techrepublic.com.com/security/?p=222 укажува дека е просто како боза само треба малку простор и ситно опрема, за распределбата чисто ме интересираше дали и како може да се направи, но и не е толку за влечењето тука за безбедноста, инаку ете не може со лепенка од влакно да се премости кабелот но може со направа-лепенка... значи не е научна фантастика!



Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 02-Dec-2009 at 13:52
Мах, ако внимателно прочита тоа што го цитираш, ќе увидиш дека и самиот автор го споредува снифањето на оптиката со бакарот. Што значи дека ако до сега си се чувствувал безбеден со бакарот, не гледам зошто би се возбудувал околу оптиката. Но и покрај тоа биди сигурен дека и да го снифа некој твојот сообраќај, ќе му треба дебело одкодирање за да ги добие податоците во некој корисен формат што би можел да го злоупотеби. Доколку пак се работи за било каква енкрипција, би му биле потребни суперкомпјутери од NSA да ги енкодира твоите податоци. Затоа не се секирај, безбеден си никој нема да се замара да те снифа.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 02-Dec-2009 at 15:27
FTTH е лесен за имплементација во згради. Голем дел од населението во Скопје и општо, во Македонија не живее во згради. Населбите со претежно „зградарско население“ би можеле да добијат буквално оптика до домот. Нереално е да помислиме дека Телеком ќе донесе оптички влакна до секој дом што ќе посака нивна услуга. Најверојатно ќе има т.н. cabinets кои ќе опслужуваат домови во одреден радиус (не можам да се сетам на соодветен македонски збор за cabinets) до кои што ќе бидат донесени оптички кабли, а потоа т.н. last mile delivery ќе биде извршен преку веќе постоечките бакарни жици, преку VDSL2. Тогаш би сакал некој да ги тужи за погрешен маркетинг. Smile Се надевам дека грешам и дека Телеком ќе се одлучат бакарните жици комплетно да ги исфрлат од употреба.
Сега поважно е да дознаеме во кои области од Скопје би можело да се порачаат пакетите. Стравувам дека 1/5 од Скопје е „покриено“, дури ни толку.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 02-Dec-2009 at 15:38
Јас не ги познавам цените за оптички модеми и колку би коштало секој дома да имаме по еден таков. Она цена од отприлика 1000 евра ми изгледа преголема. (Да не се работи за класични рутери само со оптички интерфејци со една надворешна оптичка порта и неколку внатрешни?!) Ама здрава логика укажува на тоа дека едно влакно по корисник е многу.

А и цениве и не се баша така нешто ниски. За домашни услови цени од 2000-3000 за интернет не баш за наш домашен просек. Нормално и овие цени ќе паѓаат,а и дополнително ќе ги спуштат цените на другите типови интернет што се нудат до сега.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 02-Dec-2009 at 15:59
Сега се распрашав како тоа функционира во Словенија и ми кажаа дека секој до дома добива по едно влакно и swith со еден оптички влез и УТП излез. Понатака УТП-то го штекаш во стандарден рутер. Тој swith  кај нив го давал бесплатно провајдерот.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 02-Dec-2009 at 20:58
Originally posted by UrbanFreak

Сега се распрашав како тоа функционира во Словенија и ми кажаа дека секој до дома добива по едно влакно и swith со еден оптички влез и УТП излез. Понатака УТП-то го штекаш во стандарден рутер. Тој swith  кај нив го давал бесплатно провајдерот.


Кој го интересира, пакетите се тука: http://www.t-2.net/?AUID=4CB68010D3742F031562



Ах... убавини.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 04-Dec-2009 at 19:48

Со T-Home поврзете се на интернет со брзина на светлината!

04.12.2009

Македонски Телеком и официјално започна да ги поврзува домовите со оптика. Отсега, оптиката која е најнапредна технологија во светот за широкопојасен интернет пристап и за телекомуникациски услуги воопшто, е достапна и за македонските граѓани.

Продуктно портфолио на MaxADSL, Call & Surf и 3 Max, на T-Home, сега функционира преку оптика под името Max Optic, во областите поврзани со оптичка мрежа. Со Max Optic, корисниците добиваат единствена привелегија да уживаат во поволностите на технологија на иднината, која овозможува пренос на повеќе податоци, преку поголеми растојанија на посигурен начин. Технологијата оптика до домот практично не застарува и има скоро неограничени можности. Веќе се направени тестови во кои низ едно оптичко влакно е остварен проток од 14 тера бита во секунда. Доволно да помине целиот интернет сообраќај на Македонија помножен со 1.000!

За приватните корисници, во зависност од потребите и барањата, T-Home креираше неколку пакети, и тоа: Max Оptic (со интернет), Call & Surf Оptic (со интернет и телефонија), и 3 Max Optic (со интернет, телефонија и телевизија). На деловните корисници им се достапни пакетите Max Оptic Pro (со интернет) и Office Complete Оptic (со интернет и телефонија). Со Optic пакетите на T-Home, може да преземате содржини 5 пати побрзо или пак да испраќате содржини 40 пати побрзо отколку со друг интернет пакет!

Со оптика до домот, корисниците добиваат огромни и симетрични интернет брзини и до 50 Mbps, стабилна интернет врска, можност за гледање на повеќе ТВ програми со висока резолуција во исто време, истовремено сурфање на интернет и разговарање на повеќе телефонски линии. Поврзувањето со оптика овозможува превземање или испраќате филмови, музика, слики и други содржини, гледање филмови, видео клипови или видео стримови (YouTube), слушање музика и интернет радио, дружење преку друштвени веб сајтови (Facebook, LinkedIn, MySpace), допишување со пријателите преку “chat” апликации и електронска пошта (MSN, Hotmail, Yahoo) итн.

За проектот оптика до домот, Македонски Телеком инвестираше неколку милиони евра. На почеток, оптиката е достапна во неколку реони во Скопје и тоа кај Градски ѕид, Капиштец, Карпош и Педагошка. Компанијата постојано работи и продолжува со проширување на мрежата. Така, од 2010 година од примарно значење е нејзиното проширување во повеќе реони во Скопје, но и во уште неколку големи градови во Македонија: Тетово, Куманово, Охрид, Битола и други.

За повеќе информации проверете на www.t-home.mk.


Извор: http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=747

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 04-Dec-2009 at 22:59


Фала за инфото The Man. Според она што го гледам фактички во регионите каде имаат покриено со оптика ги стимулираат луѓето да прејдат на новите пакети бидејќи цените се фактички идентични а можностите далеку поголеми. Браво за T-Home во секој случај
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 05-Dec-2009 at 10:00
Се надевам дека сега ќе ги намалат цените на веќе постоечките пакети, сеуште цените се превисоки за доста домаќинства. Разочаран сум и од моменталната покриеност. Зарем за година и пол работа успеаа само толку мал дел од градот да покријат? Секако целиов процес е за поздравување, барем во овие реони ја закопаа конкуренцијата во земја.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 05-Dec-2009 at 18:14
Јас пак мислам дека цените се коректни за она што се добива. Можеби постои можност за намалување до околу 20% во иднина но не повеќе. Евентуално може да се очекува во рамките на овие цени да влезе и мобилна телефонија во блиска иднина од кога ќе се спојат Т-Мобиле и Т-Хоме (и онака мора да му одговорат побрзо на Оне кој ја нуди оваа услуга).

Во врска со покриеноста јас не ни очекував повеќе, но битно е дека се почна со оваа работа.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 06-Dec-2009 at 10:23
Originally posted by pbanks

Јас пак мислам дека цените се коректни за она што се добива. Можеби постои можност за намалување до околу 20% во иднина но не повеќе. Евентуално може да се очекува во рамките на овие цени да влезе и мобилна телефонија во блиска иднина од кога ќе се спојат Т-Мобиле и Т-Хоме (и онака мора да му одговорат побрзо на Оне кој ја нуди оваа услуга).

Во врска со покриеноста јас не ни очекував повеќе, но битно е дека се почна со оваа работа.


Мислам дека не се разбравме околу работата со цените. Кога зборував за намалувања, мислев на веќе „старите“ пакети. Или пак се разбравме, ама не се согласуваме со мислењата. И јас исто така мислам дека по интеграцијата на T-Home и T-Mobile можеме да очекуваме и бесплатни повици со одредено времетраење од фиксната кон мобилната телефонија. Честитки за оние кои можат да ги добијат сегашниве нови пакети на услуги. Навистина се best buy во моментов.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 06-Dec-2009 at 13:08


Ако тргнам по некоја моја пазарна логика... Разликата во цената меѓу старите и новите пакети треба да е барем 40-50% за да некој се одлучи за поефтиниот (со оглед на разлика во перформанси).

Тоа значи дека моментално најјакиот 3Макс пакет ќе треба да го даваат за некои 1500 денари (колку што чини најјакиот АДСЛ во моментов) а цените на другите пакети треба да станат маргинални. Затоа мислам дека тоа е невозможно, бидејќи инстант ќе им го намали маневарскиот простор за понатамошни намалувања (нешто што веројатно ќе мора да дојде со оглед на растот на конкуренцијата), за попусти итн.

Затоа претпоставувам дека идентичните цени се всушност потстрек секаде каде што има оптика граѓаните да се префрлат на нејзе без дилема и да ги баталат старите технологии. Верувам дека ова им е од особен интерес на телеком бидејќи проточноста на оптикава ќе им овозможи да воведат со тек на време еден тон други сервиси од кои ќе може да печалат пати.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 09-Dec-2009 at 23:26
И еве го муабетот од пред 2-3 поста


Мобилна, фиксна и интернет заедно


Компанијата за мобилна телефонија Т-Мобиле и фиксниот и интернет оператор Т-Хоме промовираа заедничка понуда Семејство плусс преку која нудат мобилна и фиксна телефонија и АДСЛ интернет. На една заедничка месечна претплата корисниците можат да вклучат до шест мобилни линии, една фиксна линија и АДСЛ интернет и ќе можат да зборуваат од мобилен на фиксен и обратно по цена од 0 денари за минута, а по три денари ќе плаќаат за воспоставување повик. Станува збор за понуда за македонските семејства кои први од сите корисници на Групацијата на Дојче Телеком ја имаат можноста да ја користат. На тој начин, како што истакнаа Мајкл Лоренс, главниот извршен директор и Габор Алтман, главен директор за маркетинг и продажба на Т-Мобиле, со новиот пакет услуги корисниците заштедуваат, бидејќи за помал износ на претплатата, во еден пакет добиваат мобилна, фиксна телефонија и супер брз АДСЛ интернет. А, целокупната месечна претплата се користи за сообраќај, односно за мобилни и фиксни телефонски разговори.

Целокупната месечна претплата се користи за сообраќај. На располагање се три пакети, од 1.300 денари, 1.800 и 2.400 денари месечно. Во промотивниот период корисникот добива бежични рутер и фиксен телефонски апарат Панасоник, како и мобилни телефони за секоја линија во пакетот согласно актуелната понуда на Т-Мобиле. Така, за месечна претплата од 1.300 денари се добива по две пост-пејд и при-пејд мобилни линии, една фиксна и АДСЛ интернет, за 1.800 денари: четири пост-пејд и две при-пејд мобилни линии, една фиксна и АДСЛ интерент, а за 2.400 денари: шест пост-пејд и две при-пејд мобилни, како и една фиксна линија и АДСЛ интернет. Тарифите на телефонските разговорите се намалени и до 25 отсто во однос на постојните, во зависност од кој пакет со која претплата е избран. За новата услуга, корисниците склучуваат договор со Т-Мобиле на две години, и на една фактура ќе добиваат извештај за сите три типови сообраќај. Новиот пакет може да го користат сите нови, но и постојни корисници на мобилната и фиксната телефонија.

Лоренс не сакаше да коментира дали заедничката понуда со Т- Хоме значи спојување на мобилниот и фиксниот оператор.
-Спојувањето е одлука на акционерите која не би требало да ја коментирам. Факт е дека мобилниот и фиксниот бизнис во земјите во кои е присутен Дојче Телеком се повеќе се спојуваат. Секој од нас има или при-пејд или пост-пејд мобилни услуги или пак, користи интернет. Заедно со Т- Хоме ја разгледавме можноста за спојување на овие две работи и обезбедување добра услуга за пониска претплата - рече Лоренс.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2710E2DD76417548A9263A4D1530EA93

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.