build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Jan-2008 at 23:26

Да се надеваме дека ова полека ќе воведе повискои стандарди во телекомунаикацискиот сектор и ќе биде сериозна конкуренција на Телеком.

УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЗА СТАРТ НА WIMAX


Nexkom и Cosmotelco се подготвени


Двата национални Wimax оператори во земјава - грчката компанија Cosmotelco и фирмата Nexkom Македонија имаат уште две недели да почнат на граѓаните да им ја нудат оваа услуга. И од двете компании вчера изјавија дека подготовките им се при крај и оти навреме ќе стартуваат со работа и тоа најпрво на териоријата на Скопје. Ако до 23 овој месец не почнат со работа, од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) велат дека ќе им ги одземат дозволите за работа. Wimax технологијата е хит во светот бидејќи овозможува безжичен и брз пренос на податоци (слика, говор, звук).
Од Nexkom вчера информираа дека интензивно работат на поставување на сопствена мрежа.

- Првите базни станици ги поставивме во Скопје и таму до крајот на јануари ќе почнеме со нудење на услугите. На почетокот тоа ќе биде на одреден број корисници, а потоа ќе биде покриен цел град. Паралелно ќе поставуваме базни станици и во другите градови. Очекуваме до јуни да ги опфатиме сите градови. Со оваа технологија ќе нудиме телефонски разговори и интернет без користење на класичните кабли, дури и на тешко достапни места - истакнуваат од Nexkom.

И од грчки Cosmotelco велат дека се при крај со подготовките за почеток на работењето. Оваа компанија целосно го има покриено Скопје со базни станици и 60 проценти од територијата на Македонија.
При потпишувањето на договорите со АЕК, од двете компании најавија дека во развој на Wimax мрежата ќе вложат значителни инвестиции - од Nexkom 10 милиони евра, а од Cosmotelco многу повеќе.

Очекувањата на Владата од работата на Wimax операторите (два национални и 18 регионални) се големи бидејќи треба да станат вистинска конкуренција на Македонски телекомуникации во делот на интернетот и фиксната телефонија. Wimax технологијата, дефинирана како Worldwide Interperability for Microwave Access или широкопојасен фиксен безжичен пристап, работи по принципот на базни станици како кај мобилната телефонија и затоа може да се пружа и на непристапни терени.

Оваа технологија функционира со пониски трошоци во споредба на жичаната врска со оптички кабли или бакарни жици како што користи Телеком при нудењето интернет пристап или фиксна телефонија. Услугите на Wimax фиксниот пристап корисниците ќе ги користат преку уред во својот дом кој ќе ги прима преку базните станици на операторот. На тој начин, операторите можат да покријат поголеми територии со само неколку базни станици, а корисниците да добиваат квалитетна слика. Поради тоа што Wimax технологијата е доста поевтина од класичното поставување на кабли, остануваат поголеми маржи за операторите, а тоа ќе резултира со пониска крајна цена на услугата. Според мислење на експертите, тоа ќе предизвика и конкуренцијата да почне да размислува за менување на ценовната политика во интернет услугите и фиксните разговори, односно нивно намалување.

Телеком досега се обидуваше да ја опструира конкуренцијата во фиксната телефонија затоа што сите оние што пробаа на овој пазар беа зависни од неговата мрежа, односно од цените што ги диктираше преку интерконекциските договори. Со Wimax технологијата тоа нема да биде случај бидејќи станува збор за сосема независна мрежа од онаа на Телекомот.

http://vecer.com.mk 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Jan-2008 at 16:13
Cheers


Космофон ја доби лиценцата за 3G технологија

Космофон е компанијата која ќе ги користи радиофреквециите за обезбедување на јавните мобилни комуникациски мрежи и услуги од 3G технологијата.

“Согласно тендерот тие треба да уплатат 10 милиони и 500 илјади евра до 10 февруари, а одобрението ќе им биде издадено следниот ден“ рече Софче Јовановска, пртседателка на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Одобрението се издава во рок од 10 години со можност за продолжување во зависност на Законот за електронски комуникации. Првичниот надомест за давање на одобрение за фрекфенцијата е 10 милиони евра. Критериумите за најповолен понудувач беа висината на еднократниот надомест за добивање одобрение, цените на големопродажните услуги и цените за услуги на граѓаните.

Брзиот интернет, транферот на податоци со поголема брзина, пристап до мултимедијални содржини, видеотелефонијата и телевизијата се дел од услугите што ги нуди оваа технологија.



Извор: Нетпрес


Edited by pbanks - 25-Jan-2008 at 16:14
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Jan-2008 at 16:25
Супер работа е 3G, ова е добра вест, мислев никогаш нема да стигне кај нас. Телекомуникацииве прават напредок кај нас - 3 мобилен оператор, втор фиксен оператор се спрема Нетком беше мислам,  VOIP телефонија, 3G. Cheers
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 25-Jan-2008 at 20:13
Мене ми е ова ОК... цените стварно треба да претрпат уште само мала корекција која не е ургентна. Но перформансите треба да се зголемуваат.

Операторите ќе се фокусираат на поквалитетен интернет

Александар Момировски  
25.01.2008 19:34

До поголем број корисници, но не со цена туку со брзина и квалитет. Интернет операторите во земјава веќе нема да ги намалуваат цените за приклучок на он лајн мрежата. Велат, тарифите се евтини, време е да се фокусираат на поквалитетни услуги.

Македонија ја напушти непопуларната група држави со најскап интернет.

„Пред две години бевме меѓу последните во Европа, денеска сме во добрата средина и тоа како тренд и понатаму расте. Мислам дека сето тоа се должи на зголемен квалитет, големи брзини на интернет над 1 мегабит со доволна количина, а секако и цената. Цената драматично се намали“, изјави Предраг Чемерикиќ, „Он нет“.

Според податоците на компаниите, цените на пакетите во Македонија варираат од 400, па се до 1.500 денари за 24 часови месечно на интернет мрежата. „Он нет“ нуди пакет и за само 99 денари.

„Мактел“ експанзијата во оваа сфера ја турка со АДСЛ и макс АДСЛ пакетите. Граѓаните најмногу се одлучуваат на средната опција, која значи 1.000 денари за брз интернет.

„Во иднина не планираме да одиме во насока на намалување на цените, туку во насока на зголемување на протоците за нашите корисници, бидејќи 15-ина евра е прилично конкурентна цена. Ние се стремиме за таа цена да обезбедиме протоци од 10, 20 мегабити“, рече Горан Поповски, „Кејблтел“.

Кабелските оператори, „Телеком“ и „Он нет“ делат по 30% од интернет пазарот. Македонија во последните две години се тргна и од групата држави со најмал број корисници во светот. Според статистиките, во првиот квартал лани 16% од домаќинствата инсталирале интернет.

Во Европа просекот е 22%. Статистиките во земјава се добри и во финансискиот сектор, каде интернет користат 91% од компаниите. Интернет пристап лани имале и сите субјекти во јавниот сектор.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88949
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-Jan-2008 at 21:38
Еве јас ќе споделам мое искуство со кабелскиот оператор Кејблтел. Пред да биде Кејблтел бев приклучен на кабелски интернет оператор Зора. Плаќав 1.500 денари месечно за 4 GB, со 256кбпс брзина. После овие 4 гига брзината се намалуваше. Пред неколку месеци се префрлив на нова понуда која ја воведе Кејблтел по купувањето на Зора заедно со уште десетина други оператори. Сега плаќам 900 денари за 10 гига со 512кбпс брзина. За секои наредни 50 гига плаќам 10 денари (не сум баш сигурен за ова пошто сеуште не сум стигнал да ги надминам 10те гига). Иако може да се поработи на брзината, цената ептен ми одговара.  Thumbs%20Up


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Jan-2008 at 13:19
Мојот пакет:
Cabletel EXTRA  : 1536 кб/с, 2 ГB со 10 денари доплата на 50 мв (ова е проверено) 450 ден + ДДВ            

.    


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Jan-2008 at 13:28
Мојот мислам дека се викаше Cabletel HOME. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Jan-2008 at 14:27
АДСЛ 100ГБ лимит 2мбит врска... 1600ден сосе ДДВ... јас сум задоволен од цената но очекувам во тие рамки во скоро време да се зголеми брзината. А лимитот да се укине во догледно време.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Jan-2008 at 17:00
Водиш сега за сега Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Jan-2008 at 17:09





Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Jan-2008 at 17:11
А да, заборавив...  Eviltounge @ сите

LOL
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 26-Jan-2008 at 17:13
Eeek  
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-Jan-2008 at 17:27
Ajde ajde, so photoshop ne primame LOLLOL. Seriozno, dobar net imash.


Edited by gotsomekicks - 26-Jan-2008 at 17:28
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 26-Jan-2008 at 17:32
Originally posted by gotsomekicks

Ajde ajde, so photoshop ne primame LOLLOL. Seriozno, dobar net imash.



Епа тоа се директни линкови од мерачот бе, не се слики... Ај сеа криво ти е знам  Eviltounge Eviltounge Eviltounge

LOL LOL LOL
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-Jan-2008 at 17:41
pa ja iam od telekabel ovoj basic so im e so 4mbps i 3gb limit mada ne veruvam deka brzinava im e taa ali aj Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Jan-2008 at 17:50
Па како што гледаш таа е... Е кога ќе надминеш 3 гига, те кинат на пола.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Jan-2008 at 17:52
Abe znae nekoj kako ide Cabletel Profi, sakam da go stavam doma.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Jan-2008 at 17:59
Originally posted by Cloverstack

Па како што гледаш таа е... Е кога ќе надминеш 3 гига, те кинат на пола.


Епа џабе онда дигаш чалам.... Јас имам константна врска до 100ГБ Eviltounge

Плус сум реално 3МБита ама не смеам да зборам околку тоа на јавен форум
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Jan-2008 at 18:14
Да бе да...  Blahblah



А за тоа што ми е 100 денари поевтин интернетот да не ни почнувам! Тука има за кригла скопско у „Лондон“ и плус да ми остане Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-Jan-2008 at 18:18
Originally posted by Cloverstack

Да бе да...  Blahblah



А за тоа што ми е 100 денари поевтин интернетот да не ни почнувам! Тука има за кригла скопско у „Лондон“ и плус да ми остане Big%20smile




Чекај сакаш да кажеш дека на 26 во месецот ти немаш потрошено ни 3ГБ Eeek3???? Или онаа сликата од speedtest.com ја имаш зачувано од порано?


Edited by pbanks - 26-Jan-2008 at 18:18
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.148 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.