build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Jan-2008 at 18:22
абе ја имам 30 поминато више Big%20smile

да тие се од почеток на месецов хаха
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Jan-2008 at 19:11

Да сублимираме, имаме многу подобра интернет понуда од пред година две. Мислам дека цена од 10-20 евра месечно е сосема во ред, но провајдерите мораат да поработат на квалитетот, брзината и да го тргнат конечно лимитот. Ме радуваат WiMax концесиите кои ги доделија и мислам дека баш на ова поле ќе помогнат.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 05-Mar-2008 at 23:36
Знаете ли што бидна со законот за interconnection и number portability. Требаше оддамна да бидат уште ги нема. Порано имаше редовно инфо на www.aec.mk и на www.mtc.gov.mk ама сега во последно време нема.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Mar-2008 at 00:01
Previous и двата се Page Not Found
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Apr-2008 at 12:50
Денеска МТ ќе се ребрендира во Т-Com. Ај ваљда ова ќе донесе квалитет и пониски цени во фиксната телефонија!

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=108801&NrIssue=635&NrSection=10



Македонија

Ребрендирање на „Македонски телекомуникации“

Скопје, 16.04.2008 08:16


Компанијата „Македонски телекомуникации“ денеска ќе го објави своето ребрендирање и влегување на светски познатиот телекомуникациски бренд „Т“ на македонскиот пазар.

За ребрендирањето на конференција за медиуми ќе говорат главниот извршен директор на македонски телекомуникации, Николај Бекерс, претседателот на Одборот на директори на Македонски телекомуникации, Жарко Луковски и потпретседателот за управување со брендот на „Deutche Telekom AG“, Тобиас Шмит./макфакс/




Copyright © MAKFAX 2001-2008


Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 16-Apr-2008 at 18:06
Сега баш читав и се изненадив дека Телеком не се рабрендира во Т-Com туку во T-Home.
 
Телеком“ ќе се ребрендира во „T-Home“
 Александар Момировски Коментари (0)   
16.04.2008 14:10
 
 

Со брендот на „T-Home“ до подобар имиџ и поголем број корисници. „Македонски Телекомуникации“ од следниот месец ќе работат со ново име „Македонски Телеком“.

Со логото и боите на „T-Home“ преземени од германскиот сопственик „Дојче телеком“, ветуваат нови услуги, ребаланс на цените.

„Ќе нудиме различни продукти, еден по друг. Првиот е рамна понуда, што значи претплата со многу прифатлива цена, сите телефонски повици по 7 часот навечер и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената. Потоа ќе нудиме услуги со ВоИП системот, ќе ја развиеме брзината на интернетот, а во последниот квартал од оваа година ќе воведеме и интернет телевизија“, изјави Николај Бекерс, главен извршен директор на Мактел.

Влезот на Мактел во семејството од 150 милиони корисници од 50 држави во светот, за менаџерите од „Дојче Телеком“ е одлична можност за развој на земјава.

„На нашите корисници во Македонија сакаме да им овозможиме пристап до се поголемиот потенцијал на модерните телекомуникациски услуги. Врз основа на заложбите направени од „Македонски Телеком“ и од „Дојче Телеком“ сакаме да играме клучна улога во економскиот просперитет на вашата земја“, вели Тобиас Шмит, директор во „Дојче Телеком“.

Претставниците на Владата во Мактел му посакаа добредојде на брендот „T-Home“. Ветија дека ќе го затворат прашањето за дивиденда, а се најавуваат и поевтини цени за конкурентите кои ја користат мрежата на Телеком за сопствен бизнис. Интерконекцијата ќе поевтини од 1 јуни.

„Ќе постои ребалансирање, ќе постојат нови тарифни модели“, вели Жарко Луковски, претседател на Одборот на директори на Мактел.

Ребрендирањето ќе чини неколку милиони евра. Ќе заврши за еден месец со концерт на градскиот плоштад во Скопје. Граѓаните ќе ги забавува англиската музичка група Шугабејбс.

 
Сурфајќи малку на Гугл најдов дека Т-Home  е уствари пакет на Т-Com  кој нуди 3 услуги преку една линија: Телефон, брз широкопојанс ДСЛ (до 50Mbps) и ДСЛ телевизија. 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Apr-2008 at 19:57
Okey e se toa, ali me iritira ovaa potreba da se rebrendira se shto go ima zborot "makedonsko" vo imeto. Sho se zanesuvaat, nebare T-Home kje im donese mnogu novi korisnici. 
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Apr-2008 at 20:01
Си го промовираат своето име. Сакале или нејќеле ние на нив им го продадовме телеком и сега они си имаат право како сакаат да си го преименуваат. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 16-Apr-2008 at 20:58
@UrbanFreak T-Home е новиот бренд кој ќе се имплементира во цела Европа. Ни во Германија веќе не постои T-Com туку T-Home. Пребарај t-com.de на интернет ќе видиш што ќе врати. Затоа всушност и се стопираше ребрендирањето во Македонски телеком   >> Т-Com кое требаше да се случи за кратко време после T-Mobile. Тогаш се реши да се воведе Т-Home за сите фиксни оператори на Deutsche Telekom.

@Gotsomekicks ова не е хајка против името Македонски телекомуникации туку едноставно зацврстување на позицијата на еден од најголемите пан европски оператори. Не случајно е одбрано неутрално име како Т-Нешто, баш поради амбицијата да се шират по Европа. Инаку сите ќе ги крстеа Deutsche Telekom.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Apr-2008 at 01:14
Мене ми изгледа дека кога има некој тендер (конкурс) за мобилен или фиксен оператор низ европа, тогаш и од политички кругови се притиска кон еден (кон "Т") токму поради тоа што ЕУ иде кон тоа да ги обедини сите телефонски мрежи кон една (под еден позивен број). Изгледа Т ќе биде првиот оператор кој ше работи на територија на цела ЕУ.

п.с. Мене така ми изгледа, па сега...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-Apr-2008 at 12:32
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2249BED04C35044EA9C5DC9A426F3AB0

ВИП и „Телесмарт“ ќе го користат оптичкиот кабел на МЖ

Мобилниот оператор ВИП и фирмата „Телесмарт“ од Скопје ќе го користат фибер-оптичкиот кабел на јавното претпријатие „Македонски железници“. Двете фирми биле избрани на тендер, а за користењето на кабелот, на МЖ ќе плаќаат по 3.000 денари за еден километар месечно. Во железници велат дека идејата е комуникацискиот пазар да стане поконкурентен и да се намалат цените за Интернетот, мобилната и фиксната телефонија и другите комуникациски услуги.

Се очекува во текот на идниот месец да се прецизираат деталите во договорите со ВИП и „Телесмарт“, по што ќе биде познато колку време ќе ги користат конекциите. Според условите во тендерот, издавањето на оптичкиот кабел може да биде од 2 до 10 години.

Засега, фирмите ќе го користат веќе поставениот оптички кабел од границата со Србија до Велес и рингот околу Скопје, а во иднина кабел ќе биде поставен и долж Коридорот 10, до границата со Грција. На првиот тендер се издадени само два пара оптички влакна, од вкупно 15 пара. Пет од нив ќе користат МЖ за сигнализацијата и безбедносните системи во железничкиот сообраќај, а другите се наменети за други државни институции од областа на здравството, образованието и други.

Во иднина, најавуваат од железници, ќе бидат организирани и други јавни наддавања на кои на заинтересирани фирми ќе им бидат понудени и другите 8 конекции. Вкупната должина на поставениот кабел во моментов изнесува околу 120 километри, а до завршувањето на целиот потег, до крајот на годинава, ќе има вкупни 220 километри.

„Ова е можност за либерализација на пазарот на комуникациски услуги, особено за намалување на цената на Интернет-конекцијата со вклучување на поголем број фирми кои нудат ваков вид услуги, од што практично најголем бенефит ќе имаат граѓаните“, истакна директорот на јавното претпријатие „Македонски железници“, Никола Димитровски, кој најави во иднина поставување оптички кабел и по должината на Коридорот 8 и поврзување со Албанија и Косово. (С.Н.)

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-May-2008 at 23:44
Еве до некаде поконкретни најави што ќе ни донесе T-Home Cheers

„Македонски телекомуникации“ стана „Македонски телеком“

„Македонски телекомуникации“ од почетокот на овој месец почна да работи под новото име „Македонски телеком“. Со воведувањето на брендот на „Т-хоум“, преземен од германскиот сопственик „Дојче телеком“, се најавуваат и нови услуги и ребаланс на цените.

Меѓу новите пакети услуги се рамна понуда, што значи претплата со многу прифатлива цена, сите телефонски повици по 19 часот и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената. Наедно се најавуваат услуги со Воип-системот, развивање брзина на Итернетот, а на крајот од оваа година се очекува и воведување Интернет-телевизија.

Поевтинување на интерконекцијата се очекува од 1 јуни. (А.С.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0621884DB3C4C545B866DB58C9A3BC8D
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-May-2008 at 01:02
"сите телефонски повици по 19 часот и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената"

значи 24 саати бесплатни повици а!

Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 02-May-2008 at 09:15
hahahahahhahahahhahahhahahahah utnale neso izglea
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 02-May-2008 at 12:32
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 02-May-2008 at 12:57
Доколку се случи ова дојче практички станува монопол.....би имал преку 70% од пазарот (мислам дека тоа е границата барем во ЕУ) а тоа не е добро за корисниците.....во таков случај треба дојче да шитне една од двете компании....
 

„Дојче телеком“ докупува акции во „ОТЕ“

Се интензивираат преговорите помеѓу раководството на „Дојче телеком“ и на грчката влада за приватизација на државниот телекомуникациски оператор „ОТЕ“, објави весникот „Импресија“. Предмет на преговорите е купување дополнителни 20 отсто од акциите на „ОТЕ“ од германската компанија, со што таа ќе стане доминантен акционер во грчиот оператор. Весникот, повикувајќи се на извори во грчката влада, пишува дека претстојат жолчни преговори по двете спорни точки: распределбата на местата во Управниот одбор на „ОТЕ“ и изработката на бизнис-планот, во што „Дојче телеком“ не сака да се меша Грција, јави Макфакс.Ако Германците станат доминантни сопственици на „ОТЕ“, ќе се зголеми нивното присуство и на македонскиот телекомуникациски пазар. „Дојче телеком“ во тој случај ќе биде сопственик на два мобилни оператора во земјава, на „Мобимак“ преку унгарски „Матав“, и на „Космофон“ преку „ОТЕ“.

Dnevnik
 
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 02-May-2008 at 18:42
Previous

Ne e bas najdobrata vest za nas....nie sakajki da izbegneme monopol vo mobilnata telefonija, ke ispadne pose nekolku godini dvata najgolemi operatori vo zemjava da bidat na eden ist sopstvenik...Ohno znaci pak bi se vratile na isto deredzeWallbash
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 03-May-2008 at 07:59
Е ТОА НЕМА ДА ИМ ПРОЈДЕ, ПО СИТЕ ЗАКОНИ (отиде Космофон во заборав)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 03-May-2008 at 09:52
ај за пензиското две недели не береа ѓубре сечеа струја штрајкуваја банките автобусите и сè... ама какви само штрајкови правеа од космоте за ова - ја зазедоа цела зграда и ставија германски знамиња о тепаа со полицијата и многу други работи... а то со германското знаме беше многу интересно пошто е противзаконско да го симниш грчкото знаме од јарбол а уште да дигниш друго... кај нас кога така?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 13-May-2008 at 18:26
Аман веќе и со интерконекцијата. Сто години као го „дисциплинираат“ телеком, ама пак се оди во негова корист и во реалноста му се остава непречено да прави ненормални профити со својата де-факто монополска позиција. Додека не се среди интерконекцијата, наводните заложби на надлежните за либерализација се само обична фарса! Корупција до гуша!


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1CE60CF10D0ED84AB3A236E9AF4E4E8D

ПОЧНА ДА РАБОТИ ВТОРИОТ ФИКСЕН ОПЕРАТОР

„Онтел“ понуди поевтина телефонија

Телекомуникацискиот оператор „Онтел“ од вчера почна да нуди услуги во фиксната телефонија со месечна претплата од 990 денари. Во  овој пакет се вклучени 300 бесплатни минути разговор кон броеви на „Македонски телеком“, бесплатен приклучок и неограничени локални разговори во мрежата на „Онтел“.По искористувањето на бесплатните минути кон телекомот, разговорите ќе чинат 0,8 денари за минута. Од „Онтел“ соопштија дека цените на разговорите кон мобилната телефонија ќе бидат пониски за 15 до 20 отсто, а националните и меѓународните разговори ќе бидат поевтини до 60 отсто во споредба со тие на „Македонски телеком“. Минута разговор кон мобилните мрежи ќе чини 8,5 денари, а кон првата зона во странство шест денари. Телеком наплаќа 9,9 денари за мобилни разговори, а 12, 8 денари кон странство. Сите цени се без пресметан ДДВ од 18 отсто. Вториот фиксен оператор бара Агенцијата за електронски комуникации и Комисијата за заштита на конкуренцијата да преземат мерки за регулација на интерконекциските цени за граѓаните да добијат вистинска либерализација на телекомуникацискиот пазар. Силно ќе притискаме тие што поскоро да ги регулираат големопродажбените цени што ги нуди телекомот. Апсурдно е големопродажбените цени да се поголеми од малопродажбените. Со тоа телекомот директно ја спречува конкуренцијата и може да се казни со седум до десет отсто од вкупниот приход бидејќи ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот - вели Предраг Чемерикиќ, директор на „Онтел“.Раководството на „Онтел“ истакна дека свесно почнуваат да работат со загуба, а очекуваат до есенва да се создадат фер услови за работа. Месечната претплата на „Македонски телеком“ е 400 денари. За да ја користиме нивната жица бараат да им плаќаме по 582 денари за корисник. Уште поапсурдно е што телекомот наплаќа по 1.200 денари за инсталација на телефон во нов стан. Кога „Он.нет“ ја бара веќе поставената жица за свој корисник, нам ни наплаќаат 3.500 денари - рече Чемерикиќ.„Онтел“ ќе функционира како посебен бренд во рамките на интернет-провајдерот „Он.нет“, кој од 2006 година е сопственост на групацијата „Телеком Словенија“.Услугите на вториот фиксен оператор на почеток ќе може да ги користат само граѓаните во Скопје. Според Чемерикиќ, високите цени за интерконекција и за пристап до централите на „Македонски телеком“ се пречка за да услугите бидат достапни и во другите градови. Пазарот на фиксната телефонија, иако законски е либерализиран од пред неколку години, во пракса е монополизиран. Граѓаните досега немаа можност да избираат алтернативен оператор.

(М.Б.)

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.