build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 04-Sep-2008 at 16:54

Originally posted by UrbanFreak

Да не ти е Пепи пријател или роднина што вака ги фалишBig%20smile

Далеку од тоа дека имаат најстабилен интернет Он Нет и далеку од тоа дека имаат 40 Gbps линк према Словенија. Сите наши ИСПа заедно немаат ни приближно толку. Можеби е точно е следново: Сопствениците на Оннет Словенси Телеком имаат од Словенија према горе на располагање толкав линк. Колку од тоа понатака они им оставаат на Косовскиот провајдер кој го имаат и ОННЕт е голем прашалник.

абе фалењето оди од лично задоволство, веќе некое време сум на нивниот адсл и работите и летаат и се доста стабилни, инаку веќе он.нет не одат преку мт.нет линковите откако ги презедоа словенците нормално кабелот одма го пуштија од горе па сега директно сме врзани на портот за виена а дека им оставаат цела цевка на нашиве тоа е сигурно, само е спорно дали системот е сеуште оној 40ката или како што вели пепи дека е сега 100, ова го кажа во емисија кај јанко кога со трендо го промовираа он.тел, можеби е само маркетинг но треба да се провери, па од таа стотка една третина да е ослободена за земјава по реципроцитет и тоа би било ептен екстра дали?! 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 04-Sep-2008 at 17:18

11.08.2008 www.telekom.si

Telekom Slovenia Awarded EIB Loans

Today, Telekom Slovenia signed two contracts with the European Investment Bank on the loan of EUR 87 million altogether. The contracts cover two loans of EUR 61 million and EUR 26 million respectively which the bank awarded to Telekom Slovenia for the financing of the project of establishing mobile telephony in Kosovo.

The EUR 61 million loan is insured by a bank guarantee issued by Raiffeisen Zentralbank Oesterreich Ag as agent and Nova Ljubljanska banka, d.d. For the EUR 26 million loan, the EIB did not demand a commercial bank guarantee, it assumed the corporate risks itself on the basis of Telekom Slovenia credit standing.

Т2 вложуваат волку во косово па немало да вложат во 100 Gbit/s порт, туку ако влезат и тука и го купат космо ќе завршат исто доста добра работа и за себе а и за нас...



Edited by beTon - 14-Oct-2008 at 13:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 04-Sep-2008 at 22:09

ВТОРИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ЌЕ СЕ ПРОДАВА


Космофон пикиран од Мобилком и Телеком Словенија


Проценките се дека Космофон вреди околу 300 милиони евра и дека продажбата би завршила за девет до 12 месеци


Мобилниот оператор Космофон ќе се продава откако ќе се официјализира влезот на Дојче Телеком во грчки ОТЕ. Тоа значи дека германската компанија ќе учествува во управувањето во ОТЕ и на тој начин настанува и директно учество, односно контрола и врз Космофон, кој поседува 33 проценти од мобилниот пазар во Македонија. Ваков можен развој на настаните најави Панагис Вурлумис, претседателот на Управниот одбор на ОТЕ. Според него, продажбата на Космофон мора да се случи бидејќи фирма-ќерка на Дојче Телеком во земјава (Т-Мобиле Македонија) контролира околу 55 проценти од пазарот и поради регулативата еден од двата оператора ќе мора да се продаде.

Сепак, Вурлумис најави дека ОТЕ нема да брза со продажбата на Космофон. Прво, влезот на Дојче Телеком во ОТЕ треба да се официјализира откако ќе биде одобрен од ЕК со што германската компанија ќе има управувачко мнозинство во ОТЕ. Тој момент ќе предизвика нов монопол во мобилната телефонија во Македонија што е предмет на анализа на Комисијата за заштита на конкуренцијата која има рок од 90 дена да се произнесе во врска со концентрацијата што ќе настане.

Космофон вреди 300 милиони евра
Извори на ВЕЧЕР велат дека во Космофон веќе се подготвуваат да бидат продадени. Проценките се дека за тоа ќе бидат потребни од девет до 12 месеци. Како потенцијални купувачи се спомнуваат австриски Мобилком кој е газда на операторот ВИП, како и Телеком Словенија. На Мобилком би му одговарало да го купи Космофон кој се проценува дека вреди меѓу 250 и 300 милиони евра бидејќи ќе наследи приближно 650.000 активни телефонски линии, плус фиксна телефонија, вајмакс и 3-Г лиценца со чии услуги од компанијата најавуваат дека ќе стартуваат деновиве. Одличен залак Космофон би бил и за Телеком Словенија. Кога различните телекомуникациски услуги на оваа компанија би се споиле со интернет услугата што ја нуди неговиот Он.нет, би можел да стане вистинска конкуренција на Дојче Телеком на македонскиот пазар.

Дојче рашири чадор на Балканот
Договорот овозможува Дојче телеком да ја купи целата компанија ОТЕ, но со согласност од следните грчки влади. Зделката треба да биде одобрена од парламентот и од Европската комисија за конкуренција. До 2011 година Германците можат да докупат уште 15 отсто. За Дојче Телеком, преземањето на ОТЕ значи пристап до пазари како Бугарија, Романија, Србија и Албанија, проширувајќи ја дејноста во Централна и Источна Европа - од Балтичко до Средоземно Море.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D87EEBB8A854504F976E6B94DD4C3469
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 04-Sep-2008 at 22:18
Ме буни малце тоа како ОТЕ може да биде монопол, а како тоа ако мобилком ако го купи тоа не е монопол, кога веќе ВИП е влезен на пазарот?! Со телеком Словенија ситуацијата е друга. Они се влезени во фиксната телефонија преку он.нет, ама во мобилната сеуште не се влезени. Сепак би сакал да слушнам и некое попознато име додека се распише тендерот.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 09-Sep-2008 at 11:44
 

И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА


Четврти мобилен оператор засега ќе нема


Четврти мобилен оператор засега ќе нема иако пред година и половина наголемо се најавуваше дека во земјава има потреба од проширување на конкуренцијата на овој пазар. Од Министерството за транспорт велат дека постојано го следат развојот на пазарот на електронски комуникации и ако се констатира зголемена побарувачка, ќе се имплементира проектот за воведување на четврти мобилен оператор.
Очигледно е дека желбата за влез на уште еден мобилен оператор полека спласнува откако Вип оператор кој деновиве ќе слави една година успеа да ги спушти цените на услугите во мобилната телефонија и да ја покачи стапката на пенетрација на 106 проценти. Влезот на четврти мобилен оператор остана статус кво", најверојатно и поради јавниот повик што во април минатата година го распиша Агенцијата за електронски комуникации, на кој не конкурираше некој светски бренд иако се пријавија шест компании (две домашни и по една од Германија, Русија, Швајцарија и од Индија).

Размислувањата на експертите за влез на уште еден мобилен оператор се поделени. Едни сметаат дека влез на четврта голема компанија ќе значи енормно намалување на цените на услугите што ги нудат мобилните оператори што е во интерес на корисниците. Искуствата од воведување на трет оператор во европските држави покажале дека цените во мобилната телефонија поевтинуваат околу 15 проценти, а со воведувањето на четврти, тие се снижувале за дополнителни 8 отсто. Таков е случајот во Хрватска каде тамошните телекомуникациски власти на четвртиот мобилен оператор му доделија комбинирана дозвола за втората (2-Г) и третата (3-Г) генерација мобилна телефонија. Во Романија, каде има четири мобилни оператори, се нуди претплата и мобилен телефон за само 10 евра.

Други размислувања одат во насока дека потребите на македонскиот пазар се исполнети и дека на евентуалниот четври мобилен оператор ќе му се исплати само ако работи како виртуелен кој би ја користел мрежата на постојните оператори, а својата понуда да ја насочи кон одредена група корисници. Оваа опција, сметаат експерти, е многу реална бидејќи мрежите на постојните оператори имаат капацитет технички да ги опслужат сите сегашни и идни потреби во Македонија.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 13-Sep-2008 at 09:56
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник

* Министерството објави дека ќе се распише конкурс за да се доделат три фреквенции за третата генерација мобилна телефонија - 3Г. Очекувате ли на конкурсот да се јави нов - четврти мобилен оператор?

- Владата донесе одлука за доделување три одобренија за користење радиофреквенции наменети за 3Г-технологија според претходно утврдени критериуми со почетна висина на еднократниот надоместок за користење радиофреквенции од 10 милиони евра. На овој начин се врши дополнителна либерализација на пазарот на електронски комуникации и се овозможува поголема конкурентност. Исто така, се обезбедуваат пристапни и квалитетни услуги до најсовремените технолошки достигања за граѓаните.Секоја 3Г-лиценца е фактички воведување нов оператор. Радиофреквенциите на 3Г даваат предност затоа што со таа технологија може да се даваат услуги и од фиксна телефонија. „Космофон“ веќе ја искористи оваа технолошка можност. Почна со давање услуги од третата генерација на мобилната телефонија, а работи и како фиксен оператор. Интерес за да развие мобилна мрежа пројави и „Он нет“.Компаниите што ќе бидат избрани согласно со тендерската постапка ќе може да ги обезбедуваат услугите од оваа современа технологија, која паралелно на светските трендови ја воведуваме и во Македонија.

* Со што ги натеравте „Македонски телеком“, „Т- Мобиле“ и „Космофон“ да го прифатат укинувањето на концесиските договори по неколкугодишно натегање?

- Со престанувањето на важноста на договорите за концесија склучени помеѓу Министерството за транспорт и врски и Македонски телекомуникации, „Т-Мобиле“ и „Космофон“ се овозможува еднаква и рамноправна положба на сите оператори на пазарот за електронски комуникации во однос на остварувањето на нивните права и обврски што произлегуваат од Законот за електронските комуникации. Заради обезбедување на правата загарантирани со договорите за концесија, а кои што не се спротивни на одредбите од Законот за електронските комуникации и не ги ставаат во поповолна положба во однос на останатите оператори, со овие измени се овозможува операторите да не и' плаќаат на Агенцијата повисоки надоместоци од оние што им биле гарантирани со договорите за концесија. Исто така, на операторите им се обезбедува континуитет во користењето на радиофреквенциите што им беа доделени со договорите за концесија. Измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации предвидуваат обезбедување ефикасност и објективност во жалбената постапка, односно се обезбедува одлуките на Агенцијата да може да се спроведуваат без непотребно одлагање, а на незадоволната страна и' се гарантира правото на судска заштита. Предложените измени во законот се поздравени и од страна на Европската комисија.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 16-Sep-2008 at 14:53
ОТЕ ја почна продажбата на "Космофон"
Грчкиот оператор ги избра консултантските куќи "НМ Ротчајлд анд санс лимитид" и "ЕФГ телесис фајнанс" да ја подготват продажбата на "Космофон"

Грчката компанија ОТЕ почна со подготовките за продажба на мобилниот оператор во Македонија, "Космофон". Медиуми од Грција вчера јавија дека "Космоте", ќерката-фирма на грчката компанија ОТЕ, избрала два финансиски советника за процесот на продажба на "Космофон". Консултантските куќи "НМ Ротчајлд анд санс лимитид" и "ЕФГ Телесис фајнанс" ќе ја советуваат грчката компанија во продажниот процес.
Во вчерашното издание на грчкиот весник "Та неа", пак, пишува дека "Космофон" ќе биде првата жртва на договорот за стратешко партнерство меѓу грчкиот ОТЕ и "Дојче телеком". Според весникот, во договорот за стратешко партнерство, фирмата-ќерка на ОТЕ во Македонија била исклучена од "трнливите прашања", за кои грчката Влада има право на вето.
"'Дојче телеком' е присутен во Македонија преку својата фирма-ќерка 'Т-Мобиле', факт што го принуди ОТЕ да ја убие својата компанија во Македонија", пишува "Та неа".
Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски, вели дека се уште се во тек обработката и анализата на податоците што им се потребни за да донесат одлука како да се спречи потенцијалниот монопол на македонскиот телекомуникациски пазар.
"Космофон" има лиценци за ГСМ мобилна телефонија, за 3Г мобилна телефонија и за вајмакс безжична телефонија, а веќе на пазарот нуди и безжична фиксна телефонија. Во јавноста веќе се шпекулира дека компанијата ќе се продава топтан со сите лиценци. Се шпекулира и со повеќе имиња на заинтересирани купувачи, меѓу кои и третиот мобилен "Вип оператор", словенечкиот "Телеком", турскиот оператор "Туркчел" и "Теленор", кој е присутен во Србија.
"Дојче телеком" во Македонија управува со "Т-Мобиле Македонија" и со фиксниот оператор "Македонски телеком", а ОТЕ со "Космофон". "Т-Мобиле" и "Космофон", пак, покриваат над 90 насто од пазарот на мобилна телефонија во земјава, а единствената конкуренција е третиот оператор "Вип". (Т.Ј.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157029&idg=8&idb=2475&rubrika=Makedonija
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 17-Sep-2008 at 22:12
Браво за 2be, една од ретките инвестиции кои се реализираат како што се најавени Cheers

2bе влезе на македонскиот пазар


Водечката мрежа на продавници за мобилни во Бугарија - 2bе влезе и на македонскиот пазар. 2bе веќе девет месеци е присутен во земјава и има отворено 19 продавници, а од неодамна почна соработка со Т-Мобиле. Според Станислава Арнаудова, извршен директор на 2bе, од соработката со Т-Мобиле очекуваат обезбедување на најквалитетни телекомуникациски производи и услуги по најповолни цени на пазарот.
- Сакаме да ги направиме мобилните технологии достапни за сите во Македонија. Не случајно ова е првиот странски пазар каде се одлучивме да инвестираме. Гледаме голем потенцијал за развој - рече Арнаудова.

Инвестицијата е над два милиони евра. 2bе ќе вработи над 130 луѓе во првата година од работењето и до крајот на 2008 ќе отвори 25 продавници.
- Сакаме први на пазарот да ги донесеме најновите мобилни телефони, по најниски цени и со атрактивните тарифни модели на Т-Мобиле да ги погодиме специфичните потреби на корисниците. Нашата компанија нема да продава репарирани телефони, како што е случај во Бугарија бидејќи тоа не го дозволува македонската регулатива - изјави Златко Нешовски, генерален директор на 2bе Македонија.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0547BA300105E74899694C48D9AA7178
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 18-Sep-2008 at 08:52
Еве денеска им искочи каталог со весниците. Имаа продавници во

- Скопје (4+1 во најава)
- Куманово
- Битола
- Гостивар
- Тетово
- Струмица
- Штип
- Струга
- Прилеп
- Кавадарци
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 19-Sep-2008 at 13:25
 
 
Вип со 250.000 корисници во првата година

Вип мобилниот оператор успеа да донесе конкуренција на македонскиот пазар и да ги намали цените во мобилната телефонија за повеќе од 50 отсто.

Во развојот на Вип мобилниот оператор се до сега се вложени 50 милиони евра а услугите на Вип ги користат 250.000 корисници.

“Клучот на успехот за се што направивме во оваа година е нашата определба да ги ставиме корисниците на прво место. Заради нив и нивните потреби, за не ограничена квалитетна мобилна комуникација што од првиот ден станавме достапни на целата територија на Македонија. Истовремено интензивно ја градевме сопствената мрежа со која обезбедивме покриеност на населението за 90 отсто во една година“, рече Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор.

Вип оператор за една година има отворено 11 сопствени продавници и 3.000 продажни места ширум Македонија, и најсовремен контакт центар кој работи 24 часа на ден.

Во наредниот период Вил најави дополнителни инвестиции во развојот на мрежата и креирање нови и иновативни услуги за корисниците. Исто така зголемување на мрежата на роаминг партнерство ширум светот.


Автор на веста: Нетпрес

 
 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 21-Sep-2008 at 14:51
лсл веќе спомна дека нема логика да се продаде на вип, освен ако мобилком планираат да го купат космофон па да го шитнат после вип Crazy Big%20smile 
 
ВИП сака да го купи „Космофон“

Раководството смета дека ВИП успеал да донесе вистинска конкуренција и новитети

Раководството на третиот мобилен оператор во земјава ВИП изрази јасна заинтересираност за купување на вториот мобилен оператор „Космофон“, откако од централата на ОТЕ протекоа информации дека тој ќе се продава. Според главниот извршен директор на „Телеком Австрија“, Борис Немшиќ, нивната заинтересираност за купување на конкурентскиот „Космофон“ е едно од логичните решенија.

„Логично е да сме заинтересирана страна, бидејќи ние ја донесовме конкуренцијата во Македонија и сме едно од логичните решенија на тој процес. Трансакцијата меѓу ’Дојче телеком‘ и ОТЕ го менува пазарот во Македонија и треба да се следат тие процеси. Комисијата за заштита на конкурентноста излезе со оцена дека операторите ’Т-мобиле‘ и ’Космофон‘ заедно поседуваат 90 отсто од пазарот во Македонија, што значи монополска позиција, доколку зад нив стои еден ист сопственик“, подвлече Немшиќ.

Мобилниот оператор ВИП ја одбележа првата година од работењето на македонскиот телекомуникациски пазар и е задоволен од постигнатите резултати. Раководството на компанијата смета дека ВИП успеал да донесе вистинска конкуренција и новитети на македонскиот телекомуникациски пазар, како и драстичен пад на цените во мобилната телефонија од 50 отсто. Операторот ВИП досега има околу 250 илјади корисници и покриеност од 90 отсто од населението, а за развојот на компанијата се инвестирани 50 милиони евра, отворени се 11 продавници, 3.000 продажни места и современ контакт-центар. Во компанијата се вработени над 170 лица, од кои над 60 отсто имаат директен контакт со корисниците.

Главниот извршен директор на операторот ВИП, Никола Љушев, е задоволен од првичните резултати на услугата преносливост на броеви. Според него, моментно троцифрена е бројката на корисници кои поднеле барања за префрлање во ВИП-мрежата, а нема ниту едно барање на нивни корисник да премине во друга мрежа.

Операторот ВИП се' уште не знае дали ќе конкурира на новиот тендер за 3Г-технологија. Моментно се проучуваат условите на тендерот и се прави евалуација на неговата профитабилност. „Мислам дека имаме доволен период пред нас од 60 дена во кој сите подготовки ќе ги спроведеме како што треба и соодветно на тоа ќе одговориме на понудите“, најави Љушев. (А.С.)



Utrinski


Edited by pbanks - 21-Sep-2008 at 21:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 21-Sep-2008 at 21:16
Можеби се заинтересирани за инфраструктурата, па после едното место на пазарот да го отстапат на друг нов инвеститор. Сега имаше промена некоја во законот за телекомуникации, и веќе лиценците се укинати. Незнам како правно ќе се реши ова, тука сум збунет, ај ќе почекаме да идиме ваљда Краљевски пази што се дешава

Edited by lslcrew - 21-Sep-2008 at 21:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 23-Sep-2008 at 08:43
„Кејблтел“ воведува фиксна телефонија



Кабелскиот оператор „Кејблтел“ од 1 октомври стартува со уште два нови сервиса, фиксна телефонија и пеј пер вју (плати за да гледаш) или популарно наречено - домашно кино. Во фиксната телефонија на „Кејблтел“ граѓаните ќе можат да одберат повеќе пакети, а разговорите помеѓу корисниците на мрежата на овој оператор ќе бидат целосно бесплатни.
 
Во однос на домашното кино станува збор за понуда на широк спектар филмови од најпознатите филмски куќи, за што на корисникот му е потребен дигитален приемник, кој „Кејблтел“ го нуди бесплатно.
 
- Со воведување на овие нови сервиси „Кејблтел“ конечно ќе стане оператор што нуди трипл плеј-услуги, што подразбира понуда на три разновидни сервиси: телевизија, интернет и телефонија - изјави вчера Џефри Ален Фенш од „Кејблтел“.
 
Поради овие новитети и дополнителните инвестиции од 5,5 милиони евра за модернизација на електронските комуникациски мрежи, од 1 октомври овој оператор ја зголемува месечната претплата за кабелска телевизија за 100 денари и ќе изнесува 450 денари. Од раководството на „Кејблтел“, како што велат, со оглед на услугите што ги нудат, не очекуваат дека ова зголемување ќе доведе до одлив на нивните корисници.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=190&ArticleID=7673

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 02-Oct-2008 at 08:22

Се' поизвесна продажбата на „Космофон“

Се очекува „Дојче телеком“ за десетина дена да го прими решението за продажба на „Космофон“

Станува извесно дека вториот мобилен оператор „Космофон“ ќе се продава. Ова е препораката што ја дава Комисијата за заштита на конкуренцијата, како начин да се избегнат нови прегрупирања во телекомуникацискиот пазар и концентрацијата на моќ, која „Дојче телеком“ ја стекна со купувањето на ОТЕ, сопственикот на „Космофон“. Првиот човек на антимонополската управа, Чедомир Кралевски, вели дека одлуката и препораката за продажба се' уште е во работна верзија, но сите индиции одат во таа насока.

„Се' уште се работи на оформување на одлуката, која треба да се заокружи со решение кое ќе му се ковертира на ’Космофон‘, но се' оди во насока на давање препорака за продажба на овој оператор. Оваа одлука е поткрепена со утврдената концентрација на моќ во телекомуникацискиот сектор со преземањето на ОТЕ од страна на’„Дојче телеком‘, со што се овозможи една фирма да има контрола врз најголемиот дел на услуги и клиенти во мобилната телефонија“, објаснува Кралевски.

Засега е неизвесно за колку време вториот мобилен оператор ќе мора да го добие новиот сопственик, но се очекува решението да биде изготвено најдоцна за десетина дена и во него Германците да добијат рок до кога треба да го продадат „Космофон“.

Од „Космофон“ информираат дека нивната судбина е во рацете на новиот сопственик „Дојче телеком“ и се чекаат новите сопственици.

Продажбата на „Космофон“ стана актуелна откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ, кој е сопственик на „Космофон“ во Македонија. Новото групирање создава монопол во мобилната телефонија, бидејќи „Дојче телеком“ во земјава работи и со „Т-мобиле“. Поради тоа, и ОТЕ веќе најави дека размислува за продажба на својата ќерка - фирма во Македонија. Инаку, „Космофон“ и „Т-мобиле“ заедно држат 90 отсто од пазарот на мобилна телефонија. Остатокот му припаѓа на австриски ВИП. Интерес за купување на „Космофон“ во земјава веќе пројави третиот мобилен оператор ВИП, но и „Мобилком“ Австрија, словенечки „Телеком“ и други европски оператори. (А.С.)

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 14-Oct-2008 at 13:15

малку time aut еве нешто интересно (гледано од денешен агол) како ќе ни изгледаат денешните муабети утре Ouch

Записник од дебатата за инфраструктура во Битола - 9.03.2005.  

...

Доц. д-р Пеце Митревски од ТФБ го презентираше столбовите на инфраструктура. (1.44MB,PDF). Тој го нагласи значењето на инфраструктурата, и пред сé, развојот на физичка инфраструктура, а потоа апликации.

Во рамките на својата презентација тој преглед на проектите на МАРНет, кој во „старите добри времиња“, користел 1 МBit надворешна линија, и тоа:

• SEEREN – поврзување со +4MBit, „двојно повеќе од некои други држави, иако 17 пати помалку од трети“
• MANI – поврзување со ласерски линк изведен со поддршка од НАТО, сопствена инфраструктура поради високи цени на МТнет. Базна станица на врвот на МТВ.
• GMON – наследник на MANI недовршен, сепак само на подрачјето на Скопје.
• SEEGRID – целиот регион да стане дистрибуиран сметачки систем од големи размери.

  Д-р Митревски го заклучи предавањето со ефектна анимација која приклучувањето на евроинтегративните процеси го претстави преку метафората на логирање на интернет преку дајал-ап.

___________________

  Пепи Чемерикиќ, директорот на Он.нет го спроведе своето излагање без формална презентација, преферирајќи да ги изложи своите погледи „понародски, не формално“.

  Како пример за тоа што сé што може да даде и иницира приватниот сектор го наведе развојот на телевизиските станици во земјата, којшто е остварен во услови на:

• долготрајно немање закон што би го поттикнал развојот
• со приватна иницијатива
• пренос на искуства од странство
• и постоење на монополи од друга страна (како МТВ) како инхибирачки фактор.

  Според Чемерикиќ, сличен е случајот и со МТ, која од заедничка фирма на сите, отиде во рацете на стопанственик заинтересиран за профит, со што државата го утнала комуникацискиот аспект (на својот развој). Како илустрација на состојбата во која моментно се наоѓа државата со својот сопственички удел во МТ, тој се послужи со анегдотата за настан виден на „Дискавери чанел“: алпинист со заглавена рака во лавина, којшто за да се спаси морал да ја исече.

  Чемерикиќ заклучи дека државата (претставена преку Управата за телекомуникации) не може да е независна додека таа има удел во МТ. Според него флавна стратегија треба да биде создавање на услови за развој на приватна иницијатива.

  Осврнувајќи се на состојбата во образовната инфраструктура, тој рече дека „Колку што има линк МАРНет, имам јас дома (1 Mbit АДСЛ е достапен)“, додавајќи дека и на МАРНет му треба конкуренција, пред сè во областа на релугација на интернет домени.

  Како дополнителна илустрација тој се послужи со метафората дека при правење колачи (успех во користење на ИКТ), потребно е брашно (приватни инвеститори) и квасец (државата/регулатива чија улога е да биде катализатор, а не активен учесник во пазарниот натпревар).

  За споредба, Чемерикиќ извести дека Јамајка дава 5 милиони долари за зголемување на пенетрацијата, додека кај кај нас едногодишното доцнењето на законот и мерките со кои се дозволува влез на нови оператори гарантирало дополнителен профит од 90 милиони евра од граѓаните за МТ.

...



Edited by beTon - 14-Oct-2008 at 13:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 17-Oct-2008 at 20:38
Космофон ќе го смени сопственикот, но кога?


Во моментов Дојче Телеком не прави профит во Македонија од работењето на Космофон бидејќи мобилниот оператор егзистира како посебен правен субјект на пазарот на електронските комуникации, вели претседателот на Комисијата, Чедомир Краљевски


Космофон дефинитивно ќе оди на продажба. Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) со носењето на вакво решение само го потврди пишувањето на ВЕЧЕР дека Космофон ќе мора да ја промени сопственоста бидејќи се создава концентрација на капитал, а со тоа и на моќ на Дојче Телеком на македонскиот телекомуникациски пазар, што настана по договорот за купување на дел од грчки ОТЕ, кој е стопроцентен сопственик на Космофон. Освен дека од Комисијата го прифатиле предлогот на Дојче Телеком и на ОТЕ за продажба на Космофон за да не се створи концентрација на мобилниот пазар во земјава, од КЗК не обелоденија други детали. Оттаму се правдаат дека станува збор за ембарго ставено од Дојче Телеком да не се објавуваат осетливи податоци од решението, вклучително и за крајниот рок до кога Космофон ќе треба да се продаде и судбината на Германос.
- Решениете е доставено до Дојче Телеком и ОТЕ, но треба да поминат одреден број на денови за да го прочитаат, да видат што содржи и да одлучат кои делови од образложението на решението ќе бидат подготвени за објавување на веб-страницата на Комисијата. Ние сме должни да го објавиме само диспозитивот на решението, но во него ќе ги нема поединостите и деловите што се содржани во образложението - ни изјави претседателот на КЗК, Чедомир Краљевски.

Запрашан дали купопродажбата меѓу Дојче Телеком и ОТЕ е завршена работа, Краљевски рече дека најверојатно е така и дека е капитално завршена. Во моментов, рече тој, нема монопол на пазарот во Македонија, но изјави дека концентрацијата во земјава се уште не е спроведена во органите надлежни за тоа - Централниот регистар.
- Во моментов Дојче Телеком не прави профит во Македонија од работењето на Космофон бидејќи мобилниот оператор егзистира како посебен правен субјект на пазарот на електронските комуникации - рече Краљевски.

Доколку Дојче Телеком не го прифати решението, тогаш КЗК има можност да поведе прекршочна постапка и да го казни до 10 проценти од остварениот промет во претходната година. На КЗК на располагање му се и други механизми, како на пример, забрана за обавување на дејност во одреден временски период и враќање во состојбата во која се наоѓале пред донесувањето на решението.

Неофицијално дознаваме дека интересот за Космофон е голем. Неколку реномирани светски компании веќе покажале интерес за негово купување, што е логично имајќи предвид дека компанијата и нејзиниот менаџмент само во изминатава година реализираа големи и амбициозни проекти - како воведување на фиксна телефонија, 3-Г, а наскоро и вајмакс што Космофон го направија уште поатрактивен пред процесот на продажба.

http://vecer.com.mk/?ItemID=BAB870DA3055B1468DA5F6341F5E9B66



Edited by lslcrew - 17-Oct-2008 at 22:05
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 18-Oct-2008 at 13:31
Правиме прогрес во полето на телекомункациски технологии.

Со „Те-мобајл“ пристап од Интернет од најнедостапни места



Мобилниот оператор „Те-мобајл“ ја претстави услугата „веб енд вок“ со која корисниците со помош на УСБ-модем ќе имаат пристап до Интернет и од најнедостапните места во земјава.

Модемот овозможува мобилно сурфање без потреба од жичена конекција за пренос на податоци. УСБ-модемот е бесплатен за корисниците што ќе потпишат договор за услугата „веб енд вок ХЛ“ на 24 месеци. Со овој тарифен модел тие ќе добијат еден гигабајт Интернет за месечна претплата од 450 денари. УСБ-модемот е со дополнителна СИМ-картичка, која се користи само за пренос на податоци. Притоа корисникот нема потреба при секое користење на УСБ-модемот да ја префрла картичката во и од телефонот. Поседувањето дополнителна картичка не е со дополнителни плаќања, единствено се плаќа за преносот на податоци. „Те-мобајл“ нуди пакети со месечна претплата од 150 денари за 20 мегабајти интернет-сообраќај вклучен во претплатата, од 300 денари и 150 мегабајти интернет-сообраќај вклучен во претплатата.



Размислувам и за овој пакет - 450 денари = 1 гигабајт...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 18-Oct-2008 at 14:08

Originally posted by La Linea

Размислувам и за овој пакет - 450 денари = 1 гигабајт...

и јас размислував за 3G од космо но кога разбрав од прва рака дека и не е баш цела територија покриена се разочарав или подобро речи куртулив од една до две год. договор за плаќање услуга која можам да ја користам претежно по урбаните средини и автопатите, на планина работите стоеле нешто по изместено т.е. нема сигнал бидејќи оваа нетот бара нови антени(технологија) за постојните репетитори на мобилните оператори, па како и во се прво одат со рекламна кампања а после кон реално ширење на мрежата... туку ај ако некој има нешто инфо за шетачкиов веб на Thd кажете па да се спореди ситуацијата на терен... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 18-Oct-2008 at 14:47


мислам дека за Т мобиле нема да има такви ограничувања бидејќи се работи за стандардниот протокол кој може да се користи и сега а не за 3Г со тоа што отида чекор понапред, структуираа пакети и понудија стикчиња за да може човек со лаптоп да се закачи.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 18-Oct-2008 at 15:02
Има разлика, вебенвон работи преку стандардните фреквенции 90/1800/1900 MHz, односно преку стандардните сервиси, преку класичната технологија за мобилна телефонија . А 3Г е мрежа што работи на 2100-2400 MHz. Протокол не е битен воопшто. Тука е и UMTS мрежата. Значи све зависи од опсегот на базните станици. Порано во светски рамки беа скапи базните станици за УМТС (ги произведува ериксон), па беше светски тренд да се постуваат само во градовите. Зборам за почетоците.


Вака рафрлав некако на куп, инаку ја струдирам телекомуникации, ама ваквите успити уште не ми дошле на ред, па овие информации се онака факултативно што сум истражил нешто по нет.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.