build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 13-Dec-2008 at 02:30

Бугарски Булгартел влегува на македонскиот телекомуникациски пазар

Бугарската телекомуникациска компанија Булгартел ЕАД основаше фирма во Македонија. Основна дејност на новорегистрираната фирма Булгартел Скопје се телекомуникациите. Оваа фирма инаку е позната поп обезбедување на алтернативни телекомуникациски услуги како на пример пренос на податоци и глас.
Инаку Булгартел е дел од Бугарскиот енерегетски холдинг БЕХ.
Влезот на македонскиот телекомуникациски пазар е дел од стратегијата за развој на Булгартел, а покрај во Македонија, компанијата планира да влезе и во други земји од регионот.
Минатата година компанијата Булгартел, која е формирана пред четири години, во 2007 година имаше раст на приходите од 29,97%.
(Тотал)

http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13885

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 17-Dec-2008 at 13:52


На Т-Мобиле Македонија денеска ќе му биде доделена лиценцата за 3G услуги Агенцијата за електронски комуникации на мобилнот оператор Т-Мобиле Македонија свечено ќе му го врачи одобрението за користење радиофреквенции за обезбедување јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G).
Т-Мобиле Македонија го доби одобрението на јавен тендер, за што на државата и плати еднократен надомест од 10.000.100 евра.
Одобрението ќе го врачи Петар Иваноски, в.д. директор на Агенцијата за електронски комуникации.


http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13967

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 17-Dec-2008 at 14:23
„Вип“ има 11 проценти учество на пазарот во Македонија




Мобилниот оператор „Вип“ годинава ја завршува со учеството на македонскиот пазар од 11 проценти и 90 отсто покриеност на населението, што е во рамките на планираното, соопшти вчера главниот извршен директор Никола Љушев. Тој најави дека нивното внимание ќе биде концентрирано на зголемување на пазарниот удел кој до 2013 година планираат да достигне над 25 проценти.

- Бројките се во рамки на планираното. Уделот на пазарот е нешто над планираното, а покриеноста на населението со мрежа од 90 проценти е постигната за девет месеци наместо во период од 4 години како што е наведено во условите од лиценцата - рече Љушев.

Тој додаде дека наредната година повеќе внимание ќе посветат на постпејд корисниците и најави дека тарифниот модел „Вип смарт“, кој им овозможува на корисниците засекогаш да зборуваат за 0 денари во мрежата на „Вип“, продолжува до средината на јануари. На прашањето дали се одлучува околу купопродажбата на „Космофон“, Љушев одговори дека според неговите информации, длабинската анализа околу вредноста на оваа компанија ќе почне во јануари. Според неофицијалните информации „Космофон“ нема да се продава по цена пониска од 250 милиони евра.

Љушев информира дека „Вип“ нема да понуди 3Г технологија. Тој смета дека тоа е технологија во залез и дека „Вип“ како и досега ќе биде предводник на македонскиот пазар со воведување најсовремени технологии.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=266&ArticleID=13830
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 17-Dec-2008 at 14:46

Сега ми текна едно прашање поврзано со продажбата на Космофон: Се шпекулира дека заинтересирани за да се пријават на тендерот се и Мобилком Австрија, а тие нели се сопственици на вип? Е како може сега тие воопшто да се елигибилни да учествуваат, кога нели се продава космофон баш дека ист газда имаат со т-моубајл? Дали некој има информации околу ова пошто на вестите никој не се заинтересирал да го прочепка, што значи или јас не сум во право или врска немаат новинарите што се случува.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 17-Dec-2008 at 14:54
Originally posted by гитардемон


Сега ми текна едно прашање поврзано со продажбата на Космофон: Се шпекулира дека заинтересирани за да се пријават на тендерот се и Мобилком Австрија, а тие нели се сопственици на вип? Е како може сега тие воопшто да се елигибилни да учествуваат, кога нели се продава космофон баш дека ист газда имаат со т-моубајл? Дали некој има информации околу ова пошто на вестите никој не се заинтересирал да го прочепка, што значи или јас не сум во право или врска немаат новинарите што се случува.


Логично е ако неможе Дојче телеком да има монопол да не може ни ВИП да има монопол.

Се сега незнам дали монопол се смета пазарниот удел на ВИП + Космофон кој е веројатно под 50% додека пазарниот удел на Т-Мобиле + Космофон би бил 90%. Како и да е дури и да им е дозволено (на ВИП) да го купат Космофон верувам дека ќе треба да направат фузија на двата оператори или да го укинат едниот оператор. Па после пак ќе иаме тендер за трет оператор  итн.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 18-Dec-2008 at 11:20
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 20-Jan-2009 at 03:15

МЕНАЏЕРИТЕ НА МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОР ЗАМИНУВААТ НА ПРЕГОВОРИ ВО АТИНА


Три турски компании заинтересирани за Космофон


ВЕЧЕР дознава дека покрај турската компанија Турсел, Космофон сакаат да го купат и еден инвестициски фонд, австриски Мобилком и словенечки Телеком


Менаџери на Космофон деновиве заминуваат на преговори со заинтересираните купувачи во централата во Атина. Наредните денови ќе ја презентираат фирмата, чија вредност во моментов се проценува од 250 до 300 милиони евра.

Извори за ВЕЧЕР од компанијата велат дека сега се во напредна, втора фаза од постапката за продажба.
-Во игра за купување на телекомуникациската компанија се шест фирми - неодамна изјави и првиот човек на грчки ОТЕ, Панагис Воурлумис.

ВЕЧЕР дознава дека се работи за три турски компании, меѓу кои е Турселл, еден инвестициски фонд, австриски Мобилком и словенечки Телеком. Иако се споменуваше и името на норвешки ТЕЛЕНОР, истите извори велат дека повеќе не е во игра за купување на оваа компанија. Според Воулрумис, преземањето на Космофон треба да финишира на крајот на февруари.

Космофон е пет години присутен на македонскиот пазар. Почна како втор мобилен оператор. Од неодамна стартуваше и со услуги во фиксната телефонија, 3Г, Њимаџ. Инвестираа над 200 милиони евра, од кои само во последната година инвестициите надминаа 30 милиони евра. Со тоа може да се каже дека во моментов е најголем странски инвеститор во Македонија.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1251D9EB20BD3248B9EE934583F2DF36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 21-Jan-2009 at 16:38
Турксел се нуди да го купи Космофон

Турскиот мобилен оператор Турксел, дал понуда до грчката телекомуникациска компанија ОТЕ за купување на операторот Космофон.

Информацијата ја објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на изјава на неименуван висок претставник на турската компанија. Во веста не се наведува сумата, која Турксел ја понудил за Космофон.

Досега интерес за купување на Космофон пројавија Телеком Австрија и словенскиот Телеком.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=48429&kategorija=2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 21-Jan-2009 at 21:49

ЕУ ќе ни ги оценува телекомуникациите

Делегација од Европската комисија утре доаѓа во земјава заради контрола на телекомуникацискиот пазар. Во фокусот на европскиот секретаријат за телекомуникациска и информатичка технологија ќе бидат степенот на либерализацијата во фиксната телефонија, Агенцијата за електронски комуникации и процесот на продажба на „Космофон“.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9EF307265FE1514AB19434629AF94E90
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 21-Jan-2009 at 21:57
Јас ич не сакам да си замине Космофон. Горе-долу тој е и најдобар мобилен оператор кај нас...

Ама ај, се надевам дека новиот што ќе дојде ќе биде уште подобар.

BTW, еден текст за Кејблтел:

„Кејблтел“ им ги кине нервите на корисниците

Граѓаните се жалат дека навреме плаќаат, а за возврат добиваат прекини во Интернет и во кабелските услуги

Александрија Стевковска

Прекини на телевизијата и по неколку часа, слаб сигнал, исклучување канали и предводи, паѓање на Интернет сообраќајот - се проблеми со кои секојдневно се соочуваат корисниците на услугите на кабелскиот оператор „Кејблтел“. Граѓаните се жалат дека навремено ги плаќаат сите сметки, кои пред неколку месеци поскапеа за 100 денари, поточно од 350 на 450 денари, а за возврат добиваат прекини во Интернет и кабелските услуги. Тоа најинтензивно се случуваше за време на новогодишните и божикните празници, кога најмногу се користи Интернет и се гледа телевизија.

Од „Кејблтел“ на овие поплаки одговараат дека проблемот наскоро ќе биде решен, бидејќи нивните екипи од вчера излегле на терен за да ги отстранат недостатоците. Но, корисниците реагираат дека таквата инертност е недопустлива ако се знае дека проблемот со кабелското опслужување постои повеќе од еден месец наназад.

„Му плаќам на ’Кејблтел‘ 450 денари за кабелска, плус 350 за дигитална телевизија, поради дополнителните канали и плус 500 денари за Интернет. Тоа значи дека овој оператор од мене добива 1.400 денари секој месец, а се што добивам од него се чести прекини во програмата и Интернет- конекцијата. Најчести прекини имаше за време на новогодишните празници, кога овие услуги ми беа и најпотребни. Најдраматичен беше моментот кога го гледав натпреварот меѓу Динамо, кој го обожавам, и Хајдук, кој не можам да го смислам, и ми снема сигнал. Е, тогаш бев подготвен на се'. Згора на се', кога сакам да го пријавам прекинот, никој никогаш не се јавува на дежурниот телефон“, се жали еден скопјанец, жител на Општина Кисела Вода.

Овој пример на незадоволен корисник на услугите на „Кејблтел“ не е осамен. Повеќе жители реагираат на лошите услуги. И додека граѓаните на Кисела Вода најмногу се соочуваат со проблемот на прекини во конекцијата на сигналите, жителите од другите делови на градот се жалат на подолг прекин на некои канали, како што е ТВ Нова.

„Ја исклучуваа Нова во време кога се емитуваше ’Операција триумф‘, но и по завршувањето на ова шоу, ние апстинираме од гледање на овој канал, бидејќи ’Кејблтел‘ често не го вклучува. Освен тоа, сигналот на оние програми кои ни се на располагање е многу слаб. Се' на се', овој оператор не нуди никаква услуга“, вели жителка на Карпош.

Образложението на „Кејблтел“ за честите прекини во опслужувањето на граѓаните со нивните услуги е дека тоа било поради прекинот во напојување со електрична енергија.

„Во реонот на Кисела Вода изминатиов период имаше прекин во напојувањето со електрична енергија, поради што нашата мрежа не можеше да дистрибуира сигнал до корисниците и поради тоа немаше можност да се следат програмите и да се користи Интернет-услугата“, вели менаџерот за програмски пакети во „Кејблтел“, Лидија Голубова.

Таа најавува дека деновиве проблемот ќе биде решен, бидејќи вчера екипи излегле на терен и работат на надминување на проблемот.

„И за нас не е пријатна ситуација, бидејќи имаме чести поплаки за прекините, но со интервенцијата на терен се надеваме дека овие проблеми ќе бидат отстранети и клиентите ќе добијат редовна дистрибуција на сигналите“, објаснува Голубова.

Поплаките на граѓаните се од оние делови каде што нема алтернативен избор за кабелски оператор. Еден од најголемите конкуренти на овој странски оператор, е домашниот „Телекабел“, кој се' уште се нема проширено во сите населби низ Скопје. Дел од незадоволните тврдат дека се пријавиле за „Макс ТВ“ на „Т-хоум“, бидејќи таа понуда е подобра, иако е поскапа.

Што се однесува до негодувањето на граѓаните дека не можат ниту да се пожалат на лошата услуга на „Кејблтел“, бидејќи никој не се јавува на телефоните, од овој кабелски оператор велат дека кога сите оператори се зафатени, корисникот добива сигнал за слободна линија, но мора да се почека или да се јави повторно. Но, оттаму изразуваат и сомневање дека операторите намерно не се јавуваат на дежурните линии.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=11AB459AD934F1429B07169F5062F587

Гледам доста се жалат од Кејблтел... точно е што се збори за нив?

Edited by maestro - 21-Jan-2009 at 22:27
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 23-Jan-2009 at 22:29
Ова е доста интересен проект...

T Home и T Mobile отворија продавница-кафетерија на плоштадот “Македонија“
T- Home и T- Mobile денеска на плоштадот “Македонија“ во Скопје ја отворија својата прва заедничка продавница-кафетерија, во која на интерактивен начин се презентираат производите и услугите што ги нудат двете компании. Во кафетеријата корисниците на едно место ќе можат да ги најдат сервисите за комуникација за дома и за во движење, бизнис понудата за мобилна и фиксна телефонија, како и гласовна и податочна комуникација со најсовремената комуникациска опрема што ја нудат двете компании.
Станува збор за продавница каде посетителите ќе можат во пријатен амбиент да погледаат MaxTV, да пребаруваат по Интернет, да играат на некоја од играчките консоли или едноставно релаксирано да се напијат кафе.

http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14739
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 24-Jan-2009 at 00:59

ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ


Стратегијата е при крај


Стратегијата за развој на следна генерација широкопојасен интернет е во завршна фаза на изработка. Од Министерството за транспорт велат дека во неа се имплементирани голем дел од идеите што беа добиени при непосредната консултација со заинтересираните лица и преку интернет страницата www.epolicy.mk. Според податоците од Државниот завод за статистика и ЕУРОСТАТ, Македонија е водечка држава во регионот во користењето на широкопојасен интернет од стана на физички лица, домаќинства и компании. Со Стратегијата за развој на следна генерација широкопојасен интернет се предвидува спроведување на многу значајни проекти кои ќе создадат дополнителни поволности за зголемување на конкуренцијата и развојот во областа на електронските комуникации, како на национално, така и на локално ниво. Дел од предвидените проекти се однесуваат на креирање на единствен национален катастар за електронски комуникации, како и создавање поволна околина за развој на нови видови услуги кои се обезбедуваат преку широкопојасниот интернет.

(С. Бл.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7EF1B1DDBCE1F041B003D50362E7C74A

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ


Epolicy - добитник на светскиот самит


Интернет-платформата www.epolicy.mk која Министерството за транспорт и врски ја користи за вклучување на сите заинтересирани граѓани, компании и институции во процесот на креирање стратешки документи е победник на националниот избор за Наградата на светскиот самит за информатичко општество во областа е-владеење и институции. Оваа интернет-платформа е македонски кандидат за добивање на Наградата на светскиот самит за информатичко општество во областа е-владеење и институции на светско ниво.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0A5F59394701D4488ABECBE4533419E3

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 24-Jan-2009 at 02:53
Развојот на интернетот во Македонија граби со голем замаф! Само за една година интернет сообраќајот у Македонија пораснал за 2000 (две иљади) посто! Незнам што се чека за развој на интернетот преку каблите за струја. Впрочем ова е и најлесен начин да се донесе конекција до некои села и слично. Дали поради актуелнава ситуација со ЕВН е рабботава, незнам! Имаше порано два обида по ред да се внесе ова на нашиот пазар ама остана све само на иницијатива.

п.с. Линеа фала што ме потсети за развојот на широкопојасен нет!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 24-Jan-2009 at 12:48
Ве молам посетете го сајтот што го пишува горе во веста  www.epolicy.mk. Видете што праќа Македонија како кандидат за награда на СВЕТСКИОТ самиот за информатичко општетство. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 24-Jan-2009 at 13:22

Веројатно се мисли на функциите што ги има и користа од него, инаку за изглед може секој да добие награда на светско ниво. Но сепак би требало да поработат и на тоа, дефинитивно! А немам корисничко име, не знам што нуди кога ќе се регистрираш (мака ми беше), но сигурно има нешто штом го планираат. А дека нема да победи се подразбира.

Edited by гитардемон - 24-Jan-2009 at 13:22
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 04-Feb-2009 at 18:00

Само Телеком Словенија со понуда за дозвола за дигитална телевизија

Телеком Словенија“ е единствената компанија која достави понуда на тендерот што го распиша Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за користење радиофреквенции за обезбедување радиокомуникациска услуга - пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавни комуникациски мрежи (DVD-T).


На денешното јавно отворање на понудите во АЕК, тендерската Комисија констатира дека понудувачот ја доставил потребната документација за дозволата, која се издава за период од десет години.

- Ќе ја разгледаме документацијата и ќе ја доставиме до Комисијата на АЕК, која ќе ја донесе конечната одлука за одобрението, кое треба да биде доделено најдоцна до 30 следниот месец, изјави Јане Јакимовски, претседател на тендерската Комисија.

Доколку Комисијата се изјасни позитивно „Телеком Словенија“, за одобрението, покрај понудената цена, која ќе биде објавена по конечната одлука, треба да плати и еднократен паричен надомест во износ од 300.000 евра. За да нуди пренос на дигитални телевизиски услуги компанијата треба да изгради сопствена предавателска мрежа.

Крајниот рок за целосен премин од аналогна во дигитална телевизија во Европската унија е 2012 година, додека во Македонија тој рок е пролонгиран до 2015 година.

На тендерот за доделување одобрение за дигитална телевизија има право на учество само компании кои обезбедуваат електронски комуникациски услуги на минимум 500.000 претплатници и имаат годишен приход од минимум триста милиони евра од обезбедување на тој вид услуги во последните две години.

Канал5 -  04.02.2009

незнам само дали тоа со сопствена предавателска мрежа ќе ја искористат веќе постоечката вифи или сосем нови предаватели ќе креваат, патем што бидна со она трипл плеј што најавуваше пепи, бидна дигитална тв преку мрежата на телеком? 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 04-Feb-2009 at 18:02
Beton што има везе дигитална телевизија во вифи мрежа?!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 04-Feb-2009 at 18:14
предавателите, за што станавме први во свет, мислиш базните станици добиваа сигнал од кабел, јасно е дека имаше предаватели кои сега можат да се искористат за дигиталната телевизија. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 04-Feb-2009 at 18:48
Beton дигиталната телевизија воопшто не функционира како што ти мислиш, а прдавател за вифи и предавател за дигитална тв воопшто не е исто! Башка проектот во вифи пропадна!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 04-Feb-2009 at 19:25

па столб е столб, дали на него ќе закачиш ваков или онаков предавател тоа е друга работа.

инаку сега баш прочепкав и статива, според информацијава од капитал  wifi-то  одело преку предавателите на СРД, а само базните станици биле на он.нет,  така да немале столбови па ќе мора сега да креваат свои...

Поврзувањето на Интернет сигналот се одвива преку предавателите на МРТВ, каде што “Он нет” има закупено свој простор [1]



Edited by beTon - 04-Feb-2009 at 19:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.