build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончев Град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
radem1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote radem1 Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 10-Mar-2014 at 20:53
Na mapata se gleda patot za Soncev grad (zolta boja) i odi na visina od okolu 550 m nadmorska visina, a na edno mesto e napraven nov krak (portokalova boja) sto vodi nagore na visina od 670 m kade sto e isecena posumuvana visoka borova suma i se pravi nekoja parcela so ogromna golemina. Mestoto so parcelata sto se podgovuva e na vrv od eden rid koj ima prekrasen pogled prema Skopsko pole, Kitka i Jakupica. Se somnevam deka nekoj si sprema mesto za nova naselba.
Ona sto neoficijalno razbrav e deka i ovoj plac e e daden na turskata kompanija da izgradi elitni kukji, no ke se obelodeni posle izbori.









Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 17-Mar-2014 at 11:03
Slusnav muabe deka dodeka e probivan patov najdena e tvrdina i se raboti na iskopuvanje no nemalo da se prodolzi poradi nemanje na finansii za da ja do odkopaat ( konzervacijata  cini pari ) ako ima nekoj nesto + da pise vo vrska so ova tvrdinata se naoga kaj markovo kruvce.
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 18-Mar-2014 at 12:32
значи модерниве времиња носат селење од град во село.
порано беше модерно да се иселиш од село и да дојдеш во град,сега е обратен трендот.
премногу е далеку од центар,т.е додека стигнеш имаш 350 кривини.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 18-Mar-2014 at 14:18
Не знам што да ти кажам ако за тебе Сончев Град е село, а град е Маџир маало или Ќерамидница.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 18-Mar-2014 at 14:24
за да биде град,како што го пишувате „сончев град“ треба да има се што има еден град,а ова ќе биде една обична нова урбана населба.
село го кажав чисто жаргонски,симболично.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 18-Mar-2014 at 14:30
Originally posted by maci

за да биде град,како што го пишувате „сончев град“ треба да има се што има еден град,а ова ќе биде една обична нова урбана населба.
село го кажав чисто жаргонски,симболично.

па никој не ни кажа дека е град ... туку тоа е Скопска Населба..
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 18-Mar-2014 at 14:35
Originally posted by Dzeksi

Slusnav muabe deka dodeka e probivan patov najdena e tvrdina i se raboti na iskopuvanje no nemalo da se prodolzi poradi nemanje na finansii za da ja do odkopaat ( konzervacijata  cini pari ) ako ima nekoj nesto + da pise vo vrska so ova tvrdinata se naoga kaj markovo kruvce.


Ништо чудно, со оглед на поволната позиција што ја има...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 18-Mar-2014 at 15:03
Дали вирусот Скотје 2014 ќе се прошири и на Сончев Град, односно дали ќе имаме ред куќи, ред споменици, тоа никој не го кажува?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12982
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 22-Mar-2014 at 16:42
Патот за Сончев град, сликан од патот што води за Средно Водно... (мои фотки)





За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 23-Apr-2014 at 00:11
Распишан тендер за изградба на фекална канализација до Сончев град

Министерството за транспорт и врски бара изведувач на фекалната канализација до идната елитна населба Сончев град и до населеното место Сопиште. За реализацијата на овој дел од инфраструктурата од државниот буџет е предвидено да се издвојат финансиски средства во висина од околу 4 милиони евра. Со зафатот ќе се изведе канализационата мрежа за одведување на отпадните води од луксузната населба кон постоечката инфраструктура во општините Аеродром и Кисела Вода. Првиот сегмент во должина од 3,8 километри ќе почнува од Сопиште до крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“, додека втората ќе почнува од Сопиште преку регионалниот пат Р302 кон колекторот во Горно Лисиче.

 

#Рокот за изведба на фекалната канализација до населбата Сончев Град изнесува 18 месеци. Компаниите што се заинтересирани да учествуваат на тендерот ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 9 јуни, за кога е предвидено и нивното јавно отворање. Од средствата на граѓаните досега се финансираат неколку инфраструктурни проекти поврзани со луксузниот комплекс Сончев Град. Минатата година започна изградбата на регионалниот пат Р2138, кој преку падините на Водно треба директно да ја поврзе оваа населба со центарот на Скопје. За оваа намена, од државниот буџет се издвоија финансиски средства во висина од 412.308.315 денари или околу 6,7 милиони евра.

 

Министерството за транспорт и врски во февруари годинава обелодени дека до елитниот комплекс ќе се гради водоводна и канализациона мрежа, проект за кој од државниот буџет ќе се потрошат 566.007.218 денари или околу 9,2 милиони евра. Ако се земе во предвид и трошоците за изградба на патот, тогаш за инфраструктурата на идната приватна населба ќе се инвестираат преку 970 милиони денари или над 15,9 милиони евра. Сончев град е огромен проект на турската компанија „Џеваир Холдинг“, која на јужниот дел од падините на Водно планира да изгради елитна населба за побогатите македонски граѓани. Локацијата со површина од 83,56 хектари тие ја купија за речиси 1,8 милиони евра пред една и пол година.

http://www.build.mk/?p=34393
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 12-May-2014 at 22:16

ОПШТИНА СОПИШТЕ ГИ ИЗДАДЕ ПРВИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДБА


На старт 75 луксузни куќи ќе се градат во Сончев град


Првите куќи што ќе се изградат во елитниот комплекс ќе бидат свртени кон Скопје и ќе имаат најмалку три ката. Инвеститорот "Џевахир Холдинг" вели дека се уште нема проценка колку ќе чинат куќите, бидејќи не се знае колку ќе е трошокот за расчистување на теренот кој е карпест и стрмен


Општина Сопиште веќе има издадено 75 дозволи за изградба на луксузни куќи и една за зградата Порта Сончев град кои ќе се градат во рамки на елитниот комплекс Сончев град на падините на Водно. Од општината посочуваат дека куќите нема да имаат помалку од три ката. Со издавање на овие дозволи се искористува околу десетина проценти од вкупната површина на која ќе биде изграден градот која изнесува 85 хектари. За нив инвеститорот "Џевахир Холдинг" на општината и платил комуналии од 7 евра за метар квадратен. Во моментов на терен, пак, се работи на подготвителните работи за расчистување на просторот заради отпочнување на градежните активности.




http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/601A0F0D6F52704BBBB40236F19BCD30.jpg
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=33015386FEAB4F4DA5E94B10F23BA25A
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 13-Aug-2014 at 18:42

вест.мк

Edited by jyvation - 13-Aug-2014 at 18:42
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 933
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 13-Aug-2014 at 19:33
Жива глупост е патов. Каков ќе биде тој приклучок на сама кривина на веќе постоечки пат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 13-Aug-2014 at 19:57
И во форумила 1 излезите за во боксовите се во кривина
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 13-Oct-2014 at 17:16
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 15-Oct-2014 at 11:13
НАПРОЛЕТ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРВИТЕ 75 КУЌИ ВО СОНЧЕВ ГРАД



Изградбата на новата населба Сончев Град во Сопиште може да почне напролет в година, изразија надеж инвеститорите од турската компанија „Џеваир холдинг“, кои од Владата купија 83 хектари земјиште за 1,8 милион евра. Токму напролет се очекува да заврши изградбата на новиот пат на планината Водно, сообраќајна врска меѓу Сопиште и Скопје, најавен од Владата како предуслов за почеток на проектот.

Трасата за патот беше пробиена во јули 2013 година, а неговата намена е да ги спои јужната и северната падина на парк-шумата. Патот е практично продолжение на улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“), која минува покрај поранешниот хотел „Панорама“ кон Средно Водно каде што на вториот голем свиок се двои и продолжува кон идната населба.

Изградбата ќе се одвива во фази

Ејуп Учак, директор за врски и надворешни односи во „Џеваир холдинг“, информира дека откога ќе почнат со изградбата, имаат обврска отпрвин да реализираат 10 отсто од објектите, а потоа преостанатите 90 отсто даги градат во зависност од интересот на пазарот. Практично, изведбата на Сончев Град ќе се одвива во фази.

- Би сакале да започнеме со изградбата напролет. Независно од државните активности во моментов, како компанија работиме на терен подготвителни активности, а ги изработуваме и проектите - рече Учак.

Освен активности за изградба на патот, долг 4,5 километри, во моментов траат и градежните активности за реализација на фекалната канализација за населбата. Во август годинава беше избран изведувач, фирмата „Жикол“ од Струмица, а за водоводот изведувачот допрва ќе се бара. Фекалната канализација, чиј рок за завршување е крајот на 2015 година, и водоводот се инвестиции на Министерството за транспорт и врски. Двата проекта ќе чинат 9,5 милиони евра, пари што ќе се издвојуваат во три фискални години. Патот чини 6,7 милиони евра, исто така буџетски средства, а го изведува Агенцијата за патишта.

Kако што пред неколку месеци најави министерот Миле Јанакиески, канализација ќе се изведува во две фази и нема да биде наменета само за Сончев Град, напротив, и за граѓаните од блиските општини, кои досега немале соодветен пристап до овие комунални ресурси. Во првата фаза ќе се гради од Сопиште до раскрсницата меѓу булеварите Србија и Борис Трајковски, а во втората од Сопиште кон колекторот во Горно Лисиче.

Според градоначалничката на Kисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, новата канализациска мрежа е од големо значење за жителите на населбите Припор, Усје, Пинтија, Стаклара и Градинар. Ќе одговори на потребите на 13.000 жители на општина Kисела Вода, кои со децении користат септички јами.

Издадени дозволи за 75 куќи

Водоснабдувањето за новата населба беше и еден од проблемите поради кои никогаш не почна изградбата на населбата пред шест-седум години кога земјиштето беше во рацете на израелската компанија Industrial Buildings Corporation. Вода требаше да се донесе од Патишта Река, но поради протестите на мештаните, кои тврдеа дека тамошниот извор нема капацитет за да ја задоволи и новата населба, државата мораше да бара ново решение. Случајот цело време го следеа низа контроверзии. Поради овој проблем, но и поради катастарски недоследности, Израелците ја тужеа државата, а потоа спогодбено се повлекоа од тужбеното барање, по што Министерството за транспорт и врски пронајде нов инвеститор.

Во рамките на новата населба Сончев Град предвидено е отпрвин да се изградат најмалку 75 куќи, со кои ќе се запази договорот за исполнување 10 отсто од целиот проект. Општината Сопиште во мај годинава издаде градежни дозволи за овие куќи. Од нив повеќето се луксузни, а ќе има и неколку колективни објекти, трговски центар, образовни дејности, бензински пумпи, објекти за рекреација. Сите ќе се градат по принципот клуч на рака.

Во Сончев Град е предвидено да се изградат околу 600 куќи за речиси 6.000 жители.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=DC367CA01822234F8FD9081DFD98645C
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 04-Nov-2014 at 21:24
Патот за Сончев град

1.


2.


3.


4.


5.


6.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 04-Nov-2014 at 21:25
7.


8.


9.


10.


11.


12.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 04-Nov-2014 at 21:25
13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 04-Nov-2014 at 22:21
Одлични фотки. Живо ме интересира ефектот кој ќе го има овој пат, мојот впечаток е дека е тотално утната трасата.

Ако тргнеме од седиштето на ЕУ во Скопје, движењето преку постоечката инфраструктура (да речеме, Железничка, Димо Хаџи Димов, Народни Херои, Сава Ковачевиќ) е за само 200-300м подолга од онаа преку новиот пат.

Овој пат има смисла само за возачите кои доаѓаат од правец Карпош на пример и крајна деситнација им е Соње или некое друго населено место во погорниот дел на општина Сопиште. Но мислам дека не е соодветен за потребите на Сопиште/Припор каде пак живее најголемиот дел од населението во тој дел.

Незнам дали имаше можност да почне патот подоле (кај ИЗИС) па во комбинација со оној тунел кој порано се планираше сето ова да има многу повеќе смисла.

Да не почнувам за лошите страни како зголемување на метежот во парк шумата и уште толку затнување на Водњанска и Салвадор Аљенде.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.