build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончев Град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 396
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 09-Jun-2015 at 13:14
i jas go delam tvoeto mislenje drugar deka sega ke doagaat so kombinja da gledaat placevi po patov, i za nekoja godina kuki a potoa i ogromni betonski zdanija kako sega sto e centralniot del na Vodno...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 10-Jun-2015 at 11:04
Не знам со сигурност дали ова е теренот за Сончев Град, но така ми изгледа од сликава:

The mountain "Half Vodno" by Dragan Tapshanov, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 30-Aug-2015 at 10:18
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 30-Aug-2015 at 10:20
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 30-Aug-2015 at 10:21
состојба 22.08.2015-та

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 30-Aug-2015 at 10:23
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 30-Aug-2015 at 11:19
валда не планираат да градат куќи на ридот???????премногу е стрмно
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 30-Aug-2015 at 12:47
Кој луд кој би живеел во Сончев Град би сакал да го вози овој планински пат секој пат за дома и работа!!!? Замислете па како ќе е навечер или при лоши временски услови... Новиов пат е тотално промашување со кое само се унакази Водно!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2392
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 30-Aug-2015 at 13:09
На првата фотка кракот што слепо завршува... и на тој рид ќе се гради?
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2392
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 30-Aug-2015 at 13:12
Originally posted by antigona

Кој луд кој би живеел во Сончев Град би сакал да го вози овој планински пат секој пат за дома и работа!!!? Замислете па како ќе е навечер или при лоши временски услови... Новиов пат е тотално промашување со кое само се унакази Водно!


Па нема некоја разлика помеѓу ова и Горно Нерези, а таму палати еден куп.

Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 31-Aug-2015 at 11:11
Originally posted by antigona

Кој луд кој би живеел во Сончев Град би сакал да го вози овој планински пат секој пат за дома и работа!!!? Замислете па како ќе е навечер или при лоши временски услови... Новиов пат е тотално промашување со кое само се унакази Водно!


Ако не бид еосветлено по патот уште побетер ќе биде да се живее овде и да се вози п омртва темница.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2392
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 19-Sep-2015 at 03:11
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 01-Nov-2015 at 14:04
За сè има вторпат
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 04-Nov-2015 at 19:22
Originally posted by gjoko

валда не планираат да градат куќи на ридот???????премногу е стрмно


На ридот се планираат споменици.Едно 30-40 барем.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 06-Mar-2016 at 17:27
06.03.2016, 16:28

ПРОБИЕНИ 80 ПРОЦЕНТИ ОД ТРАСАТА ЗА НОВАТА ЕЛИТНА НАСЕЛБА

Патот до Сончев град готов за шест месеци

За шест месеци ќе биде готов патот до Сончев град. Досега 80 отсто од патот се пробиен и асфалтирани, останува да се пробие и изгради делот кој се поврзува со патот што води кон средно Водно. Истовремено, се работи и на изградба и приклучок кон новата населба од страната на Сопиште каде што треба да се изгради кружен тек. Со новиот пат, од Сончев град до центарот на градот ќе се стигнува за десетина минути.

"Интензитетот на градежните работи е насочен кон изградба на потпорниот ѕид на почетната делница на патот од страната на Водно. Во овој дел се појави свлечиште, па во моментов се гради ѕидот и се подигнува нивото на патот. Во делот кај Сопиште се врши дислокација на ПТТ и оптичките кабли за изградба на кружниот тек. На патот, кој е изведен во должина од 3.100 метри, поставен е прв слој на асфалт, а со втор завршен слој се асфалтирани 500 метри. Патот ќе биде во должина од 4,4 километри, со две коловозни ленти", велат од Јавното претпријатие за државни патишта, од чиј буџет за овој проект се издвоени 6,7 милиони евра.
Од пред неколку месеци почнати се и градежните работи во новата населба Сончев град. Инвеститорот турската фирма "Џеваир холдинг" работи на пробивање на улиците во населбата и на изградба на инфраструктурата.
"Инфраструктурата во населбата ќе ја гради инвеститорот 'Џеваир холдинг'. Досега се пробиени неколку улици, а се работи на просторот на кој ќе бидат изградени плоштад, трговски центар, детски игралишта. За многу кусо време ќе почне изградбата на првите две куќи во комплексот. Поставена е струја, а во завршна фаза е тендерот за избор на фирма која ќе го гради водоводот", вели Стефче Трпковски, градоначалникот на Општина Сопиште.
Пред три години Општина Сопиште потпиша договор со турската фирма "Џеваир холдинг" за изградба на новата елитна населба Сончев град. Турската компанија, за 1,7 милиони евра го купи земјиштето со површина од 850.000 квадратни метри. Турската компанија ќе треба да изгради елитна населба, со три типа живеалишта, најголем дел од нив наменети за домување. Предвидена е изградба на луксузни куќи и на вили со посебен режим на користење и заштита, со минимална површина од 500 квадрати на секоја од парцелите за градба, потоа индивидуално домување во различни видови куќи, самостојни, дуплекс, куќи во низи и атриумски куќи, и самостојни станбени згради и станбено-деловни објекти во блоковски низи. Во населбата ќе има училиште, градинка, трговски центри, како и зелени појаси и спортски терени.
"Џеваир холдинг" има обврска во рок од шест години да изгради барем 10 отсто од предвидените содржини во новата елитна населба. (А.А.)

http://daily.mk/skopje/patot-sonchev-grad-gotov-shest-meseci

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 03-Jul-2016 at 12:14




фото: flysky.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 240
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 01-Mar-2017 at 11:24
еве некои постари слики од изведбата на пристапниот пат до Сончев Град:







Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 01-Mar-2017 at 15:48
му е*аа матер на цело водно само за потребите на една шака скотови
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 01-Mar-2017 at 16:17
Каков зафат....секоја ни чест на приоритетите
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 08-Jan-2018 at 18:14
Патот за Сончев Град со месеци готов, но забранет за користење



Патот за елитната населба Сончев Град, поради кој се пресече дел од шумата на Водно, со месеци стои изграден, но блокиран. Не се користи. По него минуваат само велосипедисти, кои ги прескокнуваат поставените барикади и возат по новиот асфалт. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, за „Макфакс“ објасни дека новиот пат е заглавен во административни процедури поради кои не може да биде пуштен во употреба. Ќе остане така уште некој месец.

„Градежните работи за патот се целосно завршени. Направен е и технички прием, но не можеме да го пуштиме во употреба додека не ја усогласиме документацијата со изграденото на терен. Поради големото свлечиште што се појавило, изместена е трасата, а тоа повлекува низа административни измени. Очекувам оваа пролет, до март, да успееме да ја комплетираме документацијата и да го пуштиме за употреба “, вели директорот Китанов.



Направена е измена на проектот, која мора да се вметне во сите документи, објаснува директорот. Поради измената, одново биле барани дозволи, одобренија и согласности од низа институции што се дел од проектот за патот кон Сончев Град.

„Земјиштето преку Министерството за земјоделство требаше да се пренамени, да се направат измени во просторното планирање, да се добијат согласности за измената од Министерството за животна средина, да се добие ново одобрение за градење и да ја платиме сметката на ЈП ’Паркови и зеленило’ за исечената шума. Очекувам секој момент да ја добиеме пресметката од ова претпријатие и ќе ни остане да го добиеме новото одобрение за градење од Министерството за транспорт и врски за да можеме да го пуштиме патот во употреба. Нема други пречки за тој да почне да се користи“, вели директорот Китанов.

Од Јановото претпријатие „Паркови и зеленило“, во чија надлежност е парк-шумата Водно, велат дека за пресметка допрва ќе излезат на терен. Новиот директор Адријан Муча е во тек со проектот и со измените и во контакт со директорот Китанов.

„Сега немаме податоци за тоа колку шума е исечена и какви измени се направени. За да направиме пресметка, екипа од кај нас заедно со претставници од државните патишта ќе направи посебен увид по што ќе знаеме за колкава сума се работи“, изјави директорот Муча за „Макфакс“.

Свлечиштето е виша сила, нема да се бара одговорност за пробиените рокови

Изградбата на патот за Сончев Град почна во јуни 2013 година по низа забелешки и противења на невладините организации за заштита на зеленилото на Водно, кои беа против сечење на шумата за изградба на пат. Министерството за животна средина инсистира на посебна студија за влијанието на новиот пат врз парк-шумата и долго време не даваше согласност за негова изградба. Студијата врз основа на која е издадено одобрението за градење претходната власт никогаш јавно не ја покажа.



На почетокот на градежните активности беше најавено дека патот ќе се гради 18 месеци. Изведувач е градежната компанија „Гранит“, која неколкупати се соочи со големи одрони и свлечишта на патот. Бидејќи првиот рок не беше исполнет, претходната влада најавуваше нови рокови, но сите што ги постави се пробиени.

Сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта вели дека нема да бара одговорност за пробиените рокови.

„Се работи за виша сила, свлечиштето не можело да се предвиди. Доцнењето во изградбата и пробиените рокови се должат на тоа и ние нема да бараме одговорност за ненавремено исполнување на обврските“, рече директорот Китанов.

За изградбата на патот долг 4,4 километри, според досега објавените податоци, се потрошени 7,7 милиони евра.

Патот – услов да почне да се гради Сончев Град

Изградбата на патот е услов што државата треба да го исполни за да почне да се гради елитната населба Сончев Град. Земјиштето за оваа населба, лоцирано над патот на влезот во Сопшите, на јавна лицитација на крајот на 2012 година од државата го купи турската компанија „Џеваир холдинг“, која ги изгради четириесеткатниците во Аеродром. Турците купија 835.619 квадратни метри земјиште по цена од 132 денара за квадрат, односно 1,8 милион евра. Во Сончев Град, според договорот, треба да им 600 куќи, училиште, градинка, трговски центри, зелен појас и спортски терени.



За изградбата на елитната населба државата се обврза да изгради и канализација и водовод за што веќе се потрошени 9,5 милиони евра.

Турците се трета компанија што се обидува да го изгради Сончев Град откако договорите со претходните две беа раскинати. Договорот за продажба на земјиштето од 2006 година склучен по пат на непосредна спогодба со германската „Бихард констракшн интернешнл“ го оспори Антикорупциската комисија оти бил склучен пред избори, а по изборите, Германците се премислија и се повлекоа кога утврдија дека дел од земјиштето ѝ е дадено на користење на винарницата „Сковин“, а при продажбата им било одземено корисничкото право за што тие се жалеа.

Вторапат државата го продаде земјиштето на израелската компанија „Индустријал билдинг корпорејшн“ во 2007 година. Од таму се обврзаа да ја изградат населбата најдоцна до 2011 година, но се откажаа во моментот кога утврдија дека парцелата понудена на тендерот е поинаква од онаа на самото место. Тие поднесоа тужба против државата, која во 2011 година спогодбено беше повлечена, а Израелците се повлекоа од проектот.

За сомнителната продажба на земјиштето за Сончев Град предмет има специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште петмина вработени во Министерството оти ја злоупотребиле службената положба и го прекршиле Законот за јавните набавки. Тие земјиштето за Сончев Град го продале на фирма што не ги исполнувала условите на тендерот.

Новиот пат дополнително ќе го блокира влезот на Клиничкиот центар

Жителите на Сопиште, 5.656 според последниот попис од 2002 година, со душа чекаат новиот пат да биде пуштен во употреба. По него, наместо најмалку половина час, до центарот на градот ќе стигнуваат за помалку од десет минути. Но, ќе мора да минат по булеварот Мајка Тереза, поранешна Водњанска, кај Клиничкиот центар. Овој булевар и сега, без жителите на Сопиште, е блокиран. Сообраќајните експерти со години предупредуваа дека патот за Сочев Град е невозможна мисија, меѓу другото, и поради метежот кај Клинички.

Градските власти велат дека ќе мора да се снаоѓаат со постојната мрежа за регулирање на сообраќајот на овој булевар.

„Водњанска нема каде да се шири, просторот е тој што го имаме сега. Нема друго решение, освен сообраќајот да го регулираме со воведување посебни режими. Како ќе се решава ова прашање ќе знаеме кога ќе се пушти во употреба новиот пат. Тогаш ќе можеме да утврдиме какви мерки треба да се преземат за да нема блокада на сообраќајот“, велат од Град Скопје.

Од таму нагласуваат дека патот за Сончев Град е надвор од границите на Генерланиот урбанистички план за Скопје и не бил консултиран во ниту една фаза од планирањето на оваа сообраќајница.

Маја Илиевска-Пачемска

http://makfax.com.mk/daily-news/%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86%D0%B8-%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%BE/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.