build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел на Плоштад Македонија (5.1)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 14-Jun-2018 at 22:30
Самсоненко јавно си кажа дека има проблеми со финансии, така што овој застој не е изненадување.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 03-May-2019 at 17:54
Поставено е бело платно,најверојатно вака ќе ги маскираме минимум уште 3 години дур не истече дозволата за градба



https://vecer.press/скопје-на-нозе-иде-папата-крофните-за/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1783
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 03-May-2019 at 17:55
Тоа е поставено за да се маскира затоа што папата доаѓа... А кога веќе не се ни доградува како што треба требало вака поодамна да маскираат и за нас што живееме тука...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 03-May-2019 at 18:53
Хаха знаевв!!!!!!
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 04-May-2019 at 02:05
Бруки невидени, дебилизам. Дека дојде папата сега се стави бело платно, а за обичниот народ нека е гнасно, нема проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 04-May-2019 at 06:19
Поголема брука е тоа што се дозволи да останат вака недоградени објективе во централното градско подрачје.Тука имаме три објекти едно до друго за кои не се знае кога ќе бидат завршени а истото прашање важи и за црквата Константин и Елена,за Елем,за фасадата на ЕВН за фасадата на Пелагонија.Сите се заглавени.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 07-May-2019 at 01:53



Апсолутно си во право стефчо, строг центар на градот - најрепрезентативно место на ниво на цела држава а вака оставени недовршени објекти со години и којзнае уште колку ќе чекаме додека се средат, е брука над бруките мизерија невидена, место тие да бидат приоритет да се средат еднаш засекогаш тие не срамат секојдневно... на еден начин ни ја отсликуваат состојбата во земјава за жал
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 07-May-2019 at 18:36
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 03-Jul-2019 at 16:16
„БЕТОН ШТИП“ ВО СТЕЧАЈ, ПРЕСТАНА ГРАДБАТА НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ И ХОТЕЛОТ НА ПЛОШТАД, ФИНКИ И КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

По едногодишната најава, ГП „Бетон“ АД Штип, кое во изминатиов период беше предмет на истрага на СЈО, конечно од вчера е под стечај. Поради основен долг само кон три компании-побарувачи од Северна Македонија, судијата Маја Џорлева вчера донесе одлука за „Бетон“ Штип да се отвори стечајна постапка. Првичните побарувања само од три фирми кои биле предлагачи за отворање на стечајна постапка, изнесуваат 76, 7 милиони денари.

По изјавата на портпаролот на Основниот суд во Штип Јулијана Недкова дека судската одлука за стечај на „Бетон“ ќе биде објавена во Службен весник и на огласните табли во судот, како и по објавата во два весника од страна на назначениот стечаен управник Драги Димовски, бројот на побарувачите и вкупниот долг на „Бетон“ се очекува значително да се зголеми, најмногу од вработените кои побаруваат неисплатени плати.

Поради ваквата состојба на контроверзната градежна компанија, градежните активности што оваа фирма ги почна, в еќе неколку месеци стагнираат, а на некои објект се и целосно запрени. Тоа важи и за изградбата на Клиничката болница во Штип која требаше да биде готова пред две години. Но, поради новонастанатата состојба грчката градежна фирма „Интеракт“ која беше изведувач на работите, лани го прекина договорот со Бетон.

При денешната посета на новата Клиничката болница во изградба во Штип наидовме на запрени кранови и на мирна тишина кај објектот кој се гради во кругот на постојната болница во Штип. Последните градежни активности престанале при поставувањето на прозорците и вратите на половина од објекот. Од некои простории продираа гласови на работници но не можеше да се утврди дали тие нешто работат на објектот или го обезбедуваат.

Во меѓувреме, дел од работниците отишле во странство, а дел за да ја искористат градежната сезона почнале да работат во други градежни фирми па сега е неизвесен вкупниот број на вработените во „Бетон“ Штип. Заминувањето на работници се зголемило уште кога се појавија првичните гласини дека фирмата ќе оди под стечај.

Директорот на Клиничката Болница во Штип Ален Георгеив вели дека целата ингеренција околу натамошната изградба на Клиничката болница е во рацете на Министерството за здравство. Ова министерство уште во 2016 година утврди инвестициона вредност на новиот објект во висина од 56 милиони евра, а по неколкуте пролонгирања на последната прес-конференција министерот за здравство Филипче најави нов рок дека новата Клиника во Штип ќе биде изградена до крајот на 2020 година.

Во прекин на изградба се и објектите што ГП Бетон АД Штип почна да ги гради и во Скопје некои дел од проектот 2014 година. „Бетон“ ја запре изградбата на Офицерскиот дом и на хотелот до Офицерскиот дом, како и зградата на ФИНКИ.

Според истражувањето на БИРН, „Бетон Штип“ има работено како изведувач на седум објекти од проектот „Скопје 2014“ за вкупна вредност од 55 милиони евра. Најголеми договори има склучено со државата за ФИНКИ – 12.804.035 евра, МЕПСО – 10.579.065 евра и за заедничката зграда на Уставен суд, Државен архив и Археолошки музеј – 9.064.807 евра.

„Бетон Штип“ е замешан во предметот на СЈО „Тендери“ против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е обвинета за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања за местење тендер.

Според воведните зборови на СЈО на судењето, поранешниот генерален директор на „Бетон Штип“ Илија Бреслиски во улога на сведок тврди дека обвинетата Канческа – Милевска како министерка за култура во 2011 година му кажала градежната компанија да ги изведе сите градежни работи пред Музејот на ВМРО и да не го чека тендерот, бидејќи средила да го добие неговата компанија.

Според последниот сертификат изготвен од брокерска куќа, објавен на веб страницата на градежната фирма, во сопственичката структура се компаниите ТИМ ДОО Скопје со 8.150 акции и со право на глас од 19, 50%, Орка Холдинг АД Скопје со 7.101 акција и со право на глас од 16, 99%, Езимит ДООЕЛ Штип со 6.611 акции и со право на глас од 15. 81%, ДПТИ Ексико ДООЕЛ Скопје со 6.000 акции и право на глас од 14, 35%.

Членови на одборот на директори се сопственикот на Винаријата „Езимит“ Зоранчо Митровски од Штип како претседател и извршните членови Ванчо Мијалчев градоначалник на Пробиштип од 1996-2000 година, генерален директор на Злетовица од 2001-2003 година и претседател на одборот на директори при рудниците Злетово од 2000-2002 година.

Извршни членови се охриѓанецот Цветан Панделески, кој бил во одборот на директори во ЗК „Пелагонија“ во Битола, акционер во „Лозар Пелистерка“ АД Скопје и во „Стопанска банка Битола“, и Валентина Димовска, директор за технички прашања на Клиничката болница Систина од 2012 година.

Не е познато дали во меѓувреме има измени во сопственичката структура на „Бетон Штип“, затоа што никој од раководството не сака да зборува за новонастанатата ситуација. Работниците се во неизвесност и како што велат засега нема кој да ги организира на штрајк, но затоа пак заради обезбедување на егзистенција дел од нив решиле да се префрлат во други градежни фирми, а дел да работат на црно во земјата или странство.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/beton-shtip-vo-stechaj-prestana-gradbata-na-ofitserski-dom-i-hotelot-na-ploshtad-i-finki/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.096 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.