build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел на Плоштад Македонија (5.1)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 30-Jun-2011 at 00:09
И мене не ми е јасно ова, на фасадата изгледа како да е спојувањето во приземје ??
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 30-Jun-2011 at 00:15


Погледни ги основите, а тоа на првата слика е главниот влез на хотелот.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Jun-2011 at 00:43
А да. Свртен е од страна на Сан Марко на сликата. Тоа продолжениот дел е тој што ‘‘излегува‘‘ на плоштад, и најверојатно тоа би било нешто како лоби, атриум можеби... или горе да има нешто како градина и слично...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 01-Jul-2011 at 14:46
аха, сега е многу поојасно, ја имав истата претпоставка кaко HugoGoulding
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 01-Jul-2011 at 14:58
crno beli sliki








Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 02-Jul-2011 at 01:44
Чеј сега, малку се збунив лол, Овај хотел ке биде поврзан со офицерски или со другиот Marriot hotel. Ако мозе некој да бапне една слика од Google Earth ако не го мрзи на планираните локации.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Jul-2011 at 13:28
Вака, се работи за два Marriot хотела, (барем јас таква престава добив) првиот е на парцела 5.1 на која се наоѓа и Офицерскиот дом 5.1.1 и тие ќе бидат поврзани заедно преку мост кој ќе е на првиот спрат ( според она што го разбрав), инаку и офицерскиот дом и хотелов ќе ги гради истата фирма, но незнам дали офицерскиот дом ќе и биде на располаѓање - кој ќе биде сопственик. Додека другиот хотел кој исто така е Merriot ќе биде на парцелата 5.2 веднаш пред банката ( не ми текнува како се викаше). Моментално оградениот простор на плоштадот е за парцелата 5.2 . 
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 03-Jul-2011 at 01:34
Аха фала батка
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 03-Jul-2011 at 12:55
ne be mislam deka ovoj ne e merriot
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 20-Mar-2012 at 11:18
Хотелот и Офицерскиот ќе се градат- ветува Кондоминас

Компанијата на грчкиот бизнисмен Кондоминас најавува дека наскоро ќе поднесе барање за одобрение за градба на Офицерскиот Дом и Хотелот на плоштад Македонија. На 20-тина дена до истекот на крајниот рок за оваа процедура за Офицерскиот Дом, од компанијата ветуваат дека ќе го испочитуваат договореното со министерството за транспорт .

„Рокот за поднесување на документацијата за барање на градежна дозвола не е истечен и истиот ќе биде испочитуван. (ќе се почне со градба н.з.) по добивање правосилно одобрение за градба“ – велат застапниците на ДЦ Прајм Пропертис.

Од грчката компанија сметаат и дека повеќе ја немаат обврската пред добивањето на дозвола за градба- решавање на односите со приватните сопствениците на околу 514 м2 квадратни под хотелот. Причината е новиот детален план на општина Центар, во кој објектите сега ја заобиколуваат приватната земја.

„Согласно стариот ДУП, ние таа обврска ја имавме и преговаравме преку нашата Адвокатска канцеларија во Скопје, со оглед на фактот што во меѓувреме се смени ДУП, мислиме дека е излишно понатамошното продолжување на преговорите.“

Грчкиот бизнисмен Кондоминас ги купи двете парцелите од вкупно 6308м2 на плоштадот за 630 000 евра, пред една година. Негова обврска е на нив да изгради хотел на светски бренд и зградата на Офицерскиот Дом. Проектите, кои се дел од Скопје 2014-та, претходно мора да поминат пред комисија во министертвото за транспорт, а по завршувањето, дел од Офицерскиот Дом треба да го врати на државата.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=47572
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 22-Mar-2012 at 01:34
со оглед на фактот што во меѓувреме се смени ДУП, мислиме дека е излишно понатамошното продолжување на преговорите

Браво за вас, само што ДУП-от не се смени сам   Stern%20Smile

Јасно е кој и зошто го смени ДУП-от и таквото криминално поигрување со урбанистичките планови одамна е пракса кај нас, но да не заборавиме, тука случајот (криминалот) е далеку потежок, со оглед дека сега станува јасно колкава фарса било „наддавањето“ за земјиштето. Вакви услови очигледно се ставаат за да бидат страшила со кои се бркаат преостанатите заинтересирани:
10. Изјава уредно заверена кај овластен нотар дека ја прифаќаат обврската за решавање на имотно правните односи со сопствениците на приватното земјиште кое влегува во рамки на градежната парцела 5.1.2 и дека нема да бара никакво оштетно побаравуање кое евентуално би се појавило во врска со истото спрема Република Македонија.


И така драги мои, се купуваат неколку илјадни метри квадратни најатрактивно градежно земјиште на Плоштад Македонија, по цена од 100 евра за метар квадратен.

А потоа се менува урбанистичкиот план и магично му се олеснува животот на купувачот на земјиштето со тоа што проблематичното приватно земјиште се иззема од градежната парцела. Само што ова всушност не е никакво јавно наддавање, туку премногу провидна, повеќемилионска криминална зделка во четири очи. И ваквите случаи исто така почнуваат да зачестуваат, а сите институции замижуваат.





Edited by Cloverstack - 22-Mar-2012 at 02:03
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 22-Mar-2012 at 02:21
Дали се има информации, зошто не се откупени приватните парцели?
Јас немам информации за преговорите, и дали може стопанственците на приватното земјиште да одбиваат да го продадат или пак едноставно да бараат некоја ненормална цена? Ме интересира дали е ова регулирано со закон, и колку високо може да се иде со земјишна цена во ваков случај,
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 22-Mar-2012 at 02:26
Интересни прашања, но сепак небитни во случајов. Едноставно можеше (и требаше) да го изземат проблематичното земјиште од парцелата уште пред тоа да оди на продажба. Вака јасно е дека тоа проблематично земјиште е искористено токму како механизам за правење на злоупотребата.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 22-Mar-2012 at 07:58
те разбирам што сакаш да кажеш, во секо случај звучи комплицирано. Би било интересно каде работите запнале, според информациите преговори сепак имало, а зошто не се завршени...
Не знам што фајде ќе имаат стопанствениците од тоа земјиште, така опколени со хотел, во секој случај во интерес е плоштадот да не биде вечно градиличте и овие објекти да се завршат и центарот да се среди. Имам чуство и дека мариот скопје чека на овој хотел, никој не би сакал да претстојува во хотел на сред градилиште. Некако се се случува синхронизирано
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 23-Mar-2012 at 01:29


Не се согласувам, мислам дека шемата е премногу едноставна и провидна. Вистински преговори очигледно немало, туку овој маневар бил испланиран уште пред да биде продадено земјиштето, како начин тоа да биде направено далеку под пазарната цена. Да не бидеме до толку наивни, да го жалиме грчкиот милјардер, кој ете кутриот демек се мачел и преговарал, ама неуспешно, па нашиве институции биле дубоко трогнати и одлучиле да му ги решат проблемите, притоа дури користејќи се со методи кои не можат да се толкуваат никако поинаку освен како криминални.


Edited by Cloverstack - 23-Mar-2012 at 01:32
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 23-Mar-2012 at 09:22
А јас се кладам дека ако се изгради хотелот со офицерскиот дом, во тој меѓупростор ќе си уредат паркче врз тоа земјиште, и никому ништо...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 24-Mar-2012 at 08:15
Originally posted by Cloverstack



Не се согласувам, мислам дека шемата е премногу едноставна и провидна. Вистински преговори очигледно немало, туку овој маневар бил испланиран уште пред да биде продадено земјиштето, како начин тоа да биде направено далеку под пазарната цена. Да не бидеме до толку наивни, да го жалиме грчкиот милјардер, кој ете кутриот демек се мачел и преговарал, ама неуспешно, па нашиве институции биле дубоко трогнати и одлучиле да му ги решат проблемите, притоа дури користејќи се со методи кои не можат да се толкуваат никако поинаку освен како криминални.

премалце знам што се случува во позадина за да можам да кажам што се случува, али едно е сигурно Скопје и цел Македонија очајно им треба инвестиции и развој, па претпоставувам во тој процес се прогледува многу низ прсти. Али тоа е случај насекаде додуша, кај има многу пари многу врати се отвараат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 25-Mar-2012 at 00:58
Сметам дека е повеќе од сигурно дека немало никакво „прогледување низ прсти“ поради некакви возвишени идеали, а дури и да си во право дека тоа бил мотивот, повторно недозволиво е инвеститори да се привлекуваат со криминални шеми. Па нема ваљда на ваквите шеми да гледаме како на можна општествено корисна активност?

Всушност инвеститорите, оние асланите, сакаат фер услови. Со вакви криминали нив само дополнително ги тераме да не заобиколат уште повеќе.




Edited by Cloverstack - 25-Mar-2012 at 01:02
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 18-Jan-2013 at 11:17

СКОПЈЕ
    
17.01.2013, 16:51
Се расчистува теренот за новиот Офицерски дом



„Градски паркинг“ деновиве и целосно ќе се повлече од земјиштето кое со години го користи како паркинг-простор

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

По речиси две години откако ја купи атрактивната парцела на плоштад „Македонија“, грчкиот бизнисмен Димитри Кондоминас се подготвува да почне да го гради хотелот и Офицерскиот дом. Неговите правни застапници, адвокатската куќа „Чукиќ и Марков“, почнуваат да му го подготвуваат теренот за градба. Побарале дислокација на постојниот паркинг поради неопходното заградување на просторот за да се отвори градилиште. Во меѓувреме тие веќе ја обезбедиле и градежната дозвола.

Детали кога ќе отпочнат со градежните активности, со која динамика ќе се работи и слично, застапниците не кажуваат. Воопшто, од адвокатската куќа „Чукиќ и Марков“ не се достапни за какви било информации во врска со нивниот грчки клиент, кој, всушност, ќе гради два објекта кои се дел од „Скопје 2014“.

Но, очигледно, се бројат денови кога локацијата ќе почне да се заградува. Завчера од паркингот во непосредна близина на парцелата беа отстранети рампите, а „Градски паркинг“ деновиве и целосно ќе се повлече од земјиштето кое со години го користеше како паркинг-простор.

„Добивме допис, а остваривме и средба со адвокатот и ни беше укажано дека во рок од седум дена треба да го отстапиме просторот бидејќи новиот сопственик на парцелата планира да почне со околчување на просторот“, ни рекоа накусо вчера од „Градски паркинг“. Од таму не знаеја да кажат дали целиот постоен паркинг се наоѓа на парцелата во сопственост на Кондоминас.

Грчкиот бизнисмен, пак, пролетта во 2011 година ги купи двете атрактивни парцели на плоштадот „Македонија“ наменети за изградба на Офицерскиот дом и хотелот веднаш до него. Урбанистичкиот план дозволува објектите да бидат изградени до максимална висина од 29 метри, односно предвидена е изградба на објект од седум ката со потпокрив. Кондоминас стана сопственик на земјиштето по пат на лицитација на која беше единствен понудувач. Плати околу 630.000 за речиси 6.300 квадрати земјиште. Според условите на лицитацијата што ги постави државата, тој требаше да откупи и уште околу 500 квадратни метри од приватни сопственици, а потоа да го изгради хотелот во барокен стил и градска куќа со лушпа на некогашниот Офицерски дом, во која ќе биде сместен кабинетот на градоначалникот на Скопје и Матичната служба.

Неодамна, од Министерството за транспорт и врски информираа дека Кондоминас засега ги почитува роковите за изградба што ги налага договорот за отуѓување на земјата.

„Договорот за отуѓување на градежно земјиште на две градежни парцели меѓу Министерството за транспорт и врски и фирмата ДЦ 'Приме пропертис' е склучен на 4 април 2011 година. Инвеститорот во предвидениот рок од 12 месеци извади градежна дозвола од Општина Центар. Во моментов течат роковите за започнување на изградбата и завршување на објектот. Купувачот е должен да ја заврши изградбата во рок од 6 години од добивањето на одобрението за градба“, рекоа од ресорното министерство.

Инаку, Кондоминас влезе во Македонија преку фирмата „ДЦ приме пропертис СА“, како филијала на грчката „Демко прајм пропертис“, а партнер му е синџирот хотели „Мериот“.

Паркингот на плоштад веќе не е во функција

Јавниот градски паркинг веќе не е во функција. Всушност, на него од вторникот може да се паркира, но користењето не е регулирано и не се наплаќа. Од „Градски паркинг“ информираа дека на сопствениците на месечни и годишни билети за овој паркинг ќе им биде понудено користење на алтернативни паркинзи. Во случај тоа да не им одговара, најверојатно ќе им биде вратена разликата во парите што ја платиле за месечно или за годишно користење на конкретниот паркинг. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=37960707E6FA2B4BB08F25C5E275E07B
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 23-Jan-2013 at 10:45
denes pominav od plostad na golemo se zagraduva i raskopuva ovoj prostor, parkingot e veke odamna trgnat
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.