build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Избор на најгрдиот објект во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 03-Jan-2021 at 22:15
Штета што некој пред 15-тина години ја откупил парцелата и изгради ваква грдосија,поточно и не беше до толку лоша се додека не се случи ова со покривот кој при еден силен ветер се откорна ама мислам имаше и уште нешто спорно па еве сега остана вака ем грдо ем опасно.Но ете станарите сеуште живеат тука дури и на горните катови каде сигурно и протекува при секој посилен дожд,немаат подземен паркинг од задната страна имаат стаклен лифт ама мислам дека и тој не работи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 07-Jan-2021 at 18:30
Во Кисела Вода сме ја коментирале и порано изгледа годинава ќе ја завршат(од фб)

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 07-Jan-2021 at 19:19
Зградата е почната многу оддамна, се гради од некоја фирма изгледа на Стевчо Јакимовски и кога се разидоа политички со неговата стара партија, од тогаш се заглави објектотв и така остана. Барем такви шпекулации имаше кога застана изградбата.

Инаку е невероватно грд објект, терасаите не се цврста градба него се конзолни метални некакви винкли, на кои одозгоре е поставен ребраст лим, врз кој вероватно има нешто што изиграва плоча. Малку стиропор однадвор за да има нота на масивност. Незнам ни дали се дел од проектот или се така на диво исфрлени над улица а прошверцани како некакви декоративен фасаден елемент. Мислам дека ако излезе потежок човек на "терасиве" може да му се свиткаат под нозе.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15042
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 07-Jan-2021 at 22:16
Незнам што имало претходно на локацијата веројатно некаква куќа како оние од лево,незнам како се пазареле и кому му се исплати да чека стан 7-8 години и на крај да добие вакво нешто. Патем прашање дали и колку од становите ќе се продадат(никаде не сум видел огласи или било какво инфо за зградава ко да им се продадени или не им е битно дали ќе ги продадат). Балконите се тешка импровизација и поткровјето е ужас искрено незнам кој би се одлучил тука да купи стан.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 20-Jan-2021 at 21:55
Ништо немаше тука, празен простор беше.

Од 2014 се влечка зградава и стварно е грда.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 22-Apr-2021 at 22:30
За таа зелената зграда во Мичурин ја знам приказната, бидејки во близина живеам па имам слушнато од доста луѓе.

Наводно инвеститорот си ја изградил, па после сакал илегално да ја догради ама овие од општина го фатиле, па остана така таа зграда недовршена па заради тоа терасите така изгледаат.
Но за да биде приказната уште полоша, во 2010 - 11 кога фати едно силно невреме отиде кровот, падна. Штета имаше, неколку коли распарчени, а зградата што не беше довршена остана без кров. И после идните години имаше некои мајстори заковуваа.

Сум бил во таа зграда неколку пати. Лифтот е расипан и стаклото за лифтот е скршен (наводно некој се заглавил па го скршил), оти толку квалитетни и безбедни тие лифтови... Првите 3 спрата се е океј, ама после 4ти, 5ти е буквално морничаво, како на хорор филм. Измет од птици, гнезда и нетизнам што.

Долу во гаражата е рок темница, неможе ништо да се види а и никој не ја ни користи од станарите.

Освен тоа зграда како зграда навистина чуден и досаден дизајн.


За мене најдобра зграда, МТВ!!! Socialism Engineering at it's finest.

Навлечен сум по брутализмот, и не сум многу фан на евтините барокни груевистички згради. Сепак, брутализмот е симбол на Скопје, симбол на Солидарност, симбол на сила на Социјализмот!!!

А ако треба конкретно станбени згради, е тогаш Кулите Бомија или Воените Кули во стар Аеродром.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.