build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Министерство за надворешни работи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 38>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
5 [7.25%]
6 [8.70%]
6 [8.70%]
7 [10.14%]
2 [2.90%]
7 [10.14%]
4 [5.80%]
2 [2.90%]
5 [7.25%]
25 [36.23%]
You can not vote in this poll
Total votes: 69   Average: 4.42

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 27-Jul-2011 at 02:25
The neverending story...

Политичари ќе висат на зградата на МНР за 1,8 милиони евра



Меѓу светските политичари, чии скулптури ќе бидат високи меѓу 2,5 и 3 метри, ќе бидат Линколн и Черчил, наши нема да има

Триметарски скулптури на светски политичари ќе ја красат фасадата на новата зграда на Министерството за надворешни работи. Линколн и Черчил ќе бидат едни од десетиците ликови што симболично ќе „висат“ на зградата во која ќе биде сместена администрацијата, а ќе наминуваат и дипломати. Скулптури на македонски политичари наводно нема да има, но зошто, надлежните се без конкретен одговор. За разиграната фасада на седумкатницата ќе се потрошат околу 1,8 милиони евра, а за реализација на планираното задолжени ќе биде „Бетон“ кој е и главен изведувач на објектот.

Васил Доневски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи која е потписник речиси на сите зделки за новите административни објекти, вели дека надворешниот изглед на зградата не е новина во проектот, ниту, пак, е нешто невообичаено. Фасадата е дел од идејното решение за објектот на МНР, чии автори се Лидија и Благоја Стојановски. Според Доневски, декорациите ќе бидат изведени од различни материјали, од лиен бетон техника „сто“ за која генерално се употребува природен камен, потоа мермер, бронза...

„Комбинацијата на предвидените декорации на фасадата уште од сега, само на хартија гарантираат дека објектот ќе биде навистина впечатлив и ќе ‘зрачи‘ со голема симболика. Освен планираните скулптури на светските политичари, чија висина ќе се движи помеѓу 2,5 и 3 метри, надворешноста на зградата ќе ја красат и капители, тимпанони, како и еден вид скулптури на кои ќе бидат претставени македонски народни носии. Планирани се 60 скулптури и само мал дел од нив нема да бидат со ликови на политичари“, објаснува Доневски кој не се сомнева дека фасадата ќе биде изведена навремено и беспрекорно, иако има замислен сложен изглед.

Директорот е задоволен од досегашната динамика на изградба и вели дека засега не постојат пречки администрацијата на МНР да се всели во новите работни простории до крајот на годинава. Всушност, и „Бетон“ кој ја гради зградата за 13,5 милиони евра има обврска да го предаде клучот до крајот на ноември.

Според проектот, објектот ќе има седум ката и стилска фасада, а вработените ќе можат да се паркираат во подземен паркинг на две нивоа, за кој наскоро треба да се избере изведувач. Со вселувањето администрацијата на МНР, конечно, ќе добие сопствена постојана адреса. Неколкугодишното потстанарство во повеќе објекти низ градов и високите кирии беа една од причините зошто Владата одлучи на МНР да му изгради сопствена зграда, која е дел од „Скопје 2014“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3F4EE42CD93CD2479529069A9B1E4CC6
Back to Top
ivopfc View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivopfc Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 27-Jul-2011 at 06:33
Ова изгледа го виделе објектот на Роџер, па се инспирирале за статуиве....
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 27-Jul-2011 at 09:49
Јас гласам и Хитлер да го закачат
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 27-Jul-2011 at 11:07
Уште тој фали од неговото време заедно со сталин.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3917
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 27-Jul-2011 at 12:08
Originally posted by HugoGoulding

Јас гласам и Хитлер да го закачат

Za mene vakvo nesto ne e smesno! Dojdi vidi go mestoto kade se slucuvalo toa horor pa dojdi komentiraj pakRoll%20eyes
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 27-Jul-2011 at 12:32
Не ми се допаѓа да има странски личности.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 27-Jul-2011 at 14:07
kakvi gluposti pravat lelleeeeeee
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 27-Jul-2011 at 15:47
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 27-Jul-2011 at 16:05
Пред да ги отерам таму каде што им е местото, кога веќе се решавале за нешто вакво, нели е понормално да стојат во холот на министерството, да име посебна просторија, во која ќе може да влегуваат и обичните смртници, плус секој странски дипломат што ќе влага веднаш ќе ги забележува, освен ако немаат намера да ги шетаат после тоа по терасата. Имаат идеи, ама тотално погрешна претстава за простор и значење. Не знам за вас, ама јас кога би трошел 2 милиони евра туѓи пари и би правел нешто по ќејф, ќе го направам тоа за да може да биде достапно барем за сите даночни обврзници.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 27-Jul-2011 at 19:17
Апсолутно сум против скулптури на странски државјани и тоа со пари од граѓаните на Македонија. Ако сакат скулптури амбасадите нека донират и истите ќе им бидат поставени во паркот на цивилизациите, но со мои пари да го плаќам Черчил со кого немам никакви допирни точки и тоа во мојот главен град, тоа веќе се граничи со лудост и пред се навреда за оние кои навистина заслужуват да им биде оддадена почит. На крај на краевите нека бидат скулптури кои нема да представуват никого.


Edited by kultuzin - 27-Jul-2011 at 19:20
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 27-Jul-2011 at 20:48
Toa e zgrada na MNR i skulptura na ovcar so kaval siguurno ne i e tamu mesto. Vtoro postavuvaat stranski zatoa sto bile poznati i znacanji za svetskata politicka istorija, a za makedonci i da se utepas barajki nema koj da stavis. Nasata politika e mizerija. Pa taka da nikoj ne zasluzile da stojat na vrv zgrada. A idejata za skulpturi na zgradi celosno ja podrzuvam.
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 27-Jul-2011 at 22:38
Значи вака типви како Линколн и Черчил немат место на зградата на министерството за надворешни работи на МАКЕДОНИЈА.
Ако веќе ставаме странски политичари тогаш би предложил тоа да бидат луѓе кои имале некаков допринос во градењето на надворешната политика и афирмација на Македонија како држава. Ќе спомнам неколку мои предлози и очекувам дека ќе бидам надополнет.
Прво и основно една од централните фигури според мене би требало да биде Борис Трајковски од домашните а од поновата историја можеби и Кљусев би нашол свое место на зградата. Од странските дипломати би ставил статуи на пријателите на Македонија , како неизоставен тука би бил Ханц Лотар Штефан (германски амбасадор во Р.Македонија и автор на книгата Македонскиот Јазол). Потоа на неодамна починатиот
Erzherzog Franz Joseph Otto von Österreich . Одприлика во тој правец би требало да се движи според мене избоот на личности кои ќе добијат статуа на зградата на МНР.
Back to Top
strajk View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Mar-2011
Location: Skopyeah
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote strajk Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 27-Jul-2011 at 22:44
Ova veke e preterizamOhno
ФК Вардар гордоста на Скопје
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 27-Jul-2011 at 22:58
Originally posted by kultuzin

Значи вака типви како Линколн и Черчил немат место на зградата на министерството за надворешни работи на МАКЕДОНИЈА.
Ако веќе ставаме странски политичари тогаш би предложил тоа да бидат луѓе кои имале некаков допринос во градењето на надворешната политика и афирмација на Македонија како држава. Ќе спомнам неколку мои предлози и очекувам дека ќе бидам надополнет.
Прво и основно една од централните фигури според мене би требало да биде Борис Трајковски од домашните а од поновата историја можеби и Кљусев би нашол свое место на зградата. Од странските дипломати би ставил статуи на пријателите на Македонија , како неизоставен тука би бил Ханц Лотар Штефан (германски амбасадор во Р.Македонија и автор на книгата Македонскиот Јазол). Потоа на неодамна починатиот
Erzherzog Franz Joseph Otto von Österreich . Одприлика во тој правец би требало да се движи според мене избоот на личности кои ќе добијат статуа на зградата на МНР.
Никој не рече дека нив немало да ги има. За сега не се откиени сите имиња.
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 27-Jul-2011 at 23:00
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 27-Jul-2011 at 23:05
Може ќе ги има , но уште кога почнаа со Линкол и Черчил можам само да замислам каде ќе завршат. А овие двојца уште еднаш ќе кажам немат никаква основа ни заслуга да бидат истакнати на МНР.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 27-Jul-2011 at 23:07
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 01-Aug-2011 at 08:50
НОВАТА ЗГРАДА ЌЕ ЈА КРАСАТ СКУЛПТУРИ НА СТРАНСКИ ДРЖАВНИЦИ

Цар Петар и Џорџ Вашингтон на фасадата на МНР



Изборот на личностите не е извршен според влијанието врз Македонија и нејзината историја, туку според заслугите за светскиот мир и демократија, велат во Службата за општи и заеднички работи, преку која се одвива изградбата на објектот на МНР

Фасадата на новиот објект на Министерството за надворешни работи, освен со скулптури на светски политичари, ќе биде украсена и со фигури на над 60 странски државници, историчари, цареви и филозофи кои оставиле трага во светската дипломатија и меѓународната политика.

Првиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Вашингтон, рускиот цар Петар Велики, кинескиот генерал Сунг Цу (автор на „Уметноста на војувањето“) се само дел од личностите што се одбрани да бидат украс на фасадата на новата зграда за македонската дипломатија.

Черчил под прашалник

Скулптурите ќе бидат поставени на терасите и на прозорците на зградата. На скиците од проектот се гледа дека на секој кат има по десетина скулптури, а највисоките се најгоре. Фигурите на терасите ќе бидат високи по три метри, а останатите по 2,5 метра. Меѓу ликовите што ќе може да се видат ќе бидат и италијанскиот политичар Џузепе Мацини, заслужен за новите европски движења и независноста на Италија, старогрчкиот историчар Тукидид, американскиот претседател Абрахам Линколн и други.

Во Службата за општи и заеднички работи, преку која се одвива изградбата на објектот, изјавија дека изборот на личностите не е извршен според влијанието врз Македонија и нејзината историја, туку според заслугите за светскиот мир и демократија.

Во јавноста излезе информација дека на фасадата ќе виси и фигура на британскиот премиер Винстон Черчил, по што се јавија реакции дека поради неговата контроверзна улога во македонската историја не е најсоодветен избор за фасадата на МНР. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Васил Доневски, изјави дека не може да потврди дека на фасадата ќе се најде и фигурата на англискиот политичар и нобеловец за литература.

- Јас такво нешто не сум кажал. Не можам да се сетам дали меѓу 60-те избрани личности е и Черчил - изјави директорот Доневски.

На фасадата, според идејното решение, се предвидени релјефи и орнаменти од македонски и странски народни носи. Ќе бидат изработени од леан бетон, со техника во која ќе има и природен камен, мермер и бронза.

Изработката на елементите за фасадата му е доверена на „Бетон“, истата фирма која и го гради објектот. За фасадата „Бетон“ на државата ќе и наплати 1,8 милион евра, а има обврска да ја доврши до 20 ноември.

Во Министерството не знаат ништо

Идејното решение за објектот и фасадата е на авторите Лидија и Благоја Стојановски. Од владината служба не откриваат други детали за фасадата - ниту имињата на останатите политичари ниту редоследот по кој ќе бидат редени на прозорците и терасите. Велат дека во изборот на светските политичари учествувале раководни лица од Министерството за надворешни работи. Но, Борче Стамов, портпарол во МНР негираше такво нешто. Според неговите изјави се добива впечаток дека МНР е надвор од сите случувања, односно надлежните од ова министерство немаат никакви информации во какво објект ќе се вселат.

- Не е точно. Иако објектот е наменет за МНР, ние во ниеден момент не бевме вклучени во планирањето на објектот, па ниту по тоа прашање -изјави Стамов.

Објектот на МНР се гради како дел од проектот „Скопје 2014“ на платото пред Македонската опера и балет. Ќе чини вкупно 13,5 милиони евра, а се очекува да биде готов на почетокот на наредната година.
Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C653D197E20EC242B23200FD599ADB91
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 01-Aug-2011 at 23:59
извор:SkyscraperCity од Srdjan Adamovic





Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 02-Aug-2011 at 00:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.