build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Министерство за надворешни работи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 38>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
5 [7.25%]
6 [8.70%]
6 [8.70%]
7 [10.14%]
2 [2.90%]
7 [10.14%]
4 [5.80%]
2 [2.90%]
5 [7.25%]
25 [36.23%]
You can not vote in this poll
Total votes: 69   Average: 4.42

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Министерство за надворешни работи
    Posted: 10-Apr-2009 at 12:38
Не верувам дека е отворена тема за овој објект - Министерство за надворешни работи. Во конкурсниот материјал за хотел на плоштад Македонија (да не кажам тендерот) дадени се материјали со кои се посочува во кој правец треба да се движат решенијата за новиот објект (нечуено и невидено во историјата на архитектурата и воопшто човештвото) и како репер објекти се решенијата на К. Мангароски за Градска куќа и извесно Министерство за надворешни работи, за кој објект до сега ниту имало конкурс (или тендер како им е помило да го нарекуваат). Во прилог на ова скенирам една фасада (по кратката страна), колку да имате претстава за какво чудовиште се работи. Ако има некој повеќе информации, отворете нова тема и префрлете го постов....ме интересира точната локација на објектов, сега министерството се наоѓа во близина на Градската болница, ако добро се сеќавам, дали е ова на таа локација или некаде на плоштадот?!

Academism reborn!

Ако сакате ќе ја дополнам галеријата со другите фасади!?

п.с. Поздрав до сите архитектонски форми на здружувања во РМ (комори, асоцијации, факултети), што седите со затворени очи на ова унаказување на градов!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Apr-2009 at 12:48


Eeek2

те молам дополни ја галеријата и со другите фасади.

Новиот објект на МНР се планира на локацијата карши Холидеј ин на ќошот пред МНТ. Ако овој проект е за таа локација блазесе ни.



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Apr-2009 at 13:11
Ова е маркицата 7.10 во ДУП Мал Ринг. Очигледно се работи за близнак на Уставниов суд, зашто колку што можам да заклучам, сликата што ја пушти се однесува на западната фасада, а на сликата се гледа голема купола и мала купола испред нејзе, што значи дека има уште една мала купола позади големава. Значи ова ќе биде некој близнак на уставниот суд само што средниот дел нема да биде триаголнест него кружна купола.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Apr-2009 at 13:18
Тоа е тоа...на а3 формат се, па морав да ги сликнав со мобилен, се извинувам за лошиот квалитет на сликите, ама поентата се разбира, тоа е архитектурата, истата таа со која Светот и Европа се разделија на крајот на 19 век, а која ние сега ја откриваме...сите назад во средно, не во влада!!!


MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Apr-2009 at 13:19
Лееј и ја го гледав конкурсот, и го приметив објектот. Условите на конкурсот се брука, и ептен е очигледно дека оној што ја проектирал градската куќа ќе го добие и конкурсот за хотелот Како воопшто можеле да го дадат тој објект во проектната документација, кога се наоѓа речиси километар подолу! Зошто Типо, Метропол и Ристиќева се заборавени? КОга веќе се прави објект на плоштад, мора да биде даден непосредниот контекст. Мајка бараат да го даваат објектот на МНР. Зашто тогаш не го дале и МНТ? Ептен се проѕирни! Демек се залагаат за дооформување наплоштадот, а немаат елементарни познавања како тоа се прави!

Скорз се испобунив со објектот на МНР. Ај што е ружен ко све остало што е во план да се гради...Ама она што  највеќе ме буни е тоа што за објектов има готови изгледи, а јас не сум слушнал никаква вест дека имало воопшто конкурс за тој објект.

Anyone?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Apr-2009 at 13:30
Даве Гахан, ај ако можеш и јужната фасада , да видиме каков влез се планира према вардар, пошто оваа што е постирана е северната фасада!

Ајде, Hit MEeeeee!
Back to Top
schumi View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Mar-2009
Location: ЧЕНТО
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote schumi Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Apr-2009 at 13:39
Незнам што всушност треба да значи сево ова... Ќе разберев да се два-три објекта во тој неокласичен стил, но го претераа веќе. Веќе и не знам за колку објекти се работи. А што е најлошо од се ги накрцаа сите во строгиот центар. Центарот стана буквално турли тава од различни стилови. Камениот мост, од турско време во комбинација со бруталистичките згради на мепсо, телеком и пошта, потоа дојдоа Соравија, Лумикс и сега Магос, за како јаготка на шлагот да ни ги плеснат и овие антички градби, а да не ја заборавиме и црквата. Како што вели рекламата, Скопско и се е можно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Apr-2009 at 13:44
Originally posted by ArchiTechTone

Ама она што  највеќе ме буни е тоа што за објектов има готови изгледи, а јас не сум слушнал никаква вест дека имало воопшто конкурс за тој објект.
Anyone?


Зарем имаше конкурс за Уставниот суд?
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Apr-2009 at 13:50
Originally posted by pbanks


Зарем имаше конкурс за Уставниот суд?


Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile добра поента!!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Apr-2009 at 13:54
Лсл, намерно не ја постирам, затоа што е идентична, си го знаел архитектот својот стил -  Правило бр.1 - СИМЕТРИЈА...
...сакам уште неколку детали да потенцирам.

Причајте на КИРИЛИЦА!!!


Извадок од текстот за кој при составувањето не е користенo повеќе од мал мозок...какви противречности!?Wallbash



Edited by Dave Gahan - 10-Apr-2009 at 15:37
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Apr-2009 at 14:58
Генијално! Едвај чекам лопата за да видам какво рефлектирачко стакло одбрале...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3712
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Apr-2009 at 15:08
mi se dopaga, kolku visoka ke bide (metri)
dave gahan, neli nema da ima problem kako sudot sto se gradi vo momentov??
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Apr-2009 at 15:22
Originally posted by my Macedonia

mi se dopaga, kolku visoka ke bide (metri)
dave gahan, neli nema da ima problem kako sudot sto se gradi vo momentov??

Сериозно!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Eden Decko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Eden Decko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Apr-2009 at 15:30
Јас мислам да почнам да учам латински зашто гледам владава ги врати сите мртви правци во архитектурата и уметноста, па изгледа ќе ги врати и мртвите јазици.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3712
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Apr-2009 at 15:40
Big%20smilePreviouskoga se prasa nesto togas treba da ima  i odgovor,,= ne mi lici na odgovorBig%20smileBig%20smile
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Apr-2009 at 16:05
Еве одговор: Нема податоци, ако видиш горе поубаво, објектот е даден како референтен во однос на обликувањето и нема никакви урбанистички параметри (венци, слемиња, не знам што друго), дури не е наведена ни локацијата.
Прашањето не го разбирам, проблем од каков карактер?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Apr-2009 at 16:11

ова не требаше дефинитивно, најверојатно сакаaт да направат некаква стилска спојка  со плоштадот  МКД и дупот кај Црквата Пресвета Богородица.  таквиот спој не е изводлив ниту пак издржан по кој и да било аршин, плус во контекст на позадина како МОБ, МФ и стакларникот на комерцијална! се можев да разберам до сега ама ова никако, ептен ја утнале локацијата за ваков стил,  за тука единствено добро решение би била идејата на словенците за културен центар...

www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130&PID=34552#34552

ова сега вака навистина немам и несакам да имам претстава како ќе излезе на крајот, тука не смееше ни во гупот да се внесува никаква маркица со оглед дека навистина непотребно се преоптоварува самиот простор, особено што како појава вака сега како што се чисти овие два плоштади и кај Црквата Пресвета Богородица и кај МОБ прават една отворена целина која дава акцент на влез во културен реон, Црквата, НУБ, МОБ, МФ... 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Apr-2009 at 20:40
Еве што има евидентирано Кловер на 23.01.2009. Според текстов конкурс имало Roll%20eyes

Originally posted by Cloverstack

Ова ни промакало прошлата недела. Се работи за уште една од новите спорни маркици (7.10) вцртани во планот кој е пред уставен суд. Маркицата се наоѓа карши Холидеј Ин (преку Вардар). Произлезена е од „поделбата“ на претходната маркица за хотел, а проблемот е што ја имаат проширено до самата ивица на кејот, што е во спротивност со ГУП-от.

НОВА ЗГРАДА ЗА МНР
Дипломатите први соседи на Балетот

Владата ќе гради нова зграда на Министерството за надворешни работи. Новиот објект на МНР ќе биде лоциран на просторот пред Македонската опера и балет, каде што е познатиот пазар за откуп на стари книги. Од МНР потврдуваат дека се заинтересирани Министерството да добие нови простории најмногу поради малиот капацитет на постојниот објект. Според нив, тоа особено доаѓа до израз при посети на странски делегации и претставници на дипломатскиот кор. Сегашната зграда на улицата Даме Груев, МНР ја дели со Заводот за статистика и во неа се сместени околу двесте вработени. Оваа година многу министерства и владини служби ќе добијат нови простории во зградата на поранешна „Нова Македонија“, која и беше доделена на Владата. Изградба на државна институција околу кејот е предвидено и со деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ на општина Центар. Во него стои дека објектот ќе има седум ката и поткровје и висина од 29 метри. Во непосредна близина на новиот објект на МНР ќе биде и зградата на Уставниот суд. Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи, вели дека токму по барање на Владата распишале конкурс за избор на идејно решение за објектот. - Новата зграда на Министерството за надворешни работи ќе биде во непосредна близина на кејот. Владата ни наложи да го избереме идејното решение по пат на конкурс и се надевам дека ќе пристигнат оригинални решенија - вели Доневски. Се очекува новиот објект на македонската дипломатија да биде завршен најдоцна за две години.

И.Ч.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1597&ArticleID=105524



Edited by pbanks - 10-Apr-2009 at 20:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Apr-2009 at 20:51
Еве ја и локацијата 7.10


Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Apr-2009 at 11:02
мене ми се допаѓа зградата, но не на таа локација.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.