build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменик Филип II - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 04-Jun-2009 at 09:50
Па не може тие од долу да се заменат со некоја „ламба“ затоа што намерно од долу се поставуваат за да го осветлат споменикот на таков специфичен начин
Back to Top
huluvu View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote huluvu Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 08-Jun-2009 at 19:01
одговор на #55

имаше 3 елки, еден орев, и едно, не знам какво, дрво, не ми текнува.
факт е дека немаше никаква политичка заднина бидејќи воопшто не ме интересира политика, а камоли да бидам член во некоја партија. (никој од еколошки совесните учесници во оваа инсталација не е)
лентата беше „позајмена“ од истото место и со ацетон избришано тоа „висок напон“ или „блаблабла полиција, забрана ова она“ и со бел спреј преку стенсил нанесено „место на злосторство“ (значи ако беше политички организирано ќе имавме партиска, купечка лента наштампана во некоја печатница)

кога сме кај споменикот, филип 2 за мене е ОК. сето тоа околу е кич.

кога сме кај средствата за споменикот... некни излета кола од неограден мост, наместо ограда на истиот тој мост има слична ваква лента на која пишува „телефонски кабел“.
патем, наместо ова фрлање пари можеле да платат преведувачи за младите да не се едуцираат од дискавери, анимал планет , нејшнал џиографик и ред други, на српски и бугарски јазик.

кога сме кај патриотизмот: зошто најголемите патриоти пуштаат музика за југоносталгичари (од тие 6 звучни грдосии) ?

кога сме кај хидрауликата: не сме, откажа на тестирањето

тотално несериозен проект, прашајте со колкумина од архитектите во битола било кој се консултирал.





Edited by huluvu - 08-Jun-2009 at 19:05
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 08-Jun-2009 at 19:47
Па добро, извини тогаш што те етикетирав погрешно, но најчесто секогаш нешто почнува како граѓанска иницијатива, и ако е во корист на владата одма партиски војници од вмро мешаат прсти во манџата, демек тие се заслужни, а ако е против идеите на владата одма војници пак од сдсм мешаат прсти, и демек сега тоа е нивно дело. Тоа од некое општо негативно искуство во државава ми е, меѓутоа мило ми е што не ете испадна дека не е политички мотивирано, ама сепак стојам на тоа дека тие 2 ореви и 1 елка во центарот не менуваат ништо кога веќе таму се изгради улица пред години, а нема зеленило во градот ни за лек, а плус на Пелистер умираат рисовите. Така што, не беше нож до коска за 2 дрвја, туку треба ако веќе се организира ваква работа да биде на многу поголемо ниво, за посериозни локации од и онака тажното „плоштадче“ Магнолија.

Што се однесува до споменикот, навистина е ОК, дури и зачудувачки, ама околината, како што се согласивме сите, е Puke

Тоа со мостовите и училиштата, тоа се други работи за кои секогаш сите се зафаќаме, демек прво нека се градат болници, училишта и патишта, па после ако остане за стадиони и споменици, но тоа не оди секогаш така, особено ако си политичар по кариера, бидејќи болница не носи глас, ама стадион и споменик носат.

А за квази-патриотизмот... Сите се југо-носталгичари во државата, само се прават нешто што не се, ама до толку да пуштаат лепа брена навистина не очекував. А за хидрауликата, што да речам, поидиотска работа не можеле да измислат, баш ми е мило што се расипа, супер ќе биди никогаш да не проработи.

А архитектите не треба да ги прашуваме ние, треба да ги прашуваат надлежните пред да почнат да си играат како лего коцки да составуваат, ама не можам да речам дека се криви политичарите. Крив е народот. Не памтам некој да ни наметнал досега власт, секогаш ги гласал народот од ~1980 наваму.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 09-Jun-2009 at 12:13
Добредојде huluvu

Респект за потфатот! Без разлика дали се сложувам со поентата, секогаш почитувам урбана герила, особено што поинкави начини на искажување на ставовите се почесто се замолчуваат.


Originally posted by huluvu

кога сме кај патриотизмот: зошто најголемите патриоти пуштаат музика за југоносталгичари (од тие 6 звучни грдосии) ?
Кај споменикот  Question  Shocked



кога сме кај хидрауликата: не сме, откажа на тестирањето
Хах, за „филозофските“ теми секогаш може да се продава магла, ама на овие „егзактниве“ теми извонредно добро се гледа дали некој проект е сериозен и квалитетен или не.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 21-Jun-2009 at 14:03
Додека да стигне Филип на коњот... Испечати Е-пошта

(11 гласови)
» Автор: Konzuli.com   
ImageТест употреба на најубавиот нов монумент во Македонија - фонтаната во форма на антички штит во Битола.


Станува збор за фонтаната за која се крена голема фама и за која се потрошени големи пари, но која треба да стане едно обележје на градот на конзулите и кое се стреми да биде туристичка атракција.

Целосната “кореографија“ на фонтаната трае околу 12тина минути, која опишува некоја битка од историјата (почеток на битката, војување, крвопролевање, почеток на нов ден), придружена од добар звук во позадина која ја прави целата работа пореална. Според неофицијални извори, оваа “кореографија“ ќе биди изведувана неколку пати во денот во одредени временски термини, а во останатото време би работела како “статична“ фонтана.

Првата проба се изведе синоќа, а беше присутен и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. Од овој чин, конзули специјално за вас со ексклузивни фотки од овој „таен“ настан. Сликите можете да ги видете во нашата галерија, или дирекно преку следниот линк:
http://galerija.konzuli.com/thumbnails.php?album=325



Преземено од: http://konzuli.com/index.php?option=com_content&task=view&id=2361&Itemid=209

Видете на погорниот линк има галерија од првото шоу на фонтаната.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 21-Jun-2009 at 14:07
Ги ѕирнав фотките, ама не доловуваат. Треба да се документира на видео. Дури после би коментирал...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 22-Jun-2009 at 21:19
Брисел се интересирал за споменикот на Филип Втори во Битола
Понеделник, 22 Јуни 2009 17:56

filip%20vtori%20002

На Магнолија во Битола се гради споменикот на Филип Втори. Предизвика разни реакции кај домашната јавноста. За владата на Македонија работата со проектот за споменици извадена била од контекст.

„ И сакавме да направиме многу споменици почнувајќи од споменикот на нашите илинденски дејци, па не знам на Александар Македонски, на одредени политичари, на Ченто, на Киро Глигоров и ткн. И никој не зборува за севкупноста на тој проектот, него од контекст се вади само еден збор антиквизација и тоа е лошо. Лоша порака им испраќаме на другите наши партнери и пријателски земји кои сакаат да не поддржат, викаат па кога опозицијата зборува дека вие правите антиквизација и ја искривувате историјата, тогаш како ние да ви помогнеме" вели Зоран Коњановски министер за одбрана на Република Македонија.

filip%20vtori%20003
За некој да дојди во еден град потребна е некоја содржина. Во моментов и во Скопје го нема тоа. Затоа владата го подготви проектот за споменици. Но и дипломатите во Брисел се интересирале за овој владин проект. Пред неколку месеци кога министерот за одбаран Коњановски престојувал во седиштетот на Нато, го прашале дали навистина во Битола се гради споменик на Филип Втори.


„ Кажав да. И им го кажав следното. Како е можно во Битола да има споменик на Кондрат Аденауер или на некој друг лик од европската историја или шеталиштето не знам да се вика Џорџ Буш, а да не може да има споменик кој би го носел ликот и делото на Филип втори. Па им велам на само еден километар од градот постои антички град кој е направен и создаден од Филип. Зошто да нема сега еден споменик во градот кој ќе го носи ликот на Филип кој направи еден цел град на еден километар од Битола" вели министерот Коњановски.

filip%20vtori%20004
Коњановски им кажал дека ние не присвојуваме нешто што е регионално и дека ние не сакавме, туку историјата сакаше Филип до денешна Битола своевремено да ја направи Хераклеа.


„ 4-от Век пред нашата ера исто Филип основал град и во Пловдив, таму се вика Филипопулос. Меѓутоа тие можат да ни се лутат ако ние говориме дека Филип бил битолчанец или ако во Пловдив говорат дека тој бил од Пловдив. Филип и Александар припаѓаат на цел еден регион, припаѓаат на европската историја, тука ние не спориме ништо" вели тој.

Го прашавме министерот што рекле тамошните дипломати на неговото објаснување.

filip%20vtori

„ Мислам дека немаам коментар на ова објаснување" изјави Коњановски.

Пред извесно време разговара со градоначалникот на Битола околу финализацијата на проектот.

„ Навистина сакаме целиот тој проект да биде перфекционистички направен, значи има детали кои треба да се доуредат, сигурен сум дека за брзо време ќе можат граѓаните на Битола да се радуваат на еден таков споменик" вели во интервју за ДИРЕКНТО на ТЕРА министерот Коњановски.

filip%20vtori%20001
Владата на груевски преку проектот за споменици сака да ја подобри и економијата во земјата. Туристите за да дојдат преба да им се понуди она што го имаме од блиската и далечната историја.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9295&Itemid=106

Да, да, слушам групи од Естонија ќе дојделе да го видат споменикот... Roll%20eyes
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 22-Jun-2009 at 22:08
пооследната реченица на владата ми ја одзема смислата на целиот текст Suicide
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 23-Jun-2009 at 17:36
Во петокот поминував низ Битола, па набрзина, со VGA камера (бидејќи го земав стариот телефон) снимив две-три фотки.





Знам дека се ужас и дека можеби не снимив ништо што е потребно, но еве ќе ги ставам, па ако е потребно бришете.

Edited by maestro - 23-Jun-2009 at 17:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 23-Jun-2009 at 17:40
Originally posted by maestro

Знам дека се ужас и дека можеби не снимив ништо што е потребно, но еве ќе ги ставам, па ако е потребно бришете.

Од фотки глава не боли Smile

Добри си се Thumbs%20Up
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 23-Jun-2009 at 19:37


Сега еден мал мој коментар од она што го видов: тоа околу споменикот едноставно изгледа премногу лошо, кич боја на клупите, знамето на Вергина не ми се допаѓа баш, навечер може би изгледало подобро...
Постаментот ми се допадна, изгледа добро. Се надевам на добар споменик на Филип II.
Back to Top
DJ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DJ Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 23-Jun-2009 at 19:50
Па дај престанете се да критикувате што се прави во државава. И немојте со такви паушални оценки дека нешто е кич. Прво прочитајте шот и кич па после зборете за кич.
Инаку, споменикот според мене е ОК, посебно неговоо значење за Македонија.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 23-Jun-2009 at 20:02
Originally posted by wikipedia


Kitsch (/kɪtʃ/) is the German and Yiddish word denoting art that is considered an inferior, tasteless copy of an extant style of art.


-Kitsch anyone? (гратис од мене: сонцето и копјата, другите ги оставам на тебе да ги најдеш)

Инаку DJ, паушална оценка е баш твојата, бидејќи според тебе споменикот бил убав бидејќи ќе им покажел на Грците дека сонцето е наше (и дека го измисливме спејс шатлот). А нашата заедничка оценка (на 99% од членовите) се базира на многу факти кои ако си ја прочитал нишкава ќе си ги видел. Не мора така агресивно да настапуваш.

Добредојден си да ни кажеш што е толку добро кај спомеников за да го сакаме и да бидеме пресреќни дека го имаме, ако ништо друго барем да отвориме една дискусија, затоа е форумов.

А што се однесува до симболиката, епа симболиката е неоспорлива тука. По 20 години сè уште ќе нè потсеќа на простотилукот на еден искомплексиран народ кој игра како ќе му свират - е тоа ако не е големо значење, не можам да замислам што е.

Edited by гитардемон - 23-Jun-2009 at 20:03
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 23-Jun-2009 at 20:19
Originally posted by DJ

Па дај престанете се да критикувате што се прави во државава. И немојте со такви паушални оценки дека нешто е кич. Прво прочитајте шот и кич па после зборете за кич.
Инаку, споменикот според мене е ОК, посебно неговоо значење за Македонија.


ќе се повторам после гитар но...

обвинуваш за паушални оценки (што не е точно приложено е доста аргументација во овие 5 страници или 93 постови дискусија) а ти всушност настапуваш со максимално паушална оценка.

во секој случај би било убаво да слушнеме зошто споменикот и неговото значење се ОК. Секако и што според тебе е дефиниција за кич.


Back to Top
DJ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DJ Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 24-Jun-2009 at 19:18
Се сложувам со вас дека постои подобар начин за да се изведе споменикот и да се вклопи во околината (да се изведе во друга форма, да не се ставаат некои непотребни рабори како што се копијата), но сепак мислам дека Филип II е правилниот избор. Да бевме Франција ќе го ставевме Наполеон.

Гитардемон, ако мислиш дека треба да си искомплексиран за да си го почитуваш минатото грешиш. Се сложувам дека одеднаш дојдоа сите овие споменици од Античка Македонија и дека можеби не требаше да се оди со оваа динамика, но сепак целта е во ред, а таа е освестување и градење на национална свест.

Во секој случај подобро е споменик од Филип II одколку од Лазар Колишевски.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 24-Jun-2009 at 20:10



Во врска со споменикот: Да, веќе се согласивме сите тука дека има некаква симболика бидејќи Хераклеја била основана во негова чест, арно ама не споменикот не е поставен поради тоа. Ете ако се сеќаваш сакаа да го постават на првото видливо место (кај паркот) на влезот во градот од Грција. Што ти кажува тоа? А на крајот, се уплашија дури и од бројот на краците на сонцето, а не па да им го лупнат пред нос на Грците. Да бил од правилни побуди изграден, колку и да е грдо изведен, сепак ќе пројдеше горе-долу. Вака, ем од грешни побуди го изградиле (но очигледно носи политички поени), ем за никаде го изградиле и така сето тоа ми создава едно чувство на одвратност (иако споменикот сам по себе не е грд, околината сепак е шунд). Тука сепак ја разговараме архитектонската вредност на работите (иако забегуваме како сега за политика) па така споменикот е архитектонско промашување, а симболиката ја оставам на политичарите бидејќи тие имаат ќар од такви дискусии, јас само би си трошел време.


Edited by pbanks - 24-Jun-2009 at 20:13
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 24-Jun-2009 at 20:19
@DJ

бидејќи си нов на форумот мое е да ти предочам дека политички дискусии се строго забранети. Да не зборувам колку се забранети политички пароли од типот на онаа во твојата последна реченица од претходниот пост. Било кое твое мислење поврзано со темите на форумот е добредојдено да го искажеш независно дали некој се сложува или не со него но политиката е табу. Верувам дека кога се регистрираше ти беше пратена покана за добредојде со општи информации за форумот и со линкови кои ги содржат главните правила и препораки за однесување. Би ти препорачал да ги прочиташ.

@гитар

ти си староседелец на форумот но упорно си дозволуваш испади каде непотребно користиш "непропорционална сила" за возвраќање на некоја провокација. Те молам контролирај се околу тие работи знаеш дека модератор има онлајн скоро во секое време и дека брзо ќе ја заврши работата, нема потреба секој да ја зима правдата во свои раце. За Хунзи, мунзи дискусија има приватни пораки за кој баш инсистира да зборува за тоа. Од постот ти го изедитирав спорниот дел.

________

Да продолжиме. DJ сеуште не ни кажа што е дефиниција за кич и што точно му се допаѓа или не му се допаѓа кај овој споменик. Симболиката и кој како си ја разбира истата на страна...


Edited by pbanks - 24-Jun-2009 at 20:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 13-Jul-2009 at 23:15

Филип Втори доцни поради штитот

Коњаникот чека во дворот на битолската општина да се доведе до перфекција работата на луксузната фонтана во форма на владетелскиот штит

Грандиозниот споменик на македонскиот крал Филип Втори половина година чека во дворот на битолската општина да биде однесен на плоштадот Магнолија во центарот на Битола. За одложувањето на неговиот кас до Широк Сокак општината се правда дека е поради средување на техничките детали на изградениот меморијален комплекс, кој зафаќа повеќе од 100 квадратни метри пред Саат-кулата. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, вели дека Филип ќе почека додека не бидат уверени оти беспрекорно функционира сложената фонтана со форма на кралскиот штит. Фонтаната деновиве со неколку проби беше пуштена во употреба, а битолчани ги изненади со својата подвижност. Штитот се подига, спушта, се навалува странично, а осумкракото сонце што е исцртано на него го пронижуваат повеќе водоскоци. Сето тоа е поддржано со специјални хидраулични, светлосни и музички ефекти.

- Споменикот е завршен од многу поодамна, едноставно чекаме момент кога ќе бидеме уверени дека и 1.000 пати да се пушти фонтаната, нема да има никаков проблем. Се работи за многу сложена фонтана што има две програми. Едната за секојдневни, а другата за посебни моменти. Летото најверојатно 100 дена ќе работи програмата „Б“. Тоа значи една аудио-визуелна атракција, која треба да отслика еден амбиент од периодот на Филип Втори - вели Талески.

Најголемиот дел од работата е завршена, поставена е фонтаната, постаментот за споменикот, клупите, штитовите, се очекува за скоро време Филип да „дојава“ на Широк Сокак. Досега беа направени повеќе корекции кај споменичниот комплекс, а од постаментот беше повлечен кралскиот венец.

- Тоа е екипа од стручњаци, која работи во проширен состав. Веројатно се прават варијанти. Понудија една варијанта во предниот дел да има еден таков венец, ако ценат ќе го постават, ако не, ќе го сменат. Се' е во рамките на проектот и сакаме совршено да биде направен - вели Талески.

И дипломати во Брисел се интересирале за споменикот. Министерот за одбрана, Зоран Коњановси, за битолска телевизија потврди дека додека престојувал во седиштето на НАТО, го прашале дали навистина во Битола се гради споменик на Филип. Тој им појаснил дека споменикот е во чест на владетелот, кој ја основал Хераклеја до Битола и дека со ова не присвојуваме нешто што е регионално.

Споменикот го изработи велешкиот скулптор Ангел Коруновски. Филип е прикажан на неговиот коњ со прстот вперен во народот. Заедно со постаментот ќе се издига на висина над осум метри. Ова е најграндиозниот споменик што се поставува во Битола.

- Концептот за Еврорегион меѓу пограничните општини на Македонија, Грција и Албанија, институтот „Иствест“ не успеа да го продолжи. Но, останаа одличните релации со општините, кои ни помагаат за лобирање и добивање проекти од програмата Интерект 3 и ИПА-фондовите. Ние поддржуваме инфраструктурни проекти во Грција, а тие ја поддржаа реконструкцијата на патот М5 во Битола - велат од општината. Спомен-обележјата од античко време, освен археолошките локалитети, во Битола скоро и да не постојат. Иако има 175 меморијални споменици и друг вид спомен-обележја најголем дел од нив се посветени на НОБ.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=94EBB96BECA96F42977AED3AD4CC5E59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 04-Aug-2009 at 23:35

Коњаникот Филип Втори се' уште одмора под општинските сенки

Споменикот, излеан во бронза, од минатата есен е сместен во општинскиот двор и чека подобри времиња

Битола - Коњаникот Филип Втори со месеци чека да се дигне рампата од дворот на битолската општина за да „дојава“ на малиот плоштад „Магнолија“. Поминуваат месеци и месеци, постаментот одамна е готов, скелето е подготвено, но локалната самоуправа на градот не одлучила кога ќе го постави споменикот на македонскиот крал среде Битола, најавуван како атракција. Филип Втори, прикажан како коњаник излеан во бронза, уште од минатата есен е сместен во општинскиот двор и чека подобри времиња. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на прашањата од медиумите зошто споменикот не се поставува долго време, тврди дека се чека дел за фонтаната што е во состав на споменичниот комплекс заедно со штитовите и копјата. Прашањата, пак, од типот дали одлагањето е последица на политички рефлексии - Талески не ги ни дослушува. Единствено потврдува дека споменикот нема да биде поставен ниту овој месец.

„Споменичниот комплекс е ислучително важен за нас. На местото каде што треба да биде поставен споменикот речиси се' е завршено, и постаментот и сите придружни делови. Едноставно, во делот на фонтаната има некои нови моменти што треба да се изведат како фигури. Значи, со хидрауликата има технички работи што треба да се дозавршат. Се' уште не е избалансиран односот на водата со светлосниот и аудиоделот. Практично, треба да се изготви нов софтвер. Кога фонтаната синхронизирано ќе работи, како круна на сето тоа ќе го поставиме споменикот“, повторува Талески.

Меѓутоа, јавноста се' повеќе се сомнева дека причините за одложувањето се политички. Сега фонтаната има изглед на стилизиран штит со сонце со осум краци. Но, битолчани се сведоци дека првичното решение на штитот од фонтаната беше со шеснаесеткрако сонце. Изведувачите преку ноќ ги извадија „вишокот краци“. Градоначалникот Талески тврдеше дека не знае за измените. Првичниот проект на фонтаната, случајно или не, беше публикуван и во општинскиот информатор издаден пред локалните избори. Чаршијата зборува дека измените се извршени по сугестија на меѓународниот фактор, а во контекст на проблемот што го имаме со Грција.

И министерот за одбрана, Зоран Коњановски, неодамна изјави дека него лично во Брисел во седиштето на НАТО го прашувале дали вистина среде Битола се гради споменик на Филип Втори. Тој им појаснил дека е во чест на владетелот кој ја основал Хераклеја и дека нема друга заднина.

За јавноста во Битола, особено политичката, и натаму останува енигма колку пари ќе потроши Општината за градбата на споменикот. Градоначалникот повторува дека за финансиската конструкција ќе зборува откако споменикот ќе биде изграден во целост. Едно е јасно - дека Општината нема да го стопира проектот и покрај светската економска криза.

„Локалната власт предвидува само од буџетот на Општина Битола да потроши околу 250 илјади евра за Филип Втори. Ако на оваа сума се додадат и средствата кои градоначалникот ги најавува од разни донатори и спонзори, се доаѓа до сума пари за која сметаме дека е преголема и дека во оваа време можеше многу подобро да се искористи. Но, за Талески, како што самиот не' убедува како советници, ова не се многу пари“, вели Валентин Груевски, советник на либералдемократите во Битола.

Последните недели општината почесто го испробува механизмот на фонтаната, па доколку минувате низ Широк сокак, може да се случи да бидете восхитени од водоскоците што извираат во разни форми. Или, пак, воопшто да ги нема. Сепак, од Општината велат дека, и покрај незавршените работи, фонтаната ја ставиле во функција на задоволство на битолчани. Но, задоволството преку ден да уживате во кралскиот штит на фонтаната и водоскоците на оваа жешко сонце брзо ќе ви биде поматено. Општината ги откорна дрвјата за изградбата на споменикот, а и покрај ветувањата, не ги врати на плоштадот.

Споменичниот комплекс сосе целото партерно уредување зафаќа повеќе од 100 квадратни метри во строгиот центар на Битола. Филип Втори е прикажан како коњаник со прстот вперен во народот и ќе се гледа преку целата должина на Широк сокак. На постаментот на едната страна е мечот на владетелот, на другата штитот и заштитниот шлем, односно на една од страните венецот. Само споменикот се издига над 8 метри во височина. Штитот од фонтаната се подига, се спушта, се навалува на страните, а низ краците избиваат водотеци. Се' е поддржано од светлосни и аудиоефекти.

Кога Филип Втори ќе биде изваден од дворот на Општината и однесен на плоштадот во Битола, не може со сигурност да прецизира ниту градоначалникот Талески. Едно е сигурно, дека коњаникот и овој месец ќе остане под сенките во општинскиот двор.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8D630E57BDBFA5468E6DC1DDC2A21BB4
Back to Top
Zdravkovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Sep-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Zdravkovski Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 13-Sep-2009 at 00:40
Момци прее кај фонтаната слушнав една музика која ми делуваше како античка.Така беше музичето со такви ефекти.Можи некој да ми кажи кај можам да ја најдам таа музика што ја пуштаат таму или да ми ја пушти? Фала
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.477 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.