build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Православна сакрална архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Православна сакрална архитектура
    Posted: 21-Apr-2009 at 20:21

Непрекинатиот православен духовен живот се одразил врз севкупниот светоглед на македонскиот човек низ вековите. Влијанието на православната духовност во сите области на световната и на црковната култура во текот на историјата се пројавува како постојан израз на преобразениот од благодатта личен творечки гениј на просторот на којшто живееме. За ова денес најдобро ни говори наследството на Црквата преку нејзиниот иконопис, преку нејзината поетска и дидактичка книжевност, преку нејзината архитектура, црковното пеење и другите сочувани естетски форми, кои истовремено и силно се канализираат сѐ до денес во нашиот современ начин на изразување и бивствување – не само во Црквата туку особено надвор од неа - како длабоко вкоренети и постојано плодни. Заради пример само, би се задржале накратко на суштинската взаемност меѓу православната теологија и православната црковна архитектура:

1. Догмата за Воплотувањето на Единородниот Син Божји, односно вистината дека Бог стана човек - или правецот на движење од небото кон земјата - во црковната архитектура се изразува преку куполата (симболот на небото) и нејзиното постепено архитектонско симнување преку тамбурот и системот на пандантисите (симбол на крстот), лаците и столбовите па сѐ до земјата. Не стана човекот преку самиот себеси Бог и затоа не познаваме во црковната архитектура шилесто движење од земјата кон небото.
2. Догмата за разликување меѓу Божествената суштина и Божествената енергија во Бога, која енергија светите Божји луѓе ја гледаат со своите преобразени сетила како несоздадена Божествена светлина, во православната архитектура се пројавува како минимална потреба за светлина од надвор и како минимална потреба за поглед кон надвор и расејување на сетилата – архитектонски изразена со малите и високо поставени прозорци во храмовите.
3. Мистагогијата или тајноводството во Црквата од пониските кон повисоките степени на духовен развој, од очистување преку просветлување до обожение, се пројавува во поделбата на храмовиот простор на олтар, главен брод, литија и нартекс во кој човекот преку западниот главен влез на црквата влегува и се движи кон олтарот. Православната црковна архитектура не познава главни странични влезови ниту подигнатост на нивото на храмот над нивото на земјата и заради тоа потреба од влез преку многу скали.

Вниманието врз нашето срце како центар на нашиот духовен живот опишано во православната етика и аскетика, како и соборот на светата Литургија како централно случување во Црквата, во православната архитектура се пројавува како архитектонско организирање на целото населено место околу православниот храм како негов центар, без оглед на тоа дали се работи за манастир, село или град. Ова најубаво денеска се гледа во архитектурата на православните манастири, итн.

Митрополит струмички г. Наум

makedonija.rastko.net/delo/12272


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Apr-2009 at 21:22




ТЕОЛОШКИ ПРЕТПОСТАВКИ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОНОСНА АРХИТЕКТУРА


Кога се зборува за православната архитектура, не ќе може и да не се зборува како за еден од нај карактеристичните изрази на теологијата на Црквата од Исток Имено таа на нај непосреден и емпириски начин изнедрува три фундаментални вистини:

а) афирмирањето и позитивното вреднување на материјата,

б) апофатичко -персоналниот карактер на теолошкиот гнозис и

в) ологосувањето (ословествувањето) на светот, т.е. појавувањето на образот на Логосот во тварната реалност на светот.

Уметниците на православната архитектура поетски ја надраснуваат објективната теоретска вистина. Нивниот обид е насочен кон истражувањето на "логосот" ("словото") на нештата. Со други зборови, смислата на нивниот творечки напор е содржана во стремежот да се покаже личното откровение на Бога Логосот во созданието. Троица е Deus absconditus според природата. Од тие причини Триипостасниот не ќе може да биде резултат на теоретската аналогија (вознесување, искачување), до рамништето на Првиот Почеток и Причина, ниту пак, ќе може да се третира како аксиолошка нужност на т.н. апсолутен етички авторитет. Единствено што ни е знаено за Бога е фактот на Неговото Воплотување. Воплотениот Логос лично се открива во тварта и димензијата на Неговото откровение, ги проникнува космичките димензии, а димензијата на Неговото човечко вообличување пак, димензиите на човекот и човештвото. Впрочем, Православната архитектура, подобно на севкупната апофатичка теологија, ја проучува стварноста, на телото на Логосот (тис саркос ту Логу), го изучува фактот на кенозисот (понизноста) Божји, т.е. начинот со кој Бог не повикува лично да општиме со Него и со Него да се соединиме.

2

Спонтано заклучуваме дека православната градба не претставува првичен уметнички дострел, ниту изум на уметничката генијалност, ниту пак индивидуално уметничко остварување. Нејзиниот градбен принцип е начелото на соборност. Соборноста е опитен израз на општото доживувачко богатство. Таа е симптом на севкупната духовна култура, но и на една теологија усвоена од народот. Токму заради тоа, поради тоа православниот архитект ниту смислува ниту измислува. Тој трезвеноумно ги одбегнува прелестите на индивидуализмот, послушно покорувајки му се на соборното доживување. Токму со овој, би рекле, посебен благодатен дар ја изразува општата богословска свест на Црквата Денес, кога изворната предлошка на теолошката свест на Црквата речиси сосема е инсуфициентна, тешко ни е да ја сфатиме функцијата, поточно "литургијата" на византиската градба. Православниот храм го чинел јадрото на органски градената целина на средновековниот град, Денес пак, не постои град, туку, споредбено станување. Тоа наликува на толпа која го деперсонализира и отуѓува човечкото присуство. Тогаш постоел народ, денес постојат маси. Тогаш постоела парохија-жива богослужбена заедница; денес-религиозно мноштво собрано во храмовите заради задоволување на своите индивидуални религиозни потреби. Па тогаш нека не не' чуди фактот што храмовите што од нас градени денес се: или премногу несреќни и лажни имитации на минатото, или безлични згради, проектирани според самоволието на некој архитект, така што често не може да се распознае дали се работи за храм, сала за предавања или галерија, концертен салон или гаража. Еден од најтипичните урнеци на деструктивно скроената православна архитектура претставува новоизградениот соборен храм "Св. Климент Охридски" во Скопје.

3

Како православен народ сакаме држава и земја и живот на земјава отворени за вечноста, за Ерусалим на Осмиот ден. Тоа претпоставува ослободеност од херметизмот на биолошко-социјалната и природно-историската стварност. Истовремено сакаме Црква стопена во времето и историските текови на животот и човечкото секојдневие. Веруваме во Небото кое во Личноста на Богочовекот се симна на земјава и стана едно со созданието и со човекот. Сакаме земја и човек и живот на земјава кои се насочени кон небото и за него приемчиви. Приемчиви за вечната Тајна на Небото, за Неа проѕирни и од Неа проникнати. Врз спомнативе принципи се темели градењето на секој вистински христијански храм. Смислата на храмот е суштински истоветна со смислата на човекот и светот воопшто. Таа има егзистенцијален карактер. Храмот е икона на човекот и светот. Храмот е исто така богојавен колку што се и човекот и светот. Тој не е просто симбол на духовната стварност, туку место каде што таа реално се открива. Храмот е истовремено и доксолошки и епифаниски простор. Целта на храмот е, на личностите кои се наоѓаат во него и околу него, се собираат или од далеку го набљудуваат, да им го открива и да им го покажува Невидливиот, и да го смести во себеси и со себеси да го посведочи Несместливиот. Како таков православниот храм е место на кое се остварува и преку кое се пројавува вистинското заедништво на човек со човека, на човекот со тварта, на човекот со Бога. Тој е место каде што Небото и земјата се едно; Бог, човекот и сето создание заедно.

Во согласност со досега реченото, православниот храм мора да има два пола:

а) пол на трајност чија функција се состои во пренесувањето и сведочењето на вечната и непроменлива стварност и порака, и

б) пол на современост или збиднувања чија функција се состои во актуализирањето на вечната вистина и порака. Зашто вечната вистина не значи и скаменување на вистината која е вечно жива и животворна.

Токму таа ги обновува минливите облици на животот, времето и просторот, така што се воплотува во секое ново време и го преобразува во вечност и бесмртност. Во вистинскиот храм надахнат од Духот се' е стварно, современо и словесно (разумно), но во исто време и надумно, кон надоумното и надвременото насочено и врз него втемелено.  Храмот воведува во тајната на вечниот живот, во Светињата над светињите, во благословеното Царство на Отецот и Синот и Св. Дух, на Троица Единосуштна и Животворна.
 Како таков Храмот станува Носител и Сведок на Вистината која ослободува од минливоста и прелеста, од лагата, од несовршенството, од злото и од смртта.  

4

________________________________________________________________________

Православниот храм е апсолутно вклопен во природната околина (Св. Јован Богослов-Канео во Охрид.)Без да им се спротивставува на линиите на природата и просторот, ги возглавува и ги рекапитулира: своебразноста на местото и на градежниот материјал, и во исто време ги разголува зададеностите на природната стварност како "козмос" односно како украс со лична хармонија и убавина. Материјалната твар се "вообличува", се стекнува со образ. Тој образ е Образот на Логосот. Византискиот храм се гради за да му постане тело на воплотениот Логос. Тој претставува потег на "надвиснато небо" спрема земјата. Воплотувањето крстообразно се вообличува. Архитектот - поет и' се покорува на внатрешната смисла на "логосот". Имено таа ја соединува смерноста на природниот материјал со ужаснувачката способност на истиот да го смести во себе несместливиот и да го воплоти Бестелесниот. Та токму заради тоа, православната архитектура и е' аскисис (подвижување) во покорувањето на бунтовната логика на човекот пред тајните на боговечкиот реализам. Со Своето воплотување Христос ја прими севкупната материјална творба и ја интронизира на престолот Божји. Севкупната природа постана тело на Логосот, целиот космос постана Црква.

5

Надворешниот изглед на православниот храм е релативно едноставен и необременет со ништо што е прекумерно. Неговиот ентериер пак, е преполн со ненадминато богатство и со раскошни украси. Христијанскиот храм не можел да наликува на пагански храм. Тој морал да биде минијатура на космосот, зашто во него престојува Единитиот и Вистински Бог. За да го постигне саканиот ефект, православниот архитект го дематеријализира урбаниот простор. Дематеријализацијата ја изведува така што ја става во сенка масивноста на материјалот. Тоа го реализира со помош на триење или бушење на површините. Во храмот со купола се создава чувство на мистичен занес (екстасис). Тоа се постигнува со скалесто вознесување на сводовите што ја носат куполата, врз чиј тамбур се пробиваат прозори. Овој потег спрема небото го вознесува осознавањето и духот кон светлината. И сега подобно на космичката плирома (полнота), бескрајноста на физички стеснетиот простор на храмот јасно се открива како носител на возвишената идеја за сеприсутноста на Духот Божји.

6

Симболичниот и анафоричниот белег на техниката на сводови и полусводови му овозможува на византискиот архитект сетилно да го изглаголи подвигот на Воплотувањето. Меѓутоа и без симболиката, техниката на сводови и полусводови претставува чудесно истражување на можностите на природниот материјал. Станува збор за можностите за ворамнотежување на тежината на материјата во сосема слободните природни конструкции, без однапред рационално пресметани механички потпорни средства.      Познато е дека Византијците граделе кубиња без да користат калап. Ѕидале слободно над празнината. На тој начин природниот материјал губи секаква тежина. Тежината и притисоците архитектонски се разделени од сводови на полусводови и на изоблени тријаголни тимпани, на лакови и крстообразни сводови, за најпосле да стигнат до расцутените капители на столбовите. Тежината на капителите е претворена во "Логос", во вистинска, а не интелектуална доксологија. Природниот материјал се ологосил и престанал да биде објективно неутрален. Не е веќе предмет-објект, туку твар, дело, творба, лично дејство. Материјалот што се вградува во храмот и начинот на кој се вградува треба да и' проговори на вечната вистина со сопствен јазик, за човекот разбирлив и прифатлив. Храмот ја афирмира и позитивно ја вреднува материјата и и' дава апофактичко личен карактер на историјата. Тој всушност го открива образот на вечниот Логос Божји во тварната стварност на светот и човекот.      На тој начин вистинскиот храм, како и вистинскиот човек, како и светот,-слови, постанува и се открива како збор за Неизглаголивиот и како химна за Неговата убавина и слава. Преку него се покажува и се обелоденува внатрешната вистина за светот и човекот и нивната вечна смисла.

7

Стварноста на Бога кој постана човек и на светот кој постана Црква, односно, литургијата на Логосот во православната архитектура е изразена со помош на една величествена и генијална техничка замисла. Човечкиот лакт воведен во размерите на архитектонскиот објект. Сите делови на храмот се измерени врз основа на човечките размери. Дверите, прозорите, преградите, столбовите.,...-се' е според мерката на човекот и се' останува во истите размери без оглед на големината на храмот. Мерката се умножува, но не се зголемува. Православниот архитект не' причестува со мирисот и здивот на безмерното, вткаени во градбата на храмот. Тој на лугето им ја открива зададената бесмртност на човечката природа и укажува на безмерната мерка на човечкиот раст. Како што човекот е создаден "според образот и подобието", т.е. според безмерната мерка на вечниот Бог, така и храмот се гради заради тој и таквиот човек, т.е. според неговиот "образ и подобие". Всушност, овој органски однос и аналогиската примена на човечката мерка во севкупната градба е најпотресната и најговорливата формулација за вистината на Црквата. Се работи за еден крупен антрополошко-космолошки проблем. Тезата за взаемниот однос помеѓу личноста на човекот и севкупната природа се регулира така што личноста ја одредува природата, но не и: природата-личноста. Впрочем православната градба, тогаш кога и' останува верна на човечката мерка сочинува допирлива слика за светот кој се преобразува во "нова земја" и во "ново небо".

8

Уште еднаш прецизно ќе ја подвлечеме космолошката, антрополошката и теантролошката димензија на храмот. Подобно на човекот составен од душа и тело, и храмот градбата ја има за свое тело, а литургискиот подвиг вршен во неа за своја душа. Сосема природно, телото се прилагодува и се обликува во согласност со душата. И како што за реализирање на една плиротична личност е нужна апсолутна хармонија помеѓу душата и телото, така и само оној храм во којшто е реализирана апсолутна хармонија помеѓу него како градба (неговото тело) и светата литургиска Тајна вршена во него (неговата душа), може да постане место на коешто се открива образот Божји и најдлабоката вистина на светот и човекот и светот постануваат едно со Бога

9

Православниот архитект теоцентричниот принцип во архитектурата го постигнува со правилна употреба на просторот и светлината. Православниот храм нема потреба од природна, надворешна светлина, зошто токму тој на светов му светлозрачи духовна, божествена светлина. Надворешната светлина продира во храмот низ прозорите и откако ќе се сретне со сводовите и полусводовите се одбива од нив така што го дема-теријализира материјалот. Материјата ја губи тежината одредувајки еден конкретен а сепак бескраен простор. Вака формираниот простор се сече непресечно и неговиот центар се наоѓа насекаде. Недостигот на внатрешна светлина пак, постанала причина за претераниот антропоморфизам и космизам, односно за натурализмот на ренесансната уметност. Една крајност роди друга - модерната уметност со својата апстрактност и се заканува на суштината на тварта со уништување. Надворешната светлина не е единствено постоечка. Светлејќи таа бидува осветлена од вечната и неминлива Светлина. Токму во прашањето на светлината и е содржана суштинската разлика помеѓу елинскиот храм и христијанскиот храм.      Илинскиот храм е градба вткаена во космосот и од светлината на сонцето осветлена. Христијанскиот храм пак, е градба проникната од вечната Светлина. Православниот храм ја зари светлинската Тајна преку свеќата и кандилото и од внатрешната светлина преобразените ликови на Христа и Богородица и соборот на Светите ангели и луѓе. Затоа во него не се вклопува витражот или разнобојното стакло, ни според структурата, ни според архитектурата. Имено, витражот и ја подредува внатрешната светлина на претераната разиграност и прекршувањето на надворешната светлина на сонцето и на нејзинитезраци.

10

Нечувствувањето на правата смисла на Светата Литургија и отсуството на подлабока теологија на храмот е главната вина за неизворноста на еклектички скроената архитектура на храмот. Зад "плурализмот на стиловите" се чувствува притаената криза на религиозната свест. Дури и тогаш кога е присутна теолошката насоченост таа носи моралистичко рационалистички белези, или пак чисто естетско-рационални особености, својствени за духот на западната автономна естетика Раководејки се само според естетските критериуми, архитектонските еклектици очигледно не се свесни дека еклектицизмот што го заговараат е истоветен на ставот кој ги релативизира вредностите: добро и зло, богослужење и идолослужење, светлина и темнина, вистина и лага, вистинска и лажна убавина, словесност и бесловесност.      Градовите и човечките населби без храмови немаат ни средиште ни лице, "остануваат без длабока смисла". Не случајно и без некоја подлабока смисла Абуладзе својот светлопис " Покајание ", го завршува со зборовите:" Каква е таа улица што не води до Храмот?" Впрочем токму затоа градовите денес се во опасност. Престануваат да бидат сакани. А тоа што не е сакано-изумира. По прв пат во историјата, во нашево време, градовите се појавуваат без храмовите како свои центри и ориентири. Тоа придонесе градот, кој низ вековите бил место на сигурност, да стане место на несигурност и изгубеност, не ретко и на насилство. Човекот, живеејќи во обезличениот модерен град, откинат од природата и природното живеење, се чувствува загрозен и обезличен. Бара засолниште во самозаборавањето преку несловесната заемност од типот на стадо, или очајувајќи заради безнадежната самотија Принципот на стадо води кон распаѓање на човечкиот духовен и морален живот, а самотијата кон очај и самоубиство. Храмот го поставува прашањето за односот помеѓу личноста и заедницата, а преку тоа и за односот помеѓу два народа и две заедници. Денеска храмот го поставува тоа прашање порадикално од кога и да било порано. Ништо не е во состојба толку длабоко да ги подели лугето и народите колку што може лажниот храм, но ни толку длабоко да ги соедини колку вистинскиот храм.

   Од досега реченото за православниот храм и архитектурата ќе го извлечеме следниот заклучок: за градење православен храм отсекогаш покрај знаењето и умеењето била потребна на прво место чиста вера во Христа Богочовекот и живот воден во согласност со таа вера. Храмовите секогаш се граделе со вера, пост и молитва Отец Стефан Санџаковски

предавање на Летна школа на архитектура во манастирот св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка, 6-19 Јули 1992 објавено во А, списание за култура на просторот, бр. 3, Скопје










Edited by beTon - 10-Sep-2014 at 12:04
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Apr-2009 at 22:32

Православниот Храм и неговото устројство

Сам Господ им даде на луѓето уште во Стариот Завет преку пророкот Мојсеј упатства, како треба да изгледа храмот за Богослужење; новозаветниот православен храм е устроен по образецот на старозаветниот.

Како што старозаветниот храм (во почетокот - Скинија) се делел на три дела: Светиња над Светињите (Сјатаја Сјатих), Светиња  и предворје; исто така и Православниот Христијански Храм се дели на три дела: Олтар, Среден дел на храмот (Наос) и припрата.
Како што тогаш значела Светињата над Светињите, така и денес тоа го означува Олтарот - Царството Небесно.
Во Стариот Завет во Светињата над Светињите никој неможел да влегува. Само првосвештеникот можел да влезе еднаш  во годината, и тоа само со крвната жртва за очистување, познато е дека, Царството Божје после гревопадот, било затворено за човекот. Првосвештеникот бил праобраз на Христа, и тоа негово служење им посочувало на луѓето дека ќе дојде време, кога Господ Исус Христос преку пролевање на Својата Крв, со страдањата на Крстот, ќе го отвори Царството Небесно за сите. Ете зошто кога Христос умре на Крстот, завесата во храмот (која ја криела Светињата над Светињите дотогаш) се раскина напола: од тој момент Господ Исус Христос ја отвори вратата на Царството Небесно за сите, кои со Вера му пристапуваат Нему.
На Светињата во нашиот Православен Храм денес му одговара срдениот дел од храмот. Во Светињата на старозаветниот храм никој од народот немал право да влегува, освен свештеникот. Додека денес во Православниот Храм тука стојат сите Верни Христијани, затоа што сега за сите е отворено Царството Небесно.
Предворјето на старозаветниот храм, каде се наоѓал цел народ, одговара во Православниот Храм на припратата, која сега нема суштинско значење.  Порано овде стоело огласените, кои се спремале да станат Христијани, и сеуште не се удостоиле за Тајната на Крштението. Сега пак, некогаш тешко огрешените и одстапниците од Црквата привремено се испраќаат да стојат во припратата за време на Богослужбите, заради исправување.

Православните Храмови се градат со олтарот на Исток - спрема страните на светот, каде изгрева Сонцето: Господ Исус Христос за нас е "Исток", од него ни засветли Вечната Божествена Светлост. Во Црковните молитвиние го нарекуваме Господ Исус Христоц: "Сонце на Правдата", "Исток од висините", (т.е. "Восток свише"); "Исток е името Негово".

Секој Храм се посветува на Бога и носи во спомен име на некој свет настан или на некој Господов угодник, на пример, Свето Троичен Храм, Преображенски, Вознесенски, Благовестенски, Покровски, Архангелско Михајлски, Николаевски итн. Ако во Храмот се сместуваат неколку Олтари, секој од нив се осветува во сеќавање на посебен настан или светител. Тогаш сите Олтари, освен главниот, се нарекуваат приделни - додадени - Параклиси.

Храмот Божји, по својот надворешен изглед се разликува од останатите зданија. Најчесто Храмот во својата основа се поставува во форма на Крст. Тоа значи дека Храмот е посветен на Господа, за нас на Крст распнат, и декасо Крстот Господ Исус Христос не избави нас од власта на ѓаволот. Често Храмот се изведува во вид на издолжен брод, што симболизира дека Црквата слично на бродот, по урнек на Ноевата арка, не води нас преку морето на животот кон тивкото пристаниште во Царството Небесно. Некогаш храмот се изведува во форма накруг со што се потсеќаме на симболиката на вечноста на Црквата Христова. Храмот може да биде изведен и во форма на осмоаголник, како ѕвезда, симболизирајќи дека Црквата слично на ѕвездата водилка свети во овој свет. 

Зданието на Храмот обично се завршува на врвот со купола, која го претставува Небото. А куполата на врвот завршува со глава (топка) на која се поставува Крст, во слава на главата на Црквата - Господ Исус Христос. Често на Храмот се поставуваат неедна, туку неколку глави. Така да: две глави означуваат двете природи  (Божествена и Човечка) на Господ Исус Христос; три глави ги симболизираат Трите Лица на Света Троица; пет глави - Господ Исус Христос и четворицата Евангелисти; седум глави - седум тајни и седув Севселенски собори; девет глави - девет реда Ангелски; тринаесет глави - Господ Исус Христос и дванаесетте  Апостоли; дваесет и пет - Тронот на Пресвета Троица опкружен со по дванаесет Апостоли и дванаесет Пророци од дветет страни; триесет и три - триестрите Христови години на земјата, а некаде се поставуваат и поголем број на глави - читириесет кој го симболизира читириесетдневното искушение Христово во пустината за време на постот, по што Господ Исус Христос ја почна својата јавна проповед меѓу народот...
Над влезот во Храмот, а некогаш и напоредно до Храмот, се поставува ѕвоно, т.е. Камбанарија.
Биењето на камбаните се користи за да се повикаат Верниците на молитва, на Богослужба, но и за да се објават најважните делови од службата која се одржува во Храмот. Биењето (ѕвонењето) на едно ѕвоно се нарекува "Благовест" (блага, радосна вест во Богослужењето) Ѕвонењето на сите ѕвона, ја симболизираат Христијанската радост по повод величенствените празници и се нарекува "Троѕвон". Биењето на камбаните по повод на тажен настан се нарекува "Переѕвон". Инаку самата симболика на објавата со биење на камбаните ги потсеќа Верниците на сеприсутното постоење на повисок, небесен свет.

Олтар

Најважниот дел од Храмот е Олтарот. Во Олтарот Свештенослужителите ја изведуваат Богослужбата и тука се наоѓа најсветото место во целиот Храм - Светиот Престол, на кој  изведува Тајната на Причестувањето. Олтарот се сместува на возвишение и почнува од Солеата нанапред т.е. од Амвонот и Иконостасот. Тој над останатите делови од Храмот, за на сите да им биде чујна и видлива Богослужбата која се одвива во Олтарот. Смиот збор "Олтар" значи воздигнат жртвеник.

Олтарот се одвојува од  средниот дел на Храмот со посебна преграда, која е прекриена со Икони и се нарекува Иконостас. На Иконостасот се наоѓаат три двери, (порти-врати). Средната врата е најголема, бидејќи низ неа Сам Господ Исус Христос, Царот На Славата, невидливо влегува кон Светите Дарови. Низ Царската Врата никому не му е дозволено да поминува, освен на Свештенослужителот. На Царските Двери од страната на Олтарот виси завеса која во текот на Богослужбата се отвора и затвора. Царските Двери се украсуваат со Икони на Благовестието на  Пресвета Богородица и четворицата Евангелисти т.е. Апостолите кои го запишаа Евангелието на Љубовта: Матеја, Марко, Лука и Јован. Над Царските Двери се поставува Икона на Тајната Вечера.
Десно од Царските Двери секогаш е поставена Икона на Спасителот, а од левата страна на Царските Двери Икона на Пресвета Богородица. Десно од Иконата на Спасителот се наоѓаат јужните двери, а лево од Иконата на Пресвета Богородица се наоѓаат северните двери. На тие странични двери се претставуваат Архангелите Михаил и Гаврил, или Светиот Првиот Великомаченик Архиѓаконот Стефан и Светиот Апостол Филип, или Првосвештеникот Арон и Пророкот Мојсеј. Страничните двери се нарекуваат и ѓаконски врати, бидејќи преку нив најчесто  поминуваат ѓаконите.
 Пред страничните двери на Иконостасот се сместуваат Икони од посебно почитуваните Светители. Прва Икона  десно од Иконата на Спасителот (не сметајќи ги јужните двери) секогаш мора да биде Иконата на Свети Јован Крстител а паралелно од спротива лево од Иконата на Пресвета Богородица е Храмовнта Икона, т.е. претставата за оној  Празник или Светител во чија чест е именуван Храмот. На самиот врв на Иконостасот се поставува Крст со приказ на распнатиот Господ наш Исус Христос на него. 
Ако Иконостасот се уредува во неколку редови, тогаш вообичаено во вториот ред се сместуваат Икони на дванаесетте празници, во третиот ред - Икони од Апостолите, во четвртиот ред - Икони на Пророците, а на самиот врв се поставува Крст.
Освен на Иконостасот, Икони се поставуваат и ѕидовите на Храмот, во големи кивоти, т.е. во посебни големи врамени ковчези (каде може да има и мошти од Светители), а исто се распоредуваат и на аналон, т.е. посебен висок и тесен постамент со навалена горна страна,  вообичаено поставен во средината на Храмот на кој се поставува целивната Икона.
Издигнувањето, на кое стои Олтарот и Иконостасот, е истурено воочливо нанапред, спрема средниот дел на Храма. Тоа издигнување пред Иконостасот се нарекува Солеја. Средината на Солеата наспроти Царските Двери се нарекува Амвон т.е. извишување. На Амвонот, Ѓаконот ги изговара ктениите и го чита Евангелието, на Амвонот се Причестуваат Верниците со Причесната(Осветените Дарови од Богослужбата).

Внатрешен изглед на Православен Храм 

На краевите од Солеата, покрај ѕидовите на Храмот се поставуваат Клироси за чтеците и псалтите (појците-певците)
Во Клиросите стојат Хоругви, т.е. Икони на ткаенина или метал, кои се прицврстени за долги држачи во вид на бајрак. Нив ги носиме за време на Крстните входови и Литиите како Црковни знамиња.

Во Храмот има и ниска клупа, маса (кануник) на која е поставено Распетието  со постамент за свеќи и кандила. Пред овој дел се служат Парастоси (панихиди), т.е. завопокоени Богослуженија. 
Пред Иконостасот и целивните Иконите стојат свеќници (шандани, чираци), на кои Верниците ги поставуваат свеќите.

Во средината на Храмот од плафонот виси Панкандило (Полијелеј, Хорос) т.е. голем свеќник са много свеќи. Панкандилото се пали за свечани моменти на Богослужење.

http://www.zhurnal.ru/magister/library/bible/zb/zb261.htm



Edited by beTon - 24-Apr-2009 at 21:41
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Apr-2009 at 22:53
Супер материјали и многу интересни податоци за оние кои ќе ги интересира. Знае ли некој колку изнесува еден лакот?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Apr-2009 at 02:30
да обично ретко се наоѓаат на нет поконкретни информации околу Православната Духоносна Архитектура, има но она баш некои поспецијализирани материјали тешко... инаку локот е стара мерка како и шака, еден лакт би требало да е околу еден метар. 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Apr-2009 at 03:25
1. www.absoluteastronomy.com/topics/Byzantine_architecture
2. orthodoxwiki.org/Church_architecture
3. en.wikipedia.org/wiki/Byzantine_architecture

    

линковите на горниве скици се со резолуција од 800x1024 но заради прегледност се намалени во постов на 150x200, фрлете десен клик за целосен преглед на истите!

5. www2.arch.uiuc.edu/courses/arch311/default.html
6. employees.oneonta.edu/farberas/arth/arth212/early_christian_basilica.html
7. ocw.kfupm.edu.sa/user%5CARC11001%5CHTML%20Notes%5CM8_html_notes/Byzantine%20architecture.htm

Since the time of Constantine I, Eastern Christianity has developed a variety of patterns in Church architecture. The chief model was created when Emperor Justinian I completed the "Great Church" of Hagia Sophia in Constantinople in the 6th century. The architectural conception of that Church consisted of erecting a huge round dome on top of the classical early Christian Basilica. The Dome was meant to symbolize the descent of Heaven upon earth - i.e., the ultimate meaning of the Eucharistic celebration.

www.britannica.com/EBchecked/topic/177174/Eastern-Orthodoxy/11157/Architecture-and-iconography



Byzantine architecture is essentially religious and is manifested in the construction of Churches. These can be basilical structures and central structures. The typical Byzantine Church is one in which all the elements are gathered (grouped) around a central square, almost always surmounted (toped) by a dome. Such setup arrangement creates an inner space that provide particular feelings. If in a Paleocristiana Church is perceived the space as horizontal with a precise point of reference, the Altare in the Byzantine Church it is immediately found there absorbed in the space, without points of reference: an environment, suitable for contemplation.

Besides the central plan we can consider two characteristic architectural elements: the Dome and the Column.

The Byzantine dome turns with a different constructive system by that of the Romans. This approach is semi-spherical dome on a cylindrical base, so the transition is much easier (link was very facilitated) ; the Byzantines instead planning the semi-spherical dome on a square base, they invent a technical measure (shrewdness) for the link: curved, so to speak, the upper corners (superior angles) of the square, actually get a round form on which is raised the dome. These bent angles are called plumes. If the dome is polygonal and the room below has a fewer number of sides in comparison to it, they bend equally the foresaid angles, in order to create a shape of polygon with many sides which are segments of the dome. The angles are called trumpets.

The second characteristic element is the column or, better known, the capital pulvinato (pulvinata): above the normal capital is set the pulvino shape, element which form inverted truncated pyramid. It also has a decorative function, and gives further greater rush to the column. The capital itself is decorated with naturalistic motives and piercing of marble, that underline an extraordinary ability for invention and a great technical ability. Orders such Tuscan, Ionic and Corinthian are gradually abandoned and replaced by  original decorative elements of eastern derivation.

The Church of Saint Sofia in Istanbul (532-537 AD) is the manifesto of the basic principles of Byzantine art and one of the highest masterpieces of all times. Dedicated to the Divine Wisdom, the Church also had to represent the divine protection of the empire. Justinian I had build it after the violent popular uprising of political parties (known as Nika, 532), which had among other things caused the fire of the previous basilica. Around the central square space with niches alternatively curved and straight lines, dominates huge grandiose dome with a crown of forty windows, side aisles and galleries. The monumentality of the building is as relieved by the opening of large windows. The entrance is with two narthex sections (atria-lobbies for destined to the penitents and the catechumens), with large metal doors and a vast quadriportico. The interior decoration, which seems already ban the prelude to the following prohibition of the images, originally had only geometric and floral motifs and the applicant's monogram. The spectacular effect were based on the refined beauty of the mosaics, on the piercing tunnels of the capitals, on the light radiated by the numerous openings, on the contrasts of the marbles, of the porphyry and of the other precious stones prepared according to the symbolical art of symmetry. The architecture of the Church of St.Vitale (522-547 AD) is a very original theme of the central plan, which has within an octagon s'innesta to the narthex on a corner, thus giving an impression of movement to those who enter, also includes a body made up of seven exedra (esedres) columns, tall two floors high, and a deep presbytery, in turn, ending with an apse and inserted between two narrow rooms that introduce place with dome. A gallery turns- runs around the body of' building overlooking the nave and the presbytery, filled with sparkling mosaics.

www.icmappano.it/pinto/Sito_artistica%20italiano/L'arte%20nel%20tempo%20c/Arte%20bizantina.htm



Edited by beTon - 25-Apr-2009 at 15:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Apr-2009 at 03:56
Beton Супер ти се материјаливе, само малку и некои материјали со "потехнички" пристап ако имаш да пуштиш. Добро е и со слики што го имаш потрепено муабетов. Ми се вртат некои идеи низ глава околу црквите и некои замисли то ги имам низ глава може да изскицирам нешто па да рагледаме колку е тоа во согласност со каноните. Инаку дефинитивно сакралната архитектура треба да постои како смер на архитектонскиот факултет или па некоја форма на постдипломски пошто толку многу религии толку многу симболики и секое канонско побарување побарување да се задоволи и не е така лесна работа. Инаку јас стварно би сакалво Македонија да видам некоја црква со модернистички изглед. Соборна на некој начин го разбива тој лењир којшто го имаме низ Македонија, не вклучувајќи ги манастирите кои се приказна сами за себе, но и тие се делумно дел. Тамо има нешто различно да се види, додека кај повеќето новоградени (па и некои од постарите) градски цркви се на некој начин калап, барем мене така ми делуваат, а и на доста луќе сигурно им изгледаат така. Значи соборна го разбива тоа, Св. Тројца во Радовиш го разбива лењирот, исто така во Скопје црквата Св. Јован во Капиштец е еден ексцентричен објект. Незнам дали сум доволно јасен, ако треба ќе се дообјасниме. Главната поента ми беше да се обидеме со исполнување на каноните да извадиме некоја црква што стварно ќе внесе нешто ново во урбаните средини. Црквата не е ниту фолклор нити некоја културна остваштина која била па веќе не е, за да си дозволуваме да ја сместуваме и толкуваме во кошот со наслов "историја и традиција", како и што некои денеска со тие очи ја гледаат. Црквата е сега и овде и мораме да оставиме некој белег, барем еден објект типичен и доследен на светските денешни архитектонски трендови. Еве на пример оној проектот што се појави за во Аеродром мене исклучиво не ми е нешто којзнае колку посебен, но поради тенденцијата за модерен објект ја поддржувам идејата. Сега незнам коллку тој проект е издржан во однос на овие православни "стандарди" но сигурно е и на тоа припазено инаку нели не би бил избран како идејно решение.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Apr-2009 at 16:01
Православната архитектонска мисла е изнедрена од Православниот светоглед и е над секоја стилска, временска, просторна и цивилизациска категорија.
*
Самата Традиција не е неподвижен мртов капитал, туку самиот живот на Духот на Вистината
Владимир Лоски

јас ќе додадам традиција која опстојува не еден или два века, туку 21 век по новиот и 41 век по стариот завет, од потопот на развратниот свет (кој бил за време на кулминацијата на неолитот, и пред почетокот на бронзенот доба, измеѓу убаид и урук периодот во сумерската цивилизација) па наваму!

ако ги проследи добро линковите ќе разбереше дека кај Ранохристијанската и во континуитет на неа денес кај Православната духоносна архитектура, акцентот е ставен на внатрешноста пред се, и во одреден дел околу некои надворешни елементи кои повторно се резултат на самата таа внатрешна мистична символика на молитвениот живот (како што рече Господ + грижете се за срцето, а не за облеката).

она што е разликата помеѓу Православието и останатите Христијански деноминации е во тоа што кај нас не се разбира Црквата како нешто што евоулира во однос на светот (модерните појави и трендови во истиот) туку светот се прилагодува на Божјата Вистина за која во аманет ни се оставени Светоотечките сведоштва по кои и денес како Православни се раководиме, што значи не прифатливо е за Православието да отстапи од каноните и традицијата заради задоволување на нечии естетски перцепции кои имаат стремеж да стават голем акцент на земната, надворешна естетика.
на таков начин не само што се разводнува силната внатрешна символичност на Верата, туку воедно се остава простор за навлегување на гротесното студенило на современиот естетскиот формализам и онаму каде не му е место. од тука и Соборниот Храм Свети Климент Охридски е поприлично изместен во однос на она Православно разбирање за духоносната (сакрална) архитектура, каде најголем впечаток на себе повлекува надворешниот профан екстериер, наместо внатрешниот сакрален момент.
 
реформаторските нагони и силната земна потреба од нив за задоволување на некоја внатрешн порив или страст, по импресивни зданија во нашето опкружување, не би требало да се накалемат на долгата и цврста символична традиција во Православниот Храм, тие фантазии се интересни за музеј или дискотека, за стадион или концертна сала, но не и за простор наменет за молитва! па дури и кога станува збор за чисти форми како што тоа е во случајот со Соборниот Храм или пак најавите за тој во нас.Аеродром имам чувство дека не сме далеку од формализмот и студенилото на поновите католички и протестански градби.
Ова во пракса пластично кажано би значело карикирање на изворната музика за да се фати духот на новото време (нема потреба истиот да го објаснувам посебно) со што се обидуваме неможноста за перцепција на изворното да ја надоместиме со негово карикирање, вметнувајќи му или класични или техно тонови, т.е. или клавир или синтисајзер. така ај што се губи она чистата и веќе до својот зенит доведена култура, туку на наједноставен начин истата се исмева, во ред е тук таму по некој пример како синтезис или кирил, но не и тоа да стане меин стрим. ваквите изворни вредности не треба да подлежат на ревизија во никој случај.  
инаку за предлогот на Црквата во Аеродром верувам дека како скицирана макета објавена во весник, е само несреќна интерпретација на некој футурист кој ете сакал да слично како и католиците за време на шизмата да наметне нова шарена амбалажа во симболиката за Христијанскиот Храм кога бил фрлен главниот акцент на надворешното, доколку се почне со таква слобода да се интерпретира и гради во иднина мислам дека пополека не ни гине унијатството, капка по капка езеро, прво ќе го смениме календарот, сетне, начинот на градење, па Богослужбите за на крај и ние да се одродиме целосно и ги отфрлиме Светоотечките Православни Догми, како тоа што го сторија на почетокот од вториот милениум римските понтифи...

еве во која мера и самите Католици се во расчекор со себе, посебно што тие овој процес на "формата над функцијата„ го почнаа далеку порано со романиката и готиката, јасно во контиунитет и со ренесансата и со барокот, со што сега имаат внатрешен проблем, бидејќи неможат и да го зауздаат овој процес на футуристичко жонглирање со еклесијалните вредности - www.catholicliturgy.com/index.cfm/FuseAction/ArticleText/Index/65/SubIndex/116/ArticleIndex/24 , донекаде ваквиот реформизам успеаваат во голема мера да го наметнат и во праволсавните земји преку силното влијание на западниот империјализам за време на ренесансата, па така се појавува набрзо и нов правец денес познат како Neo-Byzantine кој е коктел од барокни и византиски форми, но за тоа покасно...
 
премногу збиено и во кратки црти го нафрлав ова мое видување за таа реформаторска размисла, иако истото е преурането и за редоследот на нишкава но и за посочување и појаснување на ваквите недоумици од модерен карактер, за сега дај прво да го завршиме воведот на темава како што треба, она посеопфатно и историски и технички, а после може да се фокусираме на одредени точки или појави во истата!
 

Edited by beTon - 25-Apr-2009 at 16:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Apr-2009 at 16:17
beton никаде не реков да отстапуваме од канони, во интерес на естетика. За тоа не смее да стане ни збор. Муабетот му беше дека немора цело време да практицира еден, на некој начин, веќе унифициран изглед на црковниот екстериер. Соборна не знам зашто би требало да пречи и боде очи во целата таа унифицираност. Не гледам ништо лошо воопшто доколку некој објект драстично отстапува од просекот. Нормално не смееме да си дозволиме сите објекти да ни отстапуваат но можеме пет-шест цркви во државата да си дозволиме да отстапам и некој архитектонски тренд да го преточиме во храм. Еве на пример види колку различни православни храмови има низ свет. Секој народ си влече своја школа низ времето и секоја од тие школи има длабока историја и посебна симболи, што јасно ни кажува дека маневрирање со екстериерот е дозволиво. Па дури можеме во интерес на православното единство да направиме да речеме руска црква да изгради класичен македонски храм, а Македонија да изгради класичен руски храм. Или па на пример со грчките плаво-бели или незнам некои други. Воопшто не е во потребно да бараме чив стил е "поправилен". Затоа и викам дека би требало и на ова поле да се изманеврира малку и со некои 0,1-0,2 % различност воопшто нити ќе се "загрози" нити ќе се "инфицира" македонската православна архитектонска школа.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Apr-2009 at 17:10
види не сум паметен за да проценам во колкав процент некое отстапување може да ја измести изворната духовна традиција која ја практицираме, но како што спомнав сигурното застранување се почнува со мали чекори, како би се отворил подоцна простор и за поголеми отстапки! значи не велам дека по секоја цена некој мора вака или онака да ја доживува символиката во Верата, но од она што јас го имам спознаено како најблиску до смирение тоа е таа изворна традиција, која дефинитивно нема исто да звучи доколку наместо со кавал се свири со клавир! вакви експерименти се пробани, но истите се далеку од чистиот и максимално исфилтриран сооднос помеѓу Православната Вера и архитектурата.

инаку во основа сите Христијански Црквовни Храмови се внатрешно исто конципирани, со одредени мали отстапки или додатоци, додека во главно разликата е во надворешните екстериерни решенија, односно пристапот околу оплеменување на фасадата заради естетска впечатливост и доминантност...

исправка: во брзање сум направив лапсуз во минатиот пост, римските понтифите реформата ја започнале на почетокот од првиот милениум по Христа, а не во вториот!



Edited by beTon - 30-May-2009 at 14:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Jun-2011 at 13:00
Црковниот Храм и неговите основни елементи во Православната Духоносна Архитектура

објаснувања за броевите има во нишката Технички Речник 


 



Edited by Max - 18-May-2021 at 18:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Jun-2011 at 11:56
симболиката во раноХристијанскиот базиликален Храм
извадок од книгата ...





 



Edited by Max - 18-May-2021 at 18:41
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Oct-2011 at 21:32





Во Манастирот објектите се хелиоцентрично поставени во однос на Црквата, сите конаци се врзани в круг гледајќи кон Црквата, така означувајќи ја смислата на нашиот живот како Христијани, тука симболиката е длабоко проткаена во секој чекор па и во тишината... [1][2][3]

http://www.mpc.org.mk/vGal.asp?kw=Manastiri [1][2][3]

http://www.orthodox-monasteries.com

http://www.svetagora.info/index.php?Itemid=4 [1][2][3]


 



...The Byzantine monastery, as a religious building and especially as a spiritual institution, is implemented architecturally according to a functional organization based on Christian faith and by extension, the morphological result may be interpreted symbolically. This symbolism refers to the placement of the elements of the architectural program, to the proportions and form of volumes, the use of materials, and unaffected forms. The founders usually used local materials in the construction of the monastery (stonework, brickwork, and wooden structures), which "spoke" architecturally with sincerity, as in primitive architecture (3). This is a sincerity that the monk is supposed to seek and is transferred to his architecture. The form and typology of the most basic elements of the monastery's plan vary, according to the space available in the monastery and its setting in the natural environment, which often imposes a specific architectural plan for the monastery...
http://www.architecthum.edu.mx/Architecthumtemp/invitados/conenna5.htm











Edited by Max - 16-Oct-2014 at 11:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Oct-2011 at 22:32
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Dec-2011 at 17:31
Црковниот Храм како соборно место на Црквата е повеќе од сакрална градба, односно освен што е место каде Верниците се собираат за во еден глас(Соборно) да Го прослават Бога и во заедничка молитва да побараат од Него здравје, мир и спасение, истиот тој Црковен Храм е потсетник дека таквата сложност треба да ја имаме и во секојдневието...

For one to have fellowship with another Christian in the early Church meant much more to him than what it means today to many contemporary Christians. (i.e., Christians having donuts and coffee together in the "fellowship" [social] hall after the Sunday service). Genuine fellowship implies "that bond which binds Christians to each other, to Christ and to God." Fellowship is all inclusive, deep, personal and intimate. The "meaning of 'fellowship' or 'communion' in the New Testament relates to sharing one common life within the body of Christ at all levels of existence and experience – spiritual, social, intellectual, economic. No area of life can be excluded."
http://www.rebuildjournal.org/resbkexcrptfldr/commongroundchptreleven.html


за нас Христијаните еден од главните столбови во Верата е Соборноста(Заедништвото)Католичноста подвиг спротивен на посесивниот индивидуализам, односно во животот како Верници сме повикани да делуваме сложно и за доброто на заедницата, ваквата соборност и соживот најизразени биле во првите векови од нашата ера кога Христијаните живееле во комуни, но и подоцна во средниот век, и иако во потполна смисла на зборот комуна биле и се монашките општежитија(манастирите), може да се каже дека секоја Организирана Христијанска Населба е комуна, било тоа да станува збор за село, кварт или град...

This idea really isn't that outlandish. It has been argued that Imperial Russia, right up to the revolution, was nothing other than a massive federation of tiny Orthodox Communes, or Obschina. Each village or sela was run as an independent entity, governed nominally by the town elders, whose actions were ratified by the every head-of-household in the village. There is much to learn about the operation of these villages; I believe that something that worked for 1500 years or so might be worth trying again!
orthodoxcommune.com/node/3


Уште на почеток кога се оформила Црквата, првите Христијани се што имале како богатство не го сметале за свое, туку за Божји имот и затоа поттикнати од тоа чувство, почнале да ги продаваат имотите и парите да ги ставаат пред нозете на Апостолите, како што пишува во дела апостолски, ги ставале во црковната каса и на секој му делеле според потребите. Првата христијанска заедница наликувала на совршена христијанска заедница која се' имала заедничко, a секој се сметал за помал од другиот. Затоа од почетокот црковните имоти не се сметале дека се имоти на одредени лица, ниту на Владиката, Апостолите, ниту на Свештениците, ниту на Верниците. Во каноните се говори дека имотот на Христијаните бил имот на Црквата, односно, имот на сиромасите. Што значи, тој имот што го имала Црквата во првите векови, служел за да им се помогне на сиромасите и вдовиците, кои имале потреба од тој имот.
http://www.mpceanz.org.au/za-bozjite-zakoni-mitr-petar/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Dec-2011 at 13:31
специфично за раноХристијанството е притисикот и прогонот на верниците кои како новообратените Христијани најнапред страдале маченички исповедајќи ја сопствената Вера во Исуса Христа заради што биле присилени службите да ги вршат тајно, најчесто по домовите, но кога и тоа станало невозможно и неподносно Верните почнале да бараат прибежиште по горите многу живеејки и испоснички, додека тие што морале да останат во градовите службите и погребот на упокоените почнале да го извршуваат во катакомби

Catacomb (from the Greek kata kumbas, meaning "near the low place or ravine") was originally the name of a particular district in Rome, but later referred to subterranean Christian burial places throughout the Roman Empire. Catacombs have been discovered in Anatolia, Malta, and North Africa, and in the cities of Naples, Paris, Syracuse, Trier in Germany, and Alexandria, Egypt. However, the principal catacombs are those in Rome (about 40 in number). Found mainly along the Via Appia, the Via Ostiensis, the Via Labicana, the Via Tiburtina, and the Via Nomentana, they bear 4th-century names identifying the martyrs who were buried in them.

The construction of catacombs began in the 2nd century. They were initially used for refuge during times of persecution, for the celebration of the Eucharist, for interment of the dead, and for memorial services. By the 5th century, they were no longer used for burial, but exclusively for religious services commemorating the death of a martyr. By the 9th century, catacombs completely fell into disuse and were forgotten until their rediscovery in 1578...
http://orthodoxwiki.org/Catacombs


Како што ни е познато од историјата на христијанската Црква, како и од римското право, првите Христијани имале слобода да се собираат непречено само на гробишта, таканаречени катакомби, каде биле погребувани првите христијани како маченици. Такви катакомби и до денеска се сочувани околу Рим, како што се: најпознатата Свети Калист, потоа Свети Себастијан, Света Цицилија, света Текла и др. Околу нивните вечни почивалишта малата прогонувана христијанска заедница се собирала и го прославувала севишниот Бог, како и Господа Исуса Христа. Но истовремено се развивал и култот кон мачениците. Најголеми светилишта постанувале токму гробовите на светите апостоли кои маченички го завршиле својот живот, како што се светите апостоли Петар и Павле во Рим, а потоа и другите на други простори каде што го проповедале Евангелието на народите...
http://preminportal.com.mk/content/view/7050/160/


Катакомби, во римската република овој термин се однесува на подземни ископи во мека карпа кои служеле за погребување на мртви. Во подоцнежниот христијански период се ископувани пространи лавиринти на галерии, широки метар до метар ипол, поврзани со одаи кои се разгрануваат под различни агли.

Во христијанските катакомби, гробовите(loculi) се паралелни со галериите, додека во паганските подрачја тие се поставувани под прави агли. Кога една галерија ќе била пополнета, се копало натаму под неа, понекогаш и до седум нивоa.

Катакомбите во Рим се пружаат стотици километри и содржат илјадници гробови, од кои секој содржи од едно до четири тела. Саркофазите се мошне ретки. Гробовите се затворени со насликани мермерни плочи наредени долж ѕидовите на галериите. Некои од тие слики се најрани примери на христијанската уметност.

Во паганските подрачја прославите се одвивале кај односниот гроб на денот на погребот и годишнината на смртта. Поради светоста и скришноста на катакомбите, евхаристиските служби тука се одржувани на годишнините на мачениците. Ископувани се отвори за воздух и светлина(фенестели) за да се овозможат тие прослави кои се одржувале со векови.

Главниот период на катакомбите е 3-от и 4-от век. Веќе во времето на Јероним (околу 360-та година) ископувањето не било вообичаено, а кога Аларих (визиготски крал) го разурнал Рим во 410-та погребувањето во катакомби е практично напуштено.

Како минувало времето на катакомбите се заборавило, се додека не биле повторно откриени во 1578-ма година. Ги ископувале и темелно ги проучувале старите научници, како што е Антонио Босо (умрел во 1629-та), а во современо време Де Роси, О. Маручи, П. Штигер и Е. Киршбаум.

Иако катакомби има во древните градови на Египет, Малта, Либан, Сирија и Палестина, или во нивна близина, најпознатите и најзначајните можат да се најдат во околината на Рим.

Во Рим се најдени најмалку шест еврејски катакомби. Тие потсетуваат на христијанските, само што немаат големи одаи за народни собири.

Некои научници погрешно верувале дека катакомбите на св. Себастијан ( Рим) означуваат место на кое се погребани Петар и Павле. По половина век истражување, може со доста причини да се претпостави дека култот на овие двајца апостоли тука навистина постоел околу 260-та година од н.е., а можеби и околу 200-тата година од н.е., но не е изнесен ниеден задоволувачки доказ дека овие апостоли првобитно биле тука погребани или дека нивните мошти тука биле пренесени по погрбувањето на некое друго место.
http://www.panoptikum.com.mk/personal-enciclopedia/2009-11-08-15-10-52/paralelen-svet/631-2010-03-10-04-18-33.html


катакомбните Цркви повторно се јавуваат по црвената револуција во Русија заради прогонот на Христијаните но сега не од паганите него од атеистите http://www.scribd.com/doc/28985271/КАТАКОМБЕ
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Jan-2012 at 23:33
одредени Верници-Богоугодници-Монаси низ вековите се предавале на аскетски подвиг престојувајќи во постојано молитвено тихување на пусти места, доброволно или принудени се повлекувале по непристапни планини и пустини отуѓени целосно од светот, а за престојувалишта користеле пештери, јами, колиби, овие испосници почнале самостојно да подигаат Пештерни Параклиси(Црквички) или здружено за заедничка служба на аскетите кои престојувале на иста планина... пример на Света Гора има многу Ќелии и Колиби, со чие ширење и спојување се создаваат Скитовите и Манастирите...

Келиите(Испосници/Посници/Пештери) се оскудни престојувалишта во кои Монасите се повлекуваат за поусрдно растење во Верата и усовршување на Молитвата(разговор со Господа) преку осамеништво и безмолвие(тихување/исихазам), односно анахоретски(еремитски) живот, додека Колиба најчесто е престојувалиште со покуќнина и Црквичка(Параклис) каде живее помало монашко братство собрано околу Старец(напреден Духовник, ВеликоСхимник)...

Скит е организирана заедница составена од одреден број Колиби каде се практикува идиоритмиски монашки живот, односно поблаг во однос на анахоретскиот, но построг во однос на општежителниот(киновијски) манастирски живот ...

...Во преданието на Источно-православната црква се разликуваат два основни вида монаштво: анахоретско и киновиско живеење. Покрај нив, како посебен вид често се смета и скитското монаштво, кој е средниот пат помеѓу првите два... [1]


освен на Света Гора кај нас сите три вида Монаштво на едно место се среќаваат и во Зрзе каде уште во доцната антика е формиран пештерски монашки комплекс...

[1][1][1]





Edited by Max - 18-May-2021 at 21:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Jan-2012 at 16:04

за раноХристијанското монаштво инспирација биле јудејските аскети, пред се Терапевти-те (од коине θεράπων(Terapon) - латински Therapeutae, односно директен превод од арамејскиот збор Essene што значело Исцелител) сепак се смета дека Терапевтите и Есените се два различни реда Therapeutae#Early_Christian_interpretations [1] [2] но за етимологијата на зборот Есени има и други преводи и интерпретации како Духовни Лекари или Служители Божји, исто како што и за Монах се смета дека буквално значи Сам но исто така имало преводи како Единство(едно со Бога(при Бога))Едност ...

...
MANASTIR (koine - μοναστήριον(monasterion)) JE ZGRADA U KOJOJ PREMA UTVRDJENIM PRAVILIMA ŽIVE MONASI ILI MONAHINJE.

• ZAJEDNIČKE NASTAMBE ZA MONAHE POZNAJU I DRUGE RELIGIJE.

• HRIŠĆANSKI MANASTIRI RAZVILI SU SE IZ KOLONIJA EREMITA U EGIPTU, NAROČITO OD KADA JE PAHOMIJE SASTAVIO PRAVILA ZA ZAJEDNIČKI ŽIVOT PO KOJIMA SU SE PUSTINJACI SASTAJALI SVAKI DAN, ZAJEDNIČKI RADILI, MOLILI SE I JELI.

• SREDINOM V VEKA KINOVIJSKE NASTAMBE (KOLIBE = LAVRE) ZAJEDNO SA CRKVOM SU OPASANE ZIDINAMA I TAKO ODVOJENE OD OSTALOG SVETA.

• NAGLI RAZVOJ NA ISTOKU DOVODI DO PODIZANJA OGROMNIH MANASTIRA SA VELIKIM BROJEM MONAHA, U KOJE ODLAZE ČITAVE VLADARSKE I FEUDALNE PORODICE.

• PRVE MANASTIRE U REGIONU PODIZALI SU, PRE DOLASKA SLAVENA, GRCI I RIMLJANI NA USKOM OBALSKOM POJASU UZ MORE I U MAKEDONIJI.

• OKO 890. SV. KLIMENT JE PODIGAO MANASTIR U OHRIDU, ZATIM SV. NAUM NA JUŽNOJ STRANI JEZERA.

• ZA VREME CARA SAMUILA NA PRESPANSKOM JEZERU OSNOVANO JE 11 MANASTIRA.

• MNOGI VIZANTIJSKI CAREVI, VELIKAŠI I EPISKOPI PODIZALI SU MANASTIRE U MAKEDONIJI.

...

http://www.arhns.com/download/razvojregionalnearhitekture/8predavanje.pdf

 



Edited by Max - 18-May-2021 at 21:58
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jan-2012 at 17:00
додека за време прогонот на Христијаните службите се одржувале потајно во домовите на верниците познати како Domus Ecclesia, по официјализирањето на Христијанството службите стануваат јавни и се одржуваат во преадаптарaните базилики - дотогашни јавни форуми и храмови, потоа почнуваат да се развиваат различни типови Црковни Храмови во различни периоди својствени за различни простори(градителски школи), а по шизматските разделби својствени за секоја Христијанска деноминација посебно, односно издиференцирани архитектонски форми...
Црковниот Храм типичен за Источното Христијанство во основа се определува на три периоди:

- рановизантиска Црковна архитектура 3-7 век [1] [2]
- средновизантиска Црковна архитектура 7-12 век
- доцновизантиска Црковна архитектура 12-16 век

а покасно се издвојува и еден дополнителен поствизантиски период познат како

- неовизантиска Црковна архитектура 17-20 век

Во рановизантискиот период се синтетизираат разни типови Црковни градби во една целина. Застапени се надолжни(лонгитудални) градби, еднобродни и базиликални, како и градби од централен тип. Рановизантиската архитектура е сочувана во мал број примери, како последица од арапските освојувања во 7 век и појавата на иконоборци(иконокласти) во 8 и 9 век...

Во средновизантискиот период, Протомајсторите(архитектите) настојувале Црковните Храмови да ги развиваат во единствен план од централен тип со купола(која Го симболизира Царството Небесно), градбите со централен план најчесто се во облик на Крст кој е слободно развиен или впишан, а специфично за овој период е постојаноста на ваквиот тип планови, друга карактеристика е поврзаноста на внатрешниот простор и надворешниот изглед. Сводовите се покриваат непосредно по заоблувањата, а не преку дрвена конструкција, а лаковите и внатре и надвор се во иста висина и ширина...


иако има многу, за најрепрезентативен Црковен Храм се смета Црквата Света Софија...


од последниов клип се воочува акцентирањето на "римска" градителска школа, што е недоносено тврдење, бидејќи византиската градежна школа e својствена и се потпира на и ги комбинира сите дотогашни автохотни архитектонски умеења, впрочем самите римски градители се потпираат на односно учат од градителските школи од егејската култура која пак се надоврзува претходно на египетската култура... (+ исправка, официјален јазик во византија бил Коине)
она што Јустинијан го воспоставил како норма и функционално и архитектонски е надоврзување на автохтоните егејски традиции во кои сводот односно куполата била главно обележје за Небото, пример во бронзеното доба тука се јавува кај пајонците, пелазгите, минојците итн., а претходно во раното бронзено доба е дел од месопотамските традиции во асир и сумер...

освен Куполата, значајна симболика има и во страничните калкани на кровот, кои на апсидите почнале да се поставуваат скалесто симболизирајќи го постепеното искачување кон висините, но исто битна карактеристика е и фокусирањето т.е. ограничувањето на прозорите и протокот на светлина низ нив преку т.н. транзени, како главен акцент би се дало на молитвата, односно за умот да не се расејува насочувајки го вниманието на ентериерот, туку да е внимателно присутен на Богослужбите...



Edited by Max - 18-May-2021 at 21:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jan-2012 at 14:00

од раноХристијански базилики во Вардарска Македонија досега се откриени и конзервирани 131 базилика, од која последна е големата базилика од Скупи, но бројот на лоцирани но не откриени и конзервирани е поголем...
додека бројот на средовековни Цркви е далеку поголем, од кои целосно сочувани се 993 вклучително и манастирските...

вкупно зачувани и стари и нови, во РМ има 1.842 православни верски објекти кои се евидентирани во Картата на верски објекти

во Скопската Епархија од сите периоди има 136 Цркви од кои најстара е Големата Епископска Базилика во Скупи од 5 век

ЦРКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО ОД 4 ВЕК ДО ДЕНЕС - http://preminportal.com.mk/content/view/2220/54/

од новите како архитектонски поспецифичен е Соборниот Храм Свети Климент Охридски кој се одликува со современ неовизантиски стил...
Соброниот Храм во Скопје како современа ротонда иако на прв поглед делува преформалистички, сепак како молитвен простор воопшто не е студен, како што тоа е случај со повеќето нови Црковни Храмови (ширум светот) кои се изведени во бетон, што покрај молитвата посекако е резултат и заради комбинирањето на камен, тула и бакар надворешно, но и прилично масивно дрво внатрешно...
канонски во изградбата нема особени отстапки, единствено можеби требало и морало да се оди со посоодветна и порепрезентативна локација(логично плоштад) и евентуално со помали прозори на тамбурот, но тоа сега веќе и толку не е битно бидејќи и вака овој Храм им е од голема корист на Верниците, особено е значајно што духовно дел од него се петорицата скорешни Македонски Архиепископи Доситеј, Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан од поставувањето на Каментемелникот на 23.04.1972 и Осветувањето на 12.08.1990 - (1150 год. од раѓањето на патронот) ...

СОБОРНИОТ ХРАМ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СКОПЈЕ - http://www.scribd.com/doc/80581609/Соборниот-Храм-Свети-Климент-Охридски-во-Скопје (објавено во А, списание за култура на просторот, бр. 3, Скопје 1992)

Pravoslavna Crkva Sveti Kliment Ohridski Skopje ~ https://rutube.ru/video/3b807ee796678a7a6aa9a97e0576f596/





Edited by Max - 18-May-2021 at 21:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.