build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Православна сакрална архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 08-Oct-2012 at 22:10
фала Макс,и мене ме изненади цената,ги зумирав сликите и не гледам некоја аберација на лежата.прошлиот апарат имаше на десниот горен дел,овде засега не приметувам ништо.промотивната цена е за цел балкан(можеби и на други места)

многу ме чуди што ќе испадне ова со гробницава на линкот(и на други портали),вакво нешто немало во Македонија,сме гледале во Египет и на други места.Многу мегалитски се камениве блокови.ќе излезе нешто големо од ова



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 09-Oct-2012 at 11:22


опуштено си истражуваат и опуштено нека тера офтопиков во археологија, тука стави слики од некоја средновековна ротонда, иако ваквите тумулуси се директен предок на куполата како архитектонска појава во византија, иако намената им е различна макар интерпретацијата била иста...

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 19-Aug-2013 at 16:54

ова ме изненади како интерпретација - http://en.wiktionary.org/wiki/cupola

Cupola. A light structure on a dome or roof, usually crowned with a dome and serving as a belfry, lantern, or belvedere. - http://www.aspu.ru/images/File/Izdatelstvo/sbornik%20troodov%202010/Radvan%20V.M.,%20Plavinskaja%20V,S..pdf


но ова кај нас ко значење би било претпоставувам Тамбур, а купола велиме најчесто кога мислиме на домо - http://en.wiktionary.org/wiki/dome - а порано чукав глава од каде дошол зборот дома просто природно местото ни е таму...


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 02-Sep-2013 at 05:16


http://en.wikipedia.org/wiki/Onion_dome

according to one theory, onion domes were strictly utilitarian, as they prevented snow from piling on the roof

РПСА - http://www.youtube.com/watch?v=rRVD9hzRsDI&t=30m




Edited by +Protagorist - 05-Mar-2017 at 20:23
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 08-Jul-2014 at 10:33

во контекст на пост #54 од нишкава

http://orthodoxinfo.com/general/icon_faq.aspx

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 12-Jul-2014 at 18:18

http://preminportal.com.mk/content/category/13/43/158/

   

http://myweb.rollins.edu/aboguslawski/Ruspaint/underst.html
Иконописни периоди и школи

   1. Првиот период го опфаќа периодот до иконоборството (724 год.). Ѕидните слики од овој период се изработувани како фрески или мозаици. Карактеристика на овој период е нагласениот символички елемент. На мозаиците небото е сино. Дури во VI век станува позлатено и оттогаш овој обичај преовладува. Само фреската засекогаш го задржува синото небо. Символичкото сликарство постепено се повлекува и му го отстапува местото на историското сликање и на догматската икона.

   2. Вториот период ги опфаќа 120-те години на иконоборството (724-843 год.). Историчарите тврдат дека врз безиконичното сликарство кое преовладувало, влијаеле јудаизмот и мухамеданството. Овие религии се против сликите, така што ширењето на арапската власт влијаело врз византиската уметност и сфаќање. Впрочем и византиските цареви Лав III Ерменец и неговиот син Константин III Копроним биле Сиријци, а и двајцата биле на чело на иконоборците. Подоцна и Теофил ја следел нивната пракса и го заменил иконографскиот циклус со декорации. Па така, на сцената од црковната агиографија се јавува древната старохристијанска декоративност. Иконописците кои побегнале од престолнината во Италија и Мала Азија продолжиле и понатаму да сликаат икони и фрески.

   3. Третиот период се протега од средината на IX век до крајот на XII век. Тоа е време на династиите Македонци и Комнени. Овој период е познат како преродба на православната агиографија. Иконоборците паднале пред аргументите на иконофилите – Отци на Црквата, и победата на православието значела нова епоха на иконите. На VII вселенски собор поставени се правилата за ерархиска поставеност на иконите, па така постојат: догматски, литургиски и историски икони. Овој период на иконографска преродба трае до епохата на Комнените. Подоцна се зацврстува и ограничува на повторување на претходните достигнувања со тенденција на формализам.

   4. Епохата на Палеолозите (1259-1453 год.) се смета за „златен период“ на агиографијата. И навистина, достигнувањата од овој период се со висок квалитет. Живописот на оваа епоха означува чекор напред, па со текот на времето да се стигне до нов вид агиографија, со нагласени духовни својства. Но, како по правило, пред појавата на некој нов стил или школа, секогаш му претходи појавата на нови религиозни или научни идеи, кои се одразуваат на целиот општествен живот, па и на творештвото. Во времето на Палеолозите интелектуалната елита на Цариград поприма хуманистички сфаќања. Хуманизмот бил општ феномен на западот, а Цариград традиционално одржувал добри односи со Рим (дури и со тенденција на унијатење), па така овие сфаќања навлегле во Цариград. Свртувањето кон човекот и природата, својствено на хуманизмот, врши непосредно влијание врз агиографијата. Движењата, изразот на лицата, личниот карактер се појавуваат поинтензивно, а природата и пејзажот заземаат сè поголемо место во живописниот циклус.

Овој нов вид агиографија се нарекува „Македонска школа“, која настанува во Цариград, но паралелно се развива и во Солун, со уште пореалистични црти, додека во престолнината била поидеалистичка. Од Цариград се проширува во Македонија и во други делови од православниот Балкан, особено во Мистра. Македонската школа е еден од двата дела на живописот од епохата на палеолозите. Ја карактеризира реализам, слобода, живи движења и емотивност, која достигнува и до драматичен занес. Осветлувањата се прават со широки потези и заземаат голем дел од лицата. Се работи за „широк стил“ на сликање. Честопати, живите тонови се постигнуваат со импресионистичко додавање бои (зелена проплазма – розово осветлување). Македонската школа особено се развива и го чува реалистичниот израз својствен на агиографијата од Солун. Македонската агиографија повеќе му одговара на ѕидното сликарство, затоа што импресионистичкото додавање на бои изискува потребно растојание од гледачот за да создаде оптичко мешање. Иконата, пак, со вистинското мешање на бои нема потреба од големо растојание, зашто со средствата со кои се изразува одблизу ја покажува убавината. Македонската школа, благодарение на нејзиниот стил, ја стекнала наклонетоста на Цариградскиот двор. Нејзин најпознат претставник е зографот Емануил Панселинос.

5. Сè до Комнените немало видлива разлика помеѓу ѕидниот живопис и иконата. Таа разлика почнува да се чувствува од почетокот на XIII век. Иконата не го прифатила хуманистичкото настроение на ѕидниот живопис, туку го задржала својот традиционален воздржан став, благодарение првенствено на монашкото влијание. Монасите се труделе да ја задржат во агиографијата смиреноста, свештеноста, побожноста и умилноста; останале воздржани кон новините на македонскиот стил во црковната уметност. Ова монашко настроение создава нов стил на живопис. Новата уметничка струја е позната како „Критска школа“ затоа што подоцна се развила на Крит и преку критските живописци преминала на другите краеви. Критскиот живопис го оформил својот стил во втората половина на XIV век, во времето кога македонската школа опаѓа, а во XV век исчезнува. Практично, почнала да исчезнува со падот на Цариград во 1453 год. Патријархот Генадиј помогнал во ширењето на критската школа која се проширила на Мистра, а во XIV век оттаму се пренела на Крит, каде што доживеала голем процут и развој до почетокот на XVI век. Нејзин главен претставник е зографот Теофан Критски. Во XVII век преовладуваат икони од Критската школа, а во ѕидниот живопис преовладува византиско-лаичкиот стил.

И покрај традиционалноста и конзервативноста, во XVI век критскиот стил поприма елементи од западната ренесанса. Во тој период има добри мајстори, но недостасуваат опитни теоретичари живописци, познавачи на длабоките закони и основи на православниот иконопис. Всушност, тоа е и главната причина за сè поголемото влијание на сликарите од западната ренесансна уметност, влијание кое достигнува врв во XVIII век. Натуралистичкиот италијански живопис успеа да изврши големо влијание врз православните иконописци и да го потисне древното живописно предание.

Православна светлина бр. 9 Според изворникот: Јован Вранос, Градац, Чачак, 1988, 113-116.

http://amvon.mk/ikonopisni-shkoli-i-periodi/

   

http://www.atma-o-jibon.org/file_pdf/camminiamo_n25_novemmre_dicembre2013.pdf



Edited by +Protagorist - 25-Jul-2018 at 21:33
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 08-Nov-2014 at 20:26

мало туристичко ЕПП и не дека неможе без него туку бидејки повеќето така стигнуваат побрзо до аберот од претходниот пост

Originally posted by Max

http://issuu.com/pelagonija/docs/grupna_eng [1][2][3][4]

Monasteries on Baba Mountain


кога првпат го погледнав видеово за манастирите на Пелистер прво што ми падна на памет е дека цела ова тура плаче за фрирајд, иако и без точак се може но за трекинг треба буквално чоек да е спремен на кампирање бидејки прашање е дали и кого ќе најде по манастирите со оглед дека истите сега се претежно само селски Цркви евентуално Света Петка в с.Цапари но токму вреди и за во вреќа цела тура од Сливница преку Курбиново та отаде Малоиште па Цапари, а може да префрли и кон Илинска планина та преку Ѓавато, Гопеш и Смилево да се стигне до Слепче, јасно вожњата може да тера потем и према Журче та лесно отаде према Прилепско, кој бил на местава знае за што зборувам и би му препорачал пак да отиде, а кој не бил нека не се мисли двапати оти сеуште е сето ова недопрена природа - настрана сета историја и традиција посреди!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 09-Nov-2014 at 19:00

уствари турата од Горна кон Долна Пелагонија исто е феноменална, пример од Журче за Прилепец па кон Зрзе а од таму назад за Трескавец па Варошкиот манастир та сетне кон Мариово до Свети Никола во Витолиште (видеото) и Свети Никола во Градешница (фотката), бар по оние кои се живи Манастири иако последниот е исклучок, овој во Витолиште немам отидено но веројатно немаше ни да чујам да не беше Жири посреди, што да кажам спокојно место и спокоен Манастир






Edited by +Protagorist - 09-Nov-2014 at 19:10
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 15-Nov-2014 at 18:31
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 15-Nov-2014 at 19:55
овој манастир го раководи мој колега,иначе дипл.ел.инженер кој по апсолвирањето одма се замонаши,и последните испити ги доположи во мантија.има огромна помош од локалното муслиманско население,и буквално секојдневно со нешто му помогаат.

чуден животен пат,но за секоја пофалба
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 24-Nov-2014 at 08:00

зошто чуден ПАТ а не па и ЖИВОТодавен... мене чудно ми е како не успеваме да се поучиме и угледаме на примерот од подвижниците - макар живееле мирјански, да наоѓаме радост во скромноста и простодушноста, да имаме разбирање за сите и насекаде, со насмевка и благодарност да трпиме...

во Рајчица не сум бил, а сите велат дека е бисер мијачки и заради локацијата и заради локалците [1] особено што таму мијаците се исламизирани та алкохол речиси и да не се пие - претпоставувам местото Цвета во Смирение штом Литургиски се разлие Славословие...

Рај на земјата - http://infomax.mk/wp/?p=377

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 06-Dec-2014 at 19:31

обично не размилувам аскетски со оглед дека нема поголем пад за душата од умисленост за подвиг, но понекогаш се потсетувам дека сред овие декадентни времиња [1] треба трезвеноумно да бдееме на себе!

а дали е тоа возможно доколку живееме атлетски, раскошно или натпреварувачки во овој свет, и не само како индивидуи туку и колективно како членови на Црквата... дали Трезен Ум може да остане смирен доколку си дозволи да се товари доброволно со секакви искушенија... ем дали малку искушение е навистина малку или искушение е искушение та било малку или многу!? сепак не е наше да судиме а уште помалку да релативизираме нечиј подвиг или бреме, и посекако Различно тежат едно кило и сто кила јаболка, односно едно е доколку некој се спасува со едно модерно ауто, а сосем друго со елитна ергела болиди, иако оној пак со едно едно ауто има помалку прилики некому да помогне него оној со повеќе, но бидејки денес заборавот е норма па ни на сон не можеме да живееме социјалистички ко монасите денеска а не па комунистички ко терапевтите некогаш [1]...
можам слободно да кажам навистина Чудно е во очите на повеќето денеска да живееш со Љубов кон сите сакајки на секому во се простодушно да помогнеш во секојдневните тешкотии, а воедно избегнуваш да им помогаш во секојдневното безделничење или фестивалски дружби - токму ТОА го прават денес монасите бар како духовници и лекари ако не ко измеќари, иако многу често и од последниот залак двојат за на оние кои им се духовни чеда да им подадат вака или онака нешто милостиња, само што ние тоа не го гледаме истакнато на огласна табла а потем и ги судиме дека немаат милосрден подвиг Иако самото Литургиско Славословие е повеќе од доволно од нивна страна за сите околу нив и при нив да се спасуваат и жевејат Радосно онака исполнети со Благодат а која за жал потем најчесто ја трошат пред телевизор, компјутер или друго електронско тенеќе, ајде бар со надеж дека и тоа е подобро него во такво расположение да мерат дискотеки, плажи и фестивали, она денес причест в Цркваа утре коктелче на ибица, смешно но токму вака изгледа преминот на испрелестен чоек кој се воцрковува, а тоа така може и да потрае додека вистински човек да се воцркови, мене пример ми требаа добри десет години ваков кросовер иако пет претходно бев свесен дека живеам екстра-декадентно

и не дека на почеток или на крај е тешко, колку што човек лесно неможе да се победи себе си доколку е сред волци, она или ќе го изедат или пак ќе стане волк, затоа и неопходно е повлекување, а потем и расчистување со стариот адам, што незначи дека пак чоек неможе да биде заведен од старите слатки искушенија макар се преселил и на врв планина, но со троа наивност (смиреноумност) и нешто молитва (искрен разговор со Бога) посекако и себе а и на други утре ќе може да им помогне, но ако на мирјаните не им е лесно уште помалку на подвижниците макар достигнале степен и на старци, иако ко монаси истите уште одма се челичат со турбо-духовни искушенија пр. како во исто време да се молиш ем да слушаш нечии световни теории на млака вода а на крај и да го испратиш дома излечен оној кој дошол по Благослов, сепак најколемо прекршување копја в себе имаат пишман монасите т.е. оние искушеници кои не го нашле својот мир а потем назад и во свет не ги држи место, што вика архимандрит Софроние Сахаров останале ниваму нитаму, да не сум им во кожа иако бидејќи туристички имам отседнато во манастир два три пати по месец дена та токму и можам да посведочам дека враќањето во свет после таква авантура е налик паѓање од небесен тобоган на сред пуст остров каде интересно е само зајдисонцето и ништо повеќе
Живот по заповестима Христовим - уистину је Голгота. То је такав пут да онај који је на њега ступио, ако не буде молитвом побеђивао тешкоће које се стално увећавају и ако устукне, ако се врати назад, онда ни тамо куда се вратио, то јест у свету (то јест у животу по страстима), неће наћи ону радост какву имају људи овога света који нису познали Бога. [1]


Навистина Чуден Пат Имаат Тоа Монасите во право си Ѓоко најчесто летаат по него додека ние мирјаните не можеме ни да се расониме сред истиот, до душа и оние мигови кога се расонуваме гледаме што побрзо пак да се фрлиме во дремеж, онаа уште една минута сон што ни е потребна секое утро земено духовно е речиси ко цел живот кај Христијанинот кој живее во светов!
   

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 06-Dec-2014 at 21:51


прв пат во манастиров в Зрзе имав отидено со екипа апла туристички летото '97 чинам, но и манастирот немаше монаси, а единствено дедо Иљо беше ко доманикин таму, но повеќе ко чувар на традицијата кој потем доведе еден чоек мислам од Ниш изгледа се викаше Мино ил така нешто, нејсе, имавме прилика тогаш и коритото од кладенецот да го зашалуваме, а тек годиње подоцна го направија ко што е сега иако и тогаш беше тоа камената одаја, битно од таа година ето ко архи-турист месец дена имав прилика да видам што е тоа манастир и поднаучам по нешто и за градителската и за црковната традиција, иако поминаа приличнo години од тогаш додека и да се приучам, но сега е нај'склет бидејки нема ништо полошо на овој свет од полуписмен чоек кој мисли дека со својта просечност може да префрли умно и тро потака... туку тогаш пред да стигнеме до манастирот барајки го патот наидовме на едно девојче и ни вели 'само следете го патот со белите камчиња' за жал истиот денес е асфалтиран за што повеќе туристи да можат да се прошетаат иако ко што може да видите по мене туристите далеку знаат да стигнат и без никаква особена подготовка единствено што треба е ЉУБОВ - Љиљаков Убав Бран Од Виножито ( онака ко за почеток или мисија прва






Edited by Max - 18-May-2021 at 18:50
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 07-Dec-2014 at 19:08

денес бев Сведок на две убави работи, првата е Блажена Мајка а другата е Радосна Невеста, и на Двете Господ Да Им Подари Спасение, а кое како Православни Христијанки ќе го заслужуваат живеејки во подвиг, што може на мирјаните им делува дека е норма само за отшелниците, но дефакто сите сме повикани на Целомудреност од кој аспект оние кои живеат во манастир или потака в пештера ил пустина ко аскети ним иако искушенијата им се претежно од духовна природа, сепак се во подобра положба од оние кои се Спасуваат во светот односно сред цивилизација, и не бидејки на монасите им е полесен патот од мирјаните ТУКУ бидејки мирјаните имаат одговорност во Бракот далеку поголема него што тоа е случај со монасите кои пред Бога одговараат сами за себе, но и во двата случаи доколку Православните не се стремат кон подвиг во Љубов тогаш и делата и плодовите им се млаки ко што вели Апостолот ко кимвал што ѕвечи...
е сега ако Љубовта се' простува и не се противи, ако Љубовта трпи и сострадува, ем ако Љубовта значи милост а не жртва, тогаш лесно се пребродуваат сите искушенија, а уште полесно се надминуваат сите разлики, но дали денес се наоѓа искрена Љубов - е тоа е друга работа за која потребно е хируршка прецизност во животот

сето ова би било лесно применливо доколку се држиме до поуките на Светите Отци кои својот опит и традицијата ги преточиле во Канони а кои денес како поуки ни се предадени на Црквата доколку сакаме Живот со лесно бреме и осигурано спасение, во спротивно Црквата повторно има простор за покајание и за оние кои отпаѓаат но само доколку тоа го прават скрушено а не од разонода колку да исполнат одредена форма, ОД овој аспект уште поголем престап е да се живее вон Црковните закони а да се очекува дека ко такви можеме редовно да им пристапуваме на Светите Тајни... дури денес од овој аспект ми е навистина шубе да размислувам и за работи како флерт со жена за време пост а не па вонбрачен живот со неа капак ко таков да барам да се Причестам... ех, If being a Christian is not easy being an Orthodox Christian is even harder

еве неколку страни извадок од книгата Беседи Под Крстот издание на Небески Цветови Св.Атанасие ман.с.Журче а каде едноставно се укажува дека добро е да се живее во Чистота и Страв пред Бога доколку сакаме животот да го минеме во Слобода на што никој не е присилен но на крај посекако ќе сконта дека така би било полесно за него да се спасува, другиот аршин е падни стани бранувања се додека не се почне да се игра по правила а кои не се за нас да не ограничат туку да ни помогнат ограничувањата на овој свет лесно да се надминат... последната е за оние кои стапуваат во Брак, а средната е за се потоа, односно дека Љубовта е како таписерија та кога ткаеш доколку конците ти се врзани за небесата (осигурани од Христа преку венчање и светотаински живот) резултатот секогаш ќе биде Благ макар живееле во горчливи околности или времиња, Спасувајте се Изворно... бар одвреме навреме ако не можете постојано сепак најдобро преку духовно раководство та и старателство кај избран Духовник, живејте како достојни Христијани доколку веќе се декларирате ко такви, бар бидете искрени доколку не можете ни да се разбудите со три чисти...

 








Edited by Max - 18-May-2021 at 18:56
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 08-Dec-2014 at 12:08






нека е Честит духовниот и националниот празник Свети Климент Охридски
и по неговите Молитви да им подаде Господ трпение и смирение во овој краток живот на оние кои бараат застапништво од Светителот пред Христа

...


дали некој знае каде може да се најдат реплики од охридската резба на Светиот Словенски Архиепископ чинам прв е кај Словените бидејќи Свети Кирил и Методиј се Рамноапостоли Словенски без царски указ за епископи, иако и Седмочислениците како нивни ученици и наследници меѓу кои Свети Климент е поставен како прв меѓу еднаквите се воедно и самите Словенски Рамноапостоли




http://ortos.wordpress.com/2008/12/07/свети-климент-охридски/
Се искажуваат претпоставки дека Климент ги придружувал Кирил и Методиј во нивната мисија во Хазарија



Свети Климет Охридски е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознава со верата во Христос. Учители му се самите апостоли.

Не се знае каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон.

Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име.

Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир. Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.

Според професорот Ратомир Гроздановски, неговото значење е големо за цела Европа.

-Свети Климент Охридски е не само просветител, туку и голем духовник, голем книжевник, голем црковен пастир. Неговото учење, неговата просвета, неговиот книжевен опус е распространет не само во Македонија, туку и низ цела Европа. И навистина, личности од таков карактер и од такво величие, ги заслужува целиот свет, ги заслужуваат повеќе народи, а не само еден народ“, вели универзитетскиот професор Гроздановски.

Свети Климент Охридски, меѓудругото, е основач на првиот универзиет во Европа и коректор на првата македонска азбука – Глаголицата, која ја нарекол Кирилица.

http://denesen.mk/web/?p=315634





Edited by Max - 08-Dec-2014 at 12:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 11-Dec-2014 at 07:10

За Многу Години Искреноста на 15те Тивериополски Маченици одбележена во овој ден


Средниот Пат, царскиот пат, умерениот колосек, како и да е свртен исто ко горната слика в среде (пост #74 погоре) значи токму Пат со Душа, а дали човек (или живот) со душа е тоа доколку е заробен од материјализам и страв по земното, дали ропството е вредно на крајот од краиштата како би биле во тренд и по духот од овој свет наситувајки се само со минливи страсти наместо со вечни емоции, дали смртта значи само музејска витрина в земја или само чекпоинт односно граничен премин за душата...

И сам се прашувам често дали средниот пат значи буквално умереност и златна средина ИЛИ средниот пат е Трпение (кое раѓа Смирение а ова Спасение)
некој ќе рече тогаш по тој аршин средниот пат е автогол за Гордоста, алчноста и ненаситноста, а за жал понив нели сите денес слиниме искрено, бидејки реално и со по некој кредит можеме сето тоа и да си го дозволиме бар на вересија итн. но дури и кога ќе се наситиме повторно чувствуваме празнина, налик вкус во устата кој не одминува брзо но бидејки не сме уживале искрено додека траел не сме се ни израдувале ко што треба а потем пак сакаме нестрпливо повторно да ни биде ко тогаш заради што сме спремни да не трпиме ем бараме скратен пат како повторно до насладите, бар да беа природни и изворни истите, бар да беа искрени та и ради нив да трпиме и се смируваме, или излудиме и изгинеме, за жал денес тоа го правиме жртвуваји се за и поради тешки лаги ко шминка и конзервански спакирани во добра амбалажа и намакани во бомбастични етикети за случајно да не би имало простор да се поколебаме во сопствената самоизмама!

но и да е така, и контра од ова макар некој искрено одлучил да живее Живот Со Душа наместо добро етаблираниот живот по тело, тој или таа просто незначи дека со самиот почеток на утакмицата ја однеле победата, настрана што мора постојано преку автоголови да победува се до последната секунда!!!

...


земено како Архитектура може да се каже старите камени градби се токму Градби со Душа, истото важи и за Традиционалното Славословие кое е иако церемонијално сепак Искри од Срце, додека ова современиве трендови на бетон и пластика а на тоа донакалемени и театарските клупи за церемонијата да бидне ко кино претстава наместо Служба пред Бога ја сведува духвноста на инстант уметничка закрпа за побожни носталгичари, ДОБРО претерувам но дефинитивно не е исто плетени чорапи и неопренски сред зима иако доколку нема добри обувки стапалото сигурно ќе накисне макар чоек ги комбинирал и двата вида чорапи а ТИЕ обувки идеално би требало да се направени од Милост и Скромност...

да поедноставам Царски Пат во православната духоносна архитектура би било да се држи до традицијата Милозвучно во формите на византискиот стил, додека Скромно со модернизирањето околу материјалите не дека треба само со камен и цигла да се гради напротив тоа денес е екстралуксуз, но да се избегнува од Црковните Храмови да правиме трендовски модни салони И на првоместо акцентот да биде кон Молитва макар истата се излевала во параклис од ламарина!

вака видено некој ќерече византискиот стил тогаш би бил раскош, и тоа дури може и било така доколку се посматра од средновековен агол, но прво тогаш на Луѓето центар во својот живот не им бил телевизорот и компјутерот туку Црквата и Спасението па народ богат или сиромав и последниот алтандоброволно го двоел за да во селото, градот или државата се подигат Цркви та макар тоа го правел и нахоризонтално ниво за да се знае дека тоа можел да си го дозволи и сите преку тоа индиректно да му одадат признание, иако длабоко сум уверен дека нашите предци не граделе за да фрлаат чалам ами за да ко ктитори измолат милостиња пред Бога преку молитвите на сите оние кои ќе служат утре во тој Храм со оглед дека на секоја литургија во секоја Црква се молиме во континуитет со векови за сите оние кои го дарувале и граделе тој Црковен Храм

денес пак некој повторно ќе приговори дека византискиот стил е непотребен луксуз, но знаејќи дека се крева истиот со калапи и вештачки, сепак ко таков не потсеќа на Славната Духоносна Традиција од минатите два милениума со што бар формално би допреле до онаа СИЛА која ја имале верниците и верските војводи претходно а чив подвиг денес може да ни биде само мисловна именка макар што живееме во далеку поголемо материјално изобилство и технолошки напредок но Сиромаштијата на Духот го компензира екстра лесно сето тоа!



струмичката базилика Свети 15 Тивериополски Маченици





Edited by Max - 11-Dec-2014 at 07:11
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 19-Dec-2014 at 17:00



денешен Свети Никола да ни биде пример за ревност и кон Милоста и кон Жртвата но од првиот Севселеснки Собор каде присуствувал милостивиот застапник за сиромисите и пожртвуваниот архиепископ за Мирската Црква па се до денес има светлосни години разлика како во Славословието така и во Спасението, Солта денес е размлачена што може да се види преку осигураните отстапувања од традицијата како церемонијално така и архитектонски, а во многу што и духовно!

искрено доста народ ако не и мнозинството не знае како да се постави општо кон различните, а не па да проникне потака во Верата и се што е околу неа, настрана што и оние ко мене кои се трудат нешто да разберат мораат вака да калемат абери за да воопшто и нешто си насадат во меморија, за срце и да не помислувам а не да говорам!

на оваа тема добро четиво е Тајната на Спасението од архимандрит Рафаил Карелин, еве и мал извадок во контекст различните http://www.slideshare.net/krugoi-okoliski/ss-42869925 и препис во однос млакоста

Кога мислам на минатото

КОга мислам на минатото, тоа ми се претставува каконекаков список на штети и збир на загуби. Тоа е одговор за проживеаниот живот пред самиот себе си. А што ќе открие во вечноста кога ќе се разголат темните длабочини на душата, - кој знае?

Ако се прашувам себе си за што најповеќе жалам, ќе одговорам: не жалам толку за своите гревопадови, кои се неизбежни за гордиот дух, колку за нешто друго. Господ ми даде можност, која веќе не може да се повтори: средби и општење со луѓе кои го имаа стекнато она што го изгубил нашиот праотец - Благодатта. Во тие луѓе се чувствуваше неземска сила, тие зрачеа некоја недостижна духовна топлина. Со самиот овој живот тие сведочеа за Бога, како зраците - за постоењето на сонцето, во срцата свои носејќи светлина, запалена од Таворската светлина. Тие го имаа она што го заборавил светот, она што толку трагичного изгуби човештвото, - светост. Бев покрај тие луѓе, ги видов, разговарав со нив, ја чувствував Благодатта што исходеше од нив, онаа особена мудрост, која не само што знае туку и гледа.
Ја чувствував силата на нивната молитва, проникливоста на на нивните зборови и, и во исто време, колку и тоа да е чудно, не ги ценев тие скапоцени средби со нив, средби, кои до ден денес остануваат најголем настан во мојот живот. Мислев дека тие ќе бидат засекогаш, дека општењето со нив не е дар Божји, туку нешто обично и секојдневно. Не ги ценев доволно, и тоа е една од најголемите грешки на мојот живот. Не го зедов од нив она што ми го даваа. И повеќе од тоа - какво слепило! - мислев дека ги знам творбите на аскетитеи патерицитеподобро од нив, и често го заменив општењето со нив со книга, која ја читав низ призмата на своите страсти.

Сакаа да ми го предадат она што тие го стекнале со голем труд, борба со гревовите и со послушание на своите Старци. Но јасништо не можев да стекнам од нивното богатство, зошто мојата гордост како ѕид стоеше меѓу нас.
Старец што стекнал Благодат, сака да ја сподели, тој се радува ако најде душа способна да го прими тоа богатство, се радува така како самиот да стекнува. Другите беа попослушни од мене, по својата простота, тие успејаа во голем степен да го пренесат Духот на Старците. Но, макар што воопшто не ги осудувам, ми се чини,дека и тоа беше само еден матен одраз. Тие пренесоа повеќе отколку јас, но и тоа "повеќе" се шпкажа на малку.

Преподобен Макариј Велики веле: "Јас не сум монах, само сум видел монаси", иако и самиот беше ѕвезда на небото на Тиваида. Што да кажеме ние? На наши очи си заминаа последните духоносни Старци. Тоа веќе не е оскудност, туку катастрофа. Старците личеа на земни ангели. Својство на ангелите е - смирение. Ангелот е невидлив за овој свет. Само оној кој имал духовни очи можел да ја види вистински нивната величина и убавина. Само после нивното заминување во вечноста разбрав што можев да имам и што сум изгубил.
Трагизмот на положбата на современото монаштво е во тоа дека тоа практично нема наставници, кои во текот на својот живот би се занимавале со извршување на Исусовата молитва и очистување на срцето. Но имаше и момент на трагизам и во животот на последните Старци: тие не наоѓаа искрени ученици и послушници, такви кои ќе можат да ги заменат, да го примат нивниот опит ида станат наследници на нивниот Благослов. И тие Старци се чувствуваа сами - не во смисла на сфаќање на тој збор: нивната душа секогаш беше со Бога, - но се чувствуваа сами, како престарен цар кој не може да си најде преемник и не гледа рака, способна да го држи неговиот скиптар. Околу Старците имаше народ. Но тие мораа да разговараат со луѓето низ нивниот детски јазик, а најскриеното не можеа да го предадат.

Древните Отци како да продолжуваат да живеат во своите ученици, а тие Старци го носеа богатството, кое го стекнаа, со себе в гроб, давајќи им на луѓето само еден мал дел, зашто тие не можеа повеќе да носат. Да можев тогаш да ја прозрам во тие Старци таа духовна сила, способна да му даде сила на моето срце и да ме преобрази, тогаш, веројатно, би гледал на нив како бедник на богат, би се трудел да ги слушам, како пратеници Божји, да им служам, како на свои господари; би го фаќал во лет секој нивни збор, како што во древни времиња луѓето фаќале златнимонети, кои во толпата ги фрлал царот. Нивните зборови ми се чинеа многу прости. И тие заминаа од овој свет, оставајќи во мојата душа само жал за моето слепило. Но не; ниги оставија, и мене и на светот, тие луѓе своите имиња и гробови. Можеби, преку молитва кон нив или молитва за нив јас невидливо ќе се сретнам со нив, и тие без збор ќе ми го кажат она што не ги прашав при сребрата. Или ќе ме потсетат за тоа што сум го слушнал, но не сум му обрнал, кутриот, внимание и сум го заборавил.

Како што вели Ездра, самата земја се умори од времето и нашите гревови, и децата ќе се раѓаат послаби и покржлави од своите татковци (види Езд. 5, 52-53). Символички тоа значи дека луѓето не ќе можат да ја достигнат таа духовна височина која ја достигнаа претходните подвижници, ќе оскудне Духот на благочестието, тие ќе раѓаат и ќе растат во атмосфера отруена од грев. И навистина: сега веќе нема такви Старци како порано; тие заминаа, оставајќи зад себе неисполнива празнина, што зјапи.
Завршија времињата на прогони, манастирите почнаа да се обновуваат, се појави ново поколение монаси, среде нив многумина кои искрено веруваат, добри и предадени на Црквата луѓе. Но кога при Зоровавел, жителите на Ерусалим, што се вратија од ропство, изградиле нов храм, и народот ликувал, неколкумина старци, кои го имале во детството видено Храмот Соломонов, плачеле и од радост - дека се подига светилиште, и од тага - дека убавината на претходниот храм веќе нема да се повтори.

Светот брзо се менува. Две поколенија поминаа пред мои очи, и повторно сакам да ги повторам зборовите на Св.Макариј Велики: "Јас не сум монах, но видов монаси" И за тоа му благодарам на Бога. Во споредба со Старците што не напуштија, дури и најдобрите од монасите на нашето време се како јаглен, што тлее во пепелта. Сепак, тие јаглења се уште зрачат топлина, и ако не се оган што силно гори, околу нив сеуште може да не се умре од духовно студенило. Во споредба со поранешните Старци, сегашните отци се слични на матна светлина, но и при нејзиното треперење можат да се разликуваат контурите на предметите, може да се разликува патот од зараснатите џбунови и ровови. Затоа современите монаси што тагуваат дека веќе нема Старци, треба да знаат: како и ние, тие не би можеле да го примат духот на поранешните отци; но дека ги почитуваат оние што се наоѓаат близу нив.
Денешните наставници ја немаат силата на оние кои заминаа. Духот на светот во голем степен тежи над нив, но и во нивна близина може да има спасение. Кога ќе заминат и тие, во светот ќе стане уште потемно и постудено, и многумина со тага ќе речат по нив: "Зошто, зошто не зедовме макар и од тие трошки што ги имаа!.."

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 07-Jan-2015 at 13:21



+ + + Христос Се Роди + + +


Ако некаде Свети Јован Крстител е чествуван како светител на Балканов тоа дефинитивно е во Македонија каде нема околија да нема еден манастирска Црква која е под негов патронат, а поука за ова се и двата наши манастири предводници на локалните резбарски школи Слепчанскиот и Бигорскиот манастир [1] и двата манастира дополнително поѕнати и по своите фрескописи и икони [1][1]

она што го прави дополнително посебен Слепчанскиот манастир е неговата историска нишка врзана за ослепените самоилови војници а кои тука наше засолниште после суровата византиска опомена до Самоил [1]   

+ За Многу Години Нека Се Сите Божиќни Празници +



патем има претпоставки дека првата Црква на ова место е од 7 век иако неофицијално тоа се смета ѕа 11 век односно официјално од 14 век

инаку во овој манастир имав прилика да научам молзење крави за време Велигденски Пост а за време Светлата Недела и Славословие со битолчани севкупно прилика да сетам што е тоа Православна Среќа на Свето Место а во сеќавање ми се и шарпланинците со кои првата средба ми беше молтвена а сепак на работ на гладијаторска борба, среќа баба Софче се појави од никаде па останав целосен, иако потем и Белка и Роки ми станаа побратими, се сеќавам истата среќа ја немаше еден друг Лав      

Манастирот во Слепче ги крие тајните на ослепената Самуилова војска

Освен што со векови бил духовен центар, манастирот во Слепче е нераздвоен дел од македонската историја. Се споменува како место во кое редовно престојувале Никола Kарев и Јордан Пиперката, а дека местото имало бурна историја сведочат и тајните тунели, тесните вртени скали, ходниците и собите што се кријат во старото запалено здание до манастирската Црква чиишто ѕидови се подебели и од еден и пол метар и чиишто куполи воопшто не се гледаат од надвор

...
Тај­ни­те ход­ни­ци ја кри­јат исто­ри­ја­та

Освен што со ве­ко­ви бил ду­хо­вен цен­тар, ма­на­сти­рот во Слеп­че е не­разд­во­ен дел од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја. Се спо­ме­ну­ва ка­ко ме­сто во кое ре­дов­но пре­сто­ју­ва­ле Ни­ко­ла Kарев и Јор­дан Пи­пер­ка­та, а та­му му би­ло пре­су­де­но и на ко­до­шот од При­бил­ци, кој ја пре­дал сво­ја­та че­та со 17 ко­ми­ти. Во еден пер­и­од ко­га не­мал мо­на­си, ма­на­сти­рот имал ле­ар­ни­ца за оруж­је. Де­ка ова ме­сто има­ло бур­на исто­ри­ја све­до­чат и тај­ни­те ту­не­ли, тес­ни­те вр­те­ни ска­ли, ход­ни­ци­те и со­би­те што се кри­јат во ста­ро­то за­па­ле­но зда­ние до ма­на­стир­ска­та цр­ква чи­и­што ѕи­до­ви се по­де­бе­ли и од еден и пол ме­тар и чии ку­по­ли во­оп­што и не се гле­да­ат од­над­вор. Тај­ни­те пре­ми­ни и про­сто­рии ги про­наш­ле се­гаш­ни­те мо­на­си кои ко­га ја рас­чи­сту­ва­ле фур­на­та, ко­ја ве­ќе не­ма да се ко­ри­сти, са­ка­ле да ви­дат што се крие зад мно­гу­број­ни­те ин­тер­вен­ции на ѕи­до­ви­те пра­ве­ни во раз­лич­ни вре­ми­ња. Вна­тре е вле­зот во скрив­ни­ца­та во виз­ба­та од ка­де што има­ло и та­ен из­лез од ма­на­сти­рот пре­ку кој без­бед­но мо­же­ло да се из­ле­зе во бли­ска­та шу­ма. По не­кол­ку ве­ка, овој пат е пре­ки­нат по­ра­ди нев­ни­ма­ние ко­га се про­би­вал се­гаш­ни­от асфал­ти­ран пат до ма­на­сти­рот

Слеп­чен­ски­от ма­на­стир, ка­ко еден од ду­хов­но нај­раз­ви­е­ни­те цен­три, бил че­сто огра­бу­ван, па­лен и уни­шту­ван. Два­па­ти, во 13 и во 17 век, бил комп­лет­но за­па­лен од Ар­на­у­ти­те и од Тур­ци­те, кои то­гаш ги уби­ле и си­те мо­на­си. А, и се­га се гле­да ште­та­та од пос­лед­ни­от по­жар во 1970 го­ди­на ко­га, по­ра­ди нев­ни­ма­ние од за­па­ле­ни­те све­ќи, на­стра­дал дел од ол­та­рот. По­ра­ди се­то тоа, ов­де мал­ку е оста­на­то од ста­ри­от автен­ти­чен фре­ско­жи­во­пис и од на­да­ле­ку поз­на­та­та пли­тка слеп­чен­ска рез­ба, за ко­ја се ве­ли де­ла е мно­гу по­те­шка и по­де­ли­кат­на за изра­бо­тка откол­ку дла­бо­ка­та рез­ба. Во ма­на­сти­рот мо­же да се ви­ди пев­ни­ца на­пра­ве­на во пли­тка рез­ба и реп­ли­ка од ико­на­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца Па­те­во­ди­тел­ка“, ко­ја се сме­та за ед­на од нај­вред­ни­те и е ра­мо до ра­мо со уште не­кол­ку во це­ли­от ре­ги­он. Освен фре­ски­те над вле­зот во ма­на­стир­ски­от комп­лекс кои се од по­стар да­тум, жи­во­пи­сот во ма­на­стир­ска­та цр­ква е од 19 век, во ли­ков­но мно­гу по­си­ро­ма­шен стил кој ги на­пу­штил ста­ри­те ка­но­ни на пра­вос­ла­ви­е­то. По­го­ле­ми­от дел од автен­тич­ни­те вред­но­сти одам­на не се во ма­на­сти­рот – ста­ри­те две­ри се во Со­фи­ја и во Бел­град, а вред­ни­те ико­ни во Скоп­је.

По­ра­ди тоа, мо­на­си­те по­ми­на­ле обу­ка за да изра­бо­ту­ва­ат ико­ни во автен­ти­чен стил и ве­ќе има­ат не­кол­ку го­то­ви, а сла­ва­та на не­ко­гаш­ни­от кни­же­вен и пре­ве­ду­вач­ки цен­тар во Слеп­че, чи­и­што ра­ко­пи­си со ма­на­стир­ски­от пе­чат и де­нес се чу­ва­ат во ла­ври­те во Ру­си­ја, по­ле­ка се вра­ќа со 21 из­да­де­на кни­га и 170 ака­ти­сти што ги под­го­тви се­стринс­тво­то од со­сед­ни­от ма­на­стир во Жур­че, за кој над­ле­жен ду­хов­ник, исто та­ка, е отец Се­ра­фим.

http://republika.mk/?p=286060


во контекст датирањето на манастирот од мештаните уште пред самоилово време имав прилика еднаш да чујам за сонот на Баба Софче која долги години го прислужува манастирот при кујната, вели синко немој да му кажеш на Отецототи нејќе празни муабети но јас сонив кко по манастирската црква има столбови ко од врата која води кон постара Црква, се смеевме велев баба Софче ти си сонила нешто од онојсвет та пази да не заминеш такаод овој т.е. не им верувј на соништта за да не ти земат мирот и те прелжат макар биле и вистинити со оглед дека ретко кој е достоен за да разбере што каде како има а тоа да не го испрелести, што вели Свети Јован Злтоуст оној кој верува на соништата е како оној кој сака ја фати својата сенка, што пак незначи дека неможе да распознае колку е сат преку истата односно кој дел од денот го разденило од таа страна...



инаку севкупната книжевно-духовна историја на слепчанскиот манастир за жал е сотрена прво од ромејците во антиката, потем арнаутите во средниот век, а на крај и титоистите го досардисале она што претходниве немале прилика, капак и самиот манастир и самата Црква се повеќратно опожарувани, сето тоа сега обновено и одржувано од Отец Серафим кој со своето необично смирение се носи прилично инветивно со пелагониските стихии со оглед дека слепчанскиот манастир со метохот во Журче се единстевните светилници за сега во цела битолско-смилевска околија, веројатно добар дел од снисходливоста на о.Серафим е потпрена и на неговото претходно искуство ко балкански шампион во кунг-фу мислам беше, дефинитивно за да чоек излезе на крај со битолци му треба познавање и на вакви боречки вештини таман за да ја релативизира добро познатата битолскиот презир од комунизмот кон монасите и монаштвото, чудно та и смешно речиси да не сум чул за монах од битолско освен ето од ресенско, но тоа незначи дека вака ќе биде во недоглед имајки предвид дека Битола и битолско низ вековите биле монашки расадници... она што им фали веројатно на битолци е пристап ко на есените со оглед дека не се навикнати на системска хиерархија ето можеби скитови посреди мариово, и по некој заскитан по пелистерот ко што беше случај со Диме Илиевски некогаш!

симболично Слепче и денес е лечилиште за сите и физички и душевно а особено духовно ослепени браќа и сестри, кој ошол ова и го сетил ако веќе и не го разбрал, а сигурно затоаи самоиловите војници отседнале баш таму, следната 1015 прва пат и чествувајки го денот на Претечата Свети Јован Крстител, ова 2015 година впрочем прилика да се одбелижи 1000 години од ваквата чест кон Претечата од сите сродници на овие некогашни македонски предци... чествувањето иако читири пати повторено секоја година сепак основно е на 20 јануари по нов стил веднаш после Богојавление, та после Божиќ, Свети Стефан, Василица и Водици, зимскиот циклус празници симболично се завршува со Претечата кој го навестува Христовото доаѓање а со тоа и припремата за Великиот Пост и нашиот стремеж за Богопознание преку усрдна молитва и литургиско заедничарење кое кулминира символично напролет на Велигден...

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Jan-2015 at 13:36



Олтарската Апсида ...



Edited by beTon - 06-Sep-2023 at 19:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 07-Jan-2015 at 16:08

во манастирската Црква во Слепче постојниот Живопис е од 19 век а со тоа и нешто поренесансен, иако повторно во голем ел византиски но со некои наивни моменти посреди, но плаветнилото го прави навистина уникатен како целина, штета што и иконостасот не остнал нечепнат, претходниот Живопис впрочем е покриен со овој веројатно после опожарување на манастирот, но одма над манастирот има помала веројатно аскетска Црква порано посветена на Свети Јован Богослов, иако в Слепче редот бил таков да некогаш општожителните монаси биле стационирани тука додека аскетите оделе во метохот од каршија во село Журче в манастирот на Свети Атанасие Велики воочливо едноставно и по изобилството на вода во Слепче а сушните ридои во Журче



    

На околу 300 метри над Слепчанскиот манастир, во 1617 година била подигната црква посветена на Свети Јован Богослов, денес меѓу народот позната како црква „Св. Никола“.

Таа претставува еднокорабна градба со скромни димензии и живопис, настанат десет години по нејзиното градење, односно во 1627 година. Зографот е непознат, но се претпоставува дека бил еден од монасите од слепченскиот манастир кои се занимавале со иконопис и живопис. Во внатрешноста на црквата се забележува дрвен иконопис на кој е поставен големиот крст со претстава на распнат Исус Христос, крст за кој науката претпоставува дека потекнува од XVI век.

По својата уметничка вредност, од оваа црква можат да се издвојат насликаните композиции „Деизис“ „Успение Богородично“, „Свети Лука го слика ликот на света Богородица со Христа“, како и иконата од 1627 година на која е претставена Св. Богородица Троерачица.

http://www.demirhisar.gov.mk/kultura-i-kulturno-nasledstvo/manastiri-i-crkvi.html

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.