build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тренинг комплекс на ФФМ и „Куќа на фудбалот“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8504
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Тренинг комплекс на ФФМ и „Куќа на фудбалот“
    Posted: 06-Mar-2009 at 13:52
Ќе се гради тренинг-центар со терени, хотел, базени, сауни...

Фудбал
Изградбата на тренинг-комплексот за сите репрезентации на Македонија ќе биде првата и главна цел на актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најголемата добивка од завчерашната посета на Мишел Платини, првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА). За оваа капитална фудбалска инвестиција, централа во Нион ќе издвои три милиони евра, а со помош од Владата на Македонија целиот проект ќе треба да се реализира во блиска иднина.

Посетата на Македонија, трета за Платини, а прва како претседател на европската централа, тој ја искористи и за средба со премиерот Никола Груевски, со кого разговарале токму за оваа тема, околу развојот на фудбалот во земјава.

Харизматичниот Французин на состаноците на луѓето од ФФМ им го предочил проектот на Србија вреден шест милиони евра за изградба на таков центар, кој особено му се допаднал, а тој лично во него се увери во вторничната презентација во Белград. За изградба на ваков тренинг-центар, ФФМ и не треба да прави посебни идејни проекти, затоа што УЕФА веќе има такви готови, како тој во Молдавија, потоа како тој во Луксембург, истакнуваат во Србија, во Црна Гора...

Новата фудбалска куќа на фудбалот за почеток е оставена во рацете на Владата и Министерството за транспорт и врски, кое ќе треба да одбере локација на која ќе се гради целиот комплекс. Од поодамна, но и сè уште актуелни се локациите зад хотелот „Александар палас“ и новата мултифункционална сала „Борис Трајковски“, потоа локација во населбата Аеродром во Воената академија, потоа военото игралиште во Градскиот парк, зад западната трибина на Градскиот стадион, како и уште неколку други. По средбата на Платини со Груевски, Владата се заложила да го даде земјиштето бесплатно, а ФФМ да учествува со свои пари во буџетот за проектот.

- УЕФА ни дава три милиони евра, но завчера Платини при посетата постојано го истакна тренинг-комплексот што ќе го гради соседна Србија, кој чини шест милиони евра. Договорено е Владата преку Министерството за транспорт и врски да обезбеди земјиште, а ФФМ да учествува со дополнителни пари во изградбата на целиот проект - вели портпаролот на ФФМ, Зоран Николовски.

Покривањето на другиот дел од буџетот во случај да се избере српскиот комплекс би бил од продажбата на трите ката од зградата во која сега е сместена македонската централа, на локација во строгиот центар на градот, како и издвојување дополнително пари.

Главната цел на посетата на Белград за Платини беше да се увери во проектот за тренинг-комплекс, кој нашиот северен сосед ќе го гради во Стара Пазова, околу 30 километри од центарот на Белград. Комплексот ќе се протега на 11,3 хектари, и ќе се состои од хотелска зграда на два ката со 60 соби, ресторан, економат, соблекувални, сауни, фитнес-центар, плус медицински центар како дополнителен објект. Администрацијата на ФСС ќе биде и во центарот на Белград, но и во новиот комплекс.

Тој центар ќе има четири терени со природна трева, од кој еден со минитрибини и атлетска патека со четири патеки, потоа два терена на вештачка трева, но еден покриен и затворен, базен, тениски терени, како и терен со песок наменет за фудбал на плажа.

Поради вишокот пари УЕФА реши преку својата развојна програма во следните четири години на сите 53 членки на континенталната федерација да им ги подели истите пари, кои главно земјите ќе ги искористат за капитални инвестиции, особено како во Македонија, каде што центарот треба да претставува камен-темелник за иднината на фудбалот во земјава.


Извор: Нова Македонија


Edited by pbanks - 06-Mar-2009 at 13:52
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4151
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Mar-2009 at 16:41
Е зошто запнале да се гради во центарот? Комплекс со 4 фудбалски терени во центарот на градот, е многу голема глупост (освен ако не е фудбалски стадион). Еве и Србите го градат тоа на 30 km од Белград, и тоа не 30 km од центарот, туку 30 km од Белград, што би значело дека има многу повеќе до центарот.

Edited by гитардемон - 06-Mar-2009 at 16:58
Winning an online argument is like winning in the special olympics. No matter who wins, you're still retarded.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 230
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Apr-2009 at 18:57
Скопје ќе добие фудбалски тренинг центар

Европската фудбалска централа, УЕФА го прифати проектот на Фудбалската федерација на Македонија за изградба на тренинг центар на просторот кај хотелот Александар Палас, а кој ќе почне да се гради следната есен и според плановите треба да биде завршен за период од една година.
Тренинг центарот ќе биде составен од 5 фудбалски терени и инфраструктура потребна за фудбалските репрезентации, а во неговите рамки ќе биде сместена националната фудбалска куќа. Четири од петте фудбалски игралишта се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, а на едно од нив ќе биде изградена и трибина со капацитет од 5.000 седишта.
Исто така, УЕФА одобрила и средства за доопремување на Градскиот стадион во Скопје.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1105
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Apr-2009 at 20:01
ВЛАДАТА ВЛОЖУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФУДБАЛОТ
За ФФМ четири игралишта гратис

Владата на Македонија ќе вложи 53.600.000 денари за изградба на четири игралишта во спортскиот центар на ФФМ, кој ќе се гради на просторот зад хотелот „Александар палас“. Освен 10 хектари земјиште што е во сопственост на државата, федерацијата ќе добие како подарок и четири игралишта, од кои секое вреди по околу 13.400.000 денари. ФФМ на сопствен трошок ќе треба да изградба уште едно игралиште, административната зграда и преостанатите простории, како што се објекти за сместување и сала за вежбање. Владата и ФФМ ќе вложат приближно иста сума средства во изградбата на овој фудбалски центар. - Од УЕФА побараа учество на Владата во изградба на спортскиот центар. Затоа на ФФМ и е бесплатно доделено земјиште за изградба на центарот, а Владата на свој трошок ќе направи и четири фудбалски игралишта. Тие ќе бидат со вообичаени димензии, со комплетна дренажа, а секое ќе биде осветлено со рефлектори и ќе има монтажни трибини за неколку стотици гледачи. ФФМ со сопствени пари и средства од Програмата „Хет-трик“ ќе изгради административна зграда и едно осветлено игралиште, кое ќе собира 3.000 гледачи “ изјави Драган Ѓурчевски, директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој соопшти дека овие четири игралишта се во рамките на проектот на Владата за изградба на 50 фудбалски терени, инвестиција тешка 670 милиони денари. Тренинг-кампот ќе биде на име на ФФМ, а изградбата треба да почне оваа година. - Треба да се завршат преговорите со Општина Карпош. Пред изборите водевме разговори со в. д градоначалникот Саша Димиќ, кој вети ослободување од комуналиите, со што и општината би дала свој придонес. Со оглед на тоа што Димиќ повеќе не е на таа функција, неделава на истата тема ќе разговарам со градоначалникот Стевче Јакимовски и со Советот на Општина Карпош. Во тек е менувањето на Деталниот урбанистички план на општината, во кој ќе биде вметнат спортскиот центар. Да бидам искрен, не очекувам никакви пречки и штом ќе се завршат сите административни работи ќе се почне со градежните работи - додаде Ѓурчевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112340


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Apr-2009 at 22:38
Зза ова имам замерка што се гнете во ред град. Ова слободно може да се смести надвор од град, а во Македонија каде и да си надвор од град, пак си во близина на некој град. Толку природа има каде што може да се изгради ова и пак да биде со супер сообраќајни конекции.

Локацијата сега за сега ми единствено замерка, инаку браво за проект, очекувам да го крене малку нашиов фудбал на некое доследно ниво.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: Basel/Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 3129
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Apr-2009 at 22:16
УЕФА одобри 2,8 милиони евра за тренинг-центар на ФФМ
Фудбал
Повеќенаменскиот тренинг-центар на македонскиот фудбал ќе стане реалност идната година и ќе значи нов почеток за „убавата игра“ кај нас, откако УЕФА вчера и официјално одобри 2,8 милиони евра донација, која ја најави претседателот на УЕФА, Мишел Платини, при мартовската посета на Скопје. Владата го отстапи просторот зад хотелот „Александар палас“ и преку Агенцијата за млади и за спорт ќе помогне во изградбата на модерниот тренинг-камп.

ФФМ си постави цел за една година од почетокот на градбата на комплексот, тренинг-центарот да биде готов. Сè зависи од времето кога ќе се почне со градба, а во моментов треба да се поминат предградежните работи, договарања, подготвување елаборат, наоѓање градежна фирма преку тендер... Прва цел е сега да се внесе проектот во деталниот урбанистички план, а од ФФМ најавија дека ќе побараат од Министерството за финансии, парите на УЕФА, кои се странска инвестиција, да не бидат оданочени.

- Ова е најдобрата вест за македонскиот фудбал и за Фудбалската федерација на Македонија. Одобрен е проектот од Нион и тоа значи голема соработка со УЕФА, нивна поддршка. Сето ова Платини го кажа и на состанокот со премиерот Никола Груевски, а Владата експресно изреагира и ни го додели земјиштето. Сето ова е една голема инвестиција во фудбалот - информира вчера генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов.

Тренинг-комплексот, во кој ќе биде вклучена и административна зграда на ФФМ, ќе се протега на десет хектари во населбата Карпош 3, зад хотелот „Александар палас“. Целиот тој потег таму ќе биде исклучителен спортски дел, бидејќи веќе кај хотелот се наоѓа и базенот „Младост“, како и новата спортска сала „Борис Трајковски“. Во центарот ќе има пет фудбалски терени, од кои еден со вештачка трева, а еден и со трибини за 5.000 гледачи.

- Четири терени ќе изгради АМС, од кои еден со вештачка трева, од нивниот проект 50 фудбалски игралишта, а другото ќе се покрие со парите на УЕФА. Сето тоа е доволно за да се заврши, со оглед дека Владата ни ја обезбеди локацијата без пари, а нè ослободи и од комуналиите за неа. Сè ќе биде насочено кон развој на фудбалот и ќе се добијат најоптималните услови. Тоа значи дека имаме еден нов почеток, но и една голема обврска, која ќе нè мотивира и охрабри во натамошната работа, но и која ќе даде нов импулс во соработката со УЕФА и со Владата - додаде Костов.

Тренинг-комплексот нема да биде наменет само за националните селекции, туку и за екипите што ќе имаат потреба да го користат. Во рамките на центарот, каде што ќе биде сместено сè што е фудбалско заедно со економатот и едукативниот центар, кои сега се одвоени од централата, ќе бидат вклучени и други елементи, како фитнес-центар и сала за загревање, кои ќе бидат во рамките на теренот со трибини, а ФФМ очекува да изгради и минихотел и ресторан, кој ќе го користат сите селекции освен А-селекцијата. Кампот ќе нуди можности и за едукација, семинари...

Сето тоа би било инвестиција, која многу ќе им скрати некои тековни трошоци во моментов, па парите што сега се трошат би можеле да се искористат и за други цели.

- Ние сме оптимисти дека до крајот на годинава би почнале градежните работи, а за една година сето тоа би било завршено и во 2010-та би го добиле тренинг-центарот, кој од поодамна беше цел, која сега се остварува. Сè ќе оди според стандардите на УЕФА - рече Костов.

За таа цел веќе следниот викенд Костов и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески ќе заминат во Унгарија, каде што ќе се отвора сличен тренинг-центар, а УЕФА им ги посочила центрите во Луксембург, Црна Гора, Молдавија и во Романија како примери од кои треба да го подготват елаборатот.




Сегашното седиште на ФФМ ќе и биде понудено на Владата

Актуелното седиште на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе и биде понудено на Владата откако ќе се изгради тренинг-комплексот и ќе биде преселена куќата на фудбалот. Тоа вчера го најави Никола Костов, генералниот секретар на ФФМ.





Еден милион и за стадионот „Филип Втори“

Генсекот на ФФМ, Никола Костов, обелодени дека дополнителни еден милион строго наменски пари ќе бидат добиени од УЕФА, кои ќе се искористат за реновирање на арената „Филип Втори“, каде што во моментов се гради северната трибина.

- Еден милион евра ќе бидат донирани за Градскиот стадион, сега „Арена Филип Втори“. Тие пари се за подобрување на условите. Идниот месец ќе дојде висок претставник на УЕФА во посета и ќе го види стадионот, а на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор останува да направи елаборат за што им е потребно реновирање, дали е тоа теренот што е во очајна состојба, дали се тоа новинарските услови, или се тоа санитарните јазли... Ние со ЈПССДП треба да ги покажеме условите за тоа - рече Костов.
 

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Apr-2009 at 05:38
Одлични вести! Cheers

Но малку вон тема, гледајќи ја скицата не можам да се изначудам колку безвезно е организиран просторот. Да почнеш со бришан простор (пред изградбата на Александар Палас таму постоеше само базенот) и да завршиш со онаков хаос, тоа е достигнување на некој начин...

Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 25-Apr-2009 at 05:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Apr-2009 at 07:07
Па според сликата и не се гледа баш нешто посебно детално. Единствено што се преметува дека не е уоптребена строга коцкаста мрежа на улици. Тоа и воопшто не изгледа колку којзнае колкав хаос. "Неправилниот" распоредно воопшто не пречи во случајов, единствено што остава измеќу некои празни мини триаголници кои накнадно може и да завршат работа за некои дополнителни содржини. Само што сега, благодарение на транспарентноста на нашите институции, нашава дискусија е излишна додека не го видиме урбанистичкиот план , па тогаш ќе може да го продикутираме секое ќоше. Инаку не дека не можело да се внесе строга коцкаста мрежа, можело. Но и мене искрено не ми е баш јасно зашто се одело на вакво решение, но сигурно кога веќе вака е одлучено тогаш мора да има причина. Одма на памет ми дојдоа неколку идеи како може да се сместат овие 4-ве игралишта со друг распоред (не за друго, него израснав со тетрис ).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Apr-2009 at 12:00
lsl, не е проблемот ниту во тоа како се сместени игралиштата, ниту во празните триаголници, ниту тоа дека нема ригидна сообраќајна мрежа. Забелешката се однесува на тоа дека објектите се расфрлани тотално без концепт, како по случаен избор (а пази иронија,на сите им бапнале правоаголни маркици и меѓусебно паралелни). Има барем две конкретни лоши сообраќајни решенија. Салата ќе биде збутана и практично опколена со објекти, а нејзината челна страна ќе биде видлива само од паркингот помеѓу нејзе и планираниот иден трговски центар. Овие се работите што ми бодат очи, особено што како што реков, се работеше за празен простор каде имале практично одврзани раце до добар резултат да дојдат на најразлични начини. Инаку во право си, треба да го чекаме новиот ДУП за конечни коментари, но на просторот веќе се направени сериозни грешки кои не можат да се поправат туку само да се ублажат, а од досегашнава пракса не знам дали и за толку може да бидеме оптимисти.


Edited by Cloverstack - 25-Apr-2009 at 12:06
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: Basel/Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 3129
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-May-2009 at 11:35
Мочуриштето зад „Александар палас“ потона во имотно-правен лавиринт
Скопје
Мочуриштето зад хотелот „Александар палас“ и салата „Борис Трајковски“, создадено од ископ за детско игралиште, и по една година е преполно со подземни води и ѓубре, а претставува земен рај и живеалиште за најразновидни инсекти и жаби.

По обилните дождови што паднаа деновиве во Скопско, мочуриштето заличе на депонија и потенцијално жариште за различни зарази. Општината уште лани требаше да го санира местото и да го покрие но засега нема ништо од тоа.

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општината Карпош, истакна дека за овој дел се прави нов детален урбанистички план, но неговата реализација била отежната поради процесот за денационализација.

- Имаме направено нов детален урбанистички план за овој дел. Фудбалскиот Сојуз на Македонија (ФСМ) е заинтересиран во овој дел да направи фудбалски комплекс, но можноста за реализација на проектот е отежната бидејќи со извршената денационализација, 60 отсто од земјиштето е во приватна сопственост - изјави Јакимовски.

Пред една година, ексградоначалникот Андреј Петров, за овој дел донесе детален урбанистички план во кој се предвидуваше откако ќе се затрупа дупката од мочуриштето на местото требаше да се изградат детско игралиште, одморалишта со клупи, канти, канделабри и друга урбана опрема. Тогаш се започна и со засилена реализација на проектот за затрупување на мочуриштето кое од септември минатата година требаше да исчезне, но денешната ситуација е многу поинаква од предвидената.

Голем интерес има и меѓу граѓаните што секојдневно се рекреираат на кејот на Вардар за тоа што ќе има на местото на сегашното мочуриште.

- Не е пријатно да се рекреирам покрај бара среде урбана средина, која, меѓу другото се користи и како депонија. Тука доаѓаат и родители со мали деца кои постојано се жалат на инсектите и на крекањето на жабите. Глетката е одвратна, жаби, инсекти, огромни вирови, лоша миризба и што уште не. Заинтересирани сме да знаеме што ќе се гради во овој дел, односно како ќе се урбанизира. Имаме слушнато многу приказни, но не знаеме која е вистинската, ако навистина е фудбалски комплекс би било одлично. Добро би ни дошло едно ново освежување на кејот во овој дел каде се и едни од најголемите спортски објекти - изјави скопјанецот Александар Стојановски.

Според ФСМ местото каде лежи мочуриштето е идеален за изградба на современ спортски комплекс
Зоран Николовски, портпаролот ФСМ истакна дека парите за реализација на проектот биле донација од УЕФА вредна над три милиони евра.

- Знаеме дека дел од земјиштето е во приватна сопственост, но и Владата и општината се расположени за реализација на проектот бидејќи на нашите спортисти им е потребен, но и со него ќе заштедиме доволно пари. Тренинг кампот е вреден над три милиони евра, финансиите се одобрени и ќе се гради како донација од УЕФА за нас. Тој ќе содржи три терени со природна и еден со вештачка трева, зграда за ФФМ, мини стадион со минимум 5 илјади седишта и осветлување, економат, како и мини пансион каде ќе се сместуваат нашите спортисти пред натпреварите. Тренинг кампот треба да биде завршен до 2010 година и се надеваме дека ќе се изнајдат сите услови за да се овозможи изградба на овој комплекс - изјави Николовски.
 
 
 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5192
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-May-2009 at 15:21
дури сега го приметувам проектов и доколку некогаш се реализира би било убаво, иако зафаќа простор во градот што би можел и на друг начин да се искористи
значи ли ова дека има можност барем еден од терените околку стадионот да се претвори во паркинг, особено по изградбата на стадионот Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-May-2009 at 15:54
По изградбата на стадионот би било логично да останат два помошни терени, по еден од секоја страна. Јас нив во никој случај не би ги жртвувал за голем паркинг во функција на стадионот ако ништо друго барем поради фактот што нема адекватна сообраќајна поврзаност. Решението за паркирање е од другата страна на Вардар каде за оваа цел е планирана катна гаража, а и нов пешачки мост од нејзе накај северна трибина. Да бевме богати можда ќе можевме да размислуваме и за катна гаража на место на кинескиот ѕид со нова директна сообраќајна врска преку вардар, но бидејќи не сме, ќе мора да се остави малку и на пешачење Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Jun-2009 at 00:43
Џунглата и мочуриштето го имаме, а кај е Тарзан во Скопје?


Градоначалникот на Карпош, Стефчо Јакимовски е запознат со проблемот, но не е спремен да се справи со него. Причина за неагилноста на општината, според него, се неразрешените имотноправни проблеми


Потенцијално жариште на заразно преносливи болести, но и грдосијата од гигантското мочуриште, е сликата која се уште ја краси метрополата, а се наоѓа и постои во општината Карпош, кај новата Спортска сала "Борис Трајковски". Ако сте расположени за уметнички фотографии, но и непосреден контакт со инсектите во нашата урбана дивина и тоа може да се доживее, доколку решите да се прошетате на кејот на Вардар кај Хотелот Палас во Скопје. Огромно диво настаното мочуриште полно со жаби, змии и инсекти кое постои повеќе од деценија, ден-денес ги вознемирува и тревожи минувачите, но најмногу жителите на населбата Карпош 3. Комуналните служби, но и Општината засега немаат решение за овој проблем кој се развлекува години наназад на штета на здравјето на граѓаните од Карпош.

Градноначалникот на Карпош, Стефчо Јакимовски, е запознат со проблемот, но не е спремен да се справи со него. Причина, според него, за неагилноста на општината се не разрешени имотноправни проблеми.
- Сопствениците на тамошното земјиште со државата, која неодамна таму сакаше да изгради Спортско рекреативен центар со повеќе фудбалски игралишта е во застој. Не можам да знам до каде е предметот по судовите, за да преземам каква било иницијатива за да го решам ова. Општината засега има дадено дозвола таму да се истовара градежен шут со цел да го пресуши или да го пополни мочуриштето кое ни задава проблеми, вели Јакимовски, тврдејќи дека Владата докрај ќе го истурка планот на Фудбалската федерација за изградба на овој комплекс со кој мочуриштето ќе пресуши.

Жителите на оваа скопска населба се гневни на надлежните.
- Сега, во пролет, особно кога има поројни дождови, навечер не можеме да заспиеме ни од комарците ни од крекањето на жабите. За преку ден да не правам муабет. Уште змии и диносауруси да излезат и комплетна ќе биде сликата за ова прометно место, вели скопјанец, кој живее во непосредна близина на мочуриштето.

Инаку, гигантското мочуриште деновиве по поројните дождови се направи во мало езерце. Неговата величина, според тамошните, е околу еден хектар. Огромна величина која преку лето е извор на заразни болести за цело Скопје, а не само за населбата Карпош 3.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C71C59E49CE0C64B9D818C53729ACB1C
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 982
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Jun-2009 at 10:22
Originally posted by lslcrew

Џунглата и мочуриштето го имаме, а кај е Тарзан во Скопје?http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C71C59E49CE0C64B9D818C53729ACB1C


Тарзан беше претходниот градоначалник на Карпош, а ова е политичка вест. Кога немаат сител и вечер работа, плукаат по малкуте градоначалници-неистомисленици...баш би сакал да го напраат комплексов, тука одам на трчање скоро секој ден...еден од најградските делови на Скопје т.е има голем потенцијал да биде таков, се надевам дека парите од УЕФА нема да завршат како до сега, по џебови и сметки на разни зинговци, ламбевци, хариевци...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Aug-2009 at 10:50
Се сели комплексот....
 
 
ПОКРАЈ КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАСКОРО ГОЛЕМ СПОРТСКИ ЦЕНТАР
 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со в.д. генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Игор Климпер, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, денеска, 21.8.2009 година (петок), во просториите на Општината одржаа заедничка прес-конференција, на која го промовираа проектот за изградба на нов тренинг центар покрај кејот на реката Вардар во општина Аеродром.

Станува збор за скорешен почеток на изградба на голем спортски центар покрај кејот на реката Вардар, во кој се вклучени 5 фудбалски игралишта со трибини, од кои 4 фудбалски игралишта со по една трибина и еден мини стадион со две трибини со капацитет од 3.000 гледачи, за што Општина Аеродром интензивно работи на донесување на неопходните детални урбанистички планови.

„Проектот за спортско-рекреативен центар што денес го презентираме претставува продолжение на комплексот спортски објекти почнувајќи од спортската сала „Јане Сандански, со чија изградба граѓаните не само што ќе имаат можност да ги следат големите спортски настани, туку ќе имаат можност самите да спортуваат и да се рекреираат во нив во слободното време“, изјави градоначалникот Коневски.

Освен што проектот овозможува да се зголеми спортската активност и да се зачува и подобри здравјето на жителите на Аеродром, како општина со млада популација, која ќе може непречено да спортува на терените, директорот на АМС, Ѓурчевски изрази уверување дека оттука ќе излезат врвни спортисти и фудбалери.

„Отсекогаш сме стоеле и ќе стоиме зад вакви големи проекти кои ќе придонесат за развој на спортот, во овој случај на фудбалот во Република Македонија. Игралиштата се со професионални димензии 120 на 80 метри, монтажни трибини и комплетни услови за тренинг и натпревари. Тука ќе биде и куќата на фудбалот и уште едно поголемо фудбалско игралиште“, изјави Ѓурчевски.

„Реализацијата на проектот за изградба на тренинг центар и управна зграда на ФФМ ќе придонесе за развој на фудбалот, како во Република Македонија, така и на територијата на Скопје и секако во Општината Аеродром“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер, додавајќи дека Федерацијата ќе биде задоволна доколку овие игралишта бидат искористени 365 дена во годината, како за кампови на сите национални тимови на Македонија во сите категории така и за граѓаните на Општина Аеродром, особено младата популација.

На крајот на прес-конференцијата тој им подари дресови на своите соговорници, по што сите заедно со новинарските екипи го посетија теренот на кој ќе се гради големиот спортски тренинг центар, а кој во моментов е нефункционален.

 
 
 
 
21.8.2009


Edited by vardar - 24-Aug-2009 at 10:51
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Aug-2009 at 11:00
Иначе во спорт пишува дека ако се донесат урбанистчките планови треба да почне да се гради во октомври а би бил готов до крајот на 2010.
Back to Top
madox View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote madox Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Aug-2009 at 00:36
Trening centarot na FFM ke se gradi vo Aerodrom a ne vo Karposh kaj Aleksandar Palace!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Aug-2009 at 00:44
Да де, спомна Vardar дека се работи за преселба Smile

Еве и подетално од нишката за урбанистички планови:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=45579#45579


Edited by Cloverstack - 09-Oct-2009 at 16:52
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Sep-2009 at 21:08
Originally posted by гитардемон

Е зошто запнале да се гради во центарот? Комплекс со 4 фудбалски терени во центарот на градот, е многу голема глупост (освен ако не е фудбалски стадион). Еве и Србите го градат тоа на 30 km од Белград, и тоа не 30 km од центарот, туку 30 km од Белград, што би значело дека има многу повеќе до центарот.


Србите моментално го користат комплексот на ФК Партизан,кој е во Земун,а нов комплекс за репрезентација воопшто не прават зошто не им ни треба,зашто и овој им е еден од најдобрите во Европа(без претерување).Користат еден дел надвор од Белград-Ковилово,но тој е во приватна сопственост.
А што се однесува до нашиот...И Аеродром не е најсреќно избрано решение.Можеби Сарај ќе беше најдобра локација...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11544
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Sep-2009 at 21:37


Според веста на која реагираше гитардемон, Србите сепак ќе градат нов комплекс:

Главната цел на посетата на Белград за Платини беше да се увери во проектот за тренинг-комплекс, кој нашиот северен сосед ќе го гради во Стара Пазова, околу 30 километри од центарот на Белград. Комплексот ќе се протега на 11,3 хектари, и ќе се состои од хотелска зграда на два ката со 60 соби, ресторан, економат, соблекувални, сауни, фитнес-центар, плус медицински центар како дополнителен објект. Администрацијата на ФСС ќе биде и во центарот на Белград, но и во новиот комплекс.

Тој центар ќе има четири терени со природна трева, од кој еден со минитрибини и атлетска патека со четири патеки, потоа два терена на вештачка трева, но еден покриен и затворен, базен, тениски терени, како и терен со песок наменет за фудбал на плажа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.