build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички музеј

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Mar-2018 at 18:54
Скопје и по години говорење на оваа тема не доби Железнички музеј. Цивилизациски сме назадени, а случајно почетоков на март ме одведе патот до Железничкиот музеј во Белград. Направив неколку фотографии, уживајте:













Back to Top
sase View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Apr-2015
Location: makedonija
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote sase Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 16-Jun-2020 at 08:10
Наовој линк можете да прочитате во врска со основање на Музеј на железниците во Скопје. Нашот колега од форумот господинот Владимир П. има зачувано многу интересни работи кој ке бидат изложени во идниот железнички музеј.

https://meta.mk/imame-bogato-zheleznichko-nasledstvo-no-nemame-muzej-i-interes-za-da-go-zachuvame-galerija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12109
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 26-Jun-2020 at 14:34
Доделена е просторија за основање на Музеј на железниците во Транспортен центар

Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура има доделено просторија во рамките на Транспортниот центар-Скопје, која што ќе служи за основање на Музејот на железниците на нашата земја. Од ова јавно претпријатие ја потврдуваат ваквата информација, посочувајќи дека одлуката е донесена на крајот на минатата година. Веќе се назначени и лица коишто во претстојниот период ќе работат на основање на новата музејска установа.

Работите за основање на Музејот на железниците и за опремување на просторијата во која ќе биде сместена оваа установа во моментов се забавени поради епидемијата со коронавирусот. Но, активностите треба да се забрзаат штом се надмине корона кризата.

– Иницијатива и желба за отворање на железнички музеј постои многу одамна. ЈП ЖРСМ располага со голем број на експонати коишто пред неколку години беа изложени во Музејот на град Скопје – велат за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие.

Македонија, заедно со Албанија, се последните две земји во Европа кои немаат основано Музеј на железниците. Земјава има богато наследство од 147 години зад себе, за кое се насобрани фотографии, документи, публикации и бројни железнички артефакти кои сведочат за развојот на железницата на овие простори.

„Мета.мк“ веќе објави сторија за потенцијалот што би можел да го има идниот Музеј на железниците во Скопје, како за привлекување на посетители, така и за едукација на младите генерации за развојот на железницата во нашата земја.

https://meta.mk/dodelena-e-prostorija-za-osnovanje-na-muzej-na-zhelezniczite-vo-transporten-czentar/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12400
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 08-Feb-2021 at 02:25

Колку што сум информиран во моментов имаме пристојна бројка на најразлични стари локомотиви, вагони и други железнички возила. Некои се доволно сочувани, а некои беа обновени/репарирани по различни основи... Би било убаво да имаме комплетна листа на возен парк што може да се квалификува за железничкиот музеј, односно што е тоа би можело да се изложи веднаш, а што е тоа што би можело брзо и ефтино да се доведе до статус на пристоен музејски експонат. Ако некој од познавачите на железницата има такви подетални информации, молам да пише.


Во секој случај мислам дека би било штета изложбата на тој возен парк да биде во депото Лисиче. Особено ако музејот функционира во рамки на Транспортен центар, но и во било кој случај. Мислам дека и возниот парк и останатата поставка треба да бидат сместени во Главната железничка станица Скопје, ако сакаме тој музеј навистина да има услови да заживее и да биде самоодржлив. Во депото Лисиче сигурно би имало очајна посетеност.

Идеална локација за изложба на возниот парк мислам дека се 9-ти и 10-ти колосек на железничката станица:
- Ниту се во функција, ниту некогаш ќе бидат.
- Просторот може да се огради и пристап да има само контролирано, директно од главната музејска просторија што би била испод.
- Има постојан проток на луѓе околу транспортниот центар, што многу ќе помогне за подобра посетеност. Особено што експонатите што ќе бидат паркирани на 10-ти колосек ќе се гледаат и од пошироката околина, па тоа ќе биде магнет и за полно љубопитни деца да ги убедат родителите да ги однесат да ги видат парните локомотиви и другите чудни возила


Е сега за тоа така да функционира треба прво да се решат две работи:

1. На колосек 10 мислам дека воопшто не е поставена пруга, а мислам дека на колосек 9 (иако таму МЖ често паркира вагони и машини) пругата не е целосна. Но сметам дека поставување на пруга со должина од уште 200-300 метри не би требало да биде голем проблем, затоа што таа треба да исполнува само најминимални технички критериуми, односно да овозможува повремено нешто да се размести, донесе или одвлече... Подлогата е веќе спремна, па доволно би било да се донесат и без финеси да се заштрафат некои стари размонтирани шини. А должината е минорна.


2. Главната музејска просторија треба да биде под пероните 9 и 10, а и да има можност да се изведе пристап до платформата изнад. Изгледа дека во избор може да влезат (целосно или делумно) единствено една од овие две опции:

- Некакви си запуштени простории што прашање е колку продуктивно се користат, ако воопшто се користат.
- Електронско казино (општествена црна дупка) кое е магнет за сомнителни типови и појави околу автобуската и железничката станица. Се надевам дека ова казино е само кираџија.







Пристапот до горе би можел да се изведе на еден од овие три начини:

- Мислам најдобро би било доколку може да се искористи/пренамени лифтовското окно што е идеално лоцирано (заокруженото во средина). Очигледно се работи за товарен лифт што требало да функционира за пошта и роба, ама изгледа никогаш не профункционирал, а прашање е дали воопшто е вграден лифт таму. Димензиите се околу 7х3 и комотно внатре би можело да се направат скали, па и плус да се вгради помал лифт ако треба.

- Алтернатива за пристап се отворите за излез за 7 и 8 перон. Таму има „дупки“ во бетонската конструкција што сигурно е оставено како подготовка за изведба на скали токму какви што постојат за пероните 1-6, во моментот кога ќе се јави потреба. За потребите на музејот би било прескапо да се изградат идентични такви скали, но може да се изведе нешто многу поскромно, а функционално (битната работа е дека пристап постои). Незгодно е што не се излегува на идеалната локација, па за посетителите ќе треба да се направи премин преку колосеците 8 и 9. Исто така ова решение подразбира и дека нема да се јави потреба од активирање на колосекот 8, за што реално не треба многу да се грижиме, мислам дека со оглед на сегашниот сообраќај, па и со најоптимистичките долгорочни перспективи, тоа е практично загарантирано.

- Во краен случај, би можело да се изведе и некаков пристап од надворешната страна, за што како почетна точка може да послужи терасата што ја имам заокружено најдесно. Но ова не би било поволна варијанта од повеќе аспекти, чисто ја спомнувам дека постои како можност ако од некоја причина има пречка да се реализираат другите.





Секако, добредојдени се мислења за подобрување или дополнување на изложенава замисла.


Да резимирам, мислам дека крајно време е да се најде модел и да се обезбедат скромните финансиски средства за железничкиот музеј да стане реалност, и да си биде целиот убаво спакуван во рамки на Транспортен центар. Имаме еден куп музеи од областа на историјата/културата/уметноста што финансиски коштале неспоредливо повеќе, а од областа на технологија и наука немаме речиси ништо.

Во случајов имаме практично спремен музеј - и возен парк и секакви други експонати и одличен простор/локација. Има и луѓе ентузијасти. Сето тоа само треба само добро да се спакува. Греота е музеј од ваков калибар и значење да не се реализира заради незаинтересираност, или глупи административни пречки, или минорни финансии.



Edited by Cloverstack - 08-Feb-2021 at 09:06
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Feb-2021 at 02:57
Ова е една од попаметните идеи што сум ги прочитал во последно време.

Сум имал прилика да бидам во неколку простори долу испод железничка станица, низ поштата, низ железничките канцеларии, од другата страна кај синдикатот, во мини-конференциската сала со бина одма позади дискотеката бивша. Комплетно се, до просторија, изгледа како да паднало бомба. Изгледа постаро од што реално е. Ужас. Толку многу простор има долу, а толку несоодветно употребен, баален, запуштен, греота!
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-Feb-2021 at 08:00
Originally posted by Cloverstack


Колку што сум информиран во моментов имаме пристојна бројка на најразлични стари локомотиви, вагони и други железнички возила. ...Би било убаво да имаме комплетна листа на возен парк што може да се квалификува за железничкиот музеј, односно што е тоа би можело да се изложи веднаш, а што е тоа што би можело брзо и ефтино да се доведе до статус на пристоен музејски експонат....Во случајов имаме практично спремен музеј - и возен парк и секакви други експонати и одличен простор/локација. Има и луѓе ентузијасти. Сето тоа само треба само добро да се спакува. Греота е музеј од ваков калибар и значење да не се реализира заради незаинтересираност, или глупи административни пречки, или минорни финансии.


Браво за старо-новава идеја, која за жал како што стојат работите само тоа и ќе остане: идеја.
Еден од најголемите железнички ентузијасти кои некогаш живееле и живеат во Македонија кој на сите нам ни е добро познат а тоа е Владимир Петков, со безрезервна и неизмерна сила го туркаше прашањето за железнички музеј на сите можни начини но за жал, безуспешно.

Мој личен осврт и одговор на прашањето зошто нема заинтересираност кај раководните и политичките структури за изградба/доградба и отворање на еден ваков музеј е следниот:
- доколку „нештото„ ќе генерира некоја економска корист, тогаш идејата е вредна за разгледување. Доколку „нештото„ ќе носи голема економска корист, од која ќе може еден дел да се префрли во „лев и десен џеб„ а тоа никој да не го примети, тогаш идејата е вредна за реализација. Во случајов, еден железнички музеј би генерилал можеби финансии за самоодржување но ништо повеќе од тоа па таа идеја не е вредна ни за да се најде на дневен ред кај структурите кои би требале да ја разгледаат, одобрат и реализираат.

Како што Cloverstack веќе напиша место за музеј и те како постои, постојат и возила, предмети и документација кои верно ја отсликуваат историјата на железниците кај нас и со кои би можел да се направи многу убав музеј.
Меѓутоа како што кај нас обично и бива, човечкиот фактор е најголемиот кочничар на сите добри и напредни идеи.

Чисто информативно, на некои им е познато на некои не: пред само неколку години до Владата на Македонија и до ресорното министерство беше доставено барање и потребна документација за добивање на одобрение и средства за отпочнување на реализација и изградба на Музеј на железниците во Македонија.
Барањето беше одбиено со образложение дека тие финансиски средства ќе се употребат за потребите на националните малцинства во Македонија, за нивни културни програми на националната телевизија (која впрочем никој од нив не ја гледа), и слични манифестации за кои никој нема појма каде и кога се одржуваат (читај: никому не му е гајле).
Прашање: ако веќе мислиме на задоволување на потребите националните малцинства зарем еден железнички музеј не би бил и нивни музеј со оглед дека и тие уживаа во благодетите на услугите на железниците во Македонија во текот на целата историја. Но како што погоре напишав, се додека реализирањето на некоја идеја нема да донесе делење на финансиските користи од истата, нема да добиеме еден ваков музеј.

Поради сево ова горе напишано, многу сум скептичен дека во догледно време ќе дочекаме таква можност да купиме влезница и со неа да посетиме Музеј на Железниците во Македонија.
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7632
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Feb-2021 at 02:21
инаку ако не сум грешка, вторипт заокружен простор е една од запуштените чекални на железничката кои воопшто не се користат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.110 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.