build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 52>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-Jul-2021 at 11:49
Љубчо Георгиевски многу жесто се појавува од сенка со некои многу паметни идеи за македонската политичка сцена, пред времето му идеите! Така и за ова изјави, нека се исприватизира железницата во секој поглед, нека се доделат концесии за неви правици така и за овој, па Бугарија ако толку гледа на ова како геополитички значајно нека го гради по дампинг услови преку фирм-ќерка/ бизинимесни како и да сака. Зашто за нас ова прашање е колку ни треба!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Jul-2021 at 11:09
Локвенец: Создадени предуслови во 2026 година да се заврши проектот за пругата кон Бугарија

Хари Локвенец, директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, вели дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија

Ги имаме, како што рече во гостување на ТВ Сител, сите предуслови, тргнувајќи од документацијата, обезбедувањето на средствата и последно, но според него најважно, и волјата и поддршката од сите страни што се вклучени во овој процес.

-Влезени сме во втората фаза на тендерската постапка за првите две фази од Куманово до Бељаковце и Бељаковце до Крива Паланка, финансирани од страна на WBIF и на ЕБОР.. Од друга страна третата делница е најкратка всушност со должина од 24 километри, но во истовреме е најскапа заради теренот и заради потребата на тие 24 километри да има 24 тунели и 50 моста. Во фаза сме на подготовка на тендерската документација за да почне таа процедура. Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен проект, рече Локвенец.

https://nezavisen.mk/lokvenec-sozdadeni-preduslovi-vo-2026-godina-da-se-zavrshi-proektot-za-prugata-kon-bugarija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 11-Jul-2021 at 11:04
Тема на денот: Има ли надеж за железничката пруга кон Бугарија?



https://sitel.com.mk/tema-na-denot-ima-li-nadezh-za-zheleznichkata-pruga-kon-bugarija
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Jun-2021 at 21:18
Za izgradnju moderne željeznice s obje strane granice potrebna je cijela decenija i milijardu i po evra.

https://balkans.aljazeera.net/videos/2021/6/28/s-makedonija-gradi-novi-put-ka-bugarskoj

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 11-Jun-2021 at 17:48
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Apr-2021 at 14:28
Originally posted by The Wild Boy

Дали некој има мапи од планираната пруга Кичево - Струга? Како што слушам во план им било да пуштат крак и до Охрид.Низ која траса одела таа стара пруга кон Охрид, и зошто ја имаат отстрането?Од каде би можело да поминува пруга Кичево - Охрид - Струга па граница со Албанија?Зошто UNESCO сега сакаат еден голем тунел да се направи???


http://web.uni-plovdiv.bg/vedrin/details/large/K-34-090-4.jpg

http://www.pollitecon.com/html/reprints/assets/Detailed_Topographical_Map_of_Macedonia_And_Surrounds_Elbasan Region.jpg

Edited by phenomenon - 18-Apr-2021 at 14:41
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Apr-2021 at 23:43
Дали некој има мапи од планираната пруга Кичево - Струга?

Како што слушам во план им било да пуштат крак и до Охрид.

Низ која траса одела таа стара пруга кон Охрид, и зошто ја имаат отстрането?

Од каде би можело да поминува пруга Кичево - Охрид - Струга па граница со Албанија?
Зошто UNESCO сега сакаат еден голем тунел да се направи???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 09-Apr-2021 at 15:26
До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На крајот од јуни или почетокот на јули годинава, планирано е да се избере најповолната понуда за изградба на двете фази од проектот за железничко поврзување со Бугарија, по што би се склучил договорот и во август би можеле да започнат градежните работи.

За ова денеска информираше директорот на ЈП за железничка инфраструктура, Хари Локвенец, кој посочи дека на целокупната траса од Куманово до Деве Баир треба да се изведат 100 мостови и 40 тунели. Притоа, третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир е најтешка за изведба и ќе чини најмногу – вкупно 405 милиони евра.

Сепак, директорот Локвенец посочи дека, земјава покрај подигнатите кредити за завршување на железничкото поврзување со Бугарија, во изминативе години има добиено и неповратни грантови од 68 милиони евра за втората фаза од пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка, како и 60 милиони евра за изведба на третата етапа од Крива Паланка до Деве Баир.

Хари Локвенец денеска информираше дека на 26 февруари годинава успешно е аплицирано до Инвестициската рамка за Западен балкан (ВБИФ) на ЕУ, од каде се очекуваат рекордни 182 милиони евра неповратни средства за заокружување на финансиската конструкција за третата делница од Крива Паланка до Деве Баир. Тој се надева дека земјава ќе добие позитивен одговор од ВБИФ за овие средства, а донесувањето на одлуката се очекува за јуни годинава.

Инаку, новиот тендер за изведба на двете првични фази (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) од изградбата на пругата кон Бугарија беше објавен на почетокот на јануари годинава. На претквалификационата фаза од тендерот беа доставени вкупно 20 апликации од меѓународни конзорциуми.

https://meta.mk/do-juli-e-planirano-da-se-izbere-izveduvach-za-dovrshuvane-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 24-Feb-2021 at 14:01
Од ВБИФ очекуваме грант од 150 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија

Владата на вчерашната седница ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-от повик за техничка помош и 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија, со укажување до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ВБИФ).

ЈП за железничка инфраструктура за третата фаза од изградбата на пругата кон Бугарија од ВБИФ аплицира за неповратни средства од 150 милиони евра, кои ќе бидат надополнување на веќе обезбедените 60 милиони евра неповратни средства од ИПА 2 Програмата на ЕУ, информираше денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

„Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Северна Македонија“, информираат од Владата.

Третата фаза од капиталниот проект предвидува изградба на железничка делница со должина од 24 километри, за чија реализација ќе бидат неопходни 330 милиони евра. Станува збор за најсложената фаза од железничкото поврзување со Бугарија, каде најголем дел од трасата ќе минува низ тунели и мостови, а самото гранично поврзување меѓу двете земји ќе биде решено со тунел.

Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Хари Локвенец неодамна во интервју за МИА информираше дека во моментов за третата фаза во фаза на изработка на одобрување е инфраструктурниот проект, паралелно на ова е и одобрувањето на основниот проект, а се изработува и проектната документација за распишување на меѓународниот тендер за избор на изведувач и за надзор над работите.

Воедно, портпаролот Душко Арсовски денеска информираше дека е завршена претквалификациската фаза за изградба на првата и втората фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Куманово до Крива Паланка. На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми. Европската банка за обнова и развој ги евалуира фирмите што влегоа во втората, квалификациска фаза. Во следниот период од три месеци, ќе следи доставувањето на финалните понуди од компаниите кои влегоа во втората фаза, по што ќе се избере најповолен понудувач и ќе почне изведбата на градежните работи.

https://meta.mk/od-vbif-ochekuvame-grant-od-150-milioni-evra-za-izgradba-na-tretata-faza-od-prugata-kon-bugarija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 16-Feb-2021 at 17:52
На тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка се пријавиле 20 конзорциуми

На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец. Осум од доставените апликации биле за изведба на делницата Куманово-Бељаковце, додека 12 за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Крајниот рок за доставување на апликациите од заинтересираните компании и конзорциуми беше 15 февруари.

Во втората фаза од тендерот објавен од Европската банка за обнова и развој, следува квалификационата фаза во која компаниите ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. Најпрво, до крајот на месецов ќе треба да се комплетира листата на конзорциуми кои ги исполнуваат условите пропишани во тендерот, по што истите ќе бидат поканети да ги достават понудите за тоа колку ќе чини изградбата на двете железнички делници.

Локвенец во изјавата за МИА информира дека периодот на доставување на финалните понуди ќе трае три месеци, по што ќе следува изборот на најповолен понудувач и почетокот на градежните работи. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач на работите би требало да трае до 9 месеци, односно најдоцна наесен.

Според објавениот тендер на ЕБОР, целокупната вредност на проектот за изведба на оваа пруга на Коридорот 8 и консултантските услуги ќе чини 151.670.000 евра. Рокот за изведба на пругата Куманово-Крива Паланка е 36 месеци, односно пругата треба да биде завршена најдоцна до есента 2024 година.

Распишувањето на новиот тендер за избор на изведувач на пругата Бељаковце-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка.

За да се забрза имплементацијата на проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, владата во октомври 2020 се одлучи двете дотогашни фази да ги спои во еден тендер.

https://meta.mk/na-tenderot-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka-se-prijavile-20-konzorcziumi/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Feb-2021 at 20:44


Од албанска страна нема никакви градежни активности, така што оваа паника не ми е сосем јасна. Пред некој месец објавив во нишката за железници од соседството еден одличен документарец за состојбата со железницата во Албанија во продукција на Дојче Веле. Албанија е моментално слепо црево, единствена функционална железничка линија е Тирана-Драч, така што џабе ние би брзале кога пругата би завршила на Мак-Алб граница.

Патем, гледам дека линкот е неважечки, го најдов истото видео на шпански јазик

https://www.youtube.com/watch?v=P_6Ipi8gR8A
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Feb-2021 at 16:27
Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч, што ќе го олесни транспортот на стоки, пишува Порталб.мк.

Изградбата на железничката пруга што ќе ја поврзе Северна Македонија со Албанија се одолговлекува со години. Проектот за изградба на ова пруга беше финализиран во ноември 2017 година, а освен изјавите на официјалните лица дека изградбата на оваа пруга ќе биде нивен приоритет, на теренот пак, нема конкретни работи.

Со цел да се зголеми економската и инфраструктурната соработка, железничката делница Северна Македонија – Албанија се смета за стратешка инвестиција со регионално влијание. Европската унија со сума од 7,7 милиони евра го финансираше составувањето на проектот кој предвидува изградба на железничка инфраструктура во должина од 63 километри.

Железничката делница што треба да се гради од Кичево преку Струга до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, предвидено е да чини над 500 милиони евра. Во делот од Кичево до Струга, покрај пругата, треба да се изградат 49 мостови и 13 тунели. По должината на делницата треба да има две главни и две помали станици.

Случувања од 2017 година
09 февруари 2018 година – На состанокот одржан во Скопје, директорите на двете железнички претпријатија Ирфан Асани и Ани Дурмиши изјавија дека изградбата на Коридорот 8 по железничката линија Кичево-Лин е приоритет на Владата на Албанија и на Македонија. На оваа средба беше заклучено дека до 2023 година ќе биде ставена во функција железничката линија Македонија-Албанија.

22 ноември 2018 година – За време на официјалната посета во Скопје, претседателот на Албанија Илир Мета се сретна со премиерот на Македонија, Зоран Заев. Претседателот Мета и премиерот Заев ги споделија истите ставови во однос на потребата и важноста од зголемување на економската и инфраструктурната соработка со конкретни проекти како што е оној на „Коридорот 8“. Тие ја оценија изградбата на железничката делница меѓу двете земји како стратешки важна инвестиција за целиот регион.

16 октомври 2020 година – На средбата меѓу заменик министерот за инфраструктура и енергетика, Артан Шкрели и неговиот колега во Северна Македонија, Беким Реџепи, беше потенцирана големата потреба за изградба на оваа пруга и нејзината стратешка важност. Истиот став го изразија и директорите на двете железнички претпријатија Фестим Халили и Ани Дурмиши.

„За нас изградбата на железничката делница во правец на Албанија е приоритет, затоа верувам дека сега е вистинското време да имаме заеднички договор бидејќи од нас бараат и финансиските институции кои ја финансираат изградбата на преостанатиот дел од коридорот“ изјави Фестим Халили, поранешен директор на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Што ја спречи изградбата на оваа пруга?
Пред извесно време, во изјава за телевизија Алсат, сега веќе поранешниот директор на железничката компанија Фестим Халили, објави дека изградбата на пругата меѓу Северна Македонија и Албанија три години е заложник на споровите во рамките на владината коалиција СДСМ и ДУИ.

Друга причина зошто железничката делница РСМ-Албанија остана во ќорсокак е погрешниот избор на рутата каде треба да помине трасата на оваа пруга.

Проектот од 2017 година предвидуваше дел од пругата да поминува покрај Охридското Езеро, на што остро се спротивстави УНЕСКО. УНЕСКО предупреди дека Охридското езеро може да се најде на списокот на загрозено светско природно наследства доколку на неговиот брег се гради железничка инфраструктура. УНЕСКО, со цел да се избегне оштетувањето на Охридското езеро од железничката инфраструктура, предложи железничката рута да помине низ алтернативен тунел од Струга до албанскиот град Прењас, под планината Јабланица.

Кога се очекува да започне изградбата на пругата?
Владата на Северна Македонија минатата есен одлучи да даде зелено светло на овој проект и го обврза Министерството за финансии да достави барање до меѓународните финансиски институции и до билатералните кредитори да ги обезбеди потребните средства за финансирање на изградбата на оваа пруга.

Нашата редакција се обрати до Министерството за финансии со прашањето: Дали ова Министерство започна да работи на обезбедувањето на потребните средства за изградба на оваа железничка линија и колку може да трае обезбедувањето на сумата од 500 милиони евра?

По електронски пат испративме прашање до Канцеларијата за односи со јавност на ова министерство, но не добивме никаква потврда или каков било одговор на нашето прашање. По неколку телефонски повици до канцеларијата за ПР, ни беше кажано дека одговорот го подготвуваат релевантните сектори, но досега немаме никаква информација. (Нашата редакција ќе ги ажурира податоците ако имаме одговор од оваа институција).

Од Кичево до граничниот премин Ќафасан, изградбата на пругата треба да започне од нула. Во моментов во овој регион се работи само на изградба на автопатот Кичево-Охрид. Властите проценуваат дека ќе бидат потребни најмалку четири години за да се изгради ваков инфраструктурен проект.

Кое е економското значење на овој проект?
Институтот „Фајнанс тинк“ проценува дека јавните инвестиции во транспортната инфраструктура од 2 до 3 отсто од БДП (бруто домашен производ) годишно, придонесуваат за поголема стапка на раст на БДП од 0,5 процентни поени годишно. Значи, се зема предвид ефектот врз економијата од изградбата на тие патишта, железници и друга транспортна инфраструктура, а потоа и ефектите што ги има добрата инфраструктура врз поврзаноста на деловниот сектор, што значи зголемување на продуктивниот и конкурентскиот капацитет на економијата.

„Конкретната важност на Коридорот 8 е во регионалното поврзување исток-запад, особено патното и железничкото поврзување со Албанија, кое е недоволно развиено од двете страни на границата. Инвестирањето во железничкиот коридор ќе обезбеди побрзо и поефикасно користење на придобивките од заедничката економска зона на Западен Балкан, без оглед на обликот на тоа подрачје. Дури и ако не одиме понатаму, членството во ЦЕФТА на обете земји може да се искористи и подобри само со подобра инфраструктура за поврзување, а во таа смисла придобивките за двете економии несомнено ќе бидат значителни за стапките на раст на БДП и подобрување на конкурентноста на бизнисот”, изјавуваат од „Фајнанс тинк“.

Што претставува Коридорот 8?
Пан-европскиот Коридор 8 е еден од 10-те паневропски транспортни коридори, којшто го поврзува Јадранското со Црното море. Овој коридор поминува низ Албанија, РСМ и Бугарија. Коридорот 8 има должина од 1.220 до 1.350 километри. Овој коридор има големо економско значење за сите земји каде поминува бидејќи овозможува лесен транспорт на стока.

Инаку, кога станува збор за овој проект, во најновиот извештај, УНЕСКО бара државните претпријатија да се координираат меѓусебно за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во регионот на Охрид-Струга и да бараат опција преку една рута да поминат железницата, автопатот, гасоводот и електричната линија во правец на Албанија. Извештајот се однесува на тоа дали се исполнети условите Охрид и Охридското езеро да бидат вклучени во списокот на загрозено светско природно и културно наследство.

УНЕСКО оди понатаму со барањата во врска со пругата кон Албанија, чија рута е планирано да биде од Кичево преку Струга до Лин. УНЕСКО бара да им се достави сеопфатна компаративна студија со алтернативна траса за железничката пруга на Коридорот 8, вклучително и оние што не поминуваат долж Охридското езеро и особено не ја вклучуваат трасата избрана преку Радожда до Лин. Во исто време, УНЕСКО бара да им се достави ажурираната документација за железничкиот проект, како и детална мапа што ќе ги вклучува линиите по кои ќе поминува пругата, како и сите можни патишта во струшкиот регион.

https://meta.mk/portalb-izgradbata-na-prugata-kon-albanija-se-odolgovlekuva-so-godini
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Jan-2021 at 19:12

За приградски железнички линии зборував, го надополнив постот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 12-Jan-2021 at 18:14
Абе КиселаВода градска населба е, па попладневниот и викенд возниот ред на ЈСП е на 40мин, ти сакаш меѓуградски.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 12-Jan-2021 at 13:08
Мислам дека е поважно да се развие сообраќајот кон Тетово и Гостивар, Кичево и не е толку важно во оваа равенка.

Мора да има приградски железнички линии на секои 40-тина минути помеѓу Скопје, Тетово, Велес и Куманово. Тоа секако подразбира поголема активност на полицијата и инспекторатите, конфискација на тие нелегални минибуси и такси возила кои функционираат меѓу градовите.

Edited by гитардемон - 12-Jan-2021 at 19:12
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 12-Jan-2021 at 11:59
Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот

Ангажираните консултанти минатиот месец до Министерството за транспорт и врски го доставија целиот сет од пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево на Коридорот 8 во финална верзија која е одобрена од сите инволвирани страни. Станува збор за првиот документ од низата што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста на оваа железничка делница во согласност со стандардите на ЕУ. Документот е подготвен со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ.

„Пред-физибилити студијата дава осврт на состојбата на пругата во овој момент, земајќи ги во анализа сите објекти што се наоѓаат по трасата, од мостови, тунели, згради, уреди за сигнализација и други објекти. Исто така, дава опции за идно подобрување на целата инфраструктура“, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

Пругата од скопската населба Ѓорче Петров до Кичево е со должина од 102,6 километри и е изградена во 60-тите години на минатиот век, а пуштена е во употреба во периодот 1968-1969 година. На овој импозантен проект од времето на Југославија се наоѓа и најдолгиот тунел на Балканскиот Полуостров – тунелот „Буковиќ“ долг над 7 километри (7.062 метри) и највисокиот железнички вијадукт во земјава – Србиновски мост, и двата лоцирани на пругата меѓу Гостивар и Кичево.

По изготвувањето на пред-физибилити студијата, треба да следи изработка на детална студија за изводливост на проектот за реконструкција на пругата Скопје-Кичево, со анализа на трошоци и придобивки, како и студија за влијание на проектот врз животната средина. Дополнителни средства ќе бидат потребни и за подготовка на идејниот и основниот проект.

Последен пат оваа железничка линија беше реконструирана неколку години по воениот конфликт во 2001 година во земјава, кога беше оспособена за одвивање сообраќај. Официјално, максималната брзина на движење на возовите е 100 километри на час меѓу Скопје и Гостивар, како и 80 километри на час во делот меѓу Гостивар и Кичево. Сепак, поради недоволните средства за одржување и природните непогоди, брзините на движење на одредени нејзини делови се помали.

Покрај обновата на самата пруга, недостасуваат и современи сигнални уреди, како и електрификација на едноколосечната пруга, како би можело во иднина да се оствари железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија преку нејзино продолжување во правец кон албанскиот град Лин.

Пругата Скопје-Кичево денеска е со потпросечна искористеност на нејзините капацитети, со функционирање на само еден пар патнички возови дневно меѓу двата града. Податоците за возните километри пак во товарниот сообраќај за третиот квартал од 2020 година, покажуваат дека само 1 отсто од нив се реализирале на пругата Ѓорче Петров-Кичево, се наведува во Кварталниот извештај на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

https://meta.mk/gotova-pred-fizibiliti-studijata-za-prugata-skopje-kichevo-i-najdolgiot-tunel-na-balkanot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 12-Jan-2021 at 08:33
Објавен новиот тендер за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) деновиве го објави тендерот за избор на најповолен изведувач за довршување на изградбата на пругата Куманово-Крива Паланка. Двете претходни фази на изведба (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) се споени во еден тендер, а од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ веќе информираа дека целокупната постапка за избор на изведувач би требало да трае до 9 месеци.

Постапката за избор на изведувач на пругата долга 64,8 километри ќе се спроведе во две фази: претквалификација и квалификација. Претквалификационата фаза ќе трае до 5 февруари и во оваа фаза заинтересираните градежни компании ќе имаат можност да ги достават своите понуди. Од фирмите што ќе влезат во втората фаза од тендерската постапка, ќе се избере најповолниот понудувач.

Идната градежна компанија што ќе биде избрана да ја гради пругата Куманово-Крива Паланка ќе треба да ја постави и сигналната и телекомуникациската инфраструктура на делот од Куманово до Бељаковце. Во објавениот тендер се наведува дека рокот за изведба на работите е 36 месеци. За избор на нова компанија што ќе го врши надзорот над работите ќе биде објавена тендерска постапка во првиот квартал од годинава. Воедно, поставувањето на сигналната и телекомуникациската инфраструктура од Бељаковце до Крива Паланка ќе се спроведе преку дополнителен тендер планиран за распишување на почетокот од 2023 година.

Според објавениот тендер на ЕБОР, целокупната вредност на проектот за изведба на оваа пруга на Коридорот 8 и консултантските услуги ќе чинат 151.670.000 евра. Распишувањето на новиот тендер за избор на изведувач на пругата Бељаковце-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка.

За да се забрза имплементацијата на проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, владата во октомври 2020 се одлучи двете дотогашни фази да ги спои во еден тендер. Во меѓувреме, извршната власт до февруари годинава планира да аплицира за нови грантови на повикот за Инвестициската рамка за Западен Балкан во кои ќе биде опфатена пругата кон Бугарија.

Во моментов, недостигаат финансиски средства за третата фаза од капиталниот проект, за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир. За најсложената секција досега се обезбедени 60 милиони евра преку ИПА 2 инструментот на ЕУ, додека од Министерството за транспорт и врски информираат дека интерес за учество во третата фаза веќе изразиле Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

https://meta.mk/objaven-noviot-tender-za-dovrshuvanje-na-izgradbata-na-prugata-kumanovo-kriva-palanka/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 11-Dec-2020 at 18:04
Никаква активност нема таму, не гледам потреба од трошење милијарда и кусур за пруга која нема никаква исплатливост. Исто ко тунелот под Водно, никаков развој не би донела.

Проблем е тоа што во 2020 „градат“ пругиче од 100km/h наместо 180 или 200. Источниот регион може да се поврзе со Бугарија со пруги од 80/100km/h од Чешиново до Ранковце и Кочани до Благоевград. Сегментот од Чешиново до планираната пруга кај Кетеново е ~41km, Кочани до граница е ~51km, граница-Благоевград ~27km, во реалноста нешто повеќе поради свиоците (особено од македонска страна зашто не цртав детално).
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 11-Dec-2020 at 17:42
Моја прогноза е дека оваа пруга 99% никогаш и нема да се изгради.

30 години наназад се што се прави е само сликање на делот Куманово-Бељаковце и само тој дел нешто се реновира, никако да се дореновира.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 11-Dec-2020 at 17:32
Очигледно си го видел теренот и сфаќаш дека треба тунел, ама дали си видел дека моменталниот каков и да е пат поминува низ самиот рудник „Саса“, а од другата страна „Тораница“, односно низ самите јаловински езера.

Инаку, зафатов би чинел гарант минимум милијарда евра, што нели првин треба да се види оправданоста на се, дури и да живееш во Норвешка и парите да ти доаѓаат сами.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.