build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 47>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Коридор 8
    Posted: 13-Sep-2019 at 16:41
Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово – Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година.

– Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да се надминат за да продолжиме со реализација. Од тие причини се пролонгира и рокот за изградба и дел од средствата наменети за оваа година ќе се користат следната година – велат за „Мета.мк“ од Министертвото за транспорт и врски.

Од надлежното министерство потенцираат дека нема никакво кратење на средствата наменети за железничка инфраструктура за годинава, туку финансиите за пругата кон Бугарија од годинава се префрлени за наредната година. Сите неискористени средства за овој проект ќе се искористат во 2020 година. Станува збор за 1,3 милијарди денари кои се префрлени во следната буџетска година.

Недостатоците со проектната документација за пругата Куманово – Бељаковце се решаваат во согласност со состојбите на терен каде се изведува трасата.

– Уверуваме дека ова е приоритетен проект и како таков ќе биде завршен за да го оспособиме железничкиот Коридор 8 – посочуваат од Министерството за транспорт и врски.

Изборот на изведувач за изградбата на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка ќе заврши во првиот квартал на 2020 година, а веднаш потоа ќе започне и градењето на овој сегмент од пругата.

Изградбата на пругата Куманово – Бељаковце започна во март 2014 година, со ветување дека до Бељаковце ќе се патува со воз во 2016 година. Од тогаш до денес, официјалното пуштање во употреба на трасата долга 30,8 километри се одложи неколку пати. Оваа пруга го обиколува Куманово, а со новата железничка станица и стојалиште на две локации во самиот град постои можност да се зголеми атрактивноста на патничкиот железнички сообраќај кај жителите од вториот по големина град во земјава.

https://meta.mk/zavrshuvaњeto-na-prugata-kumanovo-beљakovcze-odlozheno-za-dogodina/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Aug-2019 at 13:16
Почнуваме да го постираме Бојан Блажевски како новинар во Мета.мк, а не Билд.мк Smile Штета што ништо не се случува со билд.мк

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше завршен во 2017 година, со средства од ЕУ во висина од 7,7 милиони евра.

Две години подоцна, државните институции одговорни за проектот молчат околу најновиот проблем со кој се соочува железничкото поврзување со Албанија. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ повеќе од еден месец не одговара на поставените прашања за овој проект. УНЕСКО даде директен предлог за изградба на алтернативен тунел од Струга до Прењас, со кој идната траса би го избегнала крајбрежјето на Охридското езеро.

Државата треба допрва да одлучи дали ќе го прифати ваквиот предлог на УНЕСКО, граѓанските активисти жестоко се противат на градењето нови инфраструктурни проекти долж крајбрежјето на езерото, додека експертите предупредуваат дека препроектирањето на трасата ќе значи и натамошно поскапување на финалната цена за изградба на пругата меѓу Северна Македонија и Албанија.

Промашена трасата за идната пруга кон Албанија

Од граѓанската иницијатива „Ohrid SOS“ уште на самиот почеток од преписката меѓу македонската влада и УНЕСКО посочија дека дадените препораки во Извештајот на реактивната мисија треба да се земат во предвид многу сериозно. За да не се најде на листата на загрозено светско наследство, УНЕСКО побара од владата да ја избегне избраната траса на пругата што треба да минува покрај самиот брег на Охридското езеро. Останува нејасно зошто централната власт не ги прифатила препораките на УНЕСКО што биле презентирани уште во првиот документ од јуни 2017 година.

Од „Ohrid SOS“ нагласуваат дека сè до мај 2019 година владата упорно стоела на ставот дека трасата на пругата нема да биде променета. Од граѓанската иницијатива велат дека охридскиот градоначалник Константин Георгиевски е првиот функционер, кој на почетокот од јули годинава јавно изјавил дека владата го напуштила планот за изградба на железничката пруга по досегашната рута.

– Единствената причина за трасата да оди покрај езерото е трошокот што е јасен показател за тоа колку владата го вреднува регионот – посочуваат од „Ohrid SOS“.

Тие сметаат дека трасата на пругата мора да се смени, така што во иднина таа би минувала надвор од границите на Охридското езеро како светско наследство.

– Дополнително оптоварување со инфраструктура од поголеми размери и тоа на самиот брег не смее да се случи и тоа треба да стане правило за управување со регионот и во иднина – заклучуваат од „Ohrid SOS“.

Ваквиот став на активистите е во согласност со јасната препорака на УНЕСКО во однос на изградбата на идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија. Во изготвениот извештај разгледан на 43. Сесија на Комитетот за светско културно наследство во Баку се дава предлог за изградба на алтернативен тунел од Струга до албанскиот град Прењас. Со оваа траса ќе се избегне можноста возовите во иднина да минуваат долж брегот на Охридското езеро.

Во точката 7 од конечната одлука на Комитетот на УНЕСКО се нагласува дека постои загриженост поради фактот што државата сè уште не ги разгледала препораките во однос на железничката пруга на Коридорот 8, и покрај нивното барање за разгледување на алтернативни рути надвор од границите на УНЕСКО подрачјето. „Поради тоа, Центарот го повторува своето барање кон државата членка за итно пронаоѓање на оптимални решенија за овие проекти со што би се избегнало влијанието врз исклучителната универзална вредност на доброто“, се нагласува во одлуката на УНЕСКО.

Непослушноста може скапо да не чини

Наспроти ваквите предлози на УНЕСКО, експертите тврдат дека препроектирањето на трасата на железничката пруга ќе чини и повеќе време и повеќе средства, а ќе се зголеми и крајната цена за изведба на проектот. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ вели дека препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија би чинела од 3 до 5 отсто од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите би им требале барем една година за да ја изработат алтернативната рута според дадената препорака на УНЕСКО.

– Предлогот на УНЕСКО за изградба на алтернативен тунел од Струга до Прењас како техничко решение е возможно, но секако дека треба да се има предвид дека цената на чинење на овој објект би била во границите од 15 до 30 милиони евра по километар – потенцира професорот Мославац.

Тој дополнува дека во периодот 2010 – 2011 година најпрво бил изработен претпроект, а потоа и идеен проект за пругата од Кичево до Лин.

– Во претпроектот се разгледуваат повеќе варијанти за идната траса каде врз основа на технички и економски анализи се донесува одлука за избор на најповолна траса – вели Мославац.

За усвоената најповолна варијанта на трасата во идејниот проект, потоа се изработила Студија за оценка на влијанието на оваа рута врз животната средина, по што следела и изработката на основниот проект. Изведбениот проект е завршен пред две години и во него е утврдено дека пругата ќе се движи од Струга кон Радожда, каде по крајбрежјето на езерото е предвидено да се спои со постојната пруга кај албанскиот град Лин.

За изградба на целокупната траса од 63 километри меѓу Кичево и Лин е предвидено да се издвојат 500 милиони евра, но новиот тунел меѓу двете земји под планината Јабланица би можел да го поскапи проектот за десетици милиони евра. Засега државните власти не соопштуваат кој ќе ја сноси одговорноста за издвоените милиони евра за изготвување на проектната документација со проблематична рута, како и за потрошените години во нејзино проектирање.

Државата молчи за потребата од препроектирање 

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ велат дека прашањата за проектирањето на пругата кон Албанија треба да ги одговорат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ како надлежен орган. До ова претпријатие поставивме прашања уште кон крајот на јуни, но одговори не добивме до денешен ден. Образложувањата за неиспраќање податоци на нашето барање беа од презафатеност на претпријатието за време на железничката несреќа кај Куманово до очекувањето за назначување на нов директор на ова јавно претпријатие.

Сепак, УНЕСКО и во двата објавени извештаи за напредокот во имплементација на препораките посочува дека владата упорно стоела на ставот за задржување на постојната траса на пругата од Коридорот 8. Главна причина за ваквиот владин став била неопходноста од склучување на нов меѓудржавен договор меѓу Северна Македонија и Албанија за идното гранично поврзување.

Од друга страна, во неодамна усвоената Национална програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 – 2021 година воопшто не е предвидено да започне изградбата на пругата кон Албанија, со што се остава доволен простор за преиспитување на постојната траса усвоена во изминатиов период.

Во оваа насока, владата на седницата одржана на 11 јуни годинава донесе одлука да формира работна група составена од функционери од сите засегнати институции, чие задолжение е да постапи по забелешките на УНЕСКО за анализа на алтернативна рута за железничкото поврзување со Албанија. Предлог решенијата треба да бидат доставени до владата најдоцна до 15 јануари 2020 година, по што ќе се донесе финалната одлука по ова прашање.

Во Националната транспортна стратегија на земјава за периодот 2018 – 2030 година се нагласува дека пругата кон Албанија треба да биде завршена до 2030 година, што веќе беше потврдено со неколку изјави во медиумите и од самото Министерство за транспорт и врски.

Бројки и факти за идната пруга меѓу двете земји

Пругата од Кичево до Лин ќе има должина од 63 километри. Почетокот на трасата е од железничката станица во Кичево. Едноколосечната електрифицирана железничка пруга ќе има постојки во Прштани, Сливово, Пресека, Издеглавје, Мешеишта и Радожда, како и железничка станица во Струга. Постои можност за изградба на крак за поврзување на Мешеишта со аеродромот „Св. Апостол Павле“ и со Охрид. Максимална брзина на движење на возовите ќе биде 100 километри на час.

Коридорот 8 и во Албанија не е ништо подобар

Албанија го укина железничкиот сообраќај меѓу Либражд и Подградец на Коридорот 8 уште во 2012 година поради дотраеност и недоволна безбедност на пругата. Во моментов, соседната земја има изработено физибилити студија за реконструкција на пругата Драч – Подградец – Лин, долга 152 километри, како и за изградба на крак долг 2,8 километри од Лин до албанско – македонската граница. Идеен проект за реконструкција на оваа пруга е изработен само за делот од Драч до Рогозина, при што е пресметано дека инвестицијата би чинела околу 80 милиони евра.

Албанија има изготвено и физибилити студија за железничко поврзување со Грција, и тоа токму преку продолжување на железничката линија од Подградец до албанско – грчката граница, се наведува во најновиот документ на албанското Министерство за инфраструктура и енергетика за железничката инфраструктура на земјата. Сепак, единствен проект од Коридорот 8 што е доведен на ниво на конкретна изведба на градежни работи е реконструкцијата на пругата меѓу Драч и Тирана, која е предвидено во иднина да се поврзе и со меѓународниот аеродром во Тирана.

Автор: Бојан Блажевски

https://meta.mk/prugata-makedoni%d1%98a-albani%d1%98a-na-slep-kolosek-poradi-losho-izbranata-ruta-zakanata-za-ohridskoto-ezero-i-czenata/

Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jun-2019 at 06:53
Започва подготовка на проект за модернизация на жп линията Радомир - граница Северна Македония





На 17 юни в НКЖИ се подписаха договорите с избраните изпълнители по откритата процедура с предмет „Подготовка на проект „Модернизация на железопътната линия Радомир-Гюешево-граница с Република Македония“ (Република Северна Македония).

Изпълнител на договора по Обособена позиция 1: „Оптимизация и актуализация на предпроектни проучвания и идеен проект за модернизация на железопътния участък Радомир-Гюешево, идейно проектиране за железопътния участък Гюешево-граница с Република Македония и изготвяне на ПУП и технически проект за модернизация на железопътните участъци Радомир-Гюешево и Гюешево-граница с Р. Македония” е „ДЗЗД „ЕВРОТРАНСПРОЕКТ – ТРАНСГЕО“. Договорът е на стойност 13 285 000 лева без ДДС.

Изпълнител на договора по Обособена позиция 2: „Актуализация на Подробна програма за модернизация и на Стратегията за провеждане на тръжни процедури, и изготвяне на Документация за кандидатстване за финансиране на строителството на железопътните участъци Радомир-Гюешево и Гюешево-граница с Р. Македония” е Консорциум „НЕТ ИКюИ“. Стойността на договора е 152 000 лева без ДДС.

С изпълнението на двата договора ще бъдат извършени необходими дейности за подготовката на проекта за модернизация на железопътната линия между София и границата с Република Северна Македония.

Проект „Техническа помощ за подготовка на проект „Модернизация на железопътната линия София-Перник-Радомир-Гюешево-граница с Република Македония“ се съфинансира по Приоритетна ос 1 „Развитие на железопътната инфраструктура по „основната” Транс-европейска транспортна мрежа“ на Оперативна програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ 2014-2020 г.

Източник:Строителство Градът
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-May-2019 at 17:38
Originally posted by ehrlich

За еден час можеби до Куманово со нашите возови и пруги.

Воедно, денес вртејќи со точак 200 километри низ Кратовско, од локалниот пат кај Шопско Рударе, јасно уште се гледаат столбовите сведоци на оваа пруга

Воедно, кај Бељаковце уште нема ни прагови донесени, ниту шини, туку само чакал е нафрлан, така што не верувам дека ниту таа готова пруга (што постоеше и имаше возови до пред 20 години) нема да ја завршат до 2019, како што најавија.


Каква 2019 година?

Нема ниту теоретска шанса да го направат железничкиот мост на Пчиња кај Клечовце, кој одвај да е почнат со еден направен столб.

А кај е железничкиот надвозник над патот Стрезовце- Клечовце, кај се истите такви над патот Доброшане - Шупљи Камен и Проевце - пат Куманово - Св. Николе?

Сè уште се прави надвозникот над улица Доне Божинов, кој тешко дека ќе биде завршен до крајот на годината, па потоа треба да се прави надвозникот над улица Ѓорче Петров.

Не до 2019, до 2029 година нема да ја завршат, и тоа зборуваме само за трасата од Куманово до Бељаковце.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Mar-2019 at 21:36
За еден час можеби до Куманово со нашите возови и пруги.

Воедно, денес вртејќи со точак 200 километри низ Кратовско, од локалниот пат кај Шопско Рударе, јасно уште се гледаат столбовите сведоци на оваа пруга

Воедно, кај Бељаковце уште нема ни прагови донесени, ниту шини, туку само чакал е нафрлан, така што не верувам дека ниту таа готова пруга (што постоеше и имаше возови до пред 20 години) нема да ја завршат до 2019, како што најавија.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Mar-2019 at 19:33

За еден час со воз од Скопје до Софија, но во 2027 година

Транспортот, енергетската поврзаност и економските односи се тема на денешната прва седница на Меѓувладината комисија за економска и трговска соработка меѓу Бугарија и Македонија.

Акцентот на седницата ќе биде ставен на изградбата на железничка линија меѓу Софија и Скопје, како и намалувањето на роамингот.

Бураскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, пред почетокот на седницата изјави дека помеѓу 2025 и 2027 година е рокот за завршување на железничката линија Софија-Скопје.

-Во Бугарија за новиот програмски период, планираме 400 милиони евра за изградба и модернизација на пругата Софија – Перник – Радомир – Гешево – граница. Од страна на Република Северна Македонија е предвидена слична сума. Според планот до 2025 година, плус-минус, се очекува да имаме изградена инфраструктура, што е исклучително важно, од гледна точка на поврзаноста и брзината на движење. Планирано е патот Софија-Скопје да не трае повеќе од еден час – рече Жељазков.

Целта е железничката линија од Скопје до бугарската граница да се заврши до 2027 година. Кога Скопје и Софија ќе бидат поврзани, оваа железничка линија ќе биде дел од Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија.

https://fokus.mk/za-eden-chas-so-voz-od-skopje-do-sofija-no-vo-2027-godina/

Господинов министер за транспорт на Бугарија е во некоја голема заблуда околу неговите очекувања да се патува од Софија до Скопје за помалку од еден час. Тоа би била просечна брзина од преку 220км/ч, а би се случило само ако го качат возот во товарен авион.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Mar-2019 at 18:50
Можеби пуштањето во употреба на пругата кон Бугарија ќе биде дел од активностите при прославувањето 100 години од крајот на Втората светска војна. Или пак ќе се чека пратеникот Амди Бајрам, член на делегацијата на Собранието на одамна поранешната поранешна југословенска Република Македонија да се врати од свечената прослава по повод пуштањето во употреба на првите 1.000 километри пруга на Марс да се врати, па да може да се пушти пругата кон Бугарија. Или пак новиот премиер во 2042 ќе рече дека претходната влада со своето неодговорно и криминално однесување направила низа грешки при изградбата на втората делница од третата фаза, па ќе мора да се земе кредит од Кенија за да се решат проблемите, па наместо ветениот јануари 2044, пуштањето ќе се одложи две години.

„За овие година ипол напредокот е до 43 отсто или со други зборови некаде околу 70 отсто од градежните активности. Сите подготвителни работи во делот на документацијата веќе се решени и сега ни преостанува само интензивно да се работи на терен и јас очекувам дека процентите на имплементација и реализација ќе растат значително. Знаете дека ова е прва од трите делници на пругата према Бугарија“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Првата делница Куманово- Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра, втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра од кои 68 милиони евра се гранд, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија е најскапа бидејќи поминува низ планини и изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра.

Директорот Асани вели дека се изградени најпроблематичните делови на пругата иако тие се на половина од работите, односно дека селото Шупли Камен се наоѓа на 15 километри од трасата Куманово- Бељаковце.

Тој додава дека се во постојан контакт со Бугарските железници и дека веќе постои договор, во кој е превидено тунел да ги поврзува пругите на двете земји, а неговата изградба ќе започна истовремено во двете земји. Министерот за транспорт на Бугарија во среда ќе допатува во посета на Македонија, каде ќе се разговара до каде се градежните активности во соседството за железничкото поврзување на двете земји.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/do-nova-godina-treba-da-zavrshi-izgradbata-na-prugata-kumanovo-belakovtse/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 299
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Mar-2019 at 02:42
Браво поздравление за напредъка ! За жалост дано не закъкнеят сроковете за доизграждане които във времето са решаващи!
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Mar-2019 at 23:18

Капитален проект, после 25 години успеавме да завршиме 70% од некогаш функционалната пруга до Бељаковце
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Mar-2019 at 19:05
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Mar-2019 at 18:45
Според изјавата на Кочо Анѓушев, наводно околу 70% од градежните работи на пругата кон Бугарија биле завршени.







https://www.facebook.com/mtc.gov.mk/

Edited by Џоле - 02-Mar-2019 at 18:45
За сè има вторпат
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 299
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Jan-2019 at 12:12
Нещо за 2ра фаза за първа копка и изведувач чува ли се за Беляковци-Крива Паланка ???
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Dec-2018 at 19:53
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Има неколку грантови за пругата кон Бугарија. Првиот беше најавен лани во Трст, но досега нема ништо од изградбата. Зошто? Може ли Македонија да ги изгуби парите поради застојот?

-Не се согласувам со вашата констатација дека нема активности. Прво, обезбедени се средства од 70 милиони евра за втората фаза за изградбата на делницата Бељаковце-Крива Паланка, за што следната недела ќе се потпише договор. Исто така, од оперативната програма ИПА 2017 -2020 обезбедени се 60 милиони евра за третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир. Застој нема, напротив, сите пречки кои се појавија во првата фаза веќе се надминати и градежните работи се одвиваат со посакуваното темпо и во наредниов период ќе бидат уште повеќе интензивирани. Очекуваме рехабилитацијата на делницата од Куманово до Бељаковце да биде завршена во текот на следнава година. Тендерот за изградба на делницата од Бељаковце до Крива Паланка за што вие прашувате е веќе во тек и првата фаза на претквалификација на компаниите заврши. За реализацијата на овој проект веќе се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра од Европската Унија – грантот кој го спомнавте и 75 милиони евра од заем од Европската банка за обнова и развој. Очекуваме изградбата да започне следната година, а да заврши во 2023 година. За третата фаза од пругата кон Бугарија, делницата Крива Паланка – Деве Баир, работиме на обезбедување на целосната финансиска конструкција.

Сакам да нагласам дека Меморандумот кој го потпишавме со Република Бугарија предвидува точно утврдени рокови за завршување на изградбата и согласно со овие рокови, очекуваме пругата од македонска страна да биде комплетно завршена до 2025 година.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Dec-2018 at 09:40
Ќе се потпише договор за грант за втората фаза од пругата кон Бугарија

Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkans Investment Framework – WBIF) кој ќе се користи за изградба и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

На потпишувањето на договорoт помеѓу Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анка Јоана Јонеску.

За втората фаза од пругата кон Бугарија на источниот дел од Коридорот 8, се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра грант од ЕБОР, а останатите се заем. За деблокирање на изградбата на првата делница од пругата, од Куманово до Бељаковце, треба да се потпише анекс на Договорот за изградба, по што ќе следат нов тендер, избор на изведувач и старт на градежни работи. Првата фаза од пругата, од која се изградени само осум километри, се очекува да биде готова за 16 месеци, а втората фаза би завршила до 2021 година. За третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир се преговара за средства со меѓународни финансиски институции.

https://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 299
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Sep-2018 at 07:42
хвала ! дайте всички фотки!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Sep-2018 at 15:49

Еве дел од фотките на Bube

1

2

3

4

5

6

7


8


9


10


Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Sep-2018 at 20:19
На линкот кој го пуштивте нема никакви слики.
Back to Top
Bube View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-May-2014
Online Status: Offline
Posts: 22
  Quote Bube Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Sep-2018 at 17:27
https://ibb.co/cDZJaU
https://ibb.co/d8MLpp
https://ibb.co/e796Up
https://ibb.co/mi8N29
https://ibb.co/h14JaU
https://ibb.co/jMtBvU
https://ibb.co/j9rQN9
https://ibb.co/mRa8aU
https://ibb.co/cXii9p
https://ibb.co/k3BgvU
https://ibb.co/bJZqpp
https://ibb.co/cbOGUp
https://ibb.co/fmNt9p
https://ibb.co/gEUvN9
https://ibb.co/nDffpp
https://ibb.co/kKc4FU
https://ibb.co/kbQfpp
https://ibb.co/jAsX29
https://ibb.co/jm7bUp
https://ibb.co/ckCRUp
https://ibb.co/kMsFN9
https://ibb.co/bJzgUp
https://ibb.co/eiac29
https://ibb.co/hhyVN9
https://ibb.co/gcYEh9
https://ibb.co/bGS1Up
https://ibb.co/fkKRvU
https://ibb.co/deLiaU
https://ibb.co/i6QAN9
https://ibb.co/gQVc29
https://ibb.co/j1Wjh9
https://ibb.co/dbxwvU
https://ibb.co/m8WZh9
https://ibb.co/mn99FU
https://ibb.co/dnSkpp
https://ibb.co/kMc1Up
https://ibb.co/ibetaU
https://ibb.co/fnWvpp
https://ibb.co/kb6jh9
https://ibb.co/f9M6vU
https://ibb.co/b13Qpp
https://ibb.co/cZVuh9

Edited by Bube - 14-Sep-2018 at 10:27
Back to Top
katani View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Jan-2013
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote katani Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Sep-2018 at 07:10
Шест компании и обединения в търга за проект на жп трасето Радомир – Гюешево – Македония
от 05.09.2018, Автор: Милена Василева

Шест компании и обединения участваха в търга за проектиране на модернизацията на железопътната линия Радомир – Гюешево – граница с Република Македония в 2 обособени позиции. Предварителната обща стойност на двете позиции е 16 860 145.48 лв. без ДДС. Времето за изпълнение е 26 месеца. За позиция 1 играят и шестимата кандидата, а за позиция 2 - само трима от тях.
Участниците в търга са:
- "Ди Ем Ай Дивелопмънт" ЕООД - позиция 1 и позиция 2.
- Обединение "Инфра – Свеко" ДЗЗД, съставено от "Инфра Про Консулт ООД" и "Свеко Енергоремонт" АД – позиция 1.
- ДЗЗД "Уверде Смарт", в което са "Уватерв" ЗАД, "Ер Джи Консулт" ООД, "Дейта груп" ЕООД" и "Рутекс" ООД - позиция 1 и позиция 2.
- ДЗЗД "Евротранспроект – Трансгео", състоящо се от "Евротранспроект" ООД и "Трансгео" ООД - позиция 1
- ДЗЗД "Коридор -8 -2025", с партньори "Транс Ел Инженеринг" ООД, "Вектор Бул" ООД, "Айзенбан унд Баупланунгс Гезелшафт" ГМБХ – Германия, позиция 1.
- Консорциум "Нет ИКюИ",в което влизат "Нет Инженеринг" АД и "ИКюИ Контрол" ООД - позиция 1 и позиция 2.

Позиция 1 включва оптимизация и актуализация на предпроектни проучвания и идеен проект за модернизация на жп участъка Радомир – Гюешево, идейно проектиране за жп участъка Гюешево – граница с Македония и изготвяне на ПУП и технически проект за модернизация на двата жп участъка. Срокът е 26 месеца, стойността е 16 638 304.87 лв. без ДДС.
Позиция 2 е за актуализация на подробната програма за модернизация и на стратегията за провеждане на тръжни процедури, както и за изготвяне на документация за кандидатстване за финансиране на строителството на железопътните участъци Радомир – Гюешево и Гюешево – граница с Македония. Срокът е 4 месеца, индикативната стойност е 221 840.61 лв. без ДДС.
Проектът се финансира от ОП "Транспорт и транспортна инфраструктура", приоритетна ос 1 "Развитие на железопътната инфраструктура по "основната" Трансевропейска транспортна мрежа". Първоначално работата по проектите беше предвидена за ОПТ и включваше цялото трасе София - Перник - Радомир - Гюешево - граница с Македония. Впоследствие то беше разделено на две части и фазирано за този програмен период.
С финансиране от Техническа помощ на ОПТТИ по проекта на "София – Перник – Радомир" работиха за 9.5 млн. евро ДЗЗД "Нет - Италфер – ИКЮИ", съставено от Italferr - Италия, EQE - САЩ, Нет - България. След избора на изпълнител за технически проект на жп трасето Радомир - Гюешево - граница с Македония и изработването му следва да бъдат обявени два търга за строителство: за София – Радомир и за Радомир – границата с Македония.

Източник: Строителство Градът

Edited by katani - 05-Sep-2018 at 07:10
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 07-Aug-2018 at 12:48

проклество и мизерија е навистина да паѓаш во очај ако нешто не ти е по ќеиф Панкс, но ко што вели Кло поарно врапче во рака него Гулаб на гранка, но понекогаш треба трпение а она што е наше ќе си дојде, бидејќи сме си го сакале барале и конечно сториле, интересно е што ко мед и млеко моменталната флоскула требало во вакви околности на земи или оставу еу а директно под европски ритисок, требаше бар да капнат од млекото една капка ако не сакаат да пуштат ронка од медот!

сега капките биле неопходни за другде, ок, но К8 е паневропски коридор а не само локален мост, по таа логика требало многу поодамна да не конектираат со европска членка ко Бугарија, а за тоа особено нив да ги принудат, та да ни се мотивација и нам за што е во наши сили да истераме колку можеме поозбилно, но не секогаш сме фокусирани озбилно на транспортот колку на производството, логично ако не друго имаме и други транспортни опции освен железничкиот сообраќај, но што направивме ние за Авио Карго да го промовираме поозбилно, или пак дали е возможно со Вардарска Долина бар по воден пат да сме поврзани со Солун, на некои проекти работиме но и она што почнало да се работи го забошотуваме, Карго Аеродром иако беше во пакет со инвестициите на ТАВ ништо не бидна со тоа, зар оваа влада не може да засука ракави и да се комплетира таа идеја!? што не значи дека треба К8 како патен коридор да се запостави ...

но кога сакаме преку Леб погача во право си ќе сонуваме гладни за просото, а сетне соно и некој ќе го оствари но по која цена, Кина предложи хајспидка Солун-Будимпешта [1] но на евроболшевиците тоа не им се свиѓа, така се плашат дека тие утре нема да имаат влијание тука, а сега не сакаат да одврзат ќесе бидејќи треба на ситно ушто долго да не играат, а додека чекаме тие да се разберат меѓусебно кој прв да почне маглев траса по К10 ќе дочекаме и хиперлуп опции на маса [2] цената велат ќе им биде слична [3] но ќе треба и долги/големи тунели 50км~10милј. [4] конечно со хајспидка тешко дека ќе тера Карго та пак ќе си тераме со постојните пруги за тоа, што значи и ваква со 100км/с на К8 ќе биде добредојдена, но најдобро ќе биде по неа да пуштиме и туристички патнички возови она нашите дотраени композиции па бар како маркетинг спин да се искористи дека сеуште некаде во еу функционира нормално Олд Скул Железнички транспорт, да можеш да извадиш од прозор глава ако некој прднал


Edited by Zelenikovo - 07-Aug-2018 at 12:53
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.