build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 43444546>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 01-Aug-2018 at 09:00
Originally posted by ironm

За поголемиот дел од Африка реално во право е Мартин и инфраструктурно и економски, но во право си и ти за источна Африка поконкретно за Џибути, Етиопија, Кенија и Уганда. За жал сите тие држави Кина ги напика во огромни долгови заради тие железници (за среќа успешно се изградија), што всушност е и стратешка цел на Кина во таквите држави за откако не ќе можат повеќе да си ги отплаќаат долговите, овие да им ја преземат инфраструктурата (иако и во моментов на некој начин ја имаат преземено).

Во секој случај, без разлика на Африка или кој и да е, за нас е поразително ова што се случува и докажуваме по којзнае кој пат дека едноставно .... сме неспособна нација.


деновиве е тоа модерна теза, дека Кина инвестира за да ги задолжи државите па на крај да им ја превземе инфраструктурата. и во голем дел е сигурно вистина, Кина секако и следи своите интереси, а овој модел не е нов ниту е измислен од нив.

Но постои и друга страна на медалот. Прво кога таквите држави би биле поспособни, веројатно тековно би можеле да ги отплатат долговите. Се работи за високо корумпирани држави. Второ, изградбата на пругата треба да оди рака во рака со нејзиното искористување за транспорт на луѓе и стока, а самите држави немаат создадено економски предуслови за тоа. И трето, веројатно најбитно. Дури и да ја гледаме кинеската интервенција исклучиво како кинески план за превземање на клучна инфраструктура во одредени земји, факт е дека до овој момент таму не се нашол начин да се постави некогаш и елементарна инфраструктура и дека железниците и другите инвестиции од овој тип може да генерираат до сега невиден развој во тие региони.

Да го земеме примерот со Кенија.

До лани, кон внатрешноста оперираше една стара пруга градена во колонијално време, која беше тотално деградирана и тотално вон сите современи норми. Лани (мисам лани беше) ја отворија првата делница, Момбаса-Наироби.

Планирано е оваа делница да се продолжи (веројатно веќе и се гради) до Кисуму (најголемо кениско пристаниште на езерото Викторија) и да има два крака, еден кон Џуба (Јужен Судан) каде иако во моментов има граѓанска војна, очајно им е потребна оваа врска од географски и геополитички причини.

Другиот крак би одел кон Кампала/Ентебе и подолу кон Кигали во Руанда. Значи ќе се поврзат уште 2 земји, и 2 главни града на две релативно динамични економии за источно африкански стандарди. Се на се, Момбаса-Наироби-Кисуму-(Џуба)-Кампала-Кигали ќе има серозно трансформативно влијание за тој регион.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 01-Aug-2018 at 09:14
Потполно се согласувам, се разбира дека има и позитивна страна на тие проекти. Јас го апострофирав само негативното влијание дека беше спомната Кина, но несомнено дека тие проекти ќе им помогнат на долг рок.

Да не заборавиме дека и ние сме високо корумпирана држава и знаеме што се случи со автопатите со кинески пари
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 01-Aug-2018 at 09:24

Апсолутно. САкам да кажам дека има и позитивни примери, дисциплинирани општества, каде независно дали финансиерот е Кина, Светска Банка, ЕУ или нешто трето, епилогот на овие проекти е позитивен. Што значи дека не е баш се до лошиот инвеститор (кој е нормално да го гледа својот интерес).

Според мене, самите примачи на ваква помош се одговорни дали ќе бидат „колонизирани или не“. Ќе го земам примерот со должничката криза во Грција (која генерално пак ја извадија). Многу луѓе посочуваат на Германија како на лошата страна во приказната, а многу помалку се збори за одговорноста на грчкото општество и политички чинители кои со децении неможат да направат квалитетни структурни реформи и да сменат некои лоши навики.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 01-Aug-2018 at 10:08
Originally posted by Dexter26


Previous
 
Дали си бил воопшто во Африка за да можеш да ја правиш ваквата споредба ?
 
Или ај малку поедноставно, дали си воопшто запознаен со развојот на железницата во Африка ?
 
Те прашувам бидејќи ако навистина си бил во Африка, или ако барем си запознаен со развојот на железницата во Африка, би знаел дека споредбата воопшто не ти држи вода, бидејќи Кина на дебело инвестира во Африка - вклучувајќи и во железничкото поврзување на државите од централна Африка и од источна Африка кои немаат сопствен излез на море.


Да, добро сум запознаен со инвестициите на Кина во Африка. Меѓутоа тоа не го менува фактот дека целиот континент се дави во корупција, меѓуетнички и меѓурелигиозни конфликти, непотизам, сиромаштија, немање елементарни услови за живот, ниско ниво на образование и што уште не. И ако во последниве десетина години успеале малку да пркнат кога е во прашање железничката инфраструктура, една ластовичка сепак не прави пролет, нели?

Ништо поразлична не е ни ситуацијата на овие простори, иако станува збор за драстично помала бројка на население и површина. Додека светот гради чуда, ние три декади се мачиме да изградиме железничка делница од 200 километри.

Edited by Мартин - 01-Aug-2018 at 10:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 01-Aug-2018 at 11:01

Гледано на работите релативно, тргнувајќи од сечива појдовна точка, африка и генерално цел свет има направено многу повеќе во овие 30 години отколку Македонија и неколку други земји во регионот.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 01-Aug-2018 at 11:28
Originally posted by pbanks

Гледано на работите релативно, тргнувајќи од сечива појдовна точка, африка и генерално цел свет има направено многу повеќе во овие 30 години отколку Македонија и неколку други земји во регионот.

Комплетно се согласувам и се поголем и поголем песимист сум дека работите некогаш ќе се променат. Изгубивме и сеуште губиме голем број на луѓе кои имаат квалитети да придонесат за себе и за околината, а во толку мала земја, без значителни природни ресурси и географска положба, човечките ресурси се највредното нешто кое го имаме. Токму приказнава со железничкото поврзување со Бугарија отсликува буквално се! За 20 и кусур години комплетиравме 0% и како капак на се он што го спомна ти - проектирање на истата за брзини до 100-км на час.

Малку избегав од темата, но што е тука е.

Edited by Мартин - 01-Aug-2018 at 11:29
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #887 Posted: 01-Aug-2018 at 12:47
Layout of Reference and Alternative Alignments by ironm, on Flickr

Зборувајќи за брзината што ја спомна pbanks...

Референтната рута е таа што треба да се изгради (како што имаме видено и на претходни мапи во темава), а алтернативната рута го следи експресниот пат што почна да се гради (можен иден автопат).

Максимална брзина за референтната е 100 км/ч, а на алтернативната е 160 км/ч. Наводно геометријата на пругите на референтната дозволува и таа рута да се надогради до брзина од 160 км/ч.

Исто така најдобро транзитно време за референтната рута би било 60 мин, а на алтернативната 40 мин.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #888 Posted: 01-Aug-2018 at 15:48
И јас се запрепастив пред некој ден со изјавата за макс 100км/х.
Ќе знае некој на лаик да му објасни во што се состои таа несовладлива комплексност на пруга која крепи 160 км/х, наспроти пруга од 100км/х?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #889 Posted: 01-Aug-2018 at 15:51

За почеток радиусите на кривините. Веројатно со глед на комплексноста на теренот се решиле за поевтини варијанти кои со 100км/ч ќе ни се удрат од глава уште милион пати потоа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #890 Posted: 01-Aug-2018 at 17:59

100 km/h тура пепел врз можноста пругава да се користи за посериозен обем на патнички сообраќај. Но мислам дека за товарен сообраќај (што сепак е приоритет во случајов) е прифатливо.

Но ајде да беше дека многу се брзавме со пругава, па затоа максималната брзина е 100 km/h, па да разберев. Ситуацијата во 1992 беше толку критична што брзината на реализација на проектот беше клучен фактор, а техничките карактеристики и не беа толку важни. Сепак со оглед на тоа колку неверојатно долго ја завлечкавме изградбата, проектираната брзина е тешко да се прифати.

Се разбира, мостовите, тунелите и засеците што тогаш почнаа да се градат ја диктираат трасата и таа не можеме денеска туку-така да ја смениме без дополнителни енормни трошоци. Тоа повлекува дека радиусите на кривините на некои делови веројатно не дозволуваат поголеми брзини, и денеска не можеме да сториме ништо околу тоа (барем не нешто што е економски оправдано).

Но зошто мора целата пруга да е со униформна максимална брзина??? Што е со деловите каде што има прилично прави делници? Овие делови не се ниту малку ниту кратки. За повисоки брзини на таквите делници претпоставувам дека е потребно малку поголема инвестиција во долниот строј и во самата пруга, евентуално и во сигнализацијата. Но не би требало да е некоја преголема разлика за неколку десетици километри на час повеќе. Тогаш зошто и нив ги градиме за 100 km/h ???

Suicide


Edited by Cloverstack - 02-Aug-2018 at 01:35
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #891 Posted: 01-Aug-2018 at 20:34
Originally posted by Мартин

Да, добро сум запознаен со инвестициите на Кина во Африка. Меѓутоа тоа не го менува фактот дека целиот континент се дави во корупција, меѓуетнички и меѓурелигиозни конфликти, непотизам, сиромаштија, немање елементарни услови за живот, ниско ниво на образование и што уште не. И ако во последниве десетина години успеале малку да пркнат кога е во прашање железничката инфраструктура, една ластовичка сепак не прави пролет, нели?

Ништо поразлична не е ни ситуацијата на овие простори, иако станува збор за драстично помала бројка на население и површина. Додека светот гради чуда, ние три декади се мачиме да изградиме железничка делница од 200 километри.


Ти благодарам бидејќи потврди дека твојата споредба на Балканот со Африка од гледна точка на изградба на железничка делница за 20 години и недостатокот од било каков прогрес, воопшто не држи вода.

Кинезите си ја тераат својата агенда - инвестираат таму каде што европејците и американците доаѓаат, крадат и си заминуваат оставајќи позади себеси пустош, додека Кинезите си создаваат инфраструктура која ќе ги претвори во најголем кредитор и доверител на афричките држави со што ја бетонираат сопствената положба во Африка на повеќедецениски временски период - додека афричките држави не ги исплатат своите долгови, се разбира.

Конго нема во блиска иднина да види бело видело, и додека од една страна тоа е заслуга на тамошните политичари, војсководци, злосторници и останати ѓубриња од луѓе, истовремено е` заслуга и на довчерашните европски колонизатори на Конго кои ги вооружуваат и ги финансираат истите тие ѓубриња од луѓе.

Сега кога светот се подготвува за преминување кон електрични автомобили, Конго повторно ќе го крка дебелиот крај од стапот, бидејќи покрај златото, среброто, бакарот и останати метали и минерали, истовремено ги има и најголемите резерви на кобалт - клучен елемент за производство на литиумските батерии на мобилните телефони, компјутерите, и секако, електричните автомобили.

Edited by Dexter26 - 01-Aug-2018 at 20:38
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #892 Posted: 02-Aug-2018 at 19:14
Конечно сме развиле интересна дискусија за пругата кон Бугарија. Најпрво, морам да кажам дека и оваа влада е екстремно неодговорна кон овој капитален проект. Директорот на МЖИ заедно со соопштувањето дека имало проблеми на реализација на проектот требало да си даде оставка, а ако нема доблест за такво нешто, владата да го промени. Страшно е неодговорно да си 5 години директор на ова јавно претпријатие и да тврдиш дека имало проблеми со изградбата на пругата. Барем тој директор не беше променет со менувањето на власта.

Страшно е што оваа влада на даден грант од над 130 милиони евра од ЕУ не може ЦЕЛА ГОДИНА да спроведе успешен тендер за втората фаза од пругата кон Бугарија.

Пругата со 160 км/ч е недостижна мисија за нас во моментов. Можам да кажам дека и секциите направени во Бугарија и Романија, кои имаат далеку поразвиени железници, не се изградени во голема должина. Имав можност да зборувам со еден од поранешните директори на БДЖ-то и велат дека пругата кон Македонија самата по себе не би донела некој голем профит како и да се гради. Колку за пример, пругата север-југ низ Бугарија, на Коридорот 4, во моментов има искористеност од само 10% на делот од Видин до Софија. А се вложија толку многу пари во изградба на мостот кај Видин.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #893 Posted: 03-Aug-2018 at 19:44
Има податок колкава е разликата во цената помеѓу пругата од 100 км/ч и 160 км/ч?

Инаку, дури и директорот на МЖИ да даде оставка, не верувам дека многу би се подобрила ситуацијата. Претпријатието е во катастрофална состојба, па најдобро би било да се укине и да се формира ново, а доколку не може да се среди на овој начин, тогаш треба темелна и скапа реорганизација.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #894 Posted: 03-Aug-2018 at 20:51
Разлика на целата пруга бараше скоро комплетно менување на траса, остранување на станици и постојки и уште дополнителни 200-300 милиони евра на цела траса ако не се лажам. Само за првата делница разликата беше околу 30 милиона ,што толку и чини да се реконструира, додека на втората имаше разлика преку 100 милиона. Ова беше дадено како образложение зашто се одбрал проектот до 120 км/ч уште кога се правеа физибилити студиите од шпанската компанија (има назад по страниците дадено детални објаснувања и документи, ако не се лажам и од мене има нешто пишувано на таа тема пред многу години.).
Па и Кичево - Лин е проектирана на 120 км/ч ако не се лажам. За нашава држава реално и нема потреба од поголеми брзини од оваа доколку сите делници се оспособат бар на 100км/ч.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #895 Posted: 03-Aug-2018 at 21:29
Не го знам јас точниот податок за финансиите, но има логика муабетот од daci92. Референтната рута поминува по течението на Пчиња и Крива, а алтернативната поминува низ планини што значи ќе треба да се крене повисоко што би значело плус пари за мостови и тунели претпоставувам.

Инаку најголемата разлика во трасата е помеѓу Бељаковце и Гиновци, после горе-долу се прекрстуваат со исклучок на тоа тркалцето во близина на границата со Бугарија Crazy Претпоставувам таму ќе се вози со 20км/ч. Ќе слегуваат луѓето од возот да наберат чај и ќе се качат пак во возот, како порано што правеле со возот до Охрид.

За отстранување на станици и постојки погледнете ја сликата подолу, има еднаков број на станици - на референтната има 2 постојки повеќе.

Comparison of technical characteristics of the Reference and Alternative Alignments by ironm, on Flickr
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8967
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #896 Posted: 06-Aug-2018 at 09:54
Originally posted by BOJAN


Пругата со 160 км/ч е недостижна мисија за нас во моментов. Можам да кажам дека и секциите направени во Бугарија и Романија, кои имаат далеку поразвиени железници, не се изградени во голема должина. Имав можност да зборувам со еден од поранешните директори на БДЖ-то и велат дека пругата кон Македонија самата по себе не би донела некој голем профит како и да се гради. Колку за пример, пругата север-југ низ Бугарија, на Коридорот 4, во моментов има искористеност од само 10% на делот од Видин до Софија. А се вложија толку многу пари во изградба на мостот кај Видин.


Не гледам озбилно оправдување ниту со овој аргумент.

Со 100км/ч се исклучува било какво сериозно користење на оваа делница за патнички сообраќај. Гледањето на железниците исклучиво низ призма на тоа дали прават или не прават профит е една логика со која одеше претходната влада и која конечно треба да се отфрли. Мобилноста во регионот, еколошките импликации и сл треба да се многу поприоритетни за една земја/регион кои целат да бидат високоразвиени.

Ако ја анализираме пак перспективата на твојот соговорник од Бугарија, постојат параметри кои може да се корегираат и параметри кои многу тешко може да се корегираат.

Параметарот кој може да се корегира е економскиот развој и производството во регионот со што ќе се генерира потреба да превезување стока. Во ситуација кога регионот е сеуште сиромашен, што друго да се очекува.
Сите ние од овој дел на светот сонуваме за извоз на високоразвиени пазари, но многу помалку работиме на размена меѓу самите нас или пак имаме навики за купување/инвестирање и како физички и како правни лица. Сериозни логистички центри во регионов готово да не постојат, споредено со развиените пазари.

Делот во кој многу потешко може да направиме корекција е густината на население. За репери секогаш зимаме региони како северна италија, бенелукс или рурската област каде густината на населението (комбинирана со нивото на економски развој) овозможува одржливост. На пример, јазолот во Брисел каде што се се вкрстуваат Талис, ИЦЕ и Еуростар, односно на само ~2 часа со воз се Амстердам, Ротердам, Хаг, Келн, Дизелдорф, Антверп, Париз, Лондон, дневно поминуваат ~1200 возови и важи за „најгуст“ јазол во светот.

Таква динамика и можности неможе да очекуваме ниту за 100 години, но може да очекуваме нормално патување до Софија, Солун, Белград, Приштина и Тирана што нема да трае поспоро отколку човек да тргне на пат со Југо.


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #897 Posted: 06-Aug-2018 at 13:27
Pbanks, не можам да се спротивставам на твоите аргументи. Изградбата на пруга од 100км/ч е апсолутно надвор од било каков светски стандард. Сепак, тоа е најблиску до нашите можности. Мостовите и тунелите кон Крива Паланка веќе се изградени за оваа брзина на движење на возовите, тие треба само да се доградат. Било каква опција за градење на пруга од 160км/ч неколкукратно ќе ја зголеми финансиската конструкција на овој проект. Тие пари ги нема Македонија и не може да се задолжи во моментов со нив. Од друга страна, Бугарија нема ниту интерес да вложи во еден така скап проект. Железницата во Бугарија е во сериозни проблеми и прашање е дали ќе издржат и да ја изградат пругата од Ќустендил до Ѓуешево по нова траса со максимум 100 км/ч. Едноставно, премногу проекти стојат на реализација.

На крајот, ЕУ го вметна железничкиот Коридор 8, односно пругата кон Бугарија, во core network на ТЕН-Т мрежата. Ако имале некакви забелешки, а они ги даваат парите во форма на грант и кредити, тогаш сигурно дека досега ќе реагирале на максималната брзина од 100 км/ч.

На самиот крај, Скопје и Софија со воз со 100 км/ч е сосема солидна брзина, ако се земе во предвид фактот дека Бугарија во скоро време не планира да работи на патниот Коридор 8 за нов експресен пат кон Ѓуешево.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #898 Posted: 06-Aug-2018 at 15:06
Не се слагам дека 100 км/х е солидна брзина. Прво, веќе за 2018 е презастарен максимум, а до 2025-30 ќе биде скроз за џабе. Директорот на БДЖ претпоставувам дека не е нешто многу поупатен во современите текови од службеници од сличен ранг кај нас. Прептоставувам дека зборувал пред се' имајќи на ум товарен транспорт и највероватно не е свесен за позицијата на Софија на Балканот во поглед на ИТ сектор и иновации, на пример. Знам доста луѓе кои веќе работат ИТ во Софија, и уште неколку во заминување. Софија е ИТ и стартап центар на Балканот и по се изгледа само ќе расте во тој поглед. Башка, друг пример, енергетскиот пазар во Бугарија е на многу завидно ниво во споредба со закржлвеноста на истиот кај нас.

Во догледна иднина мора и ќе се зголеми протокот на луѓе и инфромации со Бугарија, а сериозна железничка врска може да има многу важна улога во тој процес.
Но ете јас на пример, како фан на воз и во поглед и на удобност, и екологија, и брзина (кога ја има) веќе во најава знам дека не би го користел возот Ск-Софија ако вози поспоро од Тамче. 100км/х е максимална, а не просечна во случајов. Вклучувајќи постојки и станици ќе фаќа едно 5 ч во еден правец.

Подобро ич да не се гради отколку да се фрлат толку тешки пари само ради то шо веќе неколку моста биле изградени. Има многу други стратешки поисплатливи проекти кои можат да се остварат со вакви суми.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #899 Posted: 06-Aug-2018 at 16:59
Луѓе, бидете реални. Една Словенија веќе подолг период успешно ја одржува брзината на движење на возовите од 80 до 120 километри на час и ништо не и недостига. Се патува идентично или побрзо од воз. Словенците процениле дека таа брзина им е доволна за нивните пруги, не знам зошто ние не би го следиле идентичниот чекор. Не би сакал пругата кон Бугарија да заврши како Транспортниот центар-Скопје. Сме сакале да го имаме Кензо Танге и да имаме како во јапонските градови по 21 милион патници годишно со воз. Денес, завршивме со најголема железничка станица во бивша Југославија и со помалку од 500.000 патници годишно.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #900 Posted: 06-Aug-2018 at 18:52
Пред да дебатираме зошто е 100, наместо 160 или 260, треба да дебатираме зошто сеуште немаме железница до Бугарија и Албанија и зошто нема ни да ги имаме во следниве 15 години

Инаку како што напишав во еден пост погоре, предвиденото времетраење на Куманово - Деве Баир е 60 минути, тргнувајќи од Скопје претпоставувам 90 минути така што севкупно би рекол околу 3 часа пат, што е за 2 часа пократко од моменталните 5 со автобус.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 43444546>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.