build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 464748
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #941 Posted: 18-Jun-2020 at 11:20
ФИРМИТЕ ЈА ПОВЛЕКОА МЕХАНИЗАЦИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ, РАБОТНИЦИТЕ ДВА МЕСЕЦА БЕЗ ПЛАТА

Запрена е изградбата на железничката пругата Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8 кон Бугарија, откако фирмите ја повлекле механизацијата и си го собрале материјалот од градилиштата во близина на Куманово и Шупли Камен. Работници тврдат дека веќе една недела ништо не се работи на терен, а тие и не знаат што да прават, бидејќи никој не ги информирал дали да доаѓаат на работа или не. Притоа, кажуваат дека немаат земено плата два месеци, а останале и без здравствено осигурување. Изведувач на градежните работи на реконструкција и рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце е германската фирма „Вибе“, за која работат седумдесетина работници.

„Не знаме што да правиме, сите се повлекоа само ние останавме. Од минатата недела ништо не се работи. Нам ни истекува договорот на 31 август и мора по закон да доаѓаме на работа, иако не сме земале плата два месеца, имаме 300-400 саати прекувремена работа, не сме искористиле одмор, останавме и без здравствено осигурување. Немаме кого да прашаме што да правиме, ако планираат да не отпуштат нека ни кажат да бараме друго решение, да одиме под биро за да го оствариме правото за лечење“, рече денеска работник Зоран Крстевски.

Работниците кажуваат дека веќе три години се ангажирани на проектот за изградба на пругата, а проблемите настанале на средината на минатиот месец, кога плата за април добиле само вработените во „Вибе“, но не и оние што се ангажирани преку приватна агенција за вработување за потребите на изведувачот. Тогаш добивале ветувања дека работата ќе се среди, но таа се усложнила откако без плата за овој месец останале сите вработени, а подизведувачите почнале да си ги повлекуваат машините и си го собрале материјалот од терен. Тие додаваат дека се зборувало оти Македонски железници го раскинала договорот со „Вибе“, но не ги знаат причините.

Од Фирмата „Вибе“ не сакаа да коментираат ниту дадат изјава зошто е прекината изградбата на пругата и работниците останале без плата, додека директорот на Македонски железници – Инфраструктура не се јавуваше на мобилниот телефон.

Надлежните од Министереството за транспорт и врски и Македонски железници во изминатите две години во неколку наврати ги посетуваа градилиштата на пругата и тврдеа дека се оди со предвидената динамика и без никакви проблеми. Прво најавуваа дека пругата ќе биде готова до крајот на 2019, а откако тоа не се случи ветуваа дека тоа ќе биде до крајот на оваа година.

Првата делница Куманово – Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра, втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија е најскапа бидејќи поминува низ планини и изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра, кажаа надлежните при една од посетите на изградбата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmite-ja-povlekoa-mehanizatsijata-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-belakovtse-rabotnitsite-dva-mesetsa-bez-plata/
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 877
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #942 Posted: 18-Jun-2020 at 11:59
Оф мори мајко, која држава еј...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #943 Posted: 18-Jun-2020 at 12:04
Прекин на градежните работи на пругата кон Бугарија



Стопирани градежните работи на железничката пруга Куманово-Бељаковце. Работниците велат дека од петокот единствени активности на терен се собирање на механизацијата и правење попис од страна на изведувачот, германската компанија Вибе. Вработените велат дека не зеле плата за април и мај, а поради доцнењето сега веќе немаат ниту здравствено осигурување.

“Последните недела дена не работиме, си ги собраа сите машини. Од 15-ти е прекинат договорот меѓу Вибе и Македонски Железници. Машините, еве гледате и сами, останаа само на Вибе, а подизведувачите сите си заминаа. А, ние работниците, мора да доаѓаме уште на работа, договорот ни важи. Не сме зеле еве два и пол месеци плати, имаме одмор, имаме меѓу 300 и 400 прекувремени работни саати. И тоа не ни е платено. Се работеше по 10 саати и сабота и недела. Нема никој сега од Германците и кој да нè исплати? Не знам што ќе биде. Оставени сме на цедило, никој ништо не ни кажува”, вели работникот Зоран Крстевски.

“Машините се стопирани, подизведувачите се тргнати. Нема никој ништо, само така доаѓаме секој ден, си седиме и ќе дојде времето ќе си одиме и толку”, вели работникот Бобан Величковски.

Сите обиди да стапиме во контакт со менаџментот на компанијата беа неуспешни. Единствениот одговор што успеавме да го добиеме од дел од раководството е дека немаат коментар.

До овој момент од Македонски Железници Инфраструктура не добивме одговор дали е точно дека е раскинат договорот со изведувачот.

Надлежните очекуваат пругата до Бељаковце, делница долга 31 километар, да биде завршена најдоцна до почетокот од идната година, а целосно железничко повезување со Бугарија би се реализирало за најмалку 4 години.

https://sitel.com.mk/prekin-na-gradezhnite-raboti-na-prugata-kon-bugarija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #944 Posted: 18-Jun-2020 at 15:49
Германската фирма се откажа од пругата кон Бугарија, работниците добија откази
   


Германците се откажаа од изградба на пругата Куманово-Бељаковце. Од Македонски Железници Инфраструктура потврдија дека од компанијата Вибе, задолжена за изведба на тој проект, на 29 мај добиле известување дека го раскинуваат договорот, а со тоа официјално ја запреле изградбата на пругата.

„Првата делница од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри започна да се гради во 2014 година од германската компанија Вибе. Според Договорот овој проект требаше да биде завршен во рок од 30 месеци, односно до септември 2017 година. Заради проблемите кои се појавија при изградбата, рокот беше пробиен, поради што се потпиша Анекс на договорот за продолжување на времето за завршување на работите до 20.02.2020 година. Но и покрај таквото продолжување Изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет, недоволната ангажираност во реализацијата на терен, продолжи со забавената динамика на извршување на работите, при што успеа да реализира само 54% од вкупниот обем на работите”, пишува во одговорот од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Менаџментот на германската компанија во земјава и натаму е недостапен за јавноста.

Државата ќе бара оштета за раскинатиот договор, а ќе се објави и нов тендер за проектот. Надлежните велат дека не се откажуваат од проектот, а моменталната ситуација нема да ја доведе во прашање изградбата на пругата од Коридорот 8, особено затоа што веќе се обезбедени пари.

Во меѓувреме, околу 50 работници ангажирани за германски Вибе преку Агенција која посредува за вработување, од вчера останаа без работа.

По неколку неуспешни обиди за изградба на пруга кон Бугарија, проектот, кој е актуелен со децении, повторно може да ги пробие ветените рокови за реализација. Надлежните очекуваа делницата Куманово-Бељаковце да биде готова на почетокот од следната година, а воз кон Бугарија да имаме за четири години.

Мирјана Јовеска

https://sitel.com.mk/germanskata-firma-se-otkazha-od-prugata-kon-bugarija-rabotnicite-dobija-otkazi
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #945 Posted: 18-Jun-2020 at 17:45
Неам думи !
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 896
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #946 Posted: 18-Jun-2020 at 21:30
Шпанската теленовела наречена „Пруга кон Бугарија“ продолжува
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #947 Posted: 18-Jun-2020 at 22:04
Originally posted by ehrlich

Шпанската теленовела наречена „Пруга кон Бугарија“ продолжува


Дури има потенцијал да ја надмине и Коронациската Улица во времетраење.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #948 Posted: 18-Jun-2020 at 22:16
Имало активност/најави на пругава за време на СФРЈ? Ако да тогаш од 1943 градиме 60km пруга и никако да ја изградиме.

Edited by Staro Skopje - 18-Jun-2020 at 22:17
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #949 Posted: 19-Jun-2020 at 19:01
Ovaa pruga nema da bide izgradena vo narednite 10 godini !!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1710
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #950 Posted: 19-Jun-2020 at 19:36
Originally posted by WolfLeader

Ovaa pruga nema da bide izgradena vo narednite 10 godini !!!
Ja otkri Amerika
Jas so godini zboram deka nema nisto od taa pruga dodeka nema politicka volja od dvete strani.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #951 Posted: 20-Jun-2020 at 11:57
Originally posted by Denko

Originally posted by WolfLeader

Ovaa pruga nema da bide izgradena vo narednite 10 godini !!!
Ja otkri Amerika
Jas so godini zboram deka nema nisto od taa pruga dodeka nema politicka volja od dvete strani.

Ne deka ne mi bese jasno , ama aj si vikam moze ke se iznenadime pa da ne zboruvame na prazno ,da bidime optimisti de , ama usvari ne sme pogresile , ke bese svetsko cudo da prugata se gradese bez problem .....
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #952 Posted: 23-Jun-2020 at 10:15
Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри.

Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во изјава за „Мета.мк“ велат дека изведувачот на 29.05.2020 година доставил до нив известување за раскинување на договорот, со што и официјално запрела изградбата на пругата, додека фирмите подизведувачи ја повлекле механизацијата и материјалот од градилиштата.

Градежни работници кои изминатиов период работеле на изведба на пругата Куманово-Бељаковце за неколку медиуми вчера изјавија дека е запрена изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Тие се жалат дека два месеца не земале плата и останале без здравствено осигурување, иако нивните договори за работа истекуваат на крајот на август.

– ЈП ЖРСМ како Работодавач ги врши редовно плаќањата на Изведувачот, за платите на нивните работници обратете се кај Изведувачот – е краткиот одговор од јавното претпријатие за состојбата со надоместоците за ангажираните градежни работници.

Тие тврдат дека со ваквиот расплет на настаните и одлуката на изведувачот да го раскине договорот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура во соработка со владата ќе ги преземат „сите неопходни законски дозволени дејствија за заштита на своите права“. Од јавното претпријатие тврдат дека германската компанија „Вибе“ имала рок до септември 2017 година да ја заврши изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, а поради пробивањето на рокот за изградба поради проблемите што се појавиле при изведбата, бил потпишан Анекс на договорот за продолжување на времето за завршување на работите до 20 февруари 2020 година.

Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура тврдат дека изведувачот успеал да реализира само 54 отсто од вкупниот обем на работите.

Изградбата на пругата Куманово-Бељаковце започна во март 2014 година, со првично ветување на тогашната влада дека проектот ќе биде изведен во рок од две години. Во меѓувреме, пуштањето во функција на железничката пруга Куманово-Бељаковце се одложува неколку пати по ред. Германската компанија „Вибе“ досега не излегла во јавноста со официјално соопштение за причините поради кои се одлучи да го раскине договорот за изградба на железничката делница.

Пругата Куманово-Бељаковце е исклучително важна за Куманово, бидејќи со нејзината изведба ќе се добие нова железничка станица и стојалишта во неколку населени места, со кои на жителите на Куманово ќе им се овозможи подостапен патнички железнички сообраќај кон Скопје.

https://meta.mk/prekinata-izgradbata-na-prugata-kumanovo-beljakovcze-od-zhelezniczi-molk-za-prichinata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #953 Posted: 24-Jun-2020 at 15:21
ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ТУЖИ ГЕРМАНСКАТА ФИРМА ШТО ЈА ПРЕКИНА ИЗГРАДБАТА НА ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ

Владата ќе ја тужи германската фирма „Вибе“, затоа што еднострано ја прекинала соработката со ЈП „Македонски железници-инфраструктура“ и се повлекла од изградбата на железничката пруга Куманoво-Бељаковце, дел од Коридорот 8 кон Бугарија. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вели дека од причини познати само на изведувачот, тој се повлекол од градилиштето.

„Причините коишто се наведуваат за нас се крајно неприфатливи и затоа на вчерашната седница на Влада зазедовме став да ги преземеме сите мерки во делот на ангажирање на адвокати, меѓутоа и сите други потреби околу банкарски гаранции. Сите аргументи се на наша страна. Со меморандумот којшто е потпишан во април месец, требаше тие да ја завршат пругата на крајот на февруари, така да нашите очекувања спорот ние како држава да го добиеме“ изјави денеска Сугарески, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски беа на увид на рехабилитација на магистралниот пат Куманово- Страцин.

Министерот додаде дека се преземени сите мерки да продолжи динамиката на изградба на преостанатите 55 проценти со цел пругата што побрзо да биде завршена, бидејќи во моментот се евалуираат понудите и за втората делница, од Бељаковце до Крива Паланка.

Изградбата на железничката пругата Куманово – Бељаковце,запре минатата недела откако фирмата ја повлече механизацијата и си го собра материјалот од градилиштата во близина на Куманово и Шупли Камен.

Работниците тогаш изјавија дека од почетокот на месецот ништо не се работи на терен, а тие попусто доаѓаат на работа. Притоа, кажаа дека немаат земено плата два ипол месеци, а останале и без здравствено осигурување.

Изградбата на пругата започна во 2014 година. Првата делница Куманово – Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра. Втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија ќе чини над 580 милиони евра.

С.НИКОЛИЌ

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-ke-ja-tuzhi-germanskata-firma-shto-ja-prekina-izgradbata-na-prugata-kumanovo-belakovtse/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #954 Posted: 26-Jun-2020 at 10:19
Над 2,2 милиони евра годинава се префрлени од државата до Железници за изградба на пругата Куманово-Бељаковце

Министерството за транспорт и врски на ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура од јануари до јуни годинава му префрлило над 2,2 милиони евра од кредот на ЕБОР за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, покажуваат податоците објавени на open.finance.gov.mk. Од кредитот во висина од 46,2 милиони евра што земјава го подигна во 2012 година, само во првото полугодие од државата на јавното претпријатие му се легнати шест транши за изградба на пругата долга 30,8 километри.

Станува збор за една четвртина од вкупните средства кои ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура треба годинава да ги добие за изградба на овој проект (околу 9 милиони евра), а кои се вметнати како сума во Ревидираниот бизнис план на ЈП ЖРСМ-Инфраструктура за 2020 година. И додека Министерството за транспорт и врски непречено ги исплаќало средствата кон инвеститорот за изведба на оваа железничка делница, останува нејасно зошто изведувачот на 29 мај годинава доставил известување за раскинување на договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце.

„Мета.мк“ испрати прашања до централата на досегашниот изведувач „Вибе“ во Германија за овој проект, но до објавување на овој текст не добивме одговор за причините поради кои се одлучиле да го раскинат договорот за завршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Информација пристигна единствено од ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура, кои потврдија дека ќе мора да се распише нов тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце.

Со раскинувањето на договорот, германската компанија „Вибе“ ја запрела изградбата на пругата, додека подизведувачите ја повлекоа механизацијата и материјалот од градилиштата. Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот за „Мета.мк“ изјавија дека изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет и недоволната ангажираност на терен, со забавена динамика ги изведувал работите. Сепак, „Вибе“ засега не ги објавува јавно причините поради кои се откажал од договорот за изведба на пругата.

Со неславниот епилог со досегашниот изведувач, нашата земја ќе треба повторно да објави меѓународен тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце, кој заедно со спроведувањето на неколкумесечната тендерска постапка, ќе значи и дефинитивно одложување на завршувањето на пругата Куманово-Бељаковце за 2021 година, иако проектот првично беше ветуван дека ќе биде готов до 2016 година.

https://meta.mk/nad-22-milioni-evra-godinava-se-prefrleni-od-drzhavata-do-zhelezniczi-za-izgradba-na-prugata-kumanovo-beljakovcze/
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #955 Posted: 26-Jun-2020 at 14:44
Причините не може да бидат ем непознати, ем наведени во раскинот на договорот. Ваа невласт е безобразна и манипулативна. Според мене, раскинот е поради неплаќање на изведеното во договорениот рок. Затоа и не ги објавуваат причините.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 464748

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.