build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 22-May-2012 at 21:46
таму каде има топилница во близина на рудникот нема потреба од железница.добро би било ама нема толкава потреба.готовиот производ е процентуално многу помал него ли рудата која се ваѓа(неколку проценти)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 22-May-2012 at 22:39
Јас сум повеќе заинтересиран дали најавата за отворање на рудникот Тајмиште повторно ќе ја оживее индустриската пруга од Зајас до Тајмиште и особено онаа од Скопје до Кичево, која освен за патничките возови е мртва за товарниот сообраќај, особено по Тетово.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 29-Jun-2012 at 01:50
Турски Курум Холдинг нов сопственик на рудникот Тајмиште

Турската компанија Курум Холдинг ќе биде новиот газда на рудникот Тајмиште. Турците на тендерот понудиле 2 милиони евра за концесија на рудникот и изградба на фабрика за преработка на железната руда, еден од главните услови што ги побара државата. Ако зделката се склучи, Тајмиште ќе биде најголемиот рудник за железо во Југоисточна Европа.

- Како што најавија инвеститорите во првите четири до пет години ќе инвестираат околу 100 милиони евра и ќе вработат олку 500 вработени, но да почекаме тоа да го соопштат Турците на потпишување на договорот, изјави Ваљон Сарачини- министер за економија.

Според Сарачини, рестартирање на Тајмиште ќе значи заживување на кичевскиот регион. Скоро 78 % средствата од концесискиот надомест годишно ќе се даваат во општината. Во неформални разговори Турците најавиле дека можно е да изградат две фабрики за преработка на рудатa.

- Фабриката мора да ја изградат во првите три години, ако тоа не го сторат ќе им се активира банкарската гаранција, изјави Ваљон Сарачини- министер за економија.

Рудникот Тајмиште не функционира повеќе од 15 години. Процените се дека тој располага со 150 милиони тони високо квалитетна железна руда со што би можел да работи во наредните 30- тина години и покрај резервите кои гарантираат сигурна експлоатација во следните 100 години.

Кире Коцевски

Оваа вест е многу убава е сега ќе се активира потребата повеќе од коридорот 8 а со тоа и ке се подобри транспортот на стоки и патници и за другите индустрии супер вест само да не политички маркетинг.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 08-Jul-2012 at 14:16

Изградбата на железничкиот Коридор 8 започнува на пролет


Согласно планираната динамика изградбата на железничкиот Коридор 8,  на патниот правец Куманово-Бељаковце, треба да започне во февруари или март следната година, изјави на денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

- Во тек се преговори со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат финансиски средства во висина од 46,4 милиони евра и градбата на делницата Куманово-Бељаковце да започне во текот на 2013 година и да заврши најдоцна во 2017 година, рече Јанакиески.

Тој додаде дека се одобрени грант средства од инструментот WBIF за избор на консултанти кои ќе вршат надзор на делницата Куманово-Бељаковце во износ од 2,5 милиони евра.

- На 29 март годинава  ЈП Македонски железници Инфраструктура има склучено договор со консултантската компанија ИЛФ од Австрија, која треба да го изработи проектот и тендерската документација за избор на градежна фирма. Согласно планираната динамика  се очекува во септември да се распише повик за ангажирање на градежна компанија, а во февруари или март следната година да се започне и со градежните работи од Куманово до Бељаковце, додаде тој.

Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, како што рече, како предуслов за идни кредитни задолжувања, а со цел изградба на Коридорот 8 во дел на железничката инфраструктура, посочиле дека потребно е раскинување на договорите кои ЈП Македонски железници Инфраструктура, односно претходниците на ова ЈП, ги имаа склучено со градежните компании, согласно претходно донесен закон.

- Затоа Владата на Република Македонија на својата последна седница предложи закон за престанување на важењето на Законот за обезбедување средства за финансирање на програмата за изградба на железничка пруга, кој е донесен во 1994 година кога на големо се најавуваше изградбата на Коридорот 8. Но, за жал, само две години имаше градежни активности, а во 2004 година тогашната влада и официјално ги прекина сите градежни работи на оваа железничка пруга, рече Јанакиески.

Притоа, како што истакна, небиле преземени никакви активности во однос на конзервација на веќе изградените или започнатите објекти, ниту пак биле преземени мерки за раскинување на договорите со градежните компании.

- Веќе имаме раскинато договори со три компании по вонсудски пат, а со овој закон ќе се раскинат и останатите два договори, рече министерот и додаде дека поради тоа што претходно не се раскинале договорите направени се штети од околу 20 милиони евра.

Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како што рече Јанакиески од Европската инвестициска банка имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, за кој се потребни 145 милиони евра за градежни работи.

- Според планираната динамика градбата би започнала најдоцна во 2015 година, а би завршила во 2020 година, истакна тој.

Во однос на делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој, како што посочи Јанакиески, е најтежок и најскап, Министерството за транспорт и врски поднело барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милини евра за изработка на основните проекти.

- Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, посочи Јанакиески и додаде дека изградбата на оваа делница се планира да започне во 2017 година, а да заврши во рок од пет години.

Зборувајќи за западниот дел од Пан европскиот коридор 8, односно делницата Кичево-Лин, министерот рече дека во текот на 2009, 2010 и 2011 со средства од буџетот се изработи Физибилити студија од Градежниот факултет, а во март 2011 година добиени се позитивни завршни извештаи.

- Во декември преку оперативната програма се побарани пет милиони евра за изработка на главен проект, кој треба да се изработува минимум две години, а потоа би започнувала и реализацијата на овој дел од железничката пруга, нагласи Јанакиески.

Според него, ова е правиот пат за изградба на железничкиот Коридор 8. – Во 1994 година е направена огромна грешка, при што се потрошени милионски суми и затоа сега немаме функционална железница. Со законот кој е доставен во Собранието на Република Македонија ќе се надминат проблемите и потоа ќе можеме да склучуваме договори со Европската инвестициска банка, додаде Јанакиески.

Тој најави дека пругата кон Бугарија би требало да биде завршена во 2020 година.

извор: http://evesti.mk/2012/07/08/izgradbata-na-zeleznickiot-koridor-8-zapocnuva-na-prolet/

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 08-Jul-2012 at 15:03
Значи не ми е јасно која е целта да се започне прво со реконструкција на постоечката пруга Куманово-Бељаковце, кога истата не води до никаде и без да се изгради конекцијата до Бугарија, практично нема да се употребува (со исклучок можеби на еден локален воз дневно на таа релација). Второ не ми е јасно зошто толку долги рокови за реализација, т.е. роковите од 3-4 години се сосема нормални за изградба на пруги со висока брзина и двојни колосеци. Она што најмногу загрижува и разочарува е фактот што главните дејности на пругата кон Бугарија повторно (за пореден, стоти пат) се одлагаат за 5 години, со што тежеста и одговорноста се префрлува на некој следен министер/влада, која повторно може да го направи истото и така во недоглед (како што практично сме сведоци последниве 20 години). Па зарем мора да се чека уште 3 години за започнување на изградбата на делот кон Кр. Паланка, при постоечки проект и завршен голем дел од работата?!? Потоа зарем 5 години ќе им треба да се заврши еден проект од 15 км. од Кр. Паланка до Ѓуешево? Плус не ми се верува дека тие 300 и кусур милиони евра ќе ги сносиме само ние, туку и Бугарија, затоа што треба да се гради заеднички меѓуграничен тунел!

Да ги сумирам најавите на министерот:

*Куманово-Бељаковце: 2013-2017 година (46,6 милиони евра)
*Бељаковце-Кр.Паланка: 2015-2020 година (145 милиони евра)
*Кр.Паланка-Ѓуешево(БГ): 2017-2022 година (332 милиони евра)
ВКУПНО: 10 години, 523 милиони евра или просечно по смешните 52 милиона евра!

За крај пак сакам да го нагласам следниот мој впечаток. Се работи за симулирање на дејност и посветеност во изградбата на базичната инфраструктура. Да беа сериозни, роковите ќе беа дупло скратени, при што конечното пуштање на пругата комотно би можело да биде 2017-2018 година. Мора да се нагласи дека точно конекцијата кон Бугарија ја прави оваа пруга толку важна, додека ефектите од поврзувањето на градче како Кр.Паланка со железницата на земјата се тотално минимални! Затоа треба да се започне работа прво од најтешката делница, бидејќи ако имаме железница до кр.Паланка истата нема да служи скоро никому во следните неколку години, се до изградбата на конекцијата кон БДЖ.

И уште едно прашање: јасни ли се техничките параметри на постоечкиот проект (до Кр.Паланка), каков е проектот за рехабилитација на постоечката пруга до Бељаковце и какви ќе бидат критериумите за изработка на проектот од Кр.Паланка до Ѓуешево? Ако не се вградени брзини од 120 км/час (исклучок може да биде Кр.Паланка-Ѓуешево, заради тешкиот терен и кратката делница може брзината комотно да падне на 80 км/час) и ако пругата не е електрифицирана, поарно да не го прават проектов 10 години! Нека го баталат за подобри времиња, како и се останато а важно во оваа држава!
Затоа мислам дека треба актуелизација и модернизација на сите проекти, за да не бидеме приморани да ја реконструираме пругата чекана 100 години, по само 5 години експлоатација.
Во секој случај текстов отвора повеќе прашања, отколку што дава одговори и јасно ја покажува изгубеноста, незнаењето и немањето јасна стратешка визија на нашите власти!


Edited by Andrej_LJ - 08-Jul-2012 at 15:07
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 08-Jul-2012 at 15:30
многу добро се сеќавам на деведестите кога се започнуваше градбата на пругата кон Бугарија.По тогашните процени Куманово -граница со бугарија требаше да кошта 130 милиони марки,а турците понудија за 300 милиони марки да ги изградат целиот железнички коридор од бугарска до албанска граница и да го електрифицираат,за многу пократок период него самите да го изградевме само кракот кон Бугарија.Плус нудеја да биде вклучена целата градежна механизација во РМ.

Политичките придобивки од вклучувањето на турците во деведесетите во РМ од сегашен аспект ќе беше огромен.

се потрошија тие 130 милони и ништо не се направи.

единствено се направи штета со неконзервирањето(по кажување на тогашен професор на градежен факултет) а и по негово кажување трасата без да се провери се вкрстува на 8(осум) мсета со гасоводот на ГАМА
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 08-Jul-2012 at 17:25
Originally posted by Andrej_LJ

Значи не ми е јасно која е целта да се започне прво со реконструкција на постоечката пруга Куманово-Бељаковце, кога истата не води до никаде
Навистина е чудно.

Претпоставувам главна придобивка би било тоа што во рамки на проектот Куманово ќе добие железничка станица во самиот град. Сегашната станица е прилично надвор од градот, кај Черкеско село:
42° 7'46.60"N  21°41'5.56"E

Со тоа ваљда кракот кон Бељаковце и тие неколку попатни населени места исто така стануваат поинтересни за патнички сообраќај... чисто моја претпоставка. Мада сепак има дефицит на логика кога ќе се погледне големата слика.


Originally posted by Andrej_LJ

И уште едно прашање: јасни ли се техничките параметри на постоечкиот проект (до Кр.Паланка), каков е проектот за рехабилитација на постоечката пруга до Бељаковце и какви ќе бидат критериумите за изработка на проектот од Кр.Паланка до Ѓуешево? Ако не се вградени брзини од 120 км/час (исклучок може да биде Кр.Паланка-Ѓуешево, заради тешкиот терен и кратката делница може брзината комотно да падне на 80 км/час) и ако пругата не е електрифицирана, поарно да не го прават проектов 10 години! Нека го баталат за подобри времиња, како и се останато а важно во оваа држава!
Колку што знам работата се сведе на 100 km/h на сите три делници. Пругата се разбира ќе биде електрифицирана.

Навистина би било пожелно брзината барем на двете релативно полесни делници да биде малку повисока, но не е крај на свет ни вака. Се работи за едноколосечна пруга и пруга која примарно е потребна за товарен сообраќај. Така да брзината е сепак во рамки на прифатливото. Никако не можам да се согласам со тебе дека е подобро да се одложи изградбата на пругава (како да не е веќе премногу одложена) заради 20 km/h или преку сила 40 km/h поголема брзина. Токму спротивно, мислам дека убедливо најважна работа е проектот да се реализира што побргу.





Патем, министерот за транспорт изгледа има проблем со основни математички операции:

Тој најави дека пругата кон Бугарија би требало да биде завршена во 2020 година
Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, посочи Јанакиески и додаде дека изградбата на оваа делница се планира да започне во 2017 година, а да заврши во рок од пет години.

Како и да е овие рокови се вистинска КАТАСТРОФА!
И не само тоа, туку секоја година роковите наново се поместуваат. Истото се случува и со кракот кон Охрид и Албанија. А ако се побараат ветувањата на истиов министер од првите години од неговиот мандат, ќе се види дека токму оваа 2012 требаше да биде завршена пругата кон Бугарија. Еве стигна 2012 ама сега испадна дека требало да чекаме до 2022, уште цели 10 години! И тоа под услов овој пат да се сериозни, а исто така под услов сите активности да се одвиваат совршено, што ретко е случај со вакви проекти.

Ваквиот однос кон проектов е апсолутно неприфатлив!

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 08-Jul-2012 at 19:34
Ова е малце надвор од темата, ама е ипак поврзано со темата. Во недела како ден, кога реално нема многу информации, најчесто се пуштаат или бомбастични најави, или некој минисер, како во случајов, си прави обичен брифинг на кој кажува нешто што сите го знаеме. Но зошто се прави ова? Се прави од причина во ден кога нема значајни вести, соодветен министер да се пофали со својата работа и да одржи некаков ентузијазам меѓу граѓаните. Особено денес се пушта оваа вест затоа што некако се сака сега да се покаже дека ипак се грижат за инфраструктурата. Ова со роковите проаѓа кај народот, особено што добро е испинувано, а и самиот народ вика, па добро, планини се, тежок терен, не е лош овој рок, битно пак ќе се гради.
Ако некој ја оспорува оваа теза, нека најде начин да биде дел од администрацијата неколку месеци и ќе се увери во ова. Така да ова е само еден пуштен балон, колку да се замара рајата.
Не дека нема некад да се изгради пругата, ама штом вака пред 10 новинари ја најавува истата, се гледа несериозноста во намерата.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 08-Jul-2012 at 19:44
@Clover
Добро, се согласувам дека брзина од 100км/час не е болка за умирање, но следниов факт ме буни. Максималната брзината на пругата важи за патничките возови од највисок ранк (IC и меѓународни патнички), а брзината за товарните возови секогаш е пониска барем за 20-40 километри (всушност зошто е тоа така, дали заради самата должина и тежина на возовите?). Затоа сметам дека брзина од 60-80 км/час за товарниот превоз е прениска (доколку мојата претпоставка е точна). Навистина ништо не ги чини барем на некои рамнински и исправени отсеци брзината да ја подигнат до 120-140 километри на час. Се разбира не треба да се заборава дека реалната цена за изведба на теренот може многу да се разликува од индикативната, така што сум оптимист дека би можеле да се заштедат некои 100 милиона евра, кои би се пренамениле за модернизација и електрификација на Скопје-Гостивар на пример.


Edited by Andrej_LJ - 08-Jul-2012 at 19:45
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 08-Jul-2012 at 21:37
Брзината на товарните возови е одредена освен со пругата која треба да биде за дадената брзина, брзината за која се направени товарните вагони (ги има за 80-100-120 км/ч) и се разбира доволно моќна локомотива која ќе може сето тоа да го влече.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 08-Jul-2012 at 22:09
Се фалиме со реконструкција на пругата кон Бељаковце како да сме се качиле на Марс. Во бивша Југославија оваа пруга си функционираше, имало возови на релација Куманово-Бељаковце, а на почетокот на 90-тите години успеавме да го уништиме овој крак со изградбата на пругата кон Бугарија. Вложувањето во санацијата не е ништо спектакуларно, особено уште ако од сега не се направи координација со МЖ-Транспорт за да сообраќаат возови до Бељаковце. Делот од Куманово до Бељаковце ќе биде нерентабилен, но надеж има за кумановската станица.

Инвестициските бројки и роковите за изградба нема да ги коментирам. На секоја нова прес-конференција се излегува со различни суми, па оттука истите не ги сфаќам за сериозни.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 08-Jul-2012 at 23:36
Сега го анализирав теренот и остатоците од изградбата на линијата од Бељаковци од Кр. Паланка на ГЕ. Имам неколку прашања, силно се надевам некој да ги има и одговорите.

Ако трасата може да се подели на 3 логични делови:

-Бељаковци - Ранковце под, односно јужно од  патот Е871. Ридски терен и нема никакви видливи остатоци од некаква траса (ниту постоечка ниту недовршена), иако признавам дека има шанси просто да не се видливи на екран. Значи некакви активности изведувани ли се на тој сегмент и ако да, какви?

Ранковце - Гиновци - Псача каде пругата го преминува патот Е871 и оди паралелно, но северно од него. Тука трасата навлегува во тешки планини, а точно на овој дел се изградени околу 10 виадукта, бројни засеци и тунели. Трасата е јасно видлива така во рамницата, како и во планините.

Псача - Кр.Паланка - Ѓуешево. После Псача пругата како да е пресечена со нож. Повторно истите прашања, дали се има градено било што на тој отсек?

Излегува дека во 1994 се зафатиле со изградба најпрво на најтешкиот сегмент, со бројни виадукти и тунели, односно сложни технички решенија (баш централната 1/3 од трасата кон границата), додека останатите 2/3 на исток кон Ѓуешево и запад кон Бељаковци како да не се пипнати.

Слики најдени од нет и скринови од ГЕ:

















WOW всушност колку многу е направено кога ќе види човек. Па ние денеска можеме да сонуваме за ваков размер и темпо на изградба. Во тој контекст, до која година активно се градела линијата (мислам од 94 до 96-97 или?).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1349
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 08-Jul-2012 at 23:45
Когато човек ги гледа тези снимки се пита по коя логика всичко е захвърлено и изоставено.?
Наистина нямам думи....
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 09-Jul-2012 at 02:04
Originally posted by BOJAN

Се фалиме со реконструкција на пругата кон Бељаковце како да сме се качиле на Марс. Во бивша Југославија оваа пруга си функционираше, имало возови на релација Куманово-Бељаковце, а на почетокот на 90-тите години успеавме да го уништиме овој крак со изградбата на пругата кон Бугарија. Вложувањето во санацијата не е ништо спектакуларно, особено уште ако од сега не се направи координација со МЖ-Транспорт за да сообраќаат возови до Бељаковце. Делот од Куманово до Бељаковце ќе биде нерентабилен, но надеж има за кумановската станица.

Инвестициските бројки и роковите за изградба нема да ги коментирам. На секоја нова прес-конференција се излегува со различни суми, па оттука истите не ги сфаќам за сериозни.




Е ова богами е за секоја критика, министерот појма нема од математика и кога ќе се изгради целосно пругата дали 2020 или 2022 (во меѓувреме на прес конференцијата кажува нелогични работи дека делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе почне од 2015 и ќе заврши до 2020, а замислете делницата од Крива Паланка до Деве Баир ќе започнела да се гради од 2017...Bash )

Кога ќе ми текне дека 20 години отидоа за ништо а и сега најверојатно ќе се изначекаме додека конечно се изгради пругата ми се повраќа од оваа државаPuke



Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 09-Jul-2012 at 03:03
Originally posted by gjoko

таму каде има топилница во близина на рудникот нема потреба од железница.добро би било ама нема толкава потреба.готовиот производ е процентуално многу помал него ли рудата која се ваѓа(неколку проценти)
Ај од кај знаеш дека инвеститорот нема подруги планови. Можда да имаат план да увезуваат руда и од други места и да ја преработуваат топилницата да има поголем капацитет а со тоа се продолжува и економската исплатливост на топилницата. А исто во зависност од светските цени на меаталите можи да се деси период порано да носи руда од друго место него да се копа во рудникот. (раширувајне на ризикот и опции продолжен рок на вракајне на инвистиција).
Во мое мислејне железничкиот коридор 8 треба да биде приоритет и пред авотпатот Тет - Охрид.
Овие најви за поврзувајне со Бугарија се супер ама роковите се за никаде. До 2020 би требало да се направи цел Коридор 8 за да се задоволи потребата од алтернатива за пристаништа и поевтин побрз превоз на стока и патници.
 
Ево неколку линкови од студите за коридорот 8 кој има време нека чита детали.
 


Edited by Goran - 09-Jul-2012 at 06:17
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 09-Jul-2012 at 09:29
Јас ќе се повторам од претходно, да градиме пруга со технологија од пред барем 50-60 години е чиста лудост. Железничка инфраструктура кон Бугарија со брзина на возовите од 80 до 120 километри на час не е сериозна работа. Во брзо време ќе се реконструира и надгради патот кон Деве Баир и што ќе правиме тогаш. Повторно возовите ќе бидат поспори во превозот на патници и стока од патниот превоз, а ние всушност ќе имаме нова пруга! Не е логично. И баш ме интересира дали некој друг на ниво на Европа аплицирал за изградба на паневропски коридор со ваква проектна документација.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 09-Jul-2012 at 11:56


Но сепак се работи за едноколосечна пруга и мене ме интересира со колкава максимална брзина реално може да оперираат возовите на таква пруга, при едно солидно ниво на сообраќај?




Originally posted by Andrej_LJ

-Бељаковци - Ранковце под, односно јужно од  патот Е871. Ридски терен и нема никакви видливи остатоци од некаква траса (ниту постоечка ниту недовршена), иако признавам дека има шанси просто да не се видливи на екран. Значи некакви активности изведувани ли се на тој сегмент и ако да, какви?
Ти промакнало, има доста изградено на тој сегмент, а трасата во најголем дел е јасно видлива, заедно со еден куп тунели и премостувања. Еве неколку точки за орјентација:

42° 6'19.82"N  21°57'51.38"E
42° 5'51.30"N  21°59'52.40"E
42° 5'10.96"N  22° 1'38.76"E
42° 5'15.88"N  22° 2'22.42"E
42° 5'52.66"N  22° 3'30.34"E
42° 7'27.28"N  22° 6'26.24"E


Originally posted by Andrej_LJ

Псача - Кр.Паланка - Ѓуешево. После Псача пругата како да е пресечена со нож. Повторно истите прашања, дали се има градено било што на тој отсек?

Излегува дека во 1994 се зафатиле со изградба најпрво на најтешкиот сегмент, со бројни виадукти и тунели, односно сложни технички решенија (баш централната 1/3 од трасата кон границата), додека останатите 2/3 на исток кон Ѓуешево и запад кон Бељаковци како да не се пипнати.
Всушност се зафатиле со 2/3 од трасата, но сепак токму сегментот од Крива Паланка до границата е најтежок (не дека другите се лесни, за што сведочи бројот на тунели, вијадукти и мостови), а тој практично не е чепнат. Додуша не знам и не можам да тврдам дека на овој последен сегмент не е ништо изградено, но и да е така тоа е сигурно минорно. И од досегашните информации и од снимките на гугл земја, по се изгледа дека пробивањето на пругата е стигнато на околу 4 километри од Крива Паланка:
42°10'55.99"N  22°15'8.81"E


Edited by Cloverstack - 09-Jul-2012 at 12:46
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 09-Jul-2012 at 12:33
Кловер, ептен ти благодарам за информацијава. не да ми промакнало, него јас ништо не сум видел! Запрепастен сум колку многу било изградено во тие години (и пак не разбравме до која година точно се градела активно линијава), целата траса од Бељаковце до Тлминци е трасирана, при што по целата должина има огормен број на започнати тунели, мостови и засеци. Да го оставиш ова вака да трули 20 години си е чист криминал! Толку многу е вложено и направено, а станало и останува гробница на железничкиот транспорт и целата наша економија.

Уште прашања ми се породуваат колку повеќе ја гледам делницава.
Зошто се лицитира со точна сума за најтешката и најскапата делница од Кр. Паланка кон Ѓуешево кога за тој отсек има само постои идеен, но не и пресудниот технички проект.

 Од каде се добива таа колосална сума, кога гледам дека трасата не оди директно до границата, туку пред Деве Баир прави еден U-turn по Жидилово, непосредно пред да навлезе во меѓуграничниот тунел.

Дали и во колкава мера е пробиен меѓуграничниот тунел?
Сега ќе ги постирам и основните параметри кои ги ископав од студиите!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 09-Jul-2012 at 13:22
Сите податоци се земени од документот ЕКОНОМСКА И ФИНАНСИСКА ЕВАЛУАЦИЈА - КОНЕЧНА, физибилити студија за коридорот 8 - Источна делница.
Ги издвојувам најважните факти, затоа што се работи за многу обемна документација.

1) Започнувам со карта на Коридорот 8 и какво поврзување ни овозможува истиот:
*Крак кон Бугарија
   *Крак кон Варна
      -подкрак кон Мездра (понатаму Видин, преку Дунав мост 2 до Крајова и Тимшоара)
      -подккрак кон Велико Трново (понатаму Русе, преку Дунав мост 2 до Букурешт, Украина и Русија.
      -подкрак кон Варна (пристаниште Варна, преку Добрич до пристаниште Констанца)

   *Крак кон Пловдив
      -подкрак кон Бургас и неговото пристаниште
      -подкрак кон Свиленград (понатаму до Истанбул, блискиот и Далечен исток и Азија)

*Крак кон Албанија
      -подкрак кон Драч и неговоро пристаниште (понатаму кон Италија)
      -подкрак кон Скадар (и понатаму Црна Гора)




2) Траса на Источната делница на железничката пруга кон Бугарија:



2А) Тунел под Деве Баир:



Според претходната слика направив една зголемена верзија на тунелот кој треба да ги поврзе двете земји, чија што должина е над 3 километри (влез во Ѓуешево на околу 950 мнв и излез во Македонија крај селото Узем исто така на отприлика 950 мнв), при што неговата должина се распределува прилично еднакво на териториите на двете земји. Трасата помеѓу Узем и Жидилово ги следи изохипсите на планината.

3) Фази во изградбата:





4) Проценка на просечниот број на превезени патници дневно по делници, според песимистично, веројатно и оптимистичко сценарио до 2040 година.





5) Вкупни инвестиции на трасата, распределени по трите делници:



6) Инвестиции според градежните ставки:



7) Инвестициите расчленети по години (како проценти и потоа како апсолутни вредности):





Cheers


Edited by Andrej_LJ - 09-Jul-2012 at 13:24
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 09-Jul-2012 at 17:57
проблемот со пругата Куманово-Бугарска граница не е колку проценти се изградило,туку што се потрошија сите предвидени 130 милиони марки за целосна изградба на трасата,и дополнителни 50 милиони марки,а проектот се напушти и тоа со официјален став на влада.

да се потсетиме дека тие пари изнесуваат околу 15% од тогашниот буџет на РМ или преведено во сегашни бројки изнесува 400 милиони евра.

да се каже дека се потрошени толку пари и дека е нешто направено за мене   нема ни смисла ни резон
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.