build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 11-Jul-2012 at 01:35
Што е многу многу е до 2020 година, можеби таа година би била прифатлива ако е изграден цел коридор, ама според мене би направиле голема грешка ако во западниот дел од овој коридор не пуштат крак до Охрид (според мапите што ги видов не е предвидена пруга) сепак се работи за најголемото туристичко место во Македонија и би било срамота да не е железнички поврзан...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 11-Jul-2012 at 09:19
Originally posted by mr bombastic

Што е многу многу е до 2020 година, можеби таа година би била прифатлива ако е изграден цел коридор, ама според мене би направиле голема грешка ако во западниот дел од овој коридор не пуштат крак до Охрид (според мапите што ги видов не е предвидена пруга) сепак се работи за најголемото туристичко место во Македонија и би било срамота да не е железнички поврзан...


Ја погоди темата што ќе ја имаме на порталот. Инаку нема потреба од многу мудрувања, доволно е секој форумаш да се наврати на почетокот од нишкава и да согледа колку пати најавувањата не се оствариле. Постојано живееме во најави, а кога ќе почне изградбата на пругата кон Бугарија веројатно тоа ќе го прославиме со поставување на ново спомен обележје или огномет како да сме испратиле екипаж во вселената.

Ах, приоритети, приоритети!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 11-Jul-2012 at 11:11
Токму и тоа е причината зошто инвестициите на државата во патната инфраструктура не смеат никогаш да запрат! Апсолутно никогаш, дури и во случај се да е изградено мора континуирано да се одржува.
Давање на рок од една декада е многу сериозна работа, не делува воопшто привлечно дури и да е тој рок неопходен и реален.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 20-Jul-2012 at 12:35

Ставрески: Пругата кон Бугарија станува реалност

Република Македонија ја затвори финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 кон Бугарија.

Средствата во износ од 46,4 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, по исклучително поволни услови.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференција денеска на која истакна дека проектот предвидува рехабилитација на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар.  

- Реконструкцијата на оваа делница, а и целокупната изградба на пругата на Коридорот 8 станува реалност по 15 години тапкање во место Република Македонија конечно ќе може да почне со реализација на овој значаен проект, рече министерот и додаде дека пругата кон Бугарија е еден од клучните проекти за македонската економија и стопанство. 

Средствата се обезбедени со рок на отплата од 15 години со грејс период од четири години и каматна стапка што во моментов изнесува 1,7 отсто.

Градбата на делницата се очекува да почне во првиот квартал од 2013 година, а работите на терен да завршат за три до четири години. Тендерот за изградба треба да се објави во септември годинава, откако договорот за заемот со ЕБОР ќе помине во Собранието на Република Македонија.

Министерот потенцира дека е обезбеден и грант од ЕБОР од 2,5 милиони евра средства со кои треба да заврши целокупната проектна документација и да може да се аплицира и за втората фаза од проектот кој опфаќа изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, а потоа и трета фаза кој се однесува на делот од Крива Паланка до границата со Бугарија.

Очекувањата, како што рече министерот, се дека до крајот на 2013 година ќе биде завршена проектната документација за делот од Бељаковце до Крива Паланка и да може на Борд на ЕБОР да бидат одобрени средства и за реализација на втората фаза. - Етапно ќе одиме, но фактот дека со обезбедените средства од 46,4 милиони евра и грантот покажува дека ЕБОР целосно застана зад овој проект и Република Македонија ќе го реализира целиот проект, истакна Ставрески.

Тој најави дека во исто време ќе се работи на проектната документација за западниот дел од Коридорот 8, односно делот од Кичево до албанска граница, за што, исто така, се користат грант средства од ЕБОР за подготовка на физибилити студија и потоа проектната документација, по што ќе може да се пристапи кон преговори за кредит од ЕБОР.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот истакна дека за Македонија како земја без море значајна е пругата кон Бугарија и кон Албанија за пристап до пристаништата во Бургас и Драч.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 04-Aug-2012 at 23:38
ЕБОР бара консултанти за „МЖ - Инфраструктура“ – за жал, само од Италија

Сподели со твоите пријатели!
Проектот за енергетска ефикасност во управување со ресурсите е финансиран од италијански фонд и затоа се примаат понуди само од италијански консултантски фирми. Буџетот кој стои на располагање изнесува 175 илјади евра.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави тендер за консултантски услуги во име на „Македонски железници – Инфраструктура“, а кој се однесува на извршување на подготвителни активности за воспоставување и имплементација на Информатички систем за управување со енергетските ресурси (EMIS).

Овој систем ќе биде стратешка алатка која ќе го поддржува организациското реструктуирање на „МЖ – Инфраструктура“ и нејзините севкупни напори за подобрување на перформансите во употребата на ресурси и еколошкиот менаџмент.

Задачата на консултантите е да и помогнат на „МЖ – Инфраструктура“ да го имплементира ова во активностите на компанијата и да спроведе асистенција при неопходното градење на капацитетите за да се обезбеди успешна имплементација.

Консултантот ќе треба да го дефинира опфатот на EMIS преку пристап по принципот „чекор по чекор“, да подготви временски распоред со рокови за воведување на EMIS, како и да ги утврди потребите во однос на човековите ресурси и институционалните капацитети, да подготви тендерска документација за набавка на EMIS и да ги прегледа договорите во однос на снабдувањето со електрична енергија, да даде препораки за идните договорни стратегии, како и да ја поддржува компанијата во текот на имплементацијата.

Работата на консултантите би требало да започне во септември годинава и да трае 19 недели. Буџетот кој стои на располагање за овој договор е 175 илјади евра без ДДВ. Тој ќе биде финансиран од италијанскиот Фонд за централно-европската иницијатива и со оглед на тоа, конкурсот ќе биде ограничен само на консултантски фирми регистрирани во Италија.

Овој проект е во рамките на поголем проект, вреден 50,5 милиони евра, кој вклучува доделување на кредит за рехабилитација на железничката линија од Куманово до Бељаковце, во износ од 46,4 милиони евра, за што ЕБОР се уште нема донесено конечно решение.

ЕБОР претходно одлучи и да додели кредит од 50 милиони евра на „МЖ-Транспорт“ за купување на патнички возови, товарни вагони и обнова на локомотиви.

В.П.
http://www.libertas.mk/vest/32391/EBOR-bara-konsultanti-za-MZh---Infrastruktura--za-zhal-samo-od-Italija
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 05-Aug-2012 at 11:44
Штом го слушнам зборот „консултанти“ веднаш коса на глава ми се крева! Би сакал да знам колку финансиски средства се потрошени на овој вид услуги, барем во последнава деценија конкретно во секторот железница.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 08-Aug-2012 at 16:51
Распишан повик за консултант за делницата Куманово- Белјаковце од пругата до Бугарија - 8.8.2012

 

Европската банка за обнова и развој  (ЕБОР) објави повик за изразување интерес за обезбедување консултантски услуги за изградба на делницата Белјаковце – Крива Паланка, дел од железничкиот Коридор 8.

Тоа е втората секција на пругата што треба да ја поврзе Македонија со Бугарија. За првиот дел од Куманово до Белјаковце веќе се изготвуваат проекти, а со изборот на консултантот почнуваат постапките и за втората секција. Двете секции се во должина приближно 65 километри.

Портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски денеска на прес-конференција појасни дека со распишаниот повик од ЕБОР се очекува да биде обезбеден искусен меѓународен консултант за поддршка на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во подготовката на детално проектирање и тендерска документација за проектот.

Консултантот треба да обезбеди проектирање за дванаесет нови мостови и четири нови тунели, изградбата на 33 километри од главната пруга и 7,5 километри станична пруга. Ќе треба да го провери статусот и да подготви ажуриран дизајн за дополнителни 25 мостови и 10 постојни, односно делумно изградени тунели.

На потегот од железничкиот коридор 8 за којшто се избира консултант има изведени градежни работи и застарена инфаструктура. За стопираниот проект договорите што биле склучени порано се раскинати. Тоа, појасни Симоновски, е еден од критериумите односно барањата на  финансиски институции  за поддршка на овој проект и сега се изготвуваат студии кои се неопходни за почнување на градежните работи. Студиите ќе покажат каква ќе биде трасата, односно каде ќе поминува самата пруга, како ќе се реконструираат мостовите и каде ќе се градат нови мостови и тунели, укажа портпаролот на Министерството за транспорт и врски.

Јавниот повик за избор на консултантот е отворен до 7 следниот месец, а активностите би почнале во февруари следната година и треба да траат две години. Според првично утврдената динамика, изградбата на делницата треба да започне во 2015 година и да заврши во рок од 5 години.  За ангажирање консултанти за изработка на основните проекти и тендерската документација за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка се предвидени 2,7 милиони евра, дел од грантот што го обезбеди македонската Влада преку финансискиот инструмент Western Balkan Investment Framework.

Првичните проценки на институциите се дека изградбата на секцијата Белјаковце - Крива Паланка би чинела 145 милиони евра. За тој проект ЕБОР предвидува  50,5 милиони евра, а се очекува да биде кофинансиран и од Европската инвестициска банка.

- Оваа инвестицијa претставува чекор напред во изградбата на современа железничка мрежа на територијата на Македонија, особено долж меѓународниот Коридор 8 кој долги години останал неизграден. Со самата реализација на проектот ќе се овозможат повеќекратни бенефиции, кои пред се се однесуваат на економскиот развој, нови инвестиции ивработувања и попрофитабилно работење во делот на железницата, рече портпаролот на Министерството за транспорт и врски.


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3889




Значи според ова делницата од Белјаковце до Крива Паланка треба да биде завршена до 2020 година, а после допрва треба да се гради најтешката 3 делница до Деве Баир која сигурен сум дека ќе одземе баајги време така да едно минимум 10 години не гледаме пруга до Бугарија, а ако го земеме и западниот дел кон Албанија што којзнае кога ќе почне да се гради на овој коридор сигурно ќе му треба 15 години додека се изгради Bash Suicide
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 08-Aug-2012 at 19:42
Не знам зашто секое јавно претпријатие и министерство не искочи со посебна прес конференција како секое од нив ќе има бенефит од пругава. Наместо да се занимаваат со конкретни работи, овде ни се пере мозок веќе 5 пути у еден месец за иста прича, као ние да не знаевме дека треба прво да се најде консултант, или они секој месец ќе не потсетуваат затоа што реално на терен нема никакви инфраструктурни зафати. 
23ka.wordpress.com
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 12-Aug-2012 at 06:40
Штом пругата за Бугарија е почната да се гради тоа значи дека проект веќе има и нема потреба од додатни проекти и консултанти. Она што треба е обезбедување пари и работа на терен а не тупење за некакви нови консултанти кои патем ќе имаат цена колку за две пруги до Бугарија.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 21-Aug-2012 at 15:42

Македонија доби 46,4 милиони евра од ЕБОР



Скопје, 21 август 2012 (МИА) –  Македонија и официјално доби 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој со коишто од почетокот на следната година ќе почне изградба на делницата Куманово – Бељаковце од пругата  што треба да не поврзе со Бугарија.



Договорот за заемот го потпишаа денеска  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за онбова и развој (ЕБОР) Сју Барет.

Условите под кои  ЕБОР и го доделува заемот на Македонија, истакна Ставрески,  се исклучително поволни,  со рок на отплата од 15 години и грејс период од четири години. Каматната стапка за заемот е шестмесечен ЕУРЛИБОР плус еден отсто и моментно изнесува 1,7 проценти.

Проектот предвидува рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, со должина од 30,8 километри. Градбата ќе почне во првиот квартал на 2013 година и ќе заврши во 2017 година, а работите ќе ги координираат Министерството за транспорт и врски и ЈП Македонски железници Инфраструктура.

Според вицепремиерот Ставрески, железничката пруга кон Бугарија конечно ќе стане реалност, а бенифитите ќе бидат зголемена конкурентност на Македонија, пониски трошоци за транспорт и алтернативна транспортна рута за стопанството.

- По 20 години ветувања и почнати и нереализирани проекти, односно почнат проект  што не беше реализиран до крај и претставуваше само загуба на средства, конечно оваа Влада обезбеди финансии за реализиција на еден од најзначајните  транспортни коридори за железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а во продолжение и  делот од Бељаковце до Крива Паланка и  од Крива Паланка до границата со Република Бугарија. Тоа ќе овозможи да се подобри конкурентноста на  Македонија, да се обезбеди транспорт на стоки  и луѓе со пониски трошоци, како и  уште една алтернативна транспортна рута за македонските производители  и компании, рече Ставрески по потпишувањето на договорот. 

Тој оцени дека фактот што проектот се реализира во соработка со ЕБОР како значаен и познат меѓународен партнер дава кредибилитет оти овој пат за разлика од   90-тите години кога беше неуспешен, ќе биде целосно завршен и Македонија ќе добие уште еден транспортен коридор, нагласи Ставрески, потсетувајќи  дека со помош на ЕБОР во Македонија се реализираат повеќе транспортни проекти, како што е подорбувањето на регионалната и локалната  мрежа, завршувањето на автопатот на Коридорот 10, енергетското поврзување на Македонија со Бугарија...

Директорот за транспорт во ЕБОР Барет истакна дека ставењето во функција на железничкиот коридор е стратешки за Македонија и ќе и овозможи  пристап и пократка рута до пристаништата на Црното Море, како и забрзување на регионалните поврзувања. Завршувањето на овој коридор ќе отвори нова трговска рута и ќе ја подобри регионалната  интеграција во полза на растот  на Македонија и нејзините соседи. Со тоа се очекува да се стимулира и регионалната економија, бидејќи протокот на транспортот ќе биде полесен, истакна Барет.

Проектот е  поддржан и со грант во износ од четири милиони евра, обезбедени преку програмата на ЕУ за инвестиции на Западен Балкан. Тие  пари се наменети за изработка на проектната документација, подготовка на тендерот и помош при имплементација. Со проектот ќе се  воведе и енергетски менаџмент систем,  што ќе биде поддржано со грант од 175.000 евра, обезбеден од Централната европска иницијатива.

Министерот за транспорт Миле Јанкиески информира дека целата документација е веќе подготвена и се очекува тендерот за избор на градежна компанија за делницата Куманово – Бељаковце да биде распишан кон средината на следниот месец.

- Исто така, Владата продолжува со ангажман околу  обезбедување пари и потребна техничка документација  за останатите делови од пругата.  Веќе се обезбедени финансии кои ќе бидат искористени за  надзор на  работите на делницата Куманово – Бељаковце, а  е објавен и тендер за избор на консултант  што ќе ги изработи проектите за  делницата Бељаковце до Крива Паланка. Се очекува тие активности да завршат  до 2015 година и да почнат градежните работи,  рече Јанакиески.

Досега ЕБОР има инвестирано над милијарда евра во преку 80 проекти во Македонија.



http://www.idividi.com.mk/vesti/biznis/792259/index.html

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 22-Aug-2012 at 13:29
Една иста вест ја проџвакуваме по стотина пати во најразлични верзии, за овие средства летово се зборуваше барем три пати и повторно се прават прес-конференции. Мене лично не ми се допаѓа. Има огромен број проекти за железницата, но ниту еден пообемен да започне со реализација на терен.
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 22-Aug-2012 at 15:32
Originally posted by mr bombastic


Проектот предвидува рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, со должина од 30,8 километри. Градбата ќе почне во првиот квартал на 2013 година и ќе заврши во 2017 година...... а  е објавен и тендер за избор на консултант  што ќе ги изработи проектите за  делницата Бељаковце до Крива Паланка. Се очекува тие активности да завршат  до 2015 година и да почнат градежните работи,  рече Јанакиески.



Ако почнат со Бељаковце - Крива Паланка во 2015-16... да очекуваме да се заврши работата наj рано 2020 , така ?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 22-Aug-2012 at 16:26
ако проектот е финансиран од ЕБОР,роковите ќе бидат запазени,ама по нивни терк.а ако им го дадат само парите на нашите,тогаш проектот ќе се реализира кога нашите ќе мислат дека треба.ова го кажувам од искуство од Кичево ,каде се реализира проект финансиран од Светска банка,па знам низ што све помина нашара администрација додека се одобрија парите
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 22-Aug-2012 at 16:54

Испаѓа нешто вака.... иако не ја знам точната рута на Бељаковце - КП - Граница...

Црвено.... делот за кој е сега земен кредит...

Сино... тоа што останува....

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 22-Aug-2012 at 17:30
Ne mora ic da mislis, na prethodnata stranica gi ima site povazni zaklucoci od izrabotenata studija, megju koi i idejnata trasa do granicata.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 22-Aug-2012 at 18:26
Нема ништо да биде
до 2020 ќе се сменат 20 власти
така да незнам што се замарате
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 17-Sep-2012 at 13:29

През октомври завършват работния проект на жп линията Куманово – Беляковци в Македония

Изпълнители са консорциум от ILF, Австрия, ADT, Гърция, и "Евротранспроект", България

Завършиха геодозическите проучвания, част от проект за техническа помощ на жп трасето Куманово – Беляковци с дължина близо 32 км. До края на октомври ще бъде завършен работният проект. Изпълнители са консорциум от ILF - Австрия, ADT - Гърция, и "Евротранспроект" - България. Подизпълнител е "Балкан кънсалтинг" - Македония.

Проектът e с наименование "Македонски железници, коридор VІІІ , източен участък, работен проект и техническа помощ за жп участъка Куманово – Беляковци". Обектът включва реконструкция на няколко гари: Куманово, Куманово–нова, гара Шупли камен и гара Беляковци.

Участъкът се намира на около 60 км (измерено от Беляковци) от българско-македонската граница при Деве баир.

Линията е единична, ще бъда електрифицирана. Тя е строена пред повече от 60 години и отдавна не е в експлоатация - липсват релси и траверси. На първите 20 км е имало релси, които с течение на времето са демонтирани и изнесени, разказват от "Евротранспроект". В последните 10 км няма нито релси, нито траверси. Предвижда се ново горно строене тип 60 за скорост 100 км в час.
Има няколко моста, които ще са рехабилитирани. Всички прелези ще бъдат заменени с надлези и подлези, за да няма конфликтни точки (в България прелезите се премахват при скорост на влаковете над 130 км в час ).

Договорът с македонските железници е подписан в края на март 2012 г. Срокът за изпълнение е 1 година и следва да бъда завършен през март 2013 г.

http://stroitelstvo.info/show.php?storyid=1907377

ИЗВАДОЦИ И АКЦЕНТИ ОД СТАТИЈАТА:

Проектот вклучува:

-реконструкција или изградба на 4 станици: Куманово, Куманово-нова, Шупли камен и Бељаковце.
-единечна и електрифицирана линија за 100 километри на час
-состојбата н а трасата била очајна, при што на последните 10 км нема ниту прагови, ниту шини
-ќе бидат реконструирани целосно неколку моста
-многу важно: линијата ќе биде безконфликтна, односно на сите премини ќе се изградат подпатници или надпатници!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1344
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 23-Sep-2012 at 14:57
Ханџиски во Ќустендил: Очекуваме голема поддршка од Бугарија за Коридорот 8
http://www.mkd.mk/60961/ekonomija/handiski-vo-kustendil-ocekuvame-golema-poddrska-od-bugarija/

Македонскиот амбасадор во Бугарија, Благој Ханџиски изјави дека се очекува голема поддршка од Бугарија за довршување на железничкиот Коридор 8, бидејќи проектот е во интерес на граѓаните од двете земји.



Ханџиски на прес конференција во Ќустендил додаде дека Македонија обезбедила средства за првиот дел од железничката линија Скопје-Софија, како и дека се во тек преговори со европските институции за неколку стотици милиони евра за изградба на последната, најтешка делница од трасата до Ѓуешево.

„Овде очекуваме голема поддршка од нашите соседи, бидејќи Бугарија како членка на ЕУ има поголеми можности за влијание од нашата земја која е кандидат“, вели Ханџиски.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 27-Sep-2012 at 20:58
Четврток, 27 Септември 2012 19:07


Ќе се фокусираме на реконструкција на постоечката железница што води од север кон југ, која не е реконструирана 50 години. Во тој правец, во соработка со Европската банка за обнова и развој во текот на следниот месец ќе почнеме темелна и целосна реконструкција на 54 километри пруга, во износ од 17 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски на седницата во Собранието посветена на пратенички прашања.

voz1.jpg-500

Тој изрази надеж дека следната година ипол оваа реконструкција ќе биде завршена и оти ќе се овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење на возовите.

- Имаме и активности за подготовка за почнување на градба на железницата кон Бугарија. Веќе начелно имаме согласност од ЕБРД дека ќе го поддржи овој проект. Тие веќе ни дадоа одредени грантови за изработка на физибилити студии, проекти и слично. Договорот е таков што ќе се изгради во три фази, тргнувајќи од 2013 до 2019 година, рече Груевски.

Тој информира дека првата фаза е Куманово - Бељаковце и за неа се очекува да се склучи договорот со градежната фирма која ќе ја гради оваа пруга. Почетокот на градбата би бил на пролет во 2013 година.

- Тука во минатото имало одредени градби, меѓутоа има дел и се целосно уништени од забот на времето. Трошоците се како од поново да се гради. Само за таа фаза ќе се инвестираат 46 милини евра. За втората делница, Бељаковце до Крива Паланка, во моментов се инвестираат околу 2,7 милиони евра за изработка на основни проекти бидејќи не постојат и осбено нема такви проекти кои се прифатливи за меѓународните банки, рече Груевски.

За третата фаза Крива Паланка - граница, како што рече, планираме до крајот на оваа година да се обезбедат дополнителни 2 милиони евра за проектирање и додаде оти целиот проект треба да се одвива од пролетта 2013 до 2019 година.

- Започнавме активности преку ИПА фондовите што ги обезбедува ЕУ за проектурање, а подоцна и градба на железничка пруга меѓу Кичево - Струга - Охрид - албанска граница и поврзување со Албанија. Тие имаат своја одредена динамика, која како што ќе се движи, така и овој проект ќе има прогрес, рече Груевски.


kurir.mk/makedonija/vesti/86186-Ke-se-rekonstruira-postojnata-i-ke-se-gradi-nova-zeleznicka-infrastruktura




Најпрво требаше да почнат со работа во јуни, па после рекоа средината на септември сега следниот месец па ќе речат негде догодина ова време ццццццDoh.......Абе аман веќе почнете еднаш со работа АМАН!!!!!Mad

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 28-Sep-2012 at 13:19
Originally posted by mr bombastic



Тој информира дека првата фаза е Куманово - Бељаковце и за неа се
очекува да се склучи договорот со градежната фирма која ќе ја гради оваа
пруга. Почетокот на градбата би бил на пролет во 2013 година.


Куманово - Бељаковце е постоечка пруга.Нелогично е да градат нешто веќе изградено.
Веројатно освежување, реконструкција Со оглед каква ни се навиките, ништо чудно шините да се во добар процент кренати...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.