build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 28-Sep-2012 at 20:39
не се согласувам со тврдењата дека пругата Куманово-бељаковце не треба да се чепка,бидејќи е изградена веќе.

најупотребуваната реченица на овој форум е- `зошто не се прави еднаш како што треба,да после нема потреба од поправање и преправање,и знаеме само фушерајски да закрпиме,без темелно нешто да се направи`

поаѓајќи од ова,делницата треба темелно да реконструира,што значи нов тампон од чакал,бетонски наместо дрвени прагови,и нови неоштетени од рѓа шини,како и електрификација.

ако имаме некој критериум,дај да го задржиме на сите проекти,не само за некои вака,за други така
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 09-Oct-2012 at 18:35
некако тргнува работата,ама пополека


вторник, 09 октомври 2012, 14:36

Македонија
По 20 години пругата Куманово-Бељаковце во сообраќај

Железничката линија на потегот од Коридорот 8 помеѓу Куманово- Бељаковце, по 20 години, повторно ќе биде во функција, заради подготвителни работи за реконструкција на железничката линија на делницата. Помеѓу станиците Куманово и Шупљи камен ќе има сообраќај на железнички шински возила


- Со цел да се зголеми безбедноста на пругата се известува месното население, кое гравитира во областа на железничката линија да се запознае со новонастанатата ситуација и да ги почитува прописите за преминување на пругата и движење покрај неа, се вели во соопштението од МЖ Инфраструктура.

Изградбата на железницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар   треба да почне на почетокот на следната година за што веќе е обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 46,4 милиони евра.

Ре­конс­трук­ци­ја­та на пру­га­та Ку­ма­ново-Бе­ља­ков­це е пр­ва од три­те планира­ни фа­зи за це­лос­но за­вр­шу­ва­ње на ис­точ­ни­от дел од Ко­ри­до­рот 8, од Ку­ма­но­во до гра­ни­ца со Бу­га­ри­ја, во дол­жи­на од 89 ки­ло­мет­ри.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=9532
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 10-Oct-2012 at 01:26
Originally posted by gjoko

некако тргнува работата,ама пополека


вторник, 09 октомври 2012, 14:36

Македонија
По 20 години пругата Куманово-Бељаковце во сообраќај

Железничката линија на потегот од Коридорот 8 помеѓу Куманово- Бељаковце, по 20 години, повторно ќе биде во функција, заради подготвителни работи за реконструкција на железничката линија на делницата. Помеѓу станиците Куманово и Шупљи камен ќе има сообраќај на железнички шински возила


- Со цел да се зголеми безбедноста на пругата се известува месното население, кое гравитира во областа на железничката линија да се запознае со новонастанатата ситуација и да ги почитува прописите за преминување на пругата и движење покрај неа, се вели во соопштението од МЖ Инфраструктура.

Изградбата на железницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар   треба да почне на почетокот на следната година за што веќе е обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 46,4 милиони евра.

Ре­конс­трук­ци­ја­та на пру­га­та Ку­ма­ново-Бе­ља­ков­це е пр­ва од три­те планира­ни фа­зи за це­лос­но за­вр­шу­ва­ње на ис­точ­ни­от дел од Ко­ри­до­рот 8, од Ку­ма­но­во до гра­ни­ца со Бу­га­ри­ја, во дол­жи­на од 89 ки­ло­мет­ри.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=9532







Има време дур барем малце вистински тргне работава, ова е само рехабилитација на веќе постоечката делница а до 2015 сеуште ќе се вртиме во круг и нема да мрднеме од место значи нема ни 1 метар нова пруга да се изгради, а можно е и после таа година да нема никаков напредок зашто кај нас се е можно (промена на власт, некоја нова кинеско-индиска економска криза итн.)
Катастрофалната инфраструктурна политика изминатите 20 и кусур години не доведе до ова дереџе-во 21 век сеуште да не сме железнички поврзани со дури 2 соседи што не става во ист кош со Зимбабве, Мозамбик, Тунгузија и сл.Ohno
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 10-Oct-2012 at 17:32
20 години независност, секоја година да се изградеше по 10 км, за 20 години ќе имавме 200 км нова пруга.... али тоа е тоа.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 21-Dec-2012 at 13:42
Тендер за подготовка на детален проект и тендерска документација на новата железничка секција Кичево-граница со Албанија, која е дел од Кордорот 8, распиша Министерството за финансии.

Железничката делница треба да содржи единечна електрифицирана пруга од постоечката железничка станица во Кичево до границата со Албанија, должинаата е околу 63 километри, според постоечката физибилити студија, прелиминарниот дизајн, проценката за импактот врз животната средина и најдобрите пракси на Европската Унија. Претпристапните фондовите на ЕУ ќе го финсираат тендерот, дозволени се 8 милиони евра.

Процедурата за учество на тендерот е ограничена на правни лица од земјите членки на ЕУ, земјите кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се вклучени во проектот, а целиот тендер се доделува на една компанија или конзорциум. Бројот на апликанти кои ќе добијат покана да поднесат детален предлог ќе биде меѓу 4 и 8 во зависност од вкупниот број на добиените понуди за учество.

Прелиминарен датум на кој ќе се испрати поканата за учество на тендерот со детален предлог е 12 март 2013 година, прелиминарниот датум за почетокот на договорот е 10 јули 2013 година, а рокот за спроведување на активностите е 24 месеци.

Приходи од 4 милиони евра годишно треба да имаат заинтересираните компании во последните 3 години, а исто така и пристап до ликвидни финансиски средства во износ од 500 илјади евра.

Приемот на привчните апликации ќе се врши до 25 јануари 2013 година.

http://www.time.mk/read/a0c6a3249d/300d324e96/index.html
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 21-Dec-2012 at 16:06

а колку треба за да го поврзат и Охрид со пругата,односно да пуштат крак на К8 кој преку охрид би го заокружил езерото па преку Смрдеш назад до Лин и пак до Охрид,сигурно уште 8 милијарди,но ова европа тешко дека би го финансирала,мислам дека само европските коридори и се од интерес додека нивните краци секоја држава сама си ги финансира?!
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 21-Dec-2012 at 21:44
еве го оригиналниот тендер.како што разбрав се работи за изработка на проект.

без да навлегувам во политика,ова ме потсети на една изјава на сегашниот премиер кога кажа дека за многу работи во македонија се нема изработено ни проект,а се ветувало(и се ветува) се и сешто,а во пракса се нема ни проект.

ако се потестиме дека до започнувањето на градбата има околу 17 чекори кои треба да се поминат,доаѓа дека кај нас многу се ветува а малку се прави.некогаш се ветуваат конкретни проекти без да се има и една буква напишано на проектот




http://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:403217-2012:TEXT:EN:HTML&tabId=0
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 22-Dec-2012 at 00:37
Originally posted by gjoko

еве го оригиналниот тендер.како што разбрав се работи за изработка на проект.

без да навлегувам во политика,ова ме потсети на една изјава на сегашниот премиер кога кажа дека за многу работи во македонија се нема изработено ни проект,а се ветувало(и се ветува) се и сешто,а во пракса се нема ни проект.

ако се потестиме дека до започнувањето на градбата има околу 17 чекори кои треба да се поминат,доаѓа дека кај нас многу се ветува а малку се прави.некогаш се ветуваат конкретни проекти без да се има и една буква напишано на проектот




http://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:403217-2012:TEXT:EN:HTML&tabId=0


Епа арно им текна и на овие по 6 години да почнат со изработување на проект
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 22-Dec-2012 at 01:08
Да пошто од нив никаква реализација не видовме. Всушност не им беше никаков проблем исто така да поништат претходни проекти и да лапаат пари за исти такви, само нови (како во случајот со скопскиот трамвај). Така што таквите глупости премиерот на друг да ги продава!

Edited by Andrej_LJ - 22-Dec-2012 at 01:09
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 22-Dec-2012 at 02:15
зборуваме за проекти каде што нема никаква сериозна студија,а да не зборуваме за изведбен проект.бидејќи лично сум заинтересиран за коридорот 89поминува на неколку места низ мој имот во охридско),знам дека освен цртање на некакви произволни линии на карти,друго ништо не е направено.

еден од чекорите е длабинско бушење за да се испита составот на тлото,а за тоа треба прво да се одреди точната траса,што повторно значи дека тука проект на хартија немало никогаш.

тогаш премиерот ова го посочи за патот штип-радовиш,за што рече дека за тој пат немало никаков проект,и наведе и други случаеви.

несакам да мешам политика,ова се случувало секогаш,се случува и сега и за жал и во иднина ќе се случува без обзир кој е премиер.ова е наша константа,наш карактер
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 25-Dec-2012 at 01:41
Датум: 24.12.2012, 18:28
ЖЕЛЕЗНИЧKО ПОВРЗУВАЊЕ СО СОСЕДИТЕ

Пругата кон Албанија доби нов импулс



Железничката пруга од Kичево, преку Струга, до границата со Албанија е дел од Kоридорот 8, кој ќе претставува врска од Црното до Јадранското Море, а чија изградба е предвидена и со одлука на Европската комисија

Марјан Блажевски

Идејата за железничко поврзување со Албанија добива нов импулс. Со финансиска поддршка од 8 милиони евра, обезбедени од ИПА-фондовите на Европската унија, е распишан меѓународен тендер со кој се бара фирма што ќе подготви детален проект, но и тендерска документација за изградба на пругата од Kичево до границата со Албанија. Со тоа довршувањето на западниот дел од железничкиот Kоридор 8 од ниво на техничка документација и идеен проект сега доаѓа до фаза кога ќе се дефинира трасата во должина од 62,5 километри. Според тендерската документација, се предвидува изградба на едноколосечна електрифицирана пруга за брзини не помали од 100 километри на час и со притисок на оската до 250 кН.

За железничко поврзување со Албанија преку делницата од Kичево до струшкото село Радожда се предвидени две варијанти, првата траса е Kичево-Извор-Ботун-Радожда, а втората Kичево-Другово-Велмевци-Брежани-Ботун-Радожда. Со втората траса се овозможува,со доградба на уште на 11 километри, да се обезбедат и врските Kичево- Радожда-Албанија, Kичево-Битола-Грција, Албанија-Битола-Грција, како и првиот железнички прстен Скопје-Велес-Битола-Kичево-Скопје.

На тендерот за деталниот проект право на учество имаат правни лица од земјите-членки на ЕУ, земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и земјите што се вклучени во проектот. Од заинтересираните компании или конзорциуми се бара да имале приходи од минимум 4 милиони евра годишно во последните три години. Првите пријави се очекуваат до 25 јануари 2013 година, а прелиминарен датум на кој ќе се испрати поканата за учество на тендерот со детален предлог е 12 март 2013 година. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на идната година со времетраење од 24 месеци. Средствата за тендерот се од претпристапните фондови на ЕУ, а максималниот дозволен буџет изнесува 8 милиони евра.

Според тендерските правила, најмногу 30 отсто од активностите може да се доделат на подизведувачи, а бројот на апликанти што ќе добијат покана да поднесат детален предлог ќе биде меѓу 4 и 8 во зависност од вкупниот број на добиените понуди за учество.

Прелиминарната студија за овој проект ја чинеше државата 840.000 евра и ја изработи бугарската компанија „Евротранспроект“. Железничката пруга од Kичево, преку Струга, до границата со Република Албанија е дел од Kоридорот 8, кој ќе претставува врска од Црното Море преку Бугарија, Македонија и Албанија до Јадранското Море, а чија изградба е предвидена и со одлука на Европската комисија како еден од 10-те паневропски транспортни коридори.

Инаку, за в година е најавен почетокот на неколку инвестициски проекти, со кои до 2020 година ќе се модернизира железничкиот сообраќај во земјава. Во делот на Kоридорот 8 веќе е затворена финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга со 46,4 милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Со проектот се предвидува рехабилитација на делницата Kуманово-Бељаковце во должина од 31 километар. Работите на делницата се очекува да почнат во првиот квартал од 2013 година, а да завршат за три-четири години. За изградба на втората делница на овој правец од Бељаковце до Kрива Паланка, ЕБОР објави повик за обезбедување консултантски услуги, а потоа ќе се помине на третата фаза, односно изградба на делот до границата со Бугарија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0B03A307F4BE4C4490D56A6D510AA0DD
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 27-Dec-2012 at 21:52
Објавен ли е тендерот за Куманово-Бељаковце или допрва ќе се објавува, и што се случи со изборот на консултант за Бељаковце-Крива Паланка-избран ли е консултантот?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 17-Feb-2013 at 04:09
Да прашам дечки дали некој од вас го има прочитано целото физибилити студио од Декември 2011 година изработено од ЕПТИСА и ДБ за Источната Делница?

Бидејќи јас ја потрошив целата ноќ на него и сум изненаден од информациите кој може да се најдат за целата траса , фрапантно е дека цената на мостовите кои биле оставени на сред градба ќе не чинат премногу ,исто така и санацијата на тоа што е почнато од тунелите.
Исто така Министерство за транспорт и врски го одбило предлогот на компаниите за нова траса (што би користела мал дел од предвиденава) со в=160км/ч поради тоа што се отсекуваат некој населени места и поради што парите кој претходно биле уложени би биле залудни (за мостови,тунели,надвозници,подвозници и откуп на земјиште).

Иначе пругата до Бељаковце (прочитав на некоја страна претходно некој ја спомна) е уништена со ревитализацијата не со изградбата на пругата до Бугарија ,проблемот е во тоа што им падна цело брдо во Клечовце врз пругата и набрзо потоа го напуштија проектот.
Додека пругата работеше скоро секогаш беше со полни возови, а имаше неколку воза дневно (од Скопје и од Куманово) и таа пруга треба да се отвори повторно бидејќи вака регионот ќе замре, а верувајте ќе биде рентабилна поради фактот дека само до Клечовце/Бељаковце автобуси има на еден или два часа од Куманово и никогаш нема место од Куманово,а во Клечовце стига со најмалку 10 патници, а кај се другите села кој ќе ги поминува оваа линија.

Иначе според Физибилити студиото цената на проектот изнесува над 590 милиони евра од кој само 3тата делница 368.77 милиони евра


Edited by daci92 - 17-Feb-2013 at 04:22
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 17-Feb-2013 at 11:37
другари мои кои студираа на градежен факултет во тоа време ми кажуваа дека професори на факултеот им кажувале дека делот од пругата што тогаш пробале да го градат за Бугарија се вкрстувал на 8(осум) места со трасата на гасоводот.Како две змии испреплетени меѓу себе.Тотално неводење на грижа што е предвидено да се гради.

А за санацијата е јасно.Ако не се доврши тоа што е започнато,водата,снегот и мразот сето тоа ќе го уништат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 17-Feb-2013 at 12:22
Ова за вркстувањето не сум го знаел но знаев дека се вкрстува на доста места бидејќи гасоводот во Клечовце е во близина на пругата. (знам бидејќи често одев во Клечовце имам таму викендица).
Иначе здравје кога ќе имам време ќе појдам до Клечовце и ќе направам слики во околината кај што поминува пругата да ја видите состојбата на тоа што е останато, а нема многу останато.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 11-Mar-2013 at 10:08
Интересни кадри од трасата на К8 низ Македонија, поточно делот кон Бугарија

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 11-Mar-2013 at 17:16
две реченици не состави како што треба јасно и концизно... битно истиот политички коментар го повтори 50 пати ко навиен...


Edited by zabegan - 11-Mar-2013 at 17:19
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 11-Mar-2013 at 17:20


Добро што се фаќате за миленко, сиугрно не го ставив клипот ради неговите коментари...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 11-Mar-2013 at 17:28
Originally posted by pbanks



Добро што се фаќате за миленко, сиугрно не го ставив клипот ради неговите коментари...
па мислев ќе каже барем некаква корисна информација за коридорот, или па ако не го бива за информации, да направи едноставна репортажа на она што го гледаме... од толкави говори во празно, јас не го разбрав што кажа ни 5%
не зборам за Миленко, има доволно дискусии за него што не го засегаат форумов, зборам конкретно за неговава „репортажа“... Владимир на пример да го пуштевме, цела студија на теренот ќе направеше и ќе ја преточеше во некакво раскажување, колку за споредба
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 11-Mar-2013 at 17:35
Репортажава носи кадри од трасата какви барем јас немам видено... ни помалку ни повеќе. Затоа и ја постирав.

Другото едноставно игнорирајте го
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.656 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.