build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 27-Apr-2013 at 11:16
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 27-Apr-2013 at 11:19
gara Gueshevo ...Thumbs%20Up
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 27-Apr-2013 at 11:21
ima li dvigenie po Kumanovo - Beliakovci...YesYesYes i koga ...???
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 27-Apr-2013 at 13:35
Originally posted by geny

Tova kade se namira??? sled Kriva Palanka li e ???

Тоа ме помеѓу Бељаковце и Псача (ова е пред Крива Паланка на патот Куманово- К.Паланка).

Инаку на делницата до Бељаковце сеуште не се работи ,треба да се избере фирма која ќе работи, не сум сигурен дали е распишан тендерот или ќе се распише во Мај ,но според проценките од Септември треба да започне ревитализацијата на трасата Куманово-Бељаковце.
Back to Top
geny View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Mar-2013
Location: Bulgarya
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote geny Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 04-May-2013 at 10:32
Междудругото знаете ли за изграждането на втора инфра жп линия имам предвид между България -Македония линията Благоевград-Кочани YesYesYes
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 04-May-2013 at 11:41
ние првата линија ја завршивме,па сега ќе одиме на втората
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 04-May-2013 at 20:24
Originally posted by geny

Междудругото знаете ли за изграждането на втора инфра жп линия имам предвид между България -Македония линията Благоевград-Кочани YesYesYes



Ова е речиси невозможно да се направи некогаш. Пругата Кочани-Велес е во катастрофална состојба, на неа не можат да возат стандардни локомотиви над 18т., максималната брзина е 50 км/ч и пругата завршува во Велес, а не во Скопје. Ако некогаш во иднина би се градела втора врска, тогаш јас би ја правел во насока бугарска граница-Струмица-Радовиш-Штип-Св.Николе-Куманово, заедно со постоечката врска Штип-Велес.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 05-May-2013 at 02:46
Originally posted by geny

Междудругото знаете ли за изграждането на втора инфра жп линия имам предвид между България -Македония линията Благоевград-Кочани YesYesYes



Ние веќе повеќе од 20 години неможеме ни да мрднеме со коридорот 8, а камоли да почнеме со градење на втора линија кон Бугарија-мислам дека е тешко да доживееме вакво нешто...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 05-May-2013 at 18:32
Originally posted by mr bombastic


Originally posted by geny

Междудругото знаете ли за изграждането на втора инфра жп линия имам предвид между България -Македония линията Благоевград-Кочани YesYesYes

Ние веќе повеќе од 20 години неможеме ни да мрднеме со коридорот 8, а камоли да почнеме со градење на втора линија кон Бугарија-мислам дека е тешко да доживееме вакво нешто...


Да се надоврзам со слика на твоите зборови... Сликата е преземена од мој пријател на Фејсбук.



Edited by Џоле - 05-May-2013 at 18:33
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 05-May-2013 at 19:40
хаха баш така џоле, сликата кажува се...Big%20smile
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 12-May-2013 at 01:58
http://www.mzi.mk/news-info.php?id=155&&cat=1
Ајде нека е на добро.

Инаку да не знае некој до каде е со тендерите за изградба и надзор на Куманово- Бељаковце ,бидејќи на страната на МЖИ нема информации а на претходната објава пишува дека треба да се знае до Мај.


Edited by daci92 - 12-May-2013 at 01:58
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 704
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 12-May-2013 at 05:14
Hmmm... se se plasam deka ova spojuvanje so Albanija e nesto koe nema da i donese nisto pozitivno na Makedonija, naprotiv...
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 27-May-2013 at 03:26

Пругата Куманово – Бељаковце се уште чека рехабилитација…

25/05/2013  //  Пред 1 ден  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

K8%20Istocen%20ex0103

Иако, според најавите,во првиот квартал од годинава требаше да почнат градежните работи за реконструкција на пругата од Куманово до Бељаковце, на терен се уште не е почната реализацијата на првата фаза од железничкиот Коридор 8. Во МЖ Инфраструктура велат дека доцнењето било предвидено во договорот, оти се работело за крупен проект

Се уште не се соопштува ниту името на градежната компанија што треба да ја изведува рехабилитацијата. Во МЖ Инфраструктура велат дека ќе се бира меѓу девет европски компании, а се очекува градежната оператива да ги започне планираните работи во септември.

„Два месеци доцниме со изборот на фирма, но сепак станува збор за крупен проект и доцнењето е предвидено.Имаше повеќе пријавено компании, од кои само девет влегоа во потесен круг и тоа се компании кои веќе работеле на многу вакви крупни проекти. Дел од нив настапија во конзорциум со домашни градежни фирми, но се уште се прави евалуација и објавата на избраната компанија ќе биде во септември кога и се очекува почеток на градежните работи“, вели Ирфан Асани, директор на МЖ Инфраструктура.

Рехабилитацијата на пругата во должина од 30,8 километри, според планот,  треба да заврши најдоцна до 2017 година. Парите се веќе обезбедени од Европската банка за обнова и развој, која лани и додели заем на државата од 46,4 милиони евра. Рехабилитацијата на пругата всушност ќе значи замена на шините и праговите како и санација на мостовите. На железничката траса од Куманово до Бељаковце се предвидени вкупно девет станици и стојалишта, а Куманово ќе добие уште една железничка станица, која ќе биде поблиску до центарот на градот.

Оваа пруга е дел од источната делница на Коридорот 8, односно првата секција од планираното железничко поврзување на Македонија со Бугарија. Ставењето во функција на железничкиот коридор 8 е од стратешки интерес за државава, а кога ќе биде завршен, ќе се протега од јадранскиот брег во Албанија преку Македонија до регионот на Црно Море во Бугарија, со што ќе се овозможи пристап и пократка рута до пристаништата.

Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе чини околу 145 милиони евра, а од Крива Паланка до Деве Баир дури 332 милиони евра. Овие пари уште не се обезбедени.

ЕБОР обезбеди и грант од 2,5 милиони евра за да заврши проектната документација и да може да се аплицира и за втората фаза од проектот, кој опфаќа изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка.

Според анализата на сегашната состојба во сообраќајот и во транспортот, неопходни се вложувањата во железничката инфраструктура, посебно во Коридорот 8, кој низ Македонија треба да има должина од 317 километри и да ги поврзе Драч–Тирана–Скопје–Софија–Бургас и Варна.

Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе започне најдоцна во 2015 година, а ќе заврши во 2020 година. Се проценува дека ќе чини околу 145 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра веќе се обезбедени како грант од ЕБОР со намена за изработка на проектна документација, која треба да биде готова до крајот на годинава. За делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој е најтежок и најскап, Министерството за транспорт поднесе барање до ИПА за обезбедување два милиони евра за изработка на основните проекти. Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, кои треба да се обезбедат од ИПА, ЕБОР и од Европската инвестициска банка.

Македонија има изградено само 154 километри од железничката пруга од Коридорот 8, што е половина од нејзината вкупна должина.



http://faktor.mk/archives/48927





Оффф мори мајко...кога гледам како нонстоп се пролонгираат работите за коридоров, се прашувам дали воопшто некогаш ќе се заврши...Ohno

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 27-May-2013 at 10:33
Не бе крајно неспособни се мајку му стара! Па еден проект да се почнеше и завршеше на време освен идиотштините на лудакот Груевски!

"Во МЖ Инфраструктура велат дека доцнењето било предвидено во договорот, оти се работело за крупен проект" - кого порават овие луди? Да не сме симнати од планина како нив па не знаеме што се случува во светот во кој живееме?

Со ова темпо не Косово, Зимбабве ќе не претрка дури и Мугабе да остане на власт уште 200 години!

Edited by Andrej_LJ - 27-May-2013 at 11:44
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 28-May-2013 at 00:39
се утепаа од анализирање и проектирање... мислам дека Ајнштајн низ целиот свој животен век не анализирал толку многу колку овие...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 28-May-2013 at 01:59
Хахахаха ме изнасмеа забеган, баш така е ама за жал тоа е нашата сурова реалностOhno...па уште се работело за КРУПЕН проект ко да испраќаме вселенски брод на месечината па сега со години мора да се спремаме, а се работи за веќе постоечка пруга што треба само да се реконструира-никаква филозофија нема тука и полесно нешто од тоа стварно незнам...

Убеден сум дека ако некогаш се заврши овој Коридор 8, тоа ќе биде настан на новиот милениум проследен со големо славје 3 дена и 3 ноќи...Big%20smile
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 28-May-2013 at 16:26
Датум: 27.05.2013, 17:42
ДРАЧ САKА СПОЈУВАЊЕ СО ВАРНА

Албанија бара пруга до Kичево и до Црно Море



Kорист од пробивањето на Kоридорот 8 ќе имаат стопанствата на трите соседни балкански држави бидејќи ќе добијат нови пазари и алтернативна транспортна рута за превоз на стоки и на луѓе со пониски трошоци

Паневропскиот транспортен Kоридор 8, кој ја поврзува Македонија со Албанија на запад и со Бугарија на исток, за неколку години ќе стане реалност бидејќи трите балкански држави по повеќедецениската зачмаеност ги отстрануваат пречките за негово завршување. Земјава веќе во соработка со Светската банка, ЕБОР, ЕИБ и со европските ИПА-фондови ги обезбеди потребните финансии за завршување на патните и на железничките делници, нашиот источен сосед Бугарија го привршува автопатот „Тракија“, кој ги поврзува Софија со црноморскиот град Бургас, а во Албанија се гради патната инфраструктура и се проширува пристаништето во Драч.

Од сево ова корист ќе имаат стопанствата на трите држави бидејќи ќе добијат нови пазари и алтернативна транспортна рута за превоз на стоки и на луѓе со пониски трошоци. Довршувањето на Kоридорот 8 е посебно значајно за македонските компании и транспортери, кои ќе добијат нов излез на море. Засега Солунското пристаниште поради непостоењето квалитетни патни и железнички врски е единствен исплатлив излез на море за нив, но токму овој монопол ги оневозможува да договорат подобри цени за прием и за испраќање стоки. Освен тоа, сметките на македонските компании им ги поматуваат честите штрајкови на грчките пристанишни и железнички работници или, пак, бирократијата на цариниците, со што им се создаваат дополнителни трошоци во транспортот.

Нова пруга

Албанија во изминативе години вложи десетина милиони евра за да ги продлабочи коритото од 8,5 метри и влезниот канал во пристаништето од кое сака да направи нова морска порта за земјите од Западен Балкан, а со тоа и за Македонија. Kако резултат на тоа, пристаништето во Драч значително го зголеми волуменот на обработка на стоки со контејнери и поради геостратешката положба и се очекува во блиска иднина, со добро менаџирање на капацитетите и на услугите, да се претвори во силно транзитно пристаниште. Според официјалните статистики на пристанишната управа, во 2010 година биле преработени 71.614 ТЕУ (единица мерка, која се користи за капацитетот во транспортот на контејнерите). Следната година количеството обработени контејнери се искачила на 78.327, а во 2012 година бројот се искачил на 83.194 ТЕУ.

Сепак, како што велат во пристаништето, транспортот со контејнери, кој е попрактичен и за испраќачите и за примачите на стоката, наидува и на тешкотии поради лошата инфраструктурата.

- Моменталниот железнички систем не може да се соочи со товарот што го ветува блиската иднина, а патничкиот транспорт се соочува со големи трошоци во врска со состојбата на патиштата и потребата за нивно постојано одржување - велат во пристаништето, од каде што очекуваат дека изградбата на железничката линија Лин-Струга-Kичево ќе овозможи поврзување на југозападна Македонија со пристаништето во Драч, а со тоа и излез на Црното Море и продолжување на транспортот на стоката со контејнери до Варна и до Бургас во Бугарија.

Пругата од гратчето Лин, кое е сместено на албанскиот брег од Охридското Езеро, до Kичево е со должина од 67,8 километри, од кои само 2,8 се на албанска територија. Во Македонија во тек е меѓународен тендер за избор на фирма, која ќе подготви детален проект, но и тендерска документација за изградба на пругата.

- Повикот се спроведува со финансиска поддршка од 8 милиони евра од ИПА-фондовите. Изготвен е евалуациски извештај за првата фаза, која претставува претквалификација на пријавените компании согласно со објавениот јавен повик и истиот е испратен до делегацијата на Европската Унија. По негово одобрување, претквалификуваните компании треба да достават понуди. Предвидено е избраната компанија да почне со работа до крајот на оваа година - вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Идната пруга кон Албанија е предвидено да биде во еден колосек и електрифицирана, преку која ќе се вози со брзини не помали од 100 километри на час.

Освен железница, Македонија ќе гради и автопат кон Албанија. При крај е проектот за автопатско решение за делница од Kичево до охридскиот аеродром, од каде што се двои патот кон Охрид и кон Струга. По прецизирање на делницата од 60 километри, ќе се почне со експропријацијата на земјиштето за овој западен дел од патниот Kоридор 8.

Kон Бугарија во 2020

Во правец кон Бугарија годинава ќе се обновува пругата од Kуманово до Бељаковце, за кои Македонија лани во август доби 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). За делницата од Бељаковце до Kрива Паланка потребни се 145 милиони евра за градежни работи. За делот од Kрива Паланка до Деве Баир, пак, кој е најтежок и најскап, ќе се бараат пари од ИПА-фондовите за изработка на основните проекти.

- Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиона евра, средства што треба да се обезбедат од ИПА, ЕБОР и од ЕИБ. Се планира изградбата на оваа делница да почне во 2017 година, а проектот да заврши до 2020 година - вели Јанакиески.

Во соработка со ЕБОР, како гарант дека проектот успешно ќе биде спроведен, веќе е објавен повик за консултантски услуги за изградба на делницата Бељаковце-Kрива Паланка.

- Kонсултантот треба да обезбеди проектирање за дванаесет нови моста и за четири нови тунели, изградба на 33 километри од главната пруга и 7,5 километри станична пруга. Ќе треба да го провери статусот и да подготви ажуриран дизајн за дополнителни 25 моста и за 10 постојни, односно делумно изградени тунели - вели министерот Јанакиески.

Две варијанти за трасата

За железничко поврзување со Албанија преку делницата од Kичево до струшкото село Радожда се предвидени две варијанти, првата траса е Kичево-Извор-Ботун-Радожда, а втората Kичево-Другово-Велмевци-Брежани-Ботун-Радожда. Со втората траса се овозможува со доградба уште на околу 11 километри да се обезбедат врските Kичево-Радожда-Албанија, Kичево-Битола-Грција, Албанија-Битола-Грција, како и првиот железнички прстен Скопје-Велес-Битола-Kичево-Скопје.

МарЈан Блажевски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A7C5E42EDCFD741B0E3B37A0672C7A8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 29-May-2013 at 10:09
Originally posted by gjoko


Албанија во изминативе години вложи десетина милиони евра за да ги продлабочи коритото од 8,5 метри и влезниот канал во пристаништето од кое сака да направи нова морска порта за земјите од Западен Балкан, а со тоа и за Македонија. Kако резултат на тоа, пристаништето во Драч значително го зголеми волуменот на обработка на стоки со контејнери

Не знаев дека се зафатиле со продлабочување. Тој проект баш беше спомнуван баш и како дел од К8 во поширока смисла.

Во секој случај браво за нив.

Сепак би прашал доколку некој се разбира во овие работи, дали 8,5 метри е доволно за да може да се каже дека Драч нема да има сериозни ограничувања во иднина?
(во смисла на бродовите што може да ги прими, се разбира)
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 29-May-2013 at 10:26
Епа јас колку што разбрав.. овие најголемиве бродови што се, пожелно е да се има длабочина поголема од 12 метри, ама од друга страна пак 70% од пристаништата се поплитки од 12 метри...

Од друга страна пристаништето во Драч (незнам дали пред или по продлабочувањето) е длабоко 11,5 метри
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 704
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 29-May-2013 at 21:36
8,5 m se dovolni za mali/sredni tovarni brodovi so plitok "gaz".
Ne mi se veruva deka vo Albanija ce doadjaat prekuokeanski brodovi. :-)))
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.