build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Jul-2009 at 17:18
Originally posted by pbanks

@Vladimir

презентацијата на Павче ми отвори едно прашање.

Со какви перформанси е пругата која се "гради" кон Бугарија? Значи дали зборуваме за електрифицирана траса од старт, за колкави брзини е проектирана пругата итн?

По информацијата на Павче брзината од 160 км/ч е за трасата до Радомир, за другиот дел ??

Иначе нашио дел е проектиран:

Куманово - Бељаковце

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 8 со должина 224 м
- Станица 1

Бељаковце - Крива Паланка

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 33 со должина 3,437 м
- Тунели 15 со должина 3,437 м
- Станица 3

Крива Паланка - граница

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 41 со должина 4,544 м
- Тунели 25 со должина 8,593 м
- Станица 2

Секако електрифицирана
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Jul-2009 at 19:26
Eeek2

Знаев дека ќе има многу тунели и мостови, но до толку не очечував. Ако се земе каква е постоечката пруга Скопје-Кичево и каква треба да биде понатака накај Струга, патување по железничкиот коридор 8 низ Македонија ќе биде вистинско доживување.

Инакау разочарува проектираната брзина од 100km/h по цела должина од Куманово до Крива Паланка.


Edited by Cloverstack - 23-Jul-2009 at 19:27
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Jul-2009 at 20:22
Originally posted by Cloverstack

Eeek2

Знаев дека ќе има многу тунели и мостови, но до толку не очечував. Ако се земе каква е постоечката пруга Скопје-Кичево и каква треба да биде понатака накај Струга, патување по железничкиот коридор 8 низ Македонија ќе биде вистинско доживување.

Инакау разочарува проектираната брзина од 100km/h по цела должина од Куманово до Крива Паланка.

Ако биде побрзо нема да ја доживееш природата поред тебе Big%20smile

Шала на страна, нека ја изурат на оваја брзина би бил пресреќен,
да не биде за следни и следни сле ...... избори
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Jul-2009 at 10:41
 
Ова ми изгледа како народната .... сиромавиот два пати плаќа .... види во право си до негде али треба да се прашаме дали вреди да се фрлат стотици милиони евра за застарена пруга (барем според брзината) и после неколку години пак да плаќаме за модернизирање. И ти самиот кажуваш по српскиве пруги три-четириесет тераат возовите, епа исто ќе биде и овде случајот, околу нас сите 160-200 а ние .... (барем српските пруги со децении не се модернизирани!)
 
 


Edited by vardar - 24-Jul-2009 at 10:44
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Jul-2009 at 13:32
Previous
На тој терен и со финансии кој ги има или би можела да одвои оваја држава би бил задоволен и со 100 км/ч, бидејќи таа пруга мислам ќе има тежиште на товарна, истото важи и за другиот крак кон Албанија. Растојаниата не се големи и за  да влиае драстично некој 20-40 км/ч повеќе.
А и заитересираноста на Европа не е нешто голема освен за овие 3-4 земји.

Ја би бил пресреќен да коридор 10 полека се дигне на 120-160, а подоцна и двоколосечен.
Тој е оној правец кој е меѓународно значаен за теретен и патнички сообраќај и за кој сигурно би можеле да чепнеме од меѓународните фондови, зошто овој правец и е и те како потребен на ЕУ.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 30-Jul-2009 at 00:50
Тогашна Ф.Н.Р. Југославија во 1947 ја гради првата пруга во Албанија, Драч-Печин и еве ена карта за изградени и проектирани пруги од тој период `47-`48 и врските со нас.
т.е. денешен коридор 8


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-Dec-2009 at 12:32

Србите печалат зашто нема пруга меѓу Софија и Скопје

Пред еден век, а и денес, кај експертската јавност нема двоумење околу потребата за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа и тогаш и денес постои двоумење дали поврзувањето треба да биде преку Крива Паланка или преку други премини


Македонија и Бугарија и денес немаат директна железничка врска. Ако во време на СФРЈ тоа беше сфатливо поради политиката на СКЈ, која налагаше Скопје и Софија меѓусебно да се држат што подалеку, по речиси 20 години македонска самостојност и по речиси 20 години откако во двете земји, барем формално, беше отфрлен комунизмот, одењето со воз за Софија преку Ниш нема никаква логика. Пред повеќе од деценија и пол, тогашното раководство на СДСМ вети дека за неколку години пругата од Скопје до границата со Бугарија кај Крива Паланка ќе биде готова, и тоа за сума од околу 120 милиони долари.

Навистина, парите беа потрошени, беа изградени некои делници, подигнати неколку столба за идните железнички мостови, но тука се застана. Во меѓувреме, Бугарите го изградија својот дел од пругата и чекаат македонската страна да ја изгради делницата за потоа да можат двете страни да се спојат. Како и да е, сега е крајот на 2009 година, а железничка врска меѓу двете земји не постои (како што не постои ниту меѓу Македонија и Албанија).


Пред 112 години: Пругата е неопходна


Уште пред 112 години, во извештајот до бугарското министерство за надворешни работи, бугарскиот трговски агент во Скопје, полковник Д. Ризов, изградбата на оваа делница ја посочува како еден од клучните приоритети за да може да се очекува развој на трговијата меѓу Бугарија и тогашна Македонија во состав на Османското Царство. Документот (кој е објавен во редакција и коментар на д-р Михајло Миновски во рамките на пошироката збирка Документи - Македонија во билатералните и мултилатералните односи на балканските држави 1861-1913 година) е испратен на 28 септември 1897 година и во него, меѓу другото, агентот Ризов вели:

„...И навистина, г. министер, за какви сериозни и постојани трговски врски помеѓу Бугарија и Македонија може да стане збор кога, за да стасаат до своите пазари, производите на двете земји треба да поминат 221 километар туѓа територија.“

Ризов мисли на Србија, која не се стеснувала да најде многу разни начини за да го забави и онака бавниот превоз на стоки од Бугарија за Македонија и обратно. Поради тоа, во извештајот вели дека воопшто не треба да се размислува за тоа дали е потребна железничка пруга меѓу Бугарија и Македонија, туку кој правец да се одбере како најповолен: тој преку Ќустендил, другиот преку границата кај Дупница (правецот Радомир - Неврокоп - Серес) или третиот правец од Пловдив преку Драма до Кавала. Последниот правец, вели Ризов, одвај дека ќе е привлечен за било кој рационален Бугарин. Втората линија, за Ризов не е толку спорна, но ги нема предностите на првата, таа што од Скопје оди преку К. Паланка за Софија.

Слично двоумење кај експертската јавност околу најдобриот правец за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија има и денес.

Во книгата „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во РМ“, подготвена од д-р Зоран Кракутовски и магистрите Љупчо Тодоровски и Горан Мијоски, се вели дека поврзаноста на државава со железниците од соседството е од примарно стратегиско значење за развивање на економијата и меѓународната размена на стоки и на луѓе. Во неа се наведува дека владите на Македонија и на Бугарија потпишале спогодба за изградба на железничката делница Куманово-Крива Паланка- Ѓуешево-Ќустендил во 1999 година и дека со протокол од заедничка експертска средба уште во 1994 година биле договорени брзините што треба да се обезбедат на оваа железничка траса. Со протоколот се предвидува пругата на територијата на Македонија, во должина од околу 60 километри, да се проектира за брзина од 80-100 километри на час и во перспектива за 160 километри на час, а на територијата на Бугарија за брзина од 130 километри на час и во перспектива 160 километри на час.


Без анализа, потрошени 120 милиони долари


„Работите што се изведуваа на долниот строј заедно со објектите (мостовите и тунелите) се за елементи димензионирани за статички и динамички влијанија од брзини од 100 километри на час, па поради тоа и поради неповолните теренски услови практично не ќе може да се обезбеди брзина од 160 километри на час. За меѓународен сообраќај железничка пруга со вака ограничени брзини и без перспектива за подобрување, дискутабилно е дали ќе може да обезбеди поквалитетни услуги од постојната автопатска врска по истиот коридор, а со тоа дискутабилна е и рентабилноста на инвестицијата“, се вели во книгата.

Експертите констатираат дека досега биле изведени само 30 отсто од градежните работи на пругата кон Бугарија преку Крива Паланка, за што биле потрошени 120 милиони долари. Повеќе од 7 години градежните работи се прекинати.

„Упатно би било да се извршат дополнителни испитувања за можност да се обезбедат решенија за брзини од 160 километри на час. Потребно е да се напомене дека за двете логични варијанти за изградба на пруга кон Бугарија, преку Крива Паланка и преку Делчево, не беа направени целосни и рамноправни испитувања и проучувања за долгорочно задоволување на примарните потреби, туку изборот беше направен врз база на нецелосна документација, исклучиво за задоволување на моменталните потреби (апсурдно за ваков вид објекти)“, се вели во книгата.

Овие експерти велат дека со оглед на тоа што изградбата на пругата преку Крива Паланка е во прекин 7 години и дека се потребни околу 400 милиони евра за да се доврши, заслужува внимание природно најповолниот коридор за железничко поврзување со Бугарија, а тоа е од Струмица до Петрич, со приближна должина од 30 километри на територијата на Македонија. Според нив, вкупната инвестиција за овој проект би чинела 4 пати помалку во однос на парите потребни за довршување на пругата преку Крива Паланка.

Назад во историјата, во извештајот на Ризов, кој нормално го одразува тогашното бугарско стојалиште кон Македонија и македонското население, кое не е многу променето, до денешен ден се наведени низа политички причини поради кои Бугарија треба да настојува таа пруга да се изгради, а една од клучните е со помош на пругата да се скуси растојание меѓу Скопје и Софија во споредба со растојанието меѓу Скопје и Белград и на тој начин да се попречи српската во однос на бугарската пропаганда.

„Српската пропаганда во Македонија започнува токму со поврзувањето на турските железници со српските. Оттогаш наваму, маса Срби официјални и неофицијални лица, основаат групи низ Македонија со цел да агитираат’“, вели Ризов, образложувајќи дека на тоа мора да му се стави крај и српската да се замени со бугарска агитација.

Понатаму, Ризов истакнува дека за Бугарија не е спорно оти во тој предел ќе биде идното главно боиште меѓу Турција и Бугарија и дека со изградба на пругата Бугарија би добила стратегиска предност поради можноста за брзо распоредување на војската, која не само што би војувала со турската војска, туку и би претставувала брана за продор на српските војници. Меѓутоа, клучот е во економски предности на пругата.


Без пруга со загуба од 1 милијарда евра годишно


„Дали е тешко човек да се сети какви се пазари ќе се отворат за Бугарија во таков случај? Сега српската текстилна фабрика во Параќин има многу работа во Скопско, дури и во Солунско... Освен тоа, Бугарија би можела во Скопје да внесува камен јаглен (Серес има свои рудници за камен јаглен), а и некои свои фабриканти. Во замена за тоа за Бугарија, Кочанско би можело да доставува ориз, Велешко и Тиквешко вино, Кумановско жито и земјоделски производи, Стара Србија (Косово, н.з.) добиток, Албанија маслиново масло итн. Па зарем можат да предвидат уште од сега сите оние трговски производи што Бугарија би можела да ги внесува и изнесува од Македонија преку директна поврзаност со неа со железничка линија?“, прашува Ризов. Поради сето, тој заклучува: „Без да чекате какво било завршување на какви било преговори со Турција за директно поврзување на бугарските со македонските железници, побрзајте да внесете уште на сегашното заседание на Народното собрание законски проект за изградба на железничка линија Радомир-Ќустендил-турска граница и откако ќе го спроведете тоа, пристапете кон изградба на таа линија уште во почетокот на наредната година’“, истакнал Ризов.

Денес, 112 години по овој извештај, пруга меѓу Скопје и Софија сé уште нема. Идејата на Ризов за размена на производи меѓу Македонија и Бугарија се остварува со дишење на жабри. Во меѓувреме, патниот сообраќај, кој во време на извештајот одвај може да се каже дека постоел, доживеа експлозивен развој, но тој сé уште го нема исфрлено од игра, ниту тоа наскоро ќе се случи, железничкиот транспорт. Македонија има повеќе причини да запне во изградбата на железницата кон Бугарија. Една од нив е што Бугарија е на шесто место на трговските партнери на Македонија после Србија, Германија, Грција, Италија и Русија. Ние остваруваме размена од 515 милиони долари при што имаме извоз на стока од 243 милиони и увоз од 270 милиони долари. Друга причина е што железничкото поврзување со соседите има стратегиско значење за Република Македонија, а станува збор за прашање од меѓународна важност со оглед на тоа што оваа пруга е дел од Коридорот 8. Според процените, земјите од регионот губат најмалку по една милијарда евра годишно бидејќи на Балканот нема железничка линија по Коридорот 8 (Бугарија-Македонија-Албанија).

Ветувања за изградба на железницата во Македонија доаѓаа од повеќе политички гарнитури што се сменија на власта. Таков е случајот и со актуелната влада, која пред да дојде на власт ветуваше дека железничкото поврзување по Коридорот 8 ќе биде еден од приоритетите.

За жал, парите предвидени за капитални инвестиции најбргу се кратат од првичните буџетски проекции. Така и актуелната влада со образложение дека мора да штеди поради кризата реши да ги намали средствата за инвестиции во железничката инфраструктура од 14 милиони евра предвидени во почетокот на 2009 година со првичниот буџет, на едвај 3,7 милиони евра. Индикативно е што и во Националната програма за железничка инфраструктура се гледа дека Владата до 2012 година воопшто не планира посериозни инвестиции во железницата. Имено, во програмата се предвидени два периоди, и тоа од 2008 до 2012 и по 2012 година. Во првиот се планира подобрување на сегашната состојба на инфраструктурата, а таканаречена развојна компонента што подразбира изградба на нови пруги е оставен за вториот период по 2012 година. Тогаш, завршува и мандатот на Владата.





Патниците се дават во метежи, МЖ гајле си нема

И по три години од рестартирањето на железничката линија Скопје – Кичево, проблемите на патниците на оваа релација никако да бидат надминати. За време на викендите и празниците, а често и во другите денови, вагоните се преполни со два-три пати повеќе патници од нивниот вистински капацитет. Голем дел патници се и многу стари лица, кои немајќи место да седнат целиот пат го минуваат на нозе по ходниците или каде што ќе се најдат во моментот.

- Ние сме сега два издвоени субјекти - инфраструктура и транспорт. Овој проблем е на втората компанија, која го врши превозот на патници. Во повеќе наврати, што писмено, што телефонски, се обраќавме до централата во Скопје, на која и се посочени проблемите со кои се соочуваме. Од таму добиваме одговор дека поради економска неисплатливост не се пуштаат повеќе од два-три вагони. Нагласено им е дека барем за викендите и за празниците на оваа релација треба да се пуштат повеќе вагони за удобно патување на патниците. Но барем засега од Скопје на нашето барање нема никаков одговор - вели Кире Фиданоски, шеф на железничката станица во Кичево.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121491025116&id=9&prilog=0&setIzdanie=21861
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Dec-2009 at 14:10

Прекрасен текст, мора да се пофали Нова Македонија за досегашните аналитички текстови за железницата.

Но една омашка не од новинарот туку од добиените информации
... Од таму добиваме одговор дека поради економска неисплатливост не се пуштаат повеќе од два-три вагони. Нагласено им е дека барем за викендите и за празниците на оваа релација треба да се пуштат повеќе вагони за удобно патување на патниците. Но барем засега од Скопје на нашето барање нема никаков одговор - вели Кире Фиданоски, шеф на железничката станица во Кичево.
Вагони не идат кон Кичево него ДМВ (дизел моторен воз) - гарнитура составена од 3 коли-вагони.
Класичен воз (со вагони) не може да сообраќа бидејќи пругата е застарена и неможе да го издржи осовинскиот притисокотна на локомотивите 661 - кенеди.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Dec-2009 at 17:05


Владимир, да не мислиш на Кочани наместо Кичево?


----------------------------------------------------------------------


Во врска со текстот, односно извадоците од книгата „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во РМ“, има некои работи кои многу ми бодат очи.

Прво ова:
„Работите што се изведуваа на долниот строј заедно со објектите (мостовите и тунелите) се за елементи димензионирани за статички и динамички влијанија од брзини од 100 километри на час, па поради тоа и поради неповолните теренски услови практично не ќе може да се обезбеди брзина од 160 километри на час. За меѓународен сообраќај железничка пруга со вака ограничени брзини и без перспектива за подобрување, дискутабилно е дали ќе може да обезбеди поквалитетни услуги од постојната автопатска врска по истиот коридор, а со тоа дискутабилна е и рентабилноста на инвестицијата“, се вели во книгата.
Се слагам дека е штета што така се пристапило кон градба, но никако да не се заборава дека се работи само за многу краток сегмент во однос на целиот коридор и дека вредноста на целокупниот железнички коридор 8 ите како ќе ја релативизира оваа слабост. Дополнително, доколку е економски исплатливо, во иднина никој не може да не запре да ја надградиме делницата за поголеми брзини. Директни и еднодимензионални споредби со автопатска врска и исклучување на едното со дрогото се крајно неумесни.


Уште повеќе збунува горниот цитат кога ќе се прочита следново:
„Упатно би било да се извршат дополнителни испитувања за можност да се обезбедат решенија за брзини од 160 километри на час. Потребно е да се напомене дека за двете логични варијанти за изградба на пруга кон Бугарија, преку Крива Паланка и преку Делчево, не беа направени целосни и рамноправни испитувања и проучувања за долгорочно задоволување на примарните потреби, туку изборот беше направен врз база на нецелосна документација, исклучиво за задоволување на моменталните потреби (апсурдно за ваков вид објекти)“, се вели во книгата.

Овие експерти велат дека со оглед на тоа што изградбата на пругата преку Крива Паланка е во прекин 7 години и дека се потребни околу 400 милиони евра за да се доврши, заслужува внимание природно најповолниот коридор за железничко поврзување со Бугарија, а тоа е од Струмица до Петрич, со приближна должина од 30 километри на територијата на Македонија. Според нив, вкупната инвестиција за овој проект би чинела 4 пати помалку во однос на парите потребни за довршување на пругата преку Крива Паланка.
А по истата логика што беше наметнувана во претходниот цитат, зарем железничко поврзување преку Делчево или преку Струмица би било она што ќе може да се носи со автопат Скопје-Софија?!?

Па уште се вели дека преку Струмица бил најповолниот правец  Crazy
Да го тргнеме на страна очигледниот факт дека проекцијата за цената на ваквото поврзување е неточна со самиот факт што се спомнува само пруга Струмица-Петрич, а се заборава дека ни до Струмица немаме пруга. Но побогу, колкаво кружење на коридорот е тоа??? Со колкава брзина треба да се обраќаат возовите по овој правец, за да бидат конкурентни во однос на критикуваните 100km/h преку Куманово (и тоа конкурентни само во однос на времето на патување). 300 или 400 km/h ?!?

Крајно несериозно!

Апсолутно сум за железничко поврзување на Делчево и Струмица и од двата града понатака кон БГ, но дефинитивно треба да расчистиме кој е стратешкиот правец и кој е приоритетот. Нема никакви дилеми дека тоа е преку Куманово и Крива Паланка.


Пред еден век, а и денес, кај експертската јавност нема двоумење околу потребата за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа и тогаш и денес постои двоумење дали поврзувањето треба да биде преку Крива Паланка или преку други премини
А дали можеби и ова бескрајно двоумење има некаквва улога во бескрајното одлагање на железничкото поврзување?

Идеални решенија нема. Правиш рачуница и во еден момент пресекуваш и ги насочуваш силите кон опцијата што си ја избрал. До кога ќе се премислуваме и ќе си играме играчки??? Доста беа приказни и дефокусирање! Нека продолжи веќе еднаш да се гради почнатата пруга преку Крива Паланка, пруга верификувана и како дел од пан-европски коридор!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-Dec-2009 at 17:28
Да, ова се неколку работи кои навистина зачудуваат. Повеќе историја отколку решенија во текстов. Да, секако дека Скопје-Софија (преку Куманово и Ќустендил)   мора да е приоритет. Околу 100 км/ч би рекол дека тоа е занемарливо, затоа што не се работи за далечна дестинација па да прави некаква голема разлика.Сепак на наша територија се околу 110 (сметано од Скопје). Но, доколку со прилично ефтини корекции може да се подигне брзината уште при првичната градба, тоа е добредојдено. Исто така незнам за каква брзина е градена пругата Софија-Перник-Ќустендил, но сигурно сегашната експлоатациона брзина не е повисока од 80 до 100км/ч оптимистичка варијанта. Мене повеќе ми боде очи електрификацијата.
Исто така не е воопшто точно дека се подигнати НЕКОЛКУ СТОЛБА на трасата. Секој што патувал накај Бугарија се уверил дека се работи за навистина долги ем многубројни мостови и тунели, така што едноставно да ја заборавиме (или замениме) трасата да си скапе е безумие!

Потоа треба да се гледа железничката мрежа на соседот со коишто се поврзуваме. Во Бугарија, на делот коишто се граничи со Делчево и Струмица има само една пруга и тоа Софија-Радомир-Дупница-Благоевград-Петрич-Солун. И да се врземе со оваа пруга преку Делчево и Струмица, ние нема да ја заобиколиме Софија па да го скратиме патот за Пловдив, Варна, Бургас, Истанбул или скраја Дунав, Романија и Русија. Пак ќе треба да се оди северно преку Софија. Единствено локално значење би добиле.



Но, за земја во која 30% од популацијата живее во главниот град и огромен дел од индустријата е концентрирана во Скопје, треба да се приоретизира токму пругата преку К. Паланка. Кога ќе го изградиме комплетно К8 и ќе ги рехабилитираме сите пруги, тогаш може да се мисли за пруги кон Делчево-Благоевград и Струмица - Петрич.


Edited by Andrej_LJ - 14-Dec-2009 at 17:29
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 14-Dec-2009 at 17:53
Originally posted by Andrej_LJ

Исто така незнам за каква брзина е градена пругата Софија-Перник-Ќустендил, но сигурно сегашната експлоатациона брзина не е повисока од 80 до 100км/ч оптимистичка варијанта.
Да и тоа треба да се земе во предвид.

Минатата година во нишката за железничка инфраструктура се осврнав на пре-физибилити студијата за железничкото поврзување долж коридорот 8, изработена од секретаријатот за коридор 8 во Бари кој е под покровителство на италјанската влада.

http://www.build.com.mk/docs/FDL_final_report.pdf


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12959#12959:
Во студијата е прилично добро објаснето дека за финансиска одржливост на проектот под нормални услови, неопходно е комплетно поврзување Бургас-Драч

Инаку еве некои проценки за потребните инвестиции:

За Македонија
- изградба на Кичево-Струга = 130 милиони евра
- изградба на Струга-АЛ = 70 милиони евра
- довршување на работите на Куманово-БГ = 205 милиони евра
- изградба на мултимодални терминали во Скопје и Струга = 18 милиони евра вкупно

За Албанија
- изградба на Лин-МК = 6 милиони евра
- ургентна реконструкција на Драч-Лин за обезбедување минимални безбедносни услови = 50 милиони евра
- темелна реконструкција на Драч-Лин до стандарди што ќе се носат со остатокот од коридорот во Македонија и Бугарија = дополнителни 140 милиони евра
- исто така и огромни инвестиции во модернизација, проширување и продлабочување на пристаништето во Драч, за што студијата не дава попрецизни проценки.

За Бугарија
-
довршување на Ѓуешево-МК =10 милиони евра
- темелни зафати во модернизација на Радомир-Ѓуешево = 220 милиони евра
Интересно, Бугарија планира и сосема нова пруга Ѓуешево-МК, бидејќи постоечката има многу лоши технички карактеристики, на пример радиус на кривина од 230m, што за железница е навистина ужасно... може да се претпостави дека ова ќе чини цело богатство, затоа што теренот е тежок, слично како кај нас околу Паланка.


Сосема извесно делот Софија-Радомир е во далеку подобра кондиција отколку Радомир-Ѓуешево, но и покрај тоа овие бројки кажуваат поинаква приказна од тоа што беше цитирано во Нова Македонија.




Edited by Cloverstack - 14-Dec-2009 at 17:54
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Dec-2009 at 20:51
Originally posted by Cloverstack



Владимир, да не мислиш на Кочани наместо Кичево?
----------------------------------------------------------------------
Едно читам друго гледам, трето пишувам Wallbash
 
 
Иначе еве колку е актуелен коридорот
 


Edited by Vladimir P - 14-Dec-2009 at 21:08
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Dec-2009 at 22:20

Пругата кон Бугарија на слеп колосек

Евентуалниот влез на земјава во европското семејство на површина ќе ја исфрли неспособноста на македонските власти десетина години да го довршат железничкото поврзување со Бугарија

Само 89 километри недоградена пруга се причината поради која Македонија и Бугарија може да влезат во историјата како единствените земји-членки на Европската Унија кои немаат железничка врска. Евентуалниот влез на земјава во европското семејство на површина ќе ја исфрли неспособноста на македонските власти десетина години да не можат да ја довршат пругата, која е дел од значајниот Коридор 8, што се протега од бугарското пристаниште Бургас преку Скопје до градот Валона во Албанија.

По 15-годишно градење на железницата, неколку менувања на трасите и потрошени повеќе од 100 милиони евра, нашата земја единствено успеа да истрасира земјен дел што стасува некаде пред Крива Паланка и неколку железнички мостови на кои веќе има оштетувања. Дотраен мост на реката Пчиња кај кумановското село Клечовце, на кој изгниени дрвени греди и лимени крпеници ги придржуваат металните шини, е крајната изградена делница од „линкот со Европа“. За целосно железничко поврзување со Бугарија недостигаат уште 89 километри пруга. Состојбата е таква откако пред пет години градежните активности беа прекинати без подетаљно објаснување, механизацијата повлечена, а веќе изградените делови оставени на забот на времето.

Издадените метални прачки кои одненадеж завршуваат, а продолжува само истрасиран земјен пат, се потврдата за тоа колку земјава е блиску, а сепак далеку од европското семејство.

- И да ги постават шините над новата траса, пругата што веќе постои не е употреблива. Најголем дел од металните прачки се украдени и продадени како старо железо. А овој мост не може да издржи човек да помине, а не воз - велат мештаните од селото Клечовце.

Од бугарска страна, пак, недостигаат само 2,5 километра пруга, за кои властите во Бугарија велат дека се најмалата пречка за изградба на коридорот. Сепак, и за нив приоритет е изградбата на железничко-патната делница на трасата од црноморското пристаниште Бургас до албанскиот град на Јадранското Море, Драч. За да се реализира овој проект, ќе искористат пари од фондовите на Европската Унија, како и пари обезбедени по пат на јавно-приватно партнерство.

- Изминатиов период склучивме повеќе договори за успешно функционирање на Коридорот 8. Меѓу другото, за овој период предвиден е ремонт на железничката пруга на делниците Варна-Софија и Бургас-Софија, со што ќе се зголеми брзината на движење на возовите. Во процес на проектирање е магистралата Радомир- Ќустендил, што ќе ја поврзува Бугарија со Македонија - велат од извршната агенција „Железничка управа“ од Бугарија.

Според процените на бугарските власти, земјите од регионот годишно губат најмалку милијарда евра поради недоизградената транспортна мрежа на Коридорот 8.

Од македонското Министерство за транспорт и врски велат дека испратиле апликација до Европската комисија за финансирање на студија за оправданост на делницата Куманово-Деве Баир. Процените се дека изградбата на железничката пруга ќе чини 157 милиони евра, во кои се вклучени и надомест за штетите што ги претрпеа градежните фирми поради прекинот на работите на пругата пред пет години.

- Доколку се одобри апликацијата, се очекува студијата да биде завршена во рок од половина година. Во однос на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, на почетокот од следната година е предвидена изработка на главниот проект за трасата, при што ќе треба да се распише тендер за изработка на идејни проекти за мостови и тунели, како и физибилити студија - велат од Министерството за транспорт.

Според претходните најави на ресорното Министерство, тој проект требаше да биде готов уште во септември, но засега нема одговор на што се должи новото одложување на рокот. Македонската Влада во планирањето на секој годишен буџет предвидува пари за довршување на пругата кон Бугарија, но секоја година ги пренаменува парите оставајќи ја таа инвестиција за некои подобри времиња.

Наспроти проблемите што на нашата земја и ги создаваат фамозните 89 километри, останатите земји од ЕУ се светлосни години напред. Така, на пример, данскиот град Копенхаген и шведскиот Малме се поврзани со железнички мост преку Балтичкото Море долг 16 километри. Мостот „Оресунд“ беше пуштен во употреба во 2000 година, по четиригодишна изградба. Преку него со воз се стига од едната до другата земја по дваесетина минути патување. Пред два месеца данските власти потпишаа спогодба со Германија за изградба на нов, 20-километарски мост што ќе ги поврзе двете земји. Новиот мост ќе има четири патни и две железнички линии и ќе биде најдолг во Европа.

Даница Тунтевска


Трошоците постојано растат

На почетокот на изградбата на пругата, пред петнаесетина години, тогашниот премиер од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, најави дека таа ќе биде готова за една година. Оттогаш работите неколкупати беа прекинувани, а трошоците неколкупати се зголемија. Од почетните 120 милиони долари, трошоците достигнаа 336 милиони долари, покажуваат последните пресметки.

Пред неколку години изградбата целосно беше прекината и одложена на неодредено време, иако дотогаш во железницата беа вложени 125 милиони долари и изградени беа околу 45 отсто од трасата. Македонската градежна фирма „Бетон“ ја тужеше државата и бараше околу 2,4 милиона евра поради разлика во цените и изгубен профит. Раководството на компанијата тогаш предупреди дека стопираната изградба ќе биде погубна и дека повеќекратно ќе ја зголеми цената на целиот проект.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=152294422B43B545B2F17D2F688522E6


Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 22:20
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-Dec-2009 at 22:39
Originally posted by Vladimir P

Вагони не идат кон Кочани него ДМВ (дизел моторен воз) - гарнитура составена од 3 коли-вагони.
Класичен воз (со вагони) не може да сообраќа бидејќи пругата е застарена и неможе да го издржи осовинскиот притисокотна на локомотивите 661 - кенеди.
Грешка си Владимир...Кенеди 661 може да сообраќа на оваа релација но со ограничена брзина и тоа:
Велес-Тошо Арсов со 50 км/час
Тошо Арсов-Штип со 50 км/час
Штип-Соколарци со 50 км/час
Соколарци-Кочани со 20 км/час
Ова е извадок од новиот Возен Ред кој важи од 13.12.2009 до 11.12.2010 година.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Dec-2009 at 01:24
Хм, дали тоа значи дека Шпанецот за Кочани сообраќа со поголема брзина од 50 километри на час.
Ме интересира дали се прават некои размислувања за реконструкција на пругата од Велес за Битола. Со новиот возен ред времетраењето на патувањето кон Битола е зголемено на околу 3 часа и 45 минути, а повторно возовите доцнат. Мислам дека 4 саата патување во просек, без никакви дефекти и проблеми при патувањето, се премногу за оваа релација.
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Dec-2009 at 17:36

Шпанецот од Скопје до Кочани сообраќа со следнава брзина:

Скопје-Јане Сандански со максимум 100 км/час
Јане Сандански-Велес со максимум 80 км/час
Велес-Кочани со максимум 50 км/час
Инаку на пругата на релација Велес-Битола не се планира некоја поголема реконструкција а со новиот возен ред возовите од Скопје до Битола сообраќаат со следно времетраење:
4901 сообраќа 3 часа и 45 минути
4903 сообраќа 3 часа и 45 минути
4905 сообраќа 3 часа и 43 минути
Доцнењата на возовите на оваа релација се најчесто поради дефекти на парниот генератор на локомотивите 661.За овој возен ред и за оваа зима МЖ располага со вкупно 4 локомотиви од серија 661 со исправен парен генератор кои сообраќат на релација Скопје-Битола и Скопје-Кичево.Доволни ли се само 4 такви локомотиви за да се покријат овие релации???????
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Dec-2009 at 17:47
Originally posted by zookisk


Грешка си Владимир...Кенеди 661 може да сообраќа на оваа релација но со ограничена брзина и тоа:
Велес-Тошо Арсов со 50 км/час
Тошо Арсов-Штип со 50 км/час
Штип-Соколарци со 50 км/час
Соколарци-Кочани со 20 км/час
Ова е извадок од новиот Возен Ред кој важи од 13.12.2009 до 11.12.2010 година.

Зоки во право си, НО сето тоа што го велиш е во забелешка *, или просто речено само во екстремни случаеви таа локомотива може да се пушти по таа траса која е означена со слаб горен слој (не само сто ќе отиде трасата него и самите венците на лок).

Иначе во истата књига пишува дека тамо можат да сообраќат локомотивите 642, 642, 732,734. Тука се подразбира и „Шпанецот“
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 20-Dec-2009 at 00:00
Навистина не ми е јасно како е воопшто возможен сообраќај со 4 дизел локомотиви со исправен парен генератор, кога два пара од возовите Скопје-Битола-Скопје се пресретнуваат, а за Кичево е потребна дополнителна локомотива, а и како воопшто се одвива сообраќајот кон Приштина.
Навистина е жалноDunno!  
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 20-Dec-2009 at 00:45
И замисли што се случува кога една од овие локомотиви ќе дефектира??? Инаку за оваа зима исправен парен генеератор имаат:
МЖ 661-223
МЖ 661-235
МЖ 661-236
МЖ 661-238
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 20-Dec-2009 at 00:52

Распоредот на сообраќање на локомотивите 661 за 24 часа за Битола и обратно изгледа вака:

Локомотивата од воз 4901 се враќа со воз 4902 па истата таа локомотива по доаѓањето на 4902 во Скопје се намирува во депо Лисиче и повторно оди за Битола со воз 4905 а се враќа ноќта со воз 4900...
Локомотивата од воз 4903 се враќа со воз 4904 и по враќањето во Скопје локомотивата оди во депо Лисиче и после паузата оди на чело на воз 6900 или 6902 за Кичево...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.