build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коридор 8
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 21-Jan-2011 at 17:34

Сега има пари за железницата

 
Не е точно дека Македонија не презеде обврски кога го прифати овој кредит. Напротив, се обврза дека ќе продолжи со политика на стабилен девизен курс и релативно ригидна макроекономска политика, со која дваесетина години нашата земја не мрдна од место  

 
%20  
Ако до пред извесен период Владата, бизнисмените и дел од експертската јавност беа против задолжување на Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд, денес речиси никој не се противи што земјава зема кредит од 475 милиони евра од оваа меѓународна финансиска институција. Среќни се банкарите, кои предупредуваа дека состојбата во Македонија може да биде критична доколку не влезат свежи пари, а задоволни се и некои од бизнисмените, кои укажуваа дека без прилив на свеж капитал нема да има подобрување на ликвидносната состојба кај македонските компании. Со задолжувањето кај ММФ, Владата ја замолчи и опозицијата, на која монетарците и се стари пријатели. Сите се задоволни иако до пред извесно време ММФ беше на големо критикуван поради ригидните политики што ги наметнуваше во земјите со кои склучуваше различни кредитни аранжмани.

Истите личности што порано го критикуваа фондот, сега велат дека оваа институција е целосно променета и дека нивното влијание врз државите со кои соработува е сведено на минимално ниво. Станува збор за образложение во кое е тешко да се поверува, особено ако се земе предвид онаа народната со волкот, влакната и карактерот. Полесно е да се поверува дека актуелната влада во изминативе две-три години водеше ригидна политика по вкусот на монетарците, кои, како награда, од Македонија направија прва земја-добитник на таканаречениот кредит за претпазливост. Не е точно дека Македонија не презеде обврски кога го прифати овој кредит. Напротив, се обврза дека ќе продолжи со политика на стабилен девизен курс и релативно ригидна макроекономска политика со која дваесетина години нашата земја не мрдна од место.

Сепак, и по вчерашната прес-конференција на која вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неколку пати укажа дека одобрувањето на кредитот е големо признание за економските политики на Владата, остана нејасно дали овие пари воопшто ќе се употребат или ќе лежат на државната сметка и ќе се чуваат како осигурување во случај да дојде до влошување на економските текови во Европа. Тој кажа дека Владата може да ги користи овие пари за сите намени предвидени во буџетот и со економските програми за годинава и за 2012 година, но доколку биде потребно. Навистина би било глупаво да позајмиме толку многу пари за да лежат на банкарска сметка за некаква мала камата. Во пазарно ориентирани економии е познато дека пари се позајмуваат за реализација на некој бизнис-план или идеја, која ќе креира доволно профит да се врати заемот и да остане заработка и за претприемачот.
Кога станува збор за држава, единствен начин да се профитира од подигање заем од речиси половина милијарда евра е тие пари да се инвестираат во инфраструктурни проекти. Инфраструктура е широк поим и токму затоа Владата треба да се концентрира на неговото потесно, да не речам вистинско значење. Значи, овие пари да не се користат за изградба на тениски игралишта, фудбалски терени или, пак, скулптури, споменици и слични ситни проекти. Не е дека вакви спортски објекти не се потребни, ама сигурно не се приоритетни. Можеби носат здравствено-физички поврат на капиталот, ама не и економски пораст. Профит не носат ниту објектите од културата. Затоа, единствен легитимен начин да се потрошат парите од ММФ е да се инвестира во патната и железничката инфраструктура, кои се во очајна состојба.

Владата годинава планираше да се задолжи за околу 320 милиони евра, и тоа со издавање еврообврзница и преку други канали, а не преку ММФ. Тоа значи дека таа сега располага со 475 милиони евра, пари што може да ги користи за што сака. За завршување на пругата кон Бугарија, според пресметките, се потребни 400 милиони евра. Доколку Владата во следните две години реши барем 200 милиони евра да инвестира во доизградба на оваа пруга, тоа би бил огромен поттик за градежниот сектор, за кој Владата тврди дека ангажира уште дваесетина други индустриски гранки. Тоа значи дека сега пари има и дека на Владата останува да демонстрира политичка волја конечно да почне со реализација на голем инфраструктурен проект, како што е изградбата на пруга кон Бугарија, и при тоа да и останат уште најмалку 75 милиони евра од парите од ММФ за други проекти.

Crazy
Crazy

извор: Нова Македонија


Edited by Danielbtmk - 21-Jan-2011 at 18:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 21-Jan-2011 at 18:07
Зашто никој не сваќа дека не е ова никаков подарок. Од кога се изнаредија на наводните двеста милиони за ск14 сега ова е втора рунда, сите експерти за буџет. Овој еден текст не е ништо со она допрва што веројатно ќе го читаме. Единствено Македонија ќе има поголем дозволен минус. Кога ќе земете кредитна картица одма ли го повлекувате целиот дозволен минус или се оддржавате на позитивна нула, па минус е некоја само флексибилност за вонредни потреби и издатоци. Ќе се ослободи малку повеќе стопанството, стамбена изградба веројатно, но ништо спектакуларно.

Не исклучувам можности ни некој близок до владата да погрешно го сватил ова и да го гледа како вреќа пари на подарок.



А изградбава не знам конкретнокако стои Бугарија во желбата да се поврзе со Македонија железнички. Некако мислам дека се многу ноншалантни по прашањево. Барем да сакаа некако многу, ќе имавме некои гласини од економски причини, од идеолошки причини, од многу, ќе имаше бугарско лобирање да се доделат на Македонија европски пари. Не исклучувам ни нивно учество. Некако мноу тишина по ова прашање.

Edited by lslcrew - 21-Jan-2011 at 18:09
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 21-Jan-2011 at 18:55
Сепак од како ќе се прочита внимателно, се гледа дека е Непрофесионално напишано. Иако тие се 475 милиони евра, тие се во случај Македонија да влезе во поголема финансиска криза и да се искористат во исклучителни моменти за покривање на загуби. А не за слободно искористување за што сакаме..  

Crazy
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 29-Jan-2011 at 14:20

Za vakvi kapitalni investicii ich ne treba da mu se misli samo da ne se napravi golema dupka vo budzetot inache sto po brzo treba da se napravat. Ovie investicii ke donesat poveke stranski kapital a isto taka transportot ke se razraboti pogotovo preku Albania i Bugarija ete sega i vo Kosovo pravat prugi taka da ke mora i na toa da se misli. Makedonija e naj malku zadolzena od site drzavi vo Bivska SFRJ pa duri i Kosovo, toa se dolgorocni i mnogu bitni kapitalni investicii a ke se dobijat i dosta sredstva od EU pogotovo prema Bugarija koja e chlenka na EU i dvete nashi drzavi ke apliciraat zaedno za grantovi ke bide dobro za site posto i drugite drzavi od EU ke dobijat moznost da gi koristat ovie Zeleznici,Gasovodi,Hidrocentrali i taka nataka ova ke bide zaednicka investicija.

Slovenija duzi 35 miljardi evra a po mala drzava e od Makedonija taka da mislam deka so 400 miljoni evra nema do tolku da se zaglibime, so domakinski budzet i so Evropski grantovi i kredeti mislam deka moze da pocnat i da ja gradat zeleznicata.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 29-Jan-2011 at 18:09
Нашиот буџет веќе 3 години наназад секогаш е со дефицит од 200.000.000 евра (пред ребалансите, после излегува уште повеќе дефицит). Годинава имавме проектирани приходи 1.400.000.000 евра, а расходи 1.600.000.000 евра, така што место тие 200.000.000 да одат за плати за вишокот во јавната администрација може слободно некој некогаш да ги инвестира во инфраструктура. Три буџетски години по 200.000.000 евра вложени во нешто корисно, а не во „сигурни гласови на следните избори“, ете ти ја цела држава во ред.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 29-Jan-2011 at 22:45
Originally posted by lslcrew

Зашто никој не сваќа дека не е ова никаков подарок. Од кога се изнаредија на наводните двеста милиони за ск14 сега ова е втора рунда, сите експерти за буџет. Овој еден текст не е ништо со она допрва што веројатно ќе го читаме. Единствено Македонија ќе има поголем дозволен минус. Кога ќе земете кредитна картица одма ли го повлекувате целиот дозволен минус или се оддржавате на позитивна нула, па минус е некоја само флексибилност за вонредни потреби и издатоци. Ќе се ослободи малку повеќе стопанството, стамбена изградба веројатно, но ништо спектакуларно.

Не исклучувам можности ни некој близок до владата да погрешно го сватил ова и да го гледа како вреќа пари на подарок.



А изградбава не знам конкретнокако стои Бугарија во желбата да се поврзе со Македонија железнички. Некако мислам дека се многу ноншалантни по прашањево. Барем да сакаа некако многу, ќе имавме некои гласини од економски причини, од идеолошки причини, од многу, ќе имаше бугарско лобирање да се доделат на Македонија европски пари. Не исклучувам ни нивно учество. Некако мноу тишина по ова прашање.

Това што можам да кажам е дека Бугариja има изградена пруго до последното село Гуешево. Границата ке се поминува во тунел и Бугариja има почнато да го копа. Реално от последната пруга до границата има 1-2 км. Има проект за рехабилитациja на самата пруга со европски пари,заштото е стара,но е предвидена во новиот програмен период от 2014-2020.
Еве и приоритетите на владата за изградба и рехабилитациja на пругите до 2020 година.
Еве
А това е целата мрежа на железницата.
Еве
Вакви големи капитални инвестиции не можат да се случат преди да влезете во ЕУ. Предпристапните фондови нема да финансират един ваков голем обект. Това е работа на оперативна програма "Транспорт",но за членки на ЕУ.
Во моментот се дава приоритет на автопатиштата во БГ,като един дел от нив са по коридор 8(автопатот Тракиja) ,а се предвидува за подобруване на трасето на пругата по коридор 8 от Бургас до Софиja.

Edited by ink - 29-Jan-2011 at 22:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 31-Jan-2011 at 00:56
Plugger,

И јас сум целосно за тоа разните проекти од К8 да бидат врвни државни приоритети (вистински, а не само декларативно) и на нив навистина да се работи многу посветено, а не само да се верглаат фалби и флоскули. И да, ќе се сложам дека тие проекти треба да се туркаат и по цена на позамашно задолжување (иако е факт дека има прилично домашни средства, само што ужасно лошо се менаџираат и насочуваат)... Но во твојот пост со преголема леснотија нафрлаш работи кои едноставно не се точни. На пример кои се тие пруги што се градат на Косово? Или по кој критериум Словенија е помала од Македонија и каква врска има тој критериум со надворешниот долг? Словенија има БДП многукратно поголем од нашиот и кога правиш споредби за задолженоста, тоа е цифрата која треба да се земе во предвид, бидејќи клучен е процентот на задолженост во однос на БДП. Патем треба да разграничиш дали зборуваш за државен долг или вкупен надворешен долг (кој ги вклучува и приватните субјекти), но и во двата случаи веќе не стоиме воопшто розево, а бидејќи статистичките податоци вообичаено се малку постари, со оглед на темпото на задолжување што го имаме во последните 2 години, не би било ништо чудно веќе да сме таму некаде во словенечко друштво.


Edited by Cloverstack - 31-Jan-2011 at 01:00
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 31-Jan-2011 at 11:21
Треба многу внимателно да се гледа на секое ѕадолѕување, посебно за вака гоелми проекти. Дали навистина ке донесе економски бенефит. НИсто од К8 ако бугарија не биде ѕаинтересирана. А не е бидејки тоа е чист политички прект, без економска оправданост, а сега не е време ѕа градење политички проекти. Мислам дека таа повеке е ѕаинтересирана да го модерниѕира правецот Софија Ниш, тоа и е единствена врска за поврзување со Европа.
Ако веке се најдат некои пари поарно е тие да се вложат во модернизација на постоечките пруги, а К8 ке чека подобри времиња
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 31-Jan-2011 at 14:19

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=13111735475&id=10&prilog=0&setIzdanie=22194

Владата ќе гради пруга кон Бугарија откако ќе и заврши мандатот


 

Во новата Национална програма за железничка инфраструктура 2011-2013 година почетокот на изградбата на пругата, која е дел од Коридорот 8, се предвидува во 2012 година, кога истекува мандатот на актуелната влада

 
 
%20  

Изградбата на пругата кон Бугарија ќе почне во 2012 година и се планира да заврши до 2018 година, предвидува Владата во новата Национална програма за железничка инфраструктура 2011-2013 година. Почетокот на изградбата на пругата, која е дел од Коридорот 8, е во истата година кога истекува шестгодишниот мандат на актуелната влада.

Во програмата се констатира и потребата за изградба на пруга кон Албанија, но освен тоа што се вели дека за овој проект е потребна подготовка на студија и дека изградбата би траела шест години, не е предвиден датум за почеток.

Македонија е една од ретките земји во Европа која нема железничка врска со две соседни земји (Албанија и Бугарија). Според процените дадени во националната програма, за да се реализира оваа инвестиција во инфраструктурата потребни се околу 845 милиони евра. Според процените на Владата, за изградба на источниот дел од Коридорот 8, односно пругата Куманово – Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија) во должина од 89 километри потребни се вкупно 480 милиони евра. За изградба, пак, на пругата Кичево - граница со Република Албанија во должина од 70 километри потребни се околу 300 милиони евра. За целосно да профункционира железничката врска Албанија - Македонија - Бугарија потребна е реконструкција и на пругата Кичево - Скопје – Куманово, што би чинело 65 милиони евра.
Владата планира поголем дел од овие пари да обезбеди преку задолжувања, грантови и од фондови, а само мал дел од финансиската конструкција за изградба на пругите е предвидено да се земе од државниот буџет. Иако се потребни огромни средства за доизградба на пругите по должината на Коридорот 8, Владата планира за реализација на националната програма во наредните две години да потроши околу 100 милиони евра, од кои многу мал дел ќе биде наменет за реализација на проектите од овој коридор.

Итен ремонт или ограничување на брзините

На повеќе делници од Коридорот 10 последен пат ремонт им бил извршен пред повеќе од 30 години, додека на пругите од Коридорот 8 последен пат ремонт бил извршен пред 40 години. Во програмата се констатира дека станува збор за очајна состојба.

„Поради тоа што инвестициското одржување во последните декади било вршено со многу мал интензитет, се наметнува потребата од негово значително зголемување или ќе биде потребно да се воведат ограничувања на брзините на делници во блиска иднина“, се вели во програмата.

Во Владата констатираат дека најголем број делници се со животен век на колосекот кој се приближува кон 40 години (околу 100 км) и доколку нема поголеми инвестиции во иднина, трошоците за одржување би се зголемиле значително. Поради тоа, во наредниот период се планира ремонт на пругите по Коридорот 10 и тоа на делниците Табановци - Куманово, Ногаевци - Неготино и Миравци - Смоквица, како и реконструкција на железничката пруга Битола - Кременица.

Карактеристики и последна година на ремонт на пруга по Коридорот 8

   Делница                   должина    старост    последна година на ремонт

Ѓорче Петров - Тетово     41,8            41          1968
Тетово - Гостивар            24,4            41          1968
Гостивар - Кичево           36,6            40

Старост на делови од колосекот по Коридорот 10

   години километри дел од Коридорот 10

40-46           52                 24,6%
30-39          117                54,4%
20-29           27                 12,6%
10               18                  8,4%

 
   
Автор: Владимир Николоски



Edited by Cloverstack - 31-Jan-2011 at 20:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 02-Feb-2011 at 00:43
Originally posted by nenad

Треба многу внимателно да се гледа на секое ѕадолѕување, посебно за вака гоелми проекти. Дали навистина ке донесе економски бенефит. НИсто од К8 ако бугарија не биде ѕаинтересирана. А не е бидејки тоа е чист политички прект, без економска оправданост, а сега не е време ѕа градење политички проекти. Мислам дека таа повеке е ѕаинтересирана да го модерниѕира правецот Софија Ниш, тоа и е единствена врска за поврзување со Европа.
Ако веке се најдат некои пари поарно е тие да се вложат во модернизација на постоечките пруги, а К8 ке чека подобри времиња


Се разбира дека кон секое задолжување треба да се пристапува внимателно. Но дека К8 е неисплатлив и дека е чисто политички проект никако не можам да се сложам. Правени се студии за исплатливост, не дека не се правени. А во политиката треба да ја бараме причината зошто тој досега не е изграден, а не обратно. Нема ништо економски логично во тоа да немаме железничка врска со два од нашите четири соседи. И уште се прогласуваме за крстосница на балканот...

Исто така не можам да се сложам дека единствено треба да се насочиме кон постоечката мрежа, а К8 да сме го оставале за „подобри времиња“ (а тие подобри времиња со таков пристап всушност никогаш нема да дојдат). К10 секогаш ќе има поголема тежина од К8, но тоа не значи дека треба да запоставиме се друго за сметка на К10. Тоа во нашиот случај е уште поважно поради константните грчки блокади. Еве разгледај на следниов линк, состојбата е буквално критична и ја гуши нашата економија:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=967

Зошто сите средства да ги вложиме таму, а да ја игнорираме алтернативата за излез од таа ситуација? Тоа ми звучи максимално мазохистички.

Да се навратам на студиите за железничкиот К8 низ Македонија. Од тоа што имам јас прочитано, неговата финансиската исплатливот не е спектакуларна и зависи од доста фактори, но сепак е реално остварлива, дури и доколку не ги земаме во предвид грчките блокади на К10. Многу поважно од тоа, никако не смееме да се ограничуваме само на бројки како време на поврат на инвестицијата и слично. Приказната не завршува со салдото на субјектот кој ќе оперира со таа пруга. Постои и поширока економска исплатливост, односно бенефитот на целата економија. Пругата и коридорот ќе овозможат создавање на значителен обем на дополнителен бруто домашен производ кој уште повеќе ја оправдува оваа стратешка инвестиција. Треба да се земе во предвид и генералниот позитивен општествен ефект од поврзувањето на региони, зголемување на мобилност на населението, еколошки придобивки и редица други. Тоа се сврзани садови и позитивните ефекти се мултиплицираат. Исто така К8 нема да функционира единствено сам за себе, туку и во пракса ќе се оствари вкрстувањето на коридорите во Македонија, што ќе донесе многу поволности и ќе отвори огромни нови можности.

Единствено можам да кажам дека е неодговорност од криминални размери, што толку долги години надлежните не се посветија сериозно на проектот. Устите им се стално полни со прикаски за К8, а реализација нула. Дури и да поверуваме во последната тура ветувања, па дури и се да тече без никакви одолговлекувања, поврзување со Бугарија би имале дури во 2018, а со Албанија сеуште не кажале прецизно. Зарем тоа не е доволно бавно, па да ни треба уште дополнително одлагање за „подобри времиња“ ?



А еве баш и една денешна статија околу големите проблеми што ги имаме со К10. Не е преголема случајност што се погоди баш денеска, бидејќи грчките блокади на К10 се практично секојдневна појава:
ПОРАДИ ЧЕСТИТЕ БЛОКАДИ ВО ГРЦИЈА
Компаниите креваат раце од Солун

Рада И. Маневска


Компаниите почнаа скромно да ги користат услугите на пристаништата во Бар, Драч и во Бургас, тврдат шпедитерите. Тие и самите ги советуваат така за да се избегнат загубите од честите блокади што ги прават Грците на патничкиот и на железничкиот транспорт, со што се оневозможува стоката од Солун да пристигне во предвидените рокови. Пристаништата во Грција, Албанија и во Бугарија се поевтини, но транспортот од таму е скап. Затоа, компаниите најчесто ризикуваат и ја носат стоката преку солунското пристаниште. Понекогаш ова може да ги чини повеќе отколку да дошла од Бугарија.
- Кога стоката доцни со испораката или ако е леснорасиплива транспортерите двојно плаќаат пенали. Често се случува и компаниите за кои се врши превозот, поради штетата што ја претрпеле, да не платат за извршената услуга - вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“. Според неа, дополнителен проблем за превозниците е и тоа што во Грција не се почитува меѓународно правило според кое при блокади мора да се остави отворена лента за транспорт на свежа храна, хемикалии, отровни материи.
Поради доцнењето со превозот, компаниите што извезуваат или увезуваат, може и да го испуштат и резервираниот поморски транспорт, што создава уште поголеми штети бидејќи се плаќа лежарина на стоката.
- Годинава нема некои поголеми застои, но загубите се помали бидејќи целата стока не оди преку Грција. Дел од компаниите веќе се преориентираа кон алтернативните пристаништа, но се уште има компании што поради пониските цени, и покрај застојот, го одбираат солунското пристаниште. Клиентите ги советуваме да ги користат Драч и Бар за да ги одбегнат евентуалните загуби - вели Стевица Чарапиќ од Здружението на шпедитери при Стопанската комора. Вчера поради преселба на пограничните грчки власти во нова зграда, привремено беше затворен граничниот премин „Меџитлија“. Грците имаат чести блокади на воздушниот, патниот и на железничкиот сообраќај поради економски барања.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2230&ArticleID=155619

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 02-Feb-2011 at 02:13
Коридорите треба да се евроспки проекти и освен тамо Македонија и неможе не ни треба со совојата големи на ги спроведува. не се балканските држави германија франција да спроведуваат проекти што кај нас што се државни во овие земји да се регионални на една регионална државна единица. Па така и тие тамо што се државни тука се регионални на повеќе држави. Македонија првенствено треба да и биде задача да ги има покриено овие коридори со добри магистрални правци кои ќе чекаат надоградба до автопат кога ќе се реши европа да ги крена на ниво, и да си ја покрие домашната регионална мрежа без да и недостасуваат ни малку од правците што се предвидени. Тие и не се градат толку за нас колку што се за надворешниот сообраќај. Нормално треба да си имаме зафати да бараме европско инвестирање во овие коридори и регионална соработка.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 02-Feb-2011 at 08:36
 
Изградбата на пругата кон Бугарија ќе почне во 2012 година и се планира да заврши до 2018 година
 
Pa falat 37-8 kilometri do Bugarska Granica, ke im trebaat celi 6 godini da izgradat tolkava pruga? Se nadevam deka e greshka i deka toa ke bide celiot Koridor 8 posto toa e previse sporo da se cheka tolku mnogu za edna zheleznicka pruga. Srbija najavi deka celiot Koridor 10 od nivna strana ke bide gotova do 2012 godina a nie ushte se vlechkame.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 02-Feb-2011 at 11:32
Originally posted by Plugger

 
Изградбата на пругата кон Бугарија ќе почне во 2012 година и се планира да заврши до 2018 година
 
Pa falat 37-8 kilometri do Bugarska Granica, ke im trebaat celi 6 godini da izgradat tolkava pruga? Se nadevam deka e greshka i deka toa ke bide celiot Koridor 8 posto toa e previse sporo da se cheka tolku mnogu za edna zheleznicka pruga. Srbija najavi deka celiot Koridor 10 od nivna strana ke bide gotova do 2012 godina a nie ushte se vlechkame.


Plugger, информацијата е точно наведена, всушност кога за ремонт на пругата Битола-Кременица предвидуваат 2-3 години за 20-тина километри, тогаш што останува за овој недограден дел до бугарската граница. Инаку не станува збор само за доградба, состојбата од Куманово до Бељаковце во моментов е таква што би било подобро одново да се почне со градбаBash.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 02-Feb-2011 at 13:27
Originally posted by Cloverstack


Се разбира дека кон секое задолжување треба да се пристапува внимателно. Но дека К8 е неисплатлив и дека е чисто политички проект никако не можам да се сложам. Правени се студии за исплатливост, не дека не се правени. А во политиката треба да ја бараме причината зошто тој досега не е изграден, а не обратно. Нема ништо економски логично во тоа да немаме железничка врска со два од нашите четири соседи. И уште се прогласуваме за крстосница на балканот...Исто така не можам да се сложам дека единствено треба да се насочиме кон постоечката мрежа, а К8 да сме го оставале за „подобри времиња“ (а тие подобри времиња со таков пристап всушност никогаш нема да дојдат). К10 секогаш ќе има поголема тежина од К8, но тоа не значи дека треба да запоставиме се друго за сметка на К10. Тоа во нашиот случај е уште поважно поради константните грчки блокади. Приказната не завршува со салдото на субјектот кој ќе оперира со таа пруга.

Постои и поширока економска исплатливост, односно бенефитот на целата економија. Пругата и коридорот ќе овозможат создавање на значителен обем на дополнителен бруто домашен производ кој уште повеќе ја оправдува оваа стратешка инвестиција. Треба да се земе во предвид и генералниот позитивен општествен ефект од поврзувањето на региони, зголемување на мобилност на населението, еколошки придобивки и редица други. Тоа се сврзани садови и позитивните ефекти се мултиплицираат.



Prvo, ne velam deka ne e dobro da se ima povrzanost so Bugarija i Albanija. Mojata teza e deka toa ne e isplatlivo i deka pred se e politicki proekt. I toa na site zainteresirani zemji, bugarija, Makedonija, Albanija. No surov fakt e deka tie dve zemji ne se tolku zainteresirani za K8, posebno zeleznickiot del. Malku e izvikano toa regionalno znacenje, ne veruvam deka golem kvantitet na stoki i patnici bi idele po taa pruga. Drac nema kapacitet za golemi brodovi, Burgas e daleku.
Po mene greska ke bide ako nasata zemja SAMA pocne so izgradba, takva greska veke ja napravivme, zatoa stojat nedoizgradenite mostovi i tuneli. mora da se cekaat evropski krediti ili ke vlezeme vo uste edna promasena investicija. tie pari bi mozele da se upotrebat za vnatresni soobrakajnici i da se investiraat vo sektori koi navistina ke go podgnat GDP-to.
Blokadata so Grcija ke mora da se resava po politicki pat, za zal, Solun e nezamneliv.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 02-Feb-2011 at 19:14
Originally posted by nenad

... Blokadata so Grcija ke mora da se resava po politicki pat, za zal, Solun e nezamneliv.


Има една стара народна изрека „Подобро врапче во рака него слон на гранка“ или уште една за крајот од твоето размислување „Никој не е незаменлив“.

Веќе ќе се повторам по којзнае кој пат. За мене кракот кон Албанија е приоритетен.

1, Драч алтернативно многуууу поевтино пристаниште и за нашиот извоз доволно голем.
2, Извоз на производи со евтин транспорт, нарочно од западниот дел кон Албаниа и понатаму.
3, Врска со нашето наголемо историско и туристичко место Охрид.
4, Доближување на овој крак со постојниот во Сопотница (или Битола) т.е. коридор Xd
5, Македонија конечно да добие прстен во железничкиот сообраќај, т.е. затварање на еден од правците не значи и прекин.
6, Ако добро се препрочитат предходните постови ќе стане јасно зашто не е изграден кракот кон Бугарија и какви се чак и мегународни пречки и сплетки се вплетени.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 11-Feb-2011 at 21:59

Изградбата на пругата кон Бугарија планирано да продолжи во 2012

СКОПЈЕ / 11.02.11 / 13:32

Ова, како што пишува весникот „Бизнис“, се предвидува во новата Национална програма за железничка инфраструктура 2011-2013 година, со која е опфатена и конечната реализација на “источната пруга“, која е дел од транспортниот Коридор 8, односно Исток-Запад.

се наведува дека е потребна подготовка на студија, како и дека изградбата на западниот крак од транспортниот Коридор 8, кој минува низ Македонија.

реализација, според проценките дадени во Националната програма за железничка инфраструктура, претходно треба да се обезбедат дури околу 845 милиони евра.

http://daily.mk/cluster3/133f56a9eba02e342f2f4f4120437008/592432

Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 11-Feb-2011 at 23:37
Originally posted by nenad

Треба многу внимателно да се гледа на секое ѕадолѕување, посебно за вака гоелми проекти. Дали навистина ке донесе економски бенефит. НИсто од К8 ако бугарија не биде ѕаинтересирана. А не е бидејки тоа е чист политички прект, без економска оправданост, а сега не е време ѕа градење политички проекти. Мислам дека таа повеке е ѕаинтересирана да го модерниѕира правецот Софија Ниш, тоа и е единствена врска за поврзување со Европа.
Ако веке се најдат некои пари поарно е тие да се вложат во модернизација на постоечките пруги, а К8 ке чека подобри времиња

Бугариja со последните си проекти покажува,дека е наполно заинтересирана от К8. Реално е останало да се модернизира Софиja-Гуешево. Пруга има, има проект за модернизациja.
Преди неколко дни беше тендера за модернизациja на пругата Пловдив - Бургас. Има тендер за модернизациja и рехабилитациja на пругата Пловдив - Софиja. До краja на 2013 година(ако се е по план) ке имаме едно 85-90% модернизирана пруга от К8 во бугарскиот дел.
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 11-Feb-2011 at 23:45
Originally posted by nenad


Blokadata so Grcija ke mora da se resava po politicki pat, za zal, Solun e nezamneliv.

Дали е поизплатливо рускиja петрол да ти оди до Солун или брода ти от Солун да оди за Одеса или Севастопол?
Бургас е многу поизплатлив когато се зборува за трговски врзки со црноморските држави-со изклучок на Турциja.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 12-Feb-2011 at 01:03
Originally posted by ink

Бугариja со последните си проекти покажува,дека е наполно заинтересирана от К8. Реално е останало да се модернизира Софиja-Гуешево. Пруга има, има проект за модернизациja.
Преди неколко дни беше тендера за модернизациja на пругата Пловдив - Бургас. Има тендер за модернизациja и рехабилитациja на пругата Пловдив - Софиja. До краja на 2013 година(ако се е по план) ке имаме едно 85-90% модернизирана пруга от К8 во бугарскиот дел.

Со Пловдив-Бургас и со Софија-Пловдив, Бугарија единствено покажува дека е наполно заинтересирана за еден свој исклучително важен коридор, кој не мора да има никаква врска со К8. Сегментите што ги спомна го тангираат цел сообраќај од Истанбул кон Европа, а и се очигледно најважни за внатрешниот сообраќај во Бугарија, ама не значи и дека по автоматизам треба да се заклучи дека постои „наполна заинтересираност“ за К8. Свесен сум и за „наполната заинтересираност и посветеност“ на надлежните во Македонија за реализација на овој проект, така да воопшто не ми е целта тука да премерувам кој е повеќе крив, само посочувам дека работата врз Софија-Бургас не може безусловно да се толкува како посветеност на К8. Бугарската посветеност за К8 допрва ќе може вистински да ја измериме, преку интензитетот на лобирање и големината на обезбедени ЕУ финансии за довршување на Бељаковце-К.Паланка и за модернизација на Радомир-Ѓуешево. Се разбира двете земји треба да настапат заеднички, но бидејќи Бугарија е членка на ЕУ, нејзината посветеност или непосветеност ќе има многу поголема улога во контекст на ЕУ финансии.
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 12-Feb-2011 at 17:45
Originally posted by Cloverstack


Со Пловдив-Бургас и со Софија-Пловдив, Бугарија единствено покажува дека е наполно заинтересирана за еден свој исклучително важен коридор, кој не мора да има никаква врска со К8. Сегментите што ги спомна го тангираат цел сообраќај од Истанбул кон Европа, а и се очигледно најважни за внатрешниот сообраќај во Бугарија, ама не значи и дека по автоматизам треба да се заклучи дека постои „наполна заинтересираност“ за К8. Свесен сум и за „наполната заинтересираност и посветеност“ на надлежните во Македонија за реализација на овој проект, така да воопшто не ми е целта тука да премерувам кој е повеќе крив, само посочувам дека работата врз Софија-Бургас не може безусловно да се толкува како посветеност на К8. Бугарската посветеност за К8 допрва ќе може вистински да ја измериме, преку интензитетот на лобирање и големината на обезбедени ЕУ финансии за довршување на Бељаковце-К.Паланка и за модернизација на Радомир-Ѓуешево. Се разбира двете земји треба да настапат заеднички, но бидејќи Бугарија е членка на ЕУ, нејзината посветеност или непосветеност ќе има многу поголема улога во контекст на ЕУ финансии.


Извини,но што предлагаш? Да се изгради ново трасе за К8? Трасето е Деве Баир-Софиja-Пловдив-Бургас. Имаш проект и за модернизациja на Софиja-Гуешево,но финансирането ке стане во наредниот програмен период,заштото не беше вклучено во периода 2007-2013.
Коридор 8 во бугарскиот дел се поклопува на 100% со Бургас-Софиja. И трафика Истомбул - Софиja преминува само деловно през Софиja-Бургас(Свиленград-Пловдив-Софиja).

Edited by ink - 12-Feb-2011 at 17:53
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.