build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

НЛБ Тутунска банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
5 [9.62%]
2 [3.85%]
5 [9.62%]
6 [11.54%]
10 [19.23%]
7 [13.46%]
4 [7.69%]
9 [17.31%]
1 [1.92%]
3 [5.77%]
You can not vote in this poll
Total votes: 52   Average: 5.63

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 11-Mar-2009 at 21:52

незнам дали високиве оценки се за градбата или за банката!?

јас и фрлив тројка, не заради нешто друго туку бидејќи зградава ми делува на спотер, којa ќе се чува  како  атрактивна локација за во иднина. гледано реално ова е една од најатрактивните локации во СК, а што и како утре можат да насадат тука несакам да нагаѓам, но ова импровизирањето околу сите погоре посочени фалинки само на тоа ми укажува, ќе биде смешно доколку вака остане, а и тоа е можно.

инаку најголемиот минус  го давам за инвентивност, малку ми е  смешно банка како нлб да оди со волку прост објект небаре сеуште станува збор за стара љубљанска банка!  но иако можеби делува дека како банкари и навистина се скромни, само ќе ве потсетам какви се главни згради  кренаа по балканов. инаку функционално најверојатно како банка сега си се на свое, без да се раштркани сите нејзини сегменти на десет различни места, но сепак естетски е промаување небаре за во бунарџик го правеа објектов.

белград 

марибор

подгорица

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 11-Mar-2009 at 22:18
од мене исто 3-ка. Објектов е уште едно сквернавење на атрактивна локација со тотално безличен објект на кој местото му е километри подалеку од строгиот центар. 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 12-Mar-2009 at 01:32
 
- Некој спомна дека се урбанизира ливада во центар, ја мислам дека се пропушти голема шанса и трајно унаказија една од најатраквтивните локации во градот. Пре би ја трпел ливадата уште 5 години бар да добиевме една асална зграда него ова.
 
- Една голема коцка со просечна фасада, изгледа тие 30 милиони евра ги потрошиле  за внатрешноста и разни „невидливи“ работи пошто надворешноста ми изгледа доста евтина.
 
Кога почнав да пишувам се мислев за меѓу 4 и 5 али на крај се решив за 3-ка, дефинитвно НАЈГОЛЕМ минус е локацијата, вакво нешто во аеродром, ѓорче, чаир... би добило 7-ца
 
 


Edited by vardar - 12-Mar-2009 at 01:36
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 13-Mar-2009 at 00:01
Многу мании наогате стварно ,, ја незнам што проекти оцекувате во Скопје да се реализираат ??? не ми е јасно ??



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 13-Mar-2009 at 00:03
Originally posted by blejdsk

Многу мании наогате стварно ,, ја незнам што проекти оцекувате во Скопје да се реализираат ??? не ми е јасно ??


Мисли глобално, делувај локално. Секогаш треба да застапуваме високи стандарди кои се практикуваат во светско ниво, неможе да се задоволуваме со локални зградулиња и да се праиме наудрени дека се страва објекти!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 13-Mar-2009 at 00:09
Originally posted by blejdsk

Многу мании наогате стварно ,, ја незнам што проекти оцекувате во Скопје да се реализираат ??? не ми е јасно ??


блејд мислам дека високи критериуми треба да се императив за да одиме напред на било кое поле. и покрај се мене ми е драго што тој дел од градот конечно живна, навистина онаа ситуација пред Рамстор и НЛБ беше неприфатлива независно од аномалиите на овие два проекти. Но тоа не значи дека не може и не треба да сме критични. А се работи  и за субјективна работа. Некои ете даваат 9ки и 8ци.

на крајот на краиштата генералната оценка за објектов не е лоша туку е просечна. Погледни како ја имаме конципирано скалата за гласање и ќе го видиш тоа.


Edited by pbanks - 13-Mar-2009 at 00:10
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 13-Mar-2009 at 11:58
Се сложувам со blejdsk. Сакаме преку леб, погача. Тоа до вчера беше ливада а денес сакаме на истото место да биде насадено некое архитектонско чудо. Да не се разбереме погрешно и јас сакам, ама кога нема и ова е супер. Искрено мене зградата ми е скроз ок. Некои викаат на ваква локација таква градба, демек сега зградава ја нагрдувала локацијата. Дај бидете малку реалистични и завртете се околу себе. Низ строг центар на градот имаме ниви, разрушени стари маала, и 300 други чуда и сега одеднаш не чини и ова што е изградено. Мислам дека треба да бидеме малку пореалистични и да одиме напред, постепено, етапно. Полека полека да се воспостават некои норми и репери а после да споредуваме. Инаку Скопје има локации, локации и локации за градба, само сеуште нема кој да гради таму
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 13-Mar-2009 at 14:27
Originally posted by dacito

Се сложувам со blejdsk. Сакаме преку леб, погача. Тоа до вчера беше ливада а денес сакаме на истото место да биде насадено некое архитектонско чудо. Да не се разбереме погрешно и јас сакам, ама кога нема и ова е супер. Искрено мене зградата ми е скроз ок. Некои викаат на ваква локација таква градба, демек сега зградава ја нагрдувала локацијата. Дај бидете малку реалистични и завртете се околу себе. Низ строг центар на градот имаме ниви, разрушени стари маала, и 300 други чуда и сега одеднаш не чини и ова што е изградено. Мислам дека треба да бидеме малку пореалистични и да одиме напред, постепено, етапно. Полека полека да се воспостават некои норми и репери а после да споредуваме. Инаку Скопје има локации, локации и локации за градба, само сеуште нема кој да гради таму


И во претходниот одговор кон блејд спомнав, и Рамстор сам по себе и сега НЛБ имаат "револуционерно" значење за тој крај. Самата динамика што ќе ја генерираат, количеството на луѓе висококвалификувани луѓе со завидна потрошувачка моќ кои ќе се слеат таму дефинитивно ќе создадат услови за уште поголем развој каде сигурно ќе има услови да се направат подобри објекти и на местото на НЛБ и на Рамстор. Така да да има поента во ова што го зборуваш.

Но повторно не смееме да им простиме за некои аномалии или за лошиот вкус. Сигурен сум дека на пример ако се идеше со фасадата на ДНА прикажана поназад во нишкава реакциите ќе беа подобри.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 24-Jun-2009 at 12:00




Edited by 46&2 - 24-Jun-2009 at 12:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11866
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 24-Jun-2009 at 12:33
Кога објектов се гледа од кај Нова Македонија, тогаш и-така-и-така, ама од другиве агли веќе не знам што да коментирам. Слободно може да се префрли во индустриската зона кај Илинден!

Edited by Cloverstack - 24-Jun-2009 at 12:34
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4685
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 25-Jun-2009 at 19:46
mene mi se dopaga a sto se tie gore 
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 25-Jun-2009 at 21:44
Originally posted by FoSsiL

mene mi se dopaga a sto se tie gore 



Тие се вишок
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 25-Jun-2009 at 22:09
Originally posted by FoSsiL

mene mi se dopaga a sto se tie gore 


Досега на сите на форумов ни изгледаа како светилки/канделабри, иако немаме некој доказ да го поткрепиме ваквото тврдење ниту сум ги видел некогаш  да светат тие.
Ми се допаѓа и одговорот на 46&2


Edited by La Linea - 25-Jun-2009 at 22:12
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8830
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 21-Aug-2009 at 23:39

Во функција подземната катна гаража кај НЛБ Тутунска банка

Приодот и излезот од гаражата се од улицата зад трговскиот центар „Рамстор“

Катната гаража во рамките на деловниот објект на НЛБ Тутунска банка започна со работа, но не со капацитетот со кој беше најавено. Имено, иако требаше катната гаража да биде една од најсовремените во регионов и да има осум нивоа за паркирање, од кои покрај приземјето и петте ката, објектот да има и две нивоа за паркирање под земја, моментно функционира само подземното паркирање.

Во најавите од компанијата „Сити плаза“, која е делумен инвеститор на катната гаража и на деловниот објект, гаражата требаше да собира околу 500 возила, а банката за своите потреби да има сопствен подземен паркинг.

Засега функционира рампа-системот, кој беше најавен само за подземните нивоа на гаражата, за разлика од останатите катови, на кои паркирањето требаше да функционира преку товарен лифт.

Моментно, паркирањето во првата катна гаража во Скопје се наплаќа по 30 денари за еден час, а за секој нареден час по 20 денари. Доколку возилото во гаражата се остава повеќе од 12 часа, а помалку од 24, се плаќа единечна цена од 400 денари. За шест часа цената е 150 денари.

Месечната претплата за паркирање чини 6.000 денари, четиримесечната 20.000 денари, а за оставање на автомобилот во текот на една година во катната гаража се плаќа 60.000 денари. Објектот работи секој ден. Во текот на работната недела е отворен од 7 до 24 часот, а во деновите на викендот до 1 часот по полноќ. Приодот и излезот од гаражата се од улицата зад трговскиот центар „Рамстор“.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BBD74E86ABC2E54C8A9B9617706C5059
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4685
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 17-Oct-2010 at 19:05

од денешното фото - шетање....

имало и перална... .... зошто да не...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4685
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 17-Oct-2010 at 19:08
само чудно ми е преку недела од 07-24 часот, а сабота и недела од 07-01 часот.... може има некоја логика, ама сега не ми иде баш....
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 17-Oct-2010 at 23:38
Со мало задоцнување: Чиста единица. Оти, објектов е греота за локацијата! Создаден без естетска визија, архимерак и почит кон современите технологии за стопанисување со згради. Ова за мене е, од авион се гледа, алиби градба, колку да се исполни агендата на некаков си Управен Одбор во Љубљана. Не ме чуди ако носителите нa одлуката за градба никогаш не дошле во Скопје и никогаш не виделе на каков „бубрег” терен градат.
Нејсе, поради сериозни, ~ 1 млрдевра проблеми со докапитализацијата, има најава дека НЛБ групацијата, во првиот квартал од 2011, ќе го продава својот бизнис во МКД (читај: поранешна Тутунска банка). Така да, сè е можно. Можеби идната, можеби за три, за пет години, којзнае, ќе видиме комплетен рестајлинг на објектов, по што заслужено ќе си го заземе своето место во новoто, скопско, business city.

Edited by OKA - 17-Oct-2010 at 23:41
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 01-Nov-2010 at 18:52


Ќе ја искористам сликава од постот на 46&2 погоре, само да ги маркирам туморите на објектов, што ги имам приметено од порано, ама се` си мислев дека имаат некаква билетарско, портирско, наплатна намена. Кога пред некој ден гледам дека некаков си Bucuruk (чурук значи) си отвориле продавница (за не знам што).

Не дека се тие, туку глава ставам дека низ сопчињата на урбанизам-центар, не прошле како такви...многу ме интересира што си мислеле, дека за леб ќе страдаат, ако не ги добијат овие 50 квадрати или дека ќе го пролепшаат објектов и ќе разбијат монотонија...патетична работа...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 01-Nov-2010 at 19:18
Originally posted by Dave Gahan

...Не дека се тие, туку глава ставам дека низ сопчињата на урбанизам-центар, не прошле како такви...многу ме интересира што си мислеле, дека за леб ќе страдаат, ако не ги добијат овие 50 квадрати или дека ќе го пролепшаат објектов и ќе разбијат монотонија...патетична работа...
Добро запазување. Т'нка работа дека „одајчево” прошло во основниот план за градба на НЛБ, како деловен анекс со трговска намена.
Глава, можеби не, ама би ставил „кец во кец”, на твоето тврдење дека израстоков е чист урбанистички канцер! Со административна генеза! И дека, најверојатно, е узурпиран теренот (дворот), каде можеби, во најлош случај, требало да биде сместена некаква си надорешна, машинска единица.


Edited by OKA - 01-Nov-2010 at 19:23
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
assyst View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote assyst Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 02-Nov-2010 at 22:43
Тоа се поранешните влезови и излези на катната гаража која е пренаменета во деловен простор.

Тука требаше да бидат двата товарни лифта кои во недостаток на рампи во објектот ќе ги качуваа возилата на другите нивоа за паркирање.

Првиот зафат во пренамена на објектот беше неколку месеци по пуштање на зградата, се затвори уличката за влез во овој дел, од каде стана јасно дека нема ништо од приказната за катна гаража.

Од скоро овие два влеза се пренаменети и во широките окна на лифотвите сѐ вградени стандардни лифтови за превезување луѓе.

Ова ќе се претвори во некој си еко шопинг булшит, на другата куќарка има и некои реклами.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.110 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.