build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 16-Mar-2013 at 09:57
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 24-Jun-2013 at 19:16

Потпишан договорот за зонското паркирање во Битола

Понеделник, 24 Јуни 2013 17:52
OLIVERA_PARKING_001
Општина Битола денеска го потпиша договорот за зонско паркирање во градот, нешто што досега не беше регулирано и беше голем проблем за граѓаните.Со овој договор се канализирал условот за паркирање.
OLIVERA%20PARKING%20BLAGOJ
„ Ќе имаме обврска да вработиме 70 луѓе во следната година дена и 1.700 000 и нешто, да исплаќаме кон општината годишно.Занчи има три зони секоја зона ќе се наплаќа, зависно значи во која зона си, и ќе биде голем бенефит за граѓаните, кога знаеме каков е проблемот со паркирањето во градот."- вели Благој Крстевски сопственик на Стентон градба

Зонското паркирање, односно наплатата, стартува во рок од 90 дена.
OLIVERA%20PARKING%20TALESKI
„ Имаме значи три месеци пробен период и за управителот со зонското паркирање и за граѓаните, вие знаете дека овој долгогодишен проблем беше навистина голем и сега со трите зони, точно ќе се знае каде може да се паркира, ќе биде од големо значење за граѓаните, посебно во пазарните денови, кога практично беше невозможно да се излезе со возило."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола.
OLIVERA%20PARKING%20002
Јавното приватно пратнерство меѓу Стентон градба и општина Битола, ќе трае 6 години. Битола ќе добие 1951 паркинг место во три зони, се воведува улично и вонулично паркирање, каде во првата зона првите 15 минути се бесплатни, за два часа ќе се наплаќа 30 денари, секој нареден час, 10 денари дополнително.Во недела и неработни денови, паркингот ќе биде бесплатен.

Извор: ТераТВ
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 27-Jun-2013 at 17:34

Нови кружни текови во Битола

Четврток, 27 Јуни 2013 17:29
MAJA_KRUZNI_TEK_002
Општината Битола ја подготвува документацијата со која планира нови кружни текови во градот. Градоначалникот вели дека тоа се кружни текови кои ќе го олеснат сообраќајот.

-На улицата „Васко Карангелевски" ќе има 2 нови кружни тека, кружен тек во делот кај Триангл и кружен тек кога се доаѓа од Грција, кај автобуската и железничката станица, бидејќи сообраќајното решение не е добро таму. Во таа постапка има нешто што прави забуна, по барање на граѓаните ќе интервенираме со нов кружен тек таму и секаде каде што ќе цениме дека фрекфенцијата е голема, а со кружен тек може да се олесни, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Повеќе од потребен е кружен тек на излезот на Битола кон Прилеп.

-Планираме еден кружен тек кај булеварот на излезот од градот, пред пумпата на Лукоил, зашто луѓето кои излегуваат од црквата Света Недела сега неправилно излегуваат, во близина да направиме кружен тек да се вратат назад во градот, тоа не е итно, го решаваме со сообраќаната полиција, рече Талески.

Градоначалникот дополнува дека ако стигнат со документацијата, финансиски не е неподносливо за да се направи во оваа градежна сезона.


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 02-Jul-2013 at 22:51

Се асвалтира на Девејани

Вторник, 02 Јули 2013 18:10
OLIVERA_DEVEJANI_001
Денеска се асвалтираше во населбата Девејани, општина Битола исполнува со овој зафат, барања од локалното население.Првично се местела канализацијата, за деенска да се пристапи кон асвалтирање.

„ Вкупната вредностсо целата оваа механизација што ја имаме и сите овие зафати е енкаде над 8,5 милиони денари, мислам дека е голема придобивка затоа што овој дел навистина беше долг период како одсечен од градот, така што сега ќе имаат поврзување и мислам дека во многу ќе им се олесни животот.Се работи за три краци овде."- истакна градоначалникот на Битола м-р Владимир Талески.

Овие три краци се само дел од планираните 25 улици низ градот кои треба да бидат завршени оваа градежна сезона, а се дел од 100-те улици, ветени во изборната програма.Во повеќе делови на градот се работи зависно од фазите на градежните активности.Утре ќе се работи на Струшка, делови од Ленинова, Кирил и Методиј и др.Во населбата Мал Париз, ќе се работел проект за патна инфрастуктура.Нискоградба работи во овој дел.

„ Работиме и на улицата Дебарска ако се сеќавате ја почнавме минатата година првично местевме канализација па водовод и сега за асвалтирање се подготвува во овој дел ан Баирот ќе работиме и на улицата Мукос овде се работи за 200 метра канализација и 600 метра асвалт на трите краци."- рече Кире Крствески директор на КЈП Нискоградба Битола.


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 23-Jul-2013 at 23:01

Интензивна градба на Црн мост

OLIVERA_crn_most_3
Во поновата историја на Битола ретко кој од граѓаните памети изградба на мост, 13 ги има по течението на реката Драгор но покрај стариот Црн мост сега се гради нов.

„ Изградбата на мост е предизвик за секој градежна фирма и за нас претставува задоволствомостото ќе претставува едно големо решение за градот сообраќајно решение."- вели Борис Неделковски директор на БВ Инжињеринг фирма подизведувач

Градежните активности се интензивни и се работи деноноќно воглавно навечер се местата армиранобетонските надмосници а дење останатите градежни активности.
OLIVERA%20crn%20most%20boris
„ Динамиката на градењето е согалсно предвидената динамика на самиот проект не сме имале некои проблеми едниствено кога беа поставени првите темели заради надојдените води моравме наново да ги поставиме и тоа е единствениот проблем кој досега сме го имале."- додава Недлековски

Неделковски истакна дека мостот би требало да биде готов на почетокот на септември оваа година и генерално истакна специфичната работа завршува вечерва со поставувањето на последните 6 намосници, по што се преминаува на турањето на плоча, за да мостотот биде изграден во целост истакна дека остануваат уште неколку градежни активности кои не зависат од временските неприлики.



http://www.tera.mk/2013072367809/aktuel/intenzivna-gradba-na-crn-most


Edited by Danielbtmk - 23-Jul-2013 at 23:02
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 26-Jul-2013 at 21:58

Се асвалтираше во центарот на Битола

Петок, 26 Јули 2013 17:25
OLIVERA_ASFALTIRANJE_CENTAR_004
Продолжува инфраструктурното темшпо на битолската локална самоуправа денеска се асвалтираше во ценатрот на градот.

„ Улиците „29 Ноември" и „Кирил и Методиј", на едната односно на „29 Ноември" интеревениравме и со подземна инфраструктура на „Кирил и Методиј" немаше потреба значи се работи за вкупна должина од околу 400 метар и вкупна вредност од околу 2,5 милиони денари."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола.
OLIVERA%20ASFALTIRANJE%20CENTAR%20003
По големиот празник Илинден,општината ќе пристапи кон преасватирање на патот Трново-Магарево.

„ Значи по празникот некаде околу 15 август ќе интервенираме и во пет села."- истакна Талески

Бистрица, Кравари, Логоварди, Кукуречани и Цапари се петте села.



http://www.tera.mk/2013072667990/aktuel/se-asvaltirashe-vo-centarot-na-bitola
Back to Top
shule View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shule Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 31-Jul-2013 at 12:16
На гугл мапс улицата „29-ти Ноември“ е означена како „Виенска“, а некои субјекти како на пример српскиот конзулат во адресата ја наведуваат „29 Ноември“. Дали е ова грешка во внесување на името на гугл мапс, или пак улицата е преименувана, а тоа се уште не е ажурирано? Во тој случај, градоначалникот не знае за преименувањето?
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 31-Jul-2013 at 22:28
Сега брзо ги сменаа имињата на еден куп улици, така да најверојатно некој веќе ги поправил на Google maps. Гледам дека и мојата улица (порано Иван Милутиновиќ) е веќе преименувана во Филип II Македонски.

p.s. мал трол
Back to Top
shule View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shule Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 01-Aug-2013 at 00:01
Да, изгледа дека е до тоа. Според ГИС кој е достапен преку страната на општината, сега таа улица се вика Виенска, но ако се повика план на градот, се гледа дека била 29-ти Ноември. Требаше некој да се најде да го поправи градоначалникот. А и луѓето кои внесуваат на гугл мапс се доста ажурни, што е за пофалба.


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 02-Aug-2013 at 00:37

Се работи на влезот на Буковски ливади

Четврток, 01 Август 2013 17:59

VESNA_bukovski_3

Инфраструктурните ангажмани на општина Битола и денеска продолжуваат односно се селат во населбата Буковски ливади каде се интевренираше на улицата и водоводната мрежа.

„ Овде ја уредуваме улицата во должина некаде околу 500 метар водоводна мрежа а асавалтирањето ќе биде до првата раскрсница кон Буково и населбата."- вели м-р Владимир Талески

Жителите од населбата задоволни од сорботката со општината и локалната самоуправа.

„ Според планот на месната заедница овде во Буковски ливади еден од приоритетите ни беше влезот и наидовме на разбирање кај локалната самоуправа.Имаме и други потреби во населбата какао што е дворот на училиштетот бидејќи во есенскиот и зимскиот период од дождовите децата се прскаат и валакаат."- вели жител на населбата

„ И на најстарата улица и дојде денот да биде напрванеа бидејќи оваа населба беше како отсечена сега се уредува и ќе заличи и голема благодарност до градоначалникот што ни излезе во пресрет."

„ Јас во оваа населба живеам 50 години и знам како изгледаше улицата предходно и сум многу балгодарен и задоволен што сега истатата инфраструктурно се уредува."- велат жители на населбата

Градоначалникот Талески најави дека после 12 август ќе почне изградбата на најавениот нов кружен тек на крстосницата на улиците Партизанска и Васко Карангелевски кај ВЕРО, и ќе се дозаврши делот на улицата Никола Тесла од кај стакелната до Уредот.


http://www.tera.mk/2013080168201/aktuel/se-raboti-na-vlezot-na-bukovski-livadi

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 21-Aug-2013 at 17:48

Нов асфалт за неколку улици во Битола

Среда, 21 Август 2013 17:44
MAJA_ASFALT_001
Деновиве во тек е подготовката за асфалтирање на улицата „Столарска", а ќе се асфалтира од кружниот тек кај Безистенот до стаклената зграда. Во саботата беше асфалтирана и улицата „Тошо Даскало".

-Едната е во вредност од над 3 милиони денари, а другата околу 2 милиони денари. Оваа градежна сезона планираме да биде една од најактивните, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Градежната сезона ќе биде искористена максимално.

-Убеден сум дека ветената бројка ќе ја заокружиме целосно и Битола ќе биде побогата за голем број инфраструктурни содржини. Планираме и за следната година, ќе одиме во фази колку што имаме финансиски средства, изјави Талески.

Општината моментално работи на патот Трново-Магарево, се подготвува за асфалтирање, а планирано е и да се уредува просторот пред црквата во Трново. Се работи на коловозот кај Буковски мост, а улицата „Мирче и Танче Живкови" се подготвува за асфалтирање.



http://www.tera.mk/2013082169080/aktuel/nov-asfalt-za-nekolku-ulici-vo-bitola
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 13-Sep-2013 at 19:51

Два кружни тека на Васко Карангелевски

VESNA_KRUZNI_TEKOVI__002

Продолжуваат градежните активности на повеќе локации во општина Битола. Покрај градежните зафати на повеќе улици во градот, се реализираат предвидените проекти за подобрување на инфраструктурните услови и во руралните средини. Покрај на четирите улици во селото Кукуречани, на патот Трново – Магарево, деновиве интензивно се работеше и на десет краци во с. Бистрица. Но Талевски вели дека тука не застануваат.

„ Сега некаде сме на половина на оваа градежна сезона и чекаме Гранит да ги отвори своите програми и конечно во Битола да влеземе со поголема интервенција. Меѓу останатото покрај овие неколку села , имаме многу голема интервенција од минатата сезона која што остана нереализирана"- изјави Д-р Владимир Талески градоначалник на Општина Битола

Во текот на својот мандат градоначалникот Талески покрај 4 те кружни текови кои што ги направи со најава за уште два

„ Тоа е улицата Васко Карангелевски , кокај што има еден кружен тек на едниот крај , но ќе има уште два кружни тека и целата улица ќе се преасвалтира"

VESNA%20KRUZNI%20TEKOVI%20%20003

Улицата Васко Карангелевски е една од најфрекфрентните улици во градот. Нaјчести грешки на возачите се неприлагодена брзина, првенство на минување, но и пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила. Со двата кружни тека, сите се надеваат дека дека ќе се надминат овие проблеми.

http://www.tera.mk/2013091370194/aktuel/dva-kruzhni-teka-na-vasko-karangelevski



Edited by Danielbtmk - 13-Sep-2013 at 19:52
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 18-Sep-2013 at 19:16

Васко Карангелевски со три кружни тека

Среда, 18 Септември 2013 18:28
OLIVERA_kruzni_tekovi_1
Денеска започнаа активностите на планираниот втор кружен тек на улицата Васко Каранглевески се отстрануваа семаформите и се подговотвуваше теренот.

„Ќе изградиме кружент тек овде на ова место значи кај крстосницата кај Веро Новиот пазар и населбата Нова Битола и уште еден кај влезот за хотел Битола кој ќе биде наменет за намалување на брзината на возилата." вели д-р Владимир Талески градоначалник на Битола.

Кон асвалтирање ќе се пристапи според Талески веднаш штом се завршат тампонирањата во Кравари, Цапари, Трново Магарево, овој дел на Васко Карангелевски, во Логовради, Кукуречни и другите отпочнати градежни работи.Граѓаните задоволни што ветеното се исполнувало.
OLIVERA%20kruzni%20tekovi%203

„ Многу сме задоволни од општината и оваа локална власт кои го реализираат овој проект."„ Има и други проекти како патеката кај Сезам, потоа улицата од Новата пошта до Сезам и мислам ова место ќе стане поубаво за живеење ветеното се исполнува."- велат жители од Нова Битола

На оваа улица немало потреба од интервенција со подземан инфраструктура со што оваа есен сите работи ќе ги завршеле.
OLIVERA%20kruzni%20tekovi%204
„ Нов проект кој ќе има за цел нови содржини ан секој кружен тек од културното историското богатство дел од приказната на нашата Битола." додаде Талески

Градоначалникот упати апел до креативците дека уште од сега може да даваат предлози која содржина би ја содржеле кружните текови.



http://www.tera.mk/2013091870428/aktuel/vasko-karangelevski-so-tri-kruzhni-teka
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 02-Oct-2013 at 22:00
Среда, 02 Октомври 2013 19:26

Улицата „Прогрес“ во Битола за прв пат ќе добие асфалт.

btt

Таму денес започнаа градежните активности кои што ќе резултираат со решавање на проблемите на сите жители од оваа улица. Со реконструкцијата која се реализира по барање на жителите од урбаната заедница Димо Хаџи Поповски, мештаните ќе добијат значително подобри инфраструктурни услови.

btt3

Покрај оваа интервенција во изминатиот период во населбата Боримечка интервенирано е на повеќе локации.

-Во овој дел од нашата општина интервениравме изминатите години на подземната инфраструктура и асфалтирањето. Во изминатиот период интервениравме на улицата Индустриска, на дел од улица Солунска, на ул.Бистра, сега сме на улица Прогрес. Интервенцијата е со вкупна должина од околу 350 метри, а вредноста е 3 315 499 денари. На терен во разговор со мештаните договоривме уште два чикмаци кои со проектот не се предвидени. Истите не беа предвидени поради одредени проблеми со имотно – правните односи. Тоа е сега надминато, а улицата ќе биде целосно асфалтирана, вклучувајќи ги и тие чикмаци. Градежната сезона во општина Битола е во полн ек, а до крајот очекувам дека предвидената бројка од 25 улици за првата година од оваа локална самоуправа ќе биде надминат, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

btt2

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 15-Oct-2013 at 00:19

Асфалт на улицата Максим Горки

MAJA_ulica_3
Жителите на улицата Максим Горки повеќе нема да имаат проблеми со канализацијата. Сe интервенираше во инфраструктурата, водоводната мрежа, а денес улицата се асфалтираше.

Асфалтирана улицата Максим Горки која долго време чекаше на преасфалтирање. Нејзините жители претходно имале проблеми со канализацијата и водоводната мрежа.

MAJA%20ulica%204
Интервенцијата е вредна 8,5 милиони денари.

По барање на жителите интервенираме, дел од жителите имаа проблем со канализацијата, интервениравме дополнително, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник.

Градоначалникот вели дека на оваа улица нема да биде потребно повторно да се интервенира уште долго време.

-Имаме два краци кои имаат проблеми со притисокот на вода, уште нив ќе ги решиме, вели Талески.

Општината продолжува и во наредниот период со активностите.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 19-Oct-2013 at 04:18
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 27-Oct-2013 at 15:27
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 06-Nov-2013 at 08:39
Дали Црн мост ќе го обели образот на власта во Битола



Опозициските советници се сомневаат дека има грешки во изведбата на објектот, бидејќи е изграден на повисоко ниво од спојот со булеварот „1 Мај“

Битола - Битолската локална власт гради нов мост на реката Драгор, веднаш до познатиот Црн мост. Новиот Црн мост е еден од ветените предизборни проекти на градоначалникот Владимир Талески, капиталната инвестиција финансирана од градската каса.

Додека битолчани коментираат оти со голо око се забележува дека мостот е изграден повисоко од спојот со булеварот „1 Мај“, за опозициската ЛДП, пак, тој личи на постамент за споменик. Отворајќи дилеми за погрешна изведба на мостот, ЛДП прашува дали е точно дека Општината чека мислење од релевантна институција од Виена, Австрија, за тоа како да се справи со проблемот. На обвинувањата на опозицијата Талески првично возврати дека изведбата е според проектот и како што се потпишани договорите со фирмите изведувачи. Но, само неколку дена подоцна кажа дека се појавил проблем надвор од мостот поради нивелација на патната инфраструктура со самиот мост, односно дека е неопходна дополнителна интервенција.

Талески појаснува дека новиот мост е всушност, кружен тек кој 70 проценти е над речното корито и 30 проценти се поврзува со постојната патна инфраструктура.

„Тој е завршен пред неколку месеци, меѓутоа, по сугестија на инженерите правиме приспособување на висинските разлики околу мостот. Бидејќи теренот е нерамен има потреба од нивелација на просторот, така што, убеден сум дека со потребната динамика и договорите што се потпишани тоа ќе биде завршено во догледно време“, рече Талески.



Изградбата на новиот Црн мост во Битола почна годинава и уште не е завршена, иако првично се најавуваше дека тој ќе биде пуштен во употреба на 1 септември. Финансиската конструкција за проектот е околу 36 милиони денари, а од буџетот за 2013 година се предвидени 25 милиони денари.

Опозицијата изрази сомнеж дека локалната власт во Битола ќе може да го изгради мостот според сите стандарди. Дали фирмите избрани на тендерот досега имаат изградено барем еден мост, кој ќе одговара за евентуалните пропусти, се главно дилемите на опозиционерите.

„Дали на ова место се гради мост или постамент за нов споменик, бидејќи како што гледате оваа градба е повисока од околните улици кои треба да ги поврзува? Дали е точно дека погрешната изведба е причината за да прекине работата на објектот кој требаше да биде пуштен во употреба на 1 септември? Дали е вистина дека и Градежниот институт од Скопје кренал раце од проектот и ја одбил ревизијата за него, а документацијата за испитување била испратена во соодветен институт во Виена?“, праша Горан Милевски, еден од потпретседателите на ЛДП.

Според него, остануваат отворени и други прашања, особено тоа дали приспособувањето на висинските разлики меѓу мостот и околните улици ќе значи и повеќе пари од првично предвидените за изградба.

„Дали ова ќе продуцира непотребно 30-отстотно зголемување на трошоците за завршување на проектот? Кој ќе го плати тоа? Кој ќе ја понесе одговорноста за потенцијалните грешки, кој ќе одговара за потрошените средства, за ревизиите, за доцнењето, дали некој ќе плати пенали и казни?“, праша Милевски.

На последната седница на Советот на Битола и коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ПОДЕМ на советнички прашања побара одговор од Талески до каде е изградбата на мостот. Тој, пак, откако потврди дека ќе се прави нивелација на просторот најави дека по тој зафат ќе се постави оградата и осветлувањето на мостот, иако тој недовршен веќе се користи за сообраќај.

„Мостот не само што ќе биде убав за очи, туку ќе биде и едно убаво современо решение потребно за нашите граѓани. Тој ќе биде само за возачите, а ќе се интервенира на стариот мост кој ќе претставува безбедна пешачка зона“, рече Талески.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5C7E0E31A35ABB46BAC60EA25C5D2C22
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 08-Nov-2013 at 14:17
Се асфалтира улица Буковски мост



Денеска завршува асфалтирањето на улицата Буковски мост во Буковска населба. Новиот коловоз е во должина од 550 метри, а вкупната вредност на проектот кој вклучува и промена на водоводната мрежа изнесува 3 583 929 денари. Неодамна завршена е пешачката патека која води до населбата во должина од 350 метри и вредност од 150 000,00, како и осветлувањето на населбата во вредност од 6 400 000. Во изминатиот период во оваа населба реализирани се повеќе проекти.





За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 27-Dec-2013 at 15:54
Асфалтирање на улиците Кукуш и Јабланица






Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.