build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Битолски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1166
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 09-Apr-2018 at 11:19
Превземено од фб

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 21-Aug-2018 at 13:32
Во поранешната касарна интензивно се работи на пет улици (фото)




Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 21-Aug-2018 at 17:24
Се работи - да, ама дека интензивно малку потешко. Требаше пред 4 или повеќе години инфраструктурата за новата населба во касарната да е готова, а тие се на некои 50-60%. Доста луѓе се излажаа дека општината навреме ќе си го заврши своето па изградија куќи а ни канализација ни струја немаат. Плус, проектираат од нула нова населба во 21ви век и нема ниту сантиметар велосипедска патека нити пак рампа на некој од тротоарите за да се слези со количка или точак. Град на конзулите никогаш не бил, ама град на колите е веќе солидно време.

Гледам градоначалничката е на сликиве, па се надевам дека тоа значи дека ќе мрднат работите малку.

Edited by hcitrS - 21-Aug-2018 at 17:25
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 130
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 21-Aug-2018 at 17:47
Во нормални држави инфраструктурата се гради пред да се изградат куќи и згради.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 05-Sep-2018 at 22:12
Originally posted by TB TEPA


АКТУЕЛ
Поставен услов за да не исчезнуваат пешачките премини


ИЗВОР

Пред стартот на школската година започна бележењето на хоризонталната сигнализација низ сообраќајниците во Битола. На забелешките зошто тоа не се прави, од општината со одговор дека на првиот тендер не се јавила ниту една фирма.

„Забелешката беше затоа што веднаш исчезнува хоризонталната сигнализација, токму затоа го објавивме првиот тендер кој бара повисок квалитет на боја, на кој за жал не се јави никој изведувач“ вели градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Потоа општината објави втор тендер каде што Петровска настојувала изведувачот на работите, односно оној кој ќе го добие тендерот да има и друга обврска. Претпоставува дека на првиот не се јавил никој, можеби заради повисоките критериуми кои биле поставени во тендерската докуметација.

„Значи зборувавме тогаш за спецификација која што го образложуваше квалитетот на бојата и кога видовме дека имаме проблем со тоа, во вториот повик кажавме дека ќе одиме со рокови и договорите кои што се потпишани ги содржат тие рокови. Значи доколку имаме за побрзо од шест месеци бришење на бојата на хоризонталната сигнализација, без надоместок оној кој што е изведувач, да изврши поворно бележење на хоризонталната сигналиација, што никогаш досега во договорите го немало“ вели таа.

Петовска вели дека оваа измена е направена во интерес на граѓаните, за да не се случуваат примери како во други случаи кога исчезнувале пешачките премини.




Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 06-Sep-2018 at 01:45
Започна комплетната реконструкција на улицата “Климент Охридски“

...

Се наоѓаме на улицата Климент Охридски, каде што започнуваме со инфраструктурни зафати од делот кај семафорите пред музејот, до семафорите кај улицата Солунска. Она што ќе биде опфатено при инфраструктурното уредување на овој дел од улицата, ќе биде водовод, канализација и коловоз, во висина од 10 000 000 денари. Останатиот дел, кој се однесува на оваа улица, нема да го третираме во овој период, затоа што имаме следен период, во кој што ќе следува пречистителната станица и бидејќи во тој, погорниот дел имаме преклопување, затоа тој дел ќе го оставиме за наредниот период. Но овој потег, ќе биде среден оваа есен, изјави градоначалничката на Општина Битола



izvor
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.