build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 09-Apr-2018 at 11:19
Превземено од фб

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 189
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 21-Aug-2018 at 13:32
Во поранешната касарна интензивно се работи на пет улици (фото)




Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 588
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 21-Aug-2018 at 17:24
Се работи - да, ама дека интензивно малку потешко. Требаше пред 4 или повеќе години инфраструктурата за новата населба во касарната да е готова, а тие се на некои 50-60%. Доста луѓе се излажаа дека општината навреме ќе си го заврши своето па изградија куќи а ни канализација ни струја немаат. Плус, проектираат од нула нова населба во 21ви век и нема ниту сантиметар велосипедска патека нити пак рампа на некој од тротоарите за да се слези со количка или точак. Град на конзулите никогаш не бил, ама град на колите е веќе солидно време.

Гледам градоначалничката е на сликиве, па се надевам дека тоа значи дека ќе мрднат работите малку.

Edited by hcitrS - 21-Aug-2018 at 17:25
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 635
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 21-Aug-2018 at 17:47
Во нормални држави инфраструктурата се гради пред да се изградат куќи и згради.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 05-Sep-2018 at 22:12
Originally posted by TB TEPA


АКТУЕЛ
Поставен услов за да не исчезнуваат пешачките премини


ИЗВОР

Пред стартот на школската година започна бележењето на хоризонталната сигнализација низ сообраќајниците во Битола. На забелешките зошто тоа не се прави, од општината со одговор дека на првиот тендер не се јавила ниту една фирма.

„Забелешката беше затоа што веднаш исчезнува хоризонталната сигнализација, токму затоа го објавивме првиот тендер кој бара повисок квалитет на боја, на кој за жал не се јави никој изведувач“ вели градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Потоа општината објави втор тендер каде што Петровска настојувала изведувачот на работите, односно оној кој ќе го добие тендерот да има и друга обврска. Претпоставува дека на првиот не се јавил никој, можеби заради повисоките критериуми кои биле поставени во тендерската докуметација.

„Значи зборувавме тогаш за спецификација која што го образложуваше квалитетот на бојата и кога видовме дека имаме проблем со тоа, во вториот повик кажавме дека ќе одиме со рокови и договорите кои што се потпишани ги содржат тие рокови. Значи доколку имаме за побрзо од шест месеци бришење на бојата на хоризонталната сигнализација, без надоместок оној кој што е изведувач, да изврши поворно бележење на хоризонталната сигналиација, што никогаш досега во договорите го немало“ вели таа.

Петовска вели дека оваа измена е направена во интерес на граѓаните, за да не се случуваат примери како во други случаи кога исчезнувале пешачките премини.




Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 588
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 06-Sep-2018 at 01:45
Започна комплетната реконструкција на улицата “Климент Охридски“

...

Се наоѓаме на улицата Климент Охридски, каде што започнуваме со инфраструктурни зафати од делот кај семафорите пред музејот, до семафорите кај улицата Солунска. Она што ќе биде опфатено при инфраструктурното уредување на овој дел од улицата, ќе биде водовод, канализација и коловоз, во висина од 10 000 000 денари. Останатиот дел, кој се однесува на оваа улица, нема да го третираме во овој период, затоа што имаме следен период, во кој што ќе следува пречистителната станица и бидејќи во тој, погорниот дел имаме преклопување, затоа тој дел ќе го оставиме за наредниот период. Но овој потег, ќе биде среден оваа есен, изјави градоначалничката на Општина Битола



izvor
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12540
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 08-Feb-2020 at 09:27
Избрано најдоброто решение за кружниот тек во Битола



По објавениот јавен повик со наслов „Круг на јарболите“, објавен од Општина Битола за решение на кружниот тек на влезот во градот од страната на Прилеп, денес пред јавноста беа претставени притигнатите идејни решенија и победничкиот проект.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, истакна дека ова е можност да им се даде шанса на младите за да ги реализираат своите идеи, токму во местото каде што живеат.

„На повикот добивме пет апликанти и можам да кажам дека сите пет решенија се навистина креативни, инвентивни и убави на свој начин. Но, квалитетот и вредноста во овој повик, од една страна, е што им овозможувате на граѓаните да се вложат и да се внесат во тоа како треба да изглеад нивниот град, а од друга, сите идеи и креативност што ја имаат младите да им дадете можност да биде материјализирана. Ова е прв повик од ваков карактер, но тука нема да застанеме. Идејата, која е првонаградена, ќе ја реализираме во кружниот тек, а некои од другите идеи ќе биде настојувано да бидат реализирани во другите делови од градот во зависност од понудените карактеристики“, рече Петровска.

Победници на конкурсот се младите архитекти Мила Рориќ и Дејан Томски, кои го образложија своето идејно решение, преку кое ќе бидат претставени сите почесни конзулати во градот, со свои поставени знамиња.

„Појдовната идеја на нашето решение беше ‘Кругот на јарболите’ да претставува еден пријателстки поздрав за секој посетител на градот, но и за жителите, исто како што градот Битола како град на конзулите претставува симбол на соработката на пријателството и народите. Ние секако се надевавме на победа во овој конкурс“, истакнаа победничките автори на проектот.

Победничкиот проект од страна на Општина Битола е награден со 1.000 евра, а другите пријавени дела со по 100 евра.

makfax.com.mk



https://tv21.tv/mk/prezentirano-konkursno-reshenie-za-kruzhen-tek-vo-bitola-od-avtorite-tomski-i-rorik/
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 796
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 08-Feb-2020 at 21:46
Страшен е наградниов фонд, а сигурно проектов нема ни да се реализира. Битола ја има најочајната локална власт од сите во државава, а реално е тешко да се дојде до тоа признание, бидејќи сите се катастрофа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 09-Feb-2020 at 08:45
Некоја идеја каков е тој столб со 150х100х4mm димензии?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 09-Feb-2020 at 11:04
И јас се чудев за димензиите на столбот
И букви од пластифициран лим...зошто не алкобонд

Интересно изгледа, ми се допаѓа космополитската идеја!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 09-Feb-2020 at 15:44
Незнам што е космополитско во трошење на грдни пари за уредување на постоечки и функционален кружен ток кога пола од главните улици во Битола се катастрофа. Една не преасфалтирана од поголемите, на пример Партизанска со убав слој квалитетен асвалт да ја направат, како во Скопје што се стави на истоимениот булевар и слично. Искрено Двојќе испадна многу повеќе наприа од црвенокосава космополитка. За жал оваа испадна уште по лоша. Многу ми е криво за Битола, можеше да биде втор најголем и најразвиен град, но од вакви елити не е ни во топ 5 по мене. Одамна заостана зад Куманово и Тетово, а како тргнало и Струмица ќе биде подобра и поголема.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 260
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 09-Feb-2020 at 16:15
Да, вакви тешки глупости и јас не знам зошто се прават. Додека има еден куп други примарни работи што треба да се средат се оди на варијантата да се досредуваат работи кои веќе се направени и функционални. Дали имаат ниска интелигенција или во прашање е друга работа, не знам...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 10-Feb-2020 at 08:32
Не сум од Битола. Не одам на викенди во Битола. Не ме интересираат нивните пари и проблеми. Коментирам исклучиво за идејата. Во време на глумење патриотирзам ова е контра. И ми се допаѓа!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
David View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote David Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 10-Feb-2020 at 08:40
Никаква идеја,никаков патриотизам не е во прашање,туку чисто предизборно полнење џепчиња. "Идејава" никогаш нема ни да се реализира,а при толку проблеми кои треба да имаат приоритет во Битолскиот сообраќај ова делува како подигрување,да не употребам некој друг збор.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 10-Feb-2020 at 15:22
Не се разбираме. Ај да упростам.
Во кружниот можеше да има и статуа од непознат херотј. Или познат.
Ова е многу подобро!

*Зборам за КРУЖНИОТ ТЕК, не ме интересира ни градот, ни партијата, ни проблемите со сообраќај во тој град ни за финансиите. Само за идејата на кружниот.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 10-Feb-2020 at 18:07
Што стана со пробивањето на улицата зад стадионот под Тумбе Кафе?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 11-Feb-2020 at 15:03
Originally posted by Théoden

Што стана со пробивањето на улицата зад стадионот под Тумбе Кафе?


Готова е до стадионот. Потаму, здравје.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.