build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 16-Dec-2011 at 21:40
да тоа е местото(иако несум од Бт сум учел таму)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 10-Mar-2012 at 23:00
влезот во Битола од страна на Кичево(Прилеп),за жал времето беше лошо а и сликав со мобилен па сликите не се добри



Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 14-Mar-2012 at 20:45
Талески најави голема санација на улиците
http://www.youtube.com/watch?v=fPej-Nj92T4&feature=player_embedded
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 19-Apr-2012 at 20:54
За кружниот тек кај Педагошкиот факултет и влезот од страната на Охрид





Интензивно се гради кај Педагошкиот факултет во Битола, од потегот кај дирекцијата на Нискоградба до почетокот на населбата Довлеџик, се гребе асвалтот, се проширува коловозот и се подготвува теренот за кружниот тек.


„ 13 метра е улицата ќе има пешачки патеки, велосипедска патека четири ленти по два тоа се 75 метра, работевме паралелно на подземната инфраструктура значи со ЕВН, со водовод, со Телеком и изведовме нова атмосверска канализација во должина од 600 метра со тоа сите води од Довлеџик и социјалните згради кои ни правеа проблем повеќе нема да го има."- Кире Крстевски директор на КЈП Нискоградба.


Проектот чини околу 30 милиони денари и ќе се реализира во неколку фази, не заради средтсва туку заради експропријација на земјиште.


„ Парите за проектот од Лук Оил до овде прктично се обезбедени но како што кажавте имаме пробелм со експропријацијата која не еедноставна фаза и тоа земјиште општината ќе го експроприра до овој дел се е чисто затоа и тука работиме."-вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола.

Инаку изведувач и носител на проектот е Нискоградба, проектот предвидува реконструкција на велзот од кај Ресен од Лук Оил до Нискоградба.

Еве и видео
http://www.youtube.com/watch?v=z4b1v_WWbJ4&feature=player_embedded
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 01-May-2012 at 13:22
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 14-May-2012 at 19:49
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1175
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 27-May-2012 at 01:22
Состојба на КТ меѓу ул. Довлеџик, Васко Карангелевски и Бул. 1-ви Мај, кај Педагошки Факултет на 26.05.2012.Приодот во правец влез од Ресен(Довлеџик)накај центарот на Битола (1 Мај) е пренасочен преку ул.Охридска ако не згрешив
Паркингот пред ПФ е делумно корнет


Во позадина М4
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 30-May-2012 at 19:55
Originally posted by Тркало

Состојба на КТ меѓу ул. Довлеџик, Васко Карангелевски и Бул. 1-ви Мај, кај Педагошки Факултет на 26.05.2012.Приодот во правец влез од Ресен(Довлеџик)накај центарот на Битола (1 Мај) е пренасочен преку ул.Охридска ако не згрешив
Паркингот пред ПФ е делумно корнет


Не згреши, сообраќајоoт тече по Охридска.
И ако можам да речам, looking good!!!
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 08-Jun-2012 at 14:26
Реконструкција на улици во Битола...


Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 08-Jun-2012 at 18:15
Ако успеат се да завршат оваа градежна сезона двете од неколкуте најзнацачјни улици во Битола Иван Милутиновиќ и Васко Карангелевски со се кружните текови , ке биди стварно успешна инфранструктурна сезона на Битола. Со оглед на тоа што е предизборна година убеден сум дека ке гледаат се да завршат годинава, оти вгодина во Март се изборите.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 19-Jun-2012 at 21:53
Талески: Ќе се асфалтираат над 100 улици во Битола
Вторник, 19 Јуни 2012 16:59
Сподели
31

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Големото инфраструктурно обновување на Битола продолжува.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, денес ја посети улицата Струшка каде во тек е реализацијата на еден голем проект.

-Ова е еден дел кој што долго време не беше истретиран на урбанистички план, со подземна инфраструктура итн, овде имаме два краци кои што ќе се поврзат со улица Струшка и практично тоа е само дел од проектот кој што сакаме да го дореализираме. Штом се заврши водоводната мрежа, канализацијата, ќе се преасфалтираат овие улици, а во следната фаза има нови два краци што треба да се поврзат со канализацијата на ул. Ријечка. Оваа прва фаза која што дефинитивно ќе биде завршена со асфалтирање во вториот дел од сезоната, што значи некаде јули-октомври бидејќи во тој тендер ќе ги имаме за асфалтирање сите улици што се подготвени за асфалтирање, значи со поставена подземна инфраструктура, а следната фаза веќе ги изработуваме проектите за делот на ул.Ријечка. Ако стигнеме оваа сезона ќе интервенираме и таму, ако не тоа ќе биде следна фаза за овој дел од нашата општина исто така да се интервенира, да се асфалтираат улиците, затоа што тука како што гледате има места оставени кои воопшто не виделе асфалт. Мислам дека е голема придобивка оваа конкретна интервенција што ја правиме се работи за неколку улички кои што воопшто не беа асфалтирани. Но, за да го направиме тоа како што Ви кажав прво мора да средиме со подземната инфраструктура, а потоа и ќе ги асфалтираме. Тоа е интервенција која што вкупно ќе чини во оваа прва фаза некаде околу 6 000 000 денари. Тоа се однесува на проектот ул.Струшка со краците кои што се потребни, а за следната фаза која што ќе се однесува на Ријечка тоа ќе го знаеме откако ќе бидат завршени проектите за подземната инфраструктура од страна на Нискоградба, изјави градоначалникот на Битола.


Во оваа фаза се опфатени околу 600 метри од оваа улица.

Оваа година локалната самоуправа работи на максимално подобрување на патната инфраструктура, обезбедување побезбеден сообраќај за сите возила, за сите пешаци, доуредување на пешачките патеки, влезовите во градот и другите проекти кои се во завршна фаза на реализација.

-Најголемиот предизвик што ќе го понудиме за следната локална самоуправа е асфалтирање на сите улици во градот. Значи ќе бидат најмалку 100 улици кои што ќе бидат на список, без разлика на должината затоа што пресметавме дека со буџетот на општина Битола сето она што остана неинтервенирано може да се направи за следните 4 години, улици кои досега не биле допрени со било кој проект. Тоа е еден голем предизвик и тоа мислам дека можеме затоа што се уверивме во таа работа, ја динамизиравме изработката на проекти, динамизиравме финансиски средства во буџетот, се извештивме со службениците, веќе постојат фирми, па и јавните претпријатија се веќе извештени затоа што имавме голем обем на работа, мислам дека тоа ќе биде голем предизвик, значи дефинитивно без разлика на местоположбата на конфигурацијата на сите објекти, згради итн. Мислам дека тоа ќе биде исклучителен предизвик и мислам дека тоа општина Битола може. Досега не бевме во можност тоа да го направиме затоа што најфрекфентната патна мрежа практично беше оставена со децении, препуштена сама на себе и најчесто тоа одеше со крпење на улиците. Меѓутоа во Битола заради спецификата на временските услови зимниот период, летниот период, високите температури, долг период неинтервенирање со асфалт итн. се покажа дефинитивно дека најдоброто решение е инвестиција во потполна реконструкција на улиците – не крпење. Онаму каде што наоѓаме финансиски средства тоа да го заокружиме со цели проекти тоа го правиме, но сепак мора дел од буџетот повторно да посветиме на крпење на улиците, бидејќи општините со децентрализацијата сеуште немаат таква моќ одеднаш се да преасфалтираат. Тоа се навистина големи финансиски средства, значи 1 км асфалтирање на улиците со димензии за меѓународен сообраќај е околу 1 милион евра, само асфалтирањето, значи неземајќи предвид подземната инфраструктура доколку треба да се направи. Значи се работи за сеуште скапи материјали и се разбира изведби од професионалци, додава Талески.


На ваквите посети се согледуваат и другите инфраструктурни потреби на граѓаните на чиишто барања локалната самоуправа одговара според можностите, изготвените проекти и буџетот.
http://kurir.mk/republika/opstini/74992-Taleski-Ke-se-asfaltiraat-nad-100-ulici-vo-Bitola
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 24-Jun-2012 at 11:04

За СДСМ нема друг збор освен "арач" за двестоте денари кои месечно ќе мора да ги плаќа секое семејство резидент на зонските подрачја за да го паркира својот автомобил пред својата зграда, при што никој не им гарантира слободно паркинг место и сигурност на возилото. Вака денска се огласи битолската опозициона партија.
„ Фирмите покрај илјадниците евра за казни, во иднина ќе плаќаат по 72 илјади денари годишно за паркирање на само едно свое возило. Значи , некој дебело ќе заработува врз грбот на граѓаните, но тоа нема да биде општината, туку приватен концесионер, партиски близок до ВМРО ДПМНЕ.
Ставот на СДСМ за овој проект е недвосмислен и јасен, општина Битола не треба ни да размислува за зонско паркирање пред да се обиди да го реши проблемот со недостаток на паркинг места преку имплементирање на систем на еднонасочни сообраќајници, но и преку дополнителна изградба и означување на нови паркинг простори. Паралелно со ова, мора да се реализира и пилот проектот од сообраќајната студија за воведување на нови линии во јавниот градски превоз, со што граѓаните од сите градски подрачја ќе добијат можност лесно и евтино да пристигнат во центарот на градот без притоа да ги користат своите возила" рече Златко Ќурчиевски од СДСМ.


http://tera.mk/aktuel/sdsm-protiv-zonskoto-parkiranje

Не можам, а да не се согласам со ставовиве. Колку тие (не) би биле способни да имплементираат нешто од ова, знаеме сите, но сепак, таа студија ја чекаме 2 години, и нема ни најава за реализација. Исто така, концесионер за зонско? Си оди градоначалникот, му треба да продолжи со бизнис откако ќе му заврши мандатот. А катните гаражи, nowhere in sight.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 07-Jul-2012 at 22:48


И во Битола ќе се воведе зонското паркирање

По примерот на Скопје, Струмица и Куманово, локалните власти од Битола се одлучија да спроведат проект за зонско паркирање во градот. Советот на општината на последната седница ја прифати одлуката за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно – приватно партнерство за давање услуги за паркирање. На реализацијата на проектот му претходеше изработка на физибилити – студија, која ја покажа исплатливоста и потребата од воведување наплата на паркинг местата во градот. Предвидено е во Битола да постојат три зони за паркирање со вкупен капацитет од 1.951 паркинг места, а наплатувањето на услугата да се врши по електронски пат.

Во првата паркинг – зона наплатувањето би се вршело во периодот од 7 до 17 часот во износ од 30 денари за секои два часа, односно 20 денари за секои два часа во периодот од 17 до 02 часот. Во втората и третата зона цените за оваа услуга ќе бидат пониски. Општина Битола допрва преку оглас треба да избере приватен инвеститор во проектот, а рокот за воведување на зонското паркирање е 90 дена по потпишувањето на договорот со идниот партнер. Планирано е најпрвин да се воведе наплата на услугата паркинг во првата зона во строгиот центар на Битола и потоа сукцесивно да се воспостават останатите две зони. Концесионерот е должен во првите 60 дена од воведувањето да организира промотивно зонско паркирање и да ги запознае граѓаните со новата услуга.



#
Објавено на 07.07.2012 во категорија Вести.

Тагови: Битола, Паркинг


http://www.build.mk/?p=16614
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 10-Jul-2012 at 18:44
За тврдоглавоста на магарето

http://www.youtube.com/watch?v=hFT6xAMvXO4&feature=player_embedded

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 23-Jul-2012 at 00:44
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 27-Jul-2012 at 13:57
Денес во Битола се асфалтираше улица Цар Самоил. Не знам само до каде се асфалтира, ама логично би било да е барем до кај Зелено пазарче. Не можев да одам нагоре, се брзав нешто, зато и слики не напрајв. Иначе:

Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 194
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 16-Aug-2012 at 11:05
Иван Милутиновиќ се реконструира






https://www.youtube.com/watch?v=HLOPXJPn2H0&feature=player_embedded







Edited by JOE - 19-Aug-2012 at 01:00
Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 24-Aug-2012 at 20:32
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 25-Aug-2012 at 15:44
Иван Милутиновиќ улицата која се реконструира...


Back to Top
jonny View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jonny Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 25-Aug-2012 at 19:18
Кога се локалните избори, за да знам кога конечно ќе биди завршена улицата?

Озбилно, дадоа некоја временска рамка за завршување на улицата?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.