build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 21-Feb-2014 at 22:24

Нови инфраструктурни активности во Битола

Нова улица во вредност од 10.5 милиони денари е новиот инфраструктурен проект на општина Битола во урбан блок 18. Реализацијата на проектот ќе ги задоволи барањата на грааѓните од овој дел во градот.

Станува збор за нова улица која ќе биде паралелна со ул. Железничка во урбаниот блок бр. 18. Канализацијата е веќе инсталирана и денеска се започна со активности за инсталирање на водоводна мрежа што се неопходни за планираните идни градежни активности во овој блок. „Овој дел е урбанизиран и можам да кажам дека е завршена канализацијата во вредност од 1 100 000 ден. во моментов поставуваме водоводна мрежа и се разбира штом се заврши ова, продолжуваме со градежни активности - изјави градоначалникот д-р Владимир Талески .“ Вредноста на целиот проект изнесува 10,5 милиони денари. Со оглед на тоа што просторот во овој блок веќе е урбанизиран и се очекуваат интензивни градежни активности оправданоста за изградбата оваа улица е дотолку поголема. И овој струклтурен зафат е во рамките на барањата на граѓаните на општина Битола.

nov%20pat%20vo%20bitola%204

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 06-May-2014 at 21:15
Нектариј Битолски се асфалтира

Улицата Нектариј Битолски или поранешна Жикица Јованович Шпанац денес беше асфалтирана . Целата инвестицијата на овој инфраструктурен зафат изнесува 9 милиони денари

-Од денес во Битола започнува уште една интензивна градежна сезона во која ќе бидат преасфалтирани најмалку 25 улици. Со денешните активности се заокружува уште еден проект вреден 9 000 000,00 денари. На оваа улица беше променета канализационата мрежа и завршено тампонирањето, а во тек е асфалтирање, изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола

Оваа улица е од големо значење за жителите а и за сите оние кои секојдневно го посетуваат пазарот во Битола, вели првиот човек на ЈП Нискоградба Битола

-Претходната година направивме канализација која ја изведува ЈП Нискоградба, а за асфалтирањето е задолжен Гранит. Направена е 290 метри канализација, 280 метри е коловозот а со бехатон ќе бидат направени двете пешачки патеки, изјави Кире Крстевски директор на ЈП Нискоградба

Талевски вели дека со овие градежни активности ќе ја надминат бројката од 100 улици што ја ветија за нивниот 4 годишен мандат .

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 16-May-2014 at 00:16
Се асфалтира кружниот тек кај Веро

Денес екипата на јавното претпријатие Нискоградба и општина Битола започнаа да го асфалтираат кружниот тек кај Веро на улицата Васко Карангелевски и улицата Партизанска. Со цел безбедно и ефективно извршување на работите денес оваа улица од страната на болницата беше затворена за сообраќај.

Покрај кружниот тек кај Веро, неодамна градоначалникот Талески најави дека ќе се гради уште еден кружен тек на оваа улица поточно кај трговскиот центар Кеопс што според Талески би требало да ја зголеми претпазливоста на возачите и да ја намали брзината на возилата, бидејќи во близина има детска градинка и училиште.

Кружниот тек кај Веро се правеше подолг временски период бидејќи како што изјави градоначалникот се поставувале нови кабли од ЕВН кои што оделе под земја, а биле и поставени нови шахти од ЈП Водовод . Со кружните текови ќе се зголеми безбедноста, а на кружните текови ќе се постават содржини значајни за културно-историското минато на Битола, рече неодамна битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Што се однесува до кружниот тек на Црн мост неодамна Талески со објаснување дека ќе бил пуштен во употреба за брзо време, а стариот мост кај Црн мост ќе бил затворен за употреба на возила, и ќе се правело пешачки патеки.

Од досегашното искуство според познавачите на ситуацијата се покажало дека кружните текови се од големо значење, намален е бројот на семафори, сообраќајот се одвива брзо и безбедно и повеќе ги нема тие редици и гужви што претходно претставуваа честа слика низ сообраќајниците во градот.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 16-May-2014 at 00:20
За кај Кеопс не ми се верува дека тоа е проблемот што го кажува градоначалникот,но тоа веќе не е тема за овој форум
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 16-May-2014 at 00:34
Кружниот тек кај Кеопс е сосема непотребен. Поарно нека биде 50 метра потаму како на сликата, улици кои се далеку пофреквентни отколку онаа кај кеопс.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 16-May-2014 at 01:30
тоа ми е поентата,ама позадината е сосема од друг вид
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 16-May-2014 at 02:02
Улицата кај Кеопс треба да се поврзе со улицата кај средното техничко училиште. Ама некако не им се брза
Traveling.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 28-May-2014 at 19:28

Се асфалтира Лавчански пат

Проблемите што ги имаа жителите во однос на поплавите на Лавчански пат ќе станат минато . Денеска се асфалтираше површина во должина од нецел километар, поставени се решетки за собирање на атмосферската вода, инвестиција вредна 9 милиони денари .

Конечно проблемите со кои се соочуваа жителите на Лавчански пат ќе станат минато. Проектот што требаше да биде готов уште од минатата година финишираше денеска со асфлатирање на површина од нецел километар. Инвестицијата е во вредност од 9 милиони денари дел преку Европска банка, а дел од општина Битола информираше денеска д-р Владимир Талески – градоначалник на општоина Битола. Станува збор за проект на едно техничко решение кое е од големо значење ако се имаат предвид проблемите со кои се соочуваа жителите од оваа улица изјави Тони Стојчевски – координатор на проектот „Порано беше ужасно, а мислам дека ќе биде добро“ вели Атанас Крвалевски жител на Лавчански пат . Најавувајќи ја градежната сезона денеска градоначалникот Талески најави завршување на веќе почнатите проекти и реализација на нови со кои ќе се почне штом се формира новата Влада.

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 11-Jul-2014 at 22:25
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 21-Jul-2014 at 15:19
Кај Веро и пазарот

Кај безистенот, јбг колава у заден час улетала

Edited by N23 - 21-Jul-2014 at 15:20
23ka.wordpress.com
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 18-Mar-2015 at 23:11
Се работи на улицата Довлеџик

VESNA_DOVLEGIK_001.jpg

Со затоплувањето на времето започнува и градежната сезона во опшина Битола. Денес екипата на Нискоградба на терен на влезот во Битола од страната на Охрид.Започнаа со подготвителните активности за асфалтирање на 100 метри од улицата

„Се наоѓаме на влезот од Битола од страната на Охрид е завршена убава работа која што функционира со кружниот тек но продолжуваме онолку колку што ни дозволуваат правните и законските рамки . Уште 100 метри ќе направиме затоа што проектот до мостот има проблем со екпропријација, т.ш овој период после оние 26 милиони кои што се инвестирани во влезот продолжуваме со интервенција од 100 метри", изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола

VESNA_DOVLEGIK_002.jpg

„На овој дел од 100 метри екипата на Нискоградба го припрема теренот за коловоз и се надеваме дека за 45 дена ќе биде завршено се надеваме со асфалтирање", изјави Кире Крстевски директор на Нискоградба, Битола

VESNA_DOVLEGIK_003.jpg

Општина Битола и оваа градежна сезона ќе продолжи со реализација од својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини. Асфалтирањето на улиците е од големо значење за мештаните, затоа што на овој начин им се надминуваат доста од проблемите со кои се соочуваа во изминатиот период. Улиците ќе се асфалтираат по барање на жителите од селото, вели градоначалникот .Оваа градежна сезона Талески и со најава за реализирање на проектите кои биле дел од програмата, како што се реконструкција на дел од училиштата и градинките.

Izvor

Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 29-Mar-2015 at 13:09
Конзулска Битола...

Превзено од ФБ - Ѕид на сообраќајниот срам
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 29-Mar-2015 at 14:20
Од времето на 88,89,90 година кога учев во Битола па до денес немам видено преасфалтирана улица во градот.И тогаш е сега кога се вози по улиците го имам истото чуство-само крпеници.А пак влезот од кај Прилеп и Кичево е посебна приказна.

Од сите градоначалници досега сум слушал само за канализации,водоводи....а за преасфалтирање не сум слушнал освен некои чикмаци по влашките маала
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 29-Mar-2015 at 17:14
За жал во право сте. Но тоа е проблем со сите нескопски општини во РМ. Сум пишувал и порано. Скопските општини се финансирани од три буџети, општинскиот, на градот и владата, додека другите само од еден и тоа помизерен.
Конкретно за Битола, дури и инфраструктурата во индустриската зона жабени е на товар на општината и не помогната од владата. Не знам, ако мисли некој нека спротивно нека ме поправи, за проект во Битола од 2006 што е финансиран со државни пари. Додека за тоа време сите знаеме колку Скопје доби од државата (автобуси, жичарница, стадион, улици...)
На страна заборавеноста од владата, искрено јас имам чувство како Битола последните години да нема воопшто градоначалник. Последните ~10 години направени се 4-5 кружни тека и мизерно преасфлатирани две поголеми улици. Има и преасфалтирано по некоја помала, но се уштеповеќето улици се во очајна состојба и од ден за ден полоши. Покрај улиците, не се нити тротоарите, нити зелените површини средени, со исклучок на тие што беа од претходно ок.
Ако некогаш Битола важеше за втор град во Македонија, а историски и го заслужува тоа. Денес за жал ја дели истата тажна судбина со останатите не скопски општини - градови. Миградијата Битола-Скопје, Битола-Австралија(странство) е се поголема. Ако некој политичари успејат таков град како Битола да го уништат со целиот свој потенцијал за развој, алал да им е!

Edited by stratus - 29-Mar-2015 at 17:19
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 29-Mar-2015 at 20:44
Досега ни еден градоначалник на Битола се нема покажано. Обично секој град имал по еден градоначалник кој се истакнувал,но Битола досега немала таков,иако на овој(кичевчанецот битолски) му е трет мандат
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 29-Mar-2015 at 21:33
Originally posted by stratus

За жал во право сте. Но тоа е проблем со сите нескопски општини во РМ. Сум пишувал и порано. Скопските општини се финансирани од три буџети, општинскиот, на градот и владата, додека другите само од еден и тоа помизерен.
Конкретно за Битола, дури и инфраструктурата во индустриската зона жабени е на товар на општината и не помогната од владата. Не знам, ако мисли некој нека спротивно нека ме поправи, за проект во Битола од 2006 што е финансиран со државни пари. Додека за тоа време сите знаеме колку Скопје доби од државата (автобуси, жичарница, стадион, улици...)
На страна заборавеноста од владата, искрено јас имам чувство како Битола последните години да нема воопшто градоначалник. Последните ~10 години направени се 4-5 кружни тека и мизерно преасфлатирани две поголеми улици. Има и преасфалтирано по некоја помала, но се уштеповеќето улици се во очајна состојба и од ден за ден полоши. Покрај улиците, не се нити тротоарите, нити зелените површини средени, со исклучок на тие што беа од претходно ок.
Ако некогаш Битола важеше за втор град во Македонија, а историски и го заслужува тоа. Денес за жал ја дели истата тажна судбина со останатите не скопски општини - градови. Миградијата Битола-Скопје, Битола-Австралија(странство) е се поголема. Ако некој политичари успејат таков град како Битола да го уништат со целиот свој потенцијал за развој, алал да им е!

Комплетно се сложувам со твојот пост. Владата премногу го форсира Скопје со секакви проекти, но Скопје мора политички да се држи, затоа што за секоја партија најбитно е да го контролира и држи главниот град. Тука мора да се додаде и фактот дека најголем дел ако не и сите министри си живеат во Скопје.

Граѓаните на главниот град не се на исто ниво како останатите, затоа што одсекогаш биле научени на најдобро и треба многу да вложуваш за да ги купиш за разлика од помалите градови и села каде што со 2 ракии ќе ги купиш на избори. Факт!

Но, не е само кај нас така. Исто е и со Белград- останати градови во Србија, Софија-останати градови во Бугарија.

Но, пред се тука зависи и желбата на градоначалникот да стори нешто за својот град наместо се да трпаат во џеб.

Градоначалниците на Прилеп и Штип можеби не се идеални, но доста сторија за своите градови. Прилеп беше типична паланка до пред 10-на година и смешен град спрема Битола за да денес може да се споредува во многу параметри со Битола.

Штип со универзитетот, новите економски инвестиции и фабрики како и експресниот автопат верувам дека за 10 години многу ќе се развие како град. Од прилика друго се ќе стагнира ако не и изумре.

Ако погледнеш во повеќето општини најголема државна инвестиција е училишна сала и бесплатен интернет, лол!

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 30-Mar-2015 at 15:44
Originally posted by Kid_A

И двајцата сте во право. Меѓутоа по логиката на нештата, политичката борба за Карпош, Кисела Вода или Аеродром би требало да е многу слична со борбата за Битола. А во стварност е далеку од тоа. Битола де факто нема градоначалник последните 3-4 години. Пет улици и 3 кружни тека се срамен резултат за градоначалник кој располага со таков фискален потенцијал. Кино на Широк Сокак, на површина не поголема од 200-250 квадрати се гради 3 години. Па да му се невиди, од незадолжителен самопридонес на граѓаните да се градеше, досега ќе беше готово. Битола изминатите години беше без поддршка на централниот буџет, без капитални проекти. Единствено, кофинасирањето на зоната Жабени беше вистинска помош од страна државата. Ваљда пругата кон Грција и реконструкцијата на болницата нема да бидат единствените значајни проекти во Битола, затоа што градот заслужува повеќе. Само не смее се да се сведе на чекање, треба и локално да се работи, а оваа администрација е толку комотна и летаргична... Со право се прават споредби со Прилеп, Штип, Струмица. Нивните градоначалници не се најпаметните, но очигледно се луѓе од акција. Во Битола како да нема основна волја за некаков напредок.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 10-Jul-2015 at 13:01
Асфалтирање на улица „Довлеџик“ во Битола

Влезот на Битола од страната на Охрид добива нов лик. Во тек е асфалтирањето на улицата „Довлеџик“, односно завршува втората фаза од целосната реконструкција на истата, чија вредност е околу 7.5 милиони денари.

„ Според проектот должината на целата интервенција досега е околу еден километар, а во случајов се работи за фаза која ќе се приврши со 300 метра кои што се асфалтираат во моментов. Проектите ги поделивме во неколку фази, како што беа кружниот тек, потоа првата фаза на Довлеџик, сега ова е втора и трета фаза, а во иднина имаме план да го дозавршиме овој дел до мостот, а после мостот да направиме еден убав кружен тек. Во последниот дел навистина е неопходно да се регулира поради безбедноста во сообраќајот“ – изјави градоначалникот д-р. Владимир Талески.

Уличното осветлување е во вредност од пет милиони денари, а инвестицијата за целиот овој проект само за асфалтирањето е 35 милиони денари.

http://www.porta3.mk/asfaltiranje-na-ulica-dovledzhik-vo-bitola/
Back to Top
Falcon View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2012
Location: Canada
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Falcon Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 02-Oct-2015 at 04:39
Се реконструира патот од детското одморалиште до хотелот Молика на Пелистер:

http://tera.mk/rekonstruktsija-na-patot-do-hotel-molika/

Edited by Falcon - 02-Oct-2015 at 04:40
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 27-Oct-2017 at 13:33

ко да не е малку што паркинг нема ни за лек, та ко за беља секој еден битолчанец си има кола паркирано некадеа в Центар, некој ќе рече може немаат битолчани јавен градски превоз, но има и тоа каков, прашање е колку истиот би бил доволен доколку Пелистерци озбилно се решат за некој поевропски табиет, она општински да се кренат да истераат вело патеки по сите страни, и градски и селски, што не само што би било корисно по здравјето локално туку и по туризмот глобално ...

но најнапред мора да се реши паркирањето во и околу Центарот, прво да се направат официјално улични паркинг места, онаму каде има тротоари вовлечени во иститебар ко паркинг за мештаните предкуќи доколку се спремни за тоа да плаќаат, но што би го стеснил просторот за пешаци, за кое чаре би било и еднонасочни тротоари бар како улична сигнализација иако народ и натака ќе си импровизира во марширањето наоколу, ауу каква збрка е само тоа од прекршоци, а заради што би требало онака европски в центар да е дозволено само лазење за аута со 10км на саат, во спротивно нека направат подвозници на сите улички кои го сечат Широк Сокак ...
но, повторно треба и катни гаражи в Центар, таман ако се решат за нов и поубав плоштад ]1[ како кај Магнолија така и од спротива, кај то античката меѓуградска, каде сега има општински паркингчина со редари кои како шеткаат и на мене ко скотјанец ми делуваат ко локални шерифи, а не па некој странец, но рампа тука немоит а некој мора ред да држи а оти битолци знаат да бидат склет та сигурно затогодинава и поарпаџик паркинг пазачи кај саато, иако лани имаше тро потуристички ликои, она дечки со суканици или невести со којнски репои, ќе да ги ангажираат сезонско партиски или ко административно казнети ...

Битола навистина има шанси да стане македонска Вело престолнина, но најнапред мора да го решат проблемот со колијадата, а што би можело експресно да се случи само доколку радскиот јавен превоз е бесплатен [1] но и се поработи на негово подновување, можеби со Трам доколку некои идни акедонци извадат домашен бренд за градски шини та зошто не и жици [2] бреј то идејата на едикојси шеик, чинам кувајтски, да стори ниет за жичарница до Пелистер, може ќе дотера до почетна и од Тумбекафе односно то градскиот парк та бидне тука нешто налик битолски транспортен јазол, но би било закон односно задолжителна македонска атракција ако ваква жичарница би терала и отаде планината ]3[

горе доле излезите и булеварите се средени, останува сега новата Градска Мајска да се одважи онака со стил да го реши центарскиот авто карамбол, синкир најнакрај само пајтони ќе допуштат да врват околу 'Широксокак, тук таму електро количина за млади, постари и инвалиди ... можеби вовчина наоколу ... Аирлија, нека мисли поубо и поубо натака ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.