build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Куманово - Табановце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надградба на Куманово - Табановце
    Posted: 15-Sep-2007 at 01:56
Делница Табановце-Куманово, км. 0+764.70 - км. 8+388.43

Цената се најавува да биде околу 11.000.000 €. Работите треба да почнат кон крајот на годинава или почетокот на наредната, а се надевам ќе бидат готови за неколку месеци.



Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 11:10
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jan-2008 at 23:14
Cheers

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ПОТРОШИ НАД СТО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА


Приоритет за дозавршување на скопската обиколница


Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра


Во земјава годишно во просек се градат 10 километри автопат и шест километри магистрални и регионални патишта, за кои се трошат околу 80 до 100 милиони евра. Ова е состојбата во последниве 15 години, а според Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта што ја усвои Владата, со исто темпо ќе се продолжи и оваа година. Според оваа Програма, Владата има намера за реализирање на капитални проекти во патната инфраструктура да потроши 6,25 милијарди денари или 102 милиони евра.

Приоритет и годинава е ставен на дозавршувањето на обиколниот автопат на Скопје за што се наменети 4,6 милиони евра. Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски со Програмата се предвидени 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. Така, за изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуф" е предвидено 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев град" се проектирани 700.000 евра.

Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничка" и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејци" се предвидени над 160.000 евра. Над 1,06 милиони евра се предвидени за реконструкција и рехабилитација на регионални патни правци и наплатни станици.


Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: Вечер


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 11:12
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jan-2008 at 23:23

Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
 
Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jan-2008 at 23:28
Оваа цена од 1 милион мислам дека тоа е со све експропријација, мостови и тунели просечно, а само асфалт не чини толку, сега ако се работи за државно земјиште незнам колку би чинело, ама сигурно е многу многу поефтино.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Jan-2008 at 23:31
Originally posted by UrbanFreak

Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Jan-2008 at 23:37
Originally posted by pbanks


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
 
И јас помислив на оваа варијанта. Се надевам дека сме во право. Во секој случај сумите за останатите правци делуваат разумно.


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 11:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Jan-2008 at 00:25
Originally posted by pbanks

колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.


Леле брат немој жити се со таа терминологија, тоа е најобична пропагандистичка етикета што ја имаат измислено грците. Тоа се во голема мерка европски пари за балканот, за кои на Грција (за жал) и беше доверено да ги планира, распоредува, контролира... Тие средства веќе долго им служат на грците за притисок и уцени. За среќа не се само нивни парите, па не можат премногу да беснеат, ама сигурно злоупотребиле максимум колку што можеле.


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 11:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Jan-2008 at 00:31


абе во ред, муабетот ми беше дека ако добро ме служи меморијата, веќе се обезбедени пари и за таа делница, ова што го уфрла владава е само некој процент плус.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Feb-2008 at 00:17
Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот? До кога со вакво темпо. Ohno

Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат

 

Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта

Верче Георгиевска

Регионалниот пат од граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на трансевропскиот Коридор 10.

Фондот за магистрални и регионални патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.

Според програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси 5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а остатокот се средства од кредит.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Feb-2008 at 00:28
Originally posted by pbanks

Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот?


И мене ова многу ме изненади... Остај другото, туку самите највуваа дека изградбата ќе траела неколку месеци.

Абе кога треба да се ветуваат мегаломански проекти, немаат мерка... Ама кога треба навистина нешто да се реализира, слабо им оди, без разлика колку е мал и едноставен проектот.

Bash Bash Bash
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Feb-2008 at 01:19
Originally posted by pbanks

Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот? До кога со вакво темпоOhno

Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат

 

Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта

Верче Георгиевска

Регионалниот пат од граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на трансевропскиот Коридор 10.

Фондот за магистрални и регионални патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.

Според програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси 5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а остатокот се средства од кредит.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F
 
Стварно за толку краток дел од 8 км е многу година ипол. Добра е иницијативата за завршувње на оваа делница посебно од Демир Капија до Смоквица. Сигурен сум дека тука изградбата ќе оди многу многу подолго поради теренот.


Edited by Cloverstack - 08-Jul-2009 at 15:31
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Feb-2008 at 01:22
Па и таму не би требало да оди споро (а ќе оди). Хрватите направија чуда за само две години и тоа на многу потежок терен.

На нашиве само една делница им се лизна да ја завршат брзо како што треба а тоа е Гевгелија-Смоквица. Таа беше стварно експресна. Исто така за  пофалба е релативно делницата на Скопската северна обиколница која ја гради Терна. Можеше и побрзо но сепак е во некаков разумен рок.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Feb-2008 at 01:27

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 

NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Feb-2008 at 01:40
Originally posted by Junkie

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 



Па не само тој дел и автопатот накај Сплит е потфат. За само една година направија нешто над 100км, од Карловац до Задар скоро. Остатокот следната година.

Не треба воопшто да спомнувам какви вијадукти и тунели има на тој автопат.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Feb-2008 at 01:58
Originally posted by pbanks

Originally posted by Junkie

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 



Па не само тој дел и автопатот накај Сплит е потфат. За само една година направија нешто над 100км, од Карловац до Задар скоро. Остатокот следната година.

Не треба воопшто да спомнувам какви вијадукти и тунели има на тој автопат.
 
Можеме само да кажеме дека располагаат со многу поголеми финансиски средства. Кај нас тоа е голем проблем.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Feb-2008 at 02:03
Се согласувам во врска со средтсвата што ги имаат Хрватите, но ја имаат и ненормалната организација на нештата, многу добро се логистички организирани. Инаку во главнина поголемиот дел од патиштата ги реконструираше и градеше Гранит, а особено 3-те вијадукта кај Риека.

П.С. Не дека немаме стручњаци, него дома не ни се работи.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Mar-2008 at 00:50
ОСУМ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ ТАБАНОВЦЕ-КУМАНОВО


Пелагонија и Бетон понудија најниски цени


Пелагонија, иако достави најниска цена поради тоа што ја немаше потребната банкарска гаранција, е неизвесно дали тендерската комисија ќе ја земе предвид нејзината понуда


Две домашни и шест странски градежни компании доставија понуди за изградба на автопат од граничниот премин Табановце до Куманово. На вчерашното јавно отворање на понудите, скопските градежни фирми Пелагонија инженеринг и Бетон понудија 10,6, односно 12,97 милиони евра за изградба на 7,62 километри автопат. Од тендерската комисија појаснија дека се уште не може да се дефинираат четирите компании со најниска понудена цена бидејќи треба да се разгледа нивната доставена техничка документација. Пелагонија иако достави најниска цена, поради тоа што ја немаше потребната банкарска гаранција, е неизвесно дали тендерската комисија ќе ја земе предвид при рангирањето.

Во трка за изградба на ова мало парче од патниот Коридор 10 влегоа и хрватските компании Виадукт и Конструктор инженеринг чии понуди се околу 14,3 милиони евра. За градење на автопатот понуда од 11,1 милиони евра пристигна и од хрватскиот конзорциум меѓу Ингра и Осиек Котекс. Алпине Бау од Австрија понуди 12 милиони евра, Страбаг од истата земја - 15,21 милион евра. Највисока е понудата на грчката Терна - 16,7 милиони евра. Терна и Бетон како подизведувач се ангажирани на изградбата на втората фаза од обиколниот автопат на Скопје.

Делницата од Табановце до Куманово треба да се подигне на ниво на автопат за 18 месеци и ќе биде финансирана преку заем што Фондот за магистрални патишта ќе го земе од Светската банка.
Во Програмата на Владата за инвестиции во патната инфраструктура за годинава, од Буџетот за оваа делница се планирани 707.000 евра. Овие средства ќе се искористат за експропријација на земјиштето.

http://vecer.com.mk/?ItemID=382CA44974C3C848847795A1486C842E



Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 11:15
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Mar-2008 at 01:09
"Пелагонија и бетон понудија најниски цени"
10.6 милијони и 12.97 милијони
а потоа пишува " За градење на автопатот понуда од 11,1 милиони евра пристигна и од хрватскиот конзорциум меѓу Ингра и Осиек Котекс"

значи понудата на бетон е поскапа од хрватската...
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Mar-2008 at 02:04

СПОРЕД ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ


Ингра ќе го гради автопатот Куманово - Табановце


Хрватската компанија Ингра доставила најповолна понуда за градење на автопатот Куманово -Табановце, тврдат хрватски медиуми. Оваа компанија веќе најави дека ќе инвестира во Македонија преку преземањето на скопската градежна компанија "Маврово", за чија понуда ќе гарантира и австриската Рајфајзен банка.

Хрватските медиуми пишуваат дека оваа е прва зделка која Ингра ја добила на македонскиот пазар. Станува збор за изградба на автопатот во должина од 7,5 километри, кој е дел од паневропскиот Коридор 10.

Ингра, наводно, за реализација на овој проект, вреден околу 10 милиони евра, планирала да ја користи оперативата на "Маврово".

Од Фондот за магистрални и регионални патишта вчера изјавија дека тендерската комисија треба допрва да ја избере најповолната понуда, а тоа, според нив, не значи дека најниската понуда ќе бидат избрана на меѓународниот тендер.

Ингра на тендерот настапи во конзорциум со Осиек Котекс и понудија околу 11 милиони евра.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2B72BC02DE537C4E87D2E9CF219F7EA2
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jun-2008 at 04:07
Bi zamolil nekogo da mi odgovori na prasanjevo:gledam deka malata delnica na avtopatot od Kumanovo do Tabanovce stoi sekogas oznacena deka e vo izgradba, dali e taa veke zapocnata, koga ke zapocne i koga bi trebalo do zavrsi? Blagodaram odnapred.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.