build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Куманово - Табановце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Jun-2008 at 04:14


Лани ова време беше најавено дека кај да е ќе почнеле со изградба и пошто делницата била многу едноставна и кратка, работата ќе била готова за неколку месеци (мислам беше спомнато почетокот на 2008 или дури крајот на 2007).

После тоа наидов и на информација дека почнале со „припремни“ работи, што и да им значеше тоа...

Јас сепак до ден денес немам наидено на конкретна информација дека почнале вистинските градежни работи, ниту на веродостојна информација кога се очекува сегментот да биде готов...


Edited by Cloverstack - 30-Jun-2008 at 04:15
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jun-2008 at 04:21
Verojatno planiraat da vleze vo funkcija nekade posle 2013, koga "bi trebalo" da profunkcionira delnicata Demir Kapija-Smokvica. Zalno
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 20-Sep-2008 at 14:50
Само кратка вест од МИА. Супер вест секако ваљда другите медиуми ќе ни донесат повеќе информации (на сајтот на МТЦ има некаков политички памфлет околу ова но никакви конкретни информации околу рокови, изведувач, цена итн) Cheers

Скопје, 20 септември (МИА) - На граничниот премин Табановце денеска свечено беше поставен камен-темелник за изградба на автопат на делницата Табановце-Куманово


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=57220679&lId=1&pmId=501


Edited by pbanks - 20-Sep-2008 at 14:52
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 20-Sep-2008 at 15:09
i

Edited by theone - 24-Aug-2012 at 00:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 20-Sep-2008 at 20:37
Па нели хрватска фирма нешто требеше или грешка сум?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Sep-2008 at 20:39


И ја така знам...
Сега дали беше Ингра или Конструктор, нешто ми се испомешани работите, ама и ја памтам на времето дека се објави некоја хрватска фирма Dunno


Edited by Cloverstack - 20-Sep-2008 at 20:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 20-Sep-2008 at 20:55
Контруктор го градеше патот до манастирот  Преображение во Крушево. Ингра е овдека.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Sep-2008 at 10:27
theone имаше право, веројатно се Алпина.

Зошто цела година ипол за ваква смешна делница Wallbash

Камен-темелник на автопат Куманово-Табановце


Од Куманово до граничниот премин Табановце за 1,5 година ќе се вози по автопат. Камен-темелникот на новото автопатско решение, со должина од 7,6 километри, беше ставен во саботата и него ќе го гради австриска фирма. Парите за делницата во висина од 720 милиони денари се обезбедени од буџетски средства и од заем на Светската банка.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска оценија дека со изградбата на делницата се очекува да се подобри протокот на возила и да придонесе за економски развој.
- Со ова продолжува реализацијата на програмата на Владата за изградба на Коридорите 8 и 10, како и на други приоритетни патни правци за подобрување на комуникацијата не само на домашниот, туку и на меѓународниот транспорт - рече Валкановска.

Министерот Јанакиески најави распишување тендери за изградба на регионални и локални патишта.
- Министерството за транспорт и врски не запира овде. За таа намена ќе се употребат 60 милиони евра од Светска банка - истакна Јанакиески.
Тој информира дека добиле одобрување од грчката влада за користење на европските средства со што ќе се овозможи реализирање на проектот за изградба на Коридорот 10 во целина, вклучувајќи ја и изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица на ниво на автопат.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3BF50674BA6EBE4F947B237CD85D5246
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Sep-2008 at 23:41
Куманово-Табановце прилично скапа делница излезе. 12 миљони евра за 7,6 км е стварно многу! Имам слушнато некоја просечна бројка од 1миљон/1км, или па можеби тоа е само за една насока?!
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 22-Sep-2008 at 23:46
Da be i ja se zachudiv, pa tolku e za kilometar pruga 1 miljon americki dolari na kilometar. Da ne im baraat nekoj specificni standardi za toj avtopat??

Stvarno e premnogu toa, pa imaat vo plan deka 2000km patista ke pravat niz drzavata sekoj grad i selo ke ima pat i plus da gi servisiraat i da gi chistat ke koshta gjavol ipol na kraj.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Sep-2008 at 23:52
@ lslcrew

Таа бројка од еден милион за еден километар автопат по рамен терен, важела (и тоа само условно) за други врмиња. 12 милиони не се многу за 7.6km, баш напротив, но во случајов ме буни тоа што се работи за дуплирање на постојниот пат, а не за комплетно нов автопат... Но претпоставувам дека доста средства ќе одат во реконструкција, проширување  и подигање на стандардите на постоечкиот пат што ќе се искористи во функција на овој автопат, така да нема баш простор за забелешки. На крајот на краиштата зарем немаше тендер?


Edited by Cloverstack - 22-Sep-2008 at 23:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Feb-2009 at 05:05

Протест кај Табановце, автопатот се гради

КУМАНОВО - Четириесетина сопственици на земја и имоти од село Табановце вчера протестираа на автопатот незадоволни од висината на надоместокот за плодни парцели и градежно земјиште по кое минува втората коловозна лента од Коридорот 10. Градежните работи на оваа делница во должина од осум километри почнаа да се изведуваат пред околу еден месец, на просторот од граничниот премин кај Табановце до Куманово.

Претходно биле склучени договори со околу 150 сопственици на земјиште од селата Табановце, Речица и Долно Којнаре, во кои било предвидено сопствениците да се обесштетат со 2,5-5 евра за квадратен метар зависно од бонитетот на земјата. Стотина сопственици се согласија со таквата цена и надоместоците веќе им се исплатени. Другите, незадоволни од цената, се упатени своите барања да ги остварат по судски пат.

На вчерашниот протест незадоволните земјоделци од Табановце бараат надоместок од 5 евра за земјоделско место до 15 евра за дворни места и градежно неизградено земјиште. Тие изјавуваат дека веќе еден месец втората лента од автопатот се гради насила, а тие ќе протестираат и со порадикални мерки.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0927857AEF41FB4AA4A5F2A6508E868B
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Feb-2009 at 12:55
Previous
15 EUR за М2 во Табановце, Речица и Долно Коњаре е секако лудило. Се надевам дека правниот систем ќе профункционира, дека ќе бидат сопстбвениците прво обесштетени, проектот нормално ќе продолжи а секако незадоволните можат да бараат на суд поголема исплата, но само откако ќе почнат градежните работи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-Jun-2009 at 11:29
Еве конечно фотки од овој зафат. Се работеше интензивно, но во очи ми упаднаа неколку прекини на трасата за кои се плашам да не се завлечкани имотно-правни спорови. Исто така да забележам дека и на постојниот пат очајно му е потребно пресвлекување со нов асфалт - некои делови изгледаат како да биле бомбардирани со касетни бомби.

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15  Табановце...


16  ...и после назад


17


18


19


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 03-Jun-2009 at 11:43
Е овие фотки очајно ни требаа. Браво Кловер, динамиката ми се допаѓа.

Неможам да проценам од сликите. Дали се гради цел паралелен автопат или постоечката траса ќе се прошири и адаптира како еден правец на идниот автопатот?


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-Jun-2009 at 11:47
Се гради само „пола“ автопат кој ќе биде докомплетиран со постоечкиот пат.

Со оглед на карактеристиките на трасата и со оглед на постоечката околна патна мрежа, мислам апсолутно оправдан пристап.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Jun-2009 at 11:49
Originally posted by Cloverstack

Се гради само „пола“ автопат кој ќе биде докомплетиран со постоечкиот пат.

Со оглед на карактеристиките на трасата и со оглед на постоечката околна патна мрежа, мислам апсолутно оправдан пристап.


Не те разбирам баш. Карактеристиките на теренот се баш едноставни за изградба на ефтин автопат и задржување на постоечката траса како алтернативна.

Што сакаш да кажеш со оглед на постоечката околна патна мрежа? Ги немам многу разгледувано патните правци околу, сакаш да кажеш дека постојат доволно патишта кои може да служат како алтернативни?

Во секој случај доколку се гради само пола автопат а постоечкава траса ќе се надградува дефинитивно ти е неоправдан стравот дека нема да се пресвлече асфалтот. Сигурен сум дека тоа ќе го направат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 03-Jun-2009 at 11:56
Да не навлагам офтопик, на слика 5 и на 6 се гледа некое објектче во изградба. Табла нешто имаше?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 03-Jun-2009 at 11:59
@ pbanks
Карактеристиките на постоечката траса ги спомнав во контекст на тоа дека нема никакви пречки да се надгради во автопат од аспект на оштри свиоци и или големи нагиби, баш напротив. Значи и со едноставно дуплирање нема да има никакви импровизации во однос на таквите стандарди.

А постојната патна мрежа е доволна за да не е потребна дополнителна алтернатива како задржување на постоечкиот пат и изградба на комплетно нов автопат. Паралелно со патов од источната страна е Р-101 кој не само што ги поврзува населените места туку е и класична алтернатива на идниов автопат. И од западна страна се е добро поврзано. Не знам во каква состојба е тоа и како се одржува, но тоа секако е друго прашање само по себе и нема врска со резонирањето како да се изведе автопатов.


@ lslcrew

Тоа е дел од зафатов - очигледно го модифицираат надвозникот за да може да се протне автопатот.


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 12:02
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4691
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 03-Jun-2009 at 19:18

dosta shiroko e. mi se svigja. da se sredi i stariot del top ke bide

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.