build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Куманово - Табановце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 07-Sep-2011 at 22:15
еее,за квалитет на асфалт прашајте ги тие што го правеа Гостивар-тетово,лично од еден од директорите тогаш ми беше кажано дека се платени огромни казни за правење далавери со асфалтот,а подлогата е башка работа,плаќано е посебен тампон од подалечно место(тампон,превоз) а ставан е локален неквалитетен.по негово кажување(пред повеќе од 10 години) брго ќе попушти автопатот,што и набрзо се случи
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 08-Sep-2011 at 01:01
Originally posted by kultuzin

Исто така бог да чува од партиска обоеност и искомплексираност. Која за жал од авион се гледа и опасно се стреми форумот да го претвори во партиска пропаганда. Очигледни се црно белите гледишта кон проектите со кој се нарушува и квалитетот на форумот. Очигледно е и постојаното барање на влакно во јајцето , целта е јасна. А уште полошо е кога тоа влакно се бара не со свои очи туку врз база на „инсајдер„ информации или информации од партиски штаб народски кажано. Значи ако сакаш веќе да плукаш тогаш направете напор и одете сликајте ги сите недостатоци па потоа ќе разговараме како и што му доликува на формот. Жал ми е што морам ова јавно да го пишам но штетите кои ги трпи форумот се очигледни.

П.С. Извинување до Администраторите кои најмалку заслужуват да бидат малтретирани со вакви постови а уште помалку заслужуват постојано да бришат постови.

Ќе се обидам најконструктивно да ти одговорам. Воопшто не сакам „рекла-казала“ муабети и јас самиот. Се потегнав да напишам, затоа што се работи за луѓе кои работат во професијата веројатно подолго отколку што имаш ти години...и не верувам дека сакаш имиња да ти дадам овде...

Не ти е гајле целиот процес на градење на оваа делница со смешни размери за светски (да не речам за афрички) услови и те мрзи да прочиташ назад колку години се тегави изведбата на овој објект, ама не те мрзи одма со „партии“ и со „штабови“ да се бавиш....

Еве мојот пост е наивен, супер-наивен...зошто не се обиде да демантираш со некаква информација - пр. ангажирани други подизведувачи, повеќе механизација, повеќе работници или измисли нешто...викаш да одам и да сликам - во последниве 3-4 месеци најмногу 3 пати сум поминал по патов (факт е дека немам слики), толку често патувам јбг - и искрено сум изненаден дека сега ќе се пушта во употреба - колку за твоја информација, возев таму пред 2 недели....е сега ете, не сум патар, не сум стручњак по нискоградба, ама нема зошто да не им верувам на луѓе, кои тоа им е работа и буквално работат на изведбата...сигурно тоа ќе го земам како релевантен податок, него некоја „екстра е“ или „леле, браво, топ е“-бљувотина што ќе ја пласира некој попален симпатизер...

И извинувај се колку сакаш, ама нивото го спуштате (заедно со неколку твои другарчиња), со едноредни постови напишани во нечиј скут, а кои не би ги цитирал пошо на сите црева ни се превртуваат од нив...некој кога ќе ве спушти во реалноста одма составувате вакви жалопојки и цмиздралки до модераторите во немоќ да извадите некој реален аргумент...не е лошо да сконтате дека има луѓе кои размислуваат со свој мозок, ги анализираат информациите по релевантност и гледаат со скепса кон работите што ги опкружуваат, како за промена...



А за мојата партиска припадност...седни, види ги коментарите за објекти на приватни инвеститори, владини, опозициони, вонземски инвеститори, па тогаш етикетирај...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 08-Sep-2011 at 10:02
Срамота е по толку години градење на три ленти од 7 километри свечено да се пуштаат во употреба, можеби постоеле објективни причини за вака долгиот период на изградба, но сепак со ова се докажува кои се нашите приоритети.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 08-Sep-2011 at 10:11
несакам да испадне дека правдам,но мислам дека таму најголем проблем бил експропријацијата,сите знаеме ако некој уценува,неможиш да одиш понатака.кој не верува нека се сети за Водњанска колку години седи куќата среде улица кај клинички,а не да се расправаш со стотици такви
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 08-Sep-2011 at 10:36
Originally posted by gjoko

несакам да испадне дека правдам,но мислам дека таму најголем проблем бил експропријацијата,сите знаеме ако некој уценува,неможиш да одиш понатака.кој не верува нека се сети за Водњанска колку години седи куќата среде улица кај клинички,а не да се расправаш со стотици такви


Вистина е дека имаше протести во два наврати во 2009 година токму за експропријацијата на земјиштето, т.е. за цената на експропријација на земјиштето, но баш сега ги читам вестите од тогаш и децидно стои дека паралелно со протестите изградбата на автопатот се работела. Башка, читам што сме коментирале во 2008 година на почетокот на изградбата, тогаш сме се карале за предолгиот период од година и пол време за градење, но очигледно дека можеме да ги срушиме сите неславни рекорди.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 08-Sep-2011 at 13:11

Пуштен во употреба автопатот Табановце - Куманово

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на независноста, во придружба на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го пушти во употреба автопатот Табановце – Куманово долг 7,6 километри.

Делницата, која е дел од Коридорот 10, се градеше во изминатите четири години. Вкупната вредност на проектот изнесува 15,5 милиони евра, а го спроведе Агенцијата за државни патишта во соработка со Светска банка.

- Станува збор за најзначајната инфраструктурна артерија во нашата земја – автопат кој не поврзува со север и Европа од една страна, односно со југ и за македонската економија важното Солунско пристаниште од друга страна. Ова не е само асфалт, ова е инвестиција која ќе ја подобри геостратешки добрата позиција на Македонија и нејзината атрактивност за инвестирање, истакна Ставрески во обраќањето пред пуштањето на делницата.

Патиштата поврзуваат и развиваат, а Македонија, нагласи вицепремиерот, конечно го најде својот вистински пат по кој ќе обезбеди посилен економски развој, подобри услови и животен стандард за своите граѓани.

Во наредниот период Владата ќе се залага за почеток на изградба на последната делница од Коридорот 10, Демир Капија – Смоквица.

Како што информира министерот Јанакиески, тендерот е распишан на 30 август годинава, а во мај се очекува да почнат градежните работи.

- Приоритет остануваат и работите околу подобрување на регионалната и локалната патна мрежа, напомена Јанакиески.

Директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска рече дека е гордост да се биде Македонец во време на напредок, во период кога се гради и создава, кога се остваруваат капитални проекти.

- Денеска во функција го ставаме новоизградениот автопат од Куманово до граничниот премин Табановце. Денеска и овој влез во државата добива нов лик. Беше вистински предизвик да се реализира овој капитален проект што почна во време на економска криза. Главната траса е со должина од 7,6 километри и широчина од 11 метри во секој правец. Автопатот ќе има поврзување со две клучки - Табановце и Речица, ќе има повеќе објекти на патот, а во следниот период ќе се изградат и пристапни патишта во должина од 600 метри, нагласи Волкановска.

По завршување на Табановце – Куманово, македонскиот автопатски дел од Коридорот 10 треба да се комплетира уште со делницата Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри за чија изградба Владата обезбеди 270 милиони евра од ЕБРД, Европската инвестициска банка и ЕУ. Изградбата треба да почне следната година и е предвидено да трае пет до шест години.

Во Македонија последниве пет години како странски директни инвестиции влегле 1,8 милијарди евра што е двојно повеќе од странските вложувања во претходните 10 години. Странските директни инвестиции, како што подвлече вицепремиерот и министер Ставрески, не значат само влез на свеж капитал, туку и отворање нови работни места, како и пренесување знаења и искуства. - На тој начин и македонскиот производ станува поквалитетен и поконкурентен за извоз. Благодарение на константното вложување во изградба и модернизација на инфраструктурата набрзо може да се очекуваат нови инвеститори кои во Македонија ќе градат фабрики и ќе отвораат нови работни места, рече Ставрески.

http://daily.mk/cluster3/6e07c7ce0c829788e80c06e8c52e81b8/894923
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 22-Sep-2011 at 07:58
Кумановци, ќе даду ли некој слики од овој, да гу видимо ?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 26-Sep-2011 at 15:32
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 26-Sep-2011 at 17:09
Браво.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 26-Sep-2011 at 17:15
Доста квалитетно ми изгледа дека е средена делницава, а сигнализацијата колку што можам да видам - по старо.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 19-Oct-2011 at 22:08
Ја поминав делницата два пати и за жал можам само да констатирам „катастрофа„ навистина не ми е јасно како може толку важен пат, толку лошо да се изведе, и тоа згоре на се од Австриска фирма. Време е некој во државата да се покрижи за квалитетот на инфраструктурата. Пред се време е предност во тендерите да се дава на квалитетот на изведба наспроти цената на изведба. Конкретно за оваа делница можам уште да додадам дека е исклучително нерамна а за време на возењето постојано имав чуство дека асфалтот не е подебел од 5 цм.

Edited by kultuzin - 19-Oct-2011 at 22:09
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 19-Oct-2011 at 22:38
Не сакам воопшто да дигам тензија, ама малку погоре во темава зборуваше нешто друго...баш ми е кеиф што се увери, а многу ми е криво што реалната ситуација стварно е таква...

Мене фирмата ми личи на се' само не на австриска. Ниту по рокот на изведба (кој btw уште трае), ниту по механизацијата која ја видов на лице место, ниту по квалитетот на изведбата...ме фрапираа некои слики што ги видов скоро, дека на места на мали премостувања биле вградени бетонски елементи веќе деформирани, со драматични угиби кои се видливи со голо око, а уште повеќе ме фрапираше податокот што тие свесно се вградени само за да се стигнат некакви фиктивни рокови (прослава на 8 септември исл.)...од ова може да се очекува дека веќе наредната санација ќе биде после 2-3 месеци (а може и порано)и тоа не е причината само некакво сечење ленти, туку веројатно има и некаква друга игра која не треба да ја знаеме, ама треба да си ја исплатиме фино лепо, а некој да си ги полни сметките...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 15-Jan-2012 at 07:46
Ај тие што со кола ќе шибаат накај Ниш, ако има такви на форумот, нека направат бар 10-тина слики од автопатов, да му ја видиме кондицијата.
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 05-Feb-2012 at 00:17
Eve nekolku sliki slikani na dozdot od deneska (04.02.2012) so kamion i mozat da se zabelezat neramnini po asfaltot .. ne izgleda dosta kvalitetno


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 11-Jul-2012 at 16:53
1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11.


23ka.wordpress.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 11-Jul-2012 at 17:19
браво Н23,после толку време од пуштањето на автопатската делница конечно сега да видиме нешто поконкретни слики
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 11-Jul-2012 at 17:55
Солидно изгледа, само уште Belgrade да го видевме на македонски.   
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 11-Jul-2012 at 18:22
Da, treba da stoi Belgrad i ne mi e jasno sto bara Tabanovce pod Belgrad (vidi foto br.6). Da pojasnam, na foto br. 6 pod Belgrad treba da stoi "Granicen premin" a za Tabanovce ima informacija kaj samiot izlez (vidi foto br.10).

Inaku delnicata izgleda korektno no bi mozele da ja doizbrisat zoltata linija.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 26-Jul-2012 at 00:03
Pred nekoj den ja izvozev ovaa delnica. Kako za prv pat ne mozev da najdam nekoja mana. Delnicata e dobra, asfaltot mazen, vertikalnata signalizacija isto taka dobra a sekako deka mozele da skratat nekoja krivina
Toa sto sakam da go napomenam e losata sostojba na asfaltot od Kumanovo do skopskata patarina. Na nekoi mesta vdlabnatinite na desnata pateka se tolku dlaboki sto covek si pomisluva deka vozi po shini. Tuka treba vnimatelno vozenje, posebno koga vrne dozd.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 26-Jul-2012 at 20:17
значи кај нас нема ни две исти табли за сигнализација, секоја нова се прави произволно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.