build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Езеро Треска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Езеро Треска
    Posted: 25-May-2023 at 07:12
(ВИДЕО) Кравите останаа единствени жители крај езерото Треска



https://360stepeni.mk/video-kravite-ostanaa-edinstveni-zhiteli-kraj-ezeroto-treska/
Carpe diem
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Dec-2022 at 23:32
Да се објави интернационално сигурно ќе се најдат инвеститори, ама (ми мириса со оглед на позицијата) ќе да е ветено некому.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Nov-2022 at 16:17
Originally posted by FT

Originally posted by Denko

Originally posted by Џоле



Колку што памтам комплексот беше продаден на приватен инвеститор кој сакаше да гради комплекс за домување тука, нешто од типот на куќи. Мислам дека поназад на страниците може да се најде информација за тоа.
Od posledniot tekst se zaklucuva deka ovoj kompleks e vo sopstvenost na opstinata. Se zboruva za nekoi nereseni imotno-pravni prasanja, taka sto ova vaka uste dolgo ke si ostane... Licno mislam deka tesko ke se najde nekoj investitor za ovoj rekreativen centar, zatoa i prasav dali ima zainteresirani investitori.


Зошто така мислиш? Ова ако се реконстурира и менаџира како што треба ќе биде најпосетувано место во МК
Ako, ako ako... ako baba imase takvo ke bese dedo mala sega Mestovo i objektite se ruina. Ova e golema investicija, zatoa i nema zainteresirani investitori. Mora da se najde nacin na nekoja drzavno-privatno partnerstvo zaedno so sportski klubovi na voda i sl.    
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Nov-2022 at 15:43
Originally posted by Denko

Originally posted by Џоле



Колку што памтам комплексот беше продаден на приватен инвеститор кој сакаше да гради комплекс за домување тука, нешто од типот на куќи. Мислам дека поназад на страниците може да се најде информација за тоа.
Od posledniot tekst se zaklucuva deka ovoj kompleks e vo sopstvenost na opstinata. Se zboruva za nekoi nereseni imotno-pravni prasanja, taka sto ova vaka uste dolgo ke si ostane... Licno mislam deka tesko ke se najde nekoj investitor za ovoj rekreativen centar, zatoa i prasav dali ima zainteresirani investitori.


Зошто така мислиш? Ова ако се реконстурира и менаџира како што треба ќе биде најпосетувано место во МК
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Nov-2022 at 15:18
Originally posted by Џоле



Колку што памтам комплексот беше продаден на приватен инвеститор кој сакаше да гради комплекс за домување тука, нешто од типот на куќи. Мислам дека поназад на страниците може да се најде информација за тоа.
Od posledniot tekst se zaklucuva deka ovoj kompleks e vo sopstvenost na opstinata. Se zboruva za nekoi nereseni imotno-pravni prasanja, taka sto ova vaka uste dolgo ke si ostane... Licno mislam deka tesko ke se najde nekoj investitor za ovoj rekreativen centar, zatoa i prasav dali ima zainteresirani investitori.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Nov-2022 at 14:27


Колку што памтам комплексот беше продаден на приватен инвеститор кој сакаше да гради комплекс за домување тука, нешто од типот на куќи. Мислам дека поназад на страниците може да се најде информација за тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Nov-2022 at 11:24
Ima li zainteresirani investitori za ovoj proekt ili samo se gaat iluzii...!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Nov-2022 at 18:03
Езерото Треска остана мочуриште поради нерасчистени имотни односи

Општина Сарај пред две години го донесе Деталниот урбанистички план за тоа како ќе изгледа просторот, но тоа и натаму е само на хартија.
Се уште не е распишан национален оглас за инвеститор, бидејќи според Агенцијата за туризам има нерешени имотно-правни прашања.
Според ДУП, комплексот ќе има рекреативен дел, викендички, хотел и трговски центар.
Критериум за инвеститорот да го добие земјиштето е да овозможи ревитализација на езерото со пречистителна станица.
За одобрение од Министерството за животна средина мора да има и оценка дека нема негативно да влијае на реката Треска.



Спортско рекреативниот центар Езеро Треска е изграден е во 1978 година со самофинансирање на граѓаните, но поради загаденоста на водата, во 1998 година езерото беше затворено за капење. Проектот за реконструкција на езерото со години лежи во градските фиоки. Имаше обиди да се даде под концесија, да се направат игралишта за голф, ресторани и хотели, но инвестициите заглавија во правните лавиринти.

Поминаа речиси две години откако Општина Сарај го донесе Деталниот урбанистички план за тоа како ќе изгледа просторот, но засега тоа е само на хартија. Општина Сарај почна да ги урива објектите наоколу уште во јануари минатата година. Осум месеци подоцна, во август се формира Комисија за ТРЗ Сарај во Агенцијата за туризам која треба да објави национален оглас на кој ќе аплицираат заинтересираните инвеститори, односно да ја подготви зоната за продажба според Законот за туристички развојни зони - критериуми и почетна цена за продажба на земјиштето.

Сега сме ноември, но оглас се уште нема, а причина за оддолжувањето, според градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети е техничка грешка во огласот.

„Колку што знам има една техничка грешка во огласот на Владата, затоа што е напишано туристичка зона и тоа треба да се коригира за комисијата да продолжи со работа. Се надевам дека со поголема динамика ќе се ангажираат, не само општина Сарај туку и Градот Скопје и државата. Овој проект е многу потребен, се надевам дека Комисијата составена од Агенцијата за туризам, Министерството за економија и Владата ќе бидат по активни за реализација на овој проект“, вели Беџети.







Но ако пролетта започнува кон крајот на март, дотогаш има уште четири месеци, што изгледа премалку време за решавање на имотно-правните проблеми, за распишување национален оглас и за избор на инвеститор, јавни презентации, формирање работни групи и јавна лицитација за земјиштето, ако се има предвид дека од презентацијата на ДУП се поминати две години и во тој период она што е направено е само уривањето.

Во статистиката на Агенцијата на туризам има девет обиди за да се направат вакви туристичко-развојни зони како оваа на Езерото Треска, но ниту една досега не е реализирана, меѓу кои и фамозната во Љубаништа каде требаше да инвестира индискиот милијардер Субрата Рој. Засега никој од надлежните не дава надеж дека овој обид нема да ја доживее судбината на претходните.

https://samoprasaj.mk/naacik/ezeroto-treska-ostana-mocuriste-poradi-nerascisteni-imotni-odnosi
Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Nov-2022 at 14:19
Некои од миксерите и пумпите уште се трклаат по скопските улици
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Nov-2022 at 11:01
Езерото Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jan-2022 at 14:40
од твитер





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Dec-2021 at 08:20
Странски инвеститори од туристичкиот сектор ја пикираат ТРЗ „Сарај-Езеро Матка“

Надлежните институции засега не откриваат колку и кои инвеститори се заинтересирани за туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Од Владата информираат дека на привлекување инвестиции од овој тип активно работи Агенцијата за странски инвестиции и економските советници при Министерството за надворешни работи и оти во овој момент ТРЗ „Сарај-Езеро Треска“ се нуди како можност за инвестирање на потенцијални светски инвеститори во туристичкиот сектор. Но, не информираат колку и кои инвеститори се заинтересирани.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја имаат понатамошната обврска да ја формираат туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“ и да овозможат услови за нејзино функционирање со поставување на потребната инфраструктура за инвеститорите. Директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, вели дека иницијативата езеро Треска да стане развојна туристичка зона била поднесена во 2018 година од страна на Општина Сарај, а Агенцијата била должна да ја процесуира, во согласност со Законот за туристички развојни зони во интерес и на туристичкиот сектор.

Јаневски нагласи дека има интерес за инвестирање во повеќето туристички развојни зони во земјава, но и тој не прецизираше дали и колку има заинтересирани конкретно за новата туристичка развоја зона „Сарај-Езеро Треска“.

– Во овој момент не би можел да дадам информации бидејќи тој дел го води Агенцијата за странски инвестиции – дециден е Јаневски.   

Од Општина Сарај информираа дека последната административна постапка за „Езеро Треска“ е во завршна фаза.

– Потоа, Општината ќе ја извести Владата, односно надлежните органи за понатамошното постапување согласно со законот и конечно во блиска иднина да почнат градежните активности и уредувањето на рекреативниот комплекс, како што е предвидено со веќе донесениот урбанистички план – кусо известија од Општина Сарај не прецизирајќи повеќе детали.

На владината седница на 9 март годинава беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со одлуката за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Тогаш владата одлучи дека постапката за основање на ТРЗ ќе се спроведува согласно со Законот за туристички развојни зони со уредени погодности за инвестирање во проекти со посебна намена.

Општинските власти од Сарај во јануари годинава започнаа со уривање на објектите околу Езеро Треска. Се отстрануваа бунгаловите, тоалетите, гардеробите, рестораните, кафулињата и останатите објекти изградени во 70-тите години од минатиот век.

На крајот од 2020 година, Општина Сарај им даде рок од 60 дена и на сопствениците на неколку стотици камп-приколки во кругот на езеро Треска за да ги отстранат нивните објекти. Тогаш, од Општина Сарај образложија дека уривањето на објектите во кругот на езерото е дел од постапката за заживување на езерото Треска, но и поради тоа што локалните власти побараа спортско- рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се прогласи за слободна туристичка зона.

Деталниот урбанистички план за Езеро Треска веќе е донесен од Советот на Општина Сарај, а владата земјиштето околу овој комплекс го пренамени од земјоделско во градежно.

На последната средба со новинарите во врска со тоа што предвидува урбанистичкиот план што го опфаќа езерото Треска, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, нагласи дека инвеститорот езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица и оти идејата е тоа да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра.

Според планот во просторот околу езерото Треска ќе има хотелски комплекс со 5 ѕвезди кој пак ќе има ресторани, спа-центар, фитнес, алтернативна медицина, базени и слично. А покрај главната зграда на хотелот ќе има и дрвени бунгалови. За остатокот од парцелата, предвидени се и спортски терени, базени, аквапарк, амфитеатар, ботаничка градина и други содржини.

https://www.vecer.press/странски-инвеститори-од-туристичкио/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jul-2021 at 14:12
Одбиен предлогот СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати на Градот

Спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се врати во надлежност на Градот, односно тој да побара од Владата да му ја врати надлежноста, каде што и природно припаѓа е предлогот на советничката на партијата „Левица“, и активистката во Зелен хуман град, Драгана Велковска која го доставила до Советот на Град Скопје на вчерашната седница. Но, за жал, како што вели таа, советниците од владејачкото мнозинство во Советот не дозволиле нејзиниот предлог ниту да влезе на дневен ред за да се дискутира.

– Тие луѓе не ги претставуваат граѓаните. На луѓе што креваат два прста да поддржат уништување и приватизирање на нашите природни ресурси не им е местото ниту во Советот на Град Скопје, ниту на ниедна позиција каде што би имале моќ да одлучуваат во име на заедницата – смета Велковска.

Таа додава дека доколку Градот ги застапува интересите на скопјани, должен е да поднесе барање до Владата, сопственоста над СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати, а потоа преку Фондацијата „Развоен институт Скопје“ и преку Секторот за меѓународна соработка, да лоцира соодветни фондови и конечно да го реализира ревитализирањето на СРЦ „Треска“, со тоа што ќе го задржи во јавна и нема да дозволи да прејде во приватна сопственост.

– СРЦ „Езеро Треска“, јавно добро создадено од сите жители на Скопје не може да биде сопственост ниту на приватен инвеститор, ниту на само една општина во рамки на Град Скопје, единствено затоа што таму физички постои. Заедничкото мора да им биде достапно на сите за фер и одржлива употреба, не да се даде под контрола на државно поддржана моќ на приватниот капитал, затоа што колективната контрола е темел на демократијата – потенцира Велковска.

Од Градот потврдија дека Велковска, на вчерашната седница поднела предлог за дополнување на дневниот ред со точка за утврдување на потреба од враќање на езерото Треска во надлежност на Град Скопје и негова ревитализација, но тој не бил прифатен од страна на членовите на Советот.

– Ингеренциите за езерото Треска од Град Скопје се предадени со одлука на Советот на Град Скопје во 2011 година, со што, надлежноста за реализација на овој проект е надвор од наши раце. Ние секако имаме интерес „Треска„ да го врати својот сјај, како спортско-туристички капацитет, па оттаму стоиме на располагање за соработка за реализација на сите проекти кои се од јавен интерес – децидни се градските власти.

СРЦ „Езеро Треска“ во 1978 година е создадено со самопридонес на скопјани, но со одлука на Владата во 2013 година, сопственоста беше пренесена на Општина Сарај. Со одлука на Владата од март годинава, се основа Туристичко-развојна зона „Сарај-Езеро Треска“, со која се планира СРЦ „Езеро Треска“ да му се даде на приватен инвеститор и дополнително тој да добие и државна помош – јавни пари за приватно да управува со „Езеро Треска“.

Општина Сарај на крајот на јануари ги отстрануваше приколките и објектите во рамки на СРЦ „Езеро Треска“. Според Општината, оваа одлука следи откако Инспекторатот за животна средина утврдил загаденост на воздухот, нечистотија, застарена електрична инсталација, нефункционален водовод и канализација. Таму има лоцирано околу петстотини приколки од кои за 330 камперите плаќаат редовна годишна закупнина на Општина Сарај.

Езерото Треска се протега на површина од 136.000 квадратни метри, длабоко е од 1,6 до 3 метри и има капацитет од 10.000 капачи. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година.

https://www.vecer.press/одбиен-предлогот-срц-езеро-треска/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Mar-2021 at 08:25
Агенцијата за туризам ќе контролира каков инвеститор ќе најде Општина Сарај за ТРЗ „Треска“

Општина Сарај може да бара инвеститори, но Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе контролира дали тие ги исполнуваат условите за новоформираната туристичка развојна зона „Езеро Треска“ и за тоа ќе ја брифира Владата.

Според деталите во одлуката на Владата за формирање на ваква зона кај спортско-рекреативниот центар, земјиштето од 79 хектари е на државата, па според тоа, формирањето, развојот и следењето на зоната ќе ги врши Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Законски, со земјиштето управува агенцијата и истата може да го иницира оттуѓувањето.

Љупчо Јаневски, директорот на агенцијата, вели дека досега имало девет обиди, но не се реализирала ниту една туристичко-развојна зона, од кои најфамозна е онаа во Љубаништа каде што требаше да инвестира индискиот милијардер Субрата Рој.

Јаневски вели дека агенцијата ќе ги поставува критериумите, додека повеќе труд за контакти со потенцијални инвеститори треба да вложи Сарај за центарот кој суштински не функционира од 2018.

- Во овој проект се врзани повеќе инвестиции, како што се Агенцијата за катастар, Агенцијата за планирање на простор, Министерството за економија, ЗЕЛС, но последниот збор го има Владата. Некој потенцијален инвеститотр можеби ќе понуди и 50 милиони евра, но на крајот се зависи од тоа дали Владата ќе даде позитивно мислење, вели Јаневски.

Тој вели дека планот на инвеститоторот може да биде флексибилен, но ќе мора и да ги исполнува условите на агенцијата. Според Јаневски, ѓќе следуваат и ред други процедури како јавни презентации, формирање работни групи и јавна лицитација за земјиштето.

- Таму може да има казино, бунгалови и ред други работи, но по мое видување, средината треба да биде еколошки настроена, односно да се овозможат услови за риболов и за велосипедизам, гастрономија, обновливи извори на енергија, независно од тоа што треба да се изгради пат, да се донесе вода и ред други инфраструктурни поврзувања, додава Јаневски.

Тој вели дека не може да знае какви содржини ќе има во туристичката развојна зона , затоа што просторниот план допрва треба да се изработи. Агенцијата секој инвестициски предлог што ќе пристигне ќе треба да го достави на разгледување до Владата.

Oколу езерото Треска треба да почнат да се градат хотели, бунгалови и трговски центри кои се предвидени со Деталниот урбанистички план кој го донесе Општина Сарај лани во декември. Планот е поделен во четири зони, од кои првата како главна е околу езерото.

https://faktor.mk/agencijata-za-turizam-kje-kontrolira-kakov-investitor-kje-najde-opshtina-saraj-za-trz-treska
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Feb-2021 at 22:25


Да бевме помудри, ќе го претворевме во најголемиот скејт парк во светот, ќе можеа дури и светски олимпијади да се одржуваат тука
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Feb-2021 at 18:04
Снимка со дрон од езерото Треска

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Feb-2021 at 11:20
Езерото Треска…

пишува: арх. ДАНИЦА ПАВЛОВСКА-ЦИГИ

Сѐ уште го живееме моментот на можната и посакуваната промена на општествените односи, формации и системи, во кои некаде длабоко веруваме.

Да се обидеме да фрлиме објективен поглед на некои важни аспекти на феномените што самите ги произведуваме, што си ги живееме најчесто како последица на нашата неспособност, несоодветно делување и неодговорност. Тоа се обично напластени тежини на нашата живеачка па донесувачите на одлуките, политичарите, за нивно олеснување најчесто имаат мака. Од нив се очекува да имаат посветеност, искрена чесност, висока политичка култура и стручни тимови/советници за одбир на приоритетите за општо добро. Се работи за „зелените“ вредносни ориентации во актуелните политики како егзистенцијална потреба и неминовност за оправање на наследените лоши состојби. Практикување на нова „зелена“ филозофија во сите сфери на делување и во сите сектори на управување, е и разумно, и логично и трендовски.

Езерото „Треска“ во Општина Сарај, Скопје каде е прогласена слободна туристичка зона (како велат новинарите, а не може да се направи увид во таа одлука) стана тема на нашата реалност која е замаглена и оптеретена со перманентна узурпација на зелените простори перцепирани како слободни. Законски предвидената процедура веројатно била испочитувана и помината, но етичкиот момент во нашето однесување изостана. Многу е битно што езерото е градено од самопридонес, а тоа значи негување на човечкото на колективно ниво.

Едноставно, концептот солидарност е најхуманата димензија на политиката, така што е очекувано и минимално цивилизирано да се покаже (макар) почит кон така создадената вредност (ма колку да е девастирана). Тоа не треба да е предвидено во законите, регулативата, процедурите, тоа треба да е код на однесување на култивираните политичари и менаџерите на просторот (на државно, регионално и локално ниво). Транспарентноста во третманот на ваквите локалитети не смее да се запостави затоа што може само да е од корист, така што тој пропуст на (добронамерен) процесот многу штети. Уредувањето на делот со приколките се доживеаја како атак и веднаш се обои „етнички“ , па патот поплочен со добри намери доведе до конфликт. Незнаење, некадарност, површност, неинформираност.

Сопственичкиот статус и останатите правни аспекти сè уште една непознаница што бара утврдување и разоткривање, па е неблагодарно воопшто јавно да се настапува. Но, пожелно е да не го баталиме прашањето и да подготвиме и покренеме (институции, граѓани, стручната фела…) широка дебата околу програмската содржина на планот за (и околу) Езерото „Треска“ . Треба да дојдеме до дефинирање на можностите, барањата, потребите и конечно да го уредиме тој простор како дел од живеењето на градот Скопје, неговите вложувања, неговиот капитал, неговата меморија, силниот сентимент.

Некои од планерите би препорачале во овој период на веќе отпочнат нов Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје – визија за идниот просторен развој на градот, да се предложи, разгледа и резервира токму овој простор за ширење на градот. Со оглед на урбанистичките параметри, погодноста како тангентен простор и „зелениот“ потенцијал како премиса, тоа може да е интенцијата. При тоа изготвувачот – тимот на Агенцијата за планирање на просторот со својата методолошка конзистентност и сета своја стручна поткованост ќе застане зад содржините, функциите и димензиите на новите „зелени“ концепти на ГУП-от.

https://civilmedia.mk/ezeroto-treska/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Jan-2021 at 13:44
НА ПОЛА ОД ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ, ЗАШТИТЕНА ЗОНА Е ПЛАЖАТА ШИРОКА 30 МЕТРИ



На половина од комплексот околу Езерото Треска или на површина од 115.116 метри квадратни ќе може да се градат објекти. Ова го покажува Деталниот урбанистички план (ДУП) кој вчера го покажа градоначланикот на Општина Сарај Блерим Беџети.

Како што беше објаснето на презентацијата, сегашниот Спортско-рекреативен центар Треска е блок 1 од целиот план. Езерото со површина од 13,18 хектари со планот ја задржува намената како јавен простор за капење и за него не е формирана градежна парцела. Околу езерото планирана е заштитна зона со ширина од 30 метри која воедно претставува плажа со површина од 5,39 хектари. Во оваа зона се дозволени дејности и активности кои нема да предизвикаат негативно влијание врз квалитетот на водата. Дозволено е поставување лежалки и чадори, гардероби, реквизити за рекреација, отворени базени, тобогани за мали деца, отворени шанкови и слично. На делот од плажата кој граничи со водната површина како завршна обработка треба да се користат природни матријали, дрво или камен кои нема штетно да влијаат на водата. Околу езерото треба да има и пешачка патека.

На 50 отсто од останатата површина на Езерото Треска која сега во најголем дел е зеленило, но се наоѓаат и објектите кои на времето биле кафулиња, како и просторот каде се камп-приколките, ќе може да се градат објекти со максимална висина од 15 метри или на три ката и поткровје.

„Другата површина од 31.02 хектари од блок 1 што е во рамките на постојниот Спортско-рекреативен центар Езеро Треска е планирана со намена Д3-спорт и рекреација и предвидени се спортски терени на отворено, базени, тобогани, аквапарк, амфитеатар, ботанички градини и зелени површини. Во оваа наменска зона е формирана градежна парцела во која е дозволен процент на изграденост до 50 отсто, односно максимална површина за градење од 155.116 метри квадратни. Планирана е максимална височина на градби од 4,5 до 15,5 метри. Максималната катност од приземје, три ката плус поткровје е планирана за хотелскиот комплекс со 5 ѕвезди, во кој се планирани како придружни содржини расторани, спа и фитнес-центар, центар за алтернативна медицина, отворени и затворени базени. Покрај главната хотелска зграда планирани се и дрвени бунгалови. Сите градби треба да бидат со фасадно обликување од природни и еколошки материјали, дрво и камен“, стои во објаснувањето на планот од урбанистите во Општина Сарај.

Градоначалникот Беџети вели дека со новиот Детален план и прогласување на овој дел во слободна туристичка зона, ќе се заштити езерото и тоа повторно ќе биде вратено во функција.

„Владата ќе го продава земјиштето, ние како Општина само им создаваме услови за тоа со изработка на планот. Инвеститорот во езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица. Идејата е ова да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра“, вели Беџети.

Со планот во три блокови се уредува и просторот околу комплексот кој сега е неуреден или е земјоделско земјиште кое Владата го пренамени во градежно. Втората зона се наоѓа од десната страна на реката Треска и се предвидуваат маркички за викенд куќи со приземје, два ката и поткровје, а површината на овој дел е 12 хектари. Третата зона со површина од 10 хектари е од левата страна на реката кај влезот на езерото со површина од околу 10 хектари, и таму ќе се градат хотелски комплекси со два ката и поткровје, а во четвртата зона која е најмала со површина од 2,4 хектари се предвидена маркичка за трговски центар и пазар на отворено на кој ќе се презентира културата и традицијата на локалното население.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/na-pola-od-prostorot-okolu-ezeroto-treska-ke-mozhe-da-se-gradi-zashtitena-zona-e-plazhata-shiroka-30-metri/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Jan-2021 at 10:05
Кај езерото Треска ќе „никнат“ хотел и викенд куќички – презентиран урбанистичкиот план



https://mk.tv21.tv/kaj-ezeroto-treska-ke-niknat-hotel-i-vikend-kukichki-prezentiran-urbanistichkiot-plan/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jan-2021 at 10:03
Треска“ ќе се „прочисти“ со хотели, викендички, трговски центар, дуќани…

Објектот изграден во 1978 со самопридонес на вработените скопјани, сега ќе се „надгради“ со хотели, брвнари, викендички, трговски центри, дуќани и други содржини. Дозволата за такви градби е „јадицата“ за потенцијалниот инвеститор, на свој трошок, да го поправи системот за прочистување на водата која е забранета за капење уште од крајот на минатиот век, поради што и објектот пропадна. Ниту еден скопски градоначалник во изминатите две децении не најде трајно решение за проблемот
Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, денеска презентираше што планира за околината на езерото „Треска“. Неговата прес-конференција доаѓа месец дена откако ги извести единствените „жители“ на некогаш популарниот рекреативен комплекс, да си ги отстранат камп-приколките. Настапот го очекуваше и остатокот од градот, бидејќи езерото „Треска“ е изградено во 1978, со самопридонес на сите вработени скопјани.

Пред да се чита и пишува – што ќе се гради на Треска, прво мора да се расчисти еден навидум здодевен, но важен елемент. Тоа ште денеска го презентираше Блерим Беџети се нарекува Урбанистички план вон населено место. Тоа не е исто што и често споменуваниот сличен термин – Детален урбанистички план. Во што е разликата? Поедноставено, во тоа што Деталните планови прецизно ги разработуваат параметрите за користење на земјиштето на секоја поединечна парцела на одреден простор, додека Урбанистичкиот план за вон населено место го разработува просторот на нешто поопшто ниво. Така, на кои точно микро-локаци ќе се гради околу „Треска“ ќе се одговори по дополнителни разработки.



Што значи тоа за „Треска“?
Краткиот одговор е дека општината одлучила – што се може да се гради околу „Треска“.

Подолгиот одговор е дека општината ги поставила правилата на игра, со тоа што го поделила целиот комплекс на четири големи блока и потоа за секој блок дала опис – што би можело да се гради во него. Понатамошната, детална разработка, ќе зависи од повеќе фактори, веројатно и од одлуката кој ќе гради таму. Како стојат работите, на „Треска“ нема да гради државата или општината, туку приватен инвеститор.

Како што денеска изјави и самиот Беџети, тие направиле Урбанистички план, а другите детали ќе ги утврди инвеститор кој ќе го бара Владата.

„Владата ќе го продава земјиштето. Инвеститорот во езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица. Идејата е ова да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра“,

изјави денеска градоначалникот на о.Сарај, Блерим Беџети.
Што е планот на општина Сарај за „Треска“, „360 степени“ веќе објави во понеделникот. Тогаш, сепак, се фокусиравме на релациите меѓу градоначалникот и камперите. Тука, во детали, пренесуваме што се има во планот.

Следните две фотографии ја претставуаат блоковската поделеност на просторот. По нив и ќе се „движиме“ во планот на Сарај.





Блок 1 – Хотел, бунгалови, аквапарк…
Како што може да се види и на фотографиите погоре, блокот Б1 е најголем и тој го опфаќа целиот простор околу самото вештачко езеро. На Урбанистичкиот план пишува дека намената на ова земјиште е ДЗ, што значи спорт и рекреација. Сепак, оваа ознака, лесно може да го залаже обичниот читател. Во текстуалниот дел на документот до кој дојде „360 степени“, во делот „Посебни услови за градба, развој и користење на земјиштето и градбите“, се дообјаснува дека Блокот 1 е составен од две парцели. Едната парцела е незначајно мала од 49 м2 и на неа треба да има трафостаница. Другата, огромна парцела, изнесува 310 232 м2. Како што може да се види од факсимилот подолу, површината на градба на таа парцела е 155 116 м2, со максимална височина од 15,5 метри, односно приземје, три ката и поткровје.
Законите и правилниците во урбанизмот се такви што иако цел Блок 1 е со главна намена Д3, односно спорт и рекреација, дозволено е до 40% од површината за градба да биде и за други „компатибилни“ намени. А тие компатибилни намени се:

до 5% – времено сместување (А4), мали комерцијални и деловни намени (Б1), големи трговски единици (Б2), големи угостителски единици (Б3), деловни простори (Б4), градби за собири (Б6), култура (В3);
до 15% – хотелски комплекси (Б5);
до 20% – парковско зеленило.
Во превод, на околу 62 000 м2 ќе може да се градат објектите наведени во списокот погоре. Дека намерата е таква, може да се види во описниот дел од планот каде е јасно напишано дека во просторот околу езерото „Треска“ ќе има хотелски комплекс со 5 ѕвезди кој пак ќе има ресторани, спа-центар, фитнес, алтернативна медицина, базени и слично. А покрај главната зграда на хотелот ќе има и дрвени бунгалови. За остатокот од парцелата, предведени се и спортски терени, базени, аква парк, амфитеатар, ботаничка градина и други содржини.
Бидејќи планот не утврдува каде точно ќе бидат сите овие објекти, не е до крај јасно што ќе остане од сегашното зеленило околу езерото. Она што треба да биде заштита во планот во овој блок е објаснето со реченицата „во градежната парцела се дозволени дејности и активности кои нема да предизвикаат негативно влијание врз квалитетот на водата во езерето“. За објектите, пак, се бара „да бидат со фасадно обликување од природни и еколошки материјали, дрво, камен и слично.“


Блок 2 – вили и викендици
Блокот 2 е поделен на три парцели. Но слично како и со Блок 1 само една е голема, а другите две се мали, за трафостаници.

Или, како што покажува сликата подолу, каде со жолта боја е приближно обележан Блок 2, програмата за овој дел се однесува на шумата и зеленилото во насока на селото Грчец, покрај брегот на реката Треска.



Причината што смее да се гради само на 17% од парцелата е што на голем дел од оваа парцела се наоѓаат заштитните зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец.

Таму каде ќе може да се гради, сепак, според домашните закони за урбанизмот, до 30% од просторот ќе може да биде и за други објекти освен викендички. Мали објекти за комерцијални и деловни намени, големи угостителски единици, објекти од здравство и социјална заштита и спорт и реакреација.

Па, иако целта парцела е во шума, Урбанистичкиот план бара „диспозицијта на градбите да биде со максимално почитување на постојниот шумски фонд, при што ќе се избегне сеча на дрвјата и нарушување на еко-системот“. Останува да се види како ќе се гради, без да се сечат дрва.

Блок 3 – уште еден хотел
Блокот 3 се наоѓа северно од езерото „Треска“. Како и Блокот 2 и тој се наоѓа во шума и покрај течението на реката „Треска“, само на спротивниот брег. Тука има само една парцела.
Но и тука нема да се гради на целата парцела. Од вкупните 79 022 м2 на овој блок, дозволено е да се гради на 14 856 м2 или околу 19%. Причината е иста како и во Блок 2 – голем дел од парцелата е бунарското подрачје Нерези-Лепенец.





Блок 4 – трговски центар
Блокот 4 е најмал од сите блокови во Урбанистичкиот план на општина Сарај. Тој се наоѓа веднаш до сегашниот влез во комплексот. Поделен е на две градежни парцели од кои едната е незначително мала и ќе служи за трафостаница, а другата е голема и служи за трговски центар.

Големата парцела, е со површина од 11 253 м2 и на неа е дозволено да се гради на околу половина од парцелата или на 5 626 м2. Максималната висина на планираните градби е 11,5 метри.



Нови градби значат нови цевки, улици, мостови…

Низ планот може да се „видат“ и контурите на други нови улици, меѓу кои една ќе кружи околу езерото.

Ако е за утеха на тие што имаат убави спомени од „Треска“, непосредниот простор до водата е оставен да биде „плажа“. Ако се оствари ветувањето инвеститорот да го реши проблемот со филтирањето на водата, „Треска“ можеби пак ќе види капачи.

Ако ветувањето не се оддржи, тогаш „Треска“ е на пат да се претвори во затворена викенд населба со хотели, трговски центар и други „компатибилни намени“.



https://360stepeni.mk/treska-ke-se-prochisti-so-hoteli-vikendichki-trgovski-tsentar-dukani/



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.