build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Езеро Треска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Nov-2009 at 16:07
Умре ова езеро тешко дека некој ќе оди тука да се бања поминаа тие времиња...
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Nov-2009 at 17:20
И пак 30 милиони денари у бунар ќе ги фрлат, а ќе постават неколку знака забрането капење и уште неколку клупи.

Ова е школски пример како се бара начин да нема решение.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Nov-2009 at 21:11

зависи за што ќе фрлат пола милион евра!?

во секој случај нема да бидат тоа особено видливи зафати, тука претпоставувам треба да се доопреми филтер-станицата и да се постави аератор во езерото... во секој случај заинтересирани инвеститори имало и до сега, но најдобро е градот да најде чаре како да го ревитализира и експлоатира езерото

... американската фирма од Њу Џерси "НФИ-компани" склучи преддоговор со Градот за инвестирање во спортско-рекреативниот центар. Преддоговорот предвидуваше "НФИ-компани" за почеток да вложи еден милион евра за рестартирање на "Треска". Приватниот инвеститор со македонско потекло за возврат требаше да ги добие трите ресторани на "Метропол". Но, поради нерасчистени имотни односи, американската фирма се откажа од вложувањата... http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2473&stID=34554&pdate=20040605

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-Apr-2010 at 20:58

Во Треска ќе пливаат само риби

Градоначалникот Коце Трајановски лани изрази сериозна намера летово езерото Треска да биде отворено, но од Градот сега велат дека годинава може и да нема капење

Два месеца пред почетокот на летото градските власти не знаат да одговорат дали граѓаните годинава ќе може да се капат во езерото Треска, како што лани им вети градоначалникот Коце Трајановски. Велат дека некои постапки се во тек, но од објаснувањата не е тешко да се заклучи дека ниту летово скопјани нема да може да се капат во езерото што самите си го изградија, од свој џеб, за таа намена. Езерото десетина години е затворено за капење поради бактериолошка и хемиска загаденост на водата на реката Треска, од каде што се полни, а изградбата на пречистителна станица е прескап проект за касата на Градот.

- Сите постапки се обемни и важни за спроведување и треба да го дадат конечниот одговор на прашањето од која сезона езерото Треска ќе се користи за капење - велат во одделението за односи со јавност во Градот.

Кога од Градот зборуваат за постапки, мислат на активности како испуштање на водите од езерото, испитување на подлогата, бактериолошка анализа на водата, чистење на базенот, како и контрола на доточниот канал во должина од 1,5 километар, за утврдување на сите проблеми што влијаат врз нарушување на квалитетот на водата. Додека овие мерки не придонесат за чиста вода во езерото, ќе му се радуваат само спортските риболовци, бидејќи таму само рибарењето е дозволено.

Лани градоначалникот Коце Трајановски одржа прес-конференција на Треска, на која изјави дека ревитализацијата на езерото е капитален проект во неговата програма и потенцираше дека работат со полна пареа од ова лето тоа да биде отворено за капење. Од неговиот кабинет сега повторно ја потенцираат желбата, но велат дека се' уште се испитуваат сите параметри, а се гради и канализацијата во Грчец и во Сарај.

- Кога ќе почне капењето, исклучиво зависи од реализацијата на сите претходно поставени параметри. Не станува збор за напразно изречени работи, туку се преземаат одредени конкретни зафати. Постапките за ревитализација се почнати - објаснуваат градските власти.

Сега, додаваат, се работи на студијата за прочистување на водите. Тоа, за градската власт, е главниот проблем за решавање, за да се утврди на кој начин ќе се прочистува водата во иднина.

За ревитализацијата на езерото Треска, Град Скопје во годинашниот буџет издвои 30 милиони денари, односно половина милион евра. Предвидена е фазна ревитализација, со цел да се решат повеќе проблеми со доточните води.

- Градоначалникот Трајановски лани го иницираше уредувањето на системот за собирање на отпадните води во Сарај, Грчец и во Шишево, како еден од главните проблеми за загадување на реката Треска и понатаму на езерото, а во исто време Општината почна со изградба на потребната инфраструктура - потсетија надлежните.

Во меѓувреме од „Паркови и зеленило“ работеле на уредување на зелените површини, ги расчистиле старите стебла и ги санирале санитарните јазли. Бил реконструиран стар видиковец и наместен нов, како и 15 маси и 30 клупи. Извршена е и санација на електричната инсталација и на опремата во јазлите. Некои од овие активности се дел од годишната програма на „Паркови“, која е нивна редовна задача секоја година.

Објектот Треска е изграден во 1978 година, со пари од самопридонес на скопјани. Комплексот зафаќа 35 хектари, од кои зелената површина околу 19, а водената околу 14 хектари. Објектот работеше до 1989 година и на граѓаните им овозможуваше разни начини за рекреација. Потоа, основната функција, капењето, мораше да прекине поради загаденост на реката Треска, од која се полни езерото.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=77D15A6F96203E49B6FCD9A53BF43099
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-May-2010 at 04:11

На езерото Треска и годинава само на пикник

Загадената вода е најголема пречка за повторна употреба на рекреативниот комплекс

Сања Наумовска


Езерото Треска и годинава нема да биде оспособено за капење. Загадената вода и натаму е најголемата пречка за повторна употреба на рекреативниот комплекс. Во езерото ќе се рибари и ќе се одржуваат спортски активности, но капењето ќе биде забрането. Предупредувачите табли дека водата е полна со фекалии и е опасна за здравјето, веќе неколку години се на истите позиции околу езерото. Последиците можат да бидат различни кожни и други заболувања.

Во Градот Скопје велат дека активно работат на оспособување на комплексот за неговата основна намена. Годинава од градскиот буџет се одвоени 30 милиони денари, најголемиот дел за студии и тендери со кои се бара вистинскиот и најевтиниот начин за враќање на капачите на езерото.

„Се работи на студијата за прочистување на водите и тоа е клучниот дел на работите што треба да се завршат за да се утврди на кој начин ќе се прочистува водата и натаму да се реализира преку соодветен проект. Реализацијата на овој сегмент е поврзана со законските рокови за спроведување постапки за јавни набавки. Студијата ќе покаже кој е најдобриот начин за колекторско пречистување на водите, како и за одржливоста на целиот проект“, велат во Градот.

Ревитализацијата ќе се одвива фазно, затоа што треба истовремено да се решат повеќе проблеми со доточните води што се користат во езерото.

Градските власти информираат дека редовно се спроведуваат постапки за испитување на подлогата и анализи на бактериолошката состојба. Планирана е и контрола на доточниот канал во должина од 1,5 километри за да се утврдат сите релевантни проблеми што битно влијаат врз нарушувањето на квалитетот на водата. Минатата година започна и уредувањето на системот за собирање на отпадните води во Сарај, Грчец и Шишево, како еден од главните проблеми за загадување на водите што се влеваат во Треска и натаму во езерото.

Се' додека не се создадат услови за рекреативно користење на езерските води и за капење, ќе бидат поставени и таблите за предупредување на македонски и на албански јазик. Во моментов се инсталирани 4 големи табли на најфрекфентните места околу езерото. Дотогаш, велат во Градот, скопјани ќе можат да уживаат во зеленилото околу езерото кое редовно се одржува, а годинава е збогатено и со повеќе цветни аранжмани. Реконструиран е еден стар видиковец и е направен уште еден нов. Поставена е и нова урбана опрема од 15 маси и 30 клупи околу нив, како и 15 клупи по должината на патеките околу езерото. Комплетно се реновирани и санитарните јазли.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=95C74F69CB3F774BBCC5B202133935B1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Jul-2010 at 21:21
Езерото Треска ќе стане септичка јама

Септичките јами што се слеваат во езерото и недостигот од ератори доведуваат до изумирање на рибниот свет во Треска

Септичките јами кај селата Глумово и Шишево се влеваат директно во главниот вод, од каде што езерото Треска се полни со вода. Најголем проблем создаваат новоизградените објекти што немаат канализациска мрежа, поради што се прават фекални џебови кои се излеваат во езерото и го загадуваат живиот свет во него, тврди градскиот советник Александар Наумовски, од советничката група на СДСМ. Тој објаснува дека во езерото нема ератор за вртење на водата и со тоа се доведуваат во опасност рибите кои не може да живеат во загадена и матна вода.

- Наместо да даваме пари за други нешта што воопшто не се приоритетни, како град треба да одвоиме пари за да се купат неопходните ератори, кои ќе ја вртат водата. Со ова нема да ја дозволиме или ќе ја спречиме еколошката катастрофа, која може да му се случи на овој дел од градот. Рибата од езерото се лови, некои дури и ја јадат, а тоа може да биде причина за несакани инфекции и ширење на заразни болести - истакна Наумовски.

Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое е надлежно за одржување на езерото Треска, потврди дека ситуацијата е навистина критична, но дека во овој период не постојат можности за да се преземе нешто за надминување на оваа ситуација.

- Проблемот со езерото Треска е многу комплексен. За тој да се реши треба да се направи издржан проект, кој бара многу средства. Направивме студија која сега е на ревизија, а потоа ќе треба заедно со Секторот за комунални работи на градот да преземеме некои чекори, со кои ќе се поправи настанатата ситуација. Станува збор за 120 милиони кубни метри вода, а градските власти се тие што треба треба да одлучат што и како сакаат да се направи - смета Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“.

Со најновиот ребаланс на градскиот буџет, парите за одржување на езерото Треска од планираните 158.600, се намалени на 123.196 денари. Намалениот буџет значи дека ниту оваа година, освен поставувањето на клупи и на други помали зафати и техничко одржување на центарот, нема да се преземе конкретен чекор за да се подобри ситуацијата со езерото, која со текот на времето може да се претвори во невидена еколошка бомба.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101146237&id=14&setIzdanie=22025
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Jul-2010 at 21:47
Originally posted by Cloverstack



 Проблемот со езерото Треска е многу комплексен. За тој да се реши треба да се направи издржан проект, кој бара многу средства. Направивме студија која сега е на ревизија, а потоа ќе треба заедно со Секторот за комунални работи на градот да преземеме некои чекори, со кои ќе се поправи настанатата ситуација. Станува збор за 120 милиони кубни метри вода, а градските власти се тие што треба треба да одлучат што и како сакаат да се направи - смета Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“.

 
А што,треба да викнеме некој од страна па да ви ги среди работите,што треба вие да ги извршувате? А притоа земате огромни приход како директори.Вековен одговор на секој проблем на нашите раководни лица е нормално "Ќе треба" а никако да се земат работите во свои раце и нешто да се сработа,и се нешто ќе кажуваат колку време и суми  им требаат.А кога е во прашање раководната функција со тешко срце ја одбиваат.
 
Срамота е ова што се прави кај нас,се уништува се живо и диво.BashBashBash
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Jul-2010 at 22:36
Спортско-рекреативен центар Сарај лоциран помеѓу реката Вардар и Треска, кој зафаќа површина од 24 хектари.



Но нека сликите зборуват за ова некогаш прекрасно и преполно место за рекреација спорт и озвежувње во летните периоди на скопјани,
кој користејќи го малиот воз, а подоцна и пионерскиот воз пристигнуваа до него.



















И некогашното главо рекреационо место на скопјани - базенот





Негогашна слика до базенот во Сарај кој стално беше преполн со капачи.















Прекрасен но заборавен и напуштен рај во околината на Скопје.

Дали може да се оживее овој дел на Скопје?

Секако ако нашите татковци имаат мала визија и пуштајки го повторно малиот воз од Градскиот парк до Сарај и подолу до Матка направат права туристичка атракција од возот и овија две преубави места во самата околија на градот Скопје
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Jul-2010 at 22:49
Одличен пост, баш ми се допагаат идеите ,навистина треба овој спортски центар да се реконструира и да се направи нешто има огромен потенцијал ,а особено идејата за возот од парк до матка е топ идеја, навистина би било голема атракција и верувам дека не би коштало многу да се изградат 15 км пруга до таму за разлика од тоа што трошат милиони за споменици.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-Jul-2010 at 23:09
mitatos,

Одавна ја туркам таа идеја, се сменија многу градоначалници и протекоа многу води, а замисли уште на сето тоа треба да се договорат 5 градоначалници и влада.

mission impossible
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Jul-2010 at 09:22
Од сликиве кои си ги приложил Владимир, изгледа и далеку подобро отколку што очекував. Објектите се руинирани, но околината ми изгледа одржана. 
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Sep-2010 at 23:56
Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска



Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денари

Новата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица.

„Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството.

Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година.

„Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.)

Утрински Весник

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97386D22F1D5C849A551ED1AD1A60ECA

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 12-Jun-2011 at 14:06
Ќе се врати ли стариот сјај на езеро Треска?

Со темелно чистење на спортско- рекреативниот центар „Треска“, надлежните ќе се обидат да го вратат некогашниот сјај и посетеност на езерото.



Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години
Редовно доаѓам на езерото Треска. Тука имаме поставено приколка и обожувам да доаѓам и да уживам во природните сенки. Иако би сакала да се избањам, сепак, за жал тоа е невозможно, раскажува Розета Летниковска, редовен посетител на езерото Треска.

Во овој период во тек е чистење на езерото Треска, кое надлежните најавуваат дека ќе заврши за еден месец, со сите испланирани активности за сезонско уредување.

- Секој убав викенд го користам заедно со семејството да дојдам тука. Бидејќи живееме во стан, во слободното време се релаксираме во природата. Навистина би било убаво да се врати стариот сјај на езерото, и тоа повторно да ни биде достапно за капење-додаде Дејан Ангеловски уште еден редовен посетител на спортско-рекреативен центар.

Од град Скопје објаснија дека досега од езерото се подигнати 18.000 кубни метри тиња, и притоа рачно се обработени 64.000 квадратни метри. Откако ќе заврши чистењето ќе се направи корекција на оштетените делови од бетонската подлога, по што ќе почне полнењето со вода. Според плановите сите активности за темелното чистење на езерото, кое се случува прв пат по изградбата на езерото, ќе завршат за еден месец. Откако ќе заврши чистењето, ќе се пристапи кон повторно полнење на езерото со чиста вода, по што ќе следуваат анализи на водата што треба да покажат дали ќе може да се користи езерото за капење. Доколку бактериолошката структура на водата не дозволува капење, граѓаните ќе бидат предупредени со јавни објави на табли испишани на македонски и на албански јазик
Паралелно со овие активности се уредува и околината на езерото. Зелената површина низ годините ја одржува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои воедно се грижат и за урбаната опрема и за хигиената на целиот комплекс.

Во иднина, откако ќе заврши оваа акција, за која градот најави дека ќе потроши 30 милиони денари, темелно ќе се фокусираат на рекреативно забавни компоненти.

Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години. Во меѓувреме граѓаните можат да се разладуваат само во некои од скопските базени, кои најчесто ги посетуваат помладите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61011181196&id=14&setIzdanie=22302
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Aug-2012 at 19:25
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција, управување и одржување на СРЦ “Езеро Треска“ и базен “Сарај“.

Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

Понудите да се достават најдоцна до: 31.08.2012 во 10.00 часот

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieRPP.aspx?EntityId=4476db02-ed2d-4b06-8d2b-baac1c8e6a2a&Level=2

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Aug-2012 at 04:11
Додека не се расчитат проблемите што ги наметнува населениоте од с. Глумово никогаш нема да може езерото треска да функционира како добро уредено и одржувано излетничко и кампинг место.
Имено и последниот пат кога имаше обид за ова локалното население упорно го буткаа делот од оградата што е спрема селото и се бунеа дека нивно право е да го користат тој простор како на пример за пасење на добитокот под изговор дека неговиот дедо и татко таму го пасел нивниот добиток.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 20-Aug-2012 at 09:55
Решение: електрична ограда.
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 24-Oct-2012 at 09:53
Предлагам овој простор на езеро Треска да се претвори во Јапонска градина (што би му дошло како ботаничка градина за кое би се наплаќало влезница), со евнтуално некој дел за јапонска бања со посебен дел за нашите домашпни јакузи,а посебно за обичен народ и за ова би можело да се побара помош од јапонската амбасада...Big%20smile Tongue Master (се шегувам, но ми се бендисува идејава и неможев да одолеам а да не го напишам)








Edited by Ines - 24-Oct-2012 at 09:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 19-Nov-2012 at 22:40
Градот Скопје ќе се консултира што да прави со „Езеро Треска“

Повторно промена на плановите за реконструкција на „Езеро Треска“. После тригодишните ветувања за инвестирање во спортско – рекреативниот комплекс преку издвојување на финансиски средства од буџетот на главниот град, локалните власти се одлучија да го променат првичниот план и повторно да се вратат на идејата за јавно – приватно партнерство.  Градот Скопје ќе се консултира што да прави во иднина со СРЦ „Езеро Треска“ и базенот „Сарај“. Во дневните весници денеска беше распишан оглас за избор на најповолен понудувач за консултантски услуги за изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реконструкција на спортско-рекреативниот центар. Консултантот што ќе ги советува градските власти за проектот, кој е изграден со финансиски средства на граѓаните на Скопје, ќе се биде познат на 10 декември. Тој ќе треба да помогне во изготвување на целокупната документација за идниот повик за јавно – приватно партнерство, но и во временски период од три месеци ќе треба да даде одговор за тоа колкава би била заинтересираноста на приватните компании за овој проект.

Езерото Треска веќе неколку години пропаѓа под налетот на негрижа на локалната администрација. Скопските градоначалници во неколку мандати на различен начин се обидоа да го ревитализираат овој простор, од ветувања за пронаоѓање на атрактивен странски инвеститор, преку вложување на централната власт во проектот до одвојување на финансиски средства од локалниот буџет за реконструкција на комплексот. Градот Скопје при изготвувањето на буџетот за 2010 година вети дека ќе вложи 30 милиони денари за неопходната санација на рекреативното езеро, но тоа не се оствари. Министерството за животна средина и просторно планирање во 2010 година склучи договор за изградба на пречистителна станица за селата Глумово и Шишево со што требаше да се намали загаденоста на водите од реката Треска, но зафатот сеуште не е реализиран. Комплексот е изграден во 1978 година на површина од 35 хектари. Од 2006 година грижата за него е префрлена од државните институции на Градот Скопје.






#
Објавено на 19.11.2012 во категорија Вести.

Тагови: Базени и аква паркови, Колектори и пречистителни станици, Сарај, Скопје, Спортско-рекреативни центри, СРЦ Езеро Треска, Тендери и лицитации

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 24-Nov-2013 at 00:06
Незнам дали ова е соодветна тема бидејќи не најдов тема за Езерото (и одморалиште) Треска :

Владата одлучи – езерото Треска преминува во сопственост на Сарај

23/11/2013  //  Пред 5 часа  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

treska-ezero

Рекреативниот центар Треска преминува во сопственост на општината Сарај, одлучи Владата. Езерото Треска кое е изградено во 1978 година, а комплексот зафаќа површина од 45.000 квадратни метри, дел како зелена површина, дел за езерото, објави Алсат.

Рекреативниот центар е затворен во 1989 година, а со неговото реактивирање се очекува да се вработат најмалку 110 лица.

„Истовремено на истата седница, Владата на Република Македонија ја обврза општина Сарај да подготви детален урбанистички план за овој центар и препорача да започне постапка за добивање дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за управување со водите, односно за управување со езерото“, рече Мухамет Хоџа, портпарол на владата, јавува Алсат.

http://faktor.mk/archives/84708

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 11-Nov-2016 at 18:34
Еден од постарите архитекти (повоена генерација) од Скопје ми вели дека инвестицијата во Езеро Треска е на врвот на пропаднати инвестиции за градот во изминативе децении. Колку најави имаше дека ќе се најде инвеститор за оваа дестинација. Да бидам искрен, местово плачи за концерти на отворено во лето, а за да работи во зима му требаат објекти на затворено. Жално е што Општина Сарај и Град Скопје не се грижат за развој на ова место. Заедно со Кањон Матка, Езеро Треска може да ја препороди оваа општина во која има многу невработени.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.