build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Езеро Треска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-Nov-2016 at 18:56
Од општина Сарај не може многу да се очекува. Затоа според мене одлуката на градот да го префрли езерото во надлежност на општина Сарај беше погрешна и еден вид бегање од одговорност. Апсолутно се согласувам дека треба да се вложи повеќе енергија и знаење за да се рестартира оваа езеро. Загреб го има Јарун, Белград Ада Циганлија а Скопје нема ништо. Патем и на Матка треба повеќе да се поработи на хигиената и на паркинзите.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Nov-2016 at 19:15
За езерото Треска можеше да има светла иднина само ако се имаше малку воља.
Аква-паркот кај Александар-Палас, ново планираниот луна парк во гратски парк, гратската плажа, дури и бродовите на кеј, да се изградеа околу ова езеро, и истото соодветно хортикултурно да се уредеше, Скопје ќе добиеше една одлична дестинација за релаксација и забава, на одлична локација, на патот кон Матка и надвор од центарот. Сигурен сум оти ќе беше и добро препознатлив регионален центар.
Тие пари и така ќе ги потрошиме или веќе ги потрошивме. Која е логиката за локација на новопланираниот луна-парк да е во центар.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-Nov-2016 at 18:26
За езерото Треска не може да се има воља, ако некој од власта во него не гледа пари. Визија за да се направи нешто повредно се нема, а ветувањата само се повторуваат со години наназад.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Nov-2016 at 01:10
Само да ве потсетам дека и да има економски интересет и изводливост, треба да се реши проблемот со локалното население кое ќе врши отпор тврдејќи дека дел од локацијата што го опфаќа комплексот им припаѓа ним.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Nov-2016 at 02:26
Не се секирајте. Немам никакви информации, но типувам дека ќе слушнеме некој невероватен инвеститор на бел коњ „Алтаноглу резортс“ или „Краснии Азов“ како е живо заинтересиран за вложување во Македонија.     
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-Nov-2016 at 11:58
Пред околу еден месец го посетив езерото, па да го споделам моето мислење. Тоа место има огромен потенцијал ако го земе некој сериозен инвеститор. Мештаните не би биле проблем зашто приватникот ќе си најми обезбедување и ќе се реши тоа на лесен начин. Инфраструктурата во комплексот е мошне запуштена, на пример, малите базени се оштетени, кабините за преслекување, туш кабините, оние мали ресторанчиња што постоеја, сето тоа е искршено, расклопено, однесено. Тревата не е искосена... Кога бев таму, работеше само еден угостителски дуќан, класична кафеана. Имаше доста луѓе, претежно рибари, зашто езерото беше полно со вода. Мислам дека не се потребни големи пари за да профункционира, а летно време и тоа како добро му дошло на Скопје уште едно место за разладување и рекреација.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Nov-2016 at 16:09
Јас на Езеро Треска би увезол чехинки како туристки по тоа приколките. Тоа би било нешто...

Инаку да, како доживотно сврзан со Сарај, можам само да кажам дека местово е феноменално за формирање на доживотни дешавки, би било идеално да се санира сосе езерото и со затворени објекти во зимски период. Јас би направил Вудсток од местово, ако мене некој ме прашува. Место лабаво и chill, без некој елитистички набој. И приколките да останат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-Nov-2017 at 16:23



чим имаш приколка таму, кажи порибено ли е езерцето сега, последен пат кога бев 2009та бев со рибаско друштво ... а што велиш за хепенинзи од секогаш било гајба, само што порано озвучувањето зорт за млади ...

спомнав во нишката за авто-рингои дека и тука околу езеро може да легне еден добар, но да биде само за ревијални настани, додеката стазата во останато време да се кориати за трчање и бициклизам, вака пак може да се трасираат вело патеки и до СРЦ Сарај а потем преку састав по кеј до СРЦ БТ ...

сигурно и тука ќе паркираат во догледно време некој туристички резорт, само треба за вакво нешто најнапред дуп од опптина Сарај, а потем и државен ангажман да се најде инвеститор по мерка ... во кој случај останува проблемот со приколките тука, но што би можело да го решат о нивна преадаптација во бунгалови, кои додека не се сопствениците таму да мораат да ги рентаат ... од овој аспект евентуално е дискутабилен Манастирот кај Матка во случај како опптество да се надраснеме и на оние служби кои нинго чистат Скопје од вампири да им ослободиме простор за што полесна интервенција [1] колку и ова да ви звучи недоносено, е уверувам ќе дојде ден кога ќе речете во животот Аирлија имало спас некаде од светов и во што истиот се претвора сестрано ...

можеби дрќавата со време требаше тука да им направи меморијален центар на егејците, и ним да им остави поголем постор за интервенции, колку што се сеќавам сите здруженија од Егејот своите годишници ги тераа тука на Треска, она пукнало треснало не се даваме нит во Вардарска Македонија ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Nov-2017 at 21:06
фотографии на Александар Колов







За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 28-Nov-2017 at 21:08
Езерото Треска е идеална локација за ново планираниот луна парк. Јас би одел и понатаму и би го префрлил аква паркот од СЦ Борис Трајковски како и Панорамското ткало ако веќе е нарачано. Сето тоа со едно уредено езеро, паркче и по некој кафич/ланџ бар би бил еден атрактивен забавен центар каков што Скопје нема. Дури и за галиите кои слушаме дека ќе одпловат од вардар би се нашло место тука.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 28-Nov-2017 at 22:12

паметен предлог но галиите каде, во езерцето треска или во реката Треска, е сега Панорамското тука би било полезет наместо градски парк, но тука нема да биде толку исплатливо ко во градски парк, но и во градски парк олкаво ко што е нарачано нема да биде толку исплатливо, за него единствено кале му е мајката, со што калето ќе биде и поатрактивно, но и чаршијата, па и цел град, единствено ќе треба да се потсреди чаршија од птичја перспектива, бар оној дел кај старите згради на Битпазар итн.

аква парк може да има и тука и кај СРЦ-БТ, а зошто не и кај СРЦ-Сарај, но тука е штета да не биде елитно место за секакви манифестации, него плажери рашетани по гашти, она да има каде и постари сограѓани и туристи да одморат нозе после скиткање по Матка, впрочем ез.Треска како комплекс е изграден заради титова посета на Скопје, а гпГранит наместо за две го изградил за една година, со две градилишта во акција, 6-то и 7-мо градилиште ем Механизација ...

најлезет би било да начекаме од еу некое европско во кајак, па цел овој потег да се среди и со нови езера за веслање во сите дисциплини, само би требало на сето ова да се надоврзат и Матка и Козјак како езера, односно се спојат некако инфраструктурно, пример жичница од Треска до и над Матка, а потем до Козјак, или пак само туристички монореил од брана до над Матка а потем конекција со велоавтопат до Козјак, евентуално на полпат вело-мост преку Матка и назад кон ез.Треска уште еден вело-автопат ...

како звучи oва вело автопат мислиш ќе чини тешки милиони, 1 km of Danish highway costs up to 100 times more than 1 km of the Danish bicycle highway [1] иако не би било ефтино доколку ваквиот пат би одел преку Сарај и састав по кеј натака, но и кон Водно преку Свети Пантелејмон, на крај и да бидне ова, секогаш ќе биде фрка за грѐдски автобуси со вeло приколки ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 27-May-2020 at 15:18
ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ЧЕКА ИНВЕСТИТОР ОТКАКО ЗЕМЈИШТЕТО ОКОЛУ НЕГО ОД ЗЕМЈОДЕЛСКО Е ПРЕНАМЕНЕТО ВО ГРАДЕЖНО







Во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје изградено е езерото Треска. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 80-тите и 90-тите, функционираше како главно излетничко место за Скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година поради загаденост на водата затворено е за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање.

Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен. Погледот кон кањонот Матка кога ќе влезете во некогашниот спортско-рекреативен центар, веднаш се заборава од руинираниот и пропаднат комплекс. Рестораните, бунгаловите, летните тераси, тоалетите се искршени и разурнати, гардеробите и тушевите ги нема. Просторот е обраснат со трева до колена бидејќи со години никој не го одржува зеленилото. Ѓубре има на сите страни и дополнително кучиња скитници го развлекуваат низ патеките. Единствено нешто што низ годините го направило езерото поубаво се дрвјата, кои сега се израснати, со големи крошни и прават длабоки сенки.

Водата во езерото од 1998 година е прогласена за бактериолошки неисправна, но и покрај тоа затекнавме десетина деца како се капат. Подолу пак, двајца посетители се сончаа, други дојдоа да ловат риба, а имаше и неколку граѓани кои се шетаа околу езерото.

И покрај очајната состојба во која се наоѓа комплексот, голем дел од камперите кои со години имаат приколки и оваа летна сезона се тука. Во Треска има околу 550 приколки, а од нив речиси 300 секоја сезона се отворени.

„Гледате колку очајно изгледа некогашниот бисер на Скопје, а ние плаќаме повисока цена. Плаќаме 12.000 денари за цела сезона, а не добиваме ништо од Општина Сарај. Не се коси тревата, ѓубре не се собира, еве денес ни е празник оти дојдоа камиони да зачистат. Тоалетите се во ужасна состојба, ние самите одржуваме едно веце. Да дојде санитарна инспекција ќе го затвори кампот“, ни рече Ацо Гиновски кој 32 години од мај до септември е во својата приколка на езерото Треска.

Вели дека состојбата до пред 7 години кога комплексот беше под надлежност на Град Скопје и го одржуваше ЈП „Паркови и зеленило“ била подобра. Имало чуварска служба, се одржувало зеленилото, се собирало ѓубре.

„Се ежам секој пат кога влегувам на главната врата и гледам во што прерасна езерцето кое е на секој од нас бидејќи, ние граѓаните дававме пари со самопридонес за да се изгради. Кога ќе се собереме со комшиите кампери навечер, плачеме кога се присетуваме како беше некогаш. Сите ресторани и кафулиња беа полни, детски џагор и смеа насекаде, немаше место пешкир да постелеш на плажата. Тоалетите беа чисти, со сапун, тоалетна хартија, дури и машинки за бричење имаше поставено. Навечер исто така беше полно со народ, се вртеа кругови околу езерото како на некогашното корзо“, вели Ацо.

Камперите велат дека од секој градоначалник, од секоја нова власт слушаат ветувања дека туристичкиот комплекс ќе го вратат повторно во функција.

„Слушаме Турци ќе го зеле, па потоа ни велат имало инвеститор од Саудиска Арабија, ама тоа се само зборови. Еве гледајте 20 години поминаа откако е затворено за капење и секој ден сѐ повеќе и повеќе се уништува. Толку пари дадоа за плажи и споменици во центарот на градот, како не им текна тука да ги вложат тие средства“, вели Ивица кој со своето семејство 30 години е кампер на Треска

Езерото Треска со одлука на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година е предадено во владение на Општина Сарај. Сите градоначалници најавуваат дека со странски приватен партнер ќе го вратат во функција комплексот. Но тоа никако да се случи.

Владата предводена од СДСМ лани дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се вцртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воодно ќе се врати во функција и езерото.

Градоначаникот на Општина Сарај Блерим Беџети вели дека Деталниот план од Општината е изработен и предаден на одобрување во Град Скопје. Очекува дека летово ќе ги добие сите позитивни мислења за да може да се почне постапката за враќање во функција на езерото.

Очекувам дека до крајот на неделата од Град Скопје ќе добиеме позитивно мислење за планот. Такви се најавите од таму. Со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов имаме исти размислувања во врска со овој проект. Потоа треба да оди на одобрување во министерствата за животна средина и транспорт и врски и на крај на усвојување во Советот на Општина Сарај. Не би сакал сега да споделувам детаљи во врска со содржините кои се предвидени со нашиот предлог план. Штом се усвои ќе го презентирам на јавноста. Секако дека ние сами како Општина не сме во можност д,а инвестираме, па затоа ќе бараме приватен партнер. Има заинтересирани инвеститори кои постојано се јавуваа и се интересираат до каде е планот“, вели Беџети.

Во врска со изјавите на камперите дека Општината не го чисти ниту одржува комплексот Беџети вели дека секој има право на свое мислење.

„И јас се жалам дека не го плаќаат надоместокот за користење на просторот“, додава Беџети.

И градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата предизборна програма и кампања ветуваше дека на скопјани ќе им го врати повторно езерото Треска и ќе биде изградена пречистителна станица за да биде водата чиста и безбедна за капење. Шилегов сега вели дека со овој проект и идната инвестиција, просторот ќе биде уреден и вратен во функција. Потсетува дека минатата власт го дала Езерото на Општина Сарај и сега локалната власт си ја тера постапката.

„Пред две години реонот на езерото Треска беше прогласен за туристичка зона, за да може да привлече повеќе инвеститори со цел да го облагородиме тој простор. Во тек е изработка на Детален урбанистички план во Општина Сарај за овој дел, нешто што досега го немало. Во рамки на тој урбанистички план ќе се предвидат содржини и ќе се одвива инвестиција која ќе гарантира дека езерото Треска ќе биде вратено во целосна функција, во спортско-рекреативна, но и туристичка“, вели Шилегов.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/ezeroto-treska-cheka-investitor-otkako-zemjishteto-okolu-nego-od-zemjodelsko-e-prenameneto-vo-gradezhno/?fbclid=IwAR12-gxfIUHJ_WxgZHqvbwQc_PHCHE4ac9j6irP5bXkto_BvIvXh3niNNIE
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 27-May-2020 at 15:59
Како бе може толкаво езеро и таква природа да се запустат? КАКО!?
Еден споменик помалку ќе беше доволно...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-May-2020 at 16:14
Клучниот проблем зашто ова стои запустено е во три причини. Првата причина е затоа што овој народ уште е со една нога во стариот систем и очекува дека треба државата преку непосредно директно менаџирање да стопанисува со ваков објект, едноствано тоа се цени, а тоа е баш тоа што го запусте ова езеро донекаде. Вториот проблем е во неангажираноста да се најде инвеститор и да му се почитува сопственоста после. Кај нас сеуште на инвеситор се гледа како на безобразен човек кој вози џип и сака да се изживува со вработените, у случај тука не се мисли на таков инвеститор и тоа треба да се разбере. Неможе рурално оптшина да мисли дека ќе најде инвеститор да им го среди езерото и после да го заебе, така не функционира светото како што се очекува тука. Третата причина е добропозната, дисциплина, куповна моќ на потенцијалните корисници дали воопшто може таква инвестиција да биде исплатлива и оддржлива. Може се да се среди, ама ако се продаде топтан на саглам компанија која се занимава со водени паркови. Не на партиски ботови кои непосредно пред објава на тедндерот ќе регистираат фирми. Едноставно топтан да се стави на меѓунардона лицитација со минимална цена која мора да биде реална, а не колку тоа општината мисли дека еи треба да си ги задоволи буџетските дупки. Без превари, без мајмунисување, транспарентно по реална цена која може да се постигне да се продаде.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-May-2020 at 16:46


ПетреШ имал Добри Намери, секоја Чест и' за тоа, но тоа е муабет за тука на форум, ама да го стаи муабето во програма ем за време на мандато да издвои (велат) 100k евра и ништо од сето тоа, е’ тоа е тумач, а со се’ оние 100k евра за новогодишниот концерт, ќе можеше комотно да се поднајадат и подздомат сите Бездомни Сограѓани во градот, бар за време неговио мандат, или со тие средства потенцијално да се престореше некоја руинирана Хала во голем Градски Шелтер Центар! исто народен бонус во празно е што како политички партии си добиваат (си земаат / си лапаат) пари и за изборни кампањи, смешно или трагично но со Ваши пари ги дизајнираат и штанцаат то нивните мишн-импасбл памфлети!
ПетреШ може ко и ТрифунК се надевал дека ќе ги зголеми ингеренциите на градот, за сметка оние веќе добиените на општините, но кои sds без дуи тешко дека некогаш ќе ги протурка во Собрание, Но што им останува на дуи за себепромоција пред Гласачи освен општинска спона преку која полесно би привлекувале странски инвестиции или европски кредити за своите програмски проекти, но кои еве сеуште и ним им протекуваат во празно како ветена вода до Жеден Народ, а на крај од сторените Хотели кај Ез.Треска аир за кого, за едикојси елити, но корона рулз годинава та и најамбициозните инвеститори ќе си бидат на стендбај додека не се осигураат дека бар пола инвестиција можат да jа си повратат натака а да ќарат на изграденото и разработеното понатака, бар во наши околности друга логика немет, но бар индивидуален потенцијал имет за Виќендици да никнат, но ова е позиција која дополнително би ги демотивирало инвеститори, освен ако не станува збор за некоја елитна населба ко онаа во Злокуќани, арно ама да не почнат Згради да нач’чкуваат, е тоа ќе биде фора, затоа треба Итно НЕАП-от и ЛЕАП-те да се законски наметнати во случајов (скопскиот Локален Еколошки Акционен План) низ норми за нереметење на Струењето по Кањонот Матка, зависно каде (како тргнало) би врвеле натака урбани населби покрај реката Треска, бидејќи јасно е дека натака оит работата!?
ме чуди сите оние кои живејат и градат пред тамошната Брана дали немаат страв дека истата е дотраена, та нели насеќаат евентуални ризици од Не Дај Боже озбилна поплава, што може лесно да се релативизира доколку истата се спушти, ем така Скопје ќе добие Природен Еркондишн [1] бар би дошле на ниво на Софија и Тирана [1] иако потенцијално ако тој дел од градот милует претежно Огрев за в зима ето ни така и екстра пехои низ промајата [1] ајт тогај бар живеењето во О.Сарај ќе стане поатрактивно, она да ти биде Воздух чист токму ко за на врв планина ... веројатно требало ова со време в СРМа да се стори, бидејќи сега токму о.Сарај може да бидне главната пречка за спуштање на браната, можеби ко зијан од поројни дождои и немање начин како да се регулира ко сега преку брната таков гајрет, сепак возможно доколку и на Вардар и на Треска коритата се зголемат т.е. спуштат (продлабочат) ... не сум паметен да кажам дека ова е некакво ултимејт решение за сите, но на Градо потенцијално (ако не насушно) му треба и ваква диверзија за смогот ...


Edited by Zelenikovo - 27-May-2020 at 16:56
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 14-Jun-2020 at 22:11
да се надеваме дека конечно ќе започнат да прават нешто....
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Jun-2020 at 10:13
Originally posted by carver91

да се надеваме дека конечно ќе започнат да прават нешто....

оптимизам кој ќе им биде од помош за на летен одмор, извини но да искористам прилика да посочам зошто на еФорум би му паднала популарност како еАлатка, нели Лајк/Дислајк систем немет на оваа платформа па ајде тераат и празни коментари, иако во Правилник е наведено дека кратки коментари се Спам а ко такви завршуваат во корпа, но чубки и Админи имаат свој Живот та ќе да им се смачи цела популација еден по еден а го едуцираат дека еФорум не е фејкбук!?

мислам и јас онака како си терам логерски со километарски постои неоит, ама фејкбуковски да се полнат Нишки со безидејност тоа е чинам премногу, не дека не треба и ваков Оптимизам или некаков песимизам како заклучок, но тоа да биде како Коментар, еве во однос многуте точки по твојот јас би лепнал абер дека Општина Сарај и Град Скопје треба да се Помогнат бар правејќи заедничка работна група која ќе ги земе во предвид сите потреби на Граѓаните, различните интереси на агите и нормално идните потенцијали во однос генерирање инерција кон ЛЕЗЕТ локација економско зелено еколошко туристичка, првата ставка ја имаат треба останатите да ги фракталисаат сплотено, а посетне тоа така треба и може да се разгранува оштроумно кон Матка и отаде Водно, доволно и со ВелоАвтопати па и Макадам донив за Коњски Прошетки, хм како да ги разграничиш истите соодветно за да нема никакви ризици утре од макази, можеби различни стази би требало да се, велосипедските да одат од едната страна на Матка кон срт, а коњските од другата, за првите ќе треба посекако и Лифт за да се дотера до Срт но и некаков мост за да префрлат отаде Водно ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 21-Jun-2020 at 14:36
Големите планови за езерото Треска се уште чекаат за реализација

Не престануваат дискусиите за темата кому му припаѓа езерото Треска, на Градот или на Општина Сарај. Дебатата, за некои и спорот произлегуваат од таму што јасно се знае дека ова езеро или целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во далечната 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Тие издвојувале од своите плати за да се изгради овој рекреативен центар, кој неколку лета беше вистинско место за освежување, но и главна летна атракција. Но скопјани многу одамна не се капат во ова езеро и не можат да го користат, бидејќи е затворено за капачи од 1998 година. Главна причина е тоа што водата е загадена и не ги задоволува пропишаните еколошки и санитарни стандарди, ниту потребниот квалитет. Од затворањето досега местото е комплетно руинирано. Повремено, и покрај предупредувањата дека водата е загадена и непрепорачлива за капење, некои го користеа, а имало и рибари што рибареле.

Град Скопје во неколку наврати правеше обиди да го врати езерото со сиот негов поранешен сјај, но не успеа во тоа. Сега многу од граѓаните се прашуваат кому му припаѓа езерото Треска, на Градот или на Општина Сарај, кој има право да стопанисува со овој урнисан спортско-рекреативен центар, за кој некогаш свои пари од џеб дале граѓаните. Дискусии на темава имаше и на социјалните мрежи.
– Со посебна одлука на Владата на РМ во 2013 година, објектот СРЦ „Езеро Треска“ е во целосна надлежност и ингеренција на Општина Сарај. Сепак, поради тоа што станува збор за рекреативен објект од витално значење за Скопје, Град Скопје е вклучен во активностите за негова ревитализација.
Во август минатата година на седница на Владата е усвоена информацијата врз основа на која се овозможува Општина Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско-рекреативен центар во близината на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска и кој вклучува изградба на викенд-населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на екотуризам – појаснуваат од Градот.
Општина Сарај веќе ја има започнато постапката за изградба на спортско-рекреативен центар и во моментов од локалната самоуправа ја финишираат последната верзија на ДУП и проектот по упатените забелешки од Министерството за транспорт и врски.

– Општина Сарај го доби езерото Треска на стопанисување со одлука на Владата пред неколку години и сега е имот на Општина Сарај и тука нема ништо спорно. Го приведуваме кон крај проектот за ревитализација и обновувањето на езерото и наскоро ќе ја имаме конечната верзија и на проектот и на ДУП по што за две недели ќе го доставиме до Министерството за транспорт и врски на повторно разгледување и се надеваме на одобрување, бидејќи и предходно беше испратен и вратен со одредени забелешки.

Штом ќе добиеме одобрување од Министерството за транспорт и врски, заедно со ДУП-от ќе треба да бидат разгледани на Советот. Штом ќе поминат сите правни процедури се надеваме кон крајот на летото ќе почнат и првите активности и ќе обелодениме што содржи проектот. Но секако идејата е да стане голем рекреативен центар за развој на туризмот, а исто така привлечен за граѓаните. Градот неколкупати се обидуваше да му го врати сјајот на езерото, но не успеа и затоа крајно време е тоа да го направиме ние како општина на чија територија се наоѓа езерото – вели Блерим Беџети, градоначалникот на Општина Сарај.

Езерото се протега на површина од 136.000 квадратни метри, длабоко е од 1,6 до три метри и има капацитет за 10.000 капачи.

ЈКП „Лиќени Треска“ – Сарај управува со езерото
На веб-страницата на Општина Сарај стои дека со езерото Треска управува јавното комунално претпријатие ,,Лиќени Треска“ – Сарај, формирано со акт на Советот на Општина Сарај.

– Претпријатието со одлука на Советот на Општина Сарај со бр. 07-393/1 од 26.12.2013 година е организирано како јавно претпријатие за стопанисување со спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ – Сарај. Претпријатието е правно лице, кое врши дејност од јавен интерес од областа на комуналните дејности. Јавното комунално претпријатие во рамките на својата дејност ги извршува овие задачи: управување со материјалните добра и природните ресурси што се наоѓаат во териториjата на рекреативниот центар „Езеро Треска“ – Сарај, б.б. Во задачите се спомнуваат неколку, како одржување и регулирање на зелените површини и рекреативните места на својата територија, собирање, обработка и дистрибуција на фекалните води, други деловни активности неспомнати на друго место, други услужни дејности неспомнати на друго место – пишува на општинската страница на Сарај.

На истата таа се наведува дека претпријатието има и свои органи, Управен одбор, Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење и директор.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/големите-планови-за-езерото-треска-се/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 28-Sep-2020 at 07:06
Нова надеж за ревитализација на Треска – се очекува утре Општинскиот совет да го усвои урбанистичкиот план



https://tv21.tv/mk/nova-nadezh-za-revitalizatsija-na-treska-se-ochekuva-utre-opshtinskiot-sovet-da-go-usvoi-urbanistichkiot-plan/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 28-Dec-2020 at 14:25
ОПШТИНА САРАЈ БАРА ВЛАДАТА ДА ГО ПРОГЛАСИ ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ЗА СЛОБОДНА ТУРИСТИЧКА ЗОНА, А КАМП ПРИКОЛКИТЕ ДА СЕ ТРГНАТ

Камп приколките на езерото Треска во рок од 60 дена треба да се дислоцираат. Општина Сарај доставила писмено известување до сопствениците на приколките да ги отстранат бидејќи нема услови тие да бидат таму, како и заради реализација на новиот Детален урбанистички план. Сопствениците на приколките се револтирани од ваквото барање на Општина Сарај. Најавуваат протести и оставање на приколките пред зградата на Владата и пред бараките на Град Скопје.

Градоначалникот Блерим Беџети за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Општината почнала два паралелни процеси за езеро Треска и тоа за дислокација на приколките и за прогласување на Треска за слободна туристичка зона.

„Нашиот инспектор за животна средина на местото каде што се поставени приколките констатираше дека нема соодветни услови. Не се почитуваат прописите, многу од нив се заградени и доградени. Не можат тие кои се кираџии да бидат пречка за реализација на планот и повторно заживување на овој симбол на Скопје. Истовремено откако ги донесовме новиот детален план испративме во петокот испративме писмено барање до Владата за да се прогласи езерото Треска за слободна туристичка зона, со што ќе можеме да бараме инвеститори кои ќе го заживеат и уредат просторот“, вели градоначалникот Беџети.

Што предвидува новиот ДУП и какви објекти ќе се градат околу езерото Треска, Беџети не кажа. Вели после новогодишните празници ќе организираат јавна презентација на планот и содржините за јавноста.

Владата предводена од СДСМ лани дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се вцртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.

Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 80-тите и 90-тите, функционираше како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година поради загаденост на водата затворено е за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-saraj-bara-vladata-da-go-proglasi-ezeroto-treska-za-slobodna-turistichka-zona-a-kamp-prikolkite-da-se-trgnat/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.