build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-May-2009 at 07:18
Импресивно
Последен пат бев во Софија 2003 година и градот уште тогаш ми остави многу убав впечаток. Се развива со многу поголема брзина од Скопје и Белград а сигурно за тоа удел имаат и европските фондови. Дури тогаш имав чест да се возам со метрото за цена колку што изнесува како една карта за градски автобус во Скопје а сите знаете какви се автобусите во Скопје. Андреј би сакал да те прашам дали ја претворија Витоша во пешачка зона затоа што ја така знам дека тоа им беше план
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-May-2009 at 17:29
Цариградско шосе ми е добро познато од ССЦ иако не сум бил во Софија. Впрочем околу таа улица и се градат и најголемиот дел од модерни впечатливи објекти во Софија.

Би зборел на памет ако кажам дека инфраструктурано Софија е подобра или полоша од Скопје. Можам да кажам дека метрото (BTW браво за репортажите Андреј Thumbs%20Up) е дефинитивно најбитниот проект кој квалитативно ја издвојува Софија.

Од аспект на патна инфраструктура мислам дека Скопје има прилично добра основа и му фали многу помалку отколку на Белград, Софија или било кој друг град во регионот за да се доведе во прифатлива состојба. Точно ни фалат неколку клучни артерии но на неколку места фалат само поврзувања од кои може да се добие многу (на пример тунел под плоштад). Причината е едноставна а тоа е начинот на кој голем дел од градот е планиран. Скопје ги нема оние густи градски јадра каде е или невозможно или прескапо било што да се направи. Слично на Скопје е Нов Белград (BTW општина со статистички приближно исто население колку Скопје) и тој е урбанистички најсветлата точка на Белград.


Edited by pbanks - 22-May-2009 at 17:29
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-May-2009 at 19:17

vitosa bese onaa shopping ulicata u centar so im e? ako e taa togas da pesacka e samo imaat sini za tramvaj(valjda toa im pominuva tamu) Big%20smile

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-May-2009 at 20:15
Продолжувам до крај, со темата Софиски улици и булевари:
За загревање две добри слики од Софија.
1) Поглед на Софија од автомагистрала Тракија (од Пловдив/Бургас/Истамбул). Имено овој дел пред Софија (околу 15 км долг) од автопатот е со профил по 3 ленти за возење и по една за застанување во секоја насока:



2) Панорама на ноќна Софија од планината Витоша:



А сега продолжуваме со уште 10ина булевари и централни улици Cheers
Се надевам дека не ви се одповеќе моите опсежни репортажи но што би се рекло по народски, нека има Yes
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 29-May-2009 at 20:55
ЗАПАДНИ ГРАДСКИ БУЛЕВАРИ:

Бул. Сливница:
Овој булевар, го сврзува периферниот центар на градот со најголемиот кварт во Софија - Љулин. Се протега по течението на реката Перловска, од пл. Сточна Гара па се до населбите Љулин (1-10). Да, како кај нас што е поделен Карпош на 4 региони, Љулин е поделен на 10 т.н. микрорегиони. По него се движат воглавно автобусни и тролејбусни линии.



Почнуваме од Пл. Сточна Гара:



Булеварот потоа оди низ периферниот центар на градот по течението на реката (каналот), Перловска. Тој дел беше реконструиран целосно минатото лето и сега има по 4 ленти во насока. Интересното е што на средина на булеварот поминува каналот (веројатно затоа и самиот булевар е наречен Сливница):





Булеварот, потоа прекинува да ја следи реката, навлегувајќи во кавартовите Захарна Фабрика и Зона Б-19.





На крајот, доаѓаме во населбата Љулин, од каде што булеварот преминува во брзиот пат (иден автопат) кон Калотина/Белград:


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-May-2009 at 21:13
Бул. Тодор Александров:
Овој булевар го сврзува идеалниот центар на градот со западните населби, особено нас. Љулин, преминувајќи во тунел под Западен Парк. Интересното е што под него поминува метро линијата 1, која беше прва пуштена во сообраќај во 1998 година. Затоа и голем дел од тролејбусите и автобусите кои сообраќаа по него се дислоцирани, но трамвајната линија останува и до ден денешен. Булеварот е особено интересен за бизнис згради, заради релативната близкост до центарот како и постоењето на метролинијата.



Тргнуваме од идеалниот центар на Софија, а имено пл. Ларгото, каде што се наоѓаат Президентството и Владата на Републиката. Поглед на запад, кон Љулин:



Поглед на исток кон Ларгото и центарот:



Полека се оддалечуваме од центарот, каде што има доста бизнис згради, меѓу кои и зградата на ЛУКОИЛ (направете споредба со нашето претставништво на Лукоил, кај Буњаковец):









Потоа булеварот го менува своето име, преминувајќи во Бул. Царица Јоанна, кај кино-комплексот Арена:





Доаѓа Западен Парк. Булеварот понира под земја, да не ја нарушува концепцијата на парокот:



Од крајот на тунелот под Западен Парк, започнува најголемата коми-блок населба во Бугарија (околу 300 000 жители), Љулин:



Булеварот низ жк. Љулин:





Моментално во тек на изградба е продолжување на булеварот, кон спојката на автопатот Софија-Перник/Благоевград/Солун/Скопје.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-May-2009 at 21:28
Бул. Цар Борис 3 (Цар Борис III) :
Овој булевар е сегашниот влез на Софија од  Скопје/Солун. Тој е еден од најстарите булевари, граден уште пред Втората Светста Војна. Ги сврзува југо-западните населби Књажево, Овча Купел, Бакстон и Красно Село со периферниот центар на градот (кај пл. Руски Паметник). Скоро по целата должина е поплочен со калдрма и е дефинитивно најнеугледниот градски булевар. Тоа треба да се смени и реновира по отварањето на автопатот кон Скопје/Солун, во 2010 кога и западниот влез на градот ќе се дислоцира.



Започнуваме од влезот на Софија. Поглед на булеварот кон центарот:



Булеварот во овој дел е асфалтиран, а до него проаѓаат трамвајни линии (најстарата трамвајна линија 5ката проаѓала тука, сврзувајќи ги царскиот дворец во градот и тој во Књажево):





Приближувајќи се кон центарот, доаѓаме до Хотел Родина, највисоката зграда во Софија:




Потоа доаѓа клучката и тунелот со бул. Пенчо Славејков. Зградата со големото знаме е болницата ВМА (Воено-Медицинска Академија):



На крајот булеварот завршува на пл. Руски Паметник, во периферијата на градскиот центар.



И за крај, една слика од сегашно време, поглед од Хотел Родина кон бул. Цар Борис 3 и една слика кон бул. Цар Борис 3, направена во времето на комунизмот-1988 година. Забележете какви чуда се никнати на местото на бројните трошни куќички:






Edited by Andrej_LJ - 29-May-2009 at 21:33
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-May-2009 at 21:43
ЈУГО-ИСТОЧЕНИ ГРАДСКИ БУЛЕВАРИ НА СОФИЈА

Бул. Ботевградско Шосе:
Овој булевар е граден во времето на комунизмот. Скоро целосно е направен на ниво на градски автопат, со исклучок на неколку раскрсници. По неговата средина поминуваат трамвајски линии. Го поврзува југо-источниот влез на Софија од насока Русе/Варна/Букурешт (автомагистрала Хемус), преку населбите Васил Левски, (А-Г - имаат дури и означувања на населби со букви наместо со бројки), Сточна Гара, Подујане и Ботев со периферниот центар на градот, односно Бул. Ситнјаково.



Започнуваме од клучката близу центарот, со бул. Ситнјаково:



Потоа булеварот преминува под главниот железнички коридор на Софија, во формата на тунел:





Доаѓаме во комплексот населби Васил Левски:





По должината на целиот булевар, движењето и преминувањето на пешаците е олеснето со подземни премини, особено на трамвајните и автобуските станици:



И на крајот, клучката-детелинка помеѓу бул. Ботевградсо Шосе, Софискиот РИНГ и автопатот Хемус:


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-May-2009 at 21:51
Бул. Ситнјаково:
Овој булевар, ги поврзува источните градски населби, како и бул. Цариградско Шосе, со пл. Сточна Гара и бул. Ботевградско Шосе. Има улога на внатрешно-градски источен булевар.



Започнуваме од клучката со Бул. Цариградско Шосе.Ноќен поглед кон старата ТВ Кула:



Потоа булеварот се движи кон север, до клучката со бул. Ботевградско Шосе:







По клучката, булеварот го менува своето име во бул. Данаил Николаев и завршува на пл. Сточна Гара:





Овој булевар е исклучително оптоварен со сообраќај, каде што се создаваат секојдневни, повеќечасовни застои.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-May-2009 at 22:05
Бул. Драган Цанков:
Исклучително важен булевар, кој ги поврзува југо-источните населби на Софија (Младост, Исток, Дрвеница, Мусагеница, Студентски Град...) со периферниот центар на градот, кај Националниот Стадион Васил Левски. Неодамна под целата должина на овој булевар, се отвори новата метролинија со 5 станици, дел од Првиот дијаметар.Заради тој факт булеварот со години наназад е особено интересен и привлекува големи бизнис згради и претставништва. Но, заради неговот значење секојдневно се појавуваат огромни гужви и преминувањето на истиот со возило треа околу час.



Почнуваме од центарот на градот, односно крстосницата со бул. Евлоги Георгиев. Таму неодамна беше пуштен најголемиот засега метро-паркинг, при метростаницата НС Васил Левски. Еве и дел од исечените дрвореди, заради потребите на метрото:



Продолжуваме на исток кон Младост:



Тука се наоѓаат амбасадата на Русија (поранешната на СССР, тогаш најважна амбасада во Софија), како и хотел-парк Москва. Амбасадата:



Хотел-Парк Москва:



 Продолжувајќи кон Младост по должината на булевар Драган Цанков ги сретнуваме следните објекти. Главната зграда на ГлоБул:





World Trade Center Sofia Интерпред:



Доаѓаме на големата раскрсница со бул. Георги М. Димитров.Ноќен поглед кон Центарот и километарската колона од автомобили:



Потоа по средината на булеварот се издигнува надземниот дел на метрото. Доаѓаме до метро-патниот мост на Вартопо:





Пред да пристигне до нас.Младост, овој булевар го менува името во бул. Андреј  Сахаров:










Edited by Andrej_LJ - 29-May-2009 at 22:07
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-May-2009 at 22:28
ЈУЖНИ СОФИЈСКИ БУЛЕВАРИ:
Бул. Булгарија (Булевард „България“):

Овој (заедно со Ботевградско, Тодор Александров и Цариградско) е најоптоварен булевар во Софија. Всушност бул. Булгарија се води како авенија. Градена во доцниот комунизам, нејзината намена била да го сврза културниот центар на Софија или поточно НДК со резиденцијата на претседателот на Бугарија, во подножјето на планината Витошка. Покрај тоа што ги поврзува голем дел од јужните населби, вилни зони и предградија, е дел и од најголемата клучка во Софија Патен Јазол НДК (за кој подоцна ќе стане збор). По средината на булеварот има трамвајски линии. Тролејбуските линии возат само покрај дел од булеварот и тоа до пл. Ручеј и нас. Гоце Делчев. Под него се предлага да оди 5тата линија на Софискиот Метрополитен, во форма на ЛРТ. Ова е НАЈИНТЕРЕСНИОТ И ПРЕСИЖЕН БУЛЕВАР ВО СОФИЈА ЗА ОФИСИ И БИЗНИС ЗГРАДИ.



Ве поканувам да започнеме од центарот. Еве ја клучката под Мостот на Вљубените, кај НДК. Тука се создаваат ОГРОМНИ гужви, дење и ноќе, затоа што булеварот практично влегува во центарот:







Поглед на бул. Булгарија од центарот, кон периферијата и одвојувањето на клучката кон бул. Витоша:



Потоа доаѓа клучката со бул. Пенчо Славејков кој продолжува на север:







По средината на булеварот, возат трамвајски линии, одвоени од коловозите. На сите станици има подземни премини за пешаци како и цели трговски центри под земја:





Булеварот продолжува на југ низ населбата Гоце Делчев:





Таму се наоѓа популарно-наречената Јужна Порта од бизнис згради:





Булеварот продолжува низ населбата Борово, каде што се стационирани големи седишта на странски и домашни компании и бизнис центри:









Полека се приближуваме кон излезот на Софија и јужните предградија:



За крај клучката со Софија РИНГ и погледи од истата кон центар и кон планината Витоша:





Ова е дефинитивно еден од најубавите и репрезентативни булевари во бугарската престолнина.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-May-2009 at 22:38
Бул. Черни Врх:
Булеварот почнува од самиот центар на градот, кај НДК и продолжува се до јужниот влез на Софија. Таму моментално се гради клучката која ќе го поврзува овој булевар со Софија РИНГ. Инаку по неговата должува се наоѓаат голем број на важни државни објекти и големи хотели.



Почнуваме од центарот. Поглед од раскрсницата кај НДК, кон југ на булеварот. Големата зграда од лево, е Хотел Хемус:







Поглед од зградата на Хемус, кон новиот мол, Sofia City Center:



Потоа булеварот се искачува јужно по брдото низ една од најелитните населби за живеење, Лозенец. Поглед назад, кон центарот:





Кон крајот на овој булевар се наоѓа уште еден важен и голем хотел, а имено Кемпински-Зографски:





Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-May-2009 at 22:47
ДЕЛУМНО КРУЖНИ БУЛЕВАРИ ВО СОФИЈА:
Бул. Георги М. Димитров:
Овој булевар е делумен ринг на центарот на Софија, поминувајќи јужно од истиот. Започнува како бул. Георги М. Димитров, за да прејде во бул. Николај Вапцаров и подоцна во бул. Тодор Коблешков. Инаку ги сврзува булеварите Цариградско Шосе, Черни Врх и Булгарија.

Да започнеме од клучката на ГМ Димитров со Цариградско Шосе, кај 4ти Километар (пл. на Авијацијата). Потоа булеварот се движи кон југ, југо-запад. Поминува низ големи и важни населби. Бул. Георги М. Димитров:







Кај главната зграда на Прва Инвестиционна Банка (таа е газда на нашата УниКредит, забележете го истиот знак), булеварот се преименува во Николај Вапцаров:





За крај поглед по булеварот Тодор Коблешков, на кој се наоѓа и забавниот парк Sofia Land:



Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-May-2009 at 23:01
Бул. Академик Иван Гешов:
Овој значаен за градот булевар, прави врска помеѓу бројни важни булевари на СОфија, меѓу кои се Булгарија, Цар Борис 3, Александар Стамболијски, Тодор Александров, Књагиња Марија Лиуза и други. Булеварот на почетокот е именуван како булевар Академик Иван Гешов. Подоцна преминува во бул. Константин Величков и се дели на бул. Рожен и бул. СКОПЈЕ (бул. Скопие). Затоа што мислам дека повеќе ќе ве/не интересира како изгледа булеварот кој го носи името на нашиот главен град, решив да ви го претставам тој крак.



Да тргнеме по бул. Акад. Иван Гешов:







Потоа поминуваме во бул. Константин Величков, по чијашто средина, неодвоено од коловозите се движат трамвајни шини и линии. На крстосницата на овој булевар со Тодор Александров, се наоѓа метро станицата Константин Величков:











Поглед на бул. Константин Величков, од блок во населбата Света Тројца:



И пристигнуваме до делот, во кој овој булевар се нарекува Скопје. Тој беше целосно асфалтиран и допробиен минатата година и сега се наоѓа во одлична состојба. Ете и доказ:







Thumbs%20Up


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-May-2009 at 23:21
Бул. Евлоги Георгиев: (еден од централните булевари на Софија):



Започнува во северниот дел на центарот и се движи по течението на река (заборавив како се викаше)!Интересното е што повторно коловизите се поделени физички од самиот канал:



Достигнуваме до пл. Орлов Мост и почетокот на Цариградско Шосе:





Понатаму поминува покрај Националниот Стадион, и доаѓа до раскрсницата кај НДК. Еве неколку погледи кон крајот/почетокот на булеварот:






Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-May-2009 at 23:29
Бул. Књагиња Марија Лиуза  (Княгиня Мария-Луиза)
Еден од централните булевари на Софија:

Започнува од квартот наречен Банишора (каде што се наоѓа 3тото Трамвајно Депо Банишора). Преминува пред Централната Железничка Станица (Плоштад Предгарски) и Централната Автобуска Станица* (за нив ќе стане збор малку подоцна). Потоа преминува низ самиот строг центар на градот низ плоштадите Лавов Мост, Бански, Централни Хали, Ларгото и завршува на пл. Света Недела.

Булеварот околу Централната Жел. Ст.:



Булеварот е можеби најголемиот носител на трамвајните линии во градот. Таму поминуваат околу 10 трамвајни линии. Трамвајна станица Централна ЖП Гара:



Потоа доаѓаме до пл. Лавов Мост:





Преминуваме низ неколкуте плоштади во центарот, се до Централните Хали и Синагогата:





Завршува на пл. Света Недела/Ларгото. На следната слика булеварот е виден на левата страна, пред ЦУМ-от (Централен Универсален Магазин):


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-May-2009 at 23:37
ЦЕНТРАЛНА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА, ПЛОШТАД ПРЕДГАРСКИ И ЦЕНТРАЛНА АВТОБУСКА СТАНИЦА:

Како што веќе напоменав, сите овие објекти се наоѓаат на бул. Књагиња Марија Луиза.
ЦЕНТРАЛНА ЖЕЛ. СТ.:
Станицата на Софија, градена во 70тите години на 20 век, е најголемата на Балканот. Но, тоа се разбора не ја прави и најубава, особено ако се има в предвид нејзиниот типично социјалистички вид:



Со цел да се задскрие овој срам за градот, кон почетокот на 2001 година беше изграден комплексот подземни и надземни плоштади, трамвајни станици, метро станицата, бројни подземни галерии и пешаки премини, наречени со едно име пл. Предгарски:









Движејќи со по булеварот, кон центарот на градот се наоѓа и Главната Автобуска Станица на Софија. Зградата претставува големо, модерно и комфортно здание, и има околу 70 перони за автобуси:





Страната на зградата кон пероните:



Внатрешноста на станицата:





Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-May-2009 at 00:01
Централни кружни булевари на Софија:



Запчнуваме со бул. Васил Левски. Истиот започнува од пл. Сточна Гара кој всушност претставува еден голем кружен тек:



Продолжува јужно, по работ на строгиот центар на градот.Поглед кон пл. Васил Левски, по истоимениот булевар:



Пл. Васил Левски и неговата околина:







Потоа доаѓа Плоштадот на Универзитетот (пл. Универзитетски), исто по бул Васил Левски:





Булеварот продолжува кон пл. Патријарх Ефтимиј. Во овој дел на булеварот се наоѓаат Мавзолеумот на Кнез Александар Батемберг и Спостната Палата (агенција за млади):




 Дел од булеварот, затоврен за сообраќај. Може да се добие јасна претстава за неговата ширина:



Пристигнуваме на плоштад Патријарх Ефтимиј (познат како Попот). Во десно, булеварот продолжува кон тунелот под НДК, од каде што го менува името во бул. Генерал Скобелев:



Изглед од крајот на тунелот НДК:




Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 30-May-2009 at 00:11
Бул. Генерал Скобелев:

Овој булевар е продолжување на бул. Васил Левски, во насока кон запад, северо-запад. Проаѓа низ тунелот под НДК, за да стигне до Пл. МАКЕДОНИЈА, каде што се наоѓа министерството за земјоделство. Тунелот погледнат од НДК:





Пл. Македонија:





Потем, булеварот продолжува кон комплексот населби Зона Б-5. Тоа се најголемите блокови за живеење во Софија а воедно и најгусто населените. Булеварот низ Зона Б-5:





Поглед на Зона Б-5 и бул. Генерал Скобелев од Хотел Родина:



Потоа булеварот доаѓа до раскрсницата со бул. Александар Стамболијски, каде што се наоѓа Mall of Sofia:



Тука булеварот преминува во улица Опалченска, која не е многу значајна.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 30-May-2009 at 00:26
И конечно, на самиот крај дел од најцентралните софиски булевари:
Еве како изгледаат тие:



Бул. Александар Дондуков:



ул. Георги Раковски (позната како Раковска):






ул. Витошка:









Еве исти такви жолти бариери, поставени како на Партизанска во Скопје, кои се нормано во најдобар ред и се почитуваат (поставени се пред Витошка да стане пешачка зона, за да спречи колите да поминуваат по трамвајните шини):



Крајот на ул. Витошка, далеку од центарот. Завршува на влезот на Јужен Парк.



Инаку во однос на прашањето каков тип на улица е моментално Витошка: Потегот од Пл. Света Недела до пресечката со бул. Патријарх Ефтимиј е сосема пешачка зона, со исклучок на трамваите. Како што сите знаеме тука се наоѓаат многу престижни бутиси и ресторани. Тоа е најскапата улица на Софија. Но моментално се гради метрото. Линијата 2 ќе ги дублира трамвајните линии кои одат по ул. Витошка. По завршувањето на изградбата на меторот во овој дел од градот, се планира преместување на трамвајните линии по околните, помали улици, со цел Витошка да добие полн сјај. За тоа веќе има распишано конкурс и се водат јавни дебати, но самите градежни зафати би почнале кон 2012 година, кога се очекува отварање на новата метроинија 2.

Толку од мене на оваа тема, се надевам дека ви се допадна, затоа што вложив многу труд, време, енергија и волја. Banana
 Доколку има било какви прашања, слободно поставете. И на крајов, се надевам дека ви го зименив барем малку стереотипот во однос на Софија и Бугарија. Ме интересира мислење од Кловер за инфраструктурата после ова, затоа што токму тој ме поттикна кон правење на апдејтов, за што нормално му благодарам за идеата.Cheers
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.