build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Саат кули

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Саат кули
    Posted: 06-Jun-2009 at 17:40
1 Саат кулата во Скопје

2 Во Битола

3 На црквата Св. Димитрија во Скопје

Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Jun-2009 at 21:53
** Саат-кула Штип ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B77AF7F7AAEC744B9D9176B4AA2B0636.jpg

Македонија е една од ретките земји каде во времето на турците се изградени бројни Саат Кули во повеќе градови: Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Штип, Велес, Кичево, Кратово ...

Повеќе читајте на постот Саат-кула Штип ...

волан
Back to Top
Kiki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Nov-2009
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kiki Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Nov-2009 at 01:11
Еве и неколку постари слики од саат кулите во Битола, Скопје и Струга
и слики од саат кулите во Прилеп и Велес

1. Саат кула во Битола





2. Саат кула во Скопје





3. Саат кула во Струга



4. Саат кула во Прилеп



5. Саат кула во Велес


Помогнете на Македонската Википедија - слободна енциклопедија
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Nov-2009 at 01:40
Добредојде Кики  Smile


Оваа изгледа различно од таа во Струга, а мислам дека е во Охрид:

Originally posted by Kiki


Back to Top
Kiki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Nov-2009
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kiki Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Nov-2009 at 23:04
Фала Cloverstack
А кулава и мене ми изгледаше различна али на панорамио стои под името Саат кула - Струга

Помогнете на Македонската Википедија - слободна енциклопедија
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Nov-2009 at 23:45
Саат кула Кратово



http://midon.50webs.com/stranici/kratovo.html
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Nov-2009 at 02:32
Originally posted by Kiki


А кулава и мене ми изгледаше различна али на панорамио стои под името Саат кула - Струга

Има премногу грешки во панорамио, секој што поставува слика може да наведе било каква локација, а корекции слабо... Мислам дека и во случајов е грешка. На сликата има ридче со шума, а на google earth се гледа дека на наведената локација нема ништо налик на тоа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Nov-2009 at 02:35
Еве најдов потврда за охридската, плус нешто малку инфо:

http://www.ohridler.gov.mk/soo/webpages/mk/Saat_kula.htm
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Nov-2009 at 11:18
Originally posted by Kiki

Фала Cloverstack
А кулава и мене ми изгледаше различна али на панорамио стои под името Саат кула - Струга



Кулава е погрешно напишана и лоцирана 1000%. Ова е Охрид - над крајот на чаршијата се наоѓа и блиску е до патот накај Горна Порта.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Oct-2011 at 11:35

Саат-кулата ќе се загуби меѓу новите градби


Качувањето на Саат-кулата е толку живописно искуство што многумина во тие мигови би се почувствувале како туристи во својот град. На неа можеби нема градежни работници што би ја одржувале, но затоа во нејзината околина врие од нив и на големо прават новоградби. Со децении има урбанистички хаос на ридот спроти Бит-пазар, а повеќекатницата што се гради веднаш до историскиот објект само потврдува дека нештата не се смениле

 
 
%20  

Бетонскиот костур на повеќекатницата што се гради до Саат-кулата го покрива погледот кон неа

Само 105 стари, дрвени и крцкави скалила го делат човек од еден од најубавите панорамски погледи на Скопје. Саат-кулата на Бит-пазар е најстар објект од ваков тип на целиот Балкански Полуостров, прв што бил изграден во поранешната Османлиска Империја и е единственото место каде што секој може да се качи и да ужива во панорамата од 360 степени. Благодарение на напорите на општината Чаир и на донацијата од турската агенција „Тика“, во 2008 година кулата си ја врати вековната намена - да им го покажува времето на минувачите, откако 45 години беше без часовници. Но, без оглед на сé, таа остана еден од најзначајните и најпотценети симболи на Скопје, а новите градби што ја затскриваат, особено повеќекатницата што веќе и е дојдена до половината, само го потврдуваат тоа.

ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА ВЕЌЕ ВИДЕНОТО


Качувањето на Саат-кулата е толку живописно искуство што многумина во тие мигови би се почувствувале како туристи во својот град. Ридот спроти Бит-пазар, порано познат како Виргино брдо, е едно од местата што „од оваа страна на Вардар“ не ги бие добар глас. Затоа ретко се посетуваат. Поточно, никогаш. Но што ако некој сепак добие идеја малку да ја истражи историјата на својот град, што неминовно вклучува и посета на оваа кула? Прво ќе треба да ја најде, што не е баш едноставно во средновековниот лавиринт од тесни и слепи улички во нејзиното подножје. Средновековен барем според структурата, по изгледот сите куќи се или нови или во изградба.

Најдобро е да се фати еден сокак спроти Иса-беговата џамија и седиштето на Исламската верска заедница, па со малку среќа и со едно-две скршнувања, ќе се стигне до кулата. Се наоѓа во дворот на Султан-Муратовата џамија, историски споменик заштитен со закон (и со речиси ништо друго). Стариот домар на џамијата радосно го пречекува секој посетител - стар, млад, маж, жена, муслиман, христијанин, атеист, не е важно. Особено е среќен кога некој ќе му каже дека дошол да ја види Саат-кулата.
Очигледна е возбудата кај него додека го вади големиот клуч, поцрнет од годините, и со него ја отвора малата дрвена врата. Тука почнува да се јавува ориенталното чувство, како човек да отпатувал илјадници километри на Исток, а не само да преминал река широка одвај педесетина метри. Домарот прво го покажува бројот 105, врежан во една штица на приземјето, како да сака да му укаже на дојденецот што го очекува, да му нагласи дека само храбрите успеваат да стигнат до врвот.
- Многумина се откажуваат по неколку скалила - изусти тој.

И не е чудо. Стотина скалила се еднакви на три-четири ката, а згради со таа катност и без лифт во Скопје има многу. Но ништо не е како ова. Расклатените дрвени скали се направени во кружна форма покрај внатрешниот ѕид на кулата, а на гостинот му се чини дека секој нареден чекор го доближува до повреда наместо до пријатна глетка. Но не се случи ништо од тоа. Прво се влегува во просторијата со механизмите за часовникот, а потоа низ тесните прозорци се излегува на малото балконче, каде што се служи Скопје на тацна. Погледот на сé што досега стопати сме го виделе е воодушевувачки од овој агол. Бит-пазар, чаршијата, Чаир, Автокоманда, Вардар, Аеродром, железничката, центарот, Калето. Ова е редоследот на обиколката, додека се оди околу покривот и се слуша домаќинот како раскажува кој град во кој правец се наоѓа, на каде е Виена, а на каде Истанбул.

- Ние сме секогаш тука, им ги отвораме портите на гостите. Секојдневно доаѓаат сé повеќе гости од странство, најмногу од Турција, кои сакаат да ги видат џамијата и Саат-кулата, затоа што и кај нив има слични објекти. Но нивниот поглед, кога ќе видат во каква состојба се и џамијата и Саат-кулата, е покосувачки. Велат дека нивните се во многу подобра состојба и дека редовно се реновираат. А кај нас на ѕидините на џамијата речиси не се познаваат цртежите и текстовите што се напишани, а кулата е целата излупена и оштетена. Жално е што овие споменици не се одржуваат - раскажуваат домарите.

СКРИЕНА ДО ПОЛОВИНА


На кулата можеби нема градежни работници што би ја одржувале, но затоа во нејзината околина врие од нив и на големо прават новоградби. Со децении има урбанистички хаос на ридот спроти Бит-пазар, а повеќекатницата што се гради веднаш до историскиот објект само потврдува дека нештата не се смениле. Бетонскиот костур на таа зграда веќе е дојден до половината на Саат-кулата и полека го покрива погледот кон неа. Поради тоа, од страната на пазарот се гледа само врвот.

Нема никаква табла со натпис што ќе биде новиот објект, кој го гради, дали има дозвола, колку ќе биде висок и кога ќе се заврши. Градежниците и домарите велат дека во него треба да има верско училиште, како и простории во кои ќе се пречекуваат гостите на џамијата. Од општината Чаир, на чие подрачје се наоѓа ридот со кулата од 2005 година, соопштија дека одборот на џамијата испратил барање за изградба на зградата, но не била издадена дозвола за целиот објект, туку само за приземјето и за првиот кат. Спротивно на тоа, од одборот се категорични дека побарале и добиле одобрение за сé што се гради, а сé уште не одлучиле што ќе има внатре. Наскоро претставници на одборот и раководителот на секторот за урбанизам во општината треба да се сретнат за да ги надминат недоразбирањата. И двете страни се без одговор на прашањето дали е во ред што се нарушува погледот кон Саат-кулата.

ПРИКАЗНА СТАРА ЧЕТИРИ И ПОЛ ВЕКА


Иако наскоро можеби нема да доминира со пејзажот над Бит-пазар, до крајот на оваа деценија или во почетокот на наредната, Саат-кулата ќе одбележи 450 години од своето постоење. Историските податоци покажуваат дека пред повеќе од пет века на тој рид се наоѓал манастирот „Свети Ѓорги“, еден од најголемите и најбогатите во овој регион. Тој бил разурнат за време на освојувањата на османлиите, а стотина години подоцна била подигната кулата, на темелите на една од манастирските кули, некаде меѓу 1566 и 1573 година. Механизмот за часовниците бил донесен од унгарскиот град Сегедин. Била тешко оштетена во познатиот пожар од 1689 година, но потоа повторно била обновена. Потоа, во 1904 година била обновена, изѕидана со тули и го добила денешниот изглед. Имала оштетувања и по земјотресот од 1963 година. Тогаш мистериозно исчезнале и механизмите за часовниците, па таа беше обична кула до 2008 година, кога со турска донација од околу десет илјади евра се набавија нови часовници од Швајцарија.

Старата приказна на подеми и падови почна да се повторува од 2009 година, кога гром го оштети механизмот на еден од часовниците. Тој сé уште не работи, се чека да пристигнат деловите со кои ќе се поправи. Кога се поставија механизмите се најави и обнова на целиот објект, но сé уште нема ништо од тоа.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10101172361&id=14&prilog=0&setIzdanie=22402
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Oct-2011 at 00:39
за сите оние што викаат дека Скопје немало атракции Roll%20eyes
патем, од чаршиски муабети, имам слушнато дека оваа кула е една од првите поставени на територијата на целата отоманска империја Question
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Oct-2011 at 17:19
Така вели историјата ,и имала камбана што се слушала на 50 км околина т.е до куманово се слушало саатот,јас сум се качувал многу пати горе, и сеуште постојат камбани,но не знам дали се истите од тогашниот период, и баш е жално што саатите некој ги украл после земјотресот т.е кога имало земјотрес саатот застанал во 63-та година ,и го земале на поправка и веќе никогаш не го вратиле, сигурно некој знае кај е тој саат,го кријат можда ја монтирале во некоја друга кула пр. во Прилеп, Битола итн.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Dec-2015 at 21:49
Саат кулата во Скопје (веднаш до Мустафа Пашина џамија) пред дрвената конструкција да биде заменета со тули во 1904
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Dec-2015 at 03:44

цел век ми требаше да ја приметам
дури спремен бев да речам нешто дека си грешка
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-Dec-2015 at 12:08
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Jan-2016 at 12:38
Саат кула – Прилеп / 1858 год.



Ктитор: Саид-ага

Автори/градители: Коста Лауц и Ристе Тасламиче

Година: 1858

Локација: Центар на Прилеп – Стара Чаршија



Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија во 1858 година, на местото на постара дрвена Саат кула, која што изгорела во пожар, што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.



Ја изградиле познатите прилепски мајстори, Коста Лауц и Ристе Тасламиче. Кулата е градена на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 метри и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114,4 см.

Во 1985 година, од страна на проф. доктор Борис Чипан е изготвен Проект за конзервација на Саат кулата, кој беше реализиран во текот на 1986 година.

Во 2010 година институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје по барање на прилепскиот Музеј изготви идеен проект за санација и стабилизација на инклинацијата на Градскиот Саат, со што би се спречил прогресивниот процес на навалување.

Во 2013 година е извршена санација и стабилизација на Градскиот Саат во вредност од 5 милиони денари.



Саат кулата има натпис на влезот:

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето.
За животот и времето што минува,
саттот жали и вика: Ах!
Новиот саат изграден во 1275 хиџра
(11.08.1858-30.07.1859)
Пожарот се случи 1271 хиџра
24.09.1854-12.09.1855)
Благодарност на Алах“

Преведено од Ахмед Шериф

Под саат кулата се наоѓа Градска чешма. Според мермерната плоча која е вградена во неа, таа е изградена во 1826 година, најверојатно кога постоела и дрвената кула. Чешмата ја подигнал Саид Ага во 1826 година, а ја обновил Есад Ага во 1836 година а последната поправка на чешмата била извршена во 1896 година.

http://marh.mk/%D1%81%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-1858-%D0%B3%D0%BE%D0%B4/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.