build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пазари (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Feb-2009 at 11:52

Центарот ќе остане без Зелено пазарче

Заради поврзување на улиците „Даме Груев“ и „М. Х. Јасмин“, треба да се урне станбена зграда

Деспина Трајковска

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички низ „Градски ѕид“ со кои треба да се поврзат улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Ова се суштинските предвидени работи со Детаљниот урбанистички план „Голем ринг- јужен дел - исток“, кој го донесоа советниците од Центар и покрај револтот на жителите што живеат во реонот на предметниот план. Тие на завчерашната седница не успеаја да издејствуваат да се пролонгира неговото донесување, ниту, пак, таков идентичен предлог од советникот Иванчо Вучевски не беше поддржан од мнозинството на Советот. Засегнатите жители се обидоа да им укажат на советниците дека предвидениот ДУП ќе им се загрози нормалното живеење. Реагираа дека планираното поврзување на сообраќајниците ќе придонесе за огромен метеж и загадување на маалото, а пак за сметка на неговата реализација ќе треба да се исечат десетици педесетгодишни липи и неопходно ќе биде и да се урне една зграда. Од „Скопски пазар“, пак, најавија дека дури денеска официјално ќе реагираат во јавноста во врска со новиот ДУП, бидејќи тој предвидува дислокација на Зелено пазарче, субјект со кој стопанисува и се наоѓа на нивно приватно земјиште.

.........

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD5055E54DA674E81D051CA837404D5
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=30333#30333


Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:48
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Feb-2009 at 12:06

се е ок ова со револтот на граѓаните оправдано за едни неоправдано за други т.е. секој со својот памет, но едно не ми е јасно ова зеленото пазарче на СП досега беше на државно земјиште, односно не ја имаа откупено земјата? или станува збор за трампа на локации помеѓу општината и СП, ако тука се прави паркинг треба тоа гаражите од дуќани се да се порушат што повеќе мислам дека се и приватни односно јасно легализирани, исто како и гаражите кои се надвор од пазарот, така да малку ми делува целиов муабет нејасно, односно не сум најдобро информиран дали се ќе оди подмачкано со дупот, или допрва ќе гледаме разноразни накнади од страна на општината на сметка Скопски Пазар. ај ако некој има точни информации околу сопственоста на земјиштето на денешно зелено пазарче нека ги нафрли да видиме дали и легално правно работите стојат како што треба! 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Feb-2009 at 22:59

Зелен пазар е испазарен за градилиште

Граѓаните од соседството велат дека зад ургентното донесување на урбанистичкиот план со кој ќе се дислоцира Зелениот пазар се кријат други планови - да никне градилиште

Жителите од Градски ѕид ќе го обжалат на Уставен суд усвојувањето на новиот Детален урбанистички план за Голем ринг, со што се уништува и Зелениот пазар.

- Ако треба, и со жив ѕид ќе спречиме да ни направат градилиште под прозорците, велат станарите од соседството.Од општината неофицијално коментираат дека граѓаните најмногу негодуваат оти сите што имале подземни гаражи им ги издале на пазарџиите и дека револтот произлегува оттаму што тие ќе изгубат добри месечни приходи. Станарите на околните згради имаат спротивно мислење и велат дека зад итното донесување на планот, под „превезот“ приоритет на Владата, се кријат други намери.

- Се сомневаме дека воопшто ќе се гради парк на местото на Зелен пазар, што би било идеално. Познавајќи го кадарот во општината Центар, сигурни сме дека се' е лага и дека ќе се градат други објекти. Проектот набрзина се турка, а тоа ни остава сомнеж дека има таен план - вели Ѓоре Блажевски, кој живее во Градски ѕид.

Зелен пазар од пред неколку дена веќе не постои на хартија со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“. Од Општина Центар велат дека со донесувањето на планот се предвидува изградба на парк и паркинг. Според општинарите, тие немаат обврска да бараат ново место за преселба на пазарот.

- Не е надлежност, ниту обврска на општината да го дислоцираме или да бараме ново место за Зелен пазар. Според ДУП, јасно е предвидено што треба да има на тоа место. Можеби е добра волја што општината размислува пазарот неофицијално да го смести на местото кај Цветниот пазар. Но, секако општината нема обврска да го прави тоа. Досега ниту еден од граѓаните не доставило писмено барање или молба пазарот да го дислоцираме - вели Ратко Савовски, секретар во општина Центар.Скопски пазар, кој стопанисува со Зелениот пазар, по повод дислокацијата испрати соопштение во кое велат дека се надеваат оти општина Центар предвидува соодветна локација, со која ќе се надомести евентуалното селење на Зелениот пазар и целокупниот деловен простор во тој реон.

„Пазарот е на површина од 6 000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги, како и за голем број корисници на деловен простор. Логичен е заклучокот дека повеќе од неопходно е да се обезбеди континуитет во работењето за сите овие луѓе. Скопски пазар има повеќе 3.500 квадратни метри од актуелната локација, а за другата површина има корисничко право“, се вели во соопштението.Жителите на овој дел од градот уште лани реагираа поради планот да се дислоцира Зелениот пазар. Тие сметаат дека поврзувањето на сообраќајниците во овој дел на градот ќе предизвика метеж и загадување во нивното маало.

ИНФО-Со жив ѕид против планот

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички ќе никнат покрај Градскиот ѕид. Детаљниот урбанистички план „Голем ринг - јужен дел - исток“ го донесоа советниците од Центар. Жителите што живеат во реонот се подготвени со жив ѕид да спречат изградба на други објекти и се сомневаат во кадрите од општината Центар поради досегашните искуства.

Марија Тасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3A188BE802C936458CFC5AA8E849A88D
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Feb-2009 at 23:25
моментот со гаражите ја објаснува целава оваа ситуација Big%20smile
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Feb-2009 at 01:40

Буњаковец ќе стане пазар од затворен тип

„Буњаковец“ ќе стане пазар од затворен тип, опкружен со продавници, а во приземјето ќе има подземен паркинг, овие промени се предвидуваат со новиот ДУП. Според планот, на пазарот ќе се влегува од сервисните улички зад булеварот Партизански одреди. Тие сметаат дека така ќе се избегне сообраќајниот метеж на булеварот и на неколкуте сервисни улици околу пазарот.

Граѓаните од тој дел од градот велат дека решението им одговара, бидејќи сега не можат да паркираат пред своите згради се' додека работи пазарот поради сообраќајниот метеж

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70ED11E29036EA4A90C327CAA5B6F734
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 19-Feb-2009 at 12:28
БИЗНИС ВРЗ ВОЗИЛАТА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ГРАДСКИ SИД
Им ги покриваат колите со гаќи и градници
Граѓаните доцнат на работа бидејќи речиси секое утро чекаат дивите продавачи да си ја соберат стоката изложена на нивните возила

Дивите продавачи околу Зелено пазарче, автомобилите на жителите од околните згради ги користат како тезги. Колите паркирани на уличката која од кај Цветен пазар води кон пазарчето, секое утро се покриени со чаршафи врз кои се наредени гаќи, мидери, градници, корсети, комбинезони, маици, чорапи и капи. Граѓаните што живеат во овој дел од Градски sид велат дека секој ден мака мачат првин да си ги најдат колите, а потоа доцнат на работа бидејќи мораат да чекаат додека дивите продавачи си ја соберат стоката изложена на нивните возила.
"Наутро не можам да си ја познаам колата оти целата е прекриена со долна облека. Постојано се расправам со луѓето што тераат бизнис на мојот автомобил, ама залудно. Наредниот ден повторно се тука. Ми велат, на шега, дека кога ги користат автомобилите како тезги, многу поубаво им одел бизнисот, оти производите биле изложени многу поубаво отколку на картонски кутии", вели жителката на Градски sид, чиј автомобил секое утро е претворен во тезга.
Од Пазаришната инспекција велат дека не е нивна одговорност да ги санкционираат дивите продавачи туку оти тие се обврска на комуналната инспекција на Општина Центар и на полицијата.
"Наша обврска е да ги контролираме пазарџиите во рамките на пазарот. На оние што се надвор од пазарот ние можеме да им ја одземеме стоката, но само доколку комуналната инспекција е со нас и им напишете прекршочни пријави", вели Сашо Акимовски, директор на Пазаришната инспекција.
Од Општина Центар велат дека тие, заедно со полицијата во неколку наврати излегле на терен да ги казнуваат дивите продавачи околу Зелено пазарче и да им ја запленат стоката. Но залудно, наредниот ден дивите продавачи, како што велат од Центар, повторно излегувале околу пазарот.
"Деновиве повторно ќе имаме акција за санкционирање на дивите продавачи", најавија од Општина Центар.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163749&idg=9&idb=2603&rubrika=Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 19-Feb-2009 at 14:27
WTF?! јас мислев ннивни автомобили дека се тоа, значи стварно да се немало срам Ohno
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-Feb-2009 at 17:43
mmmmmmmmmmmm koj filing e da si najdes od sabajle prsluci i tangi na kola....LOL 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Feb-2009 at 18:56

Ќотек, нема друго... И онака сме дивјаци нација, кога полицијата не иди за диви продавачи можеби ќе дојди за тепачка... NOT!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 23-Feb-2009 at 22:14
СТАРИТЕ АМБИЦИИ ВО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕБАР МААЛО
„Буњаковец“ во обрач од високи згради

Роза Петкова

Пазарот „Буњаковец“ ќе стане затворен пазар со сопствен паркинг, кога на Партизанска, во делот пред пазарот, ќе се изградат објекти високи до 26 метри, а ќе се пробијат и неколку слепи улички. Со новиот детален урбанистички нацрт-план за Дебар маало 2, кој во моментот е на јавна анкета пред граѓаните, покрај овие, се предвидени и измени во парцелите, со кои на сопствениците им е овозможено самостојно да градат до височина од дваесетина метри. Планот предизвика огромен интерес кај жителите од населбата, кои во голем број доаѓаат во урбаната заедница „Дане Крапчев“ од каде што потврдуваат дека за првите неколку дена примиле педесетина забелешки. Една од нив се однесува на новата уличка, која ќе се пробие зад пазарот за да се овозможи пристап до него. Жителите што имаат имоти во овој дел беа гневни поради ваквото решение за кое во урбаната заедница им објаснија дека ќе се реализира со одземање на површина од нивните дворови. - Властите на Општина Центар се, навистина, арогантни, кога по којзнае кој пат ја цртаат оваа уличка врз нашите имоти - револтирано се бунеше семејство од населбата Дебар маало. Пазарот се предвидува да биде сместен во објект со висина до пет метри, кој ќе овозможи и подземно паркирање. Надлежните од секторот за урбанизам во Центар велат дека по вторпат се предвидува затворен пазар на локацијата, но дека неговата реализација зависи само од сопственикот „Скопски пазар“. Според општинарите, објектот морале да го вцртаат затоа што немало друг начин како да се означи дека на местото има пазар.

...........


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=32031#32031


Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:05
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-May-2009 at 15:55

Отворен новиот градски пазар

Сабота, 02 Мај 2009 18:47 PrespaSky

Саботата на 2 мај 2009 беше свечено отворен новиот градски пазар во Ресен кој на улицата Ленинова се градеше последнава година.

Во присуство на сопственикот на комплексот, Г-дин Пеце Џурковски и Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Михаил Волкановски беше пресечена лентата со што и официјално стартуваше новиот градски пазар.

Церемонијата ја следеа стотина присутни, а после осветувањето на објектот беше извршена и обиколка на новиот пазар.

Просторот кој го зафаќа овој комплекс се наоѓа во Урбана единица 2, јужно од центарот на градот, Урбана единица во која има во главно индивидуално и колективно становање и се наоѓа на магистралниот пат Ресен - Битола на улицата Ленинова. Големината на овој урбан блок е околу 4 035 м2.

Во непосредна близина се наоѓа и Автобуската станица на град Ресен која е уште еден придонес за економската местоположба на предвидената локација, согласно стандардите и нормативите за овој тип на објекти.


http://prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=308:2009-05-02-23-56-46&catid=35:2009-02-10-04-21-00&Itemid=57



Edited by гитардемон - 08-May-2009 at 15:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Jun-2009 at 03:51
Пазар во сендвич меѓу шеталиште и паркинг

Тодоровиќ сака да го измени новиот детален урбанистички план, кој ги негира постоечките тезги, со цел да се овозможи изградба на покриен пазар со подземен паркинг и шеталиште врз него


Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, сака да издејствува промена на деталниот урбанистички план за дел од локалитетот Голем ринг и тоа за просторот каде што сега се наоѓа Зеленото пазарче. Со идеен проект за покриен пазар со шеталиште врз него, Тодоровиќ ќе се обиде да го реши проблемот што постои околу уредувањето на овој простор во центарот. Постоечкиот детален план, донесен пред два месеци, предвидува таму да има парковско зеленило, согласно Генералниот план, а од АД „Скопски пазар“, кои го поседуваат земјиштето под пазарчето, велат дека без обештетување според пазарна цена нема да се повлечат од локацијата. И граѓаните од Урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ се сомневаат дека ако се дислоцира зеленото пазарче, наместо парк, може да добијат градилиште.

Градоначалникот Тодоровиќ смета дека со неговата идеја локацијата може да се уреди на начин што ќе им одговара на сите.

- Сакам, пред се', граѓаните да се задоволни и затоа предлагам проект со кој пазарот нема да ја менува локацијата, а станарите од околните згради ќе здивнат од метежот и вревата. Значи, предлагам да се направи подземен паркинг за муштериите и сопствениците на тезги, приземјето да се покрие и во него да работи пазарчето, а одозгора да се изгради шеталиште со клупи, осветление и зеленило.
Ќе има и подрумски магацин за стоката. Сета работа ќе се изведе етапно, со цел да не се затвори пазарчето, па изградбата би можела да трае подолго. Тогаш граѓаните ќе имаат чиста ситуација - вели Тодоровиќ.Бидејќи важечкиот детален план предвидува само парковско зеленило, тој ќе го стави на ревизија, односно ќе побара измени и дополнувања пред Советот.

- Се надевам на разбирање и поддршка од советниците. Граѓаните што живеат во околните згради не се должни секое утро околу 5 часот да се будат поради вревата на пазарот, а и сегашниот изглед на тезгите не е глетка како за центар на град - вели Тодоровиќ.

За својата идеја тој ќе бара и согласност од „Скопски пазар“ бидејќи земјиштето е нивно. „Скопски пазар“ поседува повеќе од 3.500 квадратни метри од локацијата, а за другата површина има корисничко право. Пазарот е на површина од 6.000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги и на деловен простор.

Во акционерското друштво велат дека соработката со Општина Центар, како и со сите други општини отсекогаш е на високо ниво.

- На тема Зелен пазар, досега немаме официјален предлог од Општина Центар, но отворени сме за соработка. Секоја идеја, која е за општо добро на градот и граѓаните и која не е на штета на нашата компанија, е добредојдена - велат од „Скопски пазар“.

Без разлика дали ќе се оствари идејата на Тодоровиќ, од пред два месеци, со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“, Зелениот пазар веќе не постои на хартија. Покрај паркот, урбанистичката документација предвидува да се организира сообраќајот на сервисните улици и да се догради анексот на блокот осум.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F07E387A164D5E4C9493850EBEF7559C


Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 08-Jun-2009 at 13:07


Според мене идеално решение сепак би било дислокација на пазарот, но со оглед на околностите, ми се чини дека концептот изложен во текстот е веројатно најдобар можен компромис, каде сите интереси (јавни и приватни), би биле разумно испочитувани.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 08-Jun-2009 at 18:12
ОПШТИНАТА ГИ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТИТЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
Три нови пазари ќе се градат во Аеродром

Жителите на општина Аеродром наскоро ќе добијат три нови пазари. Едниот од нив треба да се гради во населбата Горно Лисиче, каде што во моментот нема ниту еден пазар, а граѓаните што живеат таму се принудени да одат до тој во населбата Лисиче. Пазар ќе се изгради и на локацијата меѓу црквата „Св. Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“, а третиот ќе биде зад ТЦ „Бисер“. Граѓаните што живеат во непосредна близина на местата каде што е предвидено да има нови пазари, велат дека е крајно време општината да вложи во нивна изградба, затоа што, како што велат, ќе можат без да патуваат со автобус да појдат до пазар за да си купат основни намирници. - Најчесто одам да купувам дури до Зелен пазар или од неколкуте тезги што се поставени во близина на ТЦ „ Бисер“. Сепак, проблемот се јавува во тоа што за да стигнам до таму мора да користам автобус, па губам време со часови. Во близината каде што живеам има неколкуте тезги, но цените се превисоки оти има малку производи “ вели Лидија од Горно Лисиче. Таа се надева дека што поскоро ќе се реализира идејата за изградба на пазарите со што значително ќе им се олесни купувањето на луѓето што живеат во оваа скопска населба, а со тоа ќе им се обезбеди и пазарење по пониски цени заради поголемата конкуренција, како и поголем квалитет на производите. Од Општината Аеродром, која ќе инвестира во изградбата на трите пазари, велат дека се уште нема одредено конкретен датум кога ќе се почне со нивната изградба. - Проектот за пазарот што ќе се наоѓа на локацијата меѓу црквата „Св. Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“ е изработен, додека за двата пазари предвидени за локациите зад ТЦ „Бисер“ и во Горно Лисиче во моментов се прават проекти “ објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Проектот за првиот пазар го изработи фирмата ЗУАС, а, според него, локацијата на пазарот ќе зафаќа максимум површина од 1.300 квадратни метри. Трите пазари ќе бидат отворени и ќе служат за продажба на кондиторски производи, овошје и зеленчук.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115293


Edited by Cloverstack - 08-Jun-2009 at 18:12
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 09-Jun-2009 at 18:14
Еве две слики да го уловите блискоисточниот амбиент на битолскиот пазар

Pazar%20001


Pazar%20003



Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 22-Jun-2009 at 14:10

Нов автопзар го блокира Маџари

Секоја недела, од 6 до 16 часот, улицата Благоја Стефковски е бло­ки­ра­на од реки од луѓе што доаѓаат на пазарот, а колите ги оставаат на ули­ца­та

Тро­то­а­рот на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, Општина Га­зи Баба, е претворен во паркинг. Од испаркирани автомобили, кој каде стиг­нал и како сакал, нема една педа слободно место да се застане и по­ми­не покрај улицата.Тамошните жители се принудени место по тротоар, да одат на коловозот на улицата меѓу автомобилите, па сообраќајот во на­сел­ба­та буквално е блокиран.
Ха­о­сот во сообраќајот, како што велат жителите, е од пред еден месец, ко­га покрај улицата бил отворен нов автопазар. Велат дека секоја недела, од 6 до 16 часот, улицата Благоја Стефковски е преполна од луѓе што до­а­ѓа­ат на пазарот да продаваат автомобили.
"Ме­те­жот на улицата го прават граѓаните што тука доаѓаат на пазар. Пред да влезат да си купат нешто, ги паркираат автомобилите на тротоар и со са­а­ти не излегуваат од пазарот. Нам не ни пречи толку автопазарот колку што ни пречат испаркираните возила пред влезот. Доколку некој сака да ра­бо­ти ваква дејност на улица, мора да најде решение за паркирање на ав­то­мо­би­ли­те, во спротивни, секој ден ќе викаме полиција да ги казнува", ре­а­ги­ра­ат тамошните жители.
Од фирмата "Севеада", која е сопственик на новиот автопазар, велат дека па­за­рот работи на европски начин, спред сите правила и прописи.
"Не е вистина дека пазарот го блокира сообраќајот. Напротив, откако го зат­во­ри­ја пазарот на 'Фершпед', ние најдовме начин дивите препродавачи на автоделови и на половни возила да ги сместиме на едно место. Секој што са­ка да си купи или да продаде автомобил, си плаќа 200 денари влезница, си до­би­ва фискална сметка и раат си работи цел ден. Површината на па­за­рот е 10.000 квадратни метри, собира околу 500 возила и воопшто нема пот­ре­ба некој да се паркира пред влезот. Имаме дозвола за работа, а нас­ко­ро ќе го поплочиме пазарот и ќе отвориме ресторан", велат од "Се­ве­а­да".
Од Министерството за економија вчера не добивме одговор дали фирмата "Севеада" има дозвола за стопанисување со автопзарот

http://www.vest.com.mk?ItemID=F1F1E62A3696524E9208F2BF9B28DADD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 23-Jun-2009 at 11:43

Три нови пазарчиња во Аеродром

Мини-пазарите ќе бидат поставени на три локации, и тоа едно на прос­то­рот меѓу црквата "Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сан­дан­ски", еден пазар ќе биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер" и еден во на­сел­ба­та Лисиче

Оп­шти­на Аеродром во септември ќе отвори три нови пазарчиња. Сто тезгиња за продажба на овошје и зеленчук ќе се постават на просторот меѓу црк­ва­та "Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сандански", вториот па­зар ќе биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер", а третиот во на­сел­ба­та Лисиче. Отворањето на зелените мини-пазари Општина Аеродром го нај­а­ву­ва­ше уште пред три години, но реализацијата на проектот постојано се одлагаше, поради доцнење на тендерот за избор на фирма која тре­ба­ше да ги изработи тезгињата.
"Ко­неч­но, во септември ќе бидат готови проектите за мини-пазарите. Но­ви­те пазарчиња ќе го решат проблемот на дивите препродавачи на овош­је и зеленчук. Веднаш штом ќе се создадат потребните услови, па­зар­чи­ња­та ќе почнат со работа", рече градоначалникот на Општина Ае­род­ром Ивица Коневски.
Спо­ред она што го најавуваа општинарите во изминатиот период, тезгите ќе бидат во црвена и жолта боја со многу рафтови, а ќе бидат и покриени за да можат да се користат и зиме.
Од Аеродром велат дека цената по која ќе им ги издаваат тезгињата на па­зар­џиите ќе се утврдува допрва со одлука на Совет.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FFBA0FDC32D7B04288221FFC879A29D4
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Aug-2009 at 02:01

До крајот на годинава ќе се отворат три нови пазари во Аеродром

На пазарите ќе биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук

До крајот на годинава се очекува да профункционираат три нови пазари на подрачјето на Општина Аеродром со кои ќе стопанисува локалната самоуправа. Идејата за отворање на пазарите, промовирана уште од претходниот градоначалник, речиси е стасана на половина од реализацијата. Едниот од трите урбанистички планови со кои ќе се предвидат пазарите веќе е усвоен од општинскиот Совет, а наскоро се очекува да бидат изгласани уште два плана. Најдоцна до октомври, Општината ќе распише тендер за изведувач на трите пазари. Едниот од нив е планиран да се изгради на просторот меѓу црквата „Свети Пророк Илија“ и амбулантата „Јане Сандански“, вториот зад ТЦ „Бисер“ и еден пазар ќе се гради во населбата Горно Лисиче.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, информира дека се' уште се работи на изготвување на програмата за привремени објекти, со што делумно ќе се регулира и функционирањето на пазарите и нивниот изглед.

„Овој проект е дел од стратегијата за дислоцирање на дивите пазарџии. Со оглед на тоа дека пазарите планираме да ги дадеме на користење за симболични цени, сметаме дека оние што сега на диво продаваат овошје и зеленчук ќе бидат заинтересирани за користење на тезгите. Не само што ќе ги избегнат акциите за санкционирање на дивите пазарџии, туку ќе ги исполнат и ХАСАП-условите кои наскоро ќе треба да почнат да се применуваат, бидејќи нашите пазари ќе бидат изградени според најсовремени стандарди“, вели Коневски и се надева дека сите диви пазарџии кои продаваат на подрачјето на Аеродром ќе ги искористат условите што ќе ги понуди Општината за работа на новите пазари.

Најверојатно, тезгите за пазарџиите кои се жители на Аеродром ќе се издаваат по пониски цени, а тоа ќе важи и за социјалните случаи. На пазарите ќе биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3758C5F72638C64EAE607C6920932135
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-Sep-2009 at 11:30

Тешко е да се направи организиран пазар за книги

Градоначалникот Трајановски вели дека ќе го реши проблемот со уличните продавачи на стари книги, но проблем е да се најде локација во центарот за да се изгради пазар

%20
Скопје треба да има организиран пазар на книги, со што ќе добие посебен имиџ и ново култно место, а ќе се зголеми и интересот за книгата, каков што е случајот со европските градови, порача советникот Владо Поповски на последната седница на градскиот совет, наменета за прашања до градоначалникот и до неговата администрација.

- Дали градската управа има во план да го реши прашањето со уличните продавачи на старите книги - праша Поповски.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека досега не направиле ништо конкретно за овој проблем, но формиран е тим со библиотеката „Браќа Миладиновци“ и веќе се разгледуваат неколку опции.

- Во програмата е предвидено да се изгради пазар на книгата, но секогаш се бара тој да биде сместен во центарот или во околината, што е тешко изводливо бидејќи локациите се ограничени. Во секој случај, тој проект ќе биде реализиран - објасни Трајановски.

Веќе неколку години продавачите на стари книги се стационирани пред платото на Македонската опера и балет, место што по реновирањето на плоштадот „Македонија“ само го избрале поради раздвиженоста и близината на неколку факултети. Идејата тие да се преместат во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“ е стара околу три години, но никој не се заложува да го реши нивниот проблем. Од градската управа пред неколку месеци изјавија дека сé додека не се регулира дејноста за продавање на стари книги, нема да може да се направи сериозен концепт за наменско организирање на оваа дејност.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9291012225&id=14&prilog=0&setIzdanie=21778
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Sep-2009 at 14:26
 
Радовиш ќе добие европски покриен пазар
 
 
13.09.2009 19:26

Радовиш ќе гради покриен пазар според европските стандарди, најавува радовишкиот градоначалник Роберт Велков. Ќе го градат странски инвеститори во партнерство со општината, а станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра.

„Проектот на кој денеска сакам да ставам акцент, а за кој сметам дека особено ќе придонесе за развојот на општината е изградбата на покриениот пазар во градот Радовиш, кој ќе ги исполнува сите стандарди и европски норми за безбедност на храна, како при ракувањето, така и при продавањето на ваквиот тип производи“, соопшти Велков,

„Во завршна фаза сме со преговорите со странски инвеститори кои преку јавно-приватно партнерство во Радовиш ќе вложат 2,5 милиони евра“, додаде Велков

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.