Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 05-Nov-2009 at 07:16 |
Радовиш ќе гради покриен пазар Има
реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да добие
покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на градот,
на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот проект
неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.
- Дозвола за градба имаме, а веќе има и
интерес за инвестирање од домашни и од странски фирми. Локацијата е
многу атрактивна, па инвестицијата може да се врати за не повеќе од три
години. Се' уште не сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на
јавно-приватно партнерство или некој друг. Ќе водиме сметка за
интересите на општината и целата постапка ќе биде транспарентна и
според законите. Очекувам изградбата да почне во текот на 2010 година -
вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.
Пазарот ќе
биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со посебен
простор за продавање земјоделски производи и со подземен паркинг за 80
возила.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=20BE60EDC302E940BA3C0DAD9D3506EB |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#42 Posted: 16-Dec-2009 at 03:54 |
Пред половина година ја регистриравме веста за отварањето на новиот, затворен градски пазар во Ресен, но немавме некаков визуелен материјал за да можеме да уживаме во оваа „убавина“ Се надевам барем дека добро се разработил. Локација: 41° 5'6.57"N 21° 0'49.30"E 1 2
Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 04:16
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#43 Posted: 16-Dec-2009 at 14:23 |
Нуклеарна катастрофа. Не значи дека ако е малечок објект, во малечок град дека треба да се направи вака фушерски и транзициски. Окружението пак (тротоарите, калта, чакалот, улицата...) се дупла нуклеарна катастрофа.
Edited by pbanks - 16-Dec-2009 at 14:24
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#44 Posted: 16-Dec-2009 at 15:12 |
Абе ОК сепак не можеме да очекуваме светска уметност за некое пазарче маргинално во некое маало од некој мал град од државата. Сепак повеќе за поздрав е потегот што воопшто се иде на вакви затворени пазари што се реткост кај нас. Сепак ова е објект од функција, мање више и не е битно во колкава мера содржи "транзиционост". Да се работеше да речеме за општинска зграда или слично, ќе имав замерки доста за зградава. А за вака објект кој треба да си обаво основна функција, задоволен сум што не е грб. Тоа што не е убав не е воопшто битно.
Окружувањето се слагам, таман да е најзабален дел од земјава заслужува тротоар нормален.
Edited by lslcrew - 16-Dec-2009 at 15:35
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#45 Posted: 31-Jan-2010 at 11:58 |
Еве еден нов проект во Радовиш Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да
добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на
градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот
проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.
- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од
домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па
инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Сеуште не
сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство
или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата
постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата
да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш,
Роберт Велков.
Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со
посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен
паркинг за 80 возила. http://radovis.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=79 Имам ногу роднина во Радовиш, па ако почне да се гради ке го пратеме проектот.
Edited by Makedonij - 31-Jan-2010 at 13:39
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 31-Jan-2010 at 16:26 |
Може би непотребно се остава атриумот така. Ќе има ефект во однос на вентилација од мирис од пазар и од цела таа храна што ќе се продава тука и по пазари и по продавници и месраи и рибарници, ама па од друга страна пак дожд ќе врне. Она што јас би го направил е би го покрив пазаров со некој проѕирен покрив, да речеме плексиглас, со тоа што монтажниот дел нема директно да преоѓа во фиксниот, туку малку ќе биде издигнат за вентилација.
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#47 Posted: 28-Feb-2010 at 17:00 |
Во Кавадарци ќе се гради градски зелен пазар - Советот
донесе одлука за поволен кредит |
|
|
|
Понеделник, 22 Февруари 2010 18:46 |
Кавадаречкиот совет на денешната 16 та седница
што се одржа попладнево со 10 гласа “За“ и 7 “воздржани“ даде зелено
светло за долгорочно задолжување на општина Кавадарци со 115 милиони
денари, со цел обезбедување на средства за изградба на градски зелен
пазар. Условите за задолжување се поволни и се дел од посебен
инвестициски заем помеѓу Владата на РМ и Светска Банка. На усвојувањето
на одлуката претходеа бројни дискусии.Градоначалникот Александар Панов
ја образложи одлуката и притоа потенцира дека се работи за ретка голема
инвестиција. “За ваков поволен кредит плаче секој стопанственик“ беше
дециден Панов.
Одлуката за задолжување советниците во своите настапи ја
окарактеризираа како историска. Советникот Бетиане Китев смета дека за
одлуката треба да се продискутира и трезвено да се размисли дали е
момент за реализација. Китев посочи дека не треба неговиот настап да се
свати како опструкција, туку забелешки за законита одлука. Забележа
дека на одлуката и недостасува транспарентност иако нејзината
нацрт-верзија беше помината на совет, а недостасува и јавна расправа по
истата.
“Пред странските фондации и институции треба да изразиме
едногласносст дека во име на граѓаните сакаме да го изградиме тој
објект“ рече меѓу другото во својата дискусија советникот Панчо Минов и
побара усвојување на заклучок дека одлуката за задолжување нема
дополнително да ги оптерети граѓаните и правните субјекти со зголемени
давачки. Градоначалникот Панов беше дециден дека граѓаните нема да
имаат зголемени давачки освен оние кај кои ќе се утврди поголем основ за
данок на имот со акцијата за ажурирање на базата на податоци на
даночните обврзници. Советникот Борис Давидов со став дека како совет
треба да покажат храброст и да дозволат градот да се гради.
“Нема што да се мислиме. Оваа шанса за поволен заем не смееме да ја
пропуштиме“ со став и советникот Ристо Сакалиев.
Претседателот на советот Илија Тренчев рече дека е воодушевен од
идеата и е за подршка на како што рече ова историска одлука. Советуваше,
да не им бидат на советниците во преден план суетите или политиката.
“Кој од вас во изборната програма не застапуваше изградба на нов
градски пазар“? Запраша советникот Развигор Кабранов и образложи дека од
предизборната кампања на која сите ветуваа изградба на градски пазар
поголема јавна расправа и нема. “Јас со двете раце ќе гласам за оваа
одлука“ беше дециден Кабранов.
По советничките дискусии орбразложение на условите за заем и што
тоа ќе значи за буџетот на општина Кавадарци даде раководителот на
секторот финансии Цанка Јованова.
“Износот на долгорочниот кредит кој се бара е во согласност со
членот 20 од Законот за финансирање а единиците на локалната самоуправа и
истиот изнесува не помалку од 30 % од остварените тековно оперативни
приходи во основниот буџет на општина Кавадарци за претходната фискална
година. Тековно оперативните приходи во Основниот буџет на општината
за 2009 се во износ од 106.501.175 денари. Согласно ова одредба 30%
изнесува 31.950.353 денари како максимален годишен ануитет согласно
Законот. Користејќи ја законската одредба и можностите кои ги нуди
Законот со предложената одлука се предлага задолжувањето да биде во
износ од 115 милиони денари со законски лимит на годишен ануитет во
износ од 17.700.000 денари. АНГЕЛ ДАНОВ
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#48 Posted: 16-Mar-2010 at 19:01 |
„Новиот“ пазар во Битола.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#49 Posted: 16-Mar-2010 at 19:14 |
Ми се допаѓа, изгледа културно. Тазе е реновирано ова? И ај ако може координати
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#50 Posted: 16-Mar-2010 at 20:05 |
Супер реновирано
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#51 Posted: 16-Mar-2010 at 20:49 |
Не не, стариот пазар си е уште на место, и си се наоѓа тука.
Ова е новиот пазар, кој иако требаше да биде зелен пазар, на крајот испадна место каде што ги сместија сите нелегални тезгаџии (средината, каде што ги гледате тезгите), а пак „бутиците“ одоколу на катот се ш-класа, а има и по некоја сендвичара и нормално обложувалница. Светла страна е што неколку банки имаат филијала таму, има 3-4 кафулиња, и по некое претставништво на т-моубл, vip и one, па просторот живна. Инаку се наоѓа веднаш до новата црква што ја следиме и на форумов, и спроти веро 4. Еве каде. (сè уште не постои на сликите, прастари се).
Еве ќе се потрудам да најдам по некое сличе од пазарот, но премногу е скудно со овие содржини на интернет.
Edited by гитардемон - 16-Mar-2010 at 20:56
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#52 Posted: 16-Mar-2010 at 21:00 |
Сопствениците на дуќаните во новиот градски пазар со барање до градоначалникот Талески
16 МАРТ 2010
Сопственицте на дуќаните во новиот градски пазар, загрижени за пропаѓањето на пазарот и неговото секојдневно руинирање, деновиве, одржаа состанок, на кој формираа иницијативен одбор, кој во иднина ќе ги брани нивните ставови и барања, а прво барање е да му се одземе концесијата на “Полимер“.
Сопствениците на дуќаните се крајно незадоволни од начинот на кој со новиот градски пазар стопанисува фирмата “Полимер“ и затоа бараат, доколку оваа фирма не ги отстрани недостатоците и барањата од заклучоците на сопствениците на дуќаните, Општината Битола да и ја одземе концесијата и да им го врати владеењето со дуќаните во нивна сопственост.
Градоначалникот Владимир Талески треба да и ја одземе концесијата на “Полимер“ бидејќи оваа фирма воопшто не ги исполнува условите од концесискиот договор и владеењето со дуќаните да ни се довери нам, бараат сопственците на дуќаните во новиот градски пазар. Тие воедно бараат сите оние кои нелегално и бесправно ги проширија дуќаните да ги вратат како што е предвидено со проектот. Тие бараат да се отстрани дисконт-маркетот кој беше наменет за сирењара и во него да бидат сместени продавачите на сирење кои моментно сирењето го продаваат на паркингот пред пазарот.
Воедно се бара од фирмата “Полимер“ да ги врати просториите за ПП апарати, кои се узурпирани и се издаваат под наем.
Доколку сите овие барања не бидат исполнети сопствениците на дуќаните во новиот пазар ќе бараат градоначалникот на Општината Битола да го раскине концесискиот договор со фирмата “Полимер“ и истиот да им го довери ним, кои се подготвени да плаќаат и двојно поголема цена за концесијата од онаа што моментно ја плаќа “Полимер“.
Текст и фото: Сашо Ристевски
|
http://informator.ws/novosti-od-bitola/11978-2010-03-16-00-28-35.html
Еве да се види дека не го велам само јас тоа, туку буквално се распаѓа пазарот, и павер елементите се партал и на скалите, и одоколу на жардињерите.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#53 Posted: 19-Mar-2010 at 20:34 |
Концесионерот да го напушти пазарот – расправа во Советот
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:07
Опозицијата го запраша градоначалникот дали е запознат со барањата на сопствениците на дуќаните во новиот пазар за одземање на концесијата на фирмата „Полимер".
-Сопствениците тврдат дека „Полимер" не се придржува до концесионерскиот договор при што затворениот дел од пазарот кој изворно е предвиден за продавање сирење бесправно им го дал под наем да се отвори дисконт маркет. Додека пак просториите за ППЗ апарати ги испразнил и ги дал под наем, праша на последната седница на советот советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски.
Градоначалникот бил информиран за нивните барања.
-Има писмо кај мене во кое имаат забелешки, досега трипати ревизија имам направено, но досега не во ваков обем. Ако се потврди ќе имаме сериозен проблем, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Ќурчиевски праша и за инвестициите кои се планираа.
-Што стана со вашето ветување дека ќе се склучи анекс на договорот во кој ќе ги дефинираме инвестициите, ветување кое вие ми го дадовте пред една година, рече Ќурчиевски.
-Сите обврски кои доаѓаат со договорот ги пуштаме да ги ревидираат, како надзор е комисијата. Имаме забелешки за просторот, за осветлувањето и одржувањето на хигиената. Комисијата ќе разгледа и доколку достави докази, сериозно ќе разговараме, рече градоначалникот.
Сопственикот на „Полимер", Љупчо Стојчевски вели дека во средата бил на средба со градоначалникот, му објаснил како стојат работите и вели дека се е регулирано според обврските. Наскоро и подетално од „Полимер" ќе ја информираат јавноста. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19321&Itemid=106
Edited by гитардемон - 19-Mar-2010 at 20:34
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#54 Posted: 30-Mar-2010 at 00:54 |
Се уредува
прилепскиот зелен пазар
Прилепскиот
пазар ќе се уредува, ќе се поплочува со бекатон-плочки, а ќе се копа и
бунар за техничка вода, со која ќе се чисти пазарот. За дупчење
на бунарот, ЈП „Пазари“ инвестира околу 5.000 евра. Директорот на
„Пазари“, Пецо Димоски, вели дека со инвестицијата површината на
градскиот пазар ќе се мие секој втор ден, а не само двапати неделно како
досега, кога се користеше вода за пиење. Со вложените средства
хигиената ќе се покрене на повисоко ниво, се штеди, а пазарџиите
добиваат чистота и подобри услови за работа - вели Димоски.
Тој
вели дека пазарот ќе се уреди со бекатон-плочки на површината од околу
5.000 квадратни метри, инсталација на десетина чешми со пивка вода,
канализација, осветление и канти за отпадоци. - Ќе се репарираат и
тезгите што се селат од пазарот за дреболии на централниот пазар. Околу
180 трговци на конфекција и други стоки ќе бидат поблиску до
потрошувачите. Просторот се чисти за почеток на градба на нова катна
гаража - вели Димоски.
Наскоро се предвидени и покривање на
пазарот и инсталирање на тезги по ХАЦЦП-стандардите.
http://dnevnik.com.mk/?itemID=356C2DD3CC76664195A65182B70BD17A&arc=1 |
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#55 Posted: 25-Apr-2010 at 20:14 |
Вести -
Битола
Истекоа роковите за спроведување на стандардите, па можно е
затворање на сирењарата и забрана за продажба на јајца на отворено.
Затворање на халата за продажба на сирење и можна забрана за продажба
на јајца на отворено му се заканува на битолското градско пазариште. До
мај годинава истекува рокот што Министерството за земјоделство му го
остави на јавното претпријатие „Пазари“ од Битола, да ја почне
постапката за воведување на ХАЦЦП стандардите. Но, досега пропишаните
правила за безбедна храна не почнеле да се имплементираат. Фирмата се
соочува со финансиски проблеми - загуба од 700 илјади денари, па од
таму признаваат дека немаат пари за комплетно да го спроведат системот.
Ваквите состојби предизвикаа паника кај стотина продавачи на сирење и
јајца во битолскиот пазар дека ќе останат без продажбен простор.
- Зошто кај нас да се затвори? Ние плаќаме паушал, па нека воведат
услови. Во Битола барем сме во хала, а во другите градови луѓето
продаваат сирење од автомобил. Каков ХАЦЦП, од канти на земја
продаваат. Вака го вадам лебот откако ме отпуштија од фабрика како
технолошки вишок. Со вакви закони ќе остане само индустриското
производство, а традиционалното што се негувало сто и повеќе години ќе
замре - вели Драги Стојчевски, произведувач на домашно сирење. Новите стандарди од нив бараат да регистрираат фирма, да постават декларации на производите и да ги продаваат пакувани. -
И да се регистрираме дали ќе може да се издржи. За тезгата плаќаме
4.200 денари месечно, а толку не вадиме. Најверојатно ќе си одиме сите
и ќе станеме социјалци. Порано беше друго, се трошеше, народот имаше
повеќе пари, сега е се' катастрофа. Земаа цели канти, а сега по
половина килограм. Цената на сирењето е иста со години, а
потрошувачката е намалена за педесет отсто - се пожали Зоран
Јовановски. Уредувањето на халата за сирење според ХАЦЦП системот
предвидува замена на корозираните тезги со нови, инсталирање топла
вода, вентилација, клима. Да се изгради халата за јајца, градски тоалет
во пазарот и ред други работи. Дел од купувачите велат дека со ХАЦЦП
стандардите барем ќе знаеме што јадеме. - Да поминете низ пазар,
што се' не се продава по земја, зеленчук, јајца, живина исполегната до
храната. Дел не плаќаат паушал, па влегуваат на диво и производите ги
изложуваат на земја. Сите велат дека е здраво, природно, домашно, а дел
од она што ќе го купите не го задоволува квалитетот. Нека се изложи
каде е произведено, увозно е или наше - реагираат купувачите. Случајно
или не, пред еден месец оставка од директорката функција во ЈП „Пазари“
даде Лазар Ивановски, а за в.д беше поставена Весела Петровска. Таа
признава дека доцнат со ХАЦЦП и не ја исклучува можноста да им ги
затворат местата каде што се продаваат сирењето и јајцата. - Само
за промена на тезгите во халата за сирење ќе ни бидат потребни 400
илјади денари, а комплетно за целиот процес околу еден милион денари.
Од каде да ги најдеме одеднаш овие пари? Ние ќе се обидеме со сите сили
деновиве да почнеме со делумно воведување на стандардите, но не и за
целосно - вели Петровска.
http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1035:2010-04-25-06-25-40&catid=1:novosti&Itemid=41
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#56 Posted: 06-May-2010 at 22:45 |
Ќе се осовременува битолскиот пазар ЈП „Пазари“ најави неколку инвестиции за осовременување на централниот градски пазар и на сточниот пазар во Битола. - Во оваа календарска година ќе се изврши поплочување на градскиот пазар, промена на покривот и пребојадисување на управната зграда, адаптирање на халата за сирење според ХАЦЦП-стандардите, ќе создадеме подобри услови за продажба на јајца, маслинки и на зрнеста храна и ќе изградиме нов санитарен јазол - информираат од ЈП „Пазари“. Според програмата за работа во 2010 година, „Пазари“ планира приходите од продажба на услугите на домашен пазар да изнесуваат 65 отсто, а приходите од наемнини да достигнат 32,49 процента, со што ќе се обезбеди стабилна финансиска состојба во претпријатието.
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#57 Posted: 19-Jul-2010 at 19:05 |
Реконструкција на Градскиот Пазар Ресен
ЈКП Пролетер во соработка со Локалната Самоуправа врши реконструкција
на Градскиот Пазар.Старата лимена кровна конструкција се прошитува и се заменува со
плексиглас со дебелина од 8 мм.Вкупната покриена површина на Градскиот Пазар е околу 600 метра. http://www.resen.gov.mk
Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 19:06
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#58 Posted: 30-Jul-2010 at 16:40 |
Прилеп ќе гради пазар на големо Околу
еден милион денари ќе вложи ЈП „Пазари“ од Прилеп за адаптација на
неискористениот дел од сточниот пазар за простор за големопродажба на
земјоделски и на други производи. Тоа е содржината на дел од
кредитното задолжување од 3 милиони денари, за кое виза даде Советот на
Општината, како основач на „Пазари“. Останатиот дел од кредитот ќе се
инвестира во адаптација на руинираната управна зграда и ќе се доврши
покривањето на градскиот пазар. Просторот за големопродажба се
резервира за продавачите на зелени производи на ангро, за превозниците
со огревни дрва, песок, вар, за стари автоделови, за автопазар и други
продавачи. Со овој потег ќе се растовари централното градско подрачје од
продавачи со приколки. - Еден милион денари се насочуваат за
покривање на незавршениот дел од пазарот во центарот на површина од
2.200 квадратни метри. Со вториот дел од кредитот ќе се реновира
управната зграда, а со еден милион денари ќе се уредуваат околу 4.000
квадратни метри од Сточното пазариште во пазар на големо. Таму ќе се
инсталира водоводна и канализациска мрежа и ќе се тампонира до
асфалтирање - вели Пецо Димоски, директор на ЈП „Пазари“. Градскиот
совет дозволи „Пазари“ да утврди месечен паушал од 3.300 денари за
превозниците на дрва и на песок, а не по 600 до 700 денари за едно
влегување и излегување. Советот му го пренесе на ЈП „Пазари“ да го
стопанисува и просторот зад меморијалниот музеј „11 Октомври“ за
адаптирање на платото за понуда на ракотворби и на сувенири. (Љ.М.)http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D4C7552FF2F4564BA679F29B32FABEED
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#59 Posted: 04-Aug-2010 at 17:49 |
НОВИОТ ПЛАН НА МЕСТОТО НА ТЕЗГИЊАТА ПРЕДВИДУВА ЗЕЛЕНИЛО
Тезгаџиите не сакаат да се селат од Зелен пазар
Пазарџиите
одбиваат да се преместат на друга локација, селење не
прифаќаат ниту, пак, од "Скопски пазар", од каде што велат дека
преместувањето на пазарот ја става на коцка судбината на
над 600 корисници на тезги и 60 кираџии на дуќани
Пазарџиите
од Зелен пазар не сакаат да се селат. Корисниците на тезгиња
и на дуќани на вториот по големина пазар во Скопје одбиваат
да се преместат на друга локација. Проблемот настана по
промената на Деталниот урбанистички план "Голем ринг - јужен
дел - исток", според кој на сегашното место на Зелено пазарче
е предвидено зеленило. Додека пазарот би се преселил на
сосема друга локација. Каде точно би се дислоцирал пазарот,
сe уште не е дефинирано, но од Општина Центар тврдат дела
новиот ДУП мора да се реализира. Но и покрај ваквите
факти, ниту пазарџиите ниту, пак, од "Скопски пазар" имаат
намера да се селат. Според нив, преместувањето на пазарот ја
става на коцка судбината на над 600 корисници на тезгиња и 60
кираџии на дуќани. "Ние воопшто не планираме да се
откажеме од оваа дејност на оваа локација, од причина што
повеќе од 50% од земјиштето е во сопственост на 'Скопски п'азар,
а цврстата градба е комплетно наша. Ако поради лошите ДУП-ови
700 семејства треба да останат без нивната егзистенција,
тогаш ние сметаме дека сe уште има луѓе во државата што имаат
волја и интерес да изнајдат решение за ова прашање"
објаснува Сашо Давитковски, претседател на Управен одбор на
"Скопски пазар" АД Скопје. Според планот " Голем ринг - јужен
дел - исток", предвидено е селење на Зелен пазар, а на
неговото место е проектирано парковско зеленило. Од
Центар велат дека во Генералниот урбанистички план и во
Деталниот урбанистички план, на местото од пазарот е
предвидено парковско зеленило. "Општината има надлежност
да донесе детален урбанистички план, но реализацијата на
истиот зависи од сите субјекти опфатени во планот кои се
носители на сопственост на имот во негови рамки",
објаснуваат од Општина Центар. Во почетокот на 2009
година, до Уставниот суд на Република Македонија е
поднесена иницијатива за оценување на уставноста и
законитоста на одлуката за донесување на Детален
урбанистички план "Голем ринг - јужен дел - исток", донесена
од Советот на Општина Центар. Уставниот суд кон крајот на
минатата година донесе решение, според кое не се поведува
постапка за оценување на уставноста и законитоста на ДУП-от. (Љ.С)
|
http://vest.com.mk/?ItemID=EB60A3652A37E645BB53A30E492AD5B1
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#60 Posted: 28-Oct-2010 at 12:34 |
Ќе се реконструира млечниот пазар во ПрилепМлечниот пазар во Прилеп комплетно ќе се реконструира, иако
претходно е воведен ХАСАП-стандардот. Во план е да се подигне уште еден
кат на објектот, додека другиот дел од околу 1.500 квадратни метри
комплетно ќе се реновира. Инвестицијата ќе чини 250 илјади евра - Ја комплетираме документацијата и веднаш штом ќе дозволат
условите, ќе почнеме со реконструкцијата со која ќе ги подобриме
условите за продажба на млечни производи и јајца во пазарот - вели Пецо
Димоски, директор на ЈКП „Пазари“.
Во централниот пазар,
пак, привршува поставувањето на покривната конструкција, што се врши со
пари од фирмата и со кредит, а претходно заврши поплочувањето.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1028101039175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22118 |
|
|