build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пазари (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 23-Jan-2019 at 11:21
Не знам од кој град си, но ако си прошетал низ периферните градови во Мк, не е тешко да се заклучи какво општество сме. А тоа дека пазаров се фрлени трошки мислам дека е во најмала рака омаловажувачки и испод ниво за дискусија.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 13-May-2019 at 10:03
Нов пазар во Белград, доста креативно и модерно изгледа, кога поминувам покрај Бит Пазар ми паѓа мрак пред очи.











извор: српскиот форум на ЅЅС
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 10-Dec-2019 at 12:09
Пазарот во Охрид, фотографијата е од 23 ноември:

Ohrid, Macedonia by asterisktom, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 20-Dec-2019 at 18:53
Охрид доби современ затворен зелен пазар

Свечено пуштена во употреба новата деловна и административна трговска зграда во која ќе работи и затворениот зелен пазар во Охрид. Објектот е изграден преку формирање на јавно приватно партнерство меѓу општина Охрид и АД Илинден Струга.











Репрезентативниот објект на новата административно – трговска зграда кој денес го пуштивме во употреба е со површина од 6 779 м2. Во подземјето е сместен јавен паркинг од 2 433 м2 и техничките одделенија, на приземјето се наоѓа Зелениот пазар кој располага со 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди.

Секогаш заедно, како досега така и во иднина продолжуваме да го разубавуваме Охрид со нови проекти за доброто на сите сограѓани согласно со стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

https://skopje1.mk/archives/76806
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 21-Dec-2019 at 12:51
Еве уште некоја фотка од тезгите и влезот во подземната гаража


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 21-Dec-2019 at 13:04
Дизајнот е грозен. Транзициски вкус
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 21-Feb-2020 at 17:16
Инвеститор од Албанија подготвен да го направи Кванташки современ европски пазар



За да се реализира инвестицијата од 20 милиони евра, прво треба да се донесе деталниот урбанистички план во кој е вцртано Кванташкиот пазар во Маџари да прерасне во модерен регионален откупен центар. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски се сомнева дека позади ова стои бизнис интерес на партијата на власт



Кванташкиот пазар, кој се наоѓа во Маџари, треба да стане современ пазар на големо, по терк на европските. На овој пазар, кој во минатото беше најпосетуван во државава и се вршеа најголемите продажби на земјоделски производи, сега, освен по некој паркиран камион, може да се забележат случајни купувачи и по некое заскитано куче.
За да се реализира инвестицијата од 20 милиони евра, прво треба да се донесе деталниот урбанистички план во кој е вцртано Кванташкиот пазар во Маџари да прерасне во модерен регионален откупен центар. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски се сомнева дека позади ова стои бизнис интерес на партијата на власт



Кванташкиот пазар, кој се наоѓа во Маџари, треба да стане современ пазар на големо, по терк на европските. На овој пазар, кој во минатото беше најпосетуван во државава и се вршеа најголемите продажби на земјоделски производи, сега, освен по некој паркиран камион, може да се забележат случајни купувачи и по некое заскитано куче.
Според Георгиевски, недонесувањето на ДУП-от нанесува штета на земјоделските производители и го попречува новиот развој, како и новите капитални инвестиции и вработувања.

Александар Трајковски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ДУП-от кој го опфаќа Кванташкиот пазар е сугериран од албанскиот инвеститор. Тој рече дека до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ стигнале реакции од голем број пазарџии, корисници на пазарот, околни фирми и стопанственици дека со години инвестирале во свои објекти на пазарот, а сега не се ниту консултирани, а ни запознаени со изготвувањето на ДУП-от, ниту пак знаат што тој опфаќа.

– Сметаме дека инвеститорот во најава е ставен во повластена состојба од останатите. Поради тоа на низа седници укажуваме и бараме да се слушне гласот на луѓето кои со години го користат пазарот, бидејќи тие се најповикани да одлучат што и како треба да се гради на тој пазар – вели Трајковски, нарекувајќи ги обвинувањата на градоначалникот Геогиевски „гол популизам и невистина“.

https://www.vecer.press/инвеститор-од-албанија-подготвен-да-г/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.