build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 18-Mar-2012 at 14:22
Originally posted by Cloverstack

Бугарија се откажува од изградба на „Белене“

Бугарија нема да ја гради нуклеарната централа „Белене“ за чија изградба веќе беше ангажирана руската државна компанија „Атомстројекспорт“, изјави вчера бугарскиот премиер Бојко Борисов

%20 
Тој наведе дека минатиот месец министри од неговата влада им пренеле на руските претставници дека Бугарија нема да продолжи да ја гради оваа нуклеарна централата, но дека ќе биде исплатен првиот, веќе изграден реактор со сила од 1.000 мегавати. Нуклеарната централа требаше да има два реактори од по 1.000 мегавати.

Борисов посочи дека Бугарија ќе се обиде тој реактор да го инкорпорира во постојната нуклеарна централа „Козлодуј“.
Бугарската влада го одложуваше донесувањето на конечната одлука за изградба на „Белене“ откако дојде на власт во 2009 година и цело време се обидуваше да најде инвеститор за проектот и да ги намали трошоците за изградба на нуклеарната централа, кои беа проценети на повеќе од осум милијарди евра. И македонската влада повеќепати ја разгледуваше можноста да инвестира во „Белене“, но епилог за тоа немаше.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31712923139&id=10&prilog=0&setIzdanie=22533

Се уште нема зето решение дали ке ja има Белене или не. Чека се доклад на HSBC
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 18-Mar-2012 at 17:21
а да ги лупневме ние девизните резерви како што предлагаа `експертите` и тоа на сите звона и на сите телевизии?ако се повратиме наназад да прочитаме некои постови срцето ќе ни запре што све се пишувало
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4754
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 10-Apr-2012 at 10:21

„Експлозија“ на обновливите извори на енергија
NAFTEMPORIKI.GR вторник 10 април, 2012 11:06

За 74% се зголеми вкупниот инсталиран капацитет во Грција во 2011 година во споредба со 2009 година, додека во споредба со 2010 година порастот достигна 44%, според податоците објавени од страна на Министерството за животна средина, енергија и климатски промени кои се однесуваат на одобренијата за проекти за развој на ОИЕ до крајот на декември 2011 година.

Исто така, проектите кои имаат договор за купопродажба имаат вкупен капацитет 2530 мегавати (185% зголемување во споредба со 2010), што укажува дека за следната година се предвидува нагло зголемување на инсталираната моќност.

Во однос на процесот на лиценцирање, со купопродажен договор проекти се со вкупен капацитет 2530 мегавати (185% зголемување во споредба со 2010), што укажува дека 2012 година ќе доживее значително зголемување на инсталираната моќност од ОИЕ.

http://www.naftemporiki.gr/news/cstory.asp?id=2163347

Edited by гитардемон - 10-Apr-2012 at 10:23
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 26-Apr-2012 at 12:57

НафтегазИнКор вложува 700 милиони евра во рафинерија во БиХ

четврток, 26 април 2012, 12:55

Руската нафтена компанија НафтегазИнКор ќе вложи 700 милиони евра во наредните 4 години во рафинерија во Босна и Херцеговина. Нафтениот гигант ќе инвестира во рафинеријата која веќе ја поседува во Босански Брод, откако откри нови наоѓалишта на нафта во регионот. НафтегазИнКор досега вложи 120 милиони евра во модернизација на рафинеријата. По завршување на комплетниот инвестициски циклус, вкупниот капацитет ќе се зголеми на 4.2 милиони тони нафта. Притоа вкупните потреби на Босна за нафта годишно изнесуваат помалку од 2 милиони тони, што значи дека остатокот ќе биде наменет за извоз.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=49137
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 26-Apr-2012 at 13:00
Четврток, 26 Април 2012 09:58

Капацитетот на Смедеревската рафинерија ќе изнесува околу 100 000 барели

comico%20i%20smederevo

По три годишни преговори, генералниот директор на Comico Oil, Венцислав Иванов, потпиша договор за изнајмување на земјиште со градоначалникот во Смедерево, Предраг Умичевиќ. На Америчко-Холандската компанија 113 хектари земјиште под наем и е  дадено во наредните 99 години. вредноста на парцелата изнесува 5,9 милиони евра. Во рафинеријата ќе бидат вработени 550 луѓе и дополнително ќе бидат ангажирани 3000 работници. Планираниот капацитет за преработка на сирова нафта изнесува 100 000 барели а како што објавиле од компанијата ќе се произведува гориво исклучиво по европски стандарди кое ќе завршува и на пазарите во околните земји.

http://energymk.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=435:comico-oil----&catid=54:2011-07-29-10-03-49&Itemid=88

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 12-Aug-2012 at 15:49
Ништо од НЕ Белене

Недела, 12 Август 2012 15:31
НЕ Белене нема да се гради бидејќи е прескапа

Изградбата на нуклеарната централа Белене ќе претставува голем терет за Бугарија во моментов изјави министерот за економија, енергетика и туризам Дељан Добрев. Според него вредноста на целокупниот имот на бугарскиот енергетски сектор се проценува на 6 милијарди евра, додека цената на НЕ Белене изнесува над 10 милијарди евра.
На претстојниот реферндум според Добрев, граѓаните треба да одлучат дали ќе се гради електраната или не и тоа очекува да го направат врз основа на фактите а не на емоции. Според него иницијаторите на референдумот манипулираат со јавноста за цената на електричната енергија добиена од нуклеарката. Анализите покажуваат дека истата ќе се продава во просек по 75 евра за MW/h.
http://energymk.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=608:2012-08-12-14-32-29&catid=55:2011-07-29-10-49-28&Itemid=90
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 13-Aug-2012 at 13:01
Originally posted by gjoko

Уште е рано да се каже дали ке постои Белене или не. Социалистичката партиja собра 700 000 подписа и сака референдум. Според закона при толкова многу подписа мора да има референдум.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 13-Aug-2012 at 15:28
за Македонија најдобро е да се изгради нуклеарката.Последниве 20 години ние секогаш ја купуваме увозната струја од Козлудујбидејќи понудата беше најевтина.Ако згасне целосно оваа НЕ а ако не се изгради новата Белене,не само македонија,туку и цел Балкан ќе има недостиг на струја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 13-Aug-2012 at 15:31
АЕЦ Козлодуј не само што нема да се затвори, туку се планира да се градат 7ми и 8ми реактор. Тоа е сигурно. Ќе видиме дали АЕЦ Белене ќе се изгради, но навистина е рано да се отпише проектот.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 13-Aug-2012 at 15:40
Originally posted by gjoko

за Македонија најдобро е да се изгради нуклеарката.Последниве 20 години ние секогаш ја купуваме увозната струја од Козлудујбидејќи понудата беше најевтина.Ако згасне целосно оваа НЕ а ако не се изгради новата Белене,не само македонија,туку и цел Балкан ќе има недостиг на струја

Очигледно не си најдобро запознаен со околностите, Ѓоко.
 
За неизградената нуклеарна електроцентрала Белене веќе беше нарачан еден нуклеарен реактор и истиот ќе биде платен и испорачан во Бугарија, освен ако веќе го направиле тоа, но бидејќи НЕЦ Белене нема да се гради, барем засега, истиот тој нуклеарен реактор ќе биде инсталиран во веќе постоечката НЕЦ Козлодуј, така да, барем засега, се посигурно е дека НЕЦ Козлодуј нема да биде затворена.
 
А кога сме кај електроснабдувањето во Македонија, повеќе од јасно е дека главниот, ако не и единствениот проблем, е идиотизмот на македонските политичари.
 
Само од досега фрлените пари на споменици и на тотално непотребните административни згради од проектот Скопје 2014, сигурно ќе се изградеше барем 1 (ЕДЕН) нов блок во РЕК Битола, така да, парите не се проблем, бидејќи веќе ги фрламе на тотално непотребни глупости, енергенсите како реки и извори на јаглен исто така не се проблем бидејќи и нив ги имаме на располагање, но идиотизмот на македонските политичари не прави зависни од увозот на електрична енергија од странство, а не би се изненадил ако испадне дека македонските политичари намерно постапуваат така како што постапуваат, затоа што можеби некој од надвор ги плаќа за да постапуваат така, а тој некој од надвор на дебело би профитирал од увозот на електрична енергија во Македонија.

Edited by Dexter26 - 13-Aug-2012 at 15:41
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 13-Aug-2012 at 20:14
Originally posted by gjoko

за Македонија најдобро е да се изгради нуклеарката.Последниве 20 години ние секогаш ја купуваме увозната струја од Козлудујбидејќи понудата беше најевтина.Ако згасне целосно оваа НЕ а ако не се изгради новата Белене,не само македонија,туку и цел Балкан ќе има недостиг на струја

Ова влегува во мојата листа
после тврдењето дека Македонија треба да организира европско во фудбал
сега и ова за нуклеаркаBig%20smile

Edited by Block - 13-Aug-2012 at 20:14
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 13-Aug-2012 at 21:39
не сваќам што не е точно во постот.поентата ми е ако Бугарија не ја изгради белене,ќе нема струја за извоз која ја купува цел балкан.сите купуваат струја од Бугарија.Лично сум разговарал со К.А.кој е главна фаца во увозот на струја за Македонија,и знам од каде иде струјата изминатите 20 години во РМ
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 14-Aug-2012 at 01:51
Знаеш ли колку е една нуклеарка и при какви услови се гради односно за потребите што ги имаат реакторите?

Ако сакаш нуклеарка во Македонија ќе треба да биде или покрај Дојранско,Преспанско или Охридско езеро.

Убеди ти после тоа некој да доаѓа на одмор покрај езеро на километар од нуклеарна централа.
да не зборам дека езерата се гранични,Грција и Албанија мислиш така само би прифатиле соседна држава да гради нешто такво до нивните граници?

А за финансии е излишано да се збори,цел еден буџет на Македонија нема да стигне.

Edited by Block - 14-Aug-2012 at 01:52
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 14-Aug-2012 at 04:11
Originally posted by Block

Знаеш ли колку е една нуклеарка и при какви услови се гради односно за потребите што ги имаат реакторите?
Ако сакаш нуклеарка во Македонија ќе треба да биде или покрај Дојранско,Преспанско или Охридско езеро.Убеди ти после тоа некој да доаѓа на одмор покрај езеро на километар од нуклеарна централа.да не зборам дека езерата се гранични,Грција и Албанија мислиш така само би прифатиле соседна држава да гради нешто такво до нивните граници?А за финансии е излишано да се збори,цел еден буџет на Македонија нема да стигне.

Блок ако не си ги следел од претходно дискусиите најверојатно не си запознаен дека постои уште од времето на СФРЈ студија за целиот систем чебрен/галиште/тиквешко на водени акумулации како предуслов за градење на можеби не со голем ама повеќе од доволен капацитет Нуклеарна Електрана за македонските услови.
А за економската исплатливост........мислам дека тие што имаат капацитет и компентност да прават долгорочни пресметки и економски моделирања најверојатно ќе дојдат до заклучок дека секако еден таков проект се исплати. А да не ја спомнувам придобивката индиректна врз целото стопанство ако македонија стане енергетски понезависна.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе

Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 14-Aug-2012 at 08:10
Без разлика дали ќе биде нуклеарка или уште 2/3 комбинирани или целосно гасни централи по примерот на Те-То, целиот регион има или ќе има недостаток на струја. Србија 20 години нема изградено нов капацитет, Бугарија со години затвара блокови во Козлодуј а Албанија го има истиот проблем како и Македонија - недостаток на капацитети за производство.

Originally posted by mirakuliks

Originally posted by Block

Знаеш ли колку е една нуклеарка и при какви услови се гради односно за потребите што ги имаат реакторите?
Ако сакаш нуклеарка во Македонија ќе треба да биде или покрај Дојранско,Преспанско или Охридско езеро.Убеди ти после тоа некој да доаѓа на одмор покрај езеро на километар од нуклеарна централа.да не зборам дека езерата се гранични,Грција и Албанија мислиш така само би прифатиле соседна држава да гради нешто такво до нивните граници?А за финансии е излишано да се збори,цел еден буџет на Македонија нема да стигне.

Блок ако не си ги следел од претходно дискусиите најверојатно не си запознаен дека постои уште од времето на СФРЈ студија за целиот систем чебрен/галиште/тиквешко на водени акумулации како предуслов за градење на можеби не со голем ама повеќе од доволен капацитет Нуклеарна Електрана за македонските услови.
А за економската исплатливост........мислам дека тие што имаат капацитет и компентност да прават долгорочни пресметки и економски моделирања најверојатно ќе дојдат до заклучок дека секако еден таков проект се исплати. А да не ја спомнувам придобивката индиректна врз целото стопанство ако македонија стане енергетски понезависна.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 14-Aug-2012 at 15:43
еднаш веќе имав пишано,да објаснам уште еднаш

имав чест ментор на мојата дипломска работа(од областа на електроенергетиката) да ми биде еден од проектантите на замислената НЕ во Македонија.Се работи за нуклеарка која требаше да биде финансирана од сите Ју републики,а главни црти се:

-локација:избрано најадекватно место за таа намена,сместена во карпи во мариовскиот дел,сеизмички најпогодно за градба во целата РМ,

-комбинирана со две вештачки езера(Чебрен и Галиште) кои би работеле во реверзибилен процес,што значи:

    -дење кога се има недостиг на електична енерија,би работеле двете ХЕ и НЕ ,и би се произедувало завидно ниво на енергија,
    -ноќно време кога имаме вишок на енергија,а со тоа и штетни високи напони во мрежа,турбините поставени помежу двете езера би работеле во режим на мотор(пумпа) и би ја враќале потрошената дневна вода од горното езеро,при што бенефитот е новосоздадена хидороенергија за дневни потреби со користење на струја од НЕ,која до колку не би се искористила би создала проблеми во мрежата,

-исплаќање на вложените тогашни неколку милијарди долари за само само 4 години само од плаќање на кирија за складирање на нуклеарниот пепел,а добивката од струјата е гратис,

-и на крај добивање на трајна енергетска независност,која во денешни времиња во многу значи и политичка независност
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 14-Aug-2012 at 15:58
Originally posted by gjoko

не сваќам што не е точно во постот.поентата ми е ако Бугарија не ја изгради белене,ќе нема струја за извоз која ја купува цел балкан.сите купуваат струја од Бугарија.Лично сум разговарал со К.А.кој е главна фаца во увозот на струја за Македонија,и знам од каде иде струјата изминатите 20 години во РМ

И во моментот нема нуклеарка Белене, но Бугариja продолжува да извезува около 1000 MW/h.  Струja ке има за извезуване, прашането е на каква цена ке е таа и опасноста от хавариja.
Само за пример до една година ке влезат нови капацитети за 600 MW/h от зелена енергиja.
 
Само за пример ако земам вчера (13/08/2012  от 11:00 до 12:00 попладне)
RO->BG - 235 MW/h
SR->BG - 0 MW/h
MK->BG - 0 MW/h
GR->BG - 0 MW/h
TR->BG - 0 MW/h

BG->SR - 134 MW/h
BG->MK - 446 MW/h
BG->GR - 427 MW/h
BG->TR - 506 MW/h
BG->RO - 0 MW/h
http://www.tso.bg/default.aspx/realizirani-mezhdusistemni-fizicheski/bg

Edited by ink - 14-Aug-2012 at 16:12
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 14-Aug-2012 at 20:41
и јас за истото кажував.уште ако се изгради белене,ќе има струја уште повеќе,цената вероватно нема толку многу да расте,а и македонија ќе види корист од тоа.неможи да има штета ако соседот има вишок на струја
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 599
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 14-Aug-2012 at 21:03
Originally posted by gjoko

и јас за истото кажував.уште ако се изгради белене,ќе има струја уште повеќе,цената вероватно нема толку многу да расте,а и македонија ќе види корист од тоа.неможи да има штета ако соседот има вишок на струја

От няколко години Белене е политически , а не икономически казус.
Води се борба между две големи лобита за сфери на влияние- риско американско.
Докато Герб е на власт Белене ще бъде замразин. Сигурен съм , че когато социалистите дойдат на власт отново ще бъде актуален.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 14-Aug-2012 at 22:24
штета
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.