build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрација на Мустафа-пашина џамија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реставрација на Мустафа-пашина џамија
    Posted: 14-Oct-2007 at 14:19
Незнам дали имате приметено но минарето на Мустафа-Пашината џамија е скроз извадено.
 


Edited by pbanks - 14-Oct-2007 at 14:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Oct-2007 at 14:19
1
2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Oct-2007 at 14:27


Pretpostavuvam ne bilo bas naj-sigurno, inace ne bi go cepkale. Sigurno ke go izgradat pak takvo kakvo sto si bilo.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Oct-2007 at 14:30
Originally posted by Cloverstack



Pretpostavuvam ne bilo bas naj-sigurno, inace ne bi go cepkale. Sigurno ke go izgradat pak takvo kakvo sto si bilo.
 
da, da, specijalno ja slikav tablata za da se vidi deka verojatno ne e nekoja restravracija od gjuture, nego u sorabotka so Turcija. Valjda oni znaat najbolje kako treba so dzamiite, na kraju kraeva nivni se
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Oct-2007 at 09:12
Au interesno! Bash e dobro shto Turska sorabotuva ovaka so Makedonija
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Jan-2008 at 22:42
Не знам дали сте приметиле дека речиси го вратија минарето. Последен пат, пред неколку дена кога видов беше до пола, па претпоставувам дека продолжиле со истото темпо. Митатос, ако веќе си таму, може да сликнеш. 

Edited by Cloverstack - 21-Jun-2009 at 00:49
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Jan-2008 at 22:46
aj sea ke postiram nekolku sliki , novi se deneska gi sliknav
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jan-2008 at 22:58
Eve slikive deneska gi shtrakav :






Mi se dopaga toa deka lugeto sto ja restavriraat dzamijava se od turcija, i sekoja cigla ja obrabotuvaat na avtenticen ( otomanski ) nacin , so krec i kamenja ( star nacin na gradenje, krecot koga ke se isusi stanuva potvrd duri i od beton ) pa do tuka signale, ali intenzivno rabotat vo nadvoresniot dvor na dzamijata , od okolu i vo minareto vidov deka imaat i sator kaj sto spijat rabotnicite posto kako sto navedov od turska se

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Jan-2008 at 23:03
Mitatos, дали знаеш што се реставрира, минарето или и други делови од џамијата?

Фала за сликите Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Jan-2008 at 23:06
Sega za sega kako sto uspeav jas da vidam ,se restavrira nadvoresniot del , se menjavaat limovite od bakar gore ,i se malterisaat ostetenite delovi nadvor, posle seto ova valjda ke pocne i restavracijata od vnatre, i nadvor ke se izgradi fontana za religiskite odredbi na dzamijata
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jan-2008 at 23:13


чекај па таму веќе има фонтана. Нова ќе се прави или старава ќе се средува?

Иначе и јас баш изразив задоволство дека реставрирањето го прават луѓе од Турција уште во првиот пост мислам сега ме мрзи да проверувам. Како и да е брзо се работи.

Убави слики Митатос. И корисни информации. Thumbs%20Up


Edited by pbanks - 28-Jan-2008 at 23:13
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Jan-2008 at 23:17
Fontanava valjda ke bide kako sto bila vo turskata tapija, i mene bas mi e milo sto go pravat graditeli od turcija, posto 1nas bea donirani pari , ali ovie lopovi gi ispokradoa ,pa oni ne se glupi pa naredniot pat ispratija 2 sleperi so skelinja, i repromaterijali i rabotnici )

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Jan-2008 at 23:21

Хех ова е добро што се реставрира се надевам и Камениот Мост дека набргу ке биде завршен

NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 17-Aug-2008 at 19:31
Мустафа-Пашина џамија

1


2

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Dec-2008 at 00:05

Мустафа-пашина џамија ја смени само церадата

Најавено е дека до крајот на годинава, куполата ќе го добие очекуваното олово

 

Катерина Богоева


Импозантната Мустафа-пашина џамија од 15 век една од најубавите џамии во земјава, репрезентативен споменик на културата од Османлискиот период, се подготвува викендов да ја пречека најавената висока делегација од парламентот во Турција, поради што вчера беше и сменета церадата, која го покрива привремениот покрив на куполата што чека конечно да биде препокриена со олово. Селајдин Мани од одборот на џамијата при Исламската верска заедница, незадоволен од бавното одвивање на предвидените работи на објектот, посочи дека изведувачот, турската фирма РЕНА до вчера требаше да ги заврши работите со препокривање, но очекува дека барем до крајот на годинава тоа ќе биде и завршено. Реставрацијата и конзервацијата на џамијата започна во 2006 година, по потпишаната спогодба меѓу Националниот конзерваторски центар и Турската агенција за развој и соработка - ТИКА од Анкара, која е и финансиер на изготвениот финален проект од страна на Гази Универзитетот, од истиот турски град и на работите на теренот.

Актуелниот директор на Националниот конзерваторски центар Бехиџудин Шехапи, кој на ова место во својот прв мандат беше и при потпишувањето на спогодбата за обнова на џамијата од македонска и турска страна, деновиве по реакциите во јавноста на џамискиот одбор за бавната динамика на обновата изјави дека временото запирање на работите не било тенденциозно. По средбата со вклучените стручни лица од двете страни во проектот, деновиве оптимистички и најави дека до крајот на месецов, ќе биде завршена задоцнетата прва фаза, односно ќе биде покриена куполата со олово и на местата од старите, ќе бидат вградени нови камени блокови.

„Во изминатите две и пол -три години зајакнати се само темелите на џамијата и е завршена предвидената работа на минарето. По моето повторно доаѓање во Националниот конзерваторски центар, ја разгледав целата документација и се согласивме преку ТИКА на изведувачот да му посочиме да ги заврши предвидените активности од последната фаза, по што ќе објавиме нов тендер за работите поврзани со сликарската декорација, реконструкција на шадрванот, потребното чистење и средување на ѕидовите и хортикултурно уредување, со услов да бидат завршени до крајот на 2009 година. Предвидуваме поинтензивна контрола на реставрацијата, поголема активност, координација и усогласување на ставовите на сите вклучени страни во работата“.

Тој е убеден дека во изминатиот период Националниот конзерваторски центар како носител на конзерваторското одобрение кој ја следел ситуацијата и имал свој надзор на работите, требало да покренува и нови иницијативи за забрзување на активностите. Не ја искористил дадената можност од партнерот ТИКА и изведувачот да побара да се промени динамиката на работите или евентуално да најави и стопирање на одобрението за работа. „Тоа изостанало, а станува збор за објект од исклучителна вредност, кој собира многу верници за извршување на верски обреди, особено за верските празници“.

А работите на џамијата во изминатиов период беа и под стручен надзор на формираната комисија за стручна контрола при Управата за заштита на културното наследство, стручен надзор на објектот формира и Исламската верска заедница, од македонска страна, тимот е комплетиран и со стручен консултант, кои досега не алармираа дека објектот претрпел поголемо оштетување. Санацијата и конструкцијата на темелите се работеше по проект подготвен и од ИЗИС од Скопје кој подготвил и додатен анекс проект за санација на куполата, исто така одобрен од турска страна. Шехаби ги отфрла како неточни обвинувањата на изведувачот дека токму тука, на тие непредвидени работи на стартот на проектот се изгубило драгоцено време и пари, посочувајќи дека РЕНА во меѓувреме почнала да работи на изградба и на амбасадата на Турција на Водно. „Моја констатација е дека токму на нив и им одговарала бавната комуникација за проектот меѓу ТИКА и Универзитетот Гази од Анкара“.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00482BDCD2F47B418E7838A070A66D39
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3838
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Feb-2009 at 09:59
Обновата на Мустафа-пашината џамија завршува до Рамазан
 

Реставрацијата на џамијата на “Мустаф паша“ во скопското кале се очекува да биде готова во светиот месец на Рамазан.

До сега се реставрирани минарето, куполата и се зацврстени темелите на џамијата. Тоа е соопштено од  градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити каде се наоѓа ова џамија.

„Останува да се реконструира и шадрванот, потоа да се уредува хортикултурата, оградата и да се обновува и објектот на советот на џамијата“ изјави Беџихудин Шехапи, директор на Заводот за заштита на културните споменици

„Задоволни сме со информациите што денеска ги добивме во центарот за конзервирање која ги набљудува и работите во џамијата на “Мустаф паша“ и што е во координација со турската агенција ТИКА. Сите пречки од минатото се надминати и работите се одвиваат според предвидената динамика“ вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Во внатрешната декорација на џамијата ќе бидат  ангажирани експерти од Турција, за да ја зачувува џамијата нејзината автентичност. Џамијата на “Мустаф паша“ е изградена во 1492 година, додека до сега во неа се извршени неколку  реконструкции
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Mar-2009 at 00:37

Конечно, оловна купола на Мустафа-пашината џамија

На крајот на март ќе биде распишан и меѓународен тендер за следната фаза на обнова

Катерина Богоева

Големата купола на Мустафа-пашината џамија во Скопје, репрезентативниот споменик на културата од османлискиот период, е препокриена со олово. Подолго време најавуваното препокривање, што требаше да заврши на крајот од минатата година, е дел од започнатиот проект во 2006 година за реставрација и конзервација на џамијата, кој стартуваше по потпишувањето на спогодбата меѓу Националниот конзерваторски центар и Турската агенција за развој и соработка - ТИКА од Анкара.

Трите мали куполи на тремот ќе бидат препокриени во следната фаза, за која на крајот на март ќе биде распишан и меѓународен тендер под водство на ТИКА, а според планираното, треба да опфати и реставрација на шадрванот, зајакнување на фасадните ѕидови и елементите од тремот на џамијата, декорација на нејзината внатрешност и друго.

Националниот конзерваторски центар задолжен за конзерваторски надзор на објектот, како што посочува директорот Бехиџудин Шехапи, ќе ја преземе координацијата на сите планирани активности кои ќе се реализираат околу џамијата во земјава.

„Во текот на февруари бевме во Турција на официјална средба со претставниците на ТИКА и според договореното, реставрацијата и конзервацијата на објектот ќе треба да биде завршена во октомври годинава. Сметам дека веќе нема да има пролонгирање на зацртаните работи и чекор по чекор, џамијата ќе ја добие потребната физиономија“.И во оваа прилика Шахаби посочи, дека досега пролонгирањето на работите надвор од предвидениот термин, биле резултат на недоволната координација на сите фактори вклучени во проектот, и од македонска и од турска страна.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=61A08C15E86B4D4EA16988DD3B72B67F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jun-2009 at 14:38
Свежи фотки од Мустафа-пашина џамија

1


2


3



Edited by Cloverstack - 21-Jun-2009 at 01:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Sep-2009 at 18:29
1


2


3


4


5

Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Nov-2009 at 22:56
Ubavi fotografii i kako sto gledam dosta solidno ja renoviraat dzamijata.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.